Саше Димовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sashe-dimovski/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 08:00:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Саше Димовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sashe-dimovski/ 32 32 Комеморација за новинарот Саше Димовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komemoratsija-za-novinarot-sashe-dimovski/ Fri, 23 Aug 2024 08:00:40 +0000 https://republika.mk/?p=809282

На 27-ми август во 14 часот во Клубот на новинари при ЗНМ ќе се одржи комеморација во чест на колегата Саше Димовски.

Саше Димовски почина на 47-годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации.

Тој беше долгогодишен соработник и член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) како и претседател на Советот на честа при ЗНМ.

Димовски работеше како новинар од 1996 година во телевизиите Сител, Канал 5 и 24 Вести. Работеше во неделникот и во дневниот весник „Фокус“ како новинар и уредник.

Соработуваше со повеќе дневни и неделни изданија, локални и регионални тв медиуми.

Основач е на граѓанската организација и онлајн медиумот „Сведок“ од 2015 година.

The post Комеморација за новинарот Саше Димовски appeared first on Република.

]]>

На 27-ми август во 14 часот во Клубот на новинари при ЗНМ ќе се одржи комеморација во чест на колегата Саше Димовски. Саше Димовски почина на 47-годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации. Тој беше долгогодишен соработник и член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) како и претседател на Советот на честа при ЗНМ. Димовски работеше како новинар од 1996 година во телевизиите Сител, Канал 5 и 24 Вести. Работеше во неделникот и во дневниот весник „Фокус“ како новинар и уредник. Соработуваше со повеќе дневни и неделни изданија, локални и регионални тв медиуми. Основач е на граѓанската организација и онлајн медиумот „Сведок“ од 2015 година.  

The post Комеморација за новинарот Саше Димовски appeared first on Република.

]]>
Почина новинарот Саше Димовски https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/pochina-novinarot-sashe-dimovski/ Tue, 06 Aug 2024 06:10:00 +0000 https://republika.mk/?p=803710

По долги и тешки здравствени компликации, почина новинарот Саше Димовски, кој во јавноста беше познат во однос на следењето на случувањата во правосудниот систем.

Беше Претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на Гордана Сиљановска Давкова.

Работел во Канал 5, Сител, основач на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството.

Беше автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.

Погребот ќе се изврши во среда, 7.8.2024, на новите Градски гробишта во Велес.

The post Почина новинарот Саше Димовски appeared first on Република.

]]>

По долги и тешки здравствени компликации, почина новинарот Саше Димовски, кој во јавноста беше познат во однос на следењето на случувањата во правосудниот систем. Беше Претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на Гордана Сиљановска Давкова. Работел во Канал 5, Сител, основач на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството. Беше автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите. Погребот ќе се изврши во среда, 7.8.2024, на новите Градски гробишта во Велес.

The post Почина новинарот Саше Димовски appeared first on Република.

]]>
„Бугарите“ Бекир, Фети, Агим, Денис и Ремзи формирале здружение на Бугари во Гостивар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarite-bekir-feti-agim-denis-i-remzi-formirale-zdruzhenie-na-bugari-vo-gostivar/ Sun, 05 Feb 2023 18:45:03 +0000 https://republika.mk/?p=605090

Новинарот Саше Димовски објави документ од септември лани со кој се формира здружение на Бугари Шемето од Гостивар.

Во актот за основање на здружението како основачи се наведени Бекир Кадриевски, Фети Куртиши, Агим Имеровски, Денис Демишовски и Ремзи Мамуди сите од Струга.

Новото здружение со име Бујар Османи!!! Вистински погодок. Ќе одам да се зачленам!!!!“, стои во објавата.

The post „Бугарите“ Бекир, Фети, Агим, Денис и Ремзи формирале здружение на Бугари во Гостивар appeared first on Република.

]]>

Новинарот Саше Димовски објави документ од септември лани со кој се формира здружение на Бугари Шемето од Гостивар. Во актот за основање на здружението како основачи се наведени Бекир Кадриевски, Фети Куртиши, Агим Имеровски, Денис Демишовски и Ремзи Мамуди сите од Струга.
Новото здружение со име Бујар Османи!!! Вистински погодок. Ќе одам да се зачленам!!!!“, стои во објавата.

The post „Бугарите“ Бекир, Фети, Агим, Денис и Ремзи формирале здружение на Бугари во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Откриен и специјалниот гостин: Хуманитарниот стенд-ап настан за Саше Димовски се преместува во хотел „Глориус“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/otkrien-i-specijalniot-gostin-humanitarniot-stend-ap-nastan-za-sashe-dimovski-se-premestuva-vo-hotel-glorius/ Sat, 26 Nov 2022 08:12:10 +0000 https://republika.mk/?p=578424

Хуманитарниот стенд-ап настан посветен на новинарот Саше Димовски се преместува во хотелот „Глориус“ на езерото Младост, бидејќи веќе се продадени 500 карти.

Актерот Стефан Николовски, кој е само еден од настапувачите, соопшти дека специјалниот гостин е шоуменот Игор Џамбазов, а настапувачите кои се веќе потврдени се мајсторите - Сашко Коцев, Весна Бејби Петрушевска, Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски.

Картата е 300 денари, може да се резервира на телефонскиот број 078/423-401.

30 ноември, среда, 19:30, хотел Глориус. За Саше!

View this post on Instagram

A post shared by Stefan Nikolovski (@stnikolovski)

The post Откриен и специјалниот гостин: Хуманитарниот стенд-ап настан за Саше Димовски се преместува во хотел „Глориус“ appeared first on Република.

]]>

Хуманитарниот стенд-ап настан посветен на новинарот Саше Димовски се преместува во хотелот „Глориус“ на езерото Младост, бидејќи веќе се продадени 500 карти. Актерот Стефан Николовски, кој е само еден од настапувачите, соопшти дека специјалниот гостин е шоуменот Игор Џамбазов, а настапувачите кои се веќе потврдени се мајсторите - Сашко Коцев, Весна Бејби Петрушевска, Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски. Картата е 300 денари, може да се резервира на телефонскиот број 078/423-401. 30 ноември, среда, 19:30, хотел Глориус. За Саше!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Stefan Nikolovski (@stnikolovski)

The post Откриен и специјалниот гостин: Хуманитарниот стенд-ап настан за Саше Димовски се преместува во хотел „Глориус“ appeared first on Република.

]]>
Саше Димовски: Не може Комисијата за мобилност за три минути, без разговор и дополнителна документација да носи решение кој ќе добие додаток https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sashe-dimovski-ne-moze-komisijata-za-mobilnost-za-tri-minuti-bez-razgovor-i-dopolnitelna-dokumentacija-da-nosi-reshenie-koj-kje-dobie-dodatok/ Thu, 17 Nov 2022 10:11:00 +0000 https://republika.mk/?p=574803

Саше Димовски реагира на начинот на кој работи Комисијата за мобилност која одлучува кој од пациентите ќе добие додаток во висина од седум илјади денари. Тој е ревлтиран од нивниот однос и начинот на кој работат и донесуваат одлуки кои ги засегаат можеби едни од најтешкио болните пациенти во државата.

Одлуката на Комисијата за мобилност ја чекав два месеци. Ме одбила, не ми следува додаток во висина од седум илјади денари бидејќи, според нив, сум имал оскудна документација од лекари од јавното здравство и не сум бил во инвалидска количка, вели за „Република“ Димовски.

Членови на комисијата се докторите Илир Шабани, Иљиса Вејсели и Шенај Рустеми Селами, начначени од министерот за здравство Беким Сали. Тој објаснува како работи Комисијата.

Закажувањето на Комисијата оди преку матичен лекар. Комисијата работи само во вторник и четврток, од 16 до 18 часот. Приемот трае три минути. Ете толку. Кога бев јас имаше околу 30 луѓе кои чекаа да бидат примени. Што да се направи во тие три минути? Јас донесов отпусна листа од последната операција и документ од првата извршена контрола. Имам еден тон докуменнтација и тоа лекарите во Комисијата, ако сакаат, можат во истиот момент да го видат, доволно е само да отворат „Мој термин“, бидејќи таму стои се запишано. Сите мои операции на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, сите преврски, контроли...Но, лекарите од Комисијата тоа не го сторија. Само ги предадов докумените кои ги носев со себе, тие констатираа дека не сум во инвалидска количка и толку траеше прегледот. Ми рекоа ќе добиете известување. И ете, добив, после два месеци чекање, дека сум одбиен бидејќи сум имал оскудна документација од лекари од јавно здравство и не сум бил во инвалидска количка, вели Димовски.

Тој е огорчен на одност бидејќи ако лекарите побарале дополнителна документација тој можел да им ја обезбеди.

Ги чекам 70 дена за решение. Одењето на таа комисија чини 1.250 денари, а те гледаат три минути. Да сакаа, можеа да отворат во Мој термин и оттаму да го видат целото досие, 33 дена бев на Клиниката за пластична хирургија. Рекоа дека решението ќе стигне за 10 дена, ама ете плус уште 60 дена почекав, вели Димовски.

Димовски за пет месеци имал пет операции и ногата му е ампутирана. Се движи со помош на дубак. Комисијата за мобилност, која е составена од двајца ортопеди и еден физијатар е во Клинички центар и пристапот дотаму е многу отежнат.

Им се извинувам јавно што ми ја исекоа ногата во приватната болница „Систина“, а не во Клиника за да го исполнам нивниот услов. И со тие пари и без тие пари, нога не ми расне, вели Димовски и дообајснува дека во Систина дел од лекарите работат интервенции за кои имаат склучено догово со Фондот за здравство осигурување.

Здружението на новинарите на македонија (ЗНМ) и Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) минатата недела упатија апел за помош на новинарот Димовски, кој за да прооди повторно потребна му е протеза.

И тука е апсурдноста на целата ситуација со Комисијата за мобилност која бара пациентот да биде во инвалидска количка. Јас не смеам да си дозволна да 'залегнам'. Посетувам интензивна физикална тераприја, ногата мора да биде во форма за протезата која теба да ја ставам. И таа протеза потебно е Комисија да ја одобри, да се увезе од Германија, да се царини и потоа да се регистрира во Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), вели Димовски, кој очекува до крајот на јануари да ја има протезата која многу ќе му го подобри квалитетот на животот.

The post Саше Димовски: Не може Комисијата за мобилност за три минути, без разговор и дополнителна документација да носи решение кој ќе добие додаток appeared first on Република.

Да помогнеме новинарот Саше Димовски повторно да прооди https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/da-pomogneme-novinarot-sashe-dimovski-povtorno-da-proodi/ Thu, 10 Nov 2022 07:22:17 +0000 https://republika.mk/?p=572094

Новинарот Саше Димовски, имаше неопходна интервенција за ампутација на ногата. Со сметки за донации, се собира помош, за Димовски, повторно да прооди. Средства се потребни за лекување и протеза, како и за рехабилитација.

Ова се сметките за донации: Сметки за донации:
Денарска: 250101000288259
Девизна: 1408000644660

SWIFT: INSBMK22
IBAN 07250780006446692
Шпаркасе банка Македонија

The post Да помогнеме новинарот Саше Димовски повторно да прооди appeared first on Република.

]]>

Новинарот Саше Димовски, имаше неопходна интервенција за ампутација на ногата. Со сметки за донации, се собира помош, за Димовски, повторно да прооди. Средства се потребни за лекување и протеза, како и за рехабилитација. Ова се сметките за донации: Сметки за донации: Денарска: 250101000288259 Девизна: 1408000644660 SWIFT: INSBMK22 IBAN 07250780006446692 Шпаркасе банка Македонија

The post Да помогнеме новинарот Саше Димовски повторно да прооди appeared first on Република.

]]>