„Саша Николовски – Ѓумар“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sasha-nikolovski-gjumar/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Apr 2022 07:31:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Саша Николовски – Ѓумар“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sasha-nikolovski-gjumar/ 32 32 „Омаж за Саша Николовски – Ѓумар“ вечерва во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/omaz-za-sasha-nikolovski-gjumar-vecherva-vo-filharmonija/ Thu, 07 Apr 2022 07:31:53 +0000 https://republika.mk/?p=484521

Оркестарот на Филхармонијата денеска во 20 часот ќе го изведе концертот насловен „Омаж за Саша Николовски -Ѓумар“, посветен на големиот македонски диригент. Пред концертот во фоајето на Филхармонија ќе биде отворена и изложба на дела од Саша Николовски – Ѓумар, кој освен диригирањето кое му беше професија, имаше пасија и кон сликањето и пишувањето.

На програмата на овој концерт се две дела од рускиот композитор Сергеј Рахмањинов – Концерт за пијано и оркестар број 3 и „Симфониски танци“. Како солист на пијано ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери, а диригент е Вања Ѓумар Николовски.

Вања Ѓумар Николовски се школува во Скопје, каде што на Факултетот за музичка уметност во 1992 година дипломира на одделот за диригирање, а во 1993 година на одделот за композиција .Во 1995 и 1996 година специјализира диригирање во Санкт Петербург на Конзерваториумот „Николај Римски Корсаков“, во класите на Илија Мусин и Михаил Кукушкин. Во овој период активно соработува со Јури Темирканов и Валери Гергиев. Мастер студиите по композиција ги продолжува во 1999 година во Скопје во класата на проф. Гоце Коларовски. Во деведесеттите години развива богата диригентска дејност настапувајќи со повеќе хорски и инструментални ансамбли во Македонија (меѓу кои и Македонската филхармонија, Хорот на Македонската радио-телевизија, хорот „Мирче Ацев“ и др.), а Македонската опера и балет е неговата матична куќа. Остварува и голем број настапи во странство: Санкт Петербург (Русија), Белград (Србија), Виена (Австрија), Порто (Португалија), а подоцна и низа настапи во САД (Феникс, Сан Диего, Вашингтон, Лос Анџелес …). Паралелно со ова активен е на полето на музичкото творештво, а неговите дела се изведуваат на „Деновите на македонска музика“, „Охридско лето“, средбите на музичките академии од поранешна Југославија. Во почетокот на овој век се преселува во САД каде што ја продолжува својата диригентска, педагошка и композиторска дејност.

Во своето творештво минува низ различни фази. За време на студентските години, трагајќи по сопствен музички израз, неговите дела носат и неоромантичарски и неокласицистички елементи. Во ова време ги проучува и композиторските системи на Месијан и Шенберг и уште некои алтернативни правци преку кои се обидува да го пронајде патот за најавтентичен израз на своите музички инспирации и да воспостави (Битола, 13.01.1968) композитор и диригент Вања Ѓумар Николовски директна и непосредна врска меѓу својата музика и публиката.

Бескрајната творечка љубопитност го води и во други творечки правци, не само на сопствената земја, туку и на другите народи од различни континенти. Сето тоа резултира со полустилистичко музичко творештво што би требало да биде синтеза на различностите во еден единствен музички универзум.

Денес, со веќе изграден творечки стил, Вања Николовски во создавањето на своите дела приоѓа на интуитивен и рационален начин. Родените, создадените теми и идеи во сопствената свест се пуштаат „низ филтерот“ на сопствената творечка вештина, низ сопствениот занает, и преку класичните начини на мотивска и тематска работа, низ разложувањето на вертикалните склопови во хоризонтални елементи, низ нивната комбинација се доаѓа до посакуваниот резултат. Притоа, особено важна улога во неговиот опус игра ритмичката компонента.

The post „Омаж за Саша Николовски – Ѓумар“ вечерва во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Филхармонијата денеска во 20 часот ќе го изведе концертот насловен „Омаж за Саша Николовски -Ѓумар“, посветен на големиот македонски диригент. Пред концертот во фоајето на Филхармонија ќе биде отворена и изложба на дела од Саша Николовски – Ѓумар, кој освен диригирањето кое му беше професија, имаше пасија и кон сликањето и пишувањето. На програмата на овој концерт се две дела од рускиот композитор Сергеј Рахмањинов – Концерт за пијано и оркестар број 3 и „Симфониски танци“. Како солист на пијано ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери, а диригент е Вања Ѓумар Николовски. Вања Ѓумар Николовски се школува во Скопје, каде што на Факултетот за музичка уметност во 1992 година дипломира на одделот за диригирање, а во 1993 година на одделот за композиција .Во 1995 и 1996 година специјализира диригирање во Санкт Петербург на Конзерваториумот „Николај Римски Корсаков“, во класите на Илија Мусин и Михаил Кукушкин. Во овој период активно соработува со Јури Темирканов и Валери Гергиев. Мастер студиите по композиција ги продолжува во 1999 година во Скопје во класата на проф. Гоце Коларовски. Во деведесеттите години развива богата диригентска дејност настапувајќи со повеќе хорски и инструментални ансамбли во Македонија (меѓу кои и Македонската филхармонија, Хорот на Македонската радио-телевизија, хорот „Мирче Ацев“ и др.), а Македонската опера и балет е неговата матична куќа. Остварува и голем број настапи во странство: Санкт Петербург (Русија), Белград (Србија), Виена (Австрија), Порто (Португалија), а подоцна и низа настапи во САД (Феникс, Сан Диего, Вашингтон, Лос Анџелес …). Паралелно со ова активен е на полето на музичкото творештво, а неговите дела се изведуваат на „Деновите на македонска музика“, „Охридско лето“, средбите на музичките академии од поранешна Југославија. Во почетокот на овој век се преселува во САД каде што ја продолжува својата диригентска, педагошка и композиторска дејност. Во своето творештво минува низ различни фази. За време на студентските години, трагајќи по сопствен музички израз, неговите дела носат и неоромантичарски и неокласицистички елементи. Во ова време ги проучува и композиторските системи на Месијан и Шенберг и уште некои алтернативни правци преку кои се обидува да го пронајде патот за најавтентичен израз на своите музички инспирации и да воспостави (Битола, 13.01.1968) композитор и диригент Вања Ѓумар Николовски директна и непосредна врска меѓу својата музика и публиката. Бескрајната творечка љубопитност го води и во други творечки правци, не само на сопствената земја, туку и на другите народи од различни континенти. Сето тоа резултира со полустилистичко музичко творештво што би требало да биде синтеза на различностите во еден единствен музички универзум. Денес, со веќе изграден творечки стил, Вања Николовски во создавањето на своите дела приоѓа на интуитивен и рационален начин. Родените, создадените теми и идеи во сопствената свест се пуштаат „низ филтерот“ на сопствената творечка вештина, низ сопствениот занает, и преку класичните начини на мотивска и тематска работа, низ разложувањето на вертикалните склопови во хоризонтални елементи, низ нивната комбинација се доаѓа до посакуваниот резултат. Притоа, особено важна улога во неговиот опус игра ритмичката компонента.

The post „Омаж за Саша Николовски – Ѓумар“ вечерва во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-kamerniot-orkestar-na-muzichkata-mladina-na-makedonija-sasha-nikolovski-gjumar/ Mon, 04 Apr 2022 07:01:52 +0000 https://republika.mk/?p=482904

Под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, вечерва, во рамки на фестивалот „45. Денови на македонска музика“’, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ ќе изведе повеќе дела, меѓу кои Адаѓо за гудачки оркестар од Кирил Македонски и Циклус за сопран и гудачки оркестар од Благоја Ивановски.

Во Фоајето на Националната опера и балет, каде влезот на концертот ќе биде слободен, ќе бидат изведени и Пеома за гудачки оркестар од Драгослав Ортаков, Записи за глас и гудачки оркестар од Михајло Николовски, Кончертино за гитара и гудачки оркестар од Јане Коџабашија и Калеш Анѓо за сопран и гудачки оркестар од композиторот Благој Цанев.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои три и пол децении и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска. Оркестарот реализирал преку 100 концерти и е добитник на бројни награди и признанија.

Диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис на Кралскaта оперска школа.

 

The post Концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ appeared first on Република.

]]>

Под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, вечерва, во рамки на фестивалот „45. Денови на македонска музика“’, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ ќе изведе повеќе дела, меѓу кои Адаѓо за гудачки оркестар од Кирил Македонски и Циклус за сопран и гудачки оркестар од Благоја Ивановски. Во Фоајето на Националната опера и балет, каде влезот на концертот ќе биде слободен, ќе бидат изведени и Пеома за гудачки оркестар од Драгослав Ортаков, Записи за глас и гудачки оркестар од Михајло Николовски, Кончертино за гитара и гудачки оркестар од Јане Коџабашија и Калеш Анѓо за сопран и гудачки оркестар од композиторот Благој Цанев. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои три и пол децении и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска. Оркестарот реализирал преку 100 концерти и е добитник на бројни награди и признанија. Диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис на Кралскaта оперска школа.  

The post Концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ appeared first on Република.

]]>