сарми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sarmi/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Oct 2024 18:38:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сарми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sarmi/ 32 32 Малку поинаква посна сарма – со ореви! https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/malku-poinakva-posna-sarma-so-orevi/ Sun, 27 Oct 2024 18:42:37 +0000 https://republika.mk/?p=830800

Сармата е највкусна кога се подготвува на големо, во што поголемо тенџере, а уште подобар вкус има следниот ден. Рецептот што ви го претставуваме овде е стар повеќе од 100 години, а објавен е во познатиот готвач на Пата од 30-тите години на минатиот век, кој со децении подоцна бил главен водич во кујната за тогашните домаќинки.

Состојки:

  • 2 кг кисела зелка
  • 4-5 главици кромид
  • 5 лажици масло
  • 1 шолја ориз (2 дл)
  • црвена пипер
  • 100 гр мелени ореви
  • 2 лажици брашно
  • сол по вкус

Подготовка:

Главицата кисела зелка од 2 килограми исчистете ја од корените и од оштетените листови, а потоа одвојте го секој лист. Ако е голем, пресечете го на половина. На секој лист исечете ја густата жила која минува низ средината.

Направете го филот за сармата: ситно исечкајте 4-5 главици кромид и пропржете го во 5 лажици врело масло. Кога кромидот ќе омекне, додадете една шолја измиен ориз и оставете го малку да се пропржи со кромидот. Постојано додавајте по малку вода за да не загори оризот. Кога ќе омекне, додадете малку црвена пипер, пропржете уште малку. Потоа, тргнете го филот од шпорет и додадете 100 грама мелени ореви и измешајте.

Старото правило за виткање сарми е „една сарма – еден залак“, што значи дека не треба да бидат подолги од 4 см и пошироки од 2 см. Се превиткува така што филот се става на делот од листот кај дршката, а страничните краеви се виткаат навнатре и потоа се виткаат во ролна за сармата да биде доволно цврста да не се распадне, а сепак да не се збие многу, бидејќи оризот ќе набабри во готвењето.

Сармите се редат во тенџерето и се додава вода додека не се покријат целосно.

Во тавче на шпорет ставете 2 лажици масло и кога маслото добро ќе се загрее додадете 2 мали лажици брашно. Во речиси готовата запршка на крај додадете малку црвена пипер. Со запршката прекријте ги сармите. Ставете капак и печете ги на тивка температура.  Одвреме-навреме протресете ја тавата, посолете по вкус и варете ја сармата додека зелката не омекне.

The post Малку поинаква посна сарма – со ореви! appeared first on Република.

]]>

Сармата е највкусна кога се подготвува на големо, во што поголемо тенџере, а уште подобар вкус има следниот ден. Рецептот што ви го претставуваме овде е стар повеќе од 100 години, а објавен е во познатиот готвач на Пата од 30-тите години на минатиот век, кој со децении подоцна бил главен водич во кујната за тогашните домаќинки. Состојки:
  • 2 кг кисела зелка
  • 4-5 главици кромид
  • 5 лажици масло
  • 1 шолја ориз (2 дл)
  • црвена пипер
  • 100 гр мелени ореви
  • 2 лажици брашно
  • сол по вкус
Подготовка: Главицата кисела зелка од 2 килограми исчистете ја од корените и од оштетените листови, а потоа одвојте го секој лист. Ако е голем, пресечете го на половина. На секој лист исечете ја густата жила која минува низ средината. Направете го филот за сармата: ситно исечкајте 4-5 главици кромид и пропржете го во 5 лажици врело масло. Кога кромидот ќе омекне, додадете една шолја измиен ориз и оставете го малку да се пропржи со кромидот. Постојано додавајте по малку вода за да не загори оризот. Кога ќе омекне, додадете малку црвена пипер, пропржете уште малку. Потоа, тргнете го филот од шпорет и додадете 100 грама мелени ореви и измешајте. Старото правило за виткање сарми е „една сарма – еден залак“, што значи дека не треба да бидат подолги од 4 см и пошироки од 2 см. Се превиткува така што филот се става на делот од листот кај дршката, а страничните краеви се виткаат навнатре и потоа се виткаат во ролна за сармата да биде доволно цврста да не се распадне, а сепак да не се збие многу, бидејќи оризот ќе набабри во готвењето. Сармите се редат во тенџерето и се додава вода додека не се покријат целосно. Во тавче на шпорет ставете 2 лажици масло и кога маслото добро ќе се загрее додадете 2 мали лажици брашно. Во речиси готовата запршка на крај додадете малку црвена пипер. Со запршката прекријте ги сармите. Ставете капак и печете ги на тивка температура.  Одвреме-навреме протресете ја тавата, посолете по вкус и варете ја сармата додека зелката не омекне.

The post Малку поинаква посна сарма – со ореви! appeared first on Република.

]]>
Сопругите на амбасадорите виткаа сарми од лозов лист на гости во резиденцијата на Амбасадата на Турција https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/soprugite-na-ambasadorite-vitkaa-sarmi-od-lozov-list-na-gosti-vo-rezidentsijata-na-ambasadata-na-turtsija/ Tue, 21 May 2024 15:04:22 +0000 https://republika.mk/?p=780562

Турската кујна еедна од највусните во светот. Ги буди сите сетила и на оние што ја консумираат и на тие што ја подготвуваат. Толку слична на нашата, македонската, па можеби затоа нема јадење што не го приготвувале по дома и нашите баби и мајки.

Сарми, ќофтиња, тиквички, мусака,ориз, полнети пиперки,таратур, алва, баклаква... што ти душа сака.

Сево ова го имаше во турската резиденција во Скопје каде што сопругата на турскиот амбасадор, Нур Улсој, по повод Неделата на турската кујна, приреди ручек со концепт ,,Вкусовите на егејскиот дел на турската кујна".

Еден од специјалитетите на турската кујна е сарма од лозов лист. По тој повод беше организиран натпревар на подготовка на сарми од лозов лист во маслиново масло во кој гостите виткаа сарми, а жири од готвачи од најпознатите скопски хотели го оценуваа приготвеното.

Најдобра во виткањето сарми беше сопругата на амбасадорот на Кина, Зуан Шунг Јунг.

Во умешноста во виткатањето сарми се покажаа сопругата на амбададорот на Словенија, Елвира Златиќ,  сопругата на словачкиот амбасадор, Жанета Маркушова, како и Јоланта Гжелчик, сопруга на полскиот амбасадор.

Најбрза натпреварувачка во виткање сарми беше пратеничката Жаклина Пешевска, која дојде во друштво со Гордана Димитриеска-Кочоска и со сопругата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска.

 

The post Сопругите на амбасадорите виткаа сарми од лозов лист на гости во резиденцијата на Амбасадата на Турција appeared first on Република.

]]>

Турската кујна еедна од највусните во светот. Ги буди сите сетила и на оние што ја консумираат и на тие што ја подготвуваат. Толку слична на нашата, македонската, па можеби затоа нема јадење што не го приготвувале по дома и нашите баби и мајки. Сарми, ќофтиња, тиквички, мусака,ориз, полнети пиперки,таратур, алва, баклаква... што ти душа сака. Сево ова го имаше во турската резиденција во Скопје каде што сопругата на турскиот амбасадор, Нур Улсој, по повод Неделата на турската кујна, приреди ручек со концепт ,,Вкусовите на егејскиот дел на турската кујна". Еден од специјалитетите на турската кујна е сарма од лозов лист. По тој повод беше организиран натпревар на подготовка на сарми од лозов лист во маслиново масло во кој гостите виткаа сарми, а жири од готвачи од најпознатите скопски хотели го оценуваа приготвеното. Најдобра во виткањето сарми беше сопругата на амбасадорот на Кина, Зуан Шунг Јунг. Во умешноста во виткатањето сарми се покажаа сопругата на амбададорот на Словенија, Елвира Златиќ,  сопругата на словачкиот амбасадор, Жанета Маркушова, како и Јоланта Гжелчик, сопруга на полскиот амбасадор. Најбрза натпреварувачка во виткање сарми беше пратеничката Жаклина Пешевска, која дојде во друштво со Гордана Димитриеска-Кочоска и со сопругата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска.  

The post Сопругите на амбасадорите виткаа сарми од лозов лист на гости во резиденцијата на Амбасадата на Турција appeared first on Република.

]]>