Сариевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sarievski/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Sep 2022 11:39:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сариевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sarievski/ 32 32 Сузана Спасовска, Влатко Стефановски, Наум Петрески на концертот на „Танец“ посветен на Александар Сариевски https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/suzana-spasovska-vlatko-stefanovski-naum-petreski-na-koncertot-na-tanec-posveten-na-aleksandar-sarievski/ Fri, 16 Sep 2022 13:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=551420

Вчеравечер во Македонската Опера и балет се одржа голем концерт насловен како „Славејот од Галичник" на ансамблот Танец и пријателите во чест на 100-годишнината од раѓањето на доајенот на македонската народна песна Александар Сариевски.

Во рамките на емотивниот концерт Сузана Спасовска и Влатко Стефановски ја изведоа безвеременската „Зајди зајди", а покрај нив настапија и бројни звучни имиња од сцената на македонската народна музика, како Наум Петрески, Благоја Грујовски, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Далибор Ѓошиќ, кои заедно оживеаја голем број македонски фолклорни музички бисери, вклучително и „Абер дојде, Донке", „Учи ме мајко, карај ме", „Филизој моме", „Нарочува бело Менде, порочува", „Саноќ ми булбул пропеа", „Сулејман седит на кула", „Те кажувает, бре, Илиној моме", „Нит прела гора, нит ткала", „Ор, невесто, Стојанице", „Седна баба да вечера една еребица„, „Дејгиди, луди, млади години", „Сношти го видов убавото Стојне" и многу други.

Внуците на Сариевски ја примија благодарницата од Бранка Костиќ-Марковиќ,  уметнички раководител во НУ „Танец", а концертот заврши со емотивна изведба на „Дејгиди, луди, млади години".

Со својот богат авторски и изведувачки опус, Александар Сариевски зазема значајно место во македонска културна историја и народна музика. За време на своето шестдецениско творештво, Сариевски создаде повеќе од 400 звучни записи за продукцијата на Македонската Радио и Телевизија, но и за други познати дискографски куќи. Александар Сариевски е исто така и еден од основачите на ансамблот „Танец", дел од неговата прва генерација и тапанџија на „Тешкото".

The post Сузана Спасовска, Влатко Стефановски, Наум Петрески на концертот на „Танец“ посветен на Александар Сариевски appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во Македонската Опера и балет се одржа голем концерт насловен како „Славејот од Галичник" на ансамблот Танец и пријателите во чест на 100-годишнината од раѓањето на доајенот на македонската народна песна Александар Сариевски. Во рамките на емотивниот концерт Сузана Спасовска и Влатко Стефановски ја изведоа безвеременската „Зајди зајди", а покрај нив настапија и бројни звучни имиња од сцената на македонската народна музика, како Наум Петрески, Благоја Грујовски, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Далибор Ѓошиќ, кои заедно оживеаја голем број македонски фолклорни музички бисери, вклучително и „Абер дојде, Донке", „Учи ме мајко, карај ме", „Филизој моме", „Нарочува бело Менде, порочува", „Саноќ ми булбул пропеа", „Сулејман седит на кула", „Те кажувает, бре, Илиној моме", „Нит прела гора, нит ткала", „Ор, невесто, Стојанице", „Седна баба да вечера една еребица„, „Дејгиди, луди, млади години", „Сношти го видов убавото Стојне" и многу други. Внуците на Сариевски ја примија благодарницата од Бранка Костиќ-Марковиќ,  уметнички раководител во НУ „Танец", а концертот заврши со емотивна изведба на „Дејгиди, луди, млади години". Со својот богат авторски и изведувачки опус, Александар Сариевски зазема значајно место во македонска културна историја и народна музика. За време на своето шестдецениско творештво, Сариевски создаде повеќе од 400 звучни записи за продукцијата на Македонската Радио и Телевизија, но и за други познати дискографски куќи. Александар Сариевски е исто така и еден од основачите на ансамблот „Танец", дел од неговата прва генерација и тапанџија на „Тешкото".

The post Сузана Спасовска, Влатко Стефановски, Наум Петрески на концертот на „Танец“ посветен на Александар Сариевски appeared first on Република.

]]>