Сардинија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sardinija/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Feb 2024 14:01:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сардинија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sardinija/ 32 32 Мелони ја загуби Сардинија на регионалните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/meloni-ja-zagubi-sardinija-na-regionalnite-izbori/ Tue, 27 Feb 2024 14:01:36 +0000 https://republika.mk/?p=748967

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ја загуби власта на медитеранскиот остров Сардинија, со што нејзината десничарска коалиција го доживеа првиот значаен изборен неуспех по преземањето на функцијата во 2022 година, покажаа денеска резултатите од регионалните избори.

Алесандра Тоде, членка на левичарското Движење Пет ѕвезди поддржано од Демократската партија освои 45,4 отсто од гласовите на изборите во неделата надминувајќи го Паоло Труцу, кандидатот избран од Мелони, кој освои 45,0 отсто.

И со некои ливчиња што останаа да се пребројат Труцу веќе го призна поразот, а Тоде ја прослави својата победа заедно со шефот на Демократската партија, Ели Шлајн, и поранешниот премиер Џузепе Конте, водачот на Пет ѕвезди.

Почнуваат да дуваат разни ветрови, рече Шлајн.

Тоде, поранешна функционерка во владината канцеларија за индустрија и успешен менаџер, ќе биде првата претседателка на островот и првата претседателка на италијански регион од Движењето Пет ѕвезди.

Тоа е исто така првпат левиот центар да успее да ја промени волјата на гласачите на Сардинија од 2015 година давајќи им на опозициските партии поттик пред уште четири регионални избори оваа година и изборите за Европскиот парламент во јуни.

 

The post Мелони ја загуби Сардинија на регионалните избори appeared first on Република.

]]>

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ја загуби власта на медитеранскиот остров Сардинија, со што нејзината десничарска коалиција го доживеа првиот значаен изборен неуспех по преземањето на функцијата во 2022 година, покажаа денеска резултатите од регионалните избори. Алесандра Тоде, членка на левичарското Движење Пет ѕвезди поддржано од Демократската партија освои 45,4 отсто од гласовите на изборите во неделата надминувајќи го Паоло Труцу, кандидатот избран од Мелони, кој освои 45,0 отсто. И со некои ливчиња што останаа да се пребројат Труцу веќе го призна поразот, а Тоде ја прослави својата победа заедно со шефот на Демократската партија, Ели Шлајн, и поранешниот премиер Џузепе Конте, водачот на Пет ѕвезди.
Почнуваат да дуваат разни ветрови, рече Шлајн.
Тоде, поранешна функционерка во владината канцеларија за индустрија и успешен менаџер, ќе биде првата претседателка на островот и првата претседателка на италијански регион од Движењето Пет ѕвезди. Тоа е исто така првпат левиот центар да успее да ја промени волјата на гласачите на Сардинија од 2015 година давајќи им на опозициските партии поттик пред уште четири регионални избори оваа година и изборите за Европскиот парламент во јуни.  

The post Мелони ја загуби Сардинија на регионалните избори appeared first on Република.

]]>
Девојка го прегази таткa си со глисер, морале да му ја ампутираат ногата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/devojka-go-pregazi-tatka-si-so-gliser-morale-da-mu-ja-amputiraat-nogata/ Mon, 10 Jul 2023 11:58:00 +0000 https://republika.mk/?p=659715

Одморот во Италија заврши трагично за маж од Велика Британија на кој морале да му ја ампутираат ногата откако бил прегазен од глисер управуван од неговата ќерка, која наводно го ставила возилото во рикверц наместо да тргне напред.

Инцидентот се случил во популарниот туристички град Канигионе на Сардинија.

Во целосен шок, таткото бил итно пренесен во болницата Сасари, каде лекарите констатирале сериозна рана на левата нога.

За жал, медицинскиот персонал немал друг избор освен да изврши полуампутација бидејќи ногата му била целосно распарчена, јавуваат локалните медиуми.

 

The post Девојка го прегази таткa си со глисер, морале да му ја ампутираат ногата appeared first on Република.

]]>

Одморот во Италија заврши трагично за маж од Велика Британија на кој морале да му ја ампутираат ногата откако бил прегазен од глисер управуван од неговата ќерка, која наводно го ставила возилото во рикверц наместо да тргне напред. Инцидентот се случил во популарниот туристички град Канигионе на Сардинија. Во целосен шок, таткото бил итно пренесен во болницата Сасари, каде лекарите констатирале сериозна рана на левата нога. За жал, медицинскиот персонал немал друг избор освен да изврши полуампутација бидејќи ногата му била целосно распарчена, јавуваат локалните медиуми.  

The post Девојка го прегази таткa си со глисер, морале да му ја ампутираат ногата appeared first on Република.

]]>