Сараевски филмски фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/saraevski-filmski-festival/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 07:06:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сараевски филмски фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/saraevski-filmski-festival/ 32 32 Светска премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец вечерва на Сараевскиот филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/svetska-premiera-na-filmot-ubij-gi-prvo-detsata-na-dimitar-orovchanets-vecherva-na-saraevskiot-filmski-festival/ Mon, 19 Aug 2024 07:06:38 +0000 https://republika.mk/?p=807791

На 30. Сараевскиот филмски фестивал вечер во амфитеатарот Open Air ќе се одржи премиера на македонскиот долгометражен филм „Убиј ги прво децата“, по сценарио и во режија на Димитар Оровчанец.

Филмот, кој ќе се прикажува во официјалната програма, е комична приказна за тинејџерка-балерина, нејзиното лудо вљубено момче и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео.

„Убиј ги прво децата“ е дебитантски игран филм на Димитар Оровчанец, поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а во продукција на „Трис филмс“ и „ДМФ филмс“. Продуценти на филмот се Атанас Георгиев и Дејан Илиев.

Главните улоги ги толкуваат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов. Во другите улоги играат Александар Ѓорѓиевски, Стефан Вујисиќ, Марко Трајковиќ, Адријан Азири, Марина Поп Панкова, Лео Поповиќ, Атанас Тановски, Марија Јанчевска, Ненад Нацев, Александар Микиќ и други.

Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Илина Чолак, монтажер е Софија Самоиловска Јовановиќ, а композитори на музиката се Дарко Спасовски и Игор Василев-Новоградска.

Филмскиот фестивал во Сараево е од „А“ класа и е еден од најголемите и највлијателни фестивали во поширокиот регион. Ова е неговото 30-то издание. Годинешните лауреати на фестивалот се актерката Мег Рајан, оскаровецот, режисер, сценарист и продуцент Александар Пејн и актерот Џон Туртуро.

Програмата Open Air, а воедно и фестивалот ќе го отвори последниот филм на оскаровецот Данис Тановиќ – „По летото“. Покрај филмовите на Тановиќ и Оровчанец, ќе бидат прикажани и последните остварувања на Квентин Дупие, Емануел Коркол, Рајко Грлиќ и други.

The post Светска премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец вечерва на Сараевскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

На 30. Сараевскиот филмски фестивал вечер во амфитеатарот Open Air ќе се одржи премиера на македонскиот долгометражен филм „Убиј ги прво децата“, по сценарио и во режија на Димитар Оровчанец. Филмот, кој ќе се прикажува во официјалната програма, е комична приказна за тинејџерка-балерина, нејзиното лудо вљубено момче и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео. „Убиј ги прво децата“ е дебитантски игран филм на Димитар Оровчанец, поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а во продукција на „Трис филмс“ и „ДМФ филмс“. Продуценти на филмот се Атанас Георгиев и Дејан Илиев. Главните улоги ги толкуваат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов. Во другите улоги играат Александар Ѓорѓиевски, Стефан Вујисиќ, Марко Трајковиќ, Адријан Азири, Марина Поп Панкова, Лео Поповиќ, Атанас Тановски, Марија Јанчевска, Ненад Нацев, Александар Микиќ и други. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Илина Чолак, монтажер е Софија Самоиловска Јовановиќ, а композитори на музиката се Дарко Спасовски и Игор Василев-Новоградска. Филмскиот фестивал во Сараево е од „А“ класа и е еден од најголемите и највлијателни фестивали во поширокиот регион. Ова е неговото 30-то издание. Годинешните лауреати на фестивалот се актерката Мег Рајан, оскаровецот, режисер, сценарист и продуцент Александар Пејн и актерот Џон Туртуро. Програмата Open Air, а воедно и фестивалот ќе го отвори последниот филм на оскаровецот Данис Тановиќ – „По летото“. Покрај филмовите на Тановиќ и Оровчанец, ќе бидат прикажани и последните остварувања на Квентин Дупие, Емануел Коркол, Рајко Грлиќ и други.

The post Светска премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец вечерва на Сараевскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
Боно го отвори 29. Сараевски филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/bono-go-otvori-29-saraevski-filmski-festival/ Sat, 12 Aug 2023 14:05:28 +0000 https://republika.mk/?p=671415

Музичарот на легендарната група „Ју ту“ Боно Вокс се појави на црвениот килим пред премиерата на филмот Kiss the Future со кој беше отворен 29. Сараевски филмски фестивал.

Покрај Боно, во главниот град на Босна и Херцеговина дојдоа уште единаесет луѓе, меѓу кои и првиот соработник на Боно, гитаристот на U2 Дејвид Хауел Еванс, попознат како The Edge, пренесуваат босанските медиуми.

Овогодинешниот Сараевски филмски фестивал го отвори филмот „Бакнете ја иднината“ (Kiss the Future) во режија на Ненад Чичин-Шаин, чие сценарио го потпишаа Чичин-Шаин и Бил Картер.

Филмот е продуциран од Мет Дејмон и Бен Афлек за Pearl Street Films и Сара Ентони за Good Wolves Production. Извршни продуценти на филмот се Дру Винтон, Медисон Ејнсли, Алан Молони, Џенифер Пичер, Ненад Чичин-Шаин и Бил С. Картер.

Во филмот станува збор за актуелна приказна за отпорот на Сараево за време на опсадата на градот во 90-тите години и ја следи алтернативната сцена на градот, која ја користеше музиката и уметноста за да предизвика промени и да привлече светско внимание, а повоениот концерт на U2 беше прослава на победа на градот.

Во филмот настапуваат: Боно, The Edge, Адам Клејтон, Бил Клинтон, Кристијана Аманпур, Мирсад Пуриватра, Весна Андрее Заимовиќ, Сенад Заимовиќ, Енес Златар, Алма Чатал Хурем, Борис Шибер и Срѓан Гино Јевѓевиќ.

 

The post Боно го отвори 29. Сараевски филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Музичарот на легендарната група „Ју ту“ Боно Вокс се појави на црвениот килим пред премиерата на филмот Kiss the Future со кој беше отворен 29. Сараевски филмски фестивал. Покрај Боно, во главниот град на Босна и Херцеговина дојдоа уште единаесет луѓе, меѓу кои и првиот соработник на Боно, гитаристот на U2 Дејвид Хауел Еванс, попознат како The Edge, пренесуваат босанските медиуми. Овогодинешниот Сараевски филмски фестивал го отвори филмот „Бакнете ја иднината“ (Kiss the Future) во режија на Ненад Чичин-Шаин, чие сценарио го потпишаа Чичин-Шаин и Бил Картер. Филмот е продуциран од Мет Дејмон и Бен Афлек за Pearl Street Films и Сара Ентони за Good Wolves Production. Извршни продуценти на филмот се Дру Винтон, Медисон Ејнсли, Алан Молони, Џенифер Пичер, Ненад Чичин-Шаин и Бил С. Картер. Во филмот станува збор за актуелна приказна за отпорот на Сараево за време на опсадата на градот во 90-тите години и ја следи алтернативната сцена на градот, која ја користеше музиката и уметноста за да предизвика промени и да привлече светско внимание, а повоениот концерт на U2 беше прослава на победа на градот. Во филмот настапуваат: Боно, The Edge, Адам Клејтон, Бил Клинтон, Кристијана Аманпур, Мирсад Пуриватра, Весна Андрее Заимовиќ, Сенад Заимовиќ, Енес Златар, Алма Чатал Хурем, Борис Шибер и Срѓан Гино Јевѓевиќ.  

The post Боно го отвори 29. Сараевски филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
„Почесното срце на Сараево” за данскиот актер Мадс Микелсен https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochesnoto-srce-na-saraevo-za-danskiot-akter-mads-mikelsen/ Mon, 15 Aug 2022 07:52:16 +0000 https://republika.mk/?p=540401

Најпознатиот дански актер Мадс Микелсен пристигна на Сараевскиот филмски фестивал кој почна во саботата и ќе трае до 19 август. Микелсен е добитник на наградата „Почесното срце на Сараево” на 26. Сараевски филмски фестивал во 2020 година. Меѓутоа, наградата тогаш не можеше да му биде лично врачена, поради пандемијата на коронавирусот.

Признанието на данскиот актер му е доделено за неговиот исклучителен придонес во филмската уметност. Во негова чест беше прикажан филмот „Лов“ на Томас Винтенберг, во кој Микелсен ја толкува главната улога.

Прв пат сум овде. Имав малку време да шетам, да јадам ќебапи и тоа е она што го видов досега. Многу сум среќен што сум на фестивалот. Посакувам да имам седум дена да го видам целиот град , но морам да одам утре, рече тој.

 

The post „Почесното срце на Сараево” за данскиот актер Мадс Микелсен appeared first on Република.

]]>

Најпознатиот дански актер Мадс Микелсен пристигна на Сараевскиот филмски фестивал кој почна во саботата и ќе трае до 19 август. Микелсен е добитник на наградата „Почесното срце на Сараево” на 26. Сараевски филмски фестивал во 2020 година. Меѓутоа, наградата тогаш не можеше да му биде лично врачена, поради пандемијата на коронавирусот. Признанието на данскиот актер му е доделено за неговиот исклучителен придонес во филмската уметност. Во негова чест беше прикажан филмот „Лов“ на Томас Винтенберг, во кој Микелсен ја толкува главната улога.
Прв пат сум овде. Имав малку време да шетам, да јадам ќебапи и тоа е она што го видов досега. Многу сум среќен што сум на фестивалот. Посакувам да имам седум дена да го видам целиот град , но морам да одам утре, рече тој.
 

The post „Почесното срце на Сараево” за данскиот актер Мадс Микелсен appeared first on Република.

]]>