сараево Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/saraevo/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 09:24:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сараево Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/saraevo/ 32 32 Дојава за бомба во зградата на судот во Сараево, прекинати сите рочишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dojava-za-bomba-vo-zgradata-na-sudot-vo-saraevo-prekinati-site-rochishta/ Tue, 26 Nov 2024 09:24:36 +0000 https://republika.mk/?p=841831

Во зградата каде што се наоѓаат Кантоналниот суд во Сараево и Општинскиот суд Сараево, утрово е пријавено дека е поставена бомба.

Според информациите, припадниците на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон се на терен и вршат детален преглед, а во тек е евакуација на зградата.

Поради дојавата за бомба, одложени се сите рочишта во кантоналниот и општинскиот суд. Меѓу поважните рочишта што требаше да се одржат денеска се завршните зборови на Обвинителството на БиХ во врска со убиството на сараевските полицајци, како и случајот против Ибрахим Хаџибајриќ.

Дојавите за поставени бомби во зградата каде што се сместени двата суда зачестија во последните месеци, но засега сите беа лажни.

The post Дојава за бомба во зградата на судот во Сараево, прекинати сите рочишта appeared first on Република.

]]>

Во зградата каде што се наоѓаат Кантоналниот суд во Сараево и Општинскиот суд Сараево, утрово е пријавено дека е поставена бомба. Според информациите, припадниците на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон се на терен и вршат детален преглед, а во тек е евакуација на зградата. Поради дојавата за бомба, одложени се сите рочишта во кантоналниот и општинскиот суд. Меѓу поважните рочишта што требаше да се одржат денеска се завршните зборови на Обвинителството на БиХ во врска со убиството на сараевските полицајци, како и случајот против Ибрахим Хаџибајриќ. Дојавите за поставени бомби во зградата каде што се сместени двата суда зачестија во последните месеци, но засега сите беа лажни.

The post Дојава за бомба во зградата на судот во Сараево, прекинати сите рочишта appeared first on Република.

]]>
Сараево осамна под снег, сараевчани под стрес https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/saraevo-osamna-pod-sneg-saraevchani-pod-stres/ Thu, 21 Nov 2024 09:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=840257

Сараево утрово осамна под снегот. Снегот кој почна да паѓа во средата попладне во Босна и Херцеговина за кратко време предизвика бројни проблеми на градските улици и автопатишта.

Како што пренесува Кликс, најпрвин силен дожд, а потоа и поголемо количество снег предизвикале лизгави коловози, што довело до поголем број сообраќајни несреќи во Сараево.
Од тежината на влажниот снег има многу скршени гранки и дрвја, а се чини дека на пешаците им е најтешко со оглед на тоа што тротоарите се многу лошо или воопшто не се исчистени низ Сараево.

Зимските служби на КЈКП Рад во текот на ноќта го расчистија главниот пат, но споредните улици се уште се под дебел слој снег, пишува Кликс.

The post Сараево осамна под снег, сараевчани под стрес appeared first on Република.

]]>

Сараево утрово осамна под снегот. Снегот кој почна да паѓа во средата попладне во Босна и Херцеговина за кратко време предизвика бројни проблеми на градските улици и автопатишта. Како што пренесува Кликс, најпрвин силен дожд, а потоа и поголемо количество снег предизвикале лизгави коловози, што довело до поголем број сообраќајни несреќи во Сараево. Од тежината на влажниот снег има многу скршени гранки и дрвја, а се чини дека на пешаците им е најтешко со оглед на тоа што тротоарите се многу лошо или воопшто не се исчистени низ Сараево. Зимските служби на КЈКП Рад во текот на ноќта го расчистија главниот пат, но споредните улици се уште се под дебел слој снег, пишува Кликс.

The post Сараево осамна под снег, сараевчани под стрес appeared first on Република.

]]>
Во Сараево наредена евакуација на жителите поради свлечиште на Требевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-saraevo-naredena-evakuatsija-na-zhitelite-poradi-svlechishte-na-trebevik/ Fri, 01 Nov 2024 20:01:18 +0000 https://republika.mk/?p=833302

Во петокот вечерта штабот на службата за цивилна заштита на округот Сараево нареди евакуација на населението од делови на општината Стари град поради опасност од активирање на лизгање на земјиштето откриено претходно на падините на Требевиќ.

Според наредбата потпишана од командантот на цивилната заштита Бојан Бошњак, жителите на сите куќи во населбата Широкача над која се наоѓа свлечиштето, привремено ќе бидат сместени во колективни сместувачки капацитети во другите делови на Сараево.

На падините на Требевиќ под местото каде што се гради луксузен станбено-хотелски комплекс наречен „Требевиќ Хилс“ претходно беше откриен потенцијално опасен одрон. Изградбата ја финансираат инвеститори од Турција, а спорната мегаградба се подига на само 50 метри од просторот кој е прогласен за парк на природата.

На градилиштето беше исечена шума, а дел од ископаниот материјал и почвата завршија во коритото на потокот Бистрица, кој се влева во Миљацка во центарот на Сараево. Трупците и наносите земја го спречија нормалното течење на водата, а жупанискиот инспекторат претходно предупреди дека поради тоа сега се закануваат поплави.

„Пукнатината која се појави на земјиштето и која се заканува да прерасне во свлечиште е создадена недалеку од зградата Требевиќ Хилс, која е во изградба, но и поради депонијата која беше формирана и каде што беше фрлен материјалот при изградбата на оваа зграда“, изјави Бошњак за локалните медиуми објаснувајќи дека проблемот настанал на дел од територијата што ѝ припаѓа на Република Српска и каде властите од Федерацијата БиХ немаат овластување да дејствуваат.

Градоначалникот на општина Стари Град, Ирфан Ченгиќ, изјави дека нема потреба од итна евакуација и паника бидејќи свлечиштето сè уште не започнало.

„Ситуацијата сега е иста како и пред 15 дена“, тврди Ченгиќ, додавајќи дека конечната одлука е на граѓаните дали ќе ја почитуваат наредбата на окружниот штаб и ќе ги напуштат своите домови.

The post Во Сараево наредена евакуација на жителите поради свлечиште на Требевиќ appeared first on Република.

Дојава за бомба во Сараево, евакуиран целиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dojava-za-bomba-vo-saraevo-evakuiran-tseliot-aerodrom/ Fri, 25 Oct 2024 11:34:48 +0000 https://republika.mk/?p=830952

Меѓународниот аеродром во Сараево денеска е евакуиран поради закана за бомба.

Како што јави Радио Сараево, сите патници се итно евакуирани.

Истовремено, прекинати се сите летови, а во тек е и контрадиверзантска проверка која може да потрае неколку часа, пишува Дневни аваз.

По добиената анонимна дојава за наводно поставување експлозивни направи на подрачјето на меѓународниот аеродром во Сараево, надлежните служби веднаш ги презедоа сите неопходни мерки согласно важечките безбедносни протоколи. Се спроведува детален преглед. Во соработка со надлежните безбедносни агенции се обезбедува целосна безбедност на сите патници и вработени на аеродромот – се наведува во соопштението на аеродромот.

The post Дојава за бомба во Сараево, евакуиран целиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот аеродром во Сараево денеска е евакуиран поради закана за бомба. Како што јави Радио Сараево, сите патници се итно евакуирани. Истовремено, прекинати се сите летови, а во тек е и контрадиверзантска проверка која може да потрае неколку часа, пишува Дневни аваз. По добиената анонимна дојава за наводно поставување експлозивни направи на подрачјето на меѓународниот аеродром во Сараево, надлежните служби веднаш ги презедоа сите неопходни мерки согласно важечките безбедносни протоколи. Се спроведува детален преглед. Во соработка со надлежните безбедносни агенции се обезбедува целосна безбедност на сите патници и вработени на аеродромот – се наведува во соопштението на аеродромот.  

The post Дојава за бомба во Сараево, евакуиран целиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Пукање во средно училиште во Сараево, ранет ученик https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pukane-vo-sredno-uchilishte-vo-saraevo-ranet-uchenik/ Thu, 24 Oct 2024 08:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=830422

Утрово во 8 часот во дворот на Средното металуршко училиште во Сараево е повреден ученик.

Полициските службеници при излегување на терен констатирале дека еден малолетник употребил огнено оружје, а друг малолетник бил повреден во потколеницата“, изјави Мерсиха Новалиќ, портпарол на полицијата.

Се утврдува степенот на повреди на повредениот малолетник, а другиот малолетник е под контрола на полициски службеници.

„На повредениот малолетник констатирана му е полесна физичка повреда“, додаде Новалиќ.

The post Пукање во средно училиште во Сараево, ранет ученик appeared first on Република.

Тројца малолетници уапсени во БиХ поради закани за бомби во училиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trojtsa-maloletnitsi-uapseni-vo-bih-poradi-zakani-za-bombi-vo-uchilishtata-2/ Wed, 16 Oct 2024 08:59:39 +0000 https://republika.mk/?p=827469

Сараевската полиција денеска потврди апсење на двајца малолетници кои упатиле закани со бомби во училиштата, а за ова претходно е приведен уште еден малолетник, но заканите со бомби продолжуваат да пристигнуваат, што ја отежнува наставата, а родителите на учениците бараат поодлучни мерки на заштита.

Како што соопштија денеска од МУП на Сараевската жупанија, малолетниците се осомничени дека вчера и претходно лажно пријавиле постоење на експлозивни направи во средни училишта и други објекти во кантонот Сараево.

-Мешовит тим составен од полициски службеници од Полициската управа на Министерството за внатрешни работи, експерти за кибер безбедност од Федералната полициска управа и кои дејствуваат под надзор на окружното обвинителство продолжува интензивно да работи на овие случаи, соопшти полицијата, додавајќи дека им помага и Разузнавачката служба во идентификувањето на лицата кои испраќаат закани - Агенција за безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА).

На почетокот на неделата беше идентификуван и уапсен уште еден малолетник за кој со истрагата беше утврдено дека е автор на десетици закани упатени до училиштата. Утврдено е дека тој упатувал закани дури 40 пати.

Детали за идентитетот не се објавени поради законските одредби кои ги штитат малолетниците во вакви случаи, а од обвинителството најавија дека по 24-часовен притвор ќе одлучуваат за натамошниот тек на постапката.

Училишниот систем во Сараево веќе две недели пропаѓа поради секојдневните закани со бомби, па наставата мора да се прекинува секој ден во некои од училиштата, а противдиверзантските полициски екипи потоа поминуваат часови во увид во училишните објекти.

Досега во ниту еден случај не се пронајдени експлозивни направи, но училиштата се обврзани да ги почитуваат пропишаните протоколи кои ги обврзуваат да ги евакуираат училишните простории по добиените закани.

Претходно беше потврдено дека сите досегашни закани пристигнале по електронска пошта.

Родителите се вознемирени и бараат ефикасна заштита за своите деца, особено оние во основните училишта кои не можат само да ја напуштат наставата и да излезат на улица.

Владата на Сараевската жупанија нареди МУП да биде максимално вклучен во вакви случаи.

За лажна дојава за поставена бомба, казната е до три години затвор.

The post Тројца малолетници уапсени во БиХ поради закани за бомби во училиштата appeared first on Република.

]]>

Сараевската полиција денеска потврди апсење на двајца малолетници кои упатиле закани со бомби во училиштата, а за ова претходно е приведен уште еден малолетник, но заканите со бомби продолжуваат да пристигнуваат, што ја отежнува наставата, а родителите на учениците бараат поодлучни мерки на заштита. Како што соопштија денеска од МУП на Сараевската жупанија, малолетниците се осомничени дека вчера и претходно лажно пријавиле постоење на експлозивни направи во средни училишта и други објекти во кантонот Сараево. -Мешовит тим составен од полициски службеници од Полициската управа на Министерството за внатрешни работи, експерти за кибер безбедност од Федералната полициска управа и кои дејствуваат под надзор на окружното обвинителство продолжува интензивно да работи на овие случаи, соопшти полицијата, додавајќи дека им помага и Разузнавачката служба во идентификувањето на лицата кои испраќаат закани - Агенција за безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА). На почетокот на неделата беше идентификуван и уапсен уште еден малолетник за кој со истрагата беше утврдено дека е автор на десетици закани упатени до училиштата. Утврдено е дека тој упатувал закани дури 40 пати. Детали за идентитетот не се објавени поради законските одредби кои ги штитат малолетниците во вакви случаи, а од обвинителството најавија дека по 24-часовен притвор ќе одлучуваат за натамошниот тек на постапката. Училишниот систем во Сараево веќе две недели пропаѓа поради секојдневните закани со бомби, па наставата мора да се прекинува секој ден во некои од училиштата, а противдиверзантските полициски екипи потоа поминуваат часови во увид во училишните објекти. Досега во ниту еден случај не се пронајдени експлозивни направи, но училиштата се обврзани да ги почитуваат пропишаните протоколи кои ги обврзуваат да ги евакуираат училишните простории по добиените закани. Претходно беше потврдено дека сите досегашни закани пристигнале по електронска пошта. Родителите се вознемирени и бараат ефикасна заштита за своите деца, особено оние во основните училишта кои не можат само да ја напуштат наставата и да излезат на улица. Владата на Сараевската жупанија нареди МУП да биде максимално вклучен во вакви случаи. За лажна дојава за поставена бомба, казната е до три години затвор.

The post Тројца малолетници уапсени во БиХ поради закани за бомби во училиштата appeared first on Република.

]]>
Уапсен средношколец од Сараево поради лажни пријави за бомби во училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapsen-srednoshkolets-od-saraevo-poradi-lazhni-prijavi-za-bombi-vo-uchilishta/ Tue, 15 Oct 2024 08:29:20 +0000 https://republika.mk/?p=826940

Ученик од средно училиште во Сараево е приведен под сомнение дека десетици пати лажно пријавил за поставени бомби во училишта.

Ученикот бил приведен синоќа во акција на Полициското одделение на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, Федералната полиција и Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина.

Малолетникот ќе биде предаден на Обвинителството на кантонот Сараево.

The post Уапсен средношколец од Сараево поради лажни пријави за бомби во училишта appeared first on Република.

]]>

Ученик од средно училиште во Сараево е приведен под сомнение дека десетици пати лажно пријавил за поставени бомби во училишта. Ученикот бил приведен синоќа во акција на Полициското одделение на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, Федералната полиција и Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина. Малолетникот ќе биде предаден на Обвинителството на кантонот Сараево.  

The post Уапсен средношколец од Сараево поради лажни пријави за бомби во училишта appeared first on Република.

]]>
Дојави за бомби во трговски центри во Сараево https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dojavi-za-bombi-vo-trgovski-tsentri-vo-saraevo/ Wed, 25 Sep 2024 10:29:32 +0000 https://republika.mk/?p=819524

Ариа мол во Сараево е евакуиран поради дојава за бомба, откако истото се случи утринава во уште неколку трговски центри во главниот град на Босна и Херцеговина. Посетителите и вработените во трговскиот центар се повикани на итна евакуација.

Сараевските медиуми пренесуваат дека Сараево Сити Центар, Маријин Двор како и Импортан Центарот како и центарот Импортан, кој се наоѓа на другата страна од американската амбасада во Сараево, малку порано добија известување за бомбите.

Лажна пријава на аеродром
Двата центри се евакуирани заради контра-субверзивна инспекција од страна на претставници на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.

Ден претходно, во понеделникот, меѓународниот аеродром во Сараево добил анонимна дојава за поставена експлозивна направа во просториите на објектот, по што надлежните служби веднаш ги презеле сите неопходни мерки согласно важечките безбедносни протоколи, јави Анадолија.

Од аеродромот соопштија дека безбедноста на патниците и вработените не е загрозена и дека летовите продолжиле според планираниот распоред на летови.

The post Дојави за бомби во трговски центри во Сараево appeared first on Република.

]]>

Ариа мол во Сараево е евакуиран поради дојава за бомба, откако истото се случи утринава во уште неколку трговски центри во главниот град на Босна и Херцеговина. Посетителите и вработените во трговскиот центар се повикани на итна евакуација. Сараевските медиуми пренесуваат дека Сараево Сити Центар, Маријин Двор како и Импортан Центарот како и центарот Импортан, кој се наоѓа на другата страна од американската амбасада во Сараево, малку порано добија известување за бомбите. Лажна пријава на аеродром Двата центри се евакуирани заради контра-субверзивна инспекција од страна на претставници на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.
Ден претходно, во понеделникот, меѓународниот аеродром во Сараево добил анонимна дојава за поставена експлозивна направа во просториите на објектот, по што надлежните служби веднаш ги презеле сите неопходни мерки согласно важечките безбедносни протоколи, јави Анадолија.
Од аеродромот соопштија дека безбедноста на патниците и вработените не е загрозена и дека летовите продолжиле според планираниот распоред на летови.

The post Дојави за бомби во трговски центри во Сараево appeared first on Република.

]]>
Милановиќ: Сараево и неговите спонзори не се грижат за Хрватите во БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/milanovik-saraevo-i-negovite-sponzori-ne-se-grizhat-za-hrvatite-vo-bih/ Sat, 07 Sep 2024 13:43:45 +0000 https://republika.mk/?p=814133

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска изјави дека тој и премиерот – Андреј Пленковиќ, мора да се договорат како да им помогнат на Хрватите во БиХ да си ги вратат основните права, бидејќи политичко Сараево и неговите спонзори, Канцеларијата на високиот претставник и САД, не покажуваат интерес за тоа.

Милановиќ на фестивалот „ЗеГеВеге“ за одржливо живеење ја коментираше дводневната посета на Пленковиќ и рече дека „конечно собрал храброст“ да зборува за нерамноправноста на Хрватите, добивајќи слична реакција како и тој.

– Пленковиќ беше два дена во Босна и Херцеговина. Конечно собра храброст и проговори за пресудите на Сејдиќ-Финци, за тоа како Хрватите не можат да го избираат својот член на Претседателството, што го опструира политичко Сараево,“изјави Милановиќ.

Тој потсети дека веќе шест години говори за овој проблем, а сега Пленковиќ конечно го призна, иако многу други земји би барале повеќе.

– Мораме да се договориме што да направиме за тие луѓе. Политичко Сараево и неговите спонзори, тоа е Канцеларијата на високиот претставник и американската амбасада, не се грижат за Хрватите во БиХ, додаде Милановиќ.

The post Милановиќ: Сараево и неговите спонзори не се грижат за Хрватите во БиХ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска изјави дека тој и премиерот – Андреј Пленковиќ, мора да се договорат како да им помогнат на Хрватите во БиХ да си ги вратат основните права, бидејќи политичко Сараево и неговите спонзори, Канцеларијата на високиот претставник и САД, не покажуваат интерес за тоа. Милановиќ на фестивалот „ЗеГеВеге“ за одржливо живеење ја коментираше дводневната посета на Пленковиќ и рече дека „конечно собрал храброст“ да зборува за нерамноправноста на Хрватите, добивајќи слична реакција како и тој. – Пленковиќ беше два дена во Босна и Херцеговина. Конечно собра храброст и проговори за пресудите на Сејдиќ-Финци, за тоа како Хрватите не можат да го избираат својот член на Претседателството, што го опструира политичко Сараево,“изјави Милановиќ. Тој потсети дека веќе шест години говори за овој проблем, а сега Пленковиќ конечно го призна, иако многу други земји би барале повеќе. – Мораме да се договориме што да направиме за тие луѓе. Политичко Сараево и неговите спонзори, тоа е Канцеларијата на високиот претставник и американската амбасада, не се грижат за Хрватите во БиХ, додаде Милановиќ.  

The post Милановиќ: Сараево и неговите спонзори не се грижат за Хрватите во БиХ appeared first on Република.

]]>
Сараевскиот ќебап и сомун ќе бидат заштитени како автохтон босански бренд https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/saraevskiot-kebap-i-somun-ke-bidat-zashtiteni-kako-avtohton-bosanski-brend/ Wed, 14 Aug 2024 15:14:56 +0000 https://republika.mk/?p=806567

Сараевскиот ќебап официјално е заштитен како автохтон бренд и посебен производ на Босна и Херцеговина. Ова го потврди градоначалничката на Сараево, Бенијамина Кариќ, на прес-конференција во градското собрание, најавувајќи дека наскоро ќе следи и заштита на сараевскиот сомун.

Пред две години почнавме процес на заштита на ќебапот. Ќе продолжиме да работиме на заштита на автохтони домашни производи. Тој сега е заштитен како бренд и како посебен традиционален производ на БиХ, нагласи Кариќ.

Таа додаде дека после заштитата на ќебапите како бренд, следи и заштитата на ќебапите во ЕУ.

Можеме да објавиме дека по заштитата на ќебапите, ќе тргнеме во акција за заштита на сараевскиот сомун“, посочи Кариќ.

Според неа, Сараево се гордее со својата историја, олимпискиот дух, а секогаш е важна гастрономската понуда која привлекува голем број туристи.

Ако сте дошле во Сараево и не сте пробале ќебапи, не можете да го напуштите градот, додаде Кариќ, повикувајќи ги граѓаните на дегустација на 3.000 ќебапи пред џамијата во Башчаршија.

Директорот на Агенцијата за безбедност на храна, Џемил Хајриќ, изјави дека денеска се одбележува „круна на напорите“ кои почнале пред неколку години и се однесуваат на усогласувањето на законодавството на БиХ со ЕУ.

Процесот резултираше со тоа што Советот на министри на БиХ усвои правна рамка, која овозможи силно да се почне со обележување на географското потекло и традиционалниот углед на храната. Сараевскиот ќебап е осмиот производ кој ја помина процедурата и веројатно е еден од најзначајните, посочи Хајриќ

The post Сараевскиот ќебап и сомун ќе бидат заштитени како автохтон босански бренд appeared first on Република.

УЕФА не дозволи „цветот на Сребреница“ да стои на дресот на ФК Сараево https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/uefa-ne-dozvoli-tsvetot-na-srebrenitsa-da-stoi-na-dresot-na-fk-saraevo/ Thu, 11 Jul 2024 11:15:00 +0000 https://republika.mk/?p=795814

Челниците на фудбалскиот клуб Сараево сакаа да им оддадат комеморација на жртвите во Сребреница со симболот „Цвет на Сребреница“ на дресовите за натпреварот што денеска го играат во Казахстан во рамките на Конференциската лига против Актобе  но  УЕФА не дозволи.

Оваа идеја беше прифатена од Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина, дресовите беа испечатени пред три дена, но УЕФА нареди овој симбол да не се појавува на опремата и најави дека играчите можат да користат само црни ленти.

The post УЕФА не дозволи „цветот на Сребреница“ да стои на дресот на ФК Сараево appeared first on Република.

]]>

Челниците на фудбалскиот клуб Сараево сакаа да им оддадат комеморација на жртвите во Сребреница со симболот „Цвет на Сребреница“ на дресовите за натпреварот што денеска го играат во Казахстан во рамките на Конференциската лига против Актобе  но  УЕФА не дозволи. Оваа идеја беше прифатена од Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина, дресовите беа испечатени пред три дена, но УЕФА нареди овој симбол да не се појавува на опремата и најави дека играчите можат да користат само црни ленти.

The post УЕФА не дозволи „цветот на Сребреница“ да стои на дресот на ФК Сараево appeared first on Република.

]]>
Кавга меѓу двајца браќа причина за силната експлозија во Сараево, тројца загинати https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kavga-megu-dvajtsa-braka-prichina-za-silnata-eksplozija-vo-saraevo-trojtsa-zaginati/ Fri, 28 Jun 2024 08:31:50 +0000 https://republika.mk/?p=791478

Три тела, на неидентификувани лица, се пронајдени по пожар во семејна куќа во Сараево, потврди денеска портпаролката на Обвинителството на кантонот Сараево, Азра Бавчиќ.

Пожар избувна во семејна куќа во Сараево синоќа по, како што јавија сараевските медиуми, експлозија која се слушнала и траела со часови додека не се локализирала.

Според непотврдени информации, на трагедијата во семејниот дом во Сараево и претходел конфликт меѓу двајца браќа. Постариот брат по конфликтот наводно ги убил помалиот брат и неговата сопруга, а потоа ја запалил куќата и починал во пожарот.

Од Обвинителството велат дека повеќе детали ќе се знаат по завршување на истрагата и утврдување на околностите под кои настанал случајот. Оттаму додаваат дека бидејќи истрагата е во тек, идентитетот на жртвите не е познат.

Повеќе фото тука 

The post Кавга меѓу двајца браќа причина за силната експлозија во Сараево, тројца загинати appeared first on Република.

]]>

Три тела, на неидентификувани лица, се пронајдени по пожар во семејна куќа во Сараево, потврди денеска портпаролката на Обвинителството на кантонот Сараево, Азра Бавчиќ. Пожар избувна во семејна куќа во Сараево синоќа по, како што јавија сараевските медиуми, експлозија која се слушнала и траела со часови додека не се локализирала. Според непотврдени информации, на трагедијата во семејниот дом во Сараево и претходел конфликт меѓу двајца браќа. Постариот брат по конфликтот наводно ги убил помалиот брат и неговата сопруга, а потоа ја запалил куќата и починал во пожарот. Од Обвинителството велат дека повеќе детали ќе се знаат по завршување на истрагата и утврдување на околностите под кои настанал случајот. Оттаму додаваат дека бидејќи истрагата е во тек, идентитетот на жртвите не е познат. Повеќе фото тука 

The post Кавга меѓу двајца браќа причина за силната експлозија во Сараево, тројца загинати appeared first on Република.

]]>
Драмски театар вечерва со претставата „Хеда Габлер“ на регионалниот театарски фестивал РУТА во Сараево https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-vecherva-so-pretstavata-heda-gabler-na-regionalniot-teatarski-festival-ruta-vo-saraevo/ Mon, 27 May 2024 08:50:34 +0000 https://republika.mk/?p=781972

Драмски театар со претставата „Хеда Габлер“ гостува на 27 мај во Сараево, Босна и Херцеговина. Од 24 до 29 мај во организација на Камерни театар 55 се одржува босанско-херцеговското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА.

Премиерата на „Хеда Габлер“ беше на 20 април и гостувањето во Сараево ќе биде петта изведба и прво гостување на претставата во странство.

„Хеда Габлер“ е работена по текст на авторот Хенрик Ибзен. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова – Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е Васил Христов и костимите се на костимографката Розе Трајчевска – Ристоска.

Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Хеда Габлер Тесман - Сања Арсовска, Судијата Брак - Зоран Љутков, Јерген Тесман - Владимир Петровиќ, Ејлерт Левборг - Дениз Абдула и ликот на Теа Тесман го игра актерката Сара Климоска.

Режисерот Васил Христов во програмската белешка за претставата го истакнува следното: „Во 1890 година Хенрик Ибзен ја скандализира театарската јавност и воопшто естаблишментот, создавајки  уште еден женски лик кој отстапува од востановените општествени норми. Хеда Габлер како една од најпознатите (анти)хериоини во драмската литература одигрува значајна улога во подигнување на свеста за женските прашања. Ибзен создава женски лик кој одбива да живее и да им служи на конвенциите на патријархалното општество. Нејзината борба за автономност и потрага по совршенство како и нејзината амбиција да поседува „машка моќ“ да може да влијае како врз сопствената така и врз судбината на другите, резултира со убиство на самото совршенство. Нејзиниот чин остава трага кој ја симболизира борбата за родови права и еднаквост“.

Режисерот Христов посочува дека драмскиот текст „Хеда Габлер“ , низ годините, многупати е поинаку  режисерски толкуван и читан, драматуршки адаптиран, структурно видоизменуван, користен како мотив од автори вљубеници во неговото дело. Драмскиот материјал отвора можности внатре во него да се интервенира  во согласност со современите театарски концепти, читања, толкувања  условени и од општествените промени кои неминовно се случуваат. Денес кога менталното здравје, кризата на идентитет и морално - етичките норми се во фокус на интерес, драмата и Хеда Габлер како (анти)хероина стануваат дополнително актуелни и ги рефлектираат проблематизираните состојби во современото општество.

The post Драмски театар вечерва со претставата „Хеда Габлер“ на регионалниот театарски фестивал РУТА во Сараево appeared first on Република.

]]>

Драмски театар со претставата „Хеда Габлер“ гостува на 27 мај во Сараево, Босна и Херцеговина. Од 24 до 29 мај во организација на Камерни театар 55 се одржува босанско-херцеговското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Премиерата на „Хеда Габлер“ беше на 20 април и гостувањето во Сараево ќе биде петта изведба и прво гостување на претставата во странство. „Хеда Габлер“ е работена по текст на авторот Хенрик Ибзен. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова – Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е Васил Христов и костимите се на костимографката Розе Трајчевска – Ристоска. Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Хеда Габлер Тесман - Сања Арсовска, Судијата Брак - Зоран Љутков, Јерген Тесман - Владимир Петровиќ, Ејлерт Левборг - Дениз Абдула и ликот на Теа Тесман го игра актерката Сара Климоска. Режисерот Васил Христов во програмската белешка за претставата го истакнува следното: „Во 1890 година Хенрик Ибзен ја скандализира театарската јавност и воопшто естаблишментот, создавајки  уште еден женски лик кој отстапува од востановените општествени норми. Хеда Габлер како една од најпознатите (анти)хериоини во драмската литература одигрува значајна улога во подигнување на свеста за женските прашања. Ибзен создава женски лик кој одбива да живее и да им служи на конвенциите на патријархалното општество. Нејзината борба за автономност и потрага по совршенство како и нејзината амбиција да поседува „машка моќ“ да може да влијае како врз сопствената така и врз судбината на другите, резултира со убиство на самото совршенство. Нејзиниот чин остава трага кој ја симболизира борбата за родови права и еднаквост“. Режисерот Христов посочува дека драмскиот текст „Хеда Габлер“ , низ годините, многупати е поинаку  режисерски толкуван и читан, драматуршки адаптиран, структурно видоизменуван, користен како мотив од автори вљубеници во неговото дело. Драмскиот материјал отвора можности внатре во него да се интервенира  во согласност со современите театарски концепти, читања, толкувања  условени и од општествените промени кои неминовно се случуваат. Денес кога менталното здравје, кризата на идентитет и морално - етичките норми се во фокус на интерес, драмата и Хеда Габлер како (анти)хероина стануваат дополнително актуелни и ги рефлектираат проблематизираните состојби во современото општество.  

The post Драмски театар вечерва со претставата „Хеда Габлер“ на регионалниот театарски фестивал РУТА во Сараево appeared first on Република.

]]>
Драмски театар со „Хеда Габлер“ гостува на Фестивалот РУТА во Сараево https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-so-heda-gabler-gostuva-na-festivalot-ruta-vo-saraevo/ Thu, 23 May 2024 07:59:29 +0000 https://republika.mk/?p=781008

Драмски театар со претставата „Хеда Габлер“ гостува во понеделник на 27 мај во Сараево, Босна и Херцеговина. Од 24 до 29 мај во организација на Камерни театар 55 се одржува босанскохерцеговското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА.

Премиерата на „Хеда Габлер“ беше на 20 април и гостувањето во Сараево ќе биде петта изведба и прво гостување на претставата во странство.

„Хеда Габлер“ е работена по текст на авторот Хенрик Ибзен. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова – Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е Васил Христов и костимите се на костимографката Розе Трајчевска – Ристоска.
Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Хеда Габлер Тесман - Сања Арсовска, Судијата Брак - Зоран Љутков, Јерген Тесман - Владимир Петровиќ, Ејлерт Левборг - Дениз Абдула и ликот на Теа Тесман го игра актерката Сара Климоска.

Режисерот Христов посочува дека драмскиот текст „Хеда Габлер“ , низ годините, многупати е поинаку режисерски толкуван и читан, драматуршки адаптиран, структурно видоизменуван, користен како мотив од автори вљубеници во неговото дело. Драмскиот материјал отвора можности внатре во него да се интервенира во согласност со современите театарски концепти, читања, толкувања условени и од општествените промени кои неминовно се случуваат. Денес кога менталното здравје, кризата на идентитет и морално - етичките норми се во фокус на интерес, драмата и Хеда Габлер како (анти)хероина стануваат дополнително актуелни и ги рефлектираат проблематизираните состојби во современото општество.

The post Драмски театар со „Хеда Габлер“ гостува на Фестивалот РУТА во Сараево appeared first on Република.

]]>

Драмски театар со претставата „Хеда Габлер“ гостува во понеделник на 27 мај во Сараево, Босна и Херцеговина. Од 24 до 29 мај во организација на Камерни театар 55 се одржува босанскохерцеговското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Премиерата на „Хеда Габлер“ беше на 20 април и гостувањето во Сараево ќе биде петта изведба и прво гостување на претставата во странство. „Хеда Габлер“ е работена по текст на авторот Хенрик Ибзен. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова – Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е Васил Христов и костимите се на костимографката Розе Трајчевска – Ристоска. Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Хеда Габлер Тесман - Сања Арсовска, Судијата Брак - Зоран Љутков, Јерген Тесман - Владимир Петровиќ, Ејлерт Левборг - Дениз Абдула и ликот на Теа Тесман го игра актерката Сара Климоска. Режисерот Христов посочува дека драмскиот текст „Хеда Габлер“ , низ годините, многупати е поинаку режисерски толкуван и читан, драматуршки адаптиран, структурно видоизменуван, користен како мотив од автори вљубеници во неговото дело. Драмскиот материјал отвора можности внатре во него да се интервенира во согласност со современите театарски концепти, читања, толкувања условени и од општествените промени кои неминовно се случуваат. Денес кога менталното здравје, кризата на идентитет и морално - етичките норми се во фокус на интерес, драмата и Хеда Габлер како (анти)хероина стануваат дополнително актуелни и ги рефлектираат проблематизираните состојби во современото општество.

The post Драмски театар со „Хеда Габлер“ гостува на Фестивалот РУТА во Сараево appeared first on Република.

]]>
Стрипови на македонски автори изложени во Сараево https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/stripovi-na-makedonski-avtori-izlozheni-vo-saraevo/ Sun, 12 May 2024 17:17:26 +0000 https://republika.mk/?p=777374

Во Босанскиот културен центар во Сараево е отворена документаристичката изложба „Антифашистичкиот стрип во Југославија: од ’Пионери‘ до ’Партизани‘“, на која со свои дела се застапени стрип-автори од сите поранешни југословенски републики, вклучително и македонските, соопшти стрип хронираот Александар Стеванов.

Идеен творец на оваа амбициозна тематска изложба, која е реализирана во рамките на манифестацијата „Денови на кантонот“, е истакнатиот хрватски стрип-промотор и хроничар Вељко Крулчиќ, а во нејзината реализација се вклучени и графичкиот дизајнер Златко Гргиќ, директорот на Босанскиот културен центар Јасмин Дураковиќ, како и кустосот Уна Поповиќ.

Изложбата е всушност пресек на стрип-продукцијата од географската област на поранешна Југославија, продукција која е жанровски поврзана со темата која вообичаено се нарекувала воени стрипови, партизански стрипови или стрипови на тема НОБ. Она најдоброто и најкарактеристичното. Иако главните центри на стрипот во поранешна Југославија беа Белград, Загреб и Горњи Милановац, а подоцна им се придружи и Нови Сад, антифашистичките стрипови беа осмислувани и цртани од стрип-уметниците од сите републики (денешните земји). Значи, и од стрип-уметниците од Босна и Херцеговина, Словенија, Македонија, истакнува авторот на изложбата, Вељко Крулчиќ.

На изложбата се застапени не само стрипови, туку и списанија и текстови за стрип, почнувајќи од периодот на првите години на Втората светска војна (1942/43), кога антифашистичките стрипови почнуваат да излегуваат во партизанскиот печат наменет за деца, почнувајќи од „Пионери“. Хронолошки, изложбата на Крулчиќ продолжува со победата на партизаните и ослободувањето, односно со појавата на првите антифашистички стрипови во редовниот југословенски печат. Протегајќи се речиси половина век, сè до крајот на 1980-тите, нејзината завршна точка е последниот број на популарното издание „Партизани“. Помеѓу стотината стрип-автори, сценаристи и цртачи, од просторот на некогашна Југославија, со свои стрипови на изложбата се застапени и Македонците Миле Топуз и Љупчо Филипов.

-Во младинското списание ’Наш свет‘ Филипов објавува низа стрипови чија тема е НОБ, вклучително и такви од сериите ’Родени во виорот‘ и ’Посилни од смртта‘, а подоцна за енигматското списание ’Котелец‘ изработува и стрипувани биографии на нашите народни херои. Автор на поголем број стрипови на теми од НОБ е и Миле Топуз, чие творештво речиси во целост е посветено на историскиот стрип. Меѓу нив се оние од серијата ’40 години од НОВ и револуцијата‘ што своевремено излегува во ’Наш свет‘. Покрај Филипов и Топуз, стрипови на теми од НОБ работат и други македонски творци, меѓу кои Славчо Темков, Илија Јордановски, Коле Манев, Мишо Китаноски, Диме Иванов-Димано, Мишко Хрдличка и Игно Јовановски, наведува стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип.

Изложбата „Антифашистичкиот стрип во Југославија: од ’Пионери‘ до ’Партизани‘“ на Вељко Крулчиќ е придружена од две самостојни поставки: „Абдулах Козиќ, Ахмед Муминовиќ, ’Мале новине‘ и антифашистичкиот стрип во БиХ“ и „Андрија Мауровиќ и уметноста на антифашизмот“. Посетителите на Босанскиот културен центар во Сараево ќе можат да ги погледнат изложените стрипови со антифашистичка тема заклучно со 25 мај.

The post Стрипови на македонски автори изложени во Сараево appeared first on Република.

]]>

Во Босанскиот културен центар во Сараево е отворена документаристичката изложба „Антифашистичкиот стрип во Југославија: од ’Пионери‘ до ’Партизани‘“, на која со свои дела се застапени стрип-автори од сите поранешни југословенски републики, вклучително и македонските, соопшти стрип хронираот Александар Стеванов. Идеен творец на оваа амбициозна тематска изложба, која е реализирана во рамките на манифестацијата „Денови на кантонот“, е истакнатиот хрватски стрип-промотор и хроничар Вељко Крулчиќ, а во нејзината реализација се вклучени и графичкиот дизајнер Златко Гргиќ, директорот на Босанскиот културен центар Јасмин Дураковиќ, како и кустосот Уна Поповиќ. Изложбата е всушност пресек на стрип-продукцијата од географската област на поранешна Југославија, продукција која е жанровски поврзана со темата која вообичаено се нарекувала воени стрипови, партизански стрипови или стрипови на тема НОБ. Она најдоброто и најкарактеристичното. Иако главните центри на стрипот во поранешна Југославија беа Белград, Загреб и Горњи Милановац, а подоцна им се придружи и Нови Сад, антифашистичките стрипови беа осмислувани и цртани од стрип-уметниците од сите републики (денешните земји). Значи, и од стрип-уметниците од Босна и Херцеговина, Словенија, Македонија, истакнува авторот на изложбата, Вељко Крулчиќ. На изложбата се застапени не само стрипови, туку и списанија и текстови за стрип, почнувајќи од периодот на првите години на Втората светска војна (1942/43), кога антифашистичките стрипови почнуваат да излегуваат во партизанскиот печат наменет за деца, почнувајќи од „Пионери“. Хронолошки, изложбата на Крулчиќ продолжува со победата на партизаните и ослободувањето, односно со појавата на првите антифашистички стрипови во редовниот југословенски печат. Протегајќи се речиси половина век, сè до крајот на 1980-тите, нејзината завршна точка е последниот број на популарното издание „Партизани“. Помеѓу стотината стрип-автори, сценаристи и цртачи, од просторот на некогашна Југославија, со свои стрипови на изложбата се застапени и Македонците Миле Топуз и Љупчо Филипов.
-Во младинското списание ’Наш свет‘ Филипов објавува низа стрипови чија тема е НОБ, вклучително и такви од сериите ’Родени во виорот‘ и ’Посилни од смртта‘, а подоцна за енигматското списание ’Котелец‘ изработува и стрипувани биографии на нашите народни херои. Автор на поголем број стрипови на теми од НОБ е и Миле Топуз, чие творештво речиси во целост е посветено на историскиот стрип. Меѓу нив се оние од серијата ’40 години од НОВ и револуцијата‘ што своевремено излегува во ’Наш свет‘. Покрај Филипов и Топуз, стрипови на теми од НОБ работат и други македонски творци, меѓу кои Славчо Темков, Илија Јордановски, Коле Манев, Мишо Китаноски, Диме Иванов-Димано, Мишко Хрдличка и Игно Јовановски, наведува стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип.
Изложбата „Антифашистичкиот стрип во Југославија: од ’Пионери‘ до ’Партизани‘“ на Вељко Крулчиќ е придружена од две самостојни поставки: „Абдулах Козиќ, Ахмед Муминовиќ, ’Мале новине‘ и антифашистичкиот стрип во БиХ“ и „Андрија Мауровиќ и уметноста на антифашизмот“. Посетителите на Босанскиот културен центар во Сараево ќе можат да ги погледнат изложените стрипови со антифашистичка тема заклучно со 25 мај.

The post Стрипови на македонски автори изложени во Сараево appeared first on Република.

]]>
Во Сараево е прогласена епидемија на голема кашлица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-saraevo-e-proglasena-epidemija-na-golema-kashlitsa/ Fri, 15 Mar 2024 17:45:24 +0000 https://republika.mk/?p=755225

Во кантонот Сараево е прогласена епидемија на заразната болест пертусис, која уште се нарекува голема кашлица, пишува Н1 БиХ.

Прогласувањето на епидемија на болеста, која до неодамна се сметаше за искоренета, дојде по зголемениот број случаи и препораката на Федералниот институт за јавно здравје.

Ова го направивме по вообичаена процедура, исто како што прогласивме епидемија на морбили. Според процедурата, побаравме согласност од Федералниот институт за јавно здравје и Министерството за здравство на Федерацијата БиХ. Додека ја добивме, ние го побаравме истото од нашите канцеларии за законодавство и финансии и прогласивме епидемија од 12 март во областа на кантонот Сараево - изјави за На Енис Хасановиќ, министер за здравство на кантонот Сараево.

The post Во Сараево е прогласена епидемија на голема кашлица appeared first on Република.

]]>

Во кантонот Сараево е прогласена епидемија на заразната болест пертусис, која уште се нарекува голема кашлица, пишува Н1 БиХ. Прогласувањето на епидемија на болеста, која до неодамна се сметаше за искоренета, дојде по зголемениот број случаи и препораката на Федералниот институт за јавно здравје.
Ова го направивме по вообичаена процедура, исто како што прогласивме епидемија на морбили. Според процедурата, побаравме согласност од Федералниот институт за јавно здравје и Министерството за здравство на Федерацијата БиХ. Додека ја добивме, ние го побаравме истото од нашите канцеларии за законодавство и финансии и прогласивме епидемија од 12 март во областа на кантонот Сараево - изјави за На Енис Хасановиќ, министер за здравство на кантонот Сараево.

The post Во Сараево е прогласена епидемија на голема кашлица appeared first on Република.

]]>
Експлозија во центарот на Сараево https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eksplozija-vo-tsentarot-na-saraevo-2/ Mon, 26 Feb 2024 14:06:05 +0000 https://republika.mk/?p=748582

Рано утрово, во Сараево, на подрачјето на општина Центар, била фрлена експлозивна направа, а според првичните информации, нема повредени.

Според сараевскиот портал „Кликс“, инцидентот се случил во близина на угостителски објект.

Просторот е ограден со жолта полициска лента, а истрагата ја вршат службеници на МУП на кантонот Сараево, пренесуваат локалните медиуми.

The post Експлозија во центарот на Сараево appeared first on Република.

]]>

Рано утрово, во Сараево, на подрачјето на општина Центар, била фрлена експлозивна направа, а според првичните информации, нема повредени.
Според сараевскиот портал „Кликс“, инцидентот се случил во близина на угостителски објект. Просторот е ограден со жолта полициска лента, а истрагата ја вршат службеници на МУП на кантонот Сараево, пренесуваат локалните медиуми.

The post Експлозија во центарот на Сараево appeared first on Република.

]]>
Експлозија во центарот на Сараево https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eksplozija-vo-tsentarot-na-saraevo/ Mon, 26 Feb 2024 09:35:10 +0000 https://republika.mk/?p=748400

Рано утрово во Сараево, на подрачјето на општина Центар, била фрлена експлозивна направа, а според првичните информации нема повредени.

Според сараевскиот портал „Кликс“, инцидентот се случил во близина на угостителски објект.

Просторот е ограден со жолта полициска лента, а истрагата ја вршат службеници на МУП на кантонот Сараево, пренесуваат локалните медиуми.

The post Експлозија во центарот на Сараево appeared first on Република.

]]>

Рано утрово во Сараево, на подрачјето на општина Центар, била фрлена експлозивна направа, а според првичните информации нема повредени. Според сараевскиот портал „Кликс“, инцидентот се случил во близина на угостителски објект. Просторот е ограден со жолта полициска лента, а истрагата ја вршат службеници на МУП на кантонот Сараево, пренесуваат локалните медиуми.

The post Експлозија во центарот на Сараево appeared first on Република.

]]>
Поради зголемениот број на случаи со морбили, отворени два пункта за вакцинација во Сараево https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/poradi-zgolemeniot-broj-na-sluchai-so-morbili-otvoreni-dva-punkta-za-vaktsinatsija-vo-saraevo/ Thu, 25 Jan 2024 11:29:09 +0000 https://republika.mk/?p=736698

Поради зголемениот број на заболени од сипаници (морбили), денеска во Сараево беа отворени два посебни пункта за вакцинација, каде во наредниот период ќе се врши вакцинација со МРП вакцината која штити од сипаници, заушки и рубеола.

Педијатарот Мубера Хасановиќ изјави дека вакцинацијата против заразни болести е единствениот начин за спречување на болеста и дека последиците може да бидат тешка клиничка слика.

Сипаниците доаѓаат со тешка клиничка слика - многу висока температура која трае со денови, со лоша општа состојба, осип што се појавува дури на четвртиот или петтиот ден од болеста. Тогаш можеме само да кажеме дека тоа е сипаница. Болеста е многу сериозна, но може да се спречи и треба да го искористиме тоа што го имаме, а тоа е вакцинација, вели таа.

Министерот за здравство Енис Хасановиќ посочи дека досега имаат потврдено 11 случаи и се уште не се во фаза на епидемија.

Едно дете е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести на КЦУС и денеска е отпуштено од лекување. Две други деца кои денеска беа примени имаат поблага клиничка слика, изјави министерот.

Како што рече, приоритет е да се спречи ширењето и да се вакцинираат што повеќе деца, затоа ги повика родителите масовно да реагираат и да ги вакцинираат своите деца.

Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека во последните 20 години е намален бројот на деца вакцинирани против мали сипаници. Според евиденцијата на организацијата, 74 отсто од децата во Босна и Херцеговина примиле втора доза од вакцината против морбили во 2000 година, додека во 2022 година биле евидентирани 60 отсто од вакцинираните.

The post Поради зголемениот број на случаи со морбили, отворени два пункта за вакцинација во Сараево appeared first on Република.

]]>

Поради зголемениот број на заболени од сипаници (морбили), денеска во Сараево беа отворени два посебни пункта за вакцинација, каде во наредниот период ќе се врши вакцинација со МРП вакцината која штити од сипаници, заушки и рубеола. Педијатарот Мубера Хасановиќ изјави дека вакцинацијата против заразни болести е единствениот начин за спречување на болеста и дека последиците може да бидат тешка клиничка слика.
Сипаниците доаѓаат со тешка клиничка слика - многу висока температура која трае со денови, со лоша општа состојба, осип што се појавува дури на четвртиот или петтиот ден од болеста. Тогаш можеме само да кажеме дека тоа е сипаница. Болеста е многу сериозна, но може да се спречи и треба да го искористиме тоа што го имаме, а тоа е вакцинација, вели таа.
Министерот за здравство Енис Хасановиќ посочи дека досега имаат потврдено 11 случаи и се уште не се во фаза на епидемија.
Едно дете е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести на КЦУС и денеска е отпуштено од лекување. Две други деца кои денеска беа примени имаат поблага клиничка слика, изјави министерот.
Како што рече, приоритет е да се спречи ширењето и да се вакцинираат што повеќе деца, затоа ги повика родителите масовно да реагираат и да ги вакцинираат своите деца. Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека во последните 20 години е намален бројот на деца вакцинирани против мали сипаници. Според евиденцијата на организацијата, 74 отсто од децата во Босна и Херцеговина примиле втора доза од вакцината против морбили во 2000 година, додека во 2022 година биле евидентирани 60 отсто од вакцинираните.  

The post Поради зголемениот број на случаи со морбили, отворени два пункта за вакцинација во Сараево appeared first on Република.

]]>
Музичкиот хроничар Тошо Филиповски во Сараево во „Екс-ЈУ рок центарот“ ја отвори изложбата „60 години македонска рок сцена“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/muzichkiot-hronichar-tosho-filipovski-vo-saraevo-vo-eks-ju-rok-tsentarot-ja-otvori-izlozhbata-60-godini-makedonska-rok-stsena/ Mon, 25 Dec 2023 08:46:24 +0000 https://republika.mk/?p=726374

Музичкиот рок- хроничарТошо Филиповски во „Екс-ЈУ рок центарот“ во Сараево, Босна и Херцеговина ја отвори изложбата „60 години македонска рок-сцена“.

Беа изложени вкупно 400 артефакти, плочи, плакати од концерти, фотографии од музичари.

Авторот на „Македонска рок-енциклопедија“ на четири витрини и три ѕида кои му биле на располагање ја претставил сцената низ осум музички правци.

Филиповски во Сараево имал и промоција на сите енцикопледии што ги објавил за македонската рок-музика.

Изложбата се отвори на 15 декември и ќе може да се види и во следните три месеци.

The post Музичкиот хроничар Тошо Филиповски во Сараево во „Екс-ЈУ рок центарот“ ја отвори изложбата „60 години македонска рок сцена“ appeared first on Република.

]]>

Музичкиот рок- хроничарТошо Филиповски во „Екс-ЈУ рок центарот“ во Сараево, Босна и Херцеговина ја отвори изложбата „60 години македонска рок-сцена“. Беа изложени вкупно 400 артефакти, плочи, плакати од концерти, фотографии од музичари. Авторот на „Македонска рок-енциклопедија“ на четири витрини и три ѕида кои му биле на располагање ја претставил сцената низ осум музички правци. Филиповски во Сараево имал и промоција на сите енцикопледии што ги објавил за македонската рок-музика. Изложбата се отвори на 15 декември и ќе може да се види и во следните три месеци.  

The post Музичкиот хроничар Тошо Филиповски во Сараево во „Екс-ЈУ рок центарот“ ја отвори изложбата „60 години македонска рок сцена“ appeared first on Република.

]]>