Сараево филм фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/saraevo-film-festival/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Aug 2024 07:56:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сараево филм фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/saraevo-film-festival/ 32 32 „Последниот каубој“ на македонскиот копродуцент „Круг Филм” ќе има светска премиера на Сараево Филм Фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/posledniot-kauboj-na-makedonskiot-koprodutsent-krug-film-ke-ima-svetska-premiera-na-saraevo-film-festival/ Thu, 08 Aug 2024 07:56:14 +0000 https://republika.mk/?p=804446

Документарниот филм „Последниот каубој“, во кој македонски копродуцент е „Круг филм“, ќе ја има својата светска премиера на 30. издание на Сараевски филмски фестивал, што ќе се одржи од 16 до 22 август.

Режисер на филмот е Тадеј Чатер од Словенија. Филмот ја раскажува приказната на славниот каубој од Бјелина, Хари Џексон – што го живеел својот сон да биде каубој и да снима филмови за каубои. За него велат дека го сонувал својот сон и во исто време си го отсонувал својот цел живот. Тој го сменил и својот идентитет од Аљуш Мусли до Хери Џексон.

The post „Последниот каубој“ на македонскиот копродуцент „Круг Филм” ќе има светска премиера на Сараево Филм Фестивал appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм „Последниот каубој“, во кој македонски копродуцент е „Круг филм“, ќе ја има својата светска премиера на 30. издание на Сараевски филмски фестивал, што ќе се одржи од 16 до 22 август. Режисер на филмот е Тадеј Чатер од Словенија. Филмот ја раскажува приказната на славниот каубој од Бјелина, Хари Џексон – што го живеел својот сон да биде каубој и да снима филмови за каубои. За него велат дека го сонувал својот сон и во исто време си го отсонувал својот цел живот. Тој го сменил и својот идентитет од Аљуш Мусли до Хери Џексон.

The post „Последниот каубој“ на македонскиот копродуцент „Круг Филм” ќе има светска премиера на Сараево Филм Фестивал appeared first on Република.

]]>
Светска премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ на 30. Сараевски филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/svetska-premiera-na-filmot-ubij-gi-prvo-detsata-na-30-saraevski-filmski-festival/ Tue, 06 Aug 2024 07:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=803738

Долгометражниот игран филм „Убиј ги прво децата“, по сценарио и во режија на Димитар Оровчанец, е во официјалната програма „Open Air“ на 30. Сараевски филмски фестивал. Светската премиера на филмот ќе се одржи во амфитеатарот „Open Air“ на 19 август, со почеток во 21:45 часот.

Се работи за комична приказна за тинејџерка-балерина, нејзиното лудо вљубено момче и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео, објаснуваат од „Трис филмс“.

„’Убиј ги прво децата’ е дебитантски игран филм на Оровчанец, поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а во продукција на ‘Трис филмс’ и ‘ДМФ филмс’. Главните улоги ги толкуваат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов. Во другите улоги играат Александар Ѓорѓиевски, Стефан Вујисиќ, Марко Трајковиќ, Адријан Азири, Марина Поп Панкова, Лео Поповиќ, Атанас Тановски, Марија Јанчевска, Ненад Нацев, Александар Микиќ и други. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Илина Чолак, монтажер е Софија Самоиловска Јовановиќ, а композитори на музиката се Дарко Спасовски и Игор Василев-Новоградска. Продуценти на филмот се Атанас Георгиев и Дејан Илиев“, велат од „Трис филмс“.

Филмскиот фестивал во Сараево е од „А“ класа и е еден од најголемите и највлијателни фестивали во поширокиот регион, посочуваат од продукцијата и додаваат дека годинешните лауреати на фестивалот се актерката Мег Рајан, оскаровецот, режисер, сценарист и продуцент Александар Пејн и актерот Џон Туртуро.

The post Светска премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ на 30. Сараевски филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Долгометражниот игран филм „Убиј ги прво децата“, по сценарио и во режија на Димитар Оровчанец, е во официјалната програма „Open Air“ на 30. Сараевски филмски фестивал. Светската премиера на филмот ќе се одржи во амфитеатарот „Open Air“ на 19 август, со почеток во 21:45 часот. Се работи за комична приказна за тинејџерка-балерина, нејзиното лудо вљубено момче и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео, објаснуваат од „Трис филмс“. „’Убиј ги прво децата’ е дебитантски игран филм на Оровчанец, поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а во продукција на ‘Трис филмс’ и ‘ДМФ филмс’. Главните улоги ги толкуваат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов. Во другите улоги играат Александар Ѓорѓиевски, Стефан Вујисиќ, Марко Трајковиќ, Адријан Азири, Марина Поп Панкова, Лео Поповиќ, Атанас Тановски, Марија Јанчевска, Ненад Нацев, Александар Микиќ и други. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Илина Чолак, монтажер е Софија Самоиловска Јовановиќ, а композитори на музиката се Дарко Спасовски и Игор Василев-Новоградска. Продуценти на филмот се Атанас Георгиев и Дејан Илиев“, велат од „Трис филмс“. Филмскиот фестивал во Сараево е од „А“ класа и е еден од најголемите и највлијателни фестивали во поширокиот регион, посочуваат од продукцијата и додаваат дека годинешните лауреати на фестивалот се актерката Мег Рајан, оскаровецот, режисер, сценарист и продуцент Александар Пејн и актерот Џон Туртуро.

The post Светска премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ на 30. Сараевски филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
„Авантурите на една турбофолк-принцеза“ освои главна награда за серија во развој на 29. „Сараевски филмски фестивал“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/avanturite-na-edna-turbofolk-printseza-osvoi-glavna-nagrada-za-serija-vo-razvoj-na-29-saraevski-filmski-festival/ Mon, 21 Aug 2023 14:09:04 +0000 https://republika.mk/?p=674225

ТВ-серијата „Авантурите на една турбофолк-принцеза“ на продукцијата ОХО освои главна награда за серија во развој на 29. „Сараевски филмски фестивал“, што е најновиот проект на продукцијата ОХО во развој на авторите Андреј Волкашин и Петар Влчев.
„Авантурите на една турбофолк-принцеза“ ја освои престижната награда на Хрватскиот аудиовизуелен центар, што се доделува во рамките на „СинеЛинк индустриски денови“ на „Сараево филм фестивал“. Серијата го следи патот на шармантната и несмасна девојка Васка во остварувањето на нејзиниот сон да биде балканска музичка ѕвезда, потпомогната од нејзината избувлива менаџерка Ебони. Овој телевизиски проект, кој се развива во изминативе две години, годинава веќе имаше едно успешно претставување на интернационален филмски форум во Будимпешта, каде што им го привлече вниманието на продуценти и селектори на програми од Централна и од Источна Европа.

Ова е серија на која работиме веќе подолго време и затоа сме многу горди што бевме наградени помеѓу најдобрите проекти во развој од Југоисточна Европа – вели продуцентот Пеце Талески.

Наградата им беше врачена на продуцентите Пеце Талески и Илија Тирицовски во вредност од 15.000 евра, додека вкупниот буџет за реализација на овој проект изнесува 950.000 евра за првата сезона со осум епизоди по 30 минути.

The post „Авантурите на една турбофолк-принцеза“ освои главна награда за серија во развој на 29. „Сараевски филмски фестивал“ appeared first on Република.

]]>

ТВ-серијата „Авантурите на една турбофолк-принцеза“ на продукцијата ОХО освои главна награда за серија во развој на 29. „Сараевски филмски фестивал“, што е најновиот проект на продукцијата ОХО во развој на авторите Андреј Волкашин и Петар Влчев. „Авантурите на една турбофолк-принцеза“ ја освои престижната награда на Хрватскиот аудиовизуелен центар, што се доделува во рамките на „СинеЛинк индустриски денови“ на „Сараево филм фестивал“. Серијата го следи патот на шармантната и несмасна девојка Васка во остварувањето на нејзиниот сон да биде балканска музичка ѕвезда, потпомогната од нејзината избувлива менаџерка Ебони. Овој телевизиски проект, кој се развива во изминативе две години, годинава веќе имаше едно успешно претставување на интернационален филмски форум во Будимпешта, каде што им го привлече вниманието на продуценти и селектори на програми од Централна и од Источна Европа.
Ова е серија на која работиме веќе подолго време и затоа сме многу горди што бевме наградени помеѓу најдобрите проекти во развој од Југоисточна Европа – вели продуцентот Пеце Талески.
Наградата им беше врачена на продуцентите Пеце Талески и Илија Тирицовски во вредност од 15.000 евра, додека вкупниот буџет за реализација на овој проект изнесува 950.000 евра за првата сезона со осум епизоди по 30 минути.

The post „Авантурите на една турбофолк-принцеза“ освои главна награда за серија во развој на 29. „Сараевски филмски фестивал“ appeared first on Република.

]]>
Кумјана Новакова доби Награда за човекови права на 29. Филмски фестивал во Сараево за филмот „Молк на разумот“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kumjana-novakova-dobi-nagrada-za-chovekovi-prava-na-29-filmski-festival-vo-saraevo-za-filmot-molk-na-razumot/ Mon, 21 Aug 2023 08:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=674082

Документарниот филм „Молк на разумот“ на македонската режисерка Кумјана Новакова доби Награда за човекови права на 29. Филмски фестивал во Сараево што заврши синоќа. Филмот е копродукција меѓу Македонија и БиХ, и содржи сведоштва и видеоматеријали од фоензичките архиви за претрпеното насилство и тортурата на жените кои во војната во Босна и Херцеговина поминале низ камповите за силување во Фоча.

Ова е втор долгометражен документарец на Новакова, по наградуваниот „Вознемирена земја“ во 2021.

The post Кумјана Новакова доби Награда за човекови права на 29. Филмски фестивал во Сараево за филмот „Молк на разумот“ appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм „Молк на разумот“ на македонската режисерка Кумјана Новакова доби Награда за човекови права на 29. Филмски фестивал во Сараево што заврши синоќа. Филмот е копродукција меѓу Македонија и БиХ, и содржи сведоштва и видеоматеријали од фоензичките архиви за претрпеното насилство и тортурата на жените кои во војната во Босна и Херцеговина поминале низ камповите за силување во Фоча. Ова е втор долгометражен документарец на Новакова, по наградуваниот „Вознемирена земја“ во 2021.

The post Кумјана Новакова доби Награда за човекови права на 29. Филмски фестивал во Сараево за филмот „Молк на разумот“ appeared first on Република.

]]>
Светско издание на Ана Стојановска на Сараево филм фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/svetsko-izdanie-na-ana-stojanovska-na-saraevo-film-festival/ Fri, 18 Aug 2023 07:05:59 +0000 https://republika.mk/?p=673197

Филмот „Кајмак“ на македонски режисер Милчо Манчевски вчера беше прикажан на Сараево филм фестивал, најважниот фестивал во регионот, во програмата „Open Air“.

Дел од филмската екипа на „Кајмак“ продефилира на црвениот килим на 29-то издание на фестивалот. Највпечатлива беше актерката Ана Стојановска, која се појави во смело издание и минимален црн фустан.

Со првокласна филмска понуда, дури и за најпребирливите филмофили, програмата „Open Air“ ќе се одржи под отворено небо во Стари Град (Вијеќница), а филмовите, како што велат организаторите, ќе бидат прикажани на најголемото филмско платно во регионот. Покрај најновото дело на Манчевски во програмата се уште 14 филмови, помеѓу кои и „Астероид Сити“ на Вес Андерсон, „Паднати лисја“ на Аки Каурисмаки, „Бакнете ја иднината“ на Ненад Чичин Шаин, продуциран од Мет Дејмон и Бен Афлек, како и „Навистина никогаш не беше тука“ на шкотската режисерка и сценаристка Лини Ремзи, една од највозбудливите авторки во независната кинематографија, која ќе го добие почесното признание „Срце на Сараево“.

Манчевски е стар пријател на Сараевскиот фестивал – „Пред дождот“ играше на првото издание во ноември 1995 и Манчевски присуствуваше на проекцијата додека Сараево уште беше под опсада. Потоа, тој самиот ги собра членовите на бордот на почесни директори на фестивалот Ингмар Бергман, Мартин Скорсезе, Милош Форман, Нагиса Ошима и Ричард Гир.

Паралелно, „Кајмак“ ја очекува и американската премиера, на 33-то издание на фестивалот Синеквест во Калифорнија од 15 до 30 август. Синеквест е еден од најголемите и најреномираните независни фестивали на американскиот континент, а специфичен е по програмата што поддржува иновативни и креативни уметнички дела. Се одржува во Сан Хозе и Редвуд Сити во Силиконската Долина. Токму на Синеквест пред 3 години „Врба“ на Манчевски беше крунисан со наградата Најдобар филм и претставен како „филм што нема да го заборавите“.

До крајот на август и почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште четири фестивали:

36. Филмски фестивал во Херцег Нови, каде на покана на фестивалот ќе присуствува дел од филмската екипа.

„Avant&Una“ во Бихаќ, Босна и Херцеговина.

i-Fest во Калабрија, Италија, каде ќе бидe прикажанa и ретроспектива на опусот на Манчевски.

Главната конкуренција на фестивалот Балкан панорама во Измир, Турција.

Во јуни „Кајмак“ ја имаше и данската премиера во Копенхаген.

„Кајмак“ ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија и други, каде што беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми.

Филмот ја освои Специјалната награда на жирито на „Фантаспорто“ во Португалија, а Сара Климоска беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот во Сомбор, Србија.

„Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година.

Во оваа македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Ана Стојановска, Сара Спировска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Холанѓанецот Емил Нуненга, музиката е на Данскиот гудачки квартет и на Игор Василев-Новоградска, дизајнер на продукцијата е Британецот Дејвид Манс, дизајнер на шминка Италијанецот Марио Микисанти, а кастинг директор е нашата Милка Анчевска. Продуцент е Јане Ќортошев, а копродуценти Мета Фолдагер, Мете Борч, Синиша Јуричиќ и Елс Вандеворст. Извршен продуцент е Ијан Прајор.

The post Светско издание на Ана Стојановска на Сараево филм фестивал appeared first on Република.

]]>

Филмот „Кајмак“ на македонски режисер Милчо Манчевски вчера беше прикажан на Сараево филм фестивал, најважниот фестивал во регионот, во програмата „Open Air“. Дел од филмската екипа на „Кајмак“ продефилира на црвениот килим на 29-то издание на фестивалот. Највпечатлива беше актерката Ана Стојановска, која се појави во смело издание и минимален црн фустан. Со првокласна филмска понуда, дури и за најпребирливите филмофили, програмата „Open Air“ ќе се одржи под отворено небо во Стари Град (Вијеќница), а филмовите, како што велат организаторите, ќе бидат прикажани на најголемото филмско платно во регионот. Покрај најновото дело на Манчевски во програмата се уште 14 филмови, помеѓу кои и „Астероид Сити“ на Вес Андерсон, „Паднати лисја“ на Аки Каурисмаки, „Бакнете ја иднината“ на Ненад Чичин Шаин, продуциран од Мет Дејмон и Бен Афлек, како и „Навистина никогаш не беше тука“ на шкотската режисерка и сценаристка Лини Ремзи, една од највозбудливите авторки во независната кинематографија, која ќе го добие почесното признание „Срце на Сараево“. Манчевски е стар пријател на Сараевскиот фестивал – „Пред дождот“ играше на првото издание во ноември 1995 и Манчевски присуствуваше на проекцијата додека Сараево уште беше под опсада. Потоа, тој самиот ги собра членовите на бордот на почесни директори на фестивалот Ингмар Бергман, Мартин Скорсезе, Милош Форман, Нагиса Ошима и Ричард Гир. Паралелно, „Кајмак“ ја очекува и американската премиера, на 33-то издание на фестивалот Синеквест во Калифорнија од 15 до 30 август. Синеквест е еден од најголемите и најреномираните независни фестивали на американскиот континент, а специфичен е по програмата што поддржува иновативни и креативни уметнички дела. Се одржува во Сан Хозе и Редвуд Сити во Силиконската Долина. Токму на Синеквест пред 3 години „Врба“ на Манчевски беше крунисан со наградата Најдобар филм и претставен како „филм што нема да го заборавите“. До крајот на август и почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште четири фестивали: 36. Филмски фестивал во Херцег Нови, каде на покана на фестивалот ќе присуствува дел од филмската екипа. „Avant&Una“ во Бихаќ, Босна и Херцеговина. i-Fest во Калабрија, Италија, каде ќе бидe прикажанa и ретроспектива на опусот на Манчевски. Главната конкуренција на фестивалот Балкан панорама во Измир, Турција. Во јуни „Кајмак“ ја имаше и данската премиера во Копенхаген. „Кајмак“ ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија и други, каде што беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми. Филмот ја освои Специјалната награда на жирито на „Фантаспорто“ во Португалија, а Сара Климоска беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот во Сомбор, Србија. „Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година. Во оваа македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Ана Стојановска, Сара Спировска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Холанѓанецот Емил Нуненга, музиката е на Данскиот гудачки квартет и на Игор Василев-Новоградска, дизајнер на продукцијата е Британецот Дејвид Манс, дизајнер на шминка Италијанецот Марио Микисанти, а кастинг директор е нашата Милка Анчевска. Продуцент е Јане Ќортошев, а копродуценти Мета Фолдагер, Мете Борч, Синиша Јуричиќ и Елс Вандеворст. Извршен продуцент е Ијан Прајор.

The post Светско издание на Ана Стојановска на Сараево филм фестивал appeared first on Република.

]]>
Кристи Тарлингтон беше почесна гостинка на Филмскиот фестивал во Сараево https://arhiva3.republika.mk/scena/kristi-tarlington-beshe-pochesna-gostinka-na-filmskiot-festival-vo-saraevo/ Wed, 16 Aug 2023 11:22:10 +0000 https://republika.mk/?p=672702

Регионалната јавност имаше можност во живо да ја види Кристи Тарлингтон (55) на овогодинешниот Филмски фестивал во Сараево, каде што беше почесна гостинка. Познавачите на модата од деведесеттите се уверија дека секој збор напишан за извонредната убавина на славниот супермодел е вистинит, а таа со годините станува се поубава.

На објавената фотографија позираат супермоделот Кристи Тарлингтон, режисерот Денис Тановиќ и пејачот Боно Вокс со сопругата Али Хиусон на овогодинешниот Филмски фестивал во Сараево.

Грејс Кодингтон, долгогодишната креативна директорка на американското списание „Вог“, еднаш за Кристи Тарлингтон изјави дека е „најубавата жена на светот“.

The post Кристи Тарлингтон беше почесна гостинка на Филмскиот фестивал во Сараево appeared first on Република.

]]>

Регионалната јавност имаше можност во живо да ја види Кристи Тарлингтон (55) на овогодинешниот Филмски фестивал во Сараево, каде што беше почесна гостинка. Познавачите на модата од деведесеттите се уверија дека секој збор напишан за извонредната убавина на славниот супермодел е вистинит, а таа со годините станува се поубава.
На објавената фотографија позираат супермоделот Кристи Тарлингтон, режисерот Денис Тановиќ и пејачот Боно Вокс со сопругата Али Хиусон на овогодинешниот Филмски фестивал во Сараево. Грејс Кодингтон, долгогодишната креативна директорка на американското списание „Вог“, еднаш за Кристи Тарлингтон изјави дека е „најубавата жена на светот“.

The post Кристи Тарлингтон беше почесна гостинка на Филмскиот фестивал во Сараево appeared first on Република.

]]>
„Кајмак“ на Сараево филм фестивал, па потоа следи американска премиера на фестивал во Калифорнија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kajmak-na-saraevo-film-festival-pa-potoa-sledi-amerikanska-premiera-na-festival-vo-kalifornija/ Fri, 11 Aug 2023 08:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=671002

Филмот „Кајмак“ на македонски режисер Милчо Манчевски на 17 август ќе биде прикажан на Сараево филм фестивал, најважниот фестивал во регионот, во програмата „Open Air“. Дел од филмската екипа на „Кајмак“ ќе продефилира на црвениот килим на 29-то издание на фестивалот.

Со првокласна филмска понуда, дури и за најпребирливите филмофили, програмата „Open Air“ ќе се одржи под отворено небо во Стари Град (Вијеќница), а филмовите, како што велат организаторите, ќе бидат прикажани на најголемото филмско платно во регионот. Покрај најновото дело на Манчевски во програмата се уште 14 филмови, помеѓу кои и „Астероид Сити“ на Вес Андерсон, „Паднати лисја“ на Аки Каурисмаки, „Бакнете ја иднината“ на Ненад Чичин Шаин, продуциран од Мет Дејмон и Бен Афлек, како и „Навистина никогаш не беше тука“ на шкотската режисерка и сценаристка Лини Ремзи, една од највозбудливите авторки во независната кинематографија, која ќе го добие почесното признание „Срце на Сараево“.

Манчевски е стар пријател на Сараевскиот фестивал – „Пред дождот“ играше на првото издание во ноември 1995 и Манчевски присуствуваше на проекцијата додека Сараево уште беше под опсада. Потоа, тој самиот ги собра членовите на бордот на почесни директори на фестивалот Ингмар Бергман, Мартин Скорсезе, Милош Форман, Нагиса Ошима и Ричард Гир.

Паралелно, „Кајмак“ ја очекува и американската премиера, на 33-то издание на фестивалот Синеквест во Калифорнија од 15 до 30 август. Синеквест е еден од најголемите и најреномираните независни фестивали на американскиот континент, а специфичен е по програмата што поддржува иновативни и креативни уметнички дела. Се одржува во Сан Хозе и Редвуд Сити во Силиконската Долина. Токму на Синеквест пред 3 години „Врба“ на Манчевски беше крунисан со наградата Најдобар филм и претставен како „филм што нема да го заборавите“.

До крајот на август и почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште четири фестивали:

36. Филмски фестивал во Херцег Нови, каде на покана на фестивалот ќе присуствува дел од филмската екипа.

„Avant&Una“ во Бихаќ, Босна и Херцеговина.

i-Fest во Калабрија, Италија, каде ќе бидe прикажанa и ретроспектива на опусот на Манчевски.

Главната конкуренција на фестивалот Балкан панорама во Измир, Турција.

Во јуни „Кајмак“ ја имаше и данската премиера во Копенхаген.

„Кајмак“ ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија и други, каде што беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми.

Филмот ја освои Специјалната награда на жирито на „Фантаспорто“ во Португалија, а Сара Климоска беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот во Сомбор, Србија.

„Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година.

Во оваа македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Ана Стојановска, Сара Спировска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Холанѓанецот Емил Нуненга, музиката е на Данскиот гудачки квартет и на Игор Василев-Новоградска, дизајнер на продукцијата е Британецот Дејвид Манс, дизајнер на шминка Италијанецот Марио Микисанти, а кастинг директор е нашата Милка Анчевска. Продуцент е Јане Ќортошев, а копродуценти Мета Фолдагер, Мете Борч, Синиша Јуричиќ и Елс Вандеворст. Извршен продуцент е Ијан Прајор.

The post „Кајмак“ на Сараево филм фестивал, па потоа следи американска премиера на фестивал во Калифорнија appeared first on Република.

]]>

Филмот „Кајмак“ на македонски режисер Милчо Манчевски на 17 август ќе биде прикажан на Сараево филм фестивал, најважниот фестивал во регионот, во програмата „Open Air“. Дел од филмската екипа на „Кајмак“ ќе продефилира на црвениот килим на 29-то издание на фестивалот. Со првокласна филмска понуда, дури и за најпребирливите филмофили, програмата „Open Air“ ќе се одржи под отворено небо во Стари Град (Вијеќница), а филмовите, како што велат организаторите, ќе бидат прикажани на најголемото филмско платно во регионот. Покрај најновото дело на Манчевски во програмата се уште 14 филмови, помеѓу кои и „Астероид Сити“ на Вес Андерсон, „Паднати лисја“ на Аки Каурисмаки, „Бакнете ја иднината“ на Ненад Чичин Шаин, продуциран од Мет Дејмон и Бен Афлек, како и „Навистина никогаш не беше тука“ на шкотската режисерка и сценаристка Лини Ремзи, една од највозбудливите авторки во независната кинематографија, која ќе го добие почесното признание „Срце на Сараево“. Манчевски е стар пријател на Сараевскиот фестивал – „Пред дождот“ играше на првото издание во ноември 1995 и Манчевски присуствуваше на проекцијата додека Сараево уште беше под опсада. Потоа, тој самиот ги собра членовите на бордот на почесни директори на фестивалот Ингмар Бергман, Мартин Скорсезе, Милош Форман, Нагиса Ошима и Ричард Гир. Паралелно, „Кајмак“ ја очекува и американската премиера, на 33-то издание на фестивалот Синеквест во Калифорнија од 15 до 30 август. Синеквест е еден од најголемите и најреномираните независни фестивали на американскиот континент, а специфичен е по програмата што поддржува иновативни и креативни уметнички дела. Се одржува во Сан Хозе и Редвуд Сити во Силиконската Долина. Токму на Синеквест пред 3 години „Врба“ на Манчевски беше крунисан со наградата Најдобар филм и претставен како „филм што нема да го заборавите“. До крајот на август и почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште четири фестивали: 36. Филмски фестивал во Херцег Нови, каде на покана на фестивалот ќе присуствува дел од филмската екипа. „Avant&Una“ во Бихаќ, Босна и Херцеговина. i-Fest во Калабрија, Италија, каде ќе бидe прикажанa и ретроспектива на опусот на Манчевски. Главната конкуренција на фестивалот Балкан панорама во Измир, Турција. Во јуни „Кајмак“ ја имаше и данската премиера во Копенхаген. „Кајмак“ ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија и други, каде што беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми. Филмот ја освои Специјалната награда на жирито на „Фантаспорто“ во Португалија, а Сара Климоска беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот во Сомбор, Србија. „Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година. Во оваа македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Ана Стојановска, Сара Спировска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Холанѓанецот Емил Нуненга, музиката е на Данскиот гудачки квартет и на Игор Василев-Новоградска, дизајнер на продукцијата е Британецот Дејвид Манс, дизајнер на шминка Италијанецот Марио Микисанти, а кастинг директор е нашата Милка Анчевска. Продуцент е Јане Ќортошев, а копродуценти Мета Фолдагер, Мете Борч, Синиша Јуричиќ и Елс Вандеворст. Извршен продуцент е Ијан Прајор.

The post „Кајмак“ на Сараево филм фестивал, па потоа следи американска премиера на фестивал во Калифорнија appeared first on Република.

]]>
Светска премиера на „Тело“ на режисерката Петра Селишкар во рамките на официјалната програма на 29. Сараево филм фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/svetska-premiera-na-telo-na-rezhiserkata-petra-selishkar-vo-ramkite-na-ofitsijalnata-programa-na-29-saraevo-film-festival/ Thu, 03 Aug 2023 10:03:44 +0000 https://republika.mk/?p=668210

Светската премиера на долгометражниот документарен филм „Тело“ (Body) на режисерката Петра Селишкар ќе се одржи во рамките на официјалната програма на 29. Сараево филм фестивал.

Најновиот документарен филм на Петра Селишкар ќе се натпреварува за наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар документарен филм заедно со 20 документарни остварувања селектирани од Рада Шешиќ, која посочува: „Филмовите на многу начини се инспиративни за гледачите, па дури и кога прикажуваат многу трауматични вистини, во себе носат енергија на позитивност.“ Филмскиот фестивал во Сараево ќе се одржи од 11 до 18 август.

„Тело“ е трогателен долгометражен документарен филм на веќе потврдената режисерка Петра Селишкар, кој опфаќа период од две декади за необичниот живот на нејзината блиска пријателка Уршка, која се бори со ретки автоимуни болести. Некогаш манекенка, а денес професионална пијанистка, Уршка се соочува со огромен број предизвици, но никогаш не го губи својот нескротлив дух. Филмот е спој на интимни разговори, лична архива и креативна визуализација кој ги истражува мистериите на човечкото тело и моќта на уметноста и пријателството да допре до неговата суштина. Бурно патување кон исцелувањето и себеприфаќањето.

Петра Селишкар (родена 1978 г. во Љубљана) е режисерка, продуцентка и сценаристка. Има способност јасно да ја види суштината во скриените детали, а преку нив и суштината на уметноста, културата, природата и сите аспекти на животот. Затоа таа го посветува нејзиното време на оваа планета на малите животни задоволства, и секако, на документарниот филм. Како режисерка и сценаристка ги потпишува документарните филмови „Збогување“, „Мојот превртен свет“, „Мама Европа“, „Бабички на револуцијата“, а има и повеќе остварувања каде се појавува како продуцент.

Во креативната екипа со која режисерката Петра Селишкар го реализира документарниот филм „Тело“ се кинематограферот Бранд Ферро како директор на фотографија, монтажерите Сашко Потер Мицевски и Сандра Басташиќ, композиторот на музиката Владимир Ракиќ, додека дизајнери на звук се Владимир Ракиќ и Вера Галешев.

Продуцент на филмот е Петра Селишкар со „Петра Пан Филм“ (Словенија). Копродуценти се Сара Ферро од ППФП (Македонија) и Тамара Бабун од „Волфганг и Доли“ (Хрватска). Придружен продуцент е Виктор Еде од „Синефаж продукција“ (Франција).

Филмот е копродукција помеѓу Словенија, Хрватска и Македонија со поддршка од Словенечкиот филмски центар, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Агенција за филм на Република Македонија, „Еуримаж“, Програмата Медиа на „Креативна Европа“, Pегионот Прованса-Алпи-Азурен Брег. Светски дистрибутер на филмот е „Лајтдокс“ (Lightdox).

Поддршка за развој проектот доби од „Ex oriente Workshop“, „Eurodoc 2019“, „Last stop Trieste 2022“– Flow Digital Cinema Award, International Documentary Association (IDA).

„Петра Пан филм“ е словенечка продуцентска компанија основана во 2003 г. од словенечката режисерка Петра Селишкар и директорот на фотографија Бранд Ферро. Продуцира креативни документарни филмови и уметнички играни филмови кои се целосно посветени на индивидуалната визија и авторството, како и на долгорочни истражувачки теми.

ППФП е македонска продуцентска компанија основана во 2007 година, која е водена од Сара Ферро. Таа е една од малкуте продуцентски куќи во Македонија што се фокусира строго на авторските документарни филмови.

Македонската премиера на документарниот филм „Тело“ е планирано да се случи на 14. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ во Скопје.

The post Светска премиера на „Тело“ на режисерката Петра Селишкар во рамките на официјалната програма на 29. Сараево филм фестивал appeared first on Република.

]]>

Светската премиера на долгометражниот документарен филм „Тело“ (Body) на режисерката Петра Селишкар ќе се одржи во рамките на официјалната програма на 29. Сараево филм фестивал. Најновиот документарен филм на Петра Селишкар ќе се натпреварува за наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар документарен филм заедно со 20 документарни остварувања селектирани од Рада Шешиќ, која посочува: „Филмовите на многу начини се инспиративни за гледачите, па дури и кога прикажуваат многу трауматични вистини, во себе носат енергија на позитивност.“ Филмскиот фестивал во Сараево ќе се одржи од 11 до 18 август. „Тело“ е трогателен долгометражен документарен филм на веќе потврдената режисерка Петра Селишкар, кој опфаќа период од две декади за необичниот живот на нејзината блиска пријателка Уршка, која се бори со ретки автоимуни болести. Некогаш манекенка, а денес професионална пијанистка, Уршка се соочува со огромен број предизвици, но никогаш не го губи својот нескротлив дух. Филмот е спој на интимни разговори, лична архива и креативна визуализација кој ги истражува мистериите на човечкото тело и моќта на уметноста и пријателството да допре до неговата суштина. Бурно патување кон исцелувањето и себеприфаќањето. Петра Селишкар (родена 1978 г. во Љубљана) е режисерка, продуцентка и сценаристка. Има способност јасно да ја види суштината во скриените детали, а преку нив и суштината на уметноста, културата, природата и сите аспекти на животот. Затоа таа го посветува нејзиното време на оваа планета на малите животни задоволства, и секако, на документарниот филм. Како режисерка и сценаристка ги потпишува документарните филмови „Збогување“, „Мојот превртен свет“, „Мама Европа“, „Бабички на револуцијата“, а има и повеќе остварувања каде се појавува како продуцент. Во креативната екипа со која режисерката Петра Селишкар го реализира документарниот филм „Тело“ се кинематограферот Бранд Ферро како директор на фотографија, монтажерите Сашко Потер Мицевски и Сандра Басташиќ, композиторот на музиката Владимир Ракиќ, додека дизајнери на звук се Владимир Ракиќ и Вера Галешев. Продуцент на филмот е Петра Селишкар со „Петра Пан Филм“ (Словенија). Копродуценти се Сара Ферро од ППФП (Македонија) и Тамара Бабун од „Волфганг и Доли“ (Хрватска). Придружен продуцент е Виктор Еде од „Синефаж продукција“ (Франција). Филмот е копродукција помеѓу Словенија, Хрватска и Македонија со поддршка од Словенечкиот филмски центар, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Агенција за филм на Република Македонија, „Еуримаж“, Програмата Медиа на „Креативна Европа“, Pегионот Прованса-Алпи-Азурен Брег. Светски дистрибутер на филмот е „Лајтдокс“ (Lightdox). Поддршка за развој проектот доби од „Ex oriente Workshop“, „Eurodoc 2019“, „Last stop Trieste 2022“– Flow Digital Cinema Award, International Documentary Association (IDA). „Петра Пан филм“ е словенечка продуцентска компанија основана во 2003 г. од словенечката режисерка Петра Селишкар и директорот на фотографија Бранд Ферро. Продуцира креативни документарни филмови и уметнички играни филмови кои се целосно посветени на индивидуалната визија и авторството, како и на долгорочни истражувачки теми. ППФП е македонска продуцентска компанија основана во 2007 година, која е водена од Сара Ферро. Таа е една од малкуте продуцентски куќи во Македонија што се фокусира строго на авторските документарни филмови. Македонската премиера на документарниот филм „Тело“ е планирано да се случи на 14. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ во Скопје.

The post Светска премиера на „Тело“ на режисерката Петра Селишкар во рамките на официјалната програма на 29. Сараево филм фестивал appeared first on Република.

]]>