Сарацин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/saracin/ За подобро да се разбереме Tue, 28 May 2024 16:18:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сарацин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/saracin/ 32 32 Мицкоски на средба со Сарацин: Важни се можностите за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-sredba-so-saratsin-vazhni-se-mozhnostite-za-prodlabochuvane-na-sorabotkata-megu-makedonija-i-germanija/ Tue, 28 May 2024 19:24:53 +0000 https://republika.mk/?p=782518

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски и пратениците и членови на ИК Марија Митева и Антонијо Милошоски оствари средба со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Во духот на одличната соработка беше и оваа средба во која се потенцираше важноста за реформските процеси како и можностите за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Германија.

Претседателот Мицкоски истакна дека новиот пратенички состав и идната влада ќе биде силно посветена на реформи и трансформација на Македонија.

The post Мицкоски на средба со Сарацин: Важни се можностите за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Германија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски и пратениците и членови на ИК Марија Митева и Антонијо Милошоски оствари средба со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. Во духот на одличната соработка беше и оваа средба во која се потенцираше важноста за реформските процеси како и можностите за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Германија. Претседателот Мицкоски истакна дека новиот пратенички состав и идната влада ќе биде силно посветена на реформи и трансформација на Македонија.

The post Мицкоски на средба со Сарацин: Важни се можностите за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Германија appeared first on Република.

]]>
Средба на претседателката Сиљановска Давкова со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pretsedatelkata-silanovska-davkova-so-spetsijalniot-pretstavnik-na-sojuzna-republika-germanija-za-zapaden-balkan-manuel-saratsin/ Tue, 28 May 2024 16:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=782493

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. 

На средбата беше разговарано за билатералните односи меѓу двете земји, за процесот на македонските евроинтеграции, како и за актуелните состојби во регионот на Западен Балкан низ призма на европските перспективи.

Претседателката Сиљановска Давкова го поздрави интензивниот политички дијалог со Германија, како една од нашите најблиски сојузници и партнери и изрази целосна подготвеност за натамошна успешна соработка во сите области од взаемен интерес.

Претседателката се заблагодари за принципиелната и гласна поддршка на германските власти на македонските евроинтеграции, за Резолуцијата на германскиот Бундестаг и нивниот севкупен ангажман преку Берлинскиот процес и изрази очекување за натамошна поддршка, потенцирајќи дека проширувањето на Унијата е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион.

Таа ја посочи свесноста за обврските кои произлегуваат од меѓународните договори и истакна дека придаваме големо значење на одржувањето на добрососедските односи, но истовремено ги потенцираше очекувањата на граѓаните дека евроинтегративниот процес ќе биде евалуиран праведно, врз основа на Копенхагенските критериуми.

The post Средба на претседателката Сиљановска Давкова со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин appeared first on Република.

Курти и Сарацин разговараа за актуелната безбедносна состојба на Косово по нападот во Бањска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-i-saratsin-razgovaraa-za-aktuelnata-bezbednosna-sostojba-na-kosovo-po-napadot-vo-banska/ Sun, 01 Oct 2023 18:11:03 +0000 https://republika.mk/?p=686882

Косовскиот премиер Албин Курти денеска разговараше со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин за безбедносната ситуација на Косово. Тоа е втора посета на Сарацин на Косово во рок од седум дена.

На средбата на која присуствуваше и германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, Курти истакна дека доказите собрани во текот на истрагата спроведена по „криминалниот и терористичкиот напад“ ја докажуваат „директната вмешаност на државните институции на Србија во овој чин на агресија врз Косово“, за што Србија треба да биде меѓународно санкционирана и казнета.

Курти, се додава во соопштението, му се заблагодарил на амбасадорот Сарацин за оваа посета и неговиот континуиран и интензивен ангажман

The post Курти и Сарацин разговараа за актуелната безбедносна состојба на Косово по нападот во Бањска appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти денеска разговараше со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин за безбедносната ситуација на Косово. Тоа е втора посета на Сарацин на Косово во рок од седум дена. На средбата на која присуствуваше и германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, Курти истакна дека доказите собрани во текот на истрагата спроведена по „криминалниот и терористичкиот напад“ ја докажуваат „директната вмешаност на државните институции на Србија во овој чин на агресија врз Косово“, за што Србија треба да биде меѓународно санкционирана и казнета. Курти, се додава во соопштението, му се заблагодарил на амбасадорот Сарацин за оваа посета и неговиот континуиран и интензивен ангажман

The post Курти и Сарацин разговараа за актуелната безбедносна состојба на Косово по нападот во Бањска appeared first on Република.

]]>
Сарацин: Македонскиот јазик и идентитет со предлогот се сочувани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/saracin-makedonskiot-jazik-i-identitet-so-predlogot-se-sochuvani/ Wed, 06 Jul 2022 09:34:35 +0000 https://republika.mk/?p=524687

На прашање дали верува дека со овој предлог, Бугарија нема да го злоупотреби процесот на преговори за повторно да ја малтретира земјава за билатерални прашања, Сарацин рече дека Германија и ЕУ ќе направат сè за патот на Македонија да биде отворен. Во однос на тоа кои се инструментите за да се спречат нови понатамошни блокади, германскиот претставник рече дека кога земјава би го прифатила предлогот и би почнала преговори тоа би значело дека преговарачката рамка е во сила и истата е зацртана и нема да може да се менува од никоја земја-членка.

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет со францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, се сочувани, смета германскиот специјален претставник за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

„Можам да разберам дека има и критика за овој предлог, дека е тешко, разбирам дека постои грижа дека сопствениот идентитет и јазик ќе бидат доведени во прашања, но можам да кажам дека националниот идентитет, македонскиот јазик и македонскиот идентитет несомнено се јасни, но и со овој предлог што го има се сочувани. Истовремено имам чувство дека нема многу време за да се добијат и други работи, сега е дојден моментот“,

рече Сарацин на заедничка прес-конференција во Скопје со вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Целата сојузна влада на Германија и јас лично, порача тој, се залагаме европската перспектива на Западен Балкан активно да живее. Македонија, според него, во следните денови би можела да даде значаен придонес за целата оваа перспектива да заживее со прифаќање на предлогот.

„Кога видов што стои во последниот документ, како што јас го читам, тој е навистина компромис и уште еднаш тука се земени предвид барањата на владата на Македонија и мислам дека тоа е знак дека Европа може да функционира тука. Еден компромис никогаш не е перфектен, мислам дека сите страни гледаат на тоа така, но овој предлог предвидува процесот на пристапни преговори да започне веднаш по прифаќањето на овој договор без понатамошни одолговлекувања и без можности за блокади. Македонија може конечно да ги започне пристапните преговори за кои се работеше тука 17 години“,

рече Сарацин.

На прашање дали верува дека со овој предлог, Бугарија нема да го злоупотреби процесот на преговори за повторно да ја малтретира земјава за билатерални прашања, Сарацин рече дека Германија и ЕУ ќе направат сè за патот на Македонија да биде отворен.

„Сè што може да се реши, сега треба да се направи за да се обезбедите за поопасни времиња. Не сум убеден дека сега долгото чекање е паметно бидејќи светот е таков што утре може се да биде многу поинаку и да се затвори тој процес. Значи, да се средат работите, да се однесат на безбедно – кога врне, нештото да го однесете на безбедно. Можам да кажам дека Германија и ЕУ ќе направат сè за да гарантираат дека патот на Македонија во ЕУ да биде отворен во постапката што доаѓа. Но, без постапка овој пат не е отворен“,

рече Сарацин.

На дополнително новинарско прашање кои инструменти ги има на располагање за да се гарантира дека нема да има нови блокади, германскиот претставник посочи дека кога Македонија ќе одлучи да ја прифати преговарачката рамка ќе стапи на сила односно таа ќе биде зацртана и никој нема да може да ја промени.

„Тогаш ќе има понатамошен процес во кој ќе важат сите норми за проширување на ЕУ. Таму ќе има многу прашања, во однос на климата, енергијата, надворешната политика – тогаш ќе кажеме: ’Македонија нема толку големи проблеми како другите‘. Тоа е сосема нормално, вашата земја го сака овој процес и во овој процес ја има методологијата. Без тоа не може да се влезе во ЕУ. Тоа што сега е на маса, го отвора патот кон преговорите. Кога ќе започнат преговорите, има зацртана определена рамка која после оваа одлука не може да се промени од никоја земја-членка“, рече Сарацин.

https://www.youtube.com/watch?v=ntkiDTrcLio

The post Сарацин: Македонскиот јазик и идентитет со предлогот се сочувани appeared first on Република.

]]>

На прашање дали верува дека со овој предлог, Бугарија нема да го злоупотреби процесот на преговори за повторно да ја малтретира земјава за билатерални прашања, Сарацин рече дека Германија и ЕУ ќе направат сè за патот на Македонија да биде отворен. Во однос на тоа кои се инструментите за да се спречат нови понатамошни блокади, германскиот претставник рече дека кога земјава би го прифатила предлогот и би почнала преговори тоа би значело дека преговарачката рамка е во сила и истата е зацртана и нема да може да се менува од никоја земја-членка. Македонскиот јазик и македонскиот идентитет со францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, се сочувани, смета германскиот специјален претставник за Западен Балкан, Мануел Сарацин.
„Можам да разберам дека има и критика за овој предлог, дека е тешко, разбирам дека постои грижа дека сопствениот идентитет и јазик ќе бидат доведени во прашања, но можам да кажам дека националниот идентитет, македонскиот јазик и македонскиот идентитет несомнено се јасни, но и со овој предлог што го има се сочувани. Истовремено имам чувство дека нема многу време за да се добијат и други работи, сега е дојден моментот“, рече Сарацин на заедничка прес-конференција во Скопје со вицепремиерот Бојан Маричиќ.
Целата сојузна влада на Германија и јас лично, порача тој, се залагаме европската перспектива на Западен Балкан активно да живее. Македонија, според него, во следните денови би можела да даде значаен придонес за целата оваа перспектива да заживее со прифаќање на предлогот.
„Кога видов што стои во последниот документ, како што јас го читам, тој е навистина компромис и уште еднаш тука се земени предвид барањата на владата на Македонија и мислам дека тоа е знак дека Европа може да функционира тука. Еден компромис никогаш не е перфектен, мислам дека сите страни гледаат на тоа така, но овој предлог предвидува процесот на пристапни преговори да започне веднаш по прифаќањето на овој договор без понатамошни одолговлекувања и без можности за блокади. Македонија може конечно да ги започне пристапните преговори за кои се работеше тука 17 години“, рече Сарацин.
На прашање дали верува дека со овој предлог, Бугарија нема да го злоупотреби процесот на преговори за повторно да ја малтретира земјава за билатерални прашања, Сарацин рече дека Германија и ЕУ ќе направат сè за патот на Македонија да биде отворен.
„Сè што може да се реши, сега треба да се направи за да се обезбедите за поопасни времиња. Не сум убеден дека сега долгото чекање е паметно бидејќи светот е таков што утре може се да биде многу поинаку и да се затвори тој процес. Значи, да се средат работите, да се однесат на безбедно – кога врне, нештото да го однесете на безбедно. Можам да кажам дека Германија и ЕУ ќе направат сè за да гарантираат дека патот на Македонија во ЕУ да биде отворен во постапката што доаѓа. Но, без постапка овој пат не е отворен“, рече Сарацин.