сара роуз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sara-rouz/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Mar 2024 19:23:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сара роуз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sara-rouz/ 32 32 За „исчезнатата“ Кејт виновна ли е љубовницата на Вилијам: Која е фаталната маркиза Сара? https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/za-ischeznatata-kejt-vinovna-e-lubovnitsata-na-vilijam-koja-e-fatalnata-markiza-sara/ Wed, 13 Mar 2024 21:00:15 +0000 https://republika.mk/?p=754539

Сите велат дека љубовницата на принцот Вилијам е виновна што британската принцеза Кејт ја нема во јавноста подолго време, а се шпекулира дека токму таа била мистериозната жена забележана во автомобил со престолонаследникот. Која е богатата маркиза Сара Роуз и дали му е љубовница на Вилијам? Таа живее во замок со 106 соби, предизвикува восхит со нејзниот стил, а се појави и на свадбата на принцот и принцезата, пишува „Индепендент“.

Гласината дека Роуз, маркизата од Чолмондели е причина што Кејт веќе неколку месеци не е во јавноста брзо се шири во Велика Британија. Дури, луѓето на социјалните мрежи тврдат дека има информации дека вчера таа била во автомобилот со Вилијам, а не принцезата Кејт. Не постојат докази за оваa шпекулација.


Родителите на Сара се Тимоти Ханбери, веб-дизајнер и Ема Ханбери, моден дизајнер. Сара е поранешна манекенка и има 39 години. Работела за конзервативниот пратеник Мајкл Гоув, но сега го води имотот на нејзиниот сопруг, Дејвид Роксавиџ, седми маркиз од Чолмондели. Двојката има три деца – близнаците Александар и Оливер, кои имаат 15 години, и осумгодишната ќерка Ајрис. Семејството живее во Хоутон Хол во Норфолк.  Замокот изграден од првиот британски премиер, Сер Роберт Волпол, во 1720 година, Хотон Хол се наоѓа во простран парк со заградена градина и раскошен ентериер, дело на познатиот англиски архитект Вилијам Кент.

Сара Роуз го запознала својот сопруг, 23 години постар од неа, на одмор во Италија во 2003 година. Тие ја објавиле свршувачката шест години подоцна, а се венчале во Челзи во 2009 година.

Нејзините врски со кралското семејство се воспоставени уште од дамнина. Нејзината баба Лејди Елизабет Ламберт беше една од осумте деверици на свадбата на покојната кралица Елизабета Втора со војводата од Единбург. Завршила училиште во Бакингемшир, каде годишната школарина е околу 38.000 фунти, потпишала договор со врвната агенција за модели Сторм и е позната по откривањето на Кејт Мос.

Во последниве години, таа беше во центарот на вниманието поради нејзините гламурозни тоалети на кралските настани, вклучувајќи го и банкетот во Бакингемската палата во 2017 година, каде што седеше до принцот Хари.


Таа присуствуваше и на крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Камила во мај минатата година, каде што носеше бел фустан со црни детали и црн лак на вратот, кој го спои со лента за глава, штикли, дијамантски обетки и брош.

The post За „исчезнатата“ Кејт виновна ли е љубовницата на Вилијам: Која е фаталната маркиза Сара? appeared first on Република.

]]>

Сите велат дека љубовницата на принцот Вилијам е виновна што британската принцеза Кејт ја нема во јавноста подолго време, а се шпекулира дека токму таа била мистериозната жена забележана во автомобил со престолонаследникот. Која е богатата маркиза Сара Роуз и дали му е љубовница на Вилијам? Таа живее во замок со 106 соби, предизвикува восхит со нејзниот стил, а се појави и на свадбата на принцот и принцезата, пишува „Индепендент“. Гласината дека Роуз, маркизата од Чолмондели е причина што Кејт веќе неколку месеци не е во јавноста брзо се шири во Велика Британија. Дури, луѓето на социјалните мрежи тврдат дека има информации дека вчера таа била во автомобилот со Вилијам, а не принцезата Кејт. Не постојат докази за оваa шпекулација. Родителите на Сара се Тимоти Ханбери, веб-дизајнер и Ема Ханбери, моден дизајнер. Сара е поранешна манекенка и има 39 години. Работела за конзервативниот пратеник Мајкл Гоув, но сега го води имотот на нејзиниот сопруг, Дејвид Роксавиџ, седми маркиз од Чолмондели. Двојката има три деца – близнаците Александар и Оливер, кои имаат 15 години, и осумгодишната ќерка Ајрис. Семејството живее во Хоутон Хол во Норфолк.  Замокот изграден од првиот британски премиер, Сер Роберт Волпол, во 1720 година, Хотон Хол се наоѓа во простран парк со заградена градина и раскошен ентериер, дело на познатиот англиски архитект Вилијам Кент. Сара Роуз го запознала својот сопруг, 23 години постар од неа, на одмор во Италија во 2003 година. Тие ја објавиле свршувачката шест години подоцна, а се венчале во Челзи во 2009 година. Нејзините врски со кралското семејство се воспоставени уште од дамнина. Нејзината баба Лејди Елизабет Ламберт беше една од осумте деверици на свадбата на покојната кралица Елизабета Втора со војводата од Единбург. Завршила училиште во Бакингемшир, каде годишната школарина е околу 38.000 фунти, потпишала договор со врвната агенција за модели Сторм и е позната по откривањето на Кејт Мос.
Во последниве години, таа беше во центарот на вниманието поради нејзините гламурозни тоалети на кралските настани, вклучувајќи го и банкетот во Бакингемската палата во 2017 година, каде што седеше до принцот Хари. Таа присуствуваше и на крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Камила во мај минатата година, каде што носеше бел фустан со црни детали и црн лак на вратот, кој го спои со лента за глава, штикли, дијамантски обетки и брош.

The post За „исчезнатата“ Кејт виновна ли е љубовницата на Вилијам: Која е фаталната маркиза Сара? appeared first on Република.

]]>