сара мејс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sara-mejs/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 11:13:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сара мејс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sara-mejs/ 32 32 „Ептен Љубовна“ – свежо музичко остварување со видеоспот во изведба на Игор Џамбазов feat. Sarah Mace & The Girlzz https://arhiva3.republika.mk/scena/epten-lubovna-svezho-muzichko-ostvaruvane-so-videospot-vo-izvedba-na-igor-dhambazov-feat-sarah-mace-the-girlzz/ Wed, 06 Nov 2024 11:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=834693

Вчеравечер, на YouTube каналот на Сара Мејс, премиерно беше објавен видеоспотот за најновотомузичко остварување „Ептен Љубовна“ во изведба на Игор Џамбазов и Сара Мејс & The Girlzz. Оваа песна е плод на музичката креативност на големиот уметник и шоумен Игор Џамбазов, кој ги креираше музиката и текстот, а ја изведува заедно со Сара Мејс и вокалниот состав The Girlzz, составен од Калина Велковска, Ана Петановска и Теа Богатинова.

Аранжманот на песната е дело на Гуру Харе, кој додаде свои уникатни музички елементи, додека вокалниот аранжман за девојките е подготвен од Теа Богатинова, која внесе хармонија и изразност во нивните гласови. Спотот, снимен на неколку автентични локации низ Скопје, е режиран од Борјан Стојков, кој успева да ја пренесе суштината на песната во едно слатко сценарио. Оваа уникатна музичка колаборација донесува специфичен пристап во љубовните теми и на симпатичен начин ја прикажува љубовта од поинаква перспектива.

Со „Ептен Љубовна,“ Игор Џамбазов заедно со Сара Мејс & The Girlzz внесуваат нова енергија и креативност на македонската музичка сцена, демонстрирајќи дека музиката не претставува само израз на длабоки емоции, туку и извор на насмевки и забава и за отсликување на несекојдневните животни ситуации. Со својот свеж пристап, тие умешно ја комбинираат лириката и хуморот, што резултура со уникатна музичка композиција за уживање.

„Песната ја пишував во етапи. Пишувана е за неколку жени. Една вистинска, една лажна и неколку замислени. Затоа и се вика ептен љубовна... многу љубов има вложено во неа. Уживајте!“, напиша Игор Џамбазов на својот Instagram профил по објавата на новата композиција.

„Ептен Љубовна“ е оригинално музичко парче кое ветува дека ќе допре до срцата на слушателите. Погледнете го видео-спотот на YouTube каналот на Сара Мејс и уживајте во оваа единствена комбинација на хумор, талент и инспирација.

https://www.youtube.com/watch?v=RIlxwrYPngY&feature=youtu.be

The post „Ептен Љубовна“ – свежо музичко остварување со видеоспот во изведба на Игор Џамбазов feat. Sarah Mace & The Girlzz appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер, на YouTube каналот на Сара Мејс, премиерно беше објавен видеоспотот за најновотомузичко остварување „Ептен Љубовна“ во изведба на Игор Џамбазов и Сара Мејс & The Girlzz. Оваа песна е плод на музичката креативност на големиот уметник и шоумен Игор Џамбазов, кој ги креираше музиката и текстот, а ја изведува заедно со Сара Мејс и вокалниот состав The Girlzz, составен од Калина Велковска, Ана Петановска и Теа Богатинова. Аранжманот на песната е дело на Гуру Харе, кој додаде свои уникатни музички елементи, додека вокалниот аранжман за девојките е подготвен од Теа Богатинова, која внесе хармонија и изразност во нивните гласови. Спотот, снимен на неколку автентични локации низ Скопје, е режиран од Борјан Стојков, кој успева да ја пренесе суштината на песната во едно слатко сценарио. Оваа уникатна музичка колаборација донесува специфичен пристап во љубовните теми и на симпатичен начин ја прикажува љубовта од поинаква перспектива. Со „Ептен Љубовна,“ Игор Џамбазов заедно со Сара Мејс & The Girlzz внесуваат нова енергија и креативност на македонската музичка сцена, демонстрирајќи дека музиката не претставува само израз на длабоки емоции, туку и извор на насмевки и забава и за отсликување на несекојдневните животни ситуации. Со својот свеж пристап, тие умешно ја комбинираат лириката и хуморот, што резултура со уникатна музичка композиција за уживање. „Песната ја пишував во етапи. Пишувана е за неколку жени. Една вистинска, една лажна и неколку замислени. Затоа и се вика ептен љубовна... многу љубов има вложено во неа. Уживајте!“, напиша Игор Џамбазов на својот Instagram профил по објавата на новата композиција. „Ептен Љубовна“ е оригинално музичко парче кое ветува дека ќе допре до срцата на слушателите. Погледнете го видео-спотот на YouTube каналот на Сара Мејс и уживајте во оваа единствена комбинација на хумор, талент и инспирација. https://www.youtube.com/watch?v=RIlxwrYPngY&feature=youtu.be

The post „Ептен Љубовна“ – свежо музичко остварување со видеоспот во изведба на Игор Џамбазов feat. Sarah Mace & The Girlzz appeared first on Република.

]]>
Сара Мејс го објави својот најнов музички проект „Хероина“ https://arhiva3.republika.mk/scena/sara-mejs-go-objavi-svojot-najnov-muzichki-proekt-heroina/ Mon, 10 Jun 2024 10:28:45 +0000 https://republika.mk/?p=786155

Сара Мејс го објави својот најнов музички проект „Хероина“. Станува збор за безвременскa порака, која ја носи самиот текст на песната.

Автор на текстот и на музиката е Сара Мејс,  за аранжманот и музичката продукција се погрижи Роберт Билбилов, зад спотот се потпишува Томислав Живковиќ, а асистент на продукација e Љупка Андоновска.

Видео записот во целост ја доловува целата приказна, благодарение на сите хероини кои се дел од спотот и кои секојдневно се борат со животните предизвици, а во исто време мотивираат и охрабруваат. Во спотот учествуваа голем број жени од македонската јавна сцена, односно Тамара Тодевска, Ана Дурловски, Тамара Котевска, Лидија Кочовска, Емра Куртишова, Атиџе Муратова, Ана Кондратенко, Наталија Теодосиева, Милица Џаровска, Ирина Камиловска, Лејла Рамковска, Ем Вандера Блажеска, Цеце Николовска, Катерина Попева, Ирина Атанаскова, Ева Богоевска, Христина Накевска, Фросина Ангеловска, Ивана Хаџиванова и уште многу други хероини, кои со задоволство прифатија да бидат дел од проектот.

Како и во сите претходни музички проекти, така и во песната „Хероина“, преку текстот и музиката, Сара Мејс изразува силна емоција, овојпат посветена на секоја жена, девојка, мајка, ќерка.

Во песната е опеана самодовербата, силата, упорноста и борбеноста на жените во секое поле, односно нивната величенственост.

Со „Хероина“, Сара Мејс одново ја докажа својата посветеност кон нејзиниот музички стил, како и кон нејзината многубројна публика, затоа што и овој проект е одраз на автентична музика, текст кој заслужува особено внимание и инспиративен видео запис, кој ќе остане запаметен.

„Хероина“ е одраз на силна жена, која секојдневно се бори со силна волја за тоа што го сака и која непрекинато учи како да стане, после многубројните падови што ни ги носи животот.

https://www.youtube.com/watch?v=ajZveHHDRpM

The post Сара Мејс го објави својот најнов музички проект „Хероина“ appeared first on Република.

]]>

Сара Мејс го објави својот најнов музички проект „Хероина“. Станува збор за безвременскa порака, која ја носи самиот текст на песната. Автор на текстот и на музиката е Сара Мејс,  за аранжманот и музичката продукција се погрижи Роберт Билбилов, зад спотот се потпишува Томислав Живковиќ, а асистент на продукација e Љупка Андоновска. Видео записот во целост ја доловува целата приказна, благодарение на сите хероини кои се дел од спотот и кои секојдневно се борат со животните предизвици, а во исто време мотивираат и охрабруваат. Во спотот учествуваа голем број жени од македонската јавна сцена, односно Тамара Тодевска, Ана Дурловски, Тамара Котевска, Лидија Кочовска, Емра Куртишова, Атиџе Муратова, Ана Кондратенко, Наталија Теодосиева, Милица Џаровска, Ирина Камиловска, Лејла Рамковска, Ем Вандера Блажеска, Цеце Николовска, Катерина Попева, Ирина Атанаскова, Ева Богоевска, Христина Накевска, Фросина Ангеловска, Ивана Хаџиванова и уште многу други хероини, кои со задоволство прифатија да бидат дел од проектот. Како и во сите претходни музички проекти, така и во песната „Хероина“, преку текстот и музиката, Сара Мејс изразува силна емоција, овојпат посветена на секоја жена, девојка, мајка, ќерка. Во песната е опеана самодовербата, силата, упорноста и борбеноста на жените во секое поле, односно нивната величенственост. Со „Хероина“, Сара Мејс одново ја докажа својата посветеност кон нејзиниот музички стил, како и кон нејзината многубројна публика, затоа што и овој проект е одраз на автентична музика, текст кој заслужува особено внимание и инспиративен видео запис, кој ќе остане запаметен. „Хероина“ е одраз на силна жена, која секојдневно се бори со силна волја за тоа што го сака и која непрекинато учи како да стане, после многубројните падови што ни ги носи животот. https://www.youtube.com/watch?v=ajZveHHDRpM

The post Сара Мејс го објави својот најнов музички проект „Хероина“ appeared first on Република.

]]>
Широки насмевки и стоечки овации за предновогодишниот музички спектакл „Jingle Bells Symphony“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/shiroki-nasmevki-i-stoechki-ovatsii-za-prednovogodishniot-muzichki-spektakl-jingle-bells-symphony/ Tue, 19 Dec 2023 14:32:55 +0000 https://republika.mk/?p=724568

Вчеравечер Македонска Филхармонија блесна во полн сјај, преполна сала со громогласни аплаузи за предновогодишниот музички спектакл „Jingle Bells Symphony“. Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерниот Оркестар на Битола на посетителите им приредија ноќ за паметење и вистинско празнично задоволство за сите сетила.

Сара Мејс, Калина Велковска, Полина Тасева, Ана Петановска и Теа Богатинова го отворија концертот со извондредната изведба на песната „Santa Claus is comin’ to town“ и како со магично стапче создадоа зимска концертна магија. Едногласно со публиката ги отпеаа најпопуларните Божиќни песни како „Jingle Bells“, „Deck the halls“, „All I want for Christmas“, „Елко, елко“, „A Holly Jolly Christmas“ и многу други.

Исто така, девојките приредија изненадување и на нивна покана, специјален гостин на концертот беше маестралниот музичар од соседна Бугарија, Александар Христов.

Целата атмосфера беше збогатена со звуците на единствените музичари од Камерниот оркестар на Битола, под диригентската палка на неприкоснованиот Владимир Димовски.

„Jingle Bells Symphony“ ги стопли срцата на посетителите, кои уживаа во секоја отсвирена и отпеана нота, на самиот крај од концертната вечер со широки насмевки и стоечки овации ги испратија Sarah Mace & the Christmas Girls и членовите на Камерниот Оркестар на Битола.

The post Широки насмевки и стоечки овации за предновогодишниот музички спектакл „Jingle Bells Symphony“ appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер Македонска Филхармонија блесна во полн сјај, преполна сала со громогласни аплаузи за предновогодишниот музички спектакл „Jingle Bells Symphony“. Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерниот Оркестар на Битола на посетителите им приредија ноќ за паметење и вистинско празнично задоволство за сите сетила. Сара Мејс, Калина Велковска, Полина Тасева, Ана Петановска и Теа Богатинова го отворија концертот со извондредната изведба на песната „Santa Claus is comin’ to town“ и како со магично стапче создадоа зимска концертна магија. Едногласно со публиката ги отпеаа најпопуларните Божиќни песни како „Jingle Bells“, „Deck the halls“, „All I want for Christmas“, „Елко, елко“, „A Holly Jolly Christmas“ и многу други. Исто така, девојките приредија изненадување и на нивна покана, специјален гостин на концертот беше маестралниот музичар од соседна Бугарија, Александар Христов. Целата атмосфера беше збогатена со звуците на единствените музичари од Камерниот оркестар на Битола, под диригентската палка на неприкоснованиот Владимир Димовски. „Jingle Bells Symphony“ ги стопли срцата на посетителите, кои уживаа во секоја отсвирена и отпеана нота, на самиот крај од концертната вечер со широки насмевки и стоечки овации ги испратија Sarah Mace & the Christmas Girls и членовите на Камерниот Оркестар на Битола.

The post Широки насмевки и стоечки овации за предновогодишниот музички спектакл „Jingle Bells Symphony“ appeared first on Република.

]]>
Сара Мејс има нов видео запис за песната „Очи Вселена“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/sara-mejs-ima-nov-video-zapis-za-pesnata-ochi-vselena/ Thu, 30 Nov 2023 11:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=717945

Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од глава. Песната „Очи Вселена“ доби современ, динамичен и автентичен видео запис. И овој пат креативноста и единствениот музички стил на Сара Мејс испливаа на површина, песната и спотот се во чекор со светските музички критериуми. Сара Мејс со „Очи Вселена“ одново ѝ подари на домашната сцена комплетно ремек-дело, а во нејзиното срце има посебно место.

„Песнава ја напишав и ја посветив на мојот син Кирил. Не знам што би можела повеќе да кажам за оваа песна, многу е посебна за мене, верувам дека таква и ќе остане засекогаш во моето срце...Премногу емоции, премногу среќа, премногу светлина донесе тоа дете во нашите животи. Како да ја збогати цела домашна атмосфера од кога се роди, со еден уште попозитивен flow. Морав да го овековечам со песна. Не би било реално и правилно во мојов свет ако не се случеше. Кирил е делчето од слагалицата што ме направи целосна и комплетна. И не само мене, туку цело семејство. И Илина си доби братче и Димитар си доби син.
Песна за Илина имам напишано, “Бакар боја”, му должев една и на Кирил. Не може за едното мајка, за другото маќеа“ - вели Сара.

Автор на музиката и текстот е Сара Мејс, зад аранжманот за песната се потпишува Иван Петровски.

Вчеравечер премиерно беше објавен и спотот за „Очи Вселена“, Сара Мејс блесна во уникатно и атрактивно издание, а за домашната музичка сцена остави свој оригинален печат. Видео записот го снимаше Томислав Живковиќ, а збогатен е со улогите на девојките Ева Јовановска, Бисера Гоговска, Сара Дојчиновска, Ивона Ристеска. Долгогодишната соработка со ФРАН и овој пат беше полн погодок за стајлинг и шминка, Hair House за фризура, а од Магнетик се погрижија за гардеробата.

https://www.youtube.com/watch?v=fD-5iVljwCo

The post Сара Мејс има нов видео запис за песната „Очи Вселена“ appeared first on Република.

]]>

Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од глава. Песната „Очи Вселена“ доби современ, динамичен и автентичен видео запис. И овој пат креативноста и единствениот музички стил на Сара Мејс испливаа на површина, песната и спотот се во чекор со светските музички критериуми. Сара Мејс со „Очи Вселена“ одново ѝ подари на домашната сцена комплетно ремек-дело, а во нејзиното срце има посебно место. „Песнава ја напишав и ја посветив на мојот син Кирил. Не знам што би можела повеќе да кажам за оваа песна, многу е посебна за мене, верувам дека таква и ќе остане засекогаш во моето срце...Премногу емоции, премногу среќа, премногу светлина донесе тоа дете во нашите животи. Како да ја збогати цела домашна атмосфера од кога се роди, со еден уште попозитивен flow. Морав да го овековечам со песна. Не би било реално и правилно во мојов свет ако не се случеше. Кирил е делчето од слагалицата што ме направи целосна и комплетна. И не само мене, туку цело семејство. И Илина си доби братче и Димитар си доби син. Песна за Илина имам напишано, “Бакар боја”, му должев една и на Кирил. Не може за едното мајка, за другото маќеа“ - вели Сара. Автор на музиката и текстот е Сара Мејс, зад аранжманот за песната се потпишува Иван Петровски. Вчеравечер премиерно беше објавен и спотот за „Очи Вселена“, Сара Мејс блесна во уникатно и атрактивно издание, а за домашната музичка сцена остави свој оригинален печат. Видео записот го снимаше Томислав Живковиќ, а збогатен е со улогите на девојките Ева Јовановска, Бисера Гоговска, Сара Дојчиновска, Ивона Ристеска. Долгогодишната соработка со ФРАН и овој пат беше полн погодок за стајлинг и шминка, Hair House за фризура, а од Магнетик се погрижија за гардеробата. https://www.youtube.com/watch?v=fD-5iVljwCo

The post Сара Мејс има нов видео запис за песната „Очи Вселена“ appeared first on Република.

]]>
Се роди Кирил, второто дете на Сара Мејс и Димитар Атанасовски https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/se-rodi-kiril-vtoroto-dete-na-sara-mejs-i-dimitar-atanasovski/ Fri, 29 Jul 2022 06:44:11 +0000 https://republika.mk/?p=534496

Музичарката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски му посакаа добредојде на нивното второ дете, синот Кирил.

Пијана од среќа и љубов, добредојде Кирил, јунак наш, напиша Сара Мејс и објави фотографија со синчето и сопругот, направена веднаш по породувањето вчеравечер, каде замина директно од детски роденден.

Двојката ја има и ќерката Илина, која наскоро ќе наполни 4 години

The post Се роди Кирил, второто дете на Сара Мејс и Димитар Атанасовски appeared first on Република.

]]>

Музичарката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски му посакаа добредојде на нивното второ дете, синот Кирил.
Пијана од среќа и љубов, добредојде Кирил, јунак наш, напиша Сара Мејс и објави фотографија со синчето и сопругот, направена веднаш по породувањето вчеравечер, каде замина директно од детски роденден.
Двојката ја има и ќерката Илина, која наскоро ќе наполни 4 години

The post Се роди Кирил, второто дете на Сара Мејс и Димитар Атанасовски appeared first on Република.

]]>
Го споделија ултразвукот: Сара Мејс и Димитар Атанасовски го очекуваат второто дете https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/go-spodelija-ultrazvukot-sara-mejs-i-dimitar-atanasovski-go-ochekuvaat-vtoroto-dete/ Tue, 18 Jan 2022 20:33:04 +0000 https://republika.mk/?p=446518

Македонската пејачка Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски го очекуваат своето второ дете. Веста ја објави Сара споделувајќи фотографија од ултразвук од бебето.

Бебе број два. Ако ги броиме и Атос и Бела со Димитар, а треба, е тогаш е број четири, напиша Сара на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

Сара и Димитар станаа родители за првпат во 2018  година кога ја добија ќеркичката Илина, која сега има три години.

The post Го споделија ултразвукот: Сара Мејс и Димитар Атанасовски го очекуваат второто дете appeared first on Република.

]]>

Македонската пејачка Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски го очекуваат своето второ дете. Веста ја објави Сара споделувајќи фотографија од ултразвук од бебето.
Бебе број два. Ако ги броиме и Атос и Бела со Димитар, а треба, е тогаш е број четири, напиша Сара на Инстаграм.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

Сара и Димитар станаа родители за првпат во 2018  година кога ја добија ќеркичката Илина, која сега има три години.

The post Го споделија ултразвукот: Сара Мејс и Димитар Атанасовски го очекуваат второто дете appeared first on Република.

]]>