Сара Климоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sara-klimoska/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Sep 2024 11:08:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сара Климоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sara-klimoska/ 32 32 Започна снимањето на филмот „Соучесници” во копродукција со Србија, Хрватска и Македонија https://arhiva3.republika.mk/scena/film/zapochna-snimaneto-na-filmot-souchesnitsi-vo-koproduktsija-so-srbija-hrvatska-i-makedonija/ Tue, 10 Sep 2024 11:08:15 +0000 https://republika.mk/?p=814934

На локации во Ужице започна снимањето на филмот „Соучесници“ во режија на Марко Новаковиќ, според сценарио на Огњен Обрадовиќ.

Главните улоги ги толкуваат: Невена Нераџиќ, Радован Вујовиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Даница Ристовски, Аница Добра и Зоран Цвијановиќ. Една од улогите во овој филм ја толкува Сара Климоска.

Македонија ќе биде вклучена и со професионалци во продукцијата и постпродукцијата на филмот.

Филмот е копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија. Главен продуцент е српската продуцентска куќа Зилион филм на Лазар Ристовски, а копродуценти се Иван Малоча преку продуцентската куќа „Интерфилм“ од Хрватска и Роберт Насков и Александар Поповски преку „Партизанс“.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија.

The post Започна снимањето на филмот „Соучесници” во копродукција со Србија, Хрватска и Македонија appeared first on Република.

]]>

На локации во Ужице започна снимањето на филмот „Соучесници“ во режија на Марко Новаковиќ, според сценарио на Огњен Обрадовиќ. Главните улоги ги толкуваат: Невена Нераџиќ, Радован Вујовиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Даница Ристовски, Аница Добра и Зоран Цвијановиќ. Една од улогите во овој филм ја толкува Сара Климоска. Македонија ќе биде вклучена и со професионалци во продукцијата и постпродукцијата на филмот. Филмот е копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија. Главен продуцент е српската продуцентска куќа Зилион филм на Лазар Ристовски, а копродуценти се Иван Малоча преку продуцентската куќа „Интерфилм“ од Хрватска и Роберт Насков и Александар Поповски преку „Партизанс“. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија.

The post Започна снимањето на филмот „Соучесници” во копродукција со Србија, Хрватска и Македонија appeared first on Република.

]]>
Актерката Сара Климоска го заврши снимањето на дебитанскиот краток филм „Нова енергија“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/akterkata-sara-klimoska-go-zavrshi-snimaneto-na-debitanskiot-kratok-film-nova-energija/ Fri, 23 Aug 2024 18:13:57 +0000 https://republika.mk/?p=809577

Заврши снимањето на краткометражниот филм „Нова енергија", кој е во режија и по сценарио на актерката Сара Климоска и ко-режисер Радован Петровиќ, а во продукција на NEST Продукција на продуцентот Јорданчо Петковски.

„Нова енергија" ја следи приказната на две најдобри другарки кои низ взаемна емотивна и практична поддршка успеваат да создадат нов заеднички живот бегајќи од токсичноста на нивните партнери.

Ова е филм кои создава две хероини и преку нив ја слави женската исклучителна и некршлива конекција и нуди свежа перспектива за женските односи која ретко се видени во секојдневните медиуми.

Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска и Тамара Ристоска, а во филмот играат и Зоран Љутков, Александар Стоименовски, Мирјана Трпковска Костовска и Елена Сековска.

Директорката на фотографија, Бојана Андриќ е една од најзначајните личности во Србија во областа на кинематографијата, позната по својата работа на многу успешни филмови како и потпретседателка на светската асоцијација на сниматели ИМАГО.

Во филмската екипа се и Горан Игњатовски (маскер), Михаил Панев (сценограф), Розе Трајчевска (костимограф).

По завршувањето на постпродукцијата, филмот ќе започне со прикажувања на домашни и меѓународни филмски фестивали, а подоцна ќе биде достапен и за пошироката публика.

 

The post Актерката Сара Климоска го заврши снимањето на дебитанскиот краток филм „Нова енергија“ appeared first on Република.

]]>

Заврши снимањето на краткометражниот филм „Нова енергија", кој е во режија и по сценарио на актерката Сара Климоска и ко-режисер Радован Петровиќ, а во продукција на NEST Продукција на продуцентот Јорданчо Петковски. „Нова енергија" ја следи приказната на две најдобри другарки кои низ взаемна емотивна и практична поддршка успеваат да создадат нов заеднички живот бегајќи од токсичноста на нивните партнери. Ова е филм кои создава две хероини и преку нив ја слави женската исклучителна и некршлива конекција и нуди свежа перспектива за женските односи која ретко се видени во секојдневните медиуми. Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска и Тамара Ристоска, а во филмот играат и Зоран Љутков, Александар Стоименовски, Мирјана Трпковска Костовска и Елена Сековска. Директорката на фотографија, Бојана Андриќ е една од најзначајните личности во Србија во областа на кинематографијата, позната по својата работа на многу успешни филмови како и потпретседателка на светската асоцијација на сниматели ИМАГО. Во филмската екипа се и Горан Игњатовски (маскер), Михаил Панев (сценограф), Розе Трајчевска (костимограф). По завршувањето на постпродукцијата, филмот ќе започне со прикажувања на домашни и меѓународни филмски фестивали, а подоцна ќе биде достапен и за пошироката публика.  

The post Актерката Сара Климоска го заврши снимањето на дебитанскиот краток филм „Нова енергија“ appeared first on Република.

]]>
Краткиот филм „Врзани“, режисерското деби на актерката Сара Климоска е дел од престижната селекција на програмата European Short Pitch https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kratkiot-film-vrzani-rezhiserskoto-debi-na-akterkata-sara-klimoska-e-del-od-prestizhnata-selektsija-na-programata-european-short-pitch/ Mon, 26 Feb 2024 11:49:12 +0000 https://republika.mk/?p=748491

Краткометражниот игран филм “Врзани“, режисерско деби на македонската актерка Сара Климоска, е дел од селекцијата на престижната програма European Short Pitch, информираат од продуцентската куќа „Унита филм“.

Финалната фаза се одржува од 26 до 29 февруари во Рен, Франција.

 

Од 2007 година, дел од оваа програма биле стотина филмови од краток формат кои потоа остваруваат значајни успеси и премиерни прикажувања низ најголемите светски фестивали како Кан, Берлинале, Локарно, Санденс итн.

Од илјадници апликации секоја година, European Short Pitch издвојува вкупно дванаесет проекти од исто толку европски земји. Програмата има за цел да ги развие, вмрежи во копродукции и дистрибуција, како и да ги промовира филмските остварувања при понатамошниот тек на реализација.

Продуцент на „Вразни“ е македонскиот филмски режисер Вардан Тозија и продукциската куќа „Унита Филм“.

The post Краткиот филм „Врзани“, режисерското деби на актерката Сара Климоска е дел од престижната селекција на програмата European Short Pitch appeared first on Република.

]]>

Краткометражниот игран филм “Врзани“, режисерско деби на македонската актерка Сара Климоска, е дел од селекцијата на престижната програма European Short Pitch, информираат од продуцентската куќа „Унита филм“. Финалната фаза се одржува од 26 до 29 февруари во Рен, Франција.   Од 2007 година, дел од оваа програма биле стотина филмови од краток формат кои потоа остваруваат значајни успеси и премиерни прикажувања низ најголемите светски фестивали како Кан, Берлинале, Локарно, Санденс итн. Од илјадници апликации секоја година, European Short Pitch издвојува вкупно дванаесет проекти од исто толку европски земји. Програмата има за цел да ги развие, вмрежи во копродукции и дистрибуција, како и да ги промовира филмските остварувања при понатамошниот тек на реализација. Продуцент на „Вразни“ е македонскиот филмски режисер Вардан Тозија и продукциската куќа „Унита Филм“.

The post Краткиот филм „Врзани“, режисерското деби на актерката Сара Климоска е дел од престижната селекција на програмата European Short Pitch appeared first on Република.

]]>
Сара Климоска избрана за најдобра актерка на Фестивалот во Сомбор за улогата во „Кајмак“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sara-klimoska-izbrana-za-najdobra-akterka-na-festivalot-vo-sombor-za-ulogata-vo-kajmak/ Mon, 17 Jul 2023 06:45:29 +0000 https://republika.mk/?p=662084

Со нова награда продолжува успешниот пат на „Кајмак“, најновиот филм на нашиот најтрофеен режисер, Милчо Манчевски. За улогата на Доста во „Кајмак“ Сара Климоска е прогласена за најдобра актерка во главната натпреварувачка програма на Филмскиот фестивал во Сомбор, Србија. Овој млад фестивал своето петто издание годинава го одржа под мотото „За оние кои доаѓаат“. Србија е една од земјите каде „Кајмак“ беше и на редовниот кино репертоар.

Сара е глумец од светски калибар, талент што се раѓа еднаш во генерација, изјави Манчевски за Климоска.

Наскоро „Кајмак“ ја очекува и американската премиера, на 33-то издание на фестивалот Синеквест во Калифорнија од 15 до 30 август. Синеквест е еден од најголемите и најреномираните независни фестивали на американскиот континент, а специфичен е по програмата што поддржува иновативни и креативни уметнички дела. Се одржува во Сан Хозе и Редвуд Сити во Силиконската Долина, седиште на најголемите технолошки гиганти (Фејсбук, Епл, Твитер, Нетликс, Зум, Линкедин). Токму на Синеквест пред 3 години „Врба“ на Манчевски беше крунисан со наградата Најдобар филм и претставен како „филм што нема да го заборавите“.

Минатиот месец „Кајмак“ ја имаше и данската премиера во Копенхаген.

„Кајмак” е еден од македонските филмови кои имаат најширок пласман во светот. Тој е продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите - од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, Гвајана и Ст. Китс и Невис... Понатамошниот процес на пласман е во тек.

„Кајмак“ ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија и други, каде што беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми. Ја освои Специјалната награда на жирито на фестивалот „Фантаспорто“ во Португалија.

„Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година.

Во оваа македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Ана Стојановска, Сара Спировска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Холанѓанецот Емил Нуненга, музиката е на Данскиот гудачки квартет и на Игор Василев-Новоградска, дизајнер на продукцијата е Британецот Дејвид Манс, дизајнер на шминка Италијанецот Марио Микисанти, а кастинг директор е нашата Милка Анчевска. Продуцент е Јане Ќортошев, а копродуценти Мета Фолдагер, Мете Борч, Синиша Јуричиќ и Елс Вандеворст. Извршен продуцент е Иан Прајор.

The post Сара Климоска избрана за најдобра актерка на Фестивалот во Сомбор за улогата во „Кајмак“ appeared first on Република.

]]>

Со нова награда продолжува успешниот пат на „Кајмак“, најновиот филм на нашиот најтрофеен режисер, Милчо Манчевски. За улогата на Доста во „Кајмак“ Сара Климоска е прогласена за најдобра актерка во главната натпреварувачка програма на Филмскиот фестивал во Сомбор, Србија. Овој млад фестивал своето петто издание годинава го одржа под мотото „За оние кои доаѓаат“. Србија е една од земјите каде „Кајмак“ беше и на редовниот кино репертоар.
Сара е глумец од светски калибар, талент што се раѓа еднаш во генерација, изјави Манчевски за Климоска.
Наскоро „Кајмак“ ја очекува и американската премиера, на 33-то издание на фестивалот Синеквест во Калифорнија од 15 до 30 август. Синеквест е еден од најголемите и најреномираните независни фестивали на американскиот континент, а специфичен е по програмата што поддржува иновативни и креативни уметнички дела. Се одржува во Сан Хозе и Редвуд Сити во Силиконската Долина, седиште на најголемите технолошки гиганти (Фејсбук, Епл, Твитер, Нетликс, Зум, Линкедин). Токму на Синеквест пред 3 години „Врба“ на Манчевски беше крунисан со наградата Најдобар филм и претставен како „филм што нема да го заборавите“. Минатиот месец „Кајмак“ ја имаше и данската премиера во Копенхаген. „Кајмак” е еден од македонските филмови кои имаат најширок пласман во светот. Тој е продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите - од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, Гвајана и Ст. Китс и Невис... Понатамошниот процес на пласман е во тек. „Кајмак“ ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија и други, каде што беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми. Ја освои Специјалната награда на жирито на фестивалот „Фантаспорто“ во Португалија. „Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година. Во оваа македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Ана Стојановска, Сара Спировска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Холанѓанецот Емил Нуненга, музиката е на Данскиот гудачки квартет и на Игор Василев-Новоградска, дизајнер на продукцијата е Британецот Дејвид Манс, дизајнер на шминка Италијанецот Марио Микисанти, а кастинг директор е нашата Милка Анчевска. Продуцент е Јане Ќортошев, а копродуценти Мета Фолдагер, Мете Борч, Синиша Јуричиќ и Елс Вандеворст. Извршен продуцент е Иан Прајор.

The post Сара Климоска избрана за најдобра актерка на Фестивалот во Сомбор за улогата во „Кајмак“ appeared first on Република.

]]>