Швеѓанката Сара Хектор го освои златниот медал во дисциплината велеслалом на Зимските олимписки игри во Пекинг. Хектор до триумфот дојде со вкупен резултат 1:55.69 минута по двете возења.
Сребрениот медал и припадна на италијанската скијачка Федерика Брињоне која двете трки ги заврши со време 1:55.97 минута.
Мал подвиг направи Лара Гут-Бехрами која од осмата позиција по првото возење, стигна до третото место и бронзениот медал по втората трка заостанувајќи 72 стоти делови од секундата зад победничката.
По денешниот велеслалом Шведска изби на чело во поредокот на медалисти со три освоени златни медали.
The post ЗОИ: Сара Хектор победничка во женскиот велеслалом appeared first on Република.
]]>The post ЗОИ: Сара Хектор победничка во женскиот велеслалом appeared first on Република.
]]>