САР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sar/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Mar 2022 17:26:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png САР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sar/ 32 32 Германците го сакаат: Партијата на Олаф Шолц победник на покраински избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germancite-go-sakaat-partijata-na-olaf-sholc-pobednik-na-pokrainski-izbori/ Sun, 27 Mar 2022 17:51:29 +0000 https://republika.mk/?p=479434

Социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц победија на денешните избори во покраината Сар, а според првичните излезни анкети тие освоија апсолутно мнозинство на локалните избори.

Според излезните анкети на јавниот сервис АРД, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) освоила 43 отсто од гласовите на изборите за парламентот во сојузната покраина Сар, што е за 13 отсто повеќе од последните избори пред пет години. Доколку првите предвидувања се покажат како точни, СПД, предводена од главниот кандидат Анка Релингер, би можела да владее со Сар во следните пет години без коалициски партнер.

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) претрпе тежок пораз и по 22 години на власт во Сар веќе нема да именува премиер во оваа најмала сојузна покраина. ЦДУ освои 27 отсто од гласовите, 13 отсто помалку отколку на последните избори.

Според првите излезни анкети, Партијата на зелените освоила 5,3 отсто, со што успеа повторно да влезе во парламентот на Сар.

СПД коалицира со Зелените на сојузно ниво, па се очекува во случај СПД да не освои апсолутно мнозинство, СПД и Зелените да влезат во коалиција и во Сар.

Партијата на левицата претрпе големи загуби и не успеа да влезе во покраинскиот парламент, освојувајќи само 2,5 отсто од гласовите. Десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) освои 5,5 отсто, преминувајќи го изборниот праг.

За Либерално-демократската партија (ФДП), за која се предвидува да добие 4,8 до пет отсто, влезот во парламентот сè уште не е сигурен. Првите предвремени официјални резултати ќе бидат објавени во текот на вечерта.

Сар е најмалата германска сојузна покраина (со исклучок на град-федералната покраина Бремен) со околу милион жители и најмал провинциски парламент.

Имајќи предвид дека ова се први покраински избори по сојузните избори во септември минатата година, гласањето се сметаше за тест за владејачката социјалдемократско-зелено-либерална коалиција предводена од канцеларот Олаф Шолц.

The post Германците го сакаат: Партијата на Олаф Шолц победник на покраински избори appeared first on Република.

]]>

Социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц победија на денешните избори во покраината Сар, а според првичните излезни анкети тие освоија апсолутно мнозинство на локалните избори. Според излезните анкети на јавниот сервис АРД, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) освоила 43 отсто од гласовите на изборите за парламентот во сојузната покраина Сар, што е за 13 отсто повеќе од последните избори пред пет години. Доколку првите предвидувања се покажат како точни, СПД, предводена од главниот кандидат Анка Релингер, би можела да владее со Сар во следните пет години без коалициски партнер. Христијанско-демократската унија (ЦДУ) претрпе тежок пораз и по 22 години на власт во Сар веќе нема да именува премиер во оваа најмала сојузна покраина. ЦДУ освои 27 отсто од гласовите, 13 отсто помалку отколку на последните избори. Според првите излезни анкети, Партијата на зелените освоила 5,3 отсто, со што успеа повторно да влезе во парламентот на Сар. СПД коалицира со Зелените на сојузно ниво, па се очекува во случај СПД да не освои апсолутно мнозинство, СПД и Зелените да влезат во коалиција и во Сар. Партијата на левицата претрпе големи загуби и не успеа да влезе во покраинскиот парламент, освојувајќи само 2,5 отсто од гласовите. Десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) освои 5,5 отсто, преминувајќи го изборниот праг. За Либерално-демократската партија (ФДП), за која се предвидува да добие 4,8 до пет отсто, влезот во парламентот сè уште не е сигурен. Првите предвремени официјални резултати ќе бидат објавени во текот на вечерта. Сар е најмалата германска сојузна покраина (со исклучок на град-федералната покраина Бремен) со околу милион жители и најмал провинциски парламент. Имајќи предвид дека ова се први покраински избори по сојузните избори во септември минатата година, гласањето се сметаше за тест за владејачката социјалдемократско-зелено-либерална коалиција предводена од канцеларот Олаф Шолц.

The post Германците го сакаат: Партијата на Олаф Шолц победник на покраински избори appeared first on Република.

]]>