санкции за Русија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sankcii-za-rusija/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Mar 2023 10:42:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png санкции за Русија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sankcii-za-rusija/ 32 32 Захарова: Чуден е ставот на министерот Баста, изјаснете се против притисокот на САД, а не за санкции против Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-chuden-e-stavot-na-ministerot-basta-izjasnete-se-protiv-pritisokot-na-sad-a-ne-za-sanktsii-protiv-rusija/ Tue, 14 Mar 2023 10:42:48 +0000 https://republika.mk/?p=619491

Српскиот министер за економија Раде Баста требаше да се изјасни против притисокот на САД врз неговата земја, а не за санкции против Русија.

Ова мислење во својот Телеграм канал го изрази официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Марија Захарова, пренесе рускиот портал Regnum.ru.

Министерот за економија Баста, да потсетиме, во објава на Инстаграм побара министрите од Владата на Србија да се изјаснат за воведување санкции против Русија, бидејќи претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради тоа е под голем притисок.

https://republika.mk/vesti/balkan/srpskiot-minister-za-stopanstvo-treba-da-vovedeme-sanktsii-na-rusija-ova-ne-se-izdrzhuva/

Захарова го нарече ставот на Баста „чуден“ и потсети дека Русија отсекогаш ги почитувала Србија и нејзиниот народ. Претставничката на руското МНР изрази и уверување дека по воведувањето на санкциите, притисокот на Вашингтон врз Белград „нема да заврши, туку само ќе се зголеми“.

„Некој чуден став: Америка врши притисок врз Србија, а српскиот министер повикува на акција против Русија. Можеби е подобро српскиот министер остро да се изјасни против притисокот врз неговата земја?“, напиша Марија Захарова.

The post Захарова: Чуден е ставот на министерот Баста, изјаснете се против притисокот на САД, а не за санкции против Русија appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за економија Раде Баста требаше да се изјасни против притисокот на САД врз неговата земја, а не за санкции против Русија. Ова мислење во својот Телеграм канал го изрази официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Марија Захарова, пренесе рускиот портал Regnum.ru. Министерот за економија Баста, да потсетиме, во објава на Инстаграм побара министрите од Владата на Србија да се изјаснат за воведување санкции против Русија, бидејќи претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради тоа е под голем притисок. https://republika.mk/vesti/balkan/srpskiot-minister-za-stopanstvo-treba-da-vovedeme-sanktsii-na-rusija-ova-ne-se-izdrzhuva/ Захарова го нарече ставот на Баста „чуден“ и потсети дека Русија отсекогаш ги почитувала Србија и нејзиниот народ. Претставничката на руското МНР изрази и уверување дека по воведувањето на санкциите, притисокот на Вашингтон врз Белград „нема да заврши, туку само ќе се зголеми“.
„Некој чуден став: Америка врши притисок врз Србија, а српскиот министер повикува на акција против Русија. Можеби е подобро српскиот министер остро да се изјасни против притисокот врз неговата земја?“, напиша Марија Захарова.

The post Захарова: Чуден е ставот на министерот Баста, изјаснете се против притисокот на САД, а не за санкции против Русија appeared first on Република.

]]>
Српскиот министер за стопанство: Треба да ѝ воведеме санкции на Русија, ова не се издржува https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskiot-minister-za-stopanstvo-treba-da-vovedeme-sanktsii-na-rusija-ova-ne-se-izdrzhuva/ Tue, 14 Mar 2023 10:36:51 +0000 https://republika.mk/?p=619484

Српскиот министер за економија Раде Баста ја разбранува српската политичка јавност со предлог Србија да воведе санкции кон Русија, што е прва отворена изјава за санкции на владин претставник по инвазијата на Украина и отстапување од официјалната позиција на Белград.

Во соопштението за медиумите, министерот оцени дека Србија „веќе плаќа висока цена затоа што не воведува санкции против Русија“ и дека „ова станува неодржливо“, а неговата најава предизвика оградување на Единствена Србија (ЈС), од чија коалициска листа влезе во Владата на Ана Брнабиќ, и барања од коалициските партнери тој да поднесе оставка.

„Нашата земја веќе плаќа висока цена поради невоведувањето санкции на Русија и тоа станува неиздржливо. Јас како министер за стопанство гледам колкав притисок се врши врз претседателот на Србија Александар Вучиќ, а не можам да прифатам ние да молчиме. Затоа сум за воведување санкции против Русија, стојам со претседателот Вучиќ во одбраната на државните и националните интереси и имам апсолутна доверба во него. Затоа од владата на Србија и сите министри барам да се изјаснат по ова прашање“, напиша Баста.

Потсети дека и Србија низ историјата била соочена со санкции и дека народот трпел тешки економски последици. Тврди дека токму од тие причини Србија сè уште не ѝ вовела санкции на Русија и дека се надевале дека ќе „надвладее разумот и дека двете страни ќе седнат на преговарачка маса“.

„За жал, со текот на времето соочени сме со една нова реалност. На конфликтот не му се гледа крајот, а разум како да снемало. Во конфликтот на големите секогаш страдаат малите држави и среде глобалните превирања Србија е соочена со страшни притисоци“, предупреди Баста.

„Од почетокот на војната ја осудуваме руската агресија на Украина, но истовремено ги штитиме националните интереси во односите со Руската Федерација. Поради тоа не се придруживме на првиот бран земји кои воведоа санкции на земјата агресор. Сепак, ситуацијата со секој ден повеќе се комплицира, а западните земји остро ѝ замеруваат на Србија за тоа што не се приклучува на санкциите“, додаде српскиот министер.

Оцени дека српската власт на чело со Вучиќ ќе направи се за да ги зачува мирот и стабилноста.

„Економијата е клучна за Србија и затоа како министер за стопанство укажувам дека и покрај тешката надворешнополитичка ситуација мораме да го зачуваме економскиот раст и да се бориме нашите граѓани подобро да живеат. Србија има своја сериозна, одговорна и самостојна политика и ќе продолжи да ги штити своите граѓани“, заклучи Баста.

Единствена Србија е дел од коалицијата на Социјалистичката партија на Србија (СПС) предводена од шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, која веќе неколку изборни циклуси е во коалиција со Српската напредна партија (СНС) на актуелниот шеф на државата, Александар Вучиќ.

На сугестијата на Баста прва реагираше неговата партија ЕС, посочувајќи дека тоа е негова „лична позиција“, а не на партијата чиј член е и дека таа е „против воведување санкции за кого и да е“ и дека решението за војната во Украина „треба да е на преговарачка маса“.

Движењето на социјалистите (ПС) на Александар Вулин, исто така член на владејачката коалиција, побара Баста да поднесе оставка затоа што сака Србија да се приклучи на „незаконските санкции против Руската Федерација“.

Српскиот претседател Вучиќ одбива да се приклучи кон санкциите против Русија, но на почетокот на февруари, о текот на дискисијата за ситуацијта во поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија, на претениците им порача дека „најверојатно ќе мора да воведат санкции“ против Русија, додавајќи дека тој со тоа „не е одушевен“, но дека Белград „веќе ја плаќа цената“ што тоа не го сторил порано.

Кремљ на тоа реагираше наведувајќи дека „разбира оти раководството на Србија е под невиден притисок од Западот“ и дека „ја цени позицијата на претседателот Александар Вучиќ, надевајќи се на натамошно подобрување на односите меѓу двете земји.

СНС на Вучиќ засега не го коментираше предлогот на српскиот министер за економија.

The post Српскиот министер за стопанство: Треба да ѝ воведеме санкции на Русија, ова не се издржува appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за економија Раде Баста ја разбранува српската политичка јавност со предлог Србија да воведе санкции кон Русија, што е прва отворена изјава за санкции на владин претставник по инвазијата на Украина и отстапување од официјалната позиција на Белград. Во соопштението за медиумите, министерот оцени дека Србија „веќе плаќа висока цена затоа што не воведува санкции против Русија“ и дека „ова станува неодржливо“, а неговата најава предизвика оградување на Единствена Србија (ЈС), од чија коалициска листа влезе во Владата на Ана Брнабиќ, и барања од коалициските партнери тој да поднесе оставка.
„Нашата земја веќе плаќа висока цена поради невоведувањето санкции на Русија и тоа станува неиздржливо. Јас како министер за стопанство гледам колкав притисок се врши врз претседателот на Србија Александар Вучиќ, а не можам да прифатам ние да молчиме. Затоа сум за воведување санкции против Русија, стојам со претседателот Вучиќ во одбраната на државните и националните интереси и имам апсолутна доверба во него. Затоа од владата на Србија и сите министри барам да се изјаснат по ова прашање“, напиша Баста.
Потсети дека и Србија низ историјата била соочена со санкции и дека народот трпел тешки економски последици. Тврди дека токму од тие причини Србија сè уште не ѝ вовела санкции на Русија и дека се надевале дека ќе „надвладее разумот и дека двете страни ќе седнат на преговарачка маса“.
„За жал, со текот на времето соочени сме со една нова реалност. На конфликтот не му се гледа крајот, а разум како да снемало. Во конфликтот на големите секогаш страдаат малите држави и среде глобалните превирања Србија е соочена со страшни притисоци“, предупреди Баста.
„Од почетокот на војната ја осудуваме руската агресија на Украина, но истовремено ги штитиме националните интереси во односите со Руската Федерација. Поради тоа не се придруживме на првиот бран земји кои воведоа санкции на земјата агресор. Сепак, ситуацијата со секој ден повеќе се комплицира, а западните земји остро ѝ замеруваат на Србија за тоа што не се приклучува на санкциите“, додаде српскиот министер. Оцени дека српската власт на чело со Вучиќ ќе направи се за да ги зачува мирот и стабилноста.
„Економијата е клучна за Србија и затоа како министер за стопанство укажувам дека и покрај тешката надворешнополитичка ситуација мораме да го зачуваме економскиот раст и да се бориме нашите граѓани подобро да живеат. Србија има своја сериозна, одговорна и самостојна политика и ќе продолжи да ги штити своите граѓани“, заклучи Баста.
Единствена Србија е дел од коалицијата на Социјалистичката партија на Србија (СПС) предводена од шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, која веќе неколку изборни циклуси е во коалиција со Српската напредна партија (СНС) на актуелниот шеф на државата, Александар Вучиќ. На сугестијата на Баста прва реагираше неговата партија ЕС, посочувајќи дека тоа е негова „лична позиција“, а не на партијата чиј член е и дека таа е „против воведување санкции за кого и да е“ и дека решението за војната во Украина „треба да е на преговарачка маса“. Движењето на социјалистите (ПС) на Александар Вулин, исто така член на владејачката коалиција, побара Баста да поднесе оставка затоа што сака Србија да се приклучи на „незаконските санкции против Руската Федерација“. Српскиот претседател Вучиќ одбива да се приклучи кон санкциите против Русија, но на почетокот на февруари, о текот на дискисијата за ситуацијта во поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија, на претениците им порача дека „најверојатно ќе мора да воведат санкции“ против Русија, додавајќи дека тој со тоа „не е одушевен“, но дека Белград „веќе ја плаќа цената“ што тоа не го сторил порано. Кремљ на тоа реагираше наведувајќи дека „разбира оти раководството на Србија е под невиден притисок од Западот“ и дека „ја цени позицијата на претседателот Александар Вучиќ, надевајќи се на натамошно подобрување на односите меѓу двете земји. СНС на Вучиќ засега не го коментираше предлогот на српскиот министер за економија.

The post Српскиот министер за стопанство: Треба да ѝ воведеме санкции на Русија, ова не се издржува appeared first on Република.

]]>
Орбан: Со антируските санкции Брисел им зема пари од џебовите на Унгарците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/orban-so-antiruskite-sanktsii-brisel-im-zema-pari-od-dhebovite-na-ungartsite/ Tue, 28 Feb 2023 08:30:51 +0000 https://republika.mk/?p=614029

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека одредени компании имаат корист од цените на енергијата како резултат на санкциите против Русија.

Имено, големите енергетски компании забележаа рекордно високи профити ширум светот, пренесува агенцијата МТИ.

Американските компании доставуваат гас во Европа по многу повисока цена отколку што наплаќаат дома, што значи дека профитот што произлегува од санкциите го плаќаат главно европските компании и луѓето во Европа“, додаде тој на седницата на унгарскиот парламент.

Тој повтори дека се уште е против антируските санкции на Европската унија, особено во енергетскиот сектор. Тој потсети дека ограничувањата за снабдување со гориво предизвикаа драматично зголемување на цените и дека потрошувачката на енергетски производи во Унгарија се зголеми за десет милијарди евра во 2022 година.

Брисел ги зеде овие пари од џебовите на Унгарците со санкции“, додаде тој.

Премиерот на Унгарија експлозијата на Северен тек ја нарече „терористички чин“, додавајќи дека Унгарија и Србија јасно ставиле до знаење дека ако тоа се случи во случајот со Јужен тек, „нема да се извлечат“.

Унгарската влада е загрижена за испораката на оружје за Украина и стравува дека некои од земјите на ЕУ би можеле да испратат свои војници таму, рече Орбан, изразувајќи загриженост дека „цела Европа се лизга во војна чекор по чекор“, додека земјите од ЕУ испраќаат тенкови до Украина и гледаат да ја снабдуваат со борбени авиони.

Орбан истакна дека неговата влада инсистира на решавање на украинскиот конфликт со мирни средства и ги повика пратениците да се залагаат за овој став.

Тие сакаат да не вовлечат во оваа војна, но ве повикувам да не се предавате на провокации“, рече Орбан.

The post Орбан: Со антируските санкции Брисел им зема пари од џебовите на Унгарците appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека одредени компании имаат корист од цените на енергијата како резултат на санкциите против Русија. Имено, големите енергетски компании забележаа рекордно високи профити ширум светот, пренесува агенцијата МТИ.
Американските компании доставуваат гас во Европа по многу повисока цена отколку што наплаќаат дома, што значи дека профитот што произлегува од санкциите го плаќаат главно европските компании и луѓето во Европа“, додаде тој на седницата на унгарскиот парламент.
Тој повтори дека се уште е против антируските санкции на Европската унија, особено во енергетскиот сектор. Тој потсети дека ограничувањата за снабдување со гориво предизвикаа драматично зголемување на цените и дека потрошувачката на енергетски производи во Унгарија се зголеми за десет милијарди евра во 2022 година.
Брисел ги зеде овие пари од џебовите на Унгарците со санкции“, додаде тој.
Премиерот на Унгарија експлозијата на Северен тек ја нарече „терористички чин“, додавајќи дека Унгарија и Србија јасно ставиле до знаење дека ако тоа се случи во случајот со Јужен тек, „нема да се извлечат“. Унгарската влада е загрижена за испораката на оружје за Украина и стравува дека некои од земјите на ЕУ би можеле да испратат свои војници таму, рече Орбан, изразувајќи загриженост дека „цела Европа се лизга во војна чекор по чекор“, додека земјите од ЕУ испраќаат тенкови до Украина и гледаат да ја снабдуваат со борбени авиони. Орбан истакна дека неговата влада инсистира на решавање на украинскиот конфликт со мирни средства и ги повика пратениците да се залагаат за овој став.
Тие сакаат да не вовлечат во оваа војна, но ве повикувам да не се предавате на провокации“, рече Орбан.

The post Орбан: Со антируските санкции Брисел им зема пари од џебовите на Унгарците appeared first on Република.

]]>
Зеленски воведе санкции за 185 комапнии и поединци кои ја поддржуваат Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-vovede-sanktsii-za-185-komapnii-i-poedintsi-koi-ja-poddrzhuvaat-moskva/ Sun, 29 Jan 2023 08:44:47 +0000 https://republika.mk/?p=602144

Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции за 185 компании и поединци кои ја поддржуваат руската војна, која трае веќе 12 месеци.

Фирмите и бизнисмените кои превезуваат персонал и воена опрема со железница во име на „државата агресор“ ќе бидат казнети, рече Зеленски во вечерното видео обраќање. Тој додаде дека конфискуваниот имот ќе се користи во корист на украинската одбрана во војната.

На санкционираната листа има 182 компании, меѓу кои и белоруски кои ѝ помагаат на Русија со испораки и три физички лица.

Зеленски, исто така, рече дека Украина работи на тоа и другите земји да ги блокираат средствата на овие компании и поединци. Тој, исто така, им се заблагодари на „сите кои помагаат во зајакнувањето на санкциите против Русија“, како и на истражителите кои откриваат и гонат затајување на руските санкции.

Во градот Костијантиника во регионот Доњецк, во саботата во руски ракетни напади врз станбени згради загинаа три, а беа ранети 14 лица, рече Зеленски.

Говорејќи за изгледите за воена помош од Западот, претседателот нагласи дека на Украина итно и требаат ракети со поголем дострел за да се одвратат таквите напади.

The post Зеленски воведе санкции за 185 комапнии и поединци кои ја поддржуваат Москва appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции за 185 компании и поединци кои ја поддржуваат руската војна, која трае веќе 12 месеци.
Фирмите и бизнисмените кои превезуваат персонал и воена опрема со железница во име на „државата агресор“ ќе бидат казнети, рече Зеленски во вечерното видео обраќање. Тој додаде дека конфискуваниот имот ќе се користи во корист на украинската одбрана во војната.
На санкционираната листа има 182 компании, меѓу кои и белоруски кои ѝ помагаат на Русија со испораки и три физички лица. Зеленски, исто така, рече дека Украина работи на тоа и другите земји да ги блокираат средствата на овие компании и поединци. Тој, исто така, им се заблагодари на „сите кои помагаат во зајакнувањето на санкциите против Русија“, како и на истражителите кои откриваат и гонат затајување на руските санкции. Во градот Костијантиника во регионот Доњецк, во саботата во руски ракетни напади врз станбени згради загинаа три, а беа ранети 14 лица, рече Зеленски. Говорејќи за изгледите за воена помош од Западот, претседателот нагласи дека на Украина итно и требаат ракети со поголем дострел за да се одвратат таквите напади.

The post Зеленски воведе санкции за 185 комапнии и поединци кои ја поддржуваат Москва appeared first on Република.

]]>
Ќе воведе ли Србија санкции против Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kje-vovede-li-srbija-sankcii-protiv-rusija/ Fri, 21 Oct 2022 06:55:39 +0000 https://republika.mk/?p=563855

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера зборуваше за ситуацијата во Украина и Русија, како и за воведувањето санкции против Русија.

Тој објасни дека заменик-министерот за надворешни работи на Русија, кој не е под санкции, дошол во Белград на консултации со руските амбасадори во регионот и нагласил дека тоа никој не го крие, како што најавуваат некои медиуми и политичари.

И сега велат дека сме криеле нешто. Дојдоа со редовен авион, се сретнаа и со Селаковиќ, кој му посака среќа. Немав формален состанок, но имавме еден вид работен појадок, бидејќи овој човек го познавам долго време. И сега би сакал луѓето да ми дозволат да кажам, одредени медиуми објавија дека „Вучиќ му рекол на Грушко дека Србија е под голем притисок“. се поставува прашањето, кога би сакал да ја сокријам средбата со него, што би сакал да се сокрие. Па, можеби, за да ја спасиме Србија. Па зошто ме осудивте мене, претседателот на вашата земја. Што сте вие, професионални осудувачи, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија е посветена на Европа, но дека некои сакаат да ни кажат дека не смееме да имаме ни трошка независност.

Се додека не постои егзистенцијална закана за Србија и нејзините граѓани, ние ќе ја водиме политиката што ја одредува Советот за национална безбедност. Доколку нешто се промени, отворено ќе им кажеме на граѓаните сè. Горд сум што водиме независна политика 240 дена, нагласи Вучиќ.

Тој посочи дека Србија не и должи ништо на Русија, но дека треба да се сети што направи Москва во 2015 година и дека треба да се сети како Русија и Кина го штитат интегритетот на Србија во ОН.

Го правиме тоа затоа што имаме почит кон себе. Барам морална, правна, беспрекорно чиста позиција за земјата што најмногу ја сакам. Барам позиција за Србија. Ние сме под санкции со децении, тој истакна.

Вучиќ потсети дека Здравко Понош во истото студио рекол дека нема да воведе санкции против Русија, а Вучиќ ќе ги воведе на 3 април.

Тој рече дека нема санкции, а неговото „можеби ќе се обидеме“ е многу построго од нивното најсилно да.

Нивниот збор не вреди ништо, а мојот значи, и се почитува во светот. Кога ќе дадам збор и ќе кажам дека ќе го решиме прашањето за визите, видовте дека почнавме. Ќе правиме што ќе кажеме, рече претседателот.

The post Ќе воведе ли Србија санкции против Русија appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера зборуваше за ситуацијата во Украина и Русија, како и за воведувањето санкции против Русија. Тој објасни дека заменик-министерот за надворешни работи на Русија, кој не е под санкции, дошол во Белград на консултации со руските амбасадори во регионот и нагласил дека тоа никој не го крие, како што најавуваат некои медиуми и политичари.
И сега велат дека сме криеле нешто. Дојдоа со редовен авион, се сретнаа и со Селаковиќ, кој му посака среќа. Немав формален состанок, но имавме еден вид работен појадок, бидејќи овој човек го познавам долго време. И сега би сакал луѓето да ми дозволат да кажам, одредени медиуми објавија дека „Вучиќ му рекол на Грушко дека Србија е под голем притисок“. се поставува прашањето, кога би сакал да ја сокријам средбата со него, што би сакал да се сокрие. Па, можеби, за да ја спасиме Србија. Па зошто ме осудивте мене, претседателот на вашата земја. Што сте вие, професионални осудувачи, рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија е посветена на Европа, но дека некои сакаат да ни кажат дека не смееме да имаме ни трошка независност.
Се додека не постои егзистенцијална закана за Србија и нејзините граѓани, ние ќе ја водиме политиката што ја одредува Советот за национална безбедност. Доколку нешто се промени, отворено ќе им кажеме на граѓаните сè. Горд сум што водиме независна политика 240 дена, нагласи Вучиќ.
Тој посочи дека Србија не и должи ништо на Русија, но дека треба да се сети што направи Москва во 2015 година и дека треба да се сети како Русија и Кина го штитат интегритетот на Србија во ОН.
Го правиме тоа затоа што имаме почит кон себе. Барам морална, правна, беспрекорно чиста позиција за земјата што најмногу ја сакам. Барам позиција за Србија. Ние сме под санкции со децении, тој истакна.
Вучиќ потсети дека Здравко Понош во истото студио рекол дека нема да воведе санкции против Русија, а Вучиќ ќе ги воведе на 3 април. Тој рече дека нема санкции, а неговото „можеби ќе се обидеме“ е многу построго од нивното најсилно да.
Нивниот збор не вреди ништо, а мојот значи, и се почитува во светот. Кога ќе дадам збор и ќе кажам дека ќе го решиме прашањето за визите, видовте дека почнавме. Ќе правиме што ќе кажеме, рече претседателот.
 
The post Ќе воведе ли Србија санкции против Русија appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Не можат по Русија, па удри по Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-ne-mozat-po-rusija-pa-udri-po-srbija/ Mon, 17 Oct 2022 12:22:00 +0000 https://republika.mk/?p=562081

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека европските претставници ја повикуваат Србија да биде „на вистинската страна на историјата“, што, како што кажа, нема врска со аргументи, додавајќи дека земјата „ќе биде во голема неволја“ доколку не воведе санкции кон Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

Деновиве Белград е како во Казабланка, бидејќи „кога има гости од Русија, се откриваат оние од западните служби кои ги следат, и исто кога се тука луѓе од Запад, следени се од истокот, рече Вучиќ на одбележувањето на Денот на Безбедоносно-информативна агенција (БИА) и 20 години од формирањето на оваа разузнавачка агенција.

Денес живееме во време кога активноста на службата е најважна, особено кон надворешниот фактор, нагласи Вучиќ.

Ако мислите дека е доволно Србија да каже дека утре ќе воведе санкции кон Русија, не, пет дена, шест дена ќе не тапкаат по рамо. Денеска тоа им служи да не удираат со стап и чекан по сите форуми, бидејќи не можат тоа да им го направат на посилни и појаки, туку на малата Србија. Па ќе ни прават нас се она за што ја обвинуваат Русија дека им прави на другите. Не би било тоа доволно, верувајте ми. На крајот на краиштата, после се би рекле: ‘Или си за иднината или сакате да бидете на вистинската страна на историјата“… А таа вистинска страна на историјата нема многу врска со аргументите, туку дека сте на нивна страна. Ако не сте на нивна страна, тогаш не сте на вистинската страна на историјата, рече Вучиќ, и се осврна на тоа што значи „вистинска страна на историјата“ од гледна точка на Западот.

Вистинската страна на историјата ви вели да се откажете од Косово и Метохија, бидејќи само така ќе добиете мал подарок, иако нема да ви кажеме точно каков ќе биде тој мал подарок, но сепак ќе биде мал. Ако само помислите да го одбиете самоукинувањето, тогаш сте во проблем. Денеска никој не ми се заканува мене како на Александар Вучиќ поради функцијата претседател на Србија, тие отворено се закануваат на целата наша држава и на нејзиниот опстанок, рече Вучиќ.

Според него, Србија ќе ги укине визите што ги бара ЕУ поради мигрантите.

Нема проблем, ќе ги укинеме визите. Нема проблем, ќе се усогласиме. Проблемот е во Србија? Дали мислите дека тоа ќе биде доволно? Нема ни вест да бидеме за тоа. Дали треба да воведеме санкции затоа што ним им пречи што постои земја која сака да има слободно мислење и која никого не загрозила, праша Вучиќ.

Вучиќ додаде дека ако има друга земја во неволја, тогаш и на нив им е полесно.

Во последните 23 години не сме биле во толку тешка ситуација, а никому ништо да не направивме, заклучи Вучиќ. об/ссм/

The post Вучиќ: Не можат по Русија, па удри по Србија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека европските претставници ја повикуваат Србија да биде „на вистинската страна на историјата“, што, како што кажа, нема врска со аргументи, додавајќи дека земјата „ќе биде во голема неволја“ доколку не воведе санкции кон Русија, јави дописникот на МИА од Белград.
Деновиве Белград е како во Казабланка, бидејќи „кога има гости од Русија, се откриваат оние од западните служби кои ги следат, и исто кога се тука луѓе од Запад, следени се од истокот, рече Вучиќ на одбележувањето на Денот на Безбедоносно-информативна агенција (БИА) и 20 години од формирањето на оваа разузнавачка агенција. Денес живееме во време кога активноста на службата е најважна, особено кон надворешниот фактор, нагласи Вучиќ. Ако мислите дека е доволно Србија да каже дека утре ќе воведе санкции кон Русија, не, пет дена, шест дена ќе не тапкаат по рамо. Денеска тоа им служи да не удираат со стап и чекан по сите форуми, бидејќи не можат тоа да им го направат на посилни и појаки, туку на малата Србија. Па ќе ни прават нас се она за што ја обвинуваат Русија дека им прави на другите. Не би било тоа доволно, верувајте ми. На крајот на краиштата, после се би рекле: ‘Или си за иднината или сакате да бидете на вистинската страна на историјата“… А таа вистинска страна на историјата нема многу врска со аргументите, туку дека сте на нивна страна. Ако не сте на нивна страна, тогаш не сте на вистинската страна на историјата, рече Вучиќ, и се осврна на тоа што значи „вистинска страна на историјата“ од гледна точка на Западот. Вистинската страна на историјата ви вели да се откажете од Косово и Метохија, бидејќи само така ќе добиете мал подарок, иако нема да ви кажеме точно каков ќе биде тој мал подарок, но сепак ќе биде мал. Ако само помислите да го одбиете самоукинувањето, тогаш сте во проблем. Денеска никој не ми се заканува мене како на Александар Вучиќ поради функцијата претседател на Србија, тие отворено се закануваат на целата наша држава и на нејзиниот опстанок, рече Вучиќ.
Според него, Србија ќе ги укине визите што ги бара ЕУ поради мигрантите.
Нема проблем, ќе ги укинеме визите. Нема проблем, ќе се усогласиме. Проблемот е во Србија? Дали мислите дека тоа ќе биде доволно? Нема ни вест да бидеме за тоа. Дали треба да воведеме санкции затоа што ним им пречи што постои земја која сака да има слободно мислење и која никого не загрозила, праша Вучиќ.
Вучиќ додаде дека ако има друга земја во неволја, тогаш и на нив им е полесно.
Во последните 23 години не сме биле во толку тешка ситуација, а никому ништо да не направивме, заклучи Вучиќ. об/ссм/

The post Вучиќ: Не можат по Русија, па удри по Србија appeared first on Република.

]]>
Унгарија нема да поддржи енергетски санкции против Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ungarija-nema-da-poddrzi-energetski-sankcii-protiv-rusija/ Thu, 29 Sep 2022 12:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=555654

Унгарија не може да го поддржи планираниот осми пакет санкции на Европската унија против Русија доколку тој вклучува енергетски санкции, изјави денеска шефот на Кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

„Унгарија веќе направи многу за да го одржи европското единство, но доколку во пакетот бидат вклучени енергетски санкции, тоа не можеме и нема да го поддржиме”, рече Ѓергели Гуљаш на брифинг со новинарите.

„Го чекаме конечниот и целосен список санкции и потоа можеме да преговараме за тоа. Унгарија не може да поддржи енергетски санкции”, изјави тој.

Европската комисија вчера предложи нови санкции против Русија, вклучително и построги трговски санкции, проширување на листата санкционирани лица и ограничување на цената на руската нафта за трети земји.

Сепак, за воведување санкции во ЕУ потребна е едногласност на државите-членки.

The post Унгарија нема да поддржи енергетски санкции против Русија appeared first on Република.

]]>

Унгарија не може да го поддржи планираниот осми пакет санкции на Европската унија против Русија доколку тој вклучува енергетски санкции, изјави денеска шефот на Кабинетот на премиерот Виктор Орбан.
„Унгарија веќе направи многу за да го одржи европското единство, но доколку во пакетот бидат вклучени енергетски санкции, тоа не можеме и нема да го поддржиме”, рече Ѓергели Гуљаш на брифинг со новинарите.
„Го чекаме конечниот и целосен список санкции и потоа можеме да преговараме за тоа. Унгарија не може да поддржи енергетски санкции”, изјави тој. Европската комисија вчера предложи нови санкции против Русија, вклучително и построги трговски санкции, проширување на листата санкционирани лица и ограничување на цената на руската нафта за трети земји. Сепак, за воведување санкции во ЕУ потребна е едногласност на државите-членки.

The post Унгарија нема да поддржи енергетски санкции против Русија appeared first on Република.

]]>
Салвини: Некој во Европа погрешно пресметал, санкциите ни наштетија на нас а не на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/salvini-nekoj-vo-evropa-pogreshno-presmetal-sankciite-ni-nashtetija-na-nas-a-ne-na-rusija/ Tue, 06 Sep 2022 10:25:59 +0000 https://republika.mk/?p=547909

Лидерот на италијанската десничарска лига, Матео Салвини апелираше за укинување на санкциите против Русија. Причината е што поради нив страдаат европските граѓани, соочени со постојано зголемување на цените на енергијата.

Поминаа неколку месеци и луѓето сега плаќаат два, три или дури четирикратни сметки. Војната продолжува, а Русија ја полни својата каса со наши пари, рече Салвини.

Ден претходно тој на Твитер напиша дека „оние кои беа санкционирани се победници, а оние кои воведоа санкции се на колена“.

Како што пишува британски „Телеграф“, порастот на цените на енергијата предизвика економски колапс во земјите од Европската унија кои до војната беа зависни од руската енергија.

Салвини, за кој се верува дека ќе влезе во десничарска коалициска влада по претстојните избори, ја изрази својата загриженост на економски форум во Чернобил на северот на земјата.

Ни треба европски штит, потребна ни е заштита на нашите семејства и претприемачи, исто како што создадовме таков штит за време на пандемијата. Ако сакаме да продолжиме со санкциите за заштита на Украина, тоа е во ред, но не би сакал да видам ситуација кога наместо некого да санкционираме, ние самите си наштетуваме. Очигледно е дека некој во Европа погрешно пресметал. Клучно е да се смени европската стратегија за да се заштитат работните места во Италија и другите земји, рече Салвини.

Лидерот на Демократската партија, Енрико Лета, одговорил дека „ни Путин не би рекол подобро“.

Тој рече дека ова се неодговорни тврдења кои можат „да ѝ нанесат голема штета на Италија, нејзината сигурност и европската улога“.

Кога го слушам Салвини, тоа е како да ја слушам пропагандата на Путин, рече тој.

The post Салвини: Некој во Европа погрешно пресметал, санкциите ни наштетија на нас а не на Русија appeared first on Република.

]]>

Лидерот на италијанската десничарска лига, Матео Салвини апелираше за укинување на санкциите против Русија. Причината е што поради нив страдаат европските граѓани, соочени со постојано зголемување на цените на енергијата.
Поминаа неколку месеци и луѓето сега плаќаат два, три или дури четирикратни сметки. Војната продолжува, а Русија ја полни својата каса со наши пари, рече Салвини.
Ден претходно тој на Твитер напиша дека „оние кои беа санкционирани се победници, а оние кои воведоа санкции се на колена“. Како што пишува британски „Телеграф“, порастот на цените на енергијата предизвика економски колапс во земјите од Европската унија кои до војната беа зависни од руската енергија. Салвини, за кој се верува дека ќе влезе во десничарска коалициска влада по претстојните избори, ја изрази својата загриженост на економски форум во Чернобил на северот на земјата.
Ни треба европски штит, потребна ни е заштита на нашите семејства и претприемачи, исто како што создадовме таков штит за време на пандемијата. Ако сакаме да продолжиме со санкциите за заштита на Украина, тоа е во ред, но не би сакал да видам ситуација кога наместо некого да санкционираме, ние самите си наштетуваме. Очигледно е дека некој во Европа погрешно пресметал. Клучно е да се смени европската стратегија за да се заштитат работните места во Италија и другите земји, рече Салвини.
Лидерот на Демократската партија, Енрико Лета, одговорил дека „ни Путин не би рекол подобро“. Тој рече дека ова се неодговорни тврдења кои можат „да ѝ нанесат голема штета на Италија, нејзината сигурност и европската улога“.
Кога го слушам Салвини, тоа е како да ја слушам пропагандата на Путин, рече тој.

The post Салвини: Некој во Европа погрешно пресметал, санкциите ни наштетија на нас а не на Русија appeared first on Република.

]]>
Економист: Русија ги издржа западните санкции поради три причини https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ekonomist-rusija-gi-izdrza-zapadnite-sankcii-poradi-tri-prichini/ Sat, 27 Aug 2022 21:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=544816

Три причини се главни зошто руската економија го издржа притисокот на западните санкции, пишува Економист.

Во публикацијата се наведува дека Русија била заштитена од економски колапс, пред сè, со комплетното делување на Централната банка. Им олесни историското минато на земјата која ја доживува петтата економска криза во четврт век.

Покрај тоа, под влијание на различни санкции, Русија живее многу долго. Рускиот народ мирно ги прифаќа новите предизвици.

Како заклучок, авторите на материјалот го забележаа фактот дека, и покрај колосалниот притисок врз Русија, производството на нафта во земјата, како што се испостави, остана на исто ниво.

The post Економист: Русија ги издржа западните санкции поради три причини appeared first on Република.

]]>

Три причини се главни зошто руската економија го издржа притисокот на западните санкции, пишува Економист. Во публикацијата се наведува дека Русија била заштитена од економски колапс, пред сè, со комплетното делување на Централната банка. Им олесни историското минато на земјата која ја доживува петтата економска криза во четврт век. Покрај тоа, под влијание на различни санкции, Русија живее многу долго. Рускиот народ мирно ги прифаќа новите предизвици. Како заклучок, авторите на материјалот го забележаа фактот дека, и покрај колосалниот притисок врз Русија, производството на нафта во земјата, како што се испостави, остана на исто ниво.

The post Економист: Русија ги издржа западните санкции поради три причини appeared first on Република.

]]>
Чешка: Енергетската војна со Русија ѝ штети на цела ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cheshka-energetskata-vojna-so-rusija-shteti-na-cela-eu/ Fri, 26 Aug 2022 18:34:48 +0000 https://republika.mk/?p=544554

Европа се соочува со големо зголемување на сметките за енергија, поттикнати од силниот пораст на цените на гасот, додека војната во Украина и европските санкции против Русија ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на снабдувањето со гас. Владите разгледуваат мерки за намалување на порастот на сметките за домаќинствата и компаниите.

Чешка ќе предложи вонредна средба на европските министри за енергетика колку е можно побрзо за да се расправа за прашањето на растечките цени на енергенсите, кажа чешкиот министер за индустрија Јозеф Сикела.

„Ние сме во енергетска војна во Русија и тоа ѝ штети на целата ЕУ. Во договор со Европската комисија и премиерот Петр Фијала ќе предложиме свикување на вонредна средба на Советот на ЕУ за енергетика што е можно побрзо“, напиша Сикела на Твитер.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и чешкиот премиер Петр Фијала се согласија Чешка, претседавачот со ЕУ, да свика итен вонреден состанок на министрите за енергетика на земјите-членки да се договорат како да се контролираат ​​цените на енергијата.

Ова денеска го објави Фијала на Твитер и најави „конкретни вонредни мерки за решавање на енергетската состојба“, додека министерот за индустрија и трговија Јозеф Сикела рече дека средбата ќе се одржи во најкраток можен рок.

Тој најави дека решението што Чешка сигурно ќе го поддржи ќе биде да се одредат максимални цени за струјата, гасот и нафтата во ЕУ.

„Исто така, би било можно да цените да се раздвојат според видот на производството на електрична енергија или да се променат системот на дозволи за емисија. Тоа се многу технички дебати и секое решение има свои поддржувачи“, рече Сикела.

Чешкиот претседател Милош Земан вчера побара да се контролираат цените на енергенсите, кои излегоа од контрола по рускиот напад на Украина, а денеска претставници на чешките регионални власти побараа од владата да започне со регулирање на цените на енергијата од следната година, без оглед на европското решение.

„Порастот на цените е таков што веќе не може да се зборува за криза туку за колапс. Русија го користи гасот како оружје. Нашиот предлог за домаќинствата е владата да премине на регулирана цена од почетокот на годината. Така би се приспособила 75 отсто од вообичаената потрошувачка во конкретниот објект. За јавниот сектор на државата треба да назначи државен продавач на енергија. Законот ќе ги обврзе енергетските компании да му продаваат од 10 до 15 проценти од своето производство“, рече претседателот на Здружението на чешки региони, Мартин Куба.

Министерот за правда Павел Блажек предупреди дека расположението во општеството е најдраматично од падот на комунистите и дека доколку не се реши енергетската криза, се закануваат социјални немири и загрозен е политичкиот систем во земјата.

Доколку не се најде заедничко европско решение, загрозена е и самата Европска унија“, изјави денеска Блажек на седницата на чешкиот Парламент. паг/

The post Чешка: Енергетската војна со Русија ѝ штети на цела ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европа се соочува со големо зголемување на сметките за енергија, поттикнати од силниот пораст на цените на гасот, додека војната во Украина и европските санкции против Русија ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на снабдувањето со гас. Владите разгледуваат мерки за намалување на порастот на сметките за домаќинствата и компаниите. Чешка ќе предложи вонредна средба на европските министри за енергетика колку е можно побрзо за да се расправа за прашањето на растечките цени на енергенсите, кажа чешкиот министер за индустрија Јозеф Сикела.
„Ние сме во енергетска војна во Русија и тоа ѝ штети на целата ЕУ. Во договор со Европската комисија и премиерот Петр Фијала ќе предложиме свикување на вонредна средба на Советот на ЕУ за енергетика што е можно побрзо“, напиша Сикела на Твитер.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и чешкиот премиер Петр Фијала се согласија Чешка, претседавачот со ЕУ, да свика итен вонреден состанок на министрите за енергетика на земјите-членки да се договорат како да се контролираат ​​цените на енергијата. Ова денеска го објави Фијала на Твитер и најави „конкретни вонредни мерки за решавање на енергетската состојба“, додека министерот за индустрија и трговија Јозеф Сикела рече дека средбата ќе се одржи во најкраток можен рок. Тој најави дека решението што Чешка сигурно ќе го поддржи ќе биде да се одредат максимални цени за струјата, гасот и нафтата во ЕУ.
„Исто така, би било можно да цените да се раздвојат според видот на производството на електрична енергија или да се променат системот на дозволи за емисија. Тоа се многу технички дебати и секое решение има свои поддржувачи“, рече Сикела.
Чешкиот претседател Милош Земан вчера побара да се контролираат цените на енергенсите, кои излегоа од контрола по рускиот напад на Украина, а денеска претставници на чешките регионални власти побараа од владата да започне со регулирање на цените на енергијата од следната година, без оглед на европското решение.
„Порастот на цените е таков што веќе не може да се зборува за криза туку за колапс. Русија го користи гасот како оружје. Нашиот предлог за домаќинствата е владата да премине на регулирана цена од почетокот на годината. Така би се приспособила 75 отсто од вообичаената потрошувачка во конкретниот објект. За јавниот сектор на државата треба да назначи државен продавач на енергија. Законот ќе ги обврзе енергетските компании да му продаваат од 10 до 15 проценти од своето производство“, рече претседателот на Здружението на чешки региони, Мартин Куба.
Министерот за правда Павел Блажек предупреди дека расположението во општеството е најдраматично од падот на комунистите и дека доколку не се реши енергетската криза, се закануваат социјални немири и загрозен е политичкиот систем во земјата.
Доколку не се најде заедничко европско решение, загрозена е и самата Европска унија“, изјави денеска Блажек на седницата на чешкиот Парламент. паг/

The post Чешка: Енергетската војна со Русија ѝ штети на цела ЕУ appeared first on Република.

]]>
На Русија одлично ѝ оди со приходите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-rusija-odlichno-odi-so-prihodite/ Thu, 18 Aug 2022 07:57:41 +0000 https://republika.mk/?p=541576

Поголемиот обем на извоз на нафта, заедно со зголемувањето на цените на гасот, ќе ја зголемат заработката на Русија од извозот на енергенси на 337,5 милијарди долари оваа година, што е раст од 38 отсто во однос на 2021 година. Тоа се нагласува во документ од Министерството за економија на Русија во кој имале увид западни медиуми.

Скокот на приходите, доколку се оствари, ќе помогне да се зајакне руската економија пред брановите на западните санкции. Тоа ќе му обезбеди на претседателот Владимир Путин готовина за финансирање на воените трошоци или за зголемување на платите и пензиите во време кога економијата западна во рецесија, а инфлацијата го намалува животниот стандард, јавија медиумите.

Но, бумот на заработката од енергијата само делумно ја компензира штетата од санкциите за економијата во целост, велат аналитичарите.

„Влијанието на санкциите врз руската економија е многу нерамномерно. Во некои сектори беше катастрофално, како што е автомобилската индустрија. Нафтениот сектор засега е релативно неповреден“, вели Јанис Клуге, виш соработник во Германскиот институт за меѓународни и Безбедносни работи.

Покрај автомобилите, тој ги наведе ИТ и финансиите како два од најтешко погодените сектори. „Овие сектори имаа најсилни врски со Западот и, следствено, најмногу страдаат.

Документот на министерството проектира дека приходите од извозот на енергенси ќе бидат 255,8 милијарди долари следната година, што е сепак повисока од бројката од 244,2 милијарди долари во 2021 година.

Просечната цена на извозот на гас ќе се удвои оваа година на 730 долари за 1.000 кубни метри, пред постепено да падне до крајот на 2025 година, според прогнозите на аналитичари. зш/

The post На Русија одлично ѝ оди со приходите appeared first on Република.

]]>

Поголемиот обем на извоз на нафта, заедно со зголемувањето на цените на гасот, ќе ја зголемат заработката на Русија од извозот на енергенси на 337,5 милијарди долари оваа година, што е раст од 38 отсто во однос на 2021 година. Тоа се нагласува во документ од Министерството за економија на Русија во кој имале увид западни медиуми. Скокот на приходите, доколку се оствари, ќе помогне да се зајакне руската економија пред брановите на западните санкции. Тоа ќе му обезбеди на претседателот Владимир Путин готовина за финансирање на воените трошоци или за зголемување на платите и пензиите во време кога економијата западна во рецесија, а инфлацијата го намалува животниот стандард, јавија медиумите. Но, бумот на заработката од енергијата само делумно ја компензира штетата од санкциите за економијата во целост, велат аналитичарите.
„Влијанието на санкциите врз руската економија е многу нерамномерно. Во некои сектори беше катастрофално, како што е автомобилската индустрија. Нафтениот сектор засега е релативно неповреден“, вели Јанис Клуге, виш соработник во Германскиот институт за меѓународни и Безбедносни работи.
Покрај автомобилите, тој ги наведе ИТ и финансиите како два од најтешко погодените сектори. „Овие сектори имаа најсилни врски со Западот и, следствено, најмногу страдаат. Документот на министерството проектира дека приходите од извозот на енергенси ќе бидат 255,8 милијарди долари следната година, што е сепак повисока од бројката од 244,2 милијарди долари во 2021 година. Просечната цена на извозот на гас ќе се удвои оваа година на 730 долари за 1.000 кубни метри, пред постепено да падне до крајот на 2025 година, според прогнозите на аналитичари. зш/

The post На Русија одлично ѝ оди со приходите appeared first on Република.

]]>
И Алина Кабаева меѓу санционираните https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-alina-kabaeva-megju-sancioniranite/ Tue, 02 Aug 2022 20:52:52 +0000 https://republika.mk/?p=536268

САД во вторникот на листата санкционирани Руси, под изговор за војната во Украина, ги додадоа имињата на уште 893 Руси, меѓу кои и поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, според западните медиуми наводната партнерка на претседателот Владимир Путин што тој го негираше, и за еден од челниците на еден од најголемите светски произведувачи на челик.

Образложението на американското министерство за финансии е дека Кабаева денес е на чело на руска медиумска групација којашто опфаќа телевизиски и радиокуќи, како и печатени медиуми.

Санкциониран е и еден од најголемите светски производители на челик ММК и мнозински сопственик и претседател на Управниот одбор, Виктор Филипович Рапников, соопшти американското министерство.

Образложението на Вашингтон е дека ММК е „еден од најголемите плаќачи на данок во Русија и голем извор на приходи за руската влада“. На списокот на санкционираните се додадени и две филијали на ММК од кои едната има седиште во Русија а другата во Турција.

Американскиот Стејт департмент во вторникот соопшти дека воведува визни ограничувања за 893 руските функционери, и припадници на војската „поради нивната улога во агресијата врз Украина“.

Санкционирани се и 31 странски функционер од земји коишто Стејт департментот не ги наведува, а коишто ги признаваат двата референдума со кои доминантно руското население на црноморскиот полуостров Крим по превратот во Киев во март 2014 година одлучи да ја врати укинатата во 1990-те автономија и да се врати во составот на Русија од кој е извадена во 1954 година, но Западот тоа го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.

На листата се и тројца руски деловни луѓе кои Стејт департментот ги обвинува дека „му помагаат“ на Путин. Еден од нив е поранешниот член на руската влада Андреј Гурјев. Под санкции е и јахтата „AlfaNero“, регистрирана на Кајманските острови, којашто наводни Гјурев ја купил за 210 милиони долари во 2014 година.

Стејт департментот воведува и санкции против 24 руски компании од секторот на одбраната и технологиите за „дополнително да ја изолира руската одбранбена и технолошка индустрија и да ја ограничи руската воена машинерија“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во посебно соопштение.

Вашингтон во вторникот објави и дека спречил избегнување на санкциите на што се обиделе „некои големи финансиски институции“, а меѓу нив е и финансискиот оддел во сопственост на Руската федерална агенција за управување со државни недвижнини.

The post И Алина Кабаева меѓу санционираните appeared first on Република.

]]>

САД во вторникот на листата санкционирани Руси, под изговор за војната во Украина, ги додадоа имињата на уште 893 Руси, меѓу кои и поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, според западните медиуми наводната партнерка на претседателот Владимир Путин што тој го негираше, и за еден од челниците на еден од најголемите светски произведувачи на челик. Образложението на американското министерство за финансии е дека Кабаева денес е на чело на руска медиумска групација којашто опфаќа телевизиски и радиокуќи, како и печатени медиуми. Санкциониран е и еден од најголемите светски производители на челик ММК и мнозински сопственик и претседател на Управниот одбор, Виктор Филипович Рапников, соопшти американското министерство. Образложението на Вашингтон е дека ММК е „еден од најголемите плаќачи на данок во Русија и голем извор на приходи за руската влада“. На списокот на санкционираните се додадени и две филијали на ММК од кои едната има седиште во Русија а другата во Турција. Американскиот Стејт департмент во вторникот соопшти дека воведува визни ограничувања за 893 руските функционери, и припадници на војската „поради нивната улога во агресијата врз Украина“. Санкционирани се и 31 странски функционер од земји коишто Стејт департментот не ги наведува, а коишто ги признаваат двата референдума со кои доминантно руското население на црноморскиот полуостров Крим по превратот во Киев во март 2014 година одлучи да ја врати укинатата во 1990-те автономија и да се врати во составот на Русија од кој е извадена во 1954 година, но Западот тоа го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија. На листата се и тројца руски деловни луѓе кои Стејт департментот ги обвинува дека „му помагаат“ на Путин. Еден од нив е поранешниот член на руската влада Андреј Гурјев. Под санкции е и јахтата „AlfaNero“, регистрирана на Кајманските острови, којашто наводни Гјурев ја купил за 210 милиони долари во 2014 година. Стејт департментот воведува и санкции против 24 руски компании од секторот на одбраната и технологиите за „дополнително да ја изолира руската одбранбена и технолошка индустрија и да ја ограничи руската воена машинерија“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во посебно соопштение. Вашингтон во вторникот објави и дека спречил избегнување на санкциите на што се обиделе „некои големи финансиски институции“, а меѓу нив е и финансискиот оддел во сопственост на Руската федерална агенција за управување со државни недвижнини.

The post И Алина Кабаева меѓу санционираните appeared first on Република.

]]>
ММФ: Руската економија подобро ги поднесува санкциите од очекуваното https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mmf-ruskata-ekonomija-podobro-gi-podnesuva-sankciite-od-ochekuvanoto/ Tue, 26 Jul 2022 21:45:48 +0000 https://republika.mk/?p=533560

Руската економија е во подобра состојба од очекуваното по санкциите, соопшти ММФ. И покрај санкциите од Западот наметнати на Москва по инвазијата на Украина, руската економија се чини дека се справува подобро од очекуваното бидејќи има корист од високите цени на енергенсите, додаваат тие.

Санкциите имаа за цел да ја изолираат Русија од глобалниот финансиски систем и да ги задушат средствата со кои располага Москва за финансирање на војната.

Но, последниот извештај на ММФ за светската економија ја зголеми неговата проценка за бруто домашниот производ (БДП) на Русија за оваа година за огромни 2,5%, иако економијата сè уште се очекува да се намали за 6%.

Зошто падот не беше толку лош?

„Сè уште е прилично голема рецесија во Русија во 2022 година“, изјави за АФП главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуриншас.

Тој ја објасни клучната причина зошто падот не бил толку силен како што се очекуваше.

„Руската централна банка и руските креатори на политиката успеаjа да спречат банкарска паника или финансиски колапс кога првпат беа воведени санкциите, и зголемените цени на енергенсите обезбедуваат огромен приход за руската економија“, рече тој.

Откако ја започна годината под 80 долари за барел, цената на нафтата скокна на речиси 129 долари во март, пред да се спушти под 105 долари денес, додека цените на природниот гас повторно растат и се приближуваат до неодамнешните највисоки нивоа.

The post ММФ: Руската економија подобро ги поднесува санкциите од очекуваното appeared first on Република.

]]>

Руската економија е во подобра состојба од очекуваното по санкциите, соопшти ММФ. И покрај санкциите од Западот наметнати на Москва по инвазијата на Украина, руската економија се чини дека се справува подобро од очекуваното бидејќи има корист од високите цени на енергенсите, додаваат тие. Санкциите имаа за цел да ја изолираат Русија од глобалниот финансиски систем и да ги задушат средствата со кои располага Москва за финансирање на војната. Но, последниот извештај на ММФ за светската економија ја зголеми неговата проценка за бруто домашниот производ (БДП) на Русија за оваа година за огромни 2,5%, иако економијата сè уште се очекува да се намали за 6%. Зошто падот не беше толку лош?
„Сè уште е прилично голема рецесија во Русија во 2022 година“, изјави за АФП главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуриншас.
Тој ја објасни клучната причина зошто падот не бил толку силен како што се очекуваше.
„Руската централна банка и руските креатори на политиката успеаjа да спречат банкарска паника или финансиски колапс кога првпат беа воведени санкциите, и зголемените цени на енергенсите обезбедуваат огромен приход за руската економија“, рече тој.
Откако ја започна годината под 80 долари за барел, цената на нафтата скокна на речиси 129 долари во март, пред да се спушти под 105 долари денес, додека цените на природниот гас повторно растат и се приближуваат до неодамнешните највисоки нивоа.

The post ММФ: Руската економија подобро ги поднесува санкциите од очекуваното appeared first on Република.

]]>
ЕУ ги обнови санкциите против Русија до крајот на јануари 2023 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-gi-obnovi-sankciite-protiv-rusija-do-krajot-na-januari-2023/ Tue, 26 Jul 2022 20:54:23 +0000 https://republika.mk/?p=533546

Европската Унија одлучи да ги обнови санкциите против Русија за уште шест месеци, па така се продолжени до крајот на јануари 2023 година.

Ројтерс пренесува дека оваа одлука, која ја донесоа министрите за енергетика на ЕУ, се однесува на санкциите кои првпат беа воведени во 2014, а значително беа проширени по руската инвазија на Украина во февруари годинава.

Во моментов се состојат од широк спектар рестриктивни мерки, вклучувајќи ограничувања за финансии, енергија, технологија, стока за цивилна и воена употреба, индустрија, транспорт, поединечни рестриктивни мерки (замрзнување средства и ограничување на патувања) за широк спектар поединци и ентитети, дипломатски мерки...

The post ЕУ ги обнови санкциите против Русија до крајот на јануари 2023 appeared first on Република.

]]>

Европската Унија одлучи да ги обнови санкциите против Русија за уште шест месеци, па така се продолжени до крајот на јануари 2023 година. Ројтерс пренесува дека оваа одлука, која ја донесоа министрите за енергетика на ЕУ, се однесува на санкциите кои првпат беа воведени во 2014, а значително беа проширени по руската инвазија на Украина во февруари годинава. Во моментов се состојат од широк спектар рестриктивни мерки, вклучувајќи ограничувања за финансии, енергија, технологија, стока за цивилна и воена употреба, индустрија, транспорт, поединечни рестриктивни мерки (замрзнување средства и ограничување на патувања) за широк спектар поединци и ентитети, дипломатски мерки...

The post ЕУ ги обнови санкциите против Русија до крајот на јануари 2023 appeared first on Република.

]]>
Мораме остро да одговориме на затворањето на небото на Македонија, Бугарија и Црна Гора, рече потпретседателот на Горниот дом на рускиот Парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/morame-ostro-da-odgovorime-na-zatvoranjeto-na-neboto-na-makedonija-bugarija-i-crna-gora-reche-potpretsedatelot-na-gorniot-dom-na-ruskiot-parlament/ Mon, 06 Jun 2022 09:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=511658

Москва и Белград мора да одговорат исклучително остро на затворањето на воздушниот простор, од страна на соседите на Србија, за авионот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, смета потпретседателот на Горниот дом на рускиот Парламент, Константин Косачев.

Според него, одлуката е удар врз Русија и на Србија, како држави.

Реакцијата, се надевам, ќе биде заедничка и крајно остра, во форма на, не само дипломатски протести, туку и конкретни, практични одговори. Тоа беше непочитување, напиша тој на Телеграм.

Како што истакна Косачев, одлуката на Бугарија, Црна Гора и на Македонија, не била самостојна.

https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-ja-otkaza-posetata-na-srbija-otkako-makedonija-ne-dozvoli-prelet-na-ruskiot-avion/

Со влезот во НАТО, сите три земји го изгубија суверенитетот, тврди Косачев.

Тој додаде и оти „НАТО со директна интервенција во билатералните работи на Русија и Србија се обидува да го заземе и потчине остатокот од Европа“.

Следната фаза ќе биде „ширење на сојузот на целиот свет, каде по Русија, Кина ќе стане стратешка цел број два, нагласи Косачев.

Неговата реакција е една од низата, откако следуваше забраната за прелет на авионот со Лавров кон Србија, каде тој денеска требаше да пристигне во дводневна посета.

https://republika.mk/vesti/balkan/crna-gora-makedonija-i-bugarija-mu-zabranija-prelet-na-lavrov-do-belgrad/

The post Мораме остро да одговориме на затворањето на небото на Македонија, Бугарија и Црна Гора, рече потпретседателот на Горниот дом на рускиот Парламент appeared first on Република.

]]>

Москва и Белград мора да одговорат исклучително остро на затворањето на воздушниот простор, од страна на соседите на Србија, за авионот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, смета потпретседателот на Горниот дом на рускиот Парламент, Константин Косачев. Според него, одлуката е удар врз Русија и на Србија, како држави.
Реакцијата, се надевам, ќе биде заедничка и крајно остра, во форма на, не само дипломатски протести, туку и конкретни, практични одговори. Тоа беше непочитување, напиша тој на Телеграм.
Како што истакна Косачев, одлуката на Бугарија, Црна Гора и на Македонија, не била самостојна. https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-ja-otkaza-posetata-na-srbija-otkako-makedonija-ne-dozvoli-prelet-na-ruskiot-avion/
Со влезот во НАТО, сите три земји го изгубија суверенитетот, тврди Косачев.
Тој додаде и оти „НАТО со директна интервенција во билатералните работи на Русија и Србија се обидува да го заземе и потчине остатокот од Европа“.
Следната фаза ќе биде „ширење на сојузот на целиот свет, каде по Русија, Кина ќе стане стратешка цел број два, нагласи Косачев.
Неговата реакција е една од низата, откако следуваше забраната за прелет на авионот со Лавров кон Србија, каде тој денеска требаше да пристигне во дводневна посета. https://republika.mk/vesti/balkan/crna-gora-makedonija-i-bugarija-mu-zabranija-prelet-na-lavrov-do-belgrad/

The post Мораме остро да одговориме на затворањето на небото на Македонија, Бугарија и Црна Гора, рече потпретседателот на Горниот дом на рускиот Парламент appeared first on Република.

]]>
Лавров: Шестиот пакет санкции најмногу ќе ѝ наштети на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-shestiot-paket-sankcii-najmnogu-kje-nashteti-na-eu/ Sun, 05 Jun 2022 09:42:39 +0000 https://republika.mk/?p=511330

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за Радио телевизија на Република Српска изјави дека Европската унија ќе биде повеќе оштетена од шестиот пакет санкции за увоз на руска нафта.

Лавров во интервју за Радио телевизија на Република Српска изјави дека Европската унија ќе биде повеќе оштетена од шестиот пакет санкции за увоз на руска нафта, а Русија ќе има дополнителен буџетски суфицит поради зголемувањето на цената на енергенсите.

„Со оглед на нивото на цените поставени како резултат на политиката на Западот, немаме буџетски загуби. Напротив, оваа година значително ќе го зголемиме профитот од извозот на нашата енергија“, рече Лавров за Ентити радио телевизија на РС пред посетата на Белград. .

„Сега нема сомнеж дека сите овие петти и шести пакети ја погодија Европа. Рековте дека стандардот на живеење таму паѓа, инфлацијата расте, растот на производството е забавен и се појави терминот „нови сиромашни““, додаде Лавров.

The post Лавров: Шестиот пакет санкции најмногу ќе ѝ наштети на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за Радио телевизија на Република Српска изјави дека Европската унија ќе биде повеќе оштетена од шестиот пакет санкции за увоз на руска нафта. Лавров во интервју за Радио телевизија на Република Српска изјави дека Европската унија ќе биде повеќе оштетена од шестиот пакет санкции за увоз на руска нафта, а Русија ќе има дополнителен буџетски суфицит поради зголемувањето на цената на енергенсите. „Со оглед на нивото на цените поставени како резултат на политиката на Западот, немаме буџетски загуби. Напротив, оваа година значително ќе го зголемиме профитот од извозот на нашата енергија“, рече Лавров за Ентити радио телевизија на РС пред посетата на Белград. . „Сега нема сомнеж дека сите овие петти и шести пакети ја погодија Европа. Рековте дека стандардот на живеење таму паѓа, инфлацијата расте, растот на производството е забавен и се појави терминот „нови сиромашни““, додаде Лавров.

The post Лавров: Шестиот пакет санкции најмногу ќе ѝ наштети на ЕУ appeared first on Република.

]]>
ЕУ удри по руската нафта – усвоен шестиот пакет-мерки против Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-udri-po-ruskata-nafta-usvoen-shestiot-paket-merki-protiv-rusija/ Thu, 02 Jun 2022 15:56:14 +0000 https://republika.mk/?p=510309

ЕУ се согласи на нови санкции против Русија. Пакетот вклучува ембарго за нафта.

Европската унија штотуку ја одобри шестата рунда санкции против Русија, пишува Ројтерс.

„Има одлука на амбасадорот. Шестиот пакет ќе стапи во сила по неговото објавување во Службениот весник на ЕУ, приближно во петок“, изјави неименуван дипломат за новинарите во Брисел, цитирајќи го Ројтерс.

The post ЕУ удри по руската нафта – усвоен шестиот пакет-мерки против Русија appeared first on Република.

Нафтеното ембарго врз Русија ќе важи за сите освен за земјите без излез на море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/naftenoto-embargo-vrz-rusija-kje-vazi-za-site-osven-za-zemjite-bez-izlez-na-more/ Tue, 31 May 2022 06:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=509012

Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ доцна синоќа постигнаа политички договор синоќа за ембарго од околу 90 отсто врз руската нафта, Унгарија го доби исклучокот што го бараше, јави дописничката на МИА од Брисел.

И покрај песимизмот во одредени кругови во ЕУ, лидерите сепак изнајдоа начелен политички договор за руската нафта. До крајот на годината сировата нафта и нафтените производи од Русија ќе подлежат на ембарго, освен во случај на испораката на нафтоводот Дружба кон југот, објаснија претседателите Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен на прес-конференција по првиот ден од вонредниот лидерски самит.

Целата нафта што се пренесува преку море ќе подлежи на ембарго, како и делот од нафтата што се пренесува преку нафтоводот Дружба кон северните земји, односно Полска и Германија. Нафтата пак што Дружба ја носи кон јужните земји, Унгарија и Словачка пред сѐ, ќе биде изземена согласно политичкиот договор склучен денеска на лидерско ниво.

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во среда овој договор ќе го преточат во законски текст, најави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Изземањето на земјите без излез на море е исто така привремено, потенцираше Мишел.

До крајот на годината 90 отсто од руската нафта ќе биде забранета, а ќе се навратиме што поскоро на привремениот исклучок, рече Мишел.

Идејата е на земјите без излез на море да им се даде време да ги адаптираат своите инфраструктури за да можат да увезуваат друг вид на нафта од руската и од нафтоводот Дружба.

Десетте отсто што остануваат се јужниот дел на Дружба и се договоривме да се навратиме на ова што поскоро на еден или друг начин, ќе се навратиме, ова е голем чекор напред, веќе се ослободивме од јагленот, сега имаме договор за одвикнување од нафтата со јасен временски рок, рече претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа објасни и дека Хрватска се нуди да ѝ помогне на Унгарија во транзицијата од Дружба кон јадранскиот нафтовод.

Има јадрански нафтовод чиј капацитет може да се зголеми како што објасни хрватскиот премиер, и навремено да испорача нафта во Унгарија, временскиот рок потребен за да се зголеми капацитетот е 45 до 60 дена, потребни се неколку инвестиции, исто така рафинериите во земјите без излез  на море ќе треба да се прилагодат бидејќи квалитетот на руската нафта  различен од јадранската нафта, рече Фон дер Лајен.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан исто така бараше гаранции во случај на оштетување на нафтоводот Дружба, што поминува низ Украина, дека ќе му биде дозволено да продолжи да добива руска нафта.

Ова е фер за европските граѓани, ја земаме предвид безбедноста на набавка на енергија, затоа и толку е тешко, на овој начин ќе биде помалку болно, помалку ризично, помалку тешко, рече Мишел, додавајќи дека овој исклучок не се однесува само на Унгарија туку на сите земји без излез на море.

Освен ембаргото врз нафтата, лидерите денеска се согласија да ја исклучат најголемата комерцијална руска банка, Сбербанк, од системот СВИФТ, да се забранат низа руски компании во ЕУ и да се забранат уште три руски државни медиуми.

Постигнат е и политички договор да и се обезбедат девет милијарди евра макрофинансиска помош на Украина.

The post Нафтеното ембарго врз Русија ќе важи за сите освен за земјите без излез на море appeared first on Република.

]]>

Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ доцна синоќа постигнаа политички договор синоќа за ембарго од околу 90 отсто врз руската нафта, Унгарија го доби исклучокот што го бараше, јави дописничката на МИА од Брисел. И покрај песимизмот во одредени кругови во ЕУ, лидерите сепак изнајдоа начелен политички договор за руската нафта. До крајот на годината сировата нафта и нафтените производи од Русија ќе подлежат на ембарго, освен во случај на испораката на нафтоводот Дружба кон југот, објаснија претседателите Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен на прес-конференција по првиот ден од вонредниот лидерски самит. Целата нафта што се пренесува преку море ќе подлежи на ембарго, како и делот од нафтата што се пренесува преку нафтоводот Дружба кон северните земји, односно Полска и Германија. Нафтата пак што Дружба ја носи кон јужните земји, Унгарија и Словачка пред сѐ, ќе биде изземена согласно политичкиот договор склучен денеска на лидерско ниво. Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во среда овој договор ќе го преточат во законски текст, најави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Изземањето на земјите без излез на море е исто така привремено, потенцираше Мишел.
До крајот на годината 90 отсто од руската нафта ќе биде забранета, а ќе се навратиме што поскоро на привремениот исклучок, рече Мишел.
Идејата е на земјите без излез на море да им се даде време да ги адаптираат своите инфраструктури за да можат да увезуваат друг вид на нафта од руската и од нафтоводот Дружба.
Десетте отсто што остануваат се јужниот дел на Дружба и се договоривме да се навратиме на ова што поскоро на еден или друг начин, ќе се навратиме, ова е голем чекор напред, веќе се ослободивме од јагленот, сега имаме договор за одвикнување од нафтата со јасен временски рок, рече претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
Таа објасни и дека Хрватска се нуди да ѝ помогне на Унгарија во транзицијата од Дружба кон јадранскиот нафтовод.
Има јадрански нафтовод чиј капацитет може да се зголеми како што објасни хрватскиот премиер, и навремено да испорача нафта во Унгарија, временскиот рок потребен за да се зголеми капацитетот е 45 до 60 дена, потребни се неколку инвестиции, исто така рафинериите во земјите без излез  на море ќе треба да се прилагодат бидејќи квалитетот на руската нафта  различен од јадранската нафта, рече Фон дер Лајен.
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан исто така бараше гаранции во случај на оштетување на нафтоводот Дружба, што поминува низ Украина, дека ќе му биде дозволено да продолжи да добива руска нафта.
Ова е фер за европските граѓани, ја земаме предвид безбедноста на набавка на енергија, затоа и толку е тешко, на овој начин ќе биде помалку болно, помалку ризично, помалку тешко, рече Мишел, додавајќи дека овој исклучок не се однесува само на Унгарија туку на сите земји без излез на море.
Освен ембаргото врз нафтата, лидерите денеска се согласија да ја исклучат најголемата комерцијална руска банка, Сбербанк, од системот СВИФТ, да се забранат низа руски компании во ЕУ и да се забранат уште три руски државни медиуми. Постигнат е и политички договор да и се обезбедат девет милијарди евра макрофинансиска помош на Украина.

The post Нафтеното ембарго врз Русија ќе важи за сите освен за земјите без излез на море appeared first on Република.

]]>
Вучиќ објави дали Србија ќе ѝ воведе санкции на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-objavi-dali-srbija-kje-vovede-sankcii-na-rusija/ Wed, 25 May 2022 20:20:30 +0000 https://republika.mk/?p=506924

Српскиот претседател Александар Вучиќ откри детали од разговорите на Светскиот економски форум.

Како што рече, главна тема на собирот во Давос и натаму била Украина, а на прашањето дали на средбите со светските лидери забележал дека негодуваат за добрите односи меѓу Србија и Русија. Вучиќ рече дека сите му замеруваат.

Зборувајќи за тоа што барале од него, Вучиќ вели дека знаат дека не е толку лесно.

„Тие кажуваат која е нивната идеја и што очекуваат, а што ќе бараат, односно ... Како да дојдат да кажат - ајде да воведеме санкции или убаво да излеземе. Како да го побараат тоа? Работете така. Можеше да биде додека Србија не стане држава“, вели Вучиќ.

На прашањето дали постои можност Србија да ѝ воведе санкции на Русија, Вучиќ рече дека засега нема таква можност.

„Што ќе се случи во иднина, не знам што носи животот и како ќе изгледа се. Не сум од оние кои пцујат и не исполнуваат нешто, претпочитам да не пцујам и да направам нешто. Тој пристап отсекогаш бил „Јас сум многу подобар и отсекогаш сум му верувал на тој пристап многу повеќе од оние кои се колнат во се на светот, знам дека на третиот ден ќе го направат поинаку“, вели Вучиќ.

The post Вучиќ објави дали Србија ќе ѝ воведе санкции на Русија appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ откри детали од разговорите на Светскиот економски форум. Како што рече, главна тема на собирот во Давос и натаму била Украина, а на прашањето дали на средбите со светските лидери забележал дека негодуваат за добрите односи меѓу Србија и Русија. Вучиќ рече дека сите му замеруваат. Зборувајќи за тоа што барале од него, Вучиќ вели дека знаат дека не е толку лесно.
„Тие кажуваат која е нивната идеја и што очекуваат, а што ќе бараат, односно ... Како да дојдат да кажат - ајде да воведеме санкции или убаво да излеземе. Како да го побараат тоа? Работете така. Можеше да биде додека Србија не стане држава“, вели Вучиќ.
На прашањето дали постои можност Србија да ѝ воведе санкции на Русија, Вучиќ рече дека засега нема таква можност.
„Што ќе се случи во иднина, не знам што носи животот и како ќе изгледа се. Не сум од оние кои пцујат и не исполнуваат нешто, претпочитам да не пцујам и да направам нешто. Тој пристап отсекогаш бил „Јас сум многу подобар и отсекогаш сум му верувал на тој пристап многу повеќе од оние кои се колнат во се на светот, знам дека на третиот ден ќе го направат поинаку“, вели Вучиќ.

The post Вучиќ објави дали Србија ќе ѝ воведе санкции на Русија appeared first on Република.

]]>
Џентилони: Блокирана е одлуката за шестиот пакет санкции кон Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dzentiloni-blokirana-e-odlukata-za-shestiot-paket-sankcii-kon-rusija/ Wed, 18 May 2022 16:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=503953

Еврокомесарот за економија Паоло Џентилони денеска во интервју за ТВ Раи њуз 24 потврди дека е блокирана одлуката за шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија.

Многу брзо и едногласно усвоивме пет пакети санкции, но одлуката за шестиот пакет се уште е блокирана од познати причини, изјави еврокомесарот за економија.

Тасс пренесува дека Џентилони сепак кажал дека е оптимист за изгледите за изнаоѓање компромис за ова прашање.

The post Џентилони: Блокирана е одлуката за шестиот пакет санкции кон Русија appeared first on Република.