сања лукаревска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sanja-lukarevska/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 13:49:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сања лукаревска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sanja-lukarevska/ 32 32 Сања Лукаревска со фалсификуван Кембриџ сертификат седум години била директор на УЈП! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sana-lukarevska-so-falsifikuvan-kembridh-sertifikat-sedum-godini-bila-direktor-na-ujp/ Fri, 01 Nov 2024 13:49:06 +0000 https://republika.mk/?p=833169

Заменик претседателката на опозициската СДСМ, Сања Лукаревска од 2017 година до 2024 година била директорка на Управата за Јавни Приходи со фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик добиен во соседна Бугарија. – дознава Радио Лидер.

Согласно законските одредби за да бидете директор на УЈП треба да имате меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик не постар од 5 години. Законодавецот предвидува дека треба да имате еден од овие 6 сертификати:

ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода
ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода
ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 ниво,
ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен
БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)
Во својата апликација до владата, Сања Лукаревска навела дека го поседува четвртиот сертигфикат од листата, тоа е ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First), но документот кој го доставила до владата не кореспондира со изгледот на овој сертификат кој го имаат полагано и добиено во Скопје вработени во Радио Лидер.

Целиот текст на Лидер

The post Сања Лукаревска со фалсификуван Кембриџ сертификат седум години била директор на УЈП! appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателката на опозициската СДСМ, Сања Лукаревска од 2017 година до 2024 година била директорка на Управата за Јавни Приходи со фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик добиен во соседна Бугарија. – дознава Радио Лидер. Согласно законските одредби за да бидете директор на УЈП треба да имате меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик не постар од 5 години. Законодавецот предвидува дека треба да имате еден од овие 6 сертификати: ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) Во својата апликација до владата, Сања Лукаревска навела дека го поседува четвртиот сертигфикат од листата, тоа е ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First), но документот кој го доставила до владата не кореспондира со изгледот на овој сертификат кој го имаат полагано и добиено во Скопје вработени во Радио Лидер. Целиот текст на Лидер

The post Сања Лукаревска со фалсификуван Кембриџ сертификат седум години била директор на УЈП! appeared first on Република.

]]>
Лукаревска: СДСМ поддржува укинување на балансерот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lukarevska-sdsm-poddrzhuva-ukinuvane-na-balanserot/ Fri, 20 Sep 2024 20:53:53 +0000 https://republika.mk/?p=818352

Пратеничката од СДСМ Сања Лукаревска во Дејли клик на ТВ21 изјави дека и социјалдемократите ја поддржуваат идејата за укинување на балансерот, механизмот за правична и соодветна застапеност во јавната администрација.

И ние сме за укинување на балансерот. Балансерот мора да претстави соодветен систем на наградување, но со строги критериуми. Од друга страна, треба да оставиме Уставниот суд да ги носи одлуките и ниту една политичка партија да не се меша во донесувањето на оваа одлука, нагласи Лукаревска.

The post Лукаревска: СДСМ поддржува укинување на балансерот appeared first on Република.

И Лукаревска ќе падне за „Крмзов“? Нови детали покажуваат како се крадело преку измислени фирми на Косовари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-lukarevska-ke-padne-za-krmzov-novi-detali-pokazhuvaat-kako-se-kradelo-preku-izmisleni-firmi-na-kosovari/ Sat, 14 Sep 2024 09:04:38 +0000 https://republika.mk/?p=816272

Случајот „Крмзов“ се расплеткува во повеќе етапи и БЈБ на МВР, во координација со повеќе други институции, открива сомнежи за криминал повеќе од очекуваното, информираат за „Плусинфо“ добро упатени извори.

Во текот на вчерашниот ден е влезено во други два магацина на струмичката империја на бизнисменот Крмзов, кој важи близок до струмичкото семејство на поранешниот премиер Зоран Заев.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/biznis-partnerot-na-zaev-padna-vo-ratsete-na-politsijata-poveke-litsa-se-vo-begstvo-pronajdeni-se-i-dijamanti/

Едно од главните дела кои им се става на товар на лицата под истрага е фиктивниот поврат на ДДВ и оштетувањето на државната каса. Извадени се два камиона доказен материјал. Само во еден случај тие прикажале 880 милиони денари за поврат на ДДВ.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/epski-kriminal-vo-strumitsa-4-litsa-zadrzhani-vo-politsija-toshkovski-so-detali-za-vcherashnata-aktsija/

Според изворите на порталот, можно е акцијата да се прошири и кон поранешни носители на државни институции, како поранешната директорка на УЈП Сања Лукаревска и директорката на Централниот регистар. „Република“, пак, дознава дека и во СДСМ постојат членови кои проговориле за криминалот.

Истрагата открила дека биле регистрирани фирми на косовски државјани со измислени имиња, кои не постојат во базата на податоци, за да се забошоти криминалот.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-zivo-kostovski-parite-od-eurostandard-zavrshuvale-vo-firmi-bliski-do-sdsm/

The post И Лукаревска ќе падне за „Крмзов“? Нови детали покажуваат како се крадело преку измислени фирми на Косовари appeared first on Република.

]]>

Случајот „Крмзов“ се расплеткува во повеќе етапи и БЈБ на МВР, во координација со повеќе други институции, открива сомнежи за криминал повеќе од очекуваното, информираат за „Плусинфо“ добро упатени извори. Во текот на вчерашниот ден е влезено во други два магацина на струмичката империја на бизнисменот Крмзов, кој важи близок до струмичкото семејство на поранешниот премиер Зоран Заев. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/biznis-partnerot-na-zaev-padna-vo-ratsete-na-politsijata-poveke-litsa-se-vo-begstvo-pronajdeni-se-i-dijamanti/ Едно од главните дела кои им се става на товар на лицата под истрага е фиктивниот поврат на ДДВ и оштетувањето на државната каса. Извадени се два камиона доказен материјал. Само во еден случај тие прикажале 880 милиони денари за поврат на ДДВ. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/epski-kriminal-vo-strumitsa-4-litsa-zadrzhani-vo-politsija-toshkovski-so-detali-za-vcherashnata-aktsija/ Според изворите на порталот, можно е акцијата да се прошири и кон поранешни носители на државни институции, како поранешната директорка на УЈП Сања Лукаревска и директорката на Централниот регистар. „Република“, пак, дознава дека и во СДСМ постојат членови кои проговориле за криминалот. Истрагата открила дека биле регистрирани фирми на косовски државјани со измислени имиња, кои не постојат во базата на податоци, за да се забошоти криминалот. https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-zivo-kostovski-parite-od-eurostandard-zavrshuvale-vo-firmi-bliski-do-sdsm/

The post И Лукаревска ќе падне за „Крмзов“? Нови детали покажуваат како се крадело преку измислени фирми на Косовари appeared first on Република.

]]>
Лукаревска: Префрлањето на службениците е пракса која и претходно се сметала за законски издржана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lukarevska-prefrlaneto-na-sluzhbenitsite-e-praksa-koja-i-prethodno-se-smetala-za-zakonski-izdrzhana/ Wed, 04 Sep 2024 20:25:16 +0000 https://republika.mk/?p=813275

Префрлањето на државните службеници во даночни било правно оправдано и спроведено во согласност со законите, тврди поранешната директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

-Доколку не го направевме тоа во законскиот рок, можеше да дојде до тужби, па дури и до кривична одговорност за мене како работодавач, вели Лукаревска за Слободен печат.

Одлуката била потпишана на 12 февруари од тогашниот министер за информатичко општество и јавна администрација и предвидувала сите вработени во УЈП да добијат нови договори за работа во рок од еден месец, што било постигнато без да се нарушат правата на вработените.

-Преку целиот процес се боревме ниту едно работничко право да не биде скратено, изјави таа.

Според Лукаревска, откажувањето и издавањето нови договори не е новост во УЈП. Таа потсети дека и таа самата, кога започнала да работи во УЈП во 2017 година, добила откажување на договор и потоа нов договор за работа.

-Ова е пракса која и претходно се сметала за законски издржана. Државниот инспекторат за труд, за жал, не го зема тоа предвид, иако ние постапувавме според истото искуство, нагласи Лукаревска.

Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе иницијатива за кривично гонење на Сања Лукаревска, доскорашна директорка на Управата за јавни приходи. Од ДКСК посочуваат дека иницијативата е за кривичното дело „несовесно работење во службата“.

„Постапувајќи по предмет оформен по пријава со наводи за прекршување на законските одредби во изборен процес во Управата за јавни приходи, со донесување на решенија за распоредување на вработени и склучени нови договори за вработување за 978 вработени во Управата за јавни приходи“, наведуваат во пријавата од ДКСК.

Ваквата пријава следува откако сегашната директорка на УЈП, Елена Петрова ја обвини Лукаревска дека донела незаконски одлуки со кои создала хаос во институцијата при што вработените незаконски земале поголеми плати кои сега треба да ги враќаат назад.

Лукаревска пак верува дека ќе се најде соодветно решение за вработените да не враќаат пари.

The post Лукаревска: Префрлањето на службениците е пракса која и претходно се сметала за законски издржана appeared first on Република.

]]>

Префрлањето на државните службеници во даночни било правно оправдано и спроведено во согласност со законите, тврди поранешната директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
-Доколку не го направевме тоа во законскиот рок, можеше да дојде до тужби, па дури и до кривична одговорност за мене како работодавач, вели Лукаревска за Слободен печат.
Одлуката била потпишана на 12 февруари од тогашниот министер за информатичко општество и јавна администрација и предвидувала сите вработени во УЈП да добијат нови договори за работа во рок од еден месец, што било постигнато без да се нарушат правата на вработените.
-Преку целиот процес се боревме ниту едно работничко право да не биде скратено, изјави таа.
Според Лукаревска, откажувањето и издавањето нови договори не е новост во УЈП. Таа потсети дека и таа самата, кога започнала да работи во УЈП во 2017 година, добила откажување на договор и потоа нов договор за работа.
-Ова е пракса која и претходно се сметала за законски издржана. Државниот инспекторат за труд, за жал, не го зема тоа предвид, иако ние постапувавме според истото искуство, нагласи Лукаревска.
Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе иницијатива за кривично гонење на Сања Лукаревска, доскорашна директорка на Управата за јавни приходи. Од ДКСК посочуваат дека иницијативата е за кривичното дело „несовесно работење во службата“. „Постапувајќи по предмет оформен по пријава со наводи за прекршување на законските одредби во изборен процес во Управата за јавни приходи, со донесување на решенија за распоредување на вработени и склучени нови договори за вработување за 978 вработени во Управата за јавни приходи“, наведуваат во пријавата од ДКСК. Ваквата пријава следува откако сегашната директорка на УЈП, Елена Петрова ја обвини Лукаревска дека донела незаконски одлуки со кои создала хаос во институцијата при што вработените незаконски земале поголеми плати кои сега треба да ги враќаат назад. Лукаревска пак верува дека ќе се најде соодветно решение за вработените да не враќаат пари.

The post Лукаревска: Префрлањето на службениците е пракса која и претходно се сметала за законски издржана appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска бара од ЈО да ја гони Лукаревска за штета од 292 илјади евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-bara-od-jo-da-ja-goni-lukarevska-za-shteta-od-292-iljadi-evra/ Wed, 04 Sep 2024 19:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=813232

Антикорупциската комисија поднесе иницијатива до Обвинителството за кривично гонење на Сања Лукаревска екс директорка на УЈП за „несовесно работење во службата“.

Ова е поради одлуката на екс директорката Лукаревска за групно откажување на договорите за вработувања и склучувањето на нови договори во изборен период за повисоки плати.

Државниот инспекторат за труд кој донесе одлука за поништување на договорите на 129 вработените во УЈП, кои биле потпишани врз основа на нерегуларни правилници за работа.

Со ова буџетот на УЈП бил оштетен за околу 292 илјади евра.

Актуелната директорка на УЈП, Елена Петрова предупреди дека по одлуката на Трудовиот инспекторат овие вработени ќе треба да ги вратат парите, и додаде дека се бара „најбезболно решение“.

-Вработените во УЈП мораа да добијат нови договори согласно измените на Законот за УЈП, а целиот процес е воден со посебна работна група, со тим за функционална анализа, со почитување на законски рокови, изјави за „Слободен печат“, поранешната директорка на УЈП, Сања Лукаревска која во февруари годинава ја потпиша одлуката со која овие вработени од административни станаа даночни службеници и добија повисоки плати.

The post Антикорупциска бара од ЈО да ја гони Лукаревска за штета од 292 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Антикорупциската комисија поднесе иницијатива до Обвинителството за кривично гонење на Сања Лукаревска екс директорка на УЈП за „несовесно работење во службата“. Ова е поради одлуката на екс директорката Лукаревска за групно откажување на договорите за вработувања и склучувањето на нови договори во изборен период за повисоки плати. Државниот инспекторат за труд кој донесе одлука за поништување на договорите на 129 вработените во УЈП, кои биле потпишани врз основа на нерегуларни правилници за работа. Со ова буџетот на УЈП бил оштетен за околу 292 илјади евра. Актуелната директорка на УЈП, Елена Петрова предупреди дека по одлуката на Трудовиот инспекторат овие вработени ќе треба да ги вратат парите, и додаде дека се бара „најбезболно решение“. -Вработените во УЈП мораа да добијат нови договори согласно измените на Законот за УЈП, а целиот процес е воден со посебна работна група, со тим за функционална анализа, со почитување на законски рокови, изјави за „Слободен печат“, поранешната директорка на УЈП, Сања Лукаревска која во февруари годинава ја потпиша одлуката со која овие вработени од административни станаа даночни службеници и добија повисоки плати.

The post Антикорупциска бара од ЈО да ја гони Лукаревска за штета од 292 илјади евра appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска нека одговори за аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-lukarevska-neka-odgovori-za-aferata-za-lazhen-povrat-na-ddv-preku-koj-se-odlivale-milioni-od-drzhavnata-kasa-vo-privatni-dhebovi/ Thu, 18 Jul 2024 13:10:59 +0000 https://republika.mk/?p=798123

Очигледно во СДС се уште не се разбудени од филмот во кој беа пред изборите.Таа партија заедно со нивните наредбодавци од ДУИ ја донесоа државата до состојба на банкрот, оставајќи повеќе јавни претпријатија повеќе од 3 месеци без плата, плаќајќи во ветар 240 милиони евра за автопат кој не е ни почнат, заглавувајќи во долгови профитабилни јавни претпријатија кои сега се задолжуваат пред банки и земаат кредити да сервисираат основни обврски, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

Да ја потсетиме јавноста за госпоѓицата Лукаревска што таа направи да го придонесе овој хаос во државава, и што направи како составен дел од бандата на Заеви и нивниот хирург Филипче додека државата се пљачкаше бескурпулозно и се цицаа парите од граѓаните. Таа е дел од нивниот ментален склоп и од цела нивна историја и составен дел од сето зло што го направија на државата и народот.

Наместо празни прес конференции да држи Лукаревска, нека одговори на граѓаните која е нејзината улога во аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови. Можеби јавноста треба да се запознае дека целата оваа афера е во надлежност на поранешната директорка на УЈП, Сања Лукаревска

Тоа е таа Лукаревска и наместо да се сокрие или да покаже разлика од нејзините ментори Заеви таа се сили за теми кои ем не ги разбира, ем придонела лично со несовесно работење да кулминираат како проблем во државата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска нека одговори за аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови appeared first on Република.

]]>

Очигледно во СДС се уште не се разбудени од филмот во кој беа пред изборите.Таа партија заедно со нивните наредбодавци од ДУИ ја донесоа државата до состојба на банкрот, оставајќи повеќе јавни претпријатија повеќе од 3 месеци без плата, плаќајќи во ветар 240 милиони евра за автопат кој не е ни почнат, заглавувајќи во долгови профитабилни јавни претпријатија кои сега се задолжуваат пред банки и земаат кредити да сервисираат основни обврски, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
Да ја потсетиме јавноста за госпоѓицата Лукаревска што таа направи да го придонесе овој хаос во државава, и што направи како составен дел од бандата на Заеви и нивниот хирург Филипче додека државата се пљачкаше бескурпулозно и се цицаа парите од граѓаните. Таа е дел од нивниот ментален склоп и од цела нивна историја и составен дел од сето зло што го направија на државата и народот.
Наместо празни прес конференции да држи Лукаревска, нека одговори на граѓаните која е нејзината улога во аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови. Можеби јавноста треба да се запознае дека целата оваа афера е во надлежност на поранешната директорка на УЈП, Сања Лукаревска Тоа е таа Лукаревска и наместо да се сокрие или да покаже разлика од нејзините ментори Заеви таа се сили за теми кои ем не ги разбира, ем придонела лично со несовесно работење да кулминираат како проблем во државата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска нека одговори за аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови appeared first on Република.

]]>
Падна уште една оставка: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/padna-ushte-edna-ostavka-lukarevska-zaminuva-od-potpretsedatelskoto-mesto-vo-sdsm/ Fri, 10 May 2024 09:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=776688

Откако неколку членови и партиски функционери во СДСМ си поднесоа оставки, доцна синоќа својата оставка ја даде и потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

По тешкиот пораз на двојните избори, дел од раководството на СДСМ си поднесоа оставки. Први беа потпретседателите Фатмир Битиќи и Перо Костадинов, следна беше Јованка Тренчевска која замина од чело на Форумот на жени на СДСМ, а кон крајот на денот на Фејсбук се огласи и Сања Лукаревска.

-Почитувани граѓани, почитувани мои социјалдемократи,
Изборните резултати ја искушуваат нашата искреност како политичари и искреноста на нашите зборови дека сме ја разбрале вашата порака.
СДСМ секогаш бил достоинствен и заради зрелоста на неговите раководства да се соочат со поразот и со одговорноста. Јас не сакам да бидам исклучок. Благодарам за укажаната доверба да бидам заменик претседател на СДСМ. И таа должност ја извршував со почит, совесно, одговорно и чесно. Секако, со поддршка од сопартијците и незаменливата потпора од моите родители. Благодарам е најмалку што можам да им речам.
Горда сум што 8 мај беше празничен ден за демократијата. Тоа беше и суштината на борбата на СДСМ за ослободување од „заробената“ држава. Воедно, им благодарам на сите граѓани за секој глас за СДСМ, особено во третата изборна единица. Вредна за внимание е и пораката од оние кои не излегоа на гласање, како и на оние кои гласаа против.
На ред е нашата внатрепартиска средба со вистината. На отчетниот Конгрес на СДСМ неминовна e отворена, искрена и самокритична анализа на нашите погрешни чекори, на лошите кадровски решенија како и за нашата немост за успешните политики кои ги спроведовме во исклучително тешки услови предизвикани од светските кризи.
Го презедовме товарот и на тешките политички одлуки. Но, тоа е СДСМ на кого државата, нејзината стабилност и иднина секогаш му биле пред сė и над сė. Така било. Така мора и да остане.
На Македонија и е потребен СДСМ. Што побргу заедно ја консолидираме партијата толку побргу ќе можеме да кажеме – тука сме. Јас верувам во СДСМ, а уште повеќе во неговата сила да се реформира, да се обедини и да се подготви.
Честитки на победникот и на сите 120 пратеници.
Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и поддржувачите на СДСМ, но и на демократска Македонија, пишува Лукаревска на Фејсбук.

The post Падна уште една оставка: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ appeared first on Република.

]]>

Откако неколку членови и партиски функционери во СДСМ си поднесоа оставки, доцна синоќа својата оставка ја даде и потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска. По тешкиот пораз на двојните избори, дел од раководството на СДСМ си поднесоа оставки. Први беа потпретседателите Фатмир Битиќи и Перо Костадинов, следна беше Јованка Тренчевска која замина од чело на Форумот на жени на СДСМ, а кон крајот на денот на Фејсбук се огласи и Сања Лукаревска. -Почитувани граѓани, почитувани мои социјалдемократи, Изборните резултати ја искушуваат нашата искреност како политичари и искреноста на нашите зборови дека сме ја разбрале вашата порака. СДСМ секогаш бил достоинствен и заради зрелоста на неговите раководства да се соочат со поразот и со одговорноста. Јас не сакам да бидам исклучок. Благодарам за укажаната доверба да бидам заменик претседател на СДСМ. И таа должност ја извршував со почит, совесно, одговорно и чесно. Секако, со поддршка од сопартијците и незаменливата потпора од моите родители. Благодарам е најмалку што можам да им речам. Горда сум што 8 мај беше празничен ден за демократијата. Тоа беше и суштината на борбата на СДСМ за ослободување од „заробената“ држава. Воедно, им благодарам на сите граѓани за секој глас за СДСМ, особено во третата изборна единица. Вредна за внимание е и пораката од оние кои не излегоа на гласање, како и на оние кои гласаа против. На ред е нашата внатрепартиска средба со вистината. На отчетниот Конгрес на СДСМ неминовна e отворена, искрена и самокритична анализа на нашите погрешни чекори, на лошите кадровски решенија како и за нашата немост за успешните политики кои ги спроведовме во исклучително тешки услови предизвикани од светските кризи. Го презедовме товарот и на тешките политички одлуки. Но, тоа е СДСМ на кого државата, нејзината стабилност и иднина секогаш му биле пред сė и над сė. Така било. Така мора и да остане. На Македонија и е потребен СДСМ. Што побргу заедно ја консолидираме партијата толку побргу ќе можеме да кажеме – тука сме. Јас верувам во СДСМ, а уште повеќе во неговата сила да се реформира, да се обедини и да се подготви. Честитки на победникот и на сите 120 пратеници. Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и поддржувачите на СДСМ, но и на демократска Македонија, пишува Лукаревска на Фејсбук.

The post Падна уште една оставка: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ appeared first on Република.

]]>
Уште една поделба од кујната на СДСМ: Прогресивни граѓани и „оние другите“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-edna-podelba-od-kujnata-na-sdsm-progresivni-gragani-i-onie-drugite/ Sun, 28 Apr 2024 12:03:33 +0000 https://republika.mk/?p=771892

Прогресивните граѓани знаат дека со СДСМ има слобода, има демократија и сигурна иднина, и токму тие граѓани се и наши најдобронамерни критичари, затоа што се демократи и затоа што имаат изградено граѓанска свест, за да биде подобро. Но во суштина тоа сме НИЕ, истите тие, што ја сакаме државата слободна, демократска, отворена, модерна, развиена. Исти вредности споделуваме, тие вредности секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно. Да не го потцениме моментот, сега е најважно. Важно е на 8 мај да покажеме дека сме обединети и дека заедно и подобро ќе продолжиме да работиме, рече Сања Лукаревска, носителка на листата на СДСМ во третата изборна единица.

Според неа, СДСМ е одговорна партија.

Ние не манипулираме, вели Лукаревска, не продаваме бесперспективни илузии кои ја разградуваат државата од внатре, и и ја ослабуваат позицијата надвор. Тоа нема да го дозволиме и затоа ја бараме вашата поддршка на 8 мај, рече Лукаревска.

Да не дозволиме она што го изградивме заедно, да се урне за само еден ден, да се вратиме назад - на поделбите на наши и ваши, на привилегирани и на казнети, на поттикнати внатрешни конфликти, а всушност сите изманипулирани, зашто тој концепт не нуди иднина. Се е јасно, се е веќе видено и чуено и тоа ни дава уште поголема верба дека сме на исправниот пат. И затоа не се откажуваме, веруваме во социјалдемократските вредности, веруваме во погресивните граѓани и веруваме дека на 8 мај можеме да продолжиме заедно, вели Лукаревска.

The post Уште една поделба од кујната на СДСМ: Прогресивни граѓани и „оние другите“ appeared first on Република.

]]>

Прогресивните граѓани знаат дека со СДСМ има слобода, има демократија и сигурна иднина, и токму тие граѓани се и наши најдобронамерни критичари, затоа што се демократи и затоа што имаат изградено граѓанска свест, за да биде подобро. Но во суштина тоа сме НИЕ, истите тие, што ја сакаме државата слободна, демократска, отворена, модерна, развиена. Исти вредности споделуваме, тие вредности секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно. Да не го потцениме моментот, сега е најважно. Важно е на 8 мај да покажеме дека сме обединети и дека заедно и подобро ќе продолжиме да работиме, рече Сања Лукаревска, носителка на листата на СДСМ во третата изборна единица.
Според неа, СДСМ е одговорна партија. Ние не манипулираме, вели Лукаревска, не продаваме бесперспективни илузии кои ја разградуваат државата од внатре, и и ја ослабуваат позицијата надвор. Тоа нема да го дозволиме и затоа ја бараме вашата поддршка на 8 мај, рече Лукаревска.
Да не дозволиме она што го изградивме заедно, да се урне за само еден ден, да се вратиме назад - на поделбите на наши и ваши, на привилегирани и на казнети, на поттикнати внатрешни конфликти, а всушност сите изманипулирани, зашто тој концепт не нуди иднина. Се е јасно, се е веќе видено и чуено и тоа ни дава уште поголема верба дека сме на исправниот пат. И затоа не се откажуваме, веруваме во социјалдемократските вредности, веруваме во погресивните граѓани и веруваме дека на 8 мај можеме да продолжиме заедно, вели Лукаревска.

The post Уште една поделба од кујната на СДСМ: Прогресивни граѓани и „оние другите“ appeared first on Република.

]]>
Лукаревска: И на oсми мај, и по него ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lukarevska-i-na-osmi-maj-i-po-nego-ke-pokazheme-i-dokazheme-deka-sdsm-ima-luge-koi-nikogash-nema-da-otstapat-od-sotsijaldemokratskite-vrednosti-za-sloboda-pravda-ednakvost-i-prosperitet/ Sat, 27 Apr 2024 17:00:17 +0000 https://republika.mk/?p=771740

“Денеска е 27 април, точно седум години од "крвавиот четврток" во македонското собрание. Слободата и демократијата што ја имаме и живееме во изминатите седум години имаат своја цена. Сите големи успеси на СДСМ и на сите прогресивни граѓани имаат висока цена, ама вредеше, некои работи не смеат да се заборават, за да не се повторат. Затоа ние остануваме со граѓаните, со сите вас кои што верувате во единствениот исправен пат за државата, во членството во Европската Унија како најцврста гаранција за  сигурна и безбедна иднина. Само заедно можеме да ја оствариме таа цел, зашто е наша, заедничка”, изјави носителката во третата изборна единица, Сања Лукаревска.
Лукаревска истакна дека СДСМ е голема, силна партија, која што секогаш донесувала правилни одлуки за сигурна иднина на државата.
“Никогаш нема да се откажеме од нашите социјал- демократски вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет за сите граѓани, без поделби и раздор, без крвави сценарија. Ние веруваме во заедничка, подобра, европска иднина за сите граѓани. И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од нашите вредности,  ги браневме и ќе продолжиме со истата посветеност, за нас нема друг пат. Да продолжиме заедно, да покажеме одлучност, можеме, како и пред седум години, заедно со сите прогресивни граѓани за сигурна и безбедна иднина”.

The post Лукаревска: И на oсми мај, и по него ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет appeared first on Република.

Јовановски: Инспекторите на Лукаревска ми вршеа психичка тортура за да потпишам непостоечки работи, а таа молчи за скандалот од 800.000 евра за РЕК Битола во кој е вмешана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovanovski-inspektorite-na-lukarevska-mi-vrshea-psihichka-tortura-za-da-potpisham-nepostoechki-raboti-a-taa-molchi-za-skandalot-od-800-000-evra-za-rek-bitola-vo-koj-e-vmeshana/ Tue, 23 Apr 2024 08:56:36 +0000 https://republika.mk/?p=769592

„Сите кажаа доколку немаше поддршка од Влада и не доаѓаше Кирацовски, Фросина Ременски, Стефан Богоев, не се јавуваше Зоран Заев да комуницира со нив, да се јавува на Наташа Петроска од Битола, немаше да биде ништо од тоа. Јас без нивната поддршка не сум можел ништо од тоа да направам. Па тоа беа луѓето кои што закажуваа состаноци и кај таа Наташа Петроска, и кај покојниот градоначалник во Охрид, поради тоа што Силјан требаше да гради и во Охрид и во Битола“, истакна Бојан Јовановски познат како Боки 13 во вчерашното емитување на поткастот на Лазаров.

Јовановски додаде дека и на крај целиот товар се свали на него. Тој нагласи дека тој со сите тие луѓе до денот на неговото апсење беше во комуникација со нив.

„Зошто ги менуваа исказите? Ги менуваа по една пресија, која што пресија ја прави Сања Лукаревска, директорката на УЈП. Е, сега замислете средства нема уплатено на Меѓународен сојуз, не знаат како они да стигнат до уште поголемо сатанизирање на мојот лик, дело, уште поголемо угнетување на мене и мојата фамилија, и они ги праќаат инспекторите од УЈП да влезат во телевизијата, во Меѓународен сојуз. Не може ништо да најдат и мене ми доаѓаат во притвор и ме малтретираа и тоа една Лидија и еден Албанец“, појасни Јовановски.

Тој посочи дека го малтретирале на мртво. Го приморувале да потпише записници за непостоечки работи кои што тој не ги знае.

„Ми вршеа психичка тортура. Замислете јас сум економски неук човек. Значи на човек кој што е неук во струката, ти му претставуваш некакви си записници, а немам право во моментот да побарам било каква супервизија од стручно лице“, рече тој.

Јовановски укажа дека Лукаревска го обвинувала дека не платил данок за карти за концерт, демек имало 4-5 милиони денари за карти, а таму имаше едвај 100-200 карти продадено.

„Сања Лукаревска денес е потпретседател на СДСМ, во мое време додека и требав на Сања Лукаревска знаеше да гостува во телевизија, да биде афирмативна, да ме прибира таму во канцеларијата нејзина, да ми доаѓа на гости, да гостува кај Ацо Кабранов. Значи да биде онака мед и млеко. Кај Сања Лукаревска има скандал од 800 илјади евра кои што Силјан Мицески дојде да ги пријави поради тоа што исто сакаа да му стегнат ваква кривична пријава за затајување на данок за РЕК Битола и му бараа 800.000 евра, а тоа беше во мое присуство. Тука сум личен сведок на таа ситуација, за да му биде повлечена пријавата и записникот од некаква си ревизија и да биде променет. И сето тоа го знаеше Сања Лукаревска. И за ова имам докази“, нагласи Јовановски.

„Таа беше машата како Силјан Мицески и Ардијан Амзески ги менуваа исказите од тоа не сме оштетени, немаме што да пријавиме, не се чувствуваме оштетени и измамени. Во денот кога они даваа искази пред Русковска, во тој момент им влегува инспекција од УЈП под диригентска палка и диригенција на Сања Лукаревска во координација со Заев“, укажа тој.

The post Јовановски: Инспекторите на Лукаревска ми вршеа психичка тортура за да потпишам непостоечки работи, а таа молчи за скандалот од 800.000 евра за РЕК Битола во кој е вмешана appeared first on Република.

]]>

„Сите кажаа доколку немаше поддршка од Влада и не доаѓаше Кирацовски, Фросина Ременски, Стефан Богоев, не се јавуваше Зоран Заев да комуницира со нив, да се јавува на Наташа Петроска од Битола, немаше да биде ништо од тоа. Јас без нивната поддршка не сум можел ништо од тоа да направам. Па тоа беа луѓето кои што закажуваа состаноци и кај таа Наташа Петроска, и кај покојниот градоначалник во Охрид, поради тоа што Силјан требаше да гради и во Охрид и во Битола“, истакна Бојан Јовановски познат како Боки 13 во вчерашното емитување на поткастот на Лазаров. Јовановски додаде дека и на крај целиот товар се свали на него. Тој нагласи дека тој со сите тие луѓе до денот на неговото апсење беше во комуникација со нив.
„Зошто ги менуваа исказите? Ги менуваа по една пресија, која што пресија ја прави Сања Лукаревска, директорката на УЈП. Е, сега замислете средства нема уплатено на Меѓународен сојуз, не знаат како они да стигнат до уште поголемо сатанизирање на мојот лик, дело, уште поголемо угнетување на мене и мојата фамилија, и они ги праќаат инспекторите од УЈП да влезат во телевизијата, во Меѓународен сојуз. Не може ништо да најдат и мене ми доаѓаат во притвор и ме малтретираа и тоа една Лидија и еден Албанец“, појасни Јовановски.
Тој посочи дека го малтретирале на мртво. Го приморувале да потпише записници за непостоечки работи кои што тој не ги знае.
„Ми вршеа психичка тортура. Замислете јас сум економски неук човек. Значи на човек кој што е неук во струката, ти му претставуваш некакви си записници, а немам право во моментот да побарам било каква супервизија од стручно лице“, рече тој.
Јовановски укажа дека Лукаревска го обвинувала дека не платил данок за карти за концерт, демек имало 4-5 милиони денари за карти, а таму имаше едвај 100-200 карти продадено.
„Сања Лукаревска денес е потпретседател на СДСМ, во мое време додека и требав на Сања Лукаревска знаеше да гостува во телевизија, да биде афирмативна, да ме прибира таму во канцеларијата нејзина, да ми доаѓа на гости, да гостува кај Ацо Кабранов. Значи да биде онака мед и млеко. Кај Сања Лукаревска има скандал од 800 илјади евра кои што Силјан Мицески дојде да ги пријави поради тоа што исто сакаа да му стегнат ваква кривична пријава за затајување на данок за РЕК Битола и му бараа 800.000 евра, а тоа беше во мое присуство. Тука сум личен сведок на таа ситуација, за да му биде повлечена пријавата и записникот од некаква си ревизија и да биде променет. И сето тоа го знаеше Сања Лукаревска. И за ова имам докази“, нагласи Јовановски.
„Таа беше машата како Силјан Мицески и Ардијан Амзески ги менуваа исказите од тоа не сме оштетени, немаме што да пријавиме, не се чувствуваме оштетени и измамени. Во денот кога они даваа искази пред Русковска, во тој момент им влегува инспекција од УЈП под диригентска палка и диригенција на Сања Лукаревска во координација со Заев“, укажа тој.

The post Јовановски: Инспекторите на Лукаревска ми вршеа психичка тортура за да потпишам непостоечки работи, а таа молчи за скандалот од 800.000 евра за РЕК Битола во кој е вмешана appeared first on Република.

]]>
Лукаревска: Имаме јасен план за модернизација и на образованието и на здравството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lukarevska-imame-jasen-plan-za-modernizatsija-i-na-obrazovanieto-i-na-zdravstvoto/ Sun, 21 Apr 2024 11:05:52 +0000 https://republika.mk/?p=768809

Нашата определба е европска Македонија, зашто сакаме европско образование и европско здравство за сите граѓани. Доброто образование е гаранција за добра, перспективна иднина на секој подинец и на државата и затоа, подигнувањето на квалитетот на образованието на сите нивоа и прилагодувањето на потребите на пазарот на трудот е стратешки приоритет на СДСМ, изјави носителката во третата изборна единица, Сања Лукаревска.

Со добро образование насочено кон развојот на потенцијалот и вештините кај младите луѓе, до поголема конкурентност , подобри работни места и подобар живот за сите, тоа е нашата цел, тоа им треба на младите, од тоа зависи нивната иднина и идниот развој на државата. Затоа го унапредивме и ќе продолжиме да го унапредуваме ученичкиот и студентскиот стандард со поголем број и повисоки стипендии, субвенциониран студентски оброк-зголемување на износот за студентски оброк на 200 денари, укинување на таксата за пријавување на испит, изјави Лукаревска.

Таа рече дека заложба е да се задржат најдобрите студенти и се повеќе млади лица да бидат ангажирани во високообразовните и во научните установи во државата.

Ќе вложуваме повеќе во талентираните ученици, во континуирана поддршка на учениците со попреченост, но и во наставниот кадар, нивната работа и посветеност ни е најважна во остварувањето на целите за уште подобро и помодерно образование, рече Лукаревска.

Таа додаде дека се фокусираат и на модернизирање на здравствениот систем, .

Политиката на СДСМ е јасна и конзистентна. Вкупните примања на лекарите специјалисти се повеќе од двојно зголемени. Во следниот мандат се обрзуваме дека платите за специјалистите ќе се зголемат во терциерното здравство до 180.000 денари, во секундарното здравство до 140.000 денари, за општите лекари до 120.000, за медицинските сестри со висока школа до 90.000 денари, а на оние со средна 60.000 денари. Специјализантите ќе ги остваруваат сите права во текот на својот стаж, преку целосно вкупно здравствено осигурување и ќе добиваат основен месечен надоместок од почетни 60 000 денари.

За секој доктор кој ќе се врати во државата, веднаш ќе се обезбеди работно место и ќе се доделат средства за стимулација. Целосно ќе се укине партиципацијата од 20% за услугите во јавното здравство. Јавното здравство да биде бесплатно за сите осигуреници. Нема одложување на потребата од зајакнување на системот на јавното здравство, зашто здравјето е најважно.

Имаме јасен план за развивање, унапредување и модернизација и на образованието и на здравството, зашто сакаме сигурна иднина и благосостојба во европска Македонија за сите граѓани, рече Лукаревска.

The post Лукаревска: Имаме јасен план за модернизација и на образованието и на здравството appeared first on Република.

]]>

Нашата определба е европска Македонија, зашто сакаме европско образование и европско здравство за сите граѓани. Доброто образование е гаранција за добра, перспективна иднина на секој подинец и на државата и затоа, подигнувањето на квалитетот на образованието на сите нивоа и прилагодувањето на потребите на пазарот на трудот е стратешки приоритет на СДСМ, изјави носителката во третата изборна единица, Сања Лукаревска.
Со добро образование насочено кон развојот на потенцијалот и вештините кај младите луѓе, до поголема конкурентност , подобри работни места и подобар живот за сите, тоа е нашата цел, тоа им треба на младите, од тоа зависи нивната иднина и идниот развој на државата. Затоа го унапредивме и ќе продолжиме да го унапредуваме ученичкиот и студентскиот стандард со поголем број и повисоки стипендии, субвенциониран студентски оброк-зголемување на износот за студентски оброк на 200 денари, укинување на таксата за пријавување на испит, изјави Лукаревска.
Таа рече дека заложба е да се задржат најдобрите студенти и се повеќе млади лица да бидат ангажирани во високообразовните и во научните установи во државата.
Ќе вложуваме повеќе во талентираните ученици, во континуирана поддршка на учениците со попреченост, но и во наставниот кадар, нивната работа и посветеност ни е најважна во остварувањето на целите за уште подобро и помодерно образование, рече Лукаревска.
Таа додаде дека се фокусираат и на модернизирање на здравствениот систем, .
Политиката на СДСМ е јасна и конзистентна. Вкупните примања на лекарите специјалисти се повеќе од двојно зголемени. Во следниот мандат се обрзуваме дека платите за специјалистите ќе се зголемат во терциерното здравство до 180.000 денари, во секундарното здравство до 140.000 денари, за општите лекари до 120.000, за медицинските сестри со висока школа до 90.000 денари, а на оние со средна 60.000 денари. Специјализантите ќе ги остваруваат сите права во текот на својот стаж, преку целосно вкупно здравствено осигурување и ќе добиваат основен месечен надоместок од почетни 60 000 денари. За секој доктор кој ќе се врати во државата, веднаш ќе се обезбеди работно место и ќе се доделат средства за стимулација. Целосно ќе се укине партиципацијата од 20% за услугите во јавното здравство. Јавното здравство да биде бесплатно за сите осигуреници. Нема одложување на потребата од зајакнување на системот на јавното здравство, зашто здравјето е најважно. Имаме јасен план за развивање, унапредување и модернизација и на образованието и на здравството, зашто сакаме сигурна иднина и благосостојба во европска Македонија за сите граѓани, рече Лукаревска.

The post Лукаревска: Имаме јасен план за модернизација и на образованието и на здравството appeared first on Република.

]]>
Лукаревска: Во следните четири години ќе ја зајакнеме домашната економија со јавни инвестиции од 3,5 милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/lukarevska-vo-slednite-chetiri-godini-ke-ja-zajakneme-domashnata-ekonomija-so-javni-investitsii-od-3-5-milijardi-evra/ Sat, 20 Apr 2024 11:18:12 +0000 https://republika.mk/?p=768403

Носителката на листата за пратеници на СДСМ во Третата изборна единица, Сања Лукаревска, во изјава за медиумите во Кочани, изјави дека ќе продолжат да работат на зајакнување и подобрување на конкурентноста на домашните компании како и во изминатиот период, коишто, како што изјави, од целосно заборавени, без никаква финансиска поддршка, ги поддржале со 100 милиони евра.

Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра, поддршката ќе биде дуплирана. Заедно, партнерски со нив, ќе продолжиме да ја јакнеме домашната економија со јавни инвестиции од 3,5 милијарди евра. Дел од овие средства ќе бидат вложени и во праведна енергетска транзиција и енергетска независност. Домашното производство на електрична енергија ќе го зголемиме за 70 проценти. Со тоа државата ќе постигне енергетска независност и самостојно ќе задоволува 100 отсто од сопствените потреби за струја, и тоа главно од гас и од чисти обновливи извори. Засекогаш рековме не за штетните мали хидроцентрали и за сите фосилни технологии кои ни ги загадуваат воздухот и почвата. Сето ова е продолжување на нашата досегашна работа затоа што е важно за стабилноста и за нашата европска иднина, истакна Лукаревска.

Таа додаде дека во Третата изборна единица гордост е ветерниот парк во близина на селото Богословец кај Свети Николе, за што се инвестирани 61 милион евра.

Во наредните 25 години ќе се овозможи зелена енергија за повеќе од 20 илјади домаќинства. Сакаме да создаваме партнерство во градењето на европска иднина, а граѓаните и компаниите ги гледаме како наши партнери и сојузници. Ќе останеме заедно и ќе ги решаваме предизвиците коишто нема да бидат ниту малку, ниту лесни, затоа што европската агенда е напорна, бара вклученост на сите, но тоа е најдобриот и најефикасниот начин, заклучи Лукаревска

The post Лукаревска: Во следните четири години ќе ја зајакнеме домашната економија со јавни инвестиции од 3,5 милијарди евра appeared first on Република.

Лукаревска: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lukarevska-sdsm-ne-e-sozdaden-za-podelbi-za-kavgi-za-lagi-i-navredi/ Fri, 19 Apr 2024 19:41:57 +0000 https://republika.mk/?p=768222

Пред нас се исклучително важни избори, можеби и најважни досега, важен е континуитетот. Зашто се покажа дека иднината на Македонија не ја разбираат сите исто. Некои ја разбираат како заробена држава, изолирана и без перспектива. Затоа е важно СДСМ и после овие избори да продолжи да ја води Македонија, после НАТО, во Европската Унија, како Македонци со македонски јазик по исправниот пат, рече во Штип Сања Лукаревска, носителка во третата ИЕ на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Ние не бегаме, ниту од одговорноста, ниту од народот, ниту од државата.

-СДСМ е силна, голема, одговорна партија која секогаш, без двоумење и калкулирање за сопствениот рејтинг, носела тешки одлуки во уште потешки околности. СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди, за ниски удари. СДСМ е од граѓаните за граѓаните. СДСМ е избор на секој далековид човек, на секој кој ги почитува другите и разговара со сите. СДСМ, докажано, е партија која е тука кога е најтешко, и за земјата и за граѓаните, рече Лукаревска.

И овде, во Штип ќе повторам, драго ми е што успеавме граѓаните дури и да не насетат со колкава економска и енергетска криза се соочивме. Знам дека нашиот политички опонент тие кризи би ги спакувал во телевизиско шоу, наместо да ги решава. Има разлика.

Внимававме на сите граѓани, од тоа да задржат работните места, да добијат помош оние кои работат во приватниот сектор, непречено да тече исплатата на пензиите, социјалната помош, помошта за најранливите, ги зголемивме платите и пензиите.

И затоа ќе победиме. Штип на 24 април и на 8 мај ќе го направи најдобриот избор, за Стево Пендаровски и Социјал демократскиот сојуз на Македонија.

Слободата и демократијата мора да останат да живеат во Македонија. Нема откажување од иднината, рече Лукаревска вечерва пред граѓаните на Штип.

The post Лукаревска: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди appeared first on Република.

]]>

Пред нас се исклучително важни избори, можеби и најважни досега, важен е континуитетот. Зашто се покажа дека иднината на Македонија не ја разбираат сите исто. Некои ја разбираат како заробена држава, изолирана и без перспектива. Затоа е важно СДСМ и после овие избори да продолжи да ја води Македонија, после НАТО, во Европската Унија, како Македонци со македонски јазик по исправниот пат, рече во Штип Сања Лукаревска, носителка во третата ИЕ на СДСМ и Коалицијата за европска иднина. Ние не бегаме, ниту од одговорноста, ниту од народот, ниту од државата.
-СДСМ е силна, голема, одговорна партија која секогаш, без двоумење и калкулирање за сопствениот рејтинг, носела тешки одлуки во уште потешки околности. СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди, за ниски удари. СДСМ е од граѓаните за граѓаните. СДСМ е избор на секој далековид човек, на секој кој ги почитува другите и разговара со сите. СДСМ, докажано, е партија која е тука кога е најтешко, и за земјата и за граѓаните, рече Лукаревска.
И овде, во Штип ќе повторам, драго ми е што успеавме граѓаните дури и да не насетат со колкава економска и енергетска криза се соочивме. Знам дека нашиот политички опонент тие кризи би ги спакувал во телевизиско шоу, наместо да ги решава. Има разлика. Внимававме на сите граѓани, од тоа да задржат работните места, да добијат помош оние кои работат во приватниот сектор, непречено да тече исплатата на пензиите, социјалната помош, помошта за најранливите, ги зголемивме платите и пензиите. И затоа ќе победиме. Штип на 24 април и на 8 мај ќе го направи најдобриот избор, за Стево Пендаровски и Социјал демократскиот сојуз на Македонија. Слободата и демократијата мора да останат да живеат во Македонија. Нема откажување од иднината, рече Лукаревска вечерва пред граѓаните на Штип.

The post Лукаревска: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди appeared first on Република.

]]>
Лукаревска: Само кога СДСМ победува, победници се и државата и граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lukarevska-samo-koga-sdsm-pobeduva-pobednitsi-se-i-drzhavata-i-graganite/ Thu, 18 Apr 2024 20:49:36 +0000 https://republika.mk/?p=767804

Важноста на овие избори не е во тоа дали ќе ги задржиме нашите позиции туку да ја сочуваме државата, нејзината стабилна и предвидлива иднина. СДСМ е силна, голема, моќна партија која поминала низ бројни премрежја од кои излегувала посилна. Не смееме да заборавиме низ што поминавме, и ние и нашата држава. Не смееме да ги заборавиме оние мачни години, години на прислушување, на закани, на молк, на навреди, рече носителката на третата изборна единица Сања Лукаревска, вечерва во Крива Паланка.

-Победивме заедно со народот, со слободољубивите граѓани, го исполнивме нашето најголемо ветување-живот во слобода. Сега ви ветуваме ИДНИНА, предвидлива, спокојна, европска. Затоа, клучно е СДСМ да победи на изборите. Сите добро знаете дека не претерувам кога велам дека само кога СДСМ победува, победници се и државата и граѓаните.

Лукаревска истакна дека во времето на кризи ниту еден граѓанин не беше заборавен.

-Се грижевме за сите граѓани, да им останат работните места, да добијат помош оние кои работат во приватниот сектор, непречено да тече исплатата на пензиите, социјалната помош, помошта за најранливите. Не ги заборавивме ниту земјоделците, ниту сточарите.
За нас проблемите се предизвик. И тука сме. Се бориме со проблемите, не ги сокриваме, не ги подметнуваме кај друг. И затоа ќе победиме. Сите ќе победиме.

The post Лукаревска: Само кога СДСМ победува, победници се и државата и граѓаните appeared first on Република.

]]>

Важноста на овие избори не е во тоа дали ќе ги задржиме нашите позиции туку да ја сочуваме државата, нејзината стабилна и предвидлива иднина. СДСМ е силна, голема, моќна партија која поминала низ бројни премрежја од кои излегувала посилна. Не смееме да заборавиме низ што поминавме, и ние и нашата држава. Не смееме да ги заборавиме оние мачни години, години на прислушување, на закани, на молк, на навреди, рече носителката на третата изборна единица Сања Лукаревска, вечерва во Крива Паланка.
-Победивме заедно со народот, со слободољубивите граѓани, го исполнивме нашето најголемо ветување-живот во слобода. Сега ви ветуваме ИДНИНА, предвидлива, спокојна, европска. Затоа, клучно е СДСМ да победи на изборите. Сите добро знаете дека не претерувам кога велам дека само кога СДСМ победува, победници се и државата и граѓаните.
Лукаревска истакна дека во времето на кризи ниту еден граѓанин не беше заборавен.
-Се грижевме за сите граѓани, да им останат работните места, да добијат помош оние кои работат во приватниот сектор, непречено да тече исплатата на пензиите, социјалната помош, помошта за најранливите. Не ги заборавивме ниту земјоделците, ниту сточарите. За нас проблемите се предизвик. И тука сме. Се бориме со проблемите, не ги сокриваме, не ги подметнуваме кај друг. И затоа ќе победиме. Сите ќе победиме.

The post Лукаревска: Само кога СДСМ победува, победници се и државата и граѓаните appeared first on Република.

]]>
Лукаревска: СДСМ е посветена на европската иднина на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lukarevska-sdsm-e-posvetena-na-evropskata-idnina-na-drzhavata/ Fri, 05 Apr 2024 21:04:18 +0000 https://republika.mk/?p=762892

Ние сме посветени на европската агенда, бевме премногу посветени и на она што го завршивме успешно, а тоа е дека Македонија денес е членка на НАТО и тоа беше нашиот главен фокус. Владеевме во период кога имаше многу кризи и покажавме дека знаеме и во такво кризно време да ги менаџираме процесите, истакна заменик претседателка на СДСМ и носителка на листата во третата ИЕ Сања Лукаревска, во интервју за „Трилинг“.

Лукаревска додаде дека никој не може да каже дека ништо не е сработено, меѓутоа можеше и секој пат повеќе и подобро и врз основа на тоа СДСМ ја бара шансата да го продолжи тој континуитет на развиени економски политики, на развој во повеќе сегменти и неприкосновена борба против криминалот и корупцијата.

Седум години се работеше макотрпно во повеќе процеси и сегменти, седум години бевме и блокирани за клучни работи коишто требаше да го видат светлото на денот за да продолжиме во одредени процеси, седум години можеби се доволни во одреден сегмент да направиме одреден напредок, и во делот на транспарентноста и медиумските слбооди, и во делот на она што значи ублажување на казнената политика, која претходно беше репресивна, да биде превентивна, се боревме и против селективна правда, се боревме и против тоа партискиот орган да не биде судски совет, се боревме и против тоа политичарите да бидат судии, се боревме против се она што беше вистината за Македонија, наведе Лукаревска, додавајќи дека во оние телефонски разговори, се слушна како се прават соодветни нарачки.

Лукаревска потенцираше дека се обврзала на фер и позитивна кампања, но нема да дозволи никакви дисквалификации од политичкиот опонент, туку ќе се бори само со факти, аргументи и бројки за она што им нуди, за граѓаните утре да гласаат за СДСМ.

Граѓаните не сакаат да не гледаат како постојано се расправме, се навредуваме, кажуваме невистини еден за друг, граѓаните сакаат да слушнат што ќе понуди СДСМ во делот на повисокиот животен стандард на граѓаните, што ќе подуди СДСМ за стандардот на пензионерите, за младите, за унапредување родова еднаквост, граѓаните не сакаат политичари, кои само за да покажат супериорност го омаловажуваат противникот, истакна Лукаревска.

The post Лукаревска: СДСМ е посветена на европската иднина на државата appeared first on Република.

Ковачки: Лукаревска носителот во третата изборна единица е покровител на рекетот и криминалот во државата преку повратот на ДДВ-то https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-lukarevska-nositelot-vo-tretata-izborna-edinitsa-e-pokrovitel-na-reketot-i-kriminalot-vo-drzhavata-preku-povratot-na-ddv-to/ Wed, 03 Apr 2024 17:57:49 +0000 https://republika.mk/?p=761833

Во вечерашното издание на дневникот на Сител ТВ во тема на денот гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на пратеници во третата изборна единица Драган Ковачки кој што истакна дека СДСМ бега од одговорност и се кријат позади пратеничкиот имунитет, а Сања Лукаревска носителот на листа од СДСМ е покровител на рекетот и криминалот кој што се прави преку повратот на ДДВ-то на фирмите и каде се испумпуваат над 10 милиони евра.

„Знаат граѓаните дека ништо досега СДСМ не направија, видоа, се виде досега нивното катастрофално владеење она што ние го нудиме се 800 милиони евра поддршка за земјоделците. Ја споменавте Сања Лукаревска носител на изборната единица број 3, она што можам да го кажам е дека тие бегаат од одговорност и се кријат на пратеничките листи позади имунитетот пратенички. Зошто, затоа што Сања Лукаревска е носител односно покровител на рекетот во Македонија, како тоа се прави на многу едноставен начин фирмите кои што треба да имаат поврат на ДДВ и овде станува збор на поголемите фирми, УЈП не им го исплаќа повратот на ДДВ, што се случува дали директорката Сања Лукаревска или некои директори што и се нејзе подредени се јавуваат на тие компании и побаруваат од истите тие сопственици на компаниите да извршат уплата за одредена услуга или некоја активност на фирми блиски до СДСМ. Доколку тоа го направат, и тоа некаде во висина од 10 % од повратот на ДДВ им се враќа ДДВ -то на тој начин се испумпуваат околу 10 милиони евра од компаниите. Сања Лукаревска повторувам е човекот кој што го покрива тој рекет, тој криминал, еве може и да се провери“ посочи Ковачки.

Ковачки додаде дека после формирањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има истрага и секој ќе сноси одговорност за она што го работел.

„После формирањето на владата ќе се има истрага и секој што правел криминал ќе си одговара, нека си мисли и Сања Лукаревска нека си мислат и нејзините подредени директори“ нагласи Ковачки.

The post Ковачки: Лукаревска носителот во третата изборна единица е покровител на рекетот и криминалот во државата преку повратот на ДДВ-то appeared first on Република.

Проф д-р Јаневска: Лукаревска е во право – Иднината на Македонија со СДС е комплетно предвидлива и значи комплетна пропаст https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-d-r-janevska-lukarevska-e-vo-pravo-idninata-na-makedonija-so-sds-e-kompletno-predvidliva-i-znachi-kompletna-propast/ Mon, 01 Apr 2024 17:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=761040

Проф д-р Весна Јаневска ја коментира изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, дека „граѓаните знаат дека СДСМ е опција за безбедна, сигурна и предвидлива иднина.

Согласна сум. Иднината на Македонија со СДС е комплетно предвидлива и значи комплетна пропаст.

Што се однесува до образованието Лукаревска најави намалување на административните обврски за наставниот кадар, целосно воведување на дуално образование како систем во кој практичното работење се комбинира со училишната настава како ефикасен начин за создавање на квалитетни кадри потребни на пазарот на труд и стоп за лажните дипломи, најавувајќи ревизија и евалуација на сите стекнати дипломи.

Ја информирам г-ѓа Лукаревска дека и минатиот пат најавуваа намалување на административната работа на наставниците, ама не ја намалија, дуалното образование, проект на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ се спроведува и ја прашувам кој ги спречуваше до сега да спроведат ревизија и евалуација на дипломите, не на сите, барем на оние сомнителните?

Не ме плаши кражбата на идеи од програмата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, презентирана ширум земјата, ме плаши безидејноста на СДС и фактот дека ВМРО-ДПМНЕ нема да има опозиција со која ќе може да соработува, во корист на народот. Тоа е што е, но ние знаеме и можеме, а и сакаме.

Уште малку и Македонија пак ќе биде наша.
#МакедонијаПовторноТвоја“, се наведува во реакцијата на проф. д-р Јаневска.

The post Проф д-р Јаневска: Лукаревска е во право – Иднината на Македонија со СДС е комплетно предвидлива и значи комплетна пропаст appeared first on Република.

]]>

Проф д-р Весна Јаневска ја коментира изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, дека „граѓаните знаат дека СДСМ е опција за безбедна, сигурна и предвидлива иднина.
Согласна сум. Иднината на Македонија со СДС е комплетно предвидлива и значи комплетна пропаст.   Што се однесува до образованието Лукаревска најави намалување на административните обврски за наставниот кадар, целосно воведување на дуално образование како систем во кој практичното работење се комбинира со училишната настава како ефикасен начин за создавање на квалитетни кадри потребни на пазарот на труд и стоп за лажните дипломи, најавувајќи ревизија и евалуација на сите стекнати дипломи.   Ја информирам г-ѓа Лукаревска дека и минатиот пат најавуваа намалување на административната работа на наставниците, ама не ја намалија, дуалното образование, проект на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ се спроведува и ја прашувам кој ги спречуваше до сега да спроведат ревизија и евалуација на дипломите, не на сите, барем на оние сомнителните?   Не ме плаши кражбата на идеи од програмата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, презентирана ширум земјата, ме плаши безидејноста на СДС и фактот дека ВМРО-ДПМНЕ нема да има опозиција со која ќе може да соработува, во корист на народот. Тоа е што е, но ние знаеме и можеме, а и сакаме.   Уште малку и Македонија пак ќе биде наша. #МакедонијаПовторноТвоја“, се наведува во реакцијата на проф. д-р Јаневска.

The post Проф д-р Јаневска: Лукаревска е во право – Иднината на Македонија со СДС е комплетно предвидлива и значи комплетна пропаст appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ја потврди само Лукаревска за носител на листа, другите не ги открива https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ja-potvrdi-samo-lukarevska-za-nositel-na-lista-drugite-ne-gi-otkriva/ Thu, 21 Mar 2024 12:53:59 +0000 https://republika.mk/?p=756996

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ни денеска, два дена пред партискиот конгрес, не ги откри имињата на носителите на листите за парламентарните избори. Само потврди дека Сања Лукаревска сигурно ќе биде носител на листа во една од изборните единици, но не кажа во која.

Во однос на информациите во јавноста дека наводно Лукаревска е преместена во третата изборна единица, а во втората се враќа Оливер Спасовски, Ковачевски децидно кажа дека „никој никаде не е преместен“.

Никој никаде не е преместен. Сите наши видни членови вршат функции кои имаат државно значење. Лукаревска е заменик претседател на партијата и директор на УЈП, исклучително чесно и одговорно ја извршуваше својата работа во текот на мандатот и тоа многу јасно се гледа од анкетите и таа сигурно ќе биде носител на листа во една од изборните единици, но во која, тоа ќе оставиме да одлучат раководството на партијата, Централниот и Извршниот одбор, а на крајот, секако, и Конгресот. Состаноците ќе бидат во сабота, прво ќе се одржи состанок на ИО, потоа седница на ЦО, а во попладневните часови ќе почне и Конгресот. Ова е статутарна процедура, не е првпат, туку вака се одвива изборот на кандидати за пратеници и носители на пратенички листи од првите избори. Убеден сум дека делегатите на конгресот ќе ги изберат најдобрите кандидати кои на достоен начин ќе го претставуваат и СДСМ и нашата проевропска коалиција - истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања откако засади дрвце во Капиштец, во рамки на акцијата на Општина Центар по повод Денот на пролетта.

На прашањето кои се неговите предлози и во кого тој, како лидер на партијата, гледа носители, Ковачевски рече дека нема да одговори.

Ова е прашање кое нема да ви го одговорам зашто и кога се работеше за претседателски кандидат на државата, се држев до етичкиот аспект и до статутарните одредби на СДСМ, бидејќи финалниот збор го даваат органите на партијата, а не само еден човек. Како што беше со претседателскиот кандидат Пендаровски кој едногласно беше утврден со гласање на конгресот, исто ќе биде и за носителите и на кандидатите за пратенички листи - подвлече Ковачевски.

Во врска со анкетата на МРТВ, според која ВМРО-ДПМНЕ има многу поголемо водство на СДСМ, Ковачевски оцени дека се прави од институт близок до ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што се случува таму наликува точно на она што се случуваше до 2016 година. За тие анекти ќе ви кажам дека на исти луѓе им се јавуваат и на мобилен и на фиксен телефон, и така ги добиваат резултатите. За тоа дека се работи за лажни анкети најдобро потврдува денот на собирањето на потписите за претседателски кандидати, кога ВМРО-ДПМНЕ и таму очекуваше да има пет пати повеќе потписи, за на крај ние да собереме над 22 000 потписи. Тие објавија дека собрале повеќе, но на крај, се испостави дека нивниот претседателски кандидат ќе биде кандидиран само со потписи на пратениците што очигледно потврдува дека и тие потписи не биле толку колку што биле објавени или имало некој друг инженеринг околу нивното собирање - рече Ковачевски.

Прашан дали израелскиот експерт Асаф Еисин е консултант на СДСМ, дали тој ќе ја води кампањата, колку чинат неговите услуги и од кои пари ќе бидат платени, Ковачевски одговори дека нема таков консултант.

Немам таков консултант, јас имам консултант кој се вика Александар. Мојата кампања, како и до сега, ја извршува шефот за комуникации на СДСМ, Александар, веројатно сите го знаете. Видеата на социјалните медиуми ги работат наши сограѓанки. Ниту Александар е Израелец, ниту овие девојки се Израелки. Мојата кампања и на претседателскиот кандидат Пендаровски ја работат баш тие луѓе. Не знам што точно одговориле од Кабинетот на Пендаровски, но ви кажувам кој ги работи моите кампањи и кој комуницира со сите вас. Не знам што точно сте го прашале и што точно одговорил - потенцира Ковачевски.

Пред изјавата за медиумите, лидерот на СДСМ засади дрвце. Осврнувајќи се на акцијата за зазеленување на Општина Центар, оцени дека Скопје е во запуштена состојба.

Скопје е запуштено, како да нема градоначалник и Совет. Среќен сум што во мојот мандат екологијата беше високо на агендата, посебно од аспект на обновливите извори на енергија - истакна Ковачевски.

The post Ковачевски ја потврди само Лукаревска за носител на листа, другите не ги открива appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ни денеска, два дена пред партискиот конгрес, не ги откри имињата на носителите на листите за парламентарните избори. Само потврди дека Сања Лукаревска сигурно ќе биде носител на листа во една од изборните единици, но не кажа во која. Во однос на информациите во јавноста дека наводно Лукаревска е преместена во третата изборна единица, а во втората се враќа Оливер Спасовски, Ковачевски децидно кажа дека „никој никаде не е преместен“.
Никој никаде не е преместен. Сите наши видни членови вршат функции кои имаат државно значење. Лукаревска е заменик претседател на партијата и директор на УЈП, исклучително чесно и одговорно ја извршуваше својата работа во текот на мандатот и тоа многу јасно се гледа од анкетите и таа сигурно ќе биде носител на листа во една од изборните единици, но во која, тоа ќе оставиме да одлучат раководството на партијата, Централниот и Извршниот одбор, а на крајот, секако, и Конгресот. Состаноците ќе бидат во сабота, прво ќе се одржи состанок на ИО, потоа седница на ЦО, а во попладневните часови ќе почне и Конгресот. Ова е статутарна процедура, не е првпат, туку вака се одвива изборот на кандидати за пратеници и носители на пратенички листи од првите избори. Убеден сум дека делегатите на конгресот ќе ги изберат најдобрите кандидати кои на достоен начин ќе го претставуваат и СДСМ и нашата проевропска коалиција - истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања откако засади дрвце во Капиштец, во рамки на акцијата на Општина Центар по повод Денот на пролетта.
На прашањето кои се неговите предлози и во кого тој, како лидер на партијата, гледа носители, Ковачевски рече дека нема да одговори.
Ова е прашање кое нема да ви го одговорам зашто и кога се работеше за претседателски кандидат на државата, се држев до етичкиот аспект и до статутарните одредби на СДСМ, бидејќи финалниот збор го даваат органите на партијата, а не само еден човек. Како што беше со претседателскиот кандидат Пендаровски кој едногласно беше утврден со гласање на конгресот, исто ќе биде и за носителите и на кандидатите за пратенички листи - подвлече Ковачевски.
Во врска со анкетата на МРТВ, според која ВМРО-ДПМНЕ има многу поголемо водство на СДСМ, Ковачевски оцени дека се прави од институт близок до ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа што се случува таму наликува точно на она што се случуваше до 2016 година. За тие анекти ќе ви кажам дека на исти луѓе им се јавуваат и на мобилен и на фиксен телефон, и така ги добиваат резултатите. За тоа дека се работи за лажни анкети најдобро потврдува денот на собирањето на потписите за претседателски кандидати, кога ВМРО-ДПМНЕ и таму очекуваше да има пет пати повеќе потписи, за на крај ние да собереме над 22 000 потписи. Тие објавија дека собрале повеќе, но на крај, се испостави дека нивниот претседателски кандидат ќе биде кандидиран само со потписи на пратениците што очигледно потврдува дека и тие потписи не биле толку колку што биле објавени или имало некој друг инженеринг околу нивното собирање - рече Ковачевски.
Прашан дали израелскиот експерт Асаф Еисин е консултант на СДСМ, дали тој ќе ја води кампањата, колку чинат неговите услуги и од кои пари ќе бидат платени, Ковачевски одговори дека нема таков консултант.
Немам таков консултант, јас имам консултант кој се вика Александар. Мојата кампања, како и до сега, ја извршува шефот за комуникации на СДСМ, Александар, веројатно сите го знаете. Видеата на социјалните медиуми ги работат наши сограѓанки. Ниту Александар е Израелец, ниту овие девојки се Израелки. Мојата кампања и на претседателскиот кандидат Пендаровски ја работат баш тие луѓе. Не знам што точно одговориле од Кабинетот на Пендаровски, но ви кажувам кој ги работи моите кампањи и кој комуницира со сите вас. Не знам што точно сте го прашале и што точно одговорил - потенцира Ковачевски.
Пред изјавата за медиумите, лидерот на СДСМ засади дрвце. Осврнувајќи се на акцијата за зазеленување на Општина Центар, оцени дека Скопје е во запуштена состојба.
Скопје е запуштено, како да нема градоначалник и Совет. Среќен сум што во мојот мандат екологијата беше високо на агендата, посебно од аспект на обновливите извори на енергија - истакна Ковачевски.

The post Ковачевски ја потврди само Лукаревска за носител на листа, другите не ги открива appeared first on Република.

]]>
Проблеми во СДСМ – несогласување околу носителите на пратеничките листи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/problemi-vo-sdsm-nesoglasuvane-okolu-nositelite-na-pratenichkite-listi/ Mon, 18 Mar 2024 15:18:25 +0000 https://republika.mk/?p=755990

Партиите треба да ги достават изборните листи до Државната изборна комисија до 2 април, со што расте притисокот врз партиите да ги привршуваат комбинациите пред да ги завршат списоците. Според извори од СДСМ, најновата комбинација за изборните листи на СДСМ е ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да ја предводи Втората изборна единица, а заменик-претседателката и директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, да биде прва во „тројката“, објави „Слободен печат“.

Според партиски извори, како што пишува „Слободен печат“, првично стокмените пратеничките листи, според кои Спасовски требаше да ја предводи Третата изборна единица, предизвикало незадоволство и најновата комбинација е ротација на носителите на „двојката“ и на „тројката“. Забелешките биле дека Спасовски природно припаѓа во Втората изборна единица (кумановската) и дека неа треба да ја предводи.

Во таков случај, Лукаревска би била прва во „тројката“. Според оваа комбинација, во пакет со носителите ќе одат и коносителите, односно вицепремиерот Фатмир Битиќи ќе биде веднаш по Спасовски во Втората изборна единица, додека во „тројката“ по Лукаревска ќе биде министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Негодувања имало и за министерката за одбрана Славјанка Петровска, која првично требаше да ја предводи Шестата изборна единица, а коносител да биде претседателот на младината, Марко Михаиловски, кој е тетовец. Можно е Михаиловски да биде прв во „шестката“, а Петровска воопшто да не е носител, туку да биде трета во „двојката“. Засега официјално потврдено е дека лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, ќе биде прв во „единицата“, а веднаш по него е претседателката на ЛДП Моника Зајкова.

Во Четвртата изборна единица носител на СДСМ ќе биде ексминистерот за здравство Венко Филипче, а по него Јована Тренчевска, додека по претседателот на Собранието, Јован Митрески, кој ќе ја предводи Петтата изборна единица, коносителка ќе биде потпретседателката и министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска.

Целиот текст тука

The post Проблеми во СДСМ – несогласување околу носителите на пратеничките листи appeared first on Република.

]]>

Партиите треба да ги достават изборните листи до Државната изборна комисија до 2 април, со што расте притисокот врз партиите да ги привршуваат комбинациите пред да ги завршат списоците. Според извори од СДСМ, најновата комбинација за изборните листи на СДСМ е ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да ја предводи Втората изборна единица, а заменик-претседателката и директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, да биде прва во „тројката“, објави „Слободен печат“. Според партиски извори, како што пишува „Слободен печат“, првично стокмените пратеничките листи, според кои Спасовски требаше да ја предводи Третата изборна единица, предизвикало незадоволство и најновата комбинација е ротација на носителите на „двојката“ и на „тројката“. Забелешките биле дека Спасовски природно припаѓа во Втората изборна единица (кумановската) и дека неа треба да ја предводи. Во таков случај, Лукаревска би била прва во „тројката“. Според оваа комбинација, во пакет со носителите ќе одат и коносителите, односно вицепремиерот Фатмир Битиќи ќе биде веднаш по Спасовски во Втората изборна единица, додека во „тројката“ по Лукаревска ќе биде министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Негодувања имало и за министерката за одбрана Славјанка Петровска, која првично требаше да ја предводи Шестата изборна единица, а коносител да биде претседателот на младината, Марко Михаиловски, кој е тетовец. Можно е Михаиловски да биде прв во „шестката“, а Петровска воопшто да не е носител, туку да биде трета во „двојката“. Засега официјално потврдено е дека лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, ќе биде прв во „единицата“, а веднаш по него е претседателката на ЛДП Моника Зајкова. Во Четвртата изборна единица носител на СДСМ ќе биде ексминистерот за здравство Венко Филипче, а по него Јована Тренчевска, додека по претседателот на Собранието, Јован Митрески, кој ќе ја предводи Петтата изборна единица, коносителка ќе биде потпретседателката и министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска. Целиот текст тука

The post Проблеми во СДСМ – несогласување околу носителите на пратеничките листи appeared first on Република.

]]>
Лукаревска: Поголеми плати и продолжување на концептот за повеќе пари кај граѓаните и во новата програма на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lukarevska-pogolemi-plati-i-prodolzhuvane-na-kontseptot-za-poveke-pari-kaj-graganite-i-vo-novata-programa-na-sdsm/ Sat, 24 Feb 2024 18:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=747935

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „Агенда 35“ на МТВ изјави дека нејзината партија ќе продолжи со политиките за враќање на парите назад кај граѓаните, за повисок животен стандард за што имале разновидни мерки и политики и во новата програмска понуда, во новата програма на партијата.

Горда сум што политиките на СДСМ, зголемената просечна плата, зголемената минимална плата, пензиите, огромниот број на мерки што ги имавме, дадоа резултат и успеавме да обезбедиме и успешното справување со енергетската и корона кризата. Можам да кажам дека ќе продолжиме со политиките за враќање на парите назад кај граѓаните, за повисок животен стандард за што имаме разновидни мерки и политики. Сите овие мерки во дослух со граѓаните, коморите, синдикатите, изјави Лукаревска.

Таа додаде дека се бореле да ја намалат невработеноста на најниско ниво и успеале.

Се боревме да ја зголемиме невработеноста и тоа успеавме да го направиме, имаме огромни пакети и во време на криза го положивме тестот, го заштитивме стандардот на граѓани, додаде Лукаревска.

Таа изјави дека во делот на даночните политики СДСМ ќе се стреми и понатаму да обезбеди извесност, стабилност и предвидливост на даночниот систем, затоа што тоа не е инструмент на политичките партии туку е потребен поширок консензус.

Нема да зголемуваме даночни стапки, ниту придонеси, ќе разговараме за даночни ослободувања за да им овозможиме одредени олеснувања на граѓаните. Дигитализацијата е исто така многу значајна за поразвиен даночен систем, во оваа насока ќе ги споменам е фактура и е фискализација но имаме и нови мерки кои значат подобар стандард на граѓаните.

Како заменик претседателка јас сум задолжена за новата програмска понуда на СДСМ, заедно со еден прекрасен тим на луѓе и можам да кажам дека програмата е веќе подготвена. Во изработката беа вклучени сите партиски комисии, поединци, чинители и претставници на невладини организации, различни целни групи кои ги консултиравме. Изборната програма СДСМ ја промовира на Конгресот кога ќе бидат претставени и пратеничките листи, наведе Лукаревска.

The post Лукаревска: Поголеми плати и продолжување на концептот за повеќе пари кај граѓаните и во новата програма на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „Агенда 35“ на МТВ изјави дека нејзината партија ќе продолжи со политиките за враќање на парите назад кај граѓаните, за повисок животен стандард за што имале разновидни мерки и политики и во новата програмска понуда, во новата програма на партијата.
Горда сум што политиките на СДСМ, зголемената просечна плата, зголемената минимална плата, пензиите, огромниот број на мерки што ги имавме, дадоа резултат и успеавме да обезбедиме и успешното справување со енергетската и корона кризата. Можам да кажам дека ќе продолжиме со политиките за враќање на парите назад кај граѓаните, за повисок животен стандард за што имаме разновидни мерки и политики. Сите овие мерки во дослух со граѓаните, коморите, синдикатите, изјави Лукаревска.
Таа додаде дека се бореле да ја намалат невработеноста на најниско ниво и успеале.
Се боревме да ја зголемиме невработеноста и тоа успеавме да го направиме, имаме огромни пакети и во време на криза го положивме тестот, го заштитивме стандардот на граѓани, додаде Лукаревска.
Таа изјави дека во делот на даночните политики СДСМ ќе се стреми и понатаму да обезбеди извесност, стабилност и предвидливост на даночниот систем, затоа што тоа не е инструмент на политичките партии туку е потребен поширок консензус.
Нема да зголемуваме даночни стапки, ниту придонеси, ќе разговараме за даночни ослободувања за да им овозможиме одредени олеснувања на граѓаните. Дигитализацијата е исто така многу значајна за поразвиен даночен систем, во оваа насока ќе ги споменам е фактура и е фискализација но имаме и нови мерки кои значат подобар стандард на граѓаните. Како заменик претседателка јас сум задолжена за новата програмска понуда на СДСМ, заедно со еден прекрасен тим на луѓе и можам да кажам дека програмата е веќе подготвена. Во изработката беа вклучени сите партиски комисии, поединци, чинители и претставници на невладини организации, различни целни групи кои ги консултиравме. Изборната програма СДСМ ја промовира на Конгресот кога ќе бидат претставени и пратеничките листи, наведе Лукаревска.

The post Лукаревска: Поголеми плати и продолжување на концептот за повеќе пари кај граѓаните и во новата програма на СДСМ appeared first on Република.

]]>