Сања Божиновска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sanja-bozinovska/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 20:17:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сања Божиновска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sanja-bozinovska/ 32 32 Средба Божиновска-Пјат на маргините на Конференцијата за чиста и безбедна енергија во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sredba-bozhinovska-pjat-na-marginite-na-konferentsijata-za-chista-i-bezbedna-energija-vo-istanbul/ Thu, 10 Oct 2024 12:27:58 +0000 https://republika.mk/?p=825332

Гасните интерконектори со Грција и Србија како клучни стратешки проекти за обезбедување стабилна енергетска иднина за нашата држава и регионот, беа тема на разговор на денешната средба во Истанбул меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и Џефри Пјат, помошник државен секретар за енергетски ресурси во Стејт Департментот.

На средбата реализирана на маргините на Конференцијата за чиста и безбедна енергија во Истанбул, организирана од американскиот Атлантски совет, беше посочено дека овие проекти се од суштинско значење за диверзификација на изворите на енергија и зголемување на енергетската независност на земјава.

-Гасните конектори со соседите се од огромно значење за нашата енергетска стратегија. Тие не само што ќе ја зголемат нашата сигурност во снабдувањето, туку и ќе ја подобрат нашата конкурентност на пазарот, рече Божиновска.

Се дискутираше и за стратешката соработка со САД во областа на енергетиката, при што министерката ја акцентираше важноста на американската поддршка во развојот на проекти за обновливи извори на енергија и технологија за енергетска ефикасност, но и важноста од споделување искуства со САД во делот на борбата со корупцијата во доменот на енергетиката.

-Нашата соработка со САД е од клучно значење за имплементацијата на иновациите во енергетскиот сектор. Заедно можеме да создадеме одржливи решенија кои ќе придонесат за развојот на регионот, додаде Божиновска.

Министерката Божиновска и помошник државниот секретар Пјат разговараа и за идната соработка и регионалните иницијативи, нагласувајќи ја потребата за продолжување на дијалогот и партнерството меѓу државите во областа на енергетиката.

The post Средба Божиновска-Пјат на маргините на Конференцијата за чиста и безбедна енергија во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Гасните интерконектори со Грција и Србија како клучни стратешки проекти за обезбедување стабилна енергетска иднина за нашата држава и регионот, беа тема на разговор на денешната средба во Истанбул меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и Џефри Пјат, помошник државен секретар за енергетски ресурси во Стејт Департментот. На средбата реализирана на маргините на Конференцијата за чиста и безбедна енергија во Истанбул, организирана од американскиот Атлантски совет, беше посочено дека овие проекти се од суштинско значење за диверзификација на изворите на енергија и зголемување на енергетската независност на земјава.
-Гасните конектори со соседите се од огромно значење за нашата енергетска стратегија. Тие не само што ќе ја зголемат нашата сигурност во снабдувањето, туку и ќе ја подобрат нашата конкурентност на пазарот, рече Божиновска.
Се дискутираше и за стратешката соработка со САД во областа на енергетиката, при што министерката ја акцентираше важноста на американската поддршка во развојот на проекти за обновливи извори на енергија и технологија за енергетска ефикасност, но и важноста од споделување искуства со САД во делот на борбата со корупцијата во доменот на енергетиката.
-Нашата соработка со САД е од клучно значење за имплементацијата на иновациите во енергетскиот сектор. Заедно можеме да создадеме одржливи решенија кои ќе придонесат за развојот на регионот, додаде Божиновска.
Министерката Божиновска и помошник државниот секретар Пјат разговараа и за идната соработка и регионалните иницијативи, нагласувајќи ја потребата за продолжување на дијалогот и партнерството меѓу државите во областа на енергетиката.

The post Средба Божиновска-Пјат на маргините на Конференцијата за чиста и безбедна енергија во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Божиновска: Македонија решително чекори кон енергетската транзиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bozhinovska-makedonija-reshitelno-chekori-kon-energetskata-tranzitsija/ Wed, 09 Oct 2024 14:44:39 +0000 https://republika.mk/?p=824779

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува на дводневната Конференција за чиста и безбедна енергија.

Во улога на говорник, министерката се обрати во програмата за министерски забелешки на која се дискутираше за предизвиците на регионот од Балканскиот полуостров до Централна Азија, на патот кон зелената транзиција, креирање поволни политики кон изградба на нови обновливи извори и енергетската безбедност.

„Земјите од регионот вклучувајќи ја и Македонија решително чекорат кон енергетската транзиција. Напорно работиме целосно да го усогласиме домашното законодавство со европските регулативи. Подготвуваме фер пазар за влез на нови странски инвестиции во обновливи енергетски капацитети, целиме кон нови технологии, но огромен стратешки приоритет е изградбата и диверзификација на нови обновливи извори во државна сопственост. Она што во наредниот период дополнително ќе се посветиме е подготовка на терен за изградба на батерии за складирање на произведената енергија од обновливи извори “ – рече Божиновска.

Божиновска нагласи дека не постои држава во Европа што не ги чувствува последиците од украинско- рускиот конфликт кој претстојнава зима може да се одрази на пазарот за гас и електрична енергија и директно да влијае на глобалната енергетска безбедност.

„Значителното штета која во текот на воените дејства ја претрпи енергетската инфраструктура на Украина, и потребата на земјата од електрична енергија претстојната зима, може да ги раздвижи цените на енергентите на европскиот пазар. Затоа очекувам дека оваа конференција ќе продуцира заклучоци и пораки врз кои ќе се креираат дополнителни превентивни политики на сите засегнати држави од регионот, во соработка со Соединетите Американски Држави како наши стратешки партнери“ – подвлече Божиновска.

Во истиот дел од програмата, Божиновска се обрати заедно со своите колеги Ахмет Берат Чонкар, заменик министер за енергија и природни ресурси на Турција, Џефри Р. Пајат, помошник државен секретар за енергетски ресурси во Стејт департментот на САД, Камал Мохамад Салих Калил, министер за електрична енергија и вд министер за природни ресурси во Курдистански регион во Ирак, потоа Џорџ-Сергиу Никулеску, претседател на Романското регулаторно тело за енергетика (ANRE), Берис Екинџи, турски заменик министер за надворешни работи и Метју Болдвин, заменик-генерален директор во Генералниот директорат за енергија при Европската комисија.

Конференцијата во организација на Програмата на Атлантскиот совет за Турција, во партнерство со Глобалниот енергетски центар , собра министри, функционери на високо ниво, лидери во приватниот сектор и експерти од целиот регион, како и од трансатлантската алијанса. Во дискусиите на конференцијата, се разговараше и за регионалните проекти, со акцент на Средниот коридор кој подразбира намалување на зависноста на регионот од руски гас, како и регионалните безбедносни и геополитичките прашања од Украина до Блискиот Исток и изборите во САД.

Се очекува дводневниот настан да ги означи следните чекори за унапредување на чистата енергија, зајакнување на енергетската безбедност и поттикнување на декарбонизацијата во енергетски систем

The post Божиновска: Македонија решително чекори кон енергетската транзиција appeared first on Република.

]]>

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува на дводневната Конференција за чиста и безбедна енергија. Во улога на говорник, министерката се обрати во програмата за министерски забелешки на која се дискутираше за предизвиците на регионот од Балканскиот полуостров до Централна Азија, на патот кон зелената транзиција, креирање поволни политики кон изградба на нови обновливи извори и енергетската безбедност.
„Земјите од регионот вклучувајќи ја и Македонија решително чекорат кон енергетската транзиција. Напорно работиме целосно да го усогласиме домашното законодавство со европските регулативи. Подготвуваме фер пазар за влез на нови странски инвестиции во обновливи енергетски капацитети, целиме кон нови технологии, но огромен стратешки приоритет е изградбата и диверзификација на нови обновливи извори во државна сопственост. Она што во наредниот период дополнително ќе се посветиме е подготовка на терен за изградба на батерии за складирање на произведената енергија од обновливи извори “ – рече Божиновска.
Божиновска нагласи дека не постои држава во Европа што не ги чувствува последиците од украинско- рускиот конфликт кој претстојнава зима може да се одрази на пазарот за гас и електрична енергија и директно да влијае на глобалната енергетска безбедност.
„Значителното штета која во текот на воените дејства ја претрпи енергетската инфраструктура на Украина, и потребата на земјата од електрична енергија претстојната зима, може да ги раздвижи цените на енергентите на европскиот пазар. Затоа очекувам дека оваа конференција ќе продуцира заклучоци и пораки врз кои ќе се креираат дополнителни превентивни политики на сите засегнати држави од регионот, во соработка со Соединетите Американски Држави како наши стратешки партнери“ – подвлече Божиновска.
Во истиот дел од програмата, Божиновска се обрати заедно со своите колеги Ахмет Берат Чонкар, заменик министер за енергија и природни ресурси на Турција, Џефри Р. Пајат, помошник државен секретар за енергетски ресурси во Стејт департментот на САД, Камал Мохамад Салих Калил, министер за електрична енергија и вд министер за природни ресурси во Курдистански регион во Ирак, потоа Џорџ-Сергиу Никулеску, претседател на Романското регулаторно тело за енергетика (ANRE), Берис Екинџи, турски заменик министер за надворешни работи и Метју Болдвин, заменик-генерален директор во Генералниот директорат за енергија при Европската комисија. Конференцијата во организација на Програмата на Атлантскиот совет за Турција, во партнерство со Глобалниот енергетски центар , собра министри, функционери на високо ниво, лидери во приватниот сектор и експерти од целиот регион, како и од трансатлантската алијанса. Во дискусиите на конференцијата, се разговараше и за регионалните проекти, со акцент на Средниот коридор кој подразбира намалување на зависноста на регионот од руски гас, како и регионалните безбедносни и геополитичките прашања од Украина до Блискиот Исток и изборите во САД. Се очекува дводневниот настан да ги означи следните чекори за унапредување на чистата енергија, зајакнување на енергетската безбедност и поттикнување на декарбонизацијата во енергетски систем

The post Божиновска: Македонија решително чекори кон енергетската транзиција appeared first on Република.

]]>
Божиновска уште лани на 14 септември поднела молба за откажување од бугарско државјанство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bozhinovska-ushte-lani-na-14-septemvri-podnela-molba-za-otkazhuvane-od-bugarsko-drzhavjanstvo/ Sun, 06 Oct 2024 12:49:07 +0000 https://republika.mk/?p=823461

Лани на 14 септември министерката за енергетика Сања Божиновска побарала отпуст од бугарско државјанство, стои во документот што МКД.мк го доби од нејзиниот кабинет. Според вообичаените процедури Mинистерството за правда, дирекција за бугарско државјанство, преку Советот за гражданство (државјанство), отпустот се одобрува по автоматизам.

На петочната конференција за медиуми министерката Божиновска беше прашана за тоа до каде е процедурата за откажување од нејзиното бугарско државјанство. Ќе се консултирам со адвокат, кусо одговори министерката. Таа рече дека поседува само македонско и чешко државјанство.

„Во врска со тврдењата за бугарско државјанство, сакам да нагласам дека не поседувам бугарско државјанство и сите релевантни информации се транспарентно наведени во мојата биографија“, одговори Божиновска во јуни годинава.

Бугарската агенција БГНЕС, по конференцијата за медиуми на Божиновска, објави дека, според нивни анонимни извори во Министерството за правда, на Божиновска не ѝ е издаден указ за ослободување од бугарското државјанство.

Божиновска неколкупати изјавуваше дека поднела барање за откажување од државјанството.

„Во еден период од животот, како и многу Македонци, од економски причини сум имала бугарски пасош и мислам дека сум една од ретките која се откажала, сум го вратила државјанството и немам повеќе валидна патна исправа, ни лична карта. И никој не се занимава зошто имам чешки пасош“, вели Божиновска.

The post Божиновска уште лани на 14 септември поднела молба за откажување од бугарско државјанство appeared first on Република.

]]>

Лани на 14 септември министерката за енергетика Сања Божиновска побарала отпуст од бугарско државјанство, стои во документот што МКД.мк го доби од нејзиниот кабинет. Според вообичаените процедури Mинистерството за правда, дирекција за бугарско државјанство, преку Советот за гражданство (државјанство), отпустот се одобрува по автоматизам. На петочната конференција за медиуми министерката Божиновска беше прашана за тоа до каде е процедурата за откажување од нејзиното бугарско државјанство. Ќе се консултирам со адвокат, кусо одговори министерката. Таа рече дека поседува само македонско и чешко државјанство.
„Во врска со тврдењата за бугарско државјанство, сакам да нагласам дека не поседувам бугарско државјанство и сите релевантни информации се транспарентно наведени во мојата биографија“, одговори Божиновска во јуни годинава.
Бугарската агенција БГНЕС, по конференцијата за медиуми на Божиновска, објави дека, според нивни анонимни извори во Министерството за правда, на Божиновска не ѝ е издаден указ за ослободување од бугарското државјанство. Божиновска неколкупати изјавуваше дека поднела барање за откажување од државјанството.
„Во еден период од животот, како и многу Македонци, од економски причини сум имала бугарски пасош и мислам дека сум една од ретките која се откажала, сум го вратила државјанството и немам повеќе валидна патна исправа, ни лична карта. И никој не се занимава зошто имам чешки пасош“, вели Божиновска.

The post Божиновска уште лани на 14 септември поднела молба за откажување од бугарско државјанство appeared first on Република.

]]>
Кузеска за Божиновска: Лично да ѝ каже на јавноста дали има бугарска самосвест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kuzeska-za-bozhinovska-lichno-da-kazhe-na-javnosta-dali-ima-bugarska-samosvest/ Sun, 06 Oct 2024 10:44:50 +0000 https://republika.mk/?p=823398

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска го коментираше ставот на министерката Сања Божиновска околу нејзиното наводно бугарско државјанство. Според Кузеска, како се чувствува Божиновска и дали има бугарска самосвест не е прашање за адвокатите, туку таа лично треба да ѝ каже на јавноста дали има бугарска самосвест.

Кузеска бара од министерката да не ја лаже и манпулира јавноста.

-Божиновска е на висока функција во македонската Влада и го должи овој одговор до јавноста, токму и поради односите со Бугарија, рече портпаролката на СДСМ, додавајќи дека Божиновска должи одговори и за „долгот на нејзините фирми од 1 милион евра“.

Пред два дена министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска рече дека поседува македонско и чешко државјанство откако беше прашана од новинар дали се уште поседува бугарско државјанство. Таа притоа го праша новинарот „дали (таквото прашање) е релевантно за отчетот за енергетика“ за изминатите 100 дена од Владата.

„Ќе проверам со адвокатите и ќе ве известам. Ќе морам да се консултирам со адвокати, тие ја водат оваа процедура. Тоа беше многу одамна. Не го водев јас процесот, туку адвокатска канцеларија“, одговори министерката на прес-конференција во Владата, запрашана дали се уште има бугарска самосвест.

Неодамна гостувајќи во подкаст, Божиновска рече дека се откажала од бугарското државјанство.

„Во еден период од животот како и многу македонци сум имала бугарски пасош. Мислам дека сум една од ретките што се откажала од бугарското државјанство и немам повеќе валидна патничка исправа ниту лична карта. Имам и чешки пасош и никој не прашува зошто имам чешки пасош“, кажа министерката.

Според дополнителните проверки, таа побарала отпуст од бугарското државјанство во втората половина на 2023 и процедурата не е завршена, што значи дека сè уште е бугарска државјанка. Неколку месеци откако побарала отпуст од бугарско државјанство, Божиновска во февруари годинава стана членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

За бугарски пасош, прво е потребно да се обезбеди бугарско државјанство. За некој, пак, да добие бугарско државјанство, треба да се декларира дека се чувствува како Бугарин пред тамошните власти.

The post Кузеска за Божиновска: Лично да ѝ каже на јавноста дали има бугарска самосвест appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска го коментираше ставот на министерката Сања Божиновска околу нејзиното наводно бугарско државјанство. Според Кузеска, како се чувствува Божиновска и дали има бугарска самосвест не е прашање за адвокатите, туку таа лично треба да ѝ каже на јавноста дали има бугарска самосвест. Кузеска бара од министерката да не ја лаже и манпулира јавноста.
-Божиновска е на висока функција во македонската Влада и го должи овој одговор до јавноста, токму и поради односите со Бугарија, рече портпаролката на СДСМ, додавајќи дека Божиновска должи одговори и за „долгот на нејзините фирми од 1 милион евра“. Пред два дена министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска рече дека поседува македонско и чешко државјанство откако беше прашана од новинар дали се уште поседува бугарско државјанство. Таа притоа го праша новинарот „дали (таквото прашање) е релевантно за отчетот за енергетика“ за изминатите 100 дена од Владата. „Ќе проверам со адвокатите и ќе ве известам. Ќе морам да се консултирам со адвокати, тие ја водат оваа процедура. Тоа беше многу одамна. Не го водев јас процесот, туку адвокатска канцеларија“, одговори министерката на прес-конференција во Владата, запрашана дали се уште има бугарска самосвест. Неодамна гостувајќи во подкаст, Божиновска рече дека се откажала од бугарското државјанство. „Во еден период од животот како и многу македонци сум имала бугарски пасош. Мислам дека сум една од ретките што се откажала од бугарското државјанство и немам повеќе валидна патничка исправа ниту лична карта. Имам и чешки пасош и никој не прашува зошто имам чешки пасош“, кажа министерката. Според дополнителните проверки, таа побарала отпуст од бугарското државјанство во втората половина на 2023 и процедурата не е завршена, што значи дека сè уште е бугарска државјанка. Неколку месеци откако побарала отпуст од бугарско државјанство, Божиновска во февруари годинава стана членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. За бугарски пасош, прво е потребно да се обезбеди бугарско државјанство. За некој, пак, да добие бугарско државјанство, треба да се декларира дека се чувствува како Бугарин пред тамошните власти.

The post Кузеска за Божиновска: Лично да ѝ каже на јавноста дали има бугарска самосвест appeared first on Република.

]]>
Божиновска: Македонка сум и секогаш ќе бидам Македонка, тоа никој не може да ми го оспори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bozhinovska-makedonka-sum-i-sekogash-ke-bidam-makedonka-toa-nikoj-ne-mozhe-da-mi-go-ospori/ Sun, 06 Oct 2024 10:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=823392

Јас сум родена во Скопје, Македонка сум и секогаш ќе бидам Македонка. Тоа никој ниту може, ниту смее да го оспори, вели министерката за енергетика, Сања Божиновска.

-Сите други зајадливи коментари, чудни прашања и погрешно толкувани одговори ќе ги разберам и прифатам како цена на моето скромно и мало политичко искуство. Не се вратив дома за да се мешам во политички игри, се вратив да го вложам моето знаење и искуство во енергетиката како специфична и тешка проблематика. Секогаш мислев дека личните напади и конструкции не се добри во било кои меѓучовечки односи. Повторувањето на овие напади одговара на луѓе на кои им пречи активното занимавање на Владата со проблемите во областа која јас ја раководам. Им одговара заборав на се што направиле и слепило од државата за се што сакаат да направат, напиша таа на својот Фејсбук профил.

Повтори: „Македонка сум и не дозволувам тоа да ми биде спорено“.

Во продолжение следува нејзиниот Фејсбук статус:

Покрај македонското државјанство поседувам и чешко државјанство затоа што живеев и работев долги години во Чешка. Тоа е точната и прецизна вистина.

За мене најзначајно е да изградиме и почнеме да имплементираме долгорочна енергетска стратегија, а тоа значи:
– да ја прекинеме корупцијата во енергетскито систем;
– да ги откриеме сите оние кои во минатото се збогатија на грбот на скапите сметки платени од граѓаните;
– да расчистиме со огромниот долг од 60 милиони евра на државата кон снабдувачите, до сега пред граѓаните лажно претставуван како субвенција;
– да ги откриеме и прекинеме криминалите со набавките во електро-енергетските објекти, РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино и други;
– да ги прекинеме преплатените тендери за надворешни компании;
– да ги запреме чудните донации од МЕПСО и ЕСМ кон фитнес студија, спортски друштва и невладини организации;
– да обезбедиме силно, одржливо и евтино домашно производство на електрична енергија;
– да обезбедиме енергетска ефикасност и инвестиции во обновливи извори;
– да ја направиме електричната енергија конкурентна предност на домашното стопанство.

На сите кои им сметаат нашите стратешки планови за воведување на ред во оваа област им упатувам порака дека овие лични напади нема да ме поколебаат во мојата намера за воведување на ред во оваа област во која минатите години владееше хаос и комплетен криминал, напиша таа.

The post Божиновска: Македонка сум и секогаш ќе бидам Македонка, тоа никој не може да ми го оспори appeared first on Република.

]]>

Јас сум родена во Скопје, Македонка сум и секогаш ќе бидам Македонка. Тоа никој ниту може, ниту смее да го оспори, вели министерката за енергетика, Сања Божиновска.
-Сите други зајадливи коментари, чудни прашања и погрешно толкувани одговори ќе ги разберам и прифатам како цена на моето скромно и мало политичко искуство. Не се вратив дома за да се мешам во политички игри, се вратив да го вложам моето знаење и искуство во енергетиката како специфична и тешка проблематика. Секогаш мислев дека личните напади и конструкции не се добри во било кои меѓучовечки односи. Повторувањето на овие напади одговара на луѓе на кои им пречи активното занимавање на Владата со проблемите во областа која јас ја раководам. Им одговара заборав на се што направиле и слепило од државата за се што сакаат да направат, напиша таа на својот Фејсбук профил.
Повтори: „Македонка сум и не дозволувам тоа да ми биде спорено“. Во продолжение следува нејзиниот Фејсбук статус: Покрај македонското државјанство поседувам и чешко државјанство затоа што живеев и работев долги години во Чешка. Тоа е точната и прецизна вистина. За мене најзначајно е да изградиме и почнеме да имплементираме долгорочна енергетска стратегија, а тоа значи: – да ја прекинеме корупцијата во енергетскито систем; – да ги откриеме сите оние кои во минатото се збогатија на грбот на скапите сметки платени од граѓаните; – да расчистиме со огромниот долг од 60 милиони евра на државата кон снабдувачите, до сега пред граѓаните лажно претставуван како субвенција; – да ги откриеме и прекинеме криминалите со набавките во електро-енергетските објекти, РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино и други; – да ги прекинеме преплатените тендери за надворешни компании; – да ги запреме чудните донации од МЕПСО и ЕСМ кон фитнес студија, спортски друштва и невладини организации; – да обезбедиме силно, одржливо и евтино домашно производство на електрична енергија; – да обезбедиме енергетска ефикасност и инвестиции во обновливи извори; – да ја направиме електричната енергија конкурентна предност на домашното стопанство. На сите кои им сметаат нашите стратешки планови за воведување на ред во оваа област им упатувам порака дека овие лични напади нема да ме поколебаат во мојата намера за воведување на ред во оваа област во која минатите години владееше хаос и комплетен криминал, напиша таа.

The post Божиновска: Македонка сум и секогаш ќе бидам Македонка, тоа никој не може да ми го оспори appeared first on Република.

]]>
Mинистерката Божиновска ќе се консултира со адвокат дали има бугарска самосвест и државјанство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerkata-bozhinovska-ke-se-konsultira-so-advokat-dali-ima-bugarska-samosvest-i-drzhavjanstvo/ Fri, 04 Oct 2024 12:04:11 +0000 https://republika.mk/?p=822683

На прашањето на „360 степени“ дали може на увид на јавноста да ѝ стави документ од бугарските власти со кој ќе потврди дека веќе не е бугарска државјанка, министерката за енергетика од редовите на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека за тоа ќе мора да се консултира со адвокатите. Ист одговор добивме и на прашањето дали сè уште има бугарска самосвест.

Ќе се консултирам со адвокатот. Ова е одговорот што „360 степени“ го доби од министерката за енергетика Сања Божиновска на денешната прес-конференција во Владата на неколкуте прашања за нејзиното бугарско државјанство.

На прашањето на „360 степени“ дали поседувала или дали во моментот поседува бугарско државјанство и зошто не го декларирала во биографијата приложена кон предлогот за состав на новата влада, Божиновска во јуни ни одговори:

„Што се однесува до вашите конкретни прашања, во мојата официјална биографија е јасно наведено дека сум македонска државјанка и дека поседувам и чешко државјанство. Во врска со тврдењата за бугарско државјанство, сакам да нагласам дека не поседувам бугарско државјанство и сите релевантни информации се транспарентно наведени во мојата биографија“

The post Mинистерката Божиновска ќе се консултира со адвокат дали има бугарска самосвест и државјанство appeared first on Република.

]]>

На прашањето на „360 степени“ дали може на увид на јавноста да ѝ стави документ од бугарските власти со кој ќе потврди дека веќе не е бугарска државјанка, министерката за енергетика од редовите на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека за тоа ќе мора да се консултира со адвокатите. Ист одговор добивме и на прашањето дали сè уште има бугарска самосвест. Ќе се консултирам со адвокатот. Ова е одговорот што „360 степени“ го доби од министерката за енергетика Сања Божиновска на денешната прес-конференција во Владата на неколкуте прашања за нејзиното бугарско државјанство.   На прашањето на „360 степени“ дали поседувала или дали во моментот поседува бугарско државјанство и зошто не го декларирала во биографијата приложена кон предлогот за состав на новата влада, Божиновска во јуни ни одговори:
„Што се однесува до вашите конкретни прашања, во мојата официјална биографија е јасно наведено дека сум македонска државјанка и дека поседувам и чешко државјанство. Во врска со тврдењата за бугарско државјанство, сакам да нагласам дека не поседувам бугарско државјанство и сите релевантни информации се транспарентно наведени во мојата биографија“

The post Mинистерката Божиновска ќе се консултира со адвокат дали има бугарска самосвест и државјанство appeared first on Република.

]]>
Божиновска: Ќе набавуваме електрична енергија на подолг рок https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bozhinovska-ke-nabavuvame-elektrichna-energija-na-podolg-rok/ Fri, 04 Oct 2024 10:55:34 +0000 https://republika.mk/?p=822616

Во следните седум дена ќе го правиме енергетскиот биланс. Ги гледаме состојбите, односно колку електрична енергија ќе ни недостасува. Ќе гледаме да набавиме на малку подолгорочен рок, односно нема да купуваме недела однапред енергија бидејќи тогаш е навистина многу скапо, информира денеска министерската за енергетика Сања Божиновска.

Капацитетите на РЕК Битола не се во најдобра кондиција и не можеме да сметаме на сите три блока, тоа го наследивме и свесни сме дека е од 1984 година. Затоа ќе направиме струја за четвртиот квартал и евентуално за првите три месеци од 2025 година. Цените сега на берза се околу 100 евра за мегават час што значи дека иако има војна, нема некои енормни поместувања на цените на електрична енергија досега - рече Божиновска во одговор на прашање на денешниот отчет за 100 дена Влада.

Следните седум дена, прецизира, ќе направиме точен енергетски биланс и се надеваме дека ќе ги имаме точните бројки за потребна електрична енергија.

Тоа зависи исто така и од хидрометеорологијата. Моментално исполнетоста во акумулациите е само околу 24 проценти што воопшто не е во ред, меѓутоа ако е ноември дождлив може да се наполнат. Што се однесува за финансии со премиерот имаме дискутирано и имаме добри шанси да набавиме финансиски средства. Се уште немаме точно разговарано, меѓутоа ќе бидат од домашните банки - рече Божиновска.

Прашана дали ќе поскапи производната цена на електричната енергија на ЕСМ од 1 јануари идната година, а со тоа и цената што ја плаќаат граѓаните, рече дека финалната цена се состои од повеќе импути, меѓу кои и цената на електрична енергија од ЕСМ.

Ќе работиме за најдобар интерес за граѓаните. Никој не би сакал да види поскапување на електричната цена, меѓутоа тука влегуваат и трошоците од МЕПСО, значи не е само цената на ЕСМ. Ние ќе ја дискутираме цената и ќе видиме колку проценти ќе се понудат. Како што знаете минатиот пат претходната влада понуди 85 проценти, па потоа ние понудивме уште 15 проценти на универзалниот снабдувач, така што во ноември би требало да се разјаснат овие работи. Има време уште за тоа - прецизира Божиновска.

За долгот од 60 милиони евра што го направи минатата влада кон ЕВН поради неплаќањето на субвенционираниот дел од цената на струјата за граѓаните во нивните сметки, рече дека разговараат со ЕВН.

Само што не известија за долгот, свесни се за состојбата на буџетот. Кажаа дека ова не е нешто што треба да се врати за една или за две години, дека се спремни да дискутираме. Знаат и свесни се дека тоа ќе биде долгорочно, што значи не само од енергетиката ние ќе ги собереме и сите наследени долгови и заедно како Влада ќе видиме колку е потребно финансиски за да можеме да ги вратиме и да ги сервисираме долговите. Меѓутоа буџетот е во лоша состојба и допрва сега ќе го правиме буџетот за следната година. Така што, сето ова ќе видиме како ќе излезе на крај - посочи Божиновска.

The post Божиновска: Ќе набавуваме електрична енергија на подолг рок appeared first on Република.

Божиновска: Цел ни е да бидеме лидер во зелената енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bozhinovska-tsel-ni-e-da-bideme-lider-vo-zelenata-energija/ Fri, 04 Oct 2024 10:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=822609

Одржливата, базната и домашната енергија ќе бидат приоритет на новата Влада. Тоа вклучува изградба на базни енергетски објекти, когенеративни електрани на гас, ветерни и соларни електрани и модернизација на РЕК Битола и усогласување со највисоките еколошки стандарди, како и конечно завршување на гасоводната мрежа. Имаме визија од земја која увезува електрична енергија да станеме земја која произведува доволно струја за сопствените потреби, а понатаму можеби и да извезува, порача денеска министерката за енергетика Сања Божиновска.

Нагласи дека за таа намена се планира реализација на капитални инвестиции и истакна дека концептот за формирање на Министерство за енергетика, рударство и минерални суроивини е првиот чекор на ставање ред во енергетиката преку конкретен мониторинг, планирање, реализација и контрола.

Гасоводната мрежа, нешто што почна да се гради пред 13 години, е од круционално значење за намалување на потрошувачката на електрична енергија и за изградба на нови капацитети - рече Божиновска на отчетот за 100 дена Влада.

Порача дека транспарентноста ќе им биде приоритет зашто јавноста треба да знае за се што се работи во енергетскиот сектор и додаде дека нема да се заборават ни модернизацијата на преносната мрежа и енергетските интерконекции.

Работиме на интензивирање на работите и конечно завршување на клучните интерконекции и долгорочни инвестиции во обновливите извори на енергија. Цел ни е да бидеме лидер во зелената енергија, создавајќи одржлива иднина не само за сегашните, туку и за идните генерации - рече Божиновска.

Тоа, како што посочи, значи изградба на нови извори на обновлива енергија, но не само како приватни инвестиции, туку и како капацитети во сопственост на државата.

Посебно внимание ќе и посветиме на енергетската ефикасност што вклучува изградба на фотоволтаици на покривите на домовите, градинките, училиштата и другите јавни објекти и поттикнување во компаниите - потенцира Божиновска.

Потсети на чекорите што се веќе преземени и што ни претстојат, кои, како што кажа, имаат за цел да ја консолидираат состојбата во енергетиката и да ја обликуваат енергетската иднина. Истакна дека наследиле катастрофална состојба.

Се соочуваме со префрлени обврски од неодговорното однесување на претходниците. Изминатите три години не е платен ниту денар на име субвенционирана струја. Тоа што го гледавме на сметките дека Владата го покрива како трошок за електрична енергија за граѓаните не е платено. Сметката стигна сега – 60 милиони евра е долгот кон ЕВН во однос на ова што го имаме. Како држава изгубивме арбитража со ОКТА во износ од 24 милиони евра кои граѓаните допрва треба да ги платат. Од МЕПСО давани се донации во износ од 23 милиони денари на организации, фитнес клубови, здруженија, а при тоа се уште не е наплатен долгот од 14 милиони евра каде е инволвиран син на функционер на ДУИ. Дури 80 милиони евра е минусот на ЕСМ, а катастрофална е и состојбата во РЕК Битола каде производствената цена на електричната енергија беше 33 евра за мегават час во 2017 година, а сега е 133 евра - рече Божиновска.

Не е изграден, додаде, ни далекуводот со Албанија, а има 1,5 милиони евра провизија за неповлечени средства. Нема ни А од Александропули освен што имаме платено 2,5 милиони евра за закуп на капацитет.

Порача дека веќе е започната ревизија на работата на енергетските компании, како и модернизација на инфраструктурата, потпишан е договор со ЕБОР за обнова и зајакнување на електропеносната енергетска мрежа со што ќе може да се приклучат обновливи извори на енергија со инсталирана моќ од околу 1.170 мегавати. МЕМО од неодамна стана член набљудувач на АИБ, се врати транспарентноста во купувањето електрична енергија од страна на ЕСМ, профункционира Советот за праведна транзиција,...

The post Божиновска: Цел ни е да бидеме лидер во зелената енергија appeared first on Република.

]]>

Одржливата, базната и домашната енергија ќе бидат приоритет на новата Влада. Тоа вклучува изградба на базни енергетски објекти, когенеративни електрани на гас, ветерни и соларни електрани и модернизација на РЕК Битола и усогласување со највисоките еколошки стандарди, како и конечно завршување на гасоводната мрежа. Имаме визија од земја која увезува електрична енергија да станеме земја која произведува доволно струја за сопствените потреби, а понатаму можеби и да извезува, порача денеска министерката за енергетика Сања Божиновска. Нагласи дека за таа намена се планира реализација на капитални инвестиции и истакна дека концептот за формирање на Министерство за енергетика, рударство и минерални суроивини е првиот чекор на ставање ред во енергетиката преку конкретен мониторинг, планирање, реализација и контрола.
Гасоводната мрежа, нешто што почна да се гради пред 13 години, е од круционално значење за намалување на потрошувачката на електрична енергија и за изградба на нови капацитети - рече Божиновска на отчетот за 100 дена Влада.
Порача дека транспарентноста ќе им биде приоритет зашто јавноста треба да знае за се што се работи во енергетскиот сектор и додаде дека нема да се заборават ни модернизацијата на преносната мрежа и енергетските интерконекции.
Работиме на интензивирање на работите и конечно завршување на клучните интерконекции и долгорочни инвестиции во обновливите извори на енергија. Цел ни е да бидеме лидер во зелената енергија, создавајќи одржлива иднина не само за сегашните, туку и за идните генерации - рече Божиновска.
Тоа, како што посочи, значи изградба на нови извори на обновлива енергија, но не само како приватни инвестиции, туку и како капацитети во сопственост на државата.
Посебно внимание ќе и посветиме на енергетската ефикасност што вклучува изградба на фотоволтаици на покривите на домовите, градинките, училиштата и другите јавни објекти и поттикнување во компаниите - потенцира Божиновска.
Потсети на чекорите што се веќе преземени и што ни претстојат, кои, како што кажа, имаат за цел да ја консолидираат состојбата во енергетиката и да ја обликуваат енергетската иднина. Истакна дека наследиле катастрофална состојба.
Се соочуваме со префрлени обврски од неодговорното однесување на претходниците. Изминатите три години не е платен ниту денар на име субвенционирана струја. Тоа што го гледавме на сметките дека Владата го покрива како трошок за електрична енергија за граѓаните не е платено. Сметката стигна сега – 60 милиони евра е долгот кон ЕВН во однос на ова што го имаме. Како држава изгубивме арбитража со ОКТА во износ од 24 милиони евра кои граѓаните допрва треба да ги платат. Од МЕПСО давани се донации во износ од 23 милиони денари на организации, фитнес клубови, здруженија, а при тоа се уште не е наплатен долгот од 14 милиони евра каде е инволвиран син на функционер на ДУИ. Дури 80 милиони евра е минусот на ЕСМ, а катастрофална е и состојбата во РЕК Битола каде производствената цена на електричната енергија беше 33 евра за мегават час во 2017 година, а сега е 133 евра - рече Божиновска.
Не е изграден, додаде, ни далекуводот со Албанија, а има 1,5 милиони евра провизија за неповлечени средства. Нема ни А од Александропули освен што имаме платено 2,5 милиони евра за закуп на капацитет. Порача дека веќе е започната ревизија на работата на енергетските компании, како и модернизација на инфраструктурата, потпишан е договор со ЕБОР за обнова и зајакнување на електропеносната енергетска мрежа со што ќе може да се приклучат обновливи извори на енергија со инсталирана моќ од околу 1.170 мегавати. МЕМО од неодамна стана член набљудувач на АИБ, се врати транспарентноста во купувањето електрична енергија од страна на ЕСМ, профункционира Советот за праведна транзиција,...

The post Божиновска: Цел ни е да бидеме лидер во зелената енергија appeared first on Република.

]]>
Ресорната министерка: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/resornata-ministerka-regionalnata-sorabotka-e-od-osobena-vazhnost-za-energetskata-transformatsija/ Wed, 02 Oct 2024 16:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=821865

Одржливиот развој во енергетскиот сектор не подразбира само усвојување на технологии за чиста енергија, туку и промовирање на енергетската ефикасност и намалување на нашата вкупна потрошувачка на енергија, заклучи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на отворањето на меѓународната конференција „Енергетика 2024“, што од денеска до петок се одржува во Струга во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК).

Тоа, според неа, бара инвестиции во истражување и развој, како и соработнички напори меѓу владите, лидерите на индустријата и академските институции.

Ресорната министерка нагласи дека регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација.

Енергетските предизвици со кои се соочуваме не се ограничени на националните граници. Проекти за соработка, интегрирани пазари за електрична енергија и регионална координација на политиките се од суштинско значење за постигнување на енергетска безбедност и одржливост во нашиот регион, истакна Божиновска, нагласувајќи дека државата е посветена на продлабочување на соработката со соседните земји.

Идеите и партнерствата кои ќе произлезат од Меѓународната енергетска конференција, подвлече, ќе ја обликуваат иднината на енергетиката во Македонија, регионот и светот.

Оваа конференција не е само потврда за важноста на енергетскиот сектор, туку и потсетник за предизвиците што ги имаме пред нас, додека се стремиме да ги задоволиме растечките глобални потреби за енергија на одржлив и одговорен начин, додаде Божиновска.

Министерката нагласи дека живееме во реалност кога се поврзано со енергетскиот сектор е од исклучителна важност, а производството и дистрибуцијата на енергија се основа на економскиот раст и стабилност.

Соодветно на тоа и темата на годинашниот собир, ни дава увид и нѐ поттикнува за поенергично влегување во унапредување на знаењата, политиките и технологиите во производството на енергија, одржливиот развој и заштитата на животната средина. Додека државите ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија, се соочуваат со зголемена побарувачка за енергија и потребата за итни климатски акции, неопходно е да соработуваме за иновациите и стратешки да планираме, рече Божиновска.

Таа нагласи дека една од клучните теми на конференцијата е енергетската транзиција, односно намалување на емисиите на јаглерод и обезбедување сигурен и достапен пристап до енергија за сите.

Државите се оддалечуваат од фосилните горива и вложуваат во обновливи извори на енергија, како сончевата, ветерната, хидро и геотермалната енергија. Македонија не е исклучок и во последниве години направивме значителни чекори во проширување на капацитетите за обновлива енергија, особено со проектите за сончеви и ветерни паркови. Сепак, мора да признаеме дека оваа транзиција е полна со предизвици. Инвестициите во инфраструктурата, регулаторните реформи и усвојувањето на нови технологии бараат значителни ресурси, истакна министерката за енергетика.

За претседателот на Здружението на енергетичарите на Македонија, Борко Алексоски, енергетиката е еден од најважните столбови на кое е поставено секое оптество, па оттаму нејзиното технолошко унапредување и усовршување е од непроценливо значење за целокупниот општествен развој.

Развојот на енергетиката во нашата држава неопходно е да ги следи сите текови од регинот и од Европа. Во таа насока се преземаат опсежни активности со цел имплементација на европската во нашата национална легислатива, која понатаму е основа за развојот на енергетиката и пристапувањето кон единствениот европски пазар на енергија, истакна Алексоски.

Според него, стручните лица на форумот не само што ќе ги споделат и разменат искуствата и плановите од областа на енергетиката на регионално и глобално ниво, туку и заеднички ќе побараат решенија за тековните проблеми и предизвици кои стојат пред секој од нас.

The post Ресорната министерка: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација appeared first on Република.

]]>

Одржливиот развој во енергетскиот сектор не подразбира само усвојување на технологии за чиста енергија, туку и промовирање на енергетската ефикасност и намалување на нашата вкупна потрошувачка на енергија, заклучи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на отворањето на меѓународната конференција „Енергетика 2024“, што од денеска до петок се одржува во Струга во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК).
Тоа, според неа, бара инвестиции во истражување и развој, како и соработнички напори меѓу владите, лидерите на индустријата и академските институции. Ресорната министерка нагласи дека регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација.
Енергетските предизвици со кои се соочуваме не се ограничени на националните граници. Проекти за соработка, интегрирани пазари за електрична енергија и регионална координација на политиките се од суштинско значење за постигнување на енергетска безбедност и одржливост во нашиот регион, истакна Божиновска, нагласувајќи дека државата е посветена на продлабочување на соработката со соседните земји.
Идеите и партнерствата кои ќе произлезат од Меѓународната енергетска конференција, подвлече, ќе ја обликуваат иднината на енергетиката во Македонија, регионот и светот.
Оваа конференција не е само потврда за важноста на енергетскиот сектор, туку и потсетник за предизвиците што ги имаме пред нас, додека се стремиме да ги задоволиме растечките глобални потреби за енергија на одржлив и одговорен начин, додаде Божиновска.
Министерката нагласи дека живееме во реалност кога се поврзано со енергетскиот сектор е од исклучителна важност, а производството и дистрибуцијата на енергија се основа на економскиот раст и стабилност.
Соодветно на тоа и темата на годинашниот собир, ни дава увид и нѐ поттикнува за поенергично влегување во унапредување на знаењата, политиките и технологиите во производството на енергија, одржливиот развој и заштитата на животната средина. Додека државите ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија, се соочуваат со зголемена побарувачка за енергија и потребата за итни климатски акции, неопходно е да соработуваме за иновациите и стратешки да планираме, рече Божиновска.
Таа нагласи дека една од клучните теми на конференцијата е енергетската транзиција, односно намалување на емисиите на јаглерод и обезбедување сигурен и достапен пристап до енергија за сите.
Државите се оддалечуваат од фосилните горива и вложуваат во обновливи извори на енергија, како сончевата, ветерната, хидро и геотермалната енергија. Македонија не е исклучок и во последниве години направивме значителни чекори во проширување на капацитетите за обновлива енергија, особено со проектите за сончеви и ветерни паркови. Сепак, мора да признаеме дека оваа транзиција е полна со предизвици. Инвестициите во инфраструктурата, регулаторните реформи и усвојувањето на нови технологии бараат значителни ресурси, истакна министерката за енергетика.
За претседателот на Здружението на енергетичарите на Македонија, Борко Алексоски, енергетиката е еден од најважните столбови на кое е поставено секое оптество, па оттаму нејзиното технолошко унапредување и усовршување е од непроценливо значење за целокупниот општествен развој.
Развојот на енергетиката во нашата држава неопходно е да ги следи сите текови од регинот и од Европа. Во таа насока се преземаат опсежни активности со цел имплементација на европската во нашата национална легислатива, која понатаму е основа за развојот на енергетиката и пристапувањето кон единствениот европски пазар на енергија, истакна Алексоски.
Според него, стручните лица на форумот не само што ќе ги споделат и разменат искуствата и плановите од областа на енергетиката на регионално и глобално ниво, туку и заеднички ќе побараат решенија за тековните проблеми и предизвици кои стојат пред секој од нас.

The post Ресорната министерка: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација appeared first on Република.

]]>
Божиновска: Се откажав од бугарското државјанство, сега имам чешки пасош и никој не прашува зошто го имам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bozhinovska-se-otkazhav-od-bugarskoto-drzhavjanstvo-sega-imam-cheshki-pasosh-i-nikoj-ne-prashuva-zoshto-go-imam/ Thu, 26 Sep 2024 08:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=819721

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, имала, но се откажала од бугарското државјанство, додека има активно чешко и македонско државјанство, откри таа во гостување во Бизнис муабети.

„Во еден период од животот како и многу македонци сум имала бугарски пасош. Мислам дека сум една од ретките што се откажала од бугарското државјанство и немам повеќе валидна патничка исправа ниту лична карта. Имам и чешки пасош и никој не прашува зошто имам чешки пасош“, вели Божиновска.

View this post on Instagram

A post shared by Misko Ivanov (@misko.ivanov)

The post Божиновска: Се откажав од бугарското државјанство, сега имам чешки пасош и никој не прашува зошто го имам appeared first on Република.

Божиновска: Ќе се стремиме за подомаќинско работење, но и зацврстување на производство на енергетиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bozhinovska-ke-se-stremime-za-podomakinsko-rabotene-no-i-zatsvrstuvane-na-proizvodstvo-na-energetikata/ Fri, 13 Sep 2024 11:45:28 +0000 https://republika.mk/?p=816045

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, во интервју за „Глас на Америка“, вели дека при посетата на САД, акцентот бил ставен на справувањето со корупцијата.

„Остваривме средба со Александар Касанов. Тој нагласи дека САД се секогаш пријатели, и секогаш се тука да ни помогнат. Најголем акцент беше ставен на справување со корупцијата. Тие се следат, се знаат, ги знаат приликите кај нас. Зборувавме и за енергетската независност. Откако започна руската војна против Украина, Европа се стреми кон енергетски алтернативи и изнаоѓање алтернативни решенија. Исто така беше дискутирано и за гас конекторот со Грција, и евентуално гас-конектор со Србија. Работите мора да се помрднат. Ние сме нова Влада, веќе два месеци. Го сменивме менаџментот, во областа на енергетиката. Имаме ново раководство во ЕСМ и во МЕПСО. Имаме и ревизорски извештаи и наскоро ќе имаме увид што се е направено. Се надевам дека ќе се бара некоја одговорност. Ние ќе се стремиме за подомаќински начин на работење, но и да го зацврстиме производството на енергетиката“, рече таа.

На прашање на „Глас на Америка“, дали земјава успеала да најде алтернативни начини за добивање енергија, Божиновска одговара дека „за жал во последните седум години, приватно се изградија фото-централи. Македонија нема изградено свои енергетски капацитети. Ние ќе се обидеме да направиме ревизија на досегашните проекти и Македонија сама да има енергетски капацитети. Енергетиката не е нешто што се планира од денес за утре, тоа е долгорочно. Прво ќе го зајакнеме нашето производство па ќе направиме чекор кон зелена транзиција, но за се е потребно време, а ѝ пари“.

Глас на Америка

The post Божиновска: Ќе се стремиме за подомаќинско работење, но и зацврстување на производство на енергетиката appeared first on Република.

Божиновска – Пјат: Македонија со подадена рака од САД успешно ќе чекори кон зелената транзиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bozhinovska-pjat-makedonija-so-podadena-raka-od-sad-uspeshno-ke-chekori-kon-zelenata-tranzitsija/ Wed, 11 Sep 2024 18:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=815475

Националните стратешки енергетски цели, зелената транзиција и потребата од инвестиции во гасификацијата и обновливи извори на енергија биле во фокусот на средбата помеѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со Џефри Рос Пјат, помошник државен секретар на САД за енергетски ресурси.

Како што информираат од Министерството, министерката на средбата истакнала дека една од стратешките цели на Владата е во наредниот период да ја намали увозната зависност на земјава од електрична енергија.

- Една од стратешките цели на Владата е во наредниот период да ја намали увозната зависност на земјава од електрична енергија. Зелената транзиција и декарбонизацијата се меѓу приоритетите во наредниот период, а од клучен интерес е брз старт со реализација на проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори кои ќе бидат додадена вредност за електроенергетскиот систем. Ја прилагодуваме и законската регулатива согласно строгите ЕУ директиви, која ќе ни биде своевиден патоказ според кој ќе се движиме во иднина, истакнала Божиновска на средбата со Пјат.

Дополнуваат дека владините претставници, со високиот претставник на САД, размениле мислења во врска со активностите кои во наредниот период ќе се реализираат во сегментот гасификација, а се разгледале и можностите за евентуалното приклучување на земјава кон постојните гасоводи во регионот.

Во рамки на посетата на САД, министерката Божиновска остварила средба и со Ерин Елизабет Меки, помошник директор на УСАИД за Европа и Евроазија во чиј фокус биле инвестициите во обновливи извори, заштитата на животната средина, придобивките од зеленото енергетско сценарио и влијанието на климатските промени.

На состанокот на кој присуствувал и министерот Меџити, биле истакнати заложбите на УСАИД кон реализацијата на проекти од јавен интерес.

- Разговаравме за потенцијалите на земјава околу започнување нови иницијативи и проекти кои ќе помогнат полесно да го изодиме патот кон зелената транзиција и намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Политичката стабилност е од круцијално значење во напорите за создавање клима за привлекување странски инвестиции. Разменивме слични ставови во врска со потребата од континуирана соработка за справување со еколошките предизвици, како и за поддршка на зелените иницијативи кои ќе помогнат кон одржливиот развој и заштита на животната средина во регионот на Југоисточна Европа, посочила Божиновска.

Од министерството дополнуваат дека таа неодамна остварила работен состанок со делегација на УСАИД предводена од Џери Дибл, претставник за Македонија, на која биле споделени важни стратешки приоритети, со акцент на модернизацијата на енергетските капацитети и мапирање на идните проекти за соработка.

The post Божиновска – Пјат: Македонија со подадена рака од САД успешно ќе чекори кон зелената транзиција appeared first on Република.

]]>

Националните стратешки енергетски цели, зелената транзиција и потребата од инвестиции во гасификацијата и обновливи извори на енергија биле во фокусот на средбата помеѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со Џефри Рос Пјат, помошник државен секретар на САД за енергетски ресурси. Како што информираат од Министерството, министерката на средбата истакнала дека една од стратешките цели на Владата е во наредниот период да ја намали увозната зависност на земјава од електрична енергија.
- Една од стратешките цели на Владата е во наредниот период да ја намали увозната зависност на земјава од електрична енергија. Зелената транзиција и декарбонизацијата се меѓу приоритетите во наредниот период, а од клучен интерес е брз старт со реализација на проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори кои ќе бидат додадена вредност за електроенергетскиот систем. Ја прилагодуваме и законската регулатива согласно строгите ЕУ директиви, која ќе ни биде своевиден патоказ според кој ќе се движиме во иднина, истакнала Божиновска на средбата со Пјат.
Дополнуваат дека владините претставници, со високиот претставник на САД, размениле мислења во врска со активностите кои во наредниот период ќе се реализираат во сегментот гасификација, а се разгледале и можностите за евентуалното приклучување на земјава кон постојните гасоводи во регионот. Во рамки на посетата на САД, министерката Божиновска остварила средба и со Ерин Елизабет Меки, помошник директор на УСАИД за Европа и Евроазија во чиј фокус биле инвестициите во обновливи извори, заштитата на животната средина, придобивките од зеленото енергетско сценарио и влијанието на климатските промени. На состанокот на кој присуствувал и министерот Меџити, биле истакнати заложбите на УСАИД кон реализацијата на проекти од јавен интерес.
- Разговаравме за потенцијалите на земјава околу започнување нови иницијативи и проекти кои ќе помогнат полесно да го изодиме патот кон зелената транзиција и намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Политичката стабилност е од круцијално значење во напорите за создавање клима за привлекување странски инвестиции. Разменивме слични ставови во врска со потребата од континуирана соработка за справување со еколошките предизвици, како и за поддршка на зелените иницијативи кои ќе помогнат кон одржливиот развој и заштита на животната средина во регионот на Југоисточна Европа, посочила Божиновска.
Од министерството дополнуваат дека таа неодамна остварила работен состанок со делегација на УСАИД предводена од Џери Дибл, претставник за Македонија, на која биле споделени важни стратешки приоритети, со акцент на модернизацијата на енергетските капацитети и мапирање на идните проекти за соработка.

The post Божиновска – Пјат: Македонија со подадена рака од САД успешно ќе чекори кон зелената транзиција appeared first on Република.

]]>
Божиновска: Само со решителна борба против корупцијата, Македонија ќе се избори и за енергерска безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bozhinovska-samo-so-reshitelna-borba-protiv-koruptsijata-makedonija-ke-se-izbori-i-za-energerska-bezbednost/ Tue, 10 Sep 2024 16:30:55 +0000 https://republika.mk/?p=815069

Mинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини  Сања Божиновска во рамките на работната  посета на Вашингтон, на 9 септември 2024 година, оствари средба со Александар Касанов, заменик-помошник државен секретар на САД за Западен Балкан.

На средбата во Стејт Департмент на која присуствуваше и вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити беа разменети мислења за актуелните состојби во Македонија, со акцент на состојбите во доментот на енергетиката и заложбите на Владата на Македонија за зголемување на обемот на инвестиции кои се очекува значително да ја забрзаат енергетската транзиција на земјата.

Една од клучните теми на состанокот во Вашингтон  беше и борбата против корупцијата. Божиновска нагласи дека се затекнати состојби од новата Влада кои допрва треба да бидат предмет на истрага на домашните институции.

„Потребна е целосна поддршка, воспоставување на ефикасна соработка и помош на САД како наш стратешки партнер  во борбата со корупцијата, особено во делот на енергетиката.  Само со конкретни и решителни чекори  како предуслов за целосно анулирање на криминалот, Македонија  ќе  се избори  за енергетска безбедност и стабилен електроенергетскиот систем“ рече Божиновска, на средбата со Касанов.

Божиновска  заедно со Меџити ја нагласија посветеноста на Владата за подорбување на животниот стандард на граѓаните, како и решителноста за драстично зголемување на инвестицииите во инфаструктурата и   и образованието.

Касанов изразил силна американска поддршка за Западен Балкан и ја повторил нивната посветеност да помогнат на патот кон членството во ЕУ.

The post Божиновска: Само со решителна борба против корупцијата, Македонија ќе се избори и за енергерска безбедност appeared first on Република.

]]>

Mинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини  Сања Божиновска во рамките на работната  посета на Вашингтон, на 9 септември 2024 година, оствари средба со Александар Касанов, заменик-помошник државен секретар на САД за Западен Балкан. На средбата во Стејт Департмент на која присуствуваше и вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити беа разменети мислења за актуелните состојби во Македонија, со акцент на состојбите во доментот на енергетиката и заложбите на Владата на Македонија за зголемување на обемот на инвестиции кои се очекува значително да ја забрзаат енергетската транзиција на земјата. Една од клучните теми на состанокот во Вашингтон  беше и борбата против корупцијата. Божиновска нагласи дека се затекнати состојби од новата Влада кои допрва треба да бидат предмет на истрага на домашните институции.
„Потребна е целосна поддршка, воспоставување на ефикасна соработка и помош на САД како наш стратешки партнер  во борбата со корупцијата, особено во делот на енергетиката.  Само со конкретни и решителни чекори  како предуслов за целосно анулирање на криминалот, Македонија  ќе  се избори  за енергетска безбедност и стабилен електроенергетскиот систем“ рече Божиновска, на средбата со Касанов.
Божиновска  заедно со Меџити ја нагласија посветеноста на Владата за подорбување на животниот стандард на граѓаните, како и решителноста за драстично зголемување на инвестицииите во инфаструктурата и   и образованието. Касанов изразил силна американска поддршка за Западен Балкан и ја повторил нивната посветеност да помогнат на патот кон членството во ЕУ.

The post Божиновска: Само со решителна борба против корупцијата, Македонија ќе се избори и за енергерска безбедност appeared first on Република.

]]>
Министерката Божиновска панелистика на Енергетски форум на земјите од Југоисточна Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerkata-bozhinovska-panelistika-na-energetski-forum-na-zemjite-od-jugoistochna-evropa/ Fri, 06 Sep 2024 15:55:40 +0000 https://republika.mk/?p=813897

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува на Eнергетскиот форум на Југоисточна Европа (SEEF 2024) што денеска се одржува во Солун, Република Грција. На осмото, по ред, издание на овој значаен настан од сферата на енергетиката, Божиновска беше панелистка на тема: „Енергетската соработка во регионот на ЈИЕ и Источниот Медитеран:Пресвртница за енергетската безбедност на ЕУ“, информираат од Министерството.

По завршувањето на Панел дискусијата таа истакнала дека имал можност да зборува за значајни енергетски теми кои во моментов се во фокусот на европската јавност.

„Заедно со колегите министри за енергетика и соодветните ресорни министерства од Грција, Албанија, Бугарија, Косово, Романија и Египет разменивме мислења и ставови, како и можни насоки за енергетската стабилност кои верувам дека ќе ги реализираме во наредниот период“, рекла Божиновска.

Во својот настап, министерката се осврнала на предизвиците со кои се соочуваат земјите од регионот, потенцирајќи го значењето на зелената транзиција, преминот од традиционални кон обновливи извори и потребата од декарбонизација. Според неа, нашата држава како дел од еден комплексен систем е неизоставен дел од регионалниот енергетски систем кој не може да се гледа одвоено, туку единствено како интегрален дел од сите понатамошни инвестициски циклуси и развојни планови на ЈИЕ.

Сите вклучени чиниели кои имаат своја улога во процесите поврзани со зелената транзиција во поширок социо – економски контекст треба да се единствени во заложбата за градење одржливи, функционални и транспарентни механизми за поддршка на регионалната соработка. Ние како Влада ќе имаме витална и проактивна улога кон обликување на енергетската безбедност на земјите од Југоисточна Европа. Влезени сме во процесот кон еколошки одржливо сценарио на сите нивоа, отворивме широк фронт на активности во врска со праведната транзиција, која практично е составен дел од зелената агенда, но истовремено користиме внимателен пристап, затоа што се уште зависиме од базни извори на енергија. Целиме кон зголемено користење на гасот, кој практично го гледаме како клучен енергент во наредните децении, преку целосна гасификација и изградба на когенеративни централи. Истовремено, продолжуваме со инвестиции во обновливи извори, преку изградба на фотоволтаици и ветерни паркови“, истакнала Божиновска.

На маргините на Форумот, министерката остварила средби со претставници на грчките компании Хеленик енерџи холдинг, како и со грчката команија ДЕСФА која работи на дел од гасоводот во земјава.

Енергетскиот форум на ЈИЕ е еден од најреномираните настани во регионот кој на едно место ги собира клучните креатори на политики, регулатори, инвеститори, претставници на приватниот сектор, професори и експерти кои презентираат и споделуваат добри практики околу енергетските трендови и предизвици во регионот. Настанот го организира Американско-грчката стопанска комора и Грчката асоцијација за енергетска економија во соработка со Амбасадата на САД во Грција, во стратешко партнерство со Атланскиот совет и Глобалниот енергетски институт на Стопанската комора на САД.

The post Министерката Божиновска панелистика на Енергетски форум на земјите од Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува на Eнергетскиот форум на Југоисточна Европа (SEEF 2024) што денеска се одржува во Солун, Република Грција. На осмото, по ред, издание на овој значаен настан од сферата на енергетиката, Божиновска беше панелистка на тема: „Енергетската соработка во регионот на ЈИЕ и Источниот Медитеран:Пресвртница за енергетската безбедност на ЕУ“, информираат од Министерството. По завршувањето на Панел дискусијата таа истакнала дека имал можност да зборува за значајни енергетски теми кои во моментов се во фокусот на европската јавност. „Заедно со колегите министри за енергетика и соодветните ресорни министерства од Грција, Албанија, Бугарија, Косово, Романија и Египет разменивме мислења и ставови, како и можни насоки за енергетската стабилност кои верувам дека ќе ги реализираме во наредниот период“, рекла Божиновска. Во својот настап, министерката се осврнала на предизвиците со кои се соочуваат земјите од регионот, потенцирајќи го значењето на зелената транзиција, преминот од традиционални кон обновливи извори и потребата од декарбонизација. Според неа, нашата држава како дел од еден комплексен систем е неизоставен дел од регионалниот енергетски систем кој не може да се гледа одвоено, туку единствено како интегрален дел од сите понатамошни инвестициски циклуси и развојни планови на ЈИЕ.
Сите вклучени чиниели кои имаат своја улога во процесите поврзани со зелената транзиција во поширок социо – економски контекст треба да се единствени во заложбата за градење одржливи, функционални и транспарентни механизми за поддршка на регионалната соработка. Ние како Влада ќе имаме витална и проактивна улога кон обликување на енергетската безбедност на земјите од Југоисточна Европа. Влезени сме во процесот кон еколошки одржливо сценарио на сите нивоа, отворивме широк фронт на активности во врска со праведната транзиција, која практично е составен дел од зелената агенда, но истовремено користиме внимателен пристап, затоа што се уште зависиме од базни извори на енергија. Целиме кон зголемено користење на гасот, кој практично го гледаме како клучен енергент во наредните децении, преку целосна гасификација и изградба на когенеративни централи. Истовремено, продолжуваме со инвестиции во обновливи извори, преку изградба на фотоволтаици и ветерни паркови“, истакнала Божиновска.
На маргините на Форумот, министерката остварила средби со претставници на грчките компании Хеленик енерџи холдинг, како и со грчката команија ДЕСФА која работи на дел од гасоводот во земјава. Енергетскиот форум на ЈИЕ е еден од најреномираните настани во регионот кој на едно место ги собира клучните креатори на политики, регулатори, инвеститори, претставници на приватниот сектор, професори и експерти кои презентираат и споделуваат добри практики околу енергетските трендови и предизвици во регионот. Настанот го организира Американско-грчката стопанска комора и Грчката асоцијација за енергетска економија во соработка со Амбасадата на САД во Грција, во стратешко партнерство со Атланскиот совет и Глобалниот енергетски институт на Стопанската комора на САД.  

The post Министерката Божиновска панелистика на Енергетски форум на земјите од Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>
Божиновска: Рударите се ударни и клучни двигатели на домашната економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bozhinovska-rudarite-se-udarni-i-kluchni-dvigateli-na-domashnata-ekonomija/ Wed, 28 Aug 2024 13:22:53 +0000 https://republika.mk/?p=810908

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на одбележувањето на Денот на рударите во Пробиштип и во Македонска Каменица.

Како што информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, министерката Божиновска им го честиташе празникот на рударите и се осврна на значењето на работниците и на пристапот на Владата кон оваа стопанско-индустриска гранка.

- Особено се радувам и почестена сум што денеска имам можност, на најзначајниот ден за рударите, да се сретнам, да се соочам и да се запознам  со ударните и клучни двигатели на една од најтешките и најризични професии во светот.  Фактот што за првпат во Македонија е формирано Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, доволно говори за сериозноста со која Владата сака да пристапи кон ефективно подобрување на условите во оваа дејност, нагласила Божиновска.

Според Божиновска, инвестиции се потребни и нив во рударството треба да ги има.

- Но, важно е континуирано да се стремиме кон подобрување на условите за работа и инсистираме на целосна примена на стандардите за заштита и здравје при работа. Партнерството со приватниот сектор од индустријата е исклучително важно. Делење на исти стратешки цели, при што позицијата на вработените, модернизацијата на работните процеси и заштитата на животната средина ќе бидат приоритети кон сѐ што ќе работи ова министерство. Само на тој начин ќе бидеме на сигурната страна дека се стремиме кон позитивни промени во секоја смисла, истакнала Божиновска.

The post Божиновска: Рударите се ударни и клучни двигатели на домашната економија appeared first on Република.

]]>

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на одбележувањето на Денот на рударите во Пробиштип и во Македонска Каменица. Како што информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, министерката Божиновска им го честиташе празникот на рударите и се осврна на значењето на работниците и на пристапот на Владата кон оваа стопанско-индустриска гранка.
- Особено се радувам и почестена сум што денеска имам можност, на најзначајниот ден за рударите, да се сретнам, да се соочам и да се запознам  со ударните и клучни двигатели на една од најтешките и најризични професии во светот.  Фактот што за првпат во Македонија е формирано Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, доволно говори за сериозноста со која Владата сака да пристапи кон ефективно подобрување на условите во оваа дејност, нагласила Божиновска.
Според Божиновска, инвестиции се потребни и нив во рударството треба да ги има.
- Но, важно е континуирано да се стремиме кон подобрување на условите за работа и инсистираме на целосна примена на стандардите за заштита и здравје при работа. Партнерството со приватниот сектор од индустријата е исклучително важно. Делење на исти стратешки цели, при што позицијата на вработените, модернизацијата на работните процеси и заштитата на животната средина ќе бидат приоритети кон сѐ што ќе работи ова министерство. Само на тој начин ќе бидеме на сигурната страна дека се стремиме кон позитивни промени во секоја смисла, истакнала Божиновска.

The post Божиновска: Рударите се ударни и клучни двигатели на домашната економија appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е директно засегната од смените во МЕПСО и ЕСМ, затоа се занимаваат со лажни и подли кампањи со кои оцрнуваат луѓе кои чесно работат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-sds-e-direktno-zasegnata-od-smenite-vo-mepso-i-esm-zatoa-se-zanimavaat-so-lazhni-i-podli-kampani-so-koi-otsrnuvaat-luge-koi-chesno-rabotat/ Sun, 28 Jul 2024 13:21:52 +0000 https://republika.mk/?p=801064

Денешната прес конференција на СДС е последица на хаотична загриженост поради најавената смена на раководствата на МЕПСО и ЕСМ и ревизијата на нивната работа. Не е проблемот Сања Божиновска туку фактот што СДС и ДУИ 7 години полнеа џебови од криминалот во МЕПСО и ЕСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ дека министерката за енергетика, Сања Божиновска била основач и управител на фирма која должела 1 милион евра кон МЕПСО.

Денешните прес конференции се лицемерни, најмалку поради два аспекти. Првиот, кога тоа долг на компанија е кривично дело? Второ, СДС имаше 7 години апсолутна власт со ДУИ. Ако имало криминал тогаш што правела СДС? Јасно е дека СДС е директно засегната од смените во МЕПСО и ЕСМ, затоа тие се занимаваат со лажни и подли кампањи со кои оцрнуваат луѓе кои чесно работат. Во отсуство на идеи, обременети со внатрешни проблеми и расколи, СДС која имаше 7 години власт не успеа да докаже ништо, и сега со маалски прес конференции, редовно во прашална форма се трудат да привлечат внимание, се вели во реакцијата.

Претходно Метоија Илиевски од СДСМ на прес конференција рече дека го објавува најновиот скандал поврзан со една од најблиските соработнички на Мицкоски.

„Божиновска која важи за партнер на Мицкоски во енергетика премиерот ја претстави како врвен експерт и менаџер во оваа индустрија. Божиновска која криеше и се уште крие дека има бугарски пасош, крие и многу други работи поврзани со нејзиното работење во приватниот сектор. Компанијата „ЕНГ сервис трејд ДОО Скопје“, фирма чиј основач и еден од управителите била токму Сања Божиновска, во период од 2016 до 2017 направила долгови од речиси 1 милион евра кон државната МЕПСО. Замислете, над 70% од вкупниот долг на МЕПСО во тоа време го направила само една фирма,  фирмата на Божиновска. Долгот е за неплатена електрична енергија и до крајот на 2017 година достигнал 59 милиони денари или скоро 1 милион евра. Еве го тој документ“, додава Илиевски.

Тој вели дека по одредено време, МЕПСО покренува постапка за наплата на долгот и иницира тужба против фирмата на Божиновска. Во 2019 година, спроведено е и вештачење од судски вештак кој ја утврдил вистината на каматите на фирмата на Божиновска која му должена на МЕПСО. Значи цели две и пол години Божиновска нема абер од плаќање на долгот кон државата.

Со наталожен долг кон државата, Божиновска го менува името на фирмата и прераснува во друг субјект. Наместо ‘ЕНГ Сервис Трејд’ сега се вика ‘КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје’. Веќе во 2022 година, фирмата ‘КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје’ работи со загуби и станува деловно неактивна. Причина за бришењето е поради тоа што не поднела годишна даночна пријава, внимавајте, за 2019 година. Денес ја прашуваме Божиновска а го прашуваме и Мицкоски, каде се парите? Дали се вратени 1 милион евра долг кон државната МЕПСО, де факто пари на граѓаните? Каде се 1 милион евра? Ова ли се менаџерските способности и експертизата на Божиновска,  да згаснуваат и менуваат имиња на фирми кои должат пари? Понатаму, Мицкоски да одговори, како може да постави кадар да раководи со енергетика и де факто да биде одговорна и за работењето на МЕПСО, а притоа таа да му должи на МЕПСО огромна сума пари? Дали ова не е само по себе конфликт? Зошто Мицкоски ја избра Божиновска и дури и направи и цело ново министерство? Во какви бизнис релации се двајцата? СДСМ располага со други информации за катастрофалниот учинок на Божиновска со приватниот сектор кои укажуваат дека таа не е способно за функцијата но има и сомнително минато како менаџер. Како ова ќе се одрази на нејзиното работење можеме само да претпоставиме, но повеќе од јасно е дека ништо добро не може да се очекува. Во следните денови ќе излезе со повеќе информации за сите овие скандали“, завршува Илиевски.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС е директно засегната од смените во МЕПСО и ЕСМ, затоа се занимаваат со лажни и подли кампањи со кои оцрнуваат луѓе кои чесно работат appeared first on Република.

]]>

Денешната прес конференција на СДС е последица на хаотична загриженост поради најавената смена на раководствата на МЕПСО и ЕСМ и ревизијата на нивната работа. Не е проблемот Сања Божиновска туку фактот што СДС и ДУИ 7 години полнеа џебови од криминалот во МЕПСО и ЕСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ дека министерката за енергетика, Сања Божиновска била основач и управител на фирма која должела 1 милион евра кон МЕПСО.
Денешните прес конференции се лицемерни, најмалку поради два аспекти. Првиот, кога тоа долг на компанија е кривично дело? Второ, СДС имаше 7 години апсолутна власт со ДУИ. Ако имало криминал тогаш што правела СДС? Јасно е дека СДС е директно засегната од смените во МЕПСО и ЕСМ, затоа тие се занимаваат со лажни и подли кампањи со кои оцрнуваат луѓе кои чесно работат. Во отсуство на идеи, обременети со внатрешни проблеми и расколи, СДС која имаше 7 години власт не успеа да докаже ништо, и сега со маалски прес конференции, редовно во прашална форма се трудат да привлечат внимание, се вели во реакцијата.
Претходно Метоија Илиевски од СДСМ на прес конференција рече дека го објавува најновиот скандал поврзан со една од најблиските соработнички на Мицкоски. „Божиновска која важи за партнер на Мицкоски во енергетика премиерот ја претстави како врвен експерт и менаџер во оваа индустрија. Божиновска која криеше и се уште крие дека има бугарски пасош, крие и многу други работи поврзани со нејзиното работење во приватниот сектор. Компанијата „ЕНГ сервис трејд ДОО Скопје“, фирма чиј основач и еден од управителите била токму Сања Божиновска, во период од 2016 до 2017 направила долгови од речиси 1 милион евра кон државната МЕПСО. Замислете, над 70% од вкупниот долг на МЕПСО во тоа време го направила само една фирма,  фирмата на Божиновска. Долгот е за неплатена електрична енергија и до крајот на 2017 година достигнал 59 милиони денари или скоро 1 милион евра. Еве го тој документ“, додава Илиевски. Тој вели дека по одредено време, МЕПСО покренува постапка за наплата на долгот и иницира тужба против фирмата на Божиновска. Во 2019 година, спроведено е и вештачење од судски вештак кој ја утврдил вистината на каматите на фирмата на Божиновска која му должена на МЕПСО. Значи цели две и пол години Божиновска нема абер од плаќање на долгот кон државата. Со наталожен долг кон државата, Божиновска го менува името на фирмата и прераснува во друг субјект. Наместо ‘ЕНГ Сервис Трејд’ сега се вика ‘КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје’. Веќе во 2022 година, фирмата ‘КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје’ работи со загуби и станува деловно неактивна. Причина за бришењето е поради тоа што не поднела годишна даночна пријава, внимавајте, за 2019 година. Денес ја прашуваме Божиновска а го прашуваме и Мицкоски, каде се парите? Дали се вратени 1 милион евра долг кон државната МЕПСО, де факто пари на граѓаните? Каде се 1 милион евра? Ова ли се менаџерските способности и експертизата на Божиновска,  да згаснуваат и менуваат имиња на фирми кои должат пари? Понатаму, Мицкоски да одговори, како може да постави кадар да раководи со енергетика и де факто да биде одговорна и за работењето на МЕПСО, а притоа таа да му должи на МЕПСО огромна сума пари? Дали ова не е само по себе конфликт? Зошто Мицкоски ја избра Божиновска и дури и направи и цело ново министерство? Во какви бизнис релации се двајцата? СДСМ располага со други информации за катастрофалниот учинок на Божиновска со приватниот сектор кои укажуваат дека таа не е способно за функцијата но има и сомнително минато како менаџер. Како ова ќе се одрази на нејзиното работење можеме само да претпоставиме, но повеќе од јасно е дека ништо добро не може да се очекува. Во следните денови ќе излезе со повеќе информации за сите овие скандали“, завршува Илиевски.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС е директно засегната од смените во МЕПСО и ЕСМ, затоа се занимаваат со лажни и подли кампањи со кои оцрнуваат луѓе кои чесно работат appeared first on Република.

]]>
Агенцијата за енергетика стана дел од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/agentsijata-za-energetika-stana-del-od-ministerstvoto-za-energetika-rudarstvo-i-mineralni-surovini/ Mon, 22 Jul 2024 16:02:37 +0000 https://republika.mk/?p=799282

Досегашниот директор на Агенцијата за енергетика, Дарио Николовски денеска формално и ги предаде надлежностите на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Со овој чин, како што наведува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Агенцијата и нејзиниот Управен одбор се укинуваат, а вработените по сила на закон ќе бидат преземени од ресорното Министерство.

Согласно Законот за организација на органите на државната управа и законот за енергетика, Агенцијата за енергетика и целиот нејзин движен и недвижен имот, се преземени од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

The post Агенцијата за енергетика стана дел од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини appeared first on Република.

]]>

Досегашниот директор на Агенцијата за енергетика, Дарио Николовски денеска формално и ги предаде надлежностите на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Со овој чин, како што наведува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Агенцијата и нејзиниот Управен одбор се укинуваат, а вработените по сила на закон ќе бидат преземени од ресорното Министерство. Согласно Законот за организација на органите на државната управа и законот за енергетика, Агенцијата за енергетика и целиот нејзин движен и недвижен имот, се преземени од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.  

The post Агенцијата за енергетика стана дел од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини appeared first on Република.

]]>
Божиновска – Силвестри: Се очекува зголемен интерес и реализација на италијански инвестиции во доменот на енергетиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bozhinovska-silvestri-se-ochekuva-zgolemen-interes-i-realizatsija-na-italijanski-investitsii-vo-domenot-na-energetikata/ Wed, 10 Jul 2024 13:06:54 +0000 https://republika.mk/?p=795394

Министерката за енергетика, рударство и минеални суровини, Сања Божиновска, денеска имала работна средба со амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри во чии рамки биле разменети мислења за односите и соработката меѓу двете држави во сферата на економијата и енергетиката.

Како што соопштија од кабинетот на министерката, за време на средбата, Божиновска истакнала дека нашата земја има постојан интерес за унапредување на билатерални односи со Италијанската Република, која е еден од клучните партнери на нашата држава и во таа прилика нагласила дека како министер за енергетика, рударство и минерални суровини, во претстојниот период ќе се залага енергетиката да заземе значајно место во севкупната соработка меѓу двете држави.

Во овој контекст, министерката истакна дека италијанските искуства и експертиза во делот на искористувањето на европските фондови и средства наменети за зелена транзиција и декарбонизација, што е важно прашање и за европската интеграција на нашата држава се мошне значајни за нас и притоа, го пренесе интересот за воспостаување соработка меѓу двете држави во оваа сфера, се наведува во соопштението.

Министерката, се додава, го запознала соговорникот со мисијата и приоритетите на новото министерство, подвлекувајќи дека очекува активна соработка со италијанските партнери, како и зголемен интерес и реализација на италијански инвестиции во доменот на енергетиката во нашата држава во мандатот на новата влада.

The post Божиновска – Силвестри: Се очекува зголемен интерес и реализација на италијански инвестиции во доменот на енергетиката appeared first on Република.

]]>

Министерката за енергетика, рударство и минеални суровини, Сања Божиновска, денеска имала работна средба со амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри во чии рамки биле разменети мислења за односите и соработката меѓу двете држави во сферата на економијата и енергетиката. Како што соопштија од кабинетот на министерката, за време на средбата, Божиновска истакнала дека нашата земја има постојан интерес за унапредување на билатерални односи со Италијанската Република, која е еден од клучните партнери на нашата држава и во таа прилика нагласила дека како министер за енергетика, рударство и минерални суровини, во претстојниот период ќе се залага енергетиката да заземе значајно место во севкупната соработка меѓу двете држави.
Во овој контекст, министерката истакна дека италијанските искуства и експертиза во делот на искористувањето на европските фондови и средства наменети за зелена транзиција и декарбонизација, што е важно прашање и за европската интеграција на нашата држава се мошне значајни за нас и притоа, го пренесе интересот за воспостаување соработка меѓу двете држави во оваа сфера, се наведува во соопштението.
Министерката, се додава, го запознала соговорникот со мисијата и приоритетите на новото министерство, подвлекувајќи дека очекува активна соработка со италијанските партнери, како и зголемен интерес и реализација на италијански инвестиции во доменот на енергетиката во нашата држава во мандатот на новата влада.

The post Божиновска – Силвестри: Се очекува зголемен интерес и реализација на италијански инвестиции во доменот на енергетиката appeared first on Република.

]]>
Министерката Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerkata-bozhinovska-najavi-revizija-na-site-drzhavni-institutsii-vo-delot-na-energetika/ Wed, 10 Jul 2024 09:52:13 +0000 https://republika.mk/?p=795250

редавање на сите ревизорски извештаи досега кои се спроведени во делот на институциите под надлежноста на Министерството за енергетика и договарање на процес на постојана редовна ревизија на сите институции, било договорено на денешната средба на Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини и главниот државен ревизор Максим Ацески.

Несериозен е однос кон ревизорските извештаи коишто со години забележување и нотирале и згора на тоа информирале за криминал во институциите како што се ЕСМ, МЕПСО, РЕК Битола, а никој не реагирал. Ова веќе ќе престане како пракса, секој што направил криминал или ќе се обиде да направи криминал во делот на енергетиката ќе се мора да одговара. Нема да имам никаква толеранција кон секој оној кој го прекршил законот, изјавила министерката Божиновска на средбата со Ацески, соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Главниот ревизор, се додава, на средбата укажал на досегашните извештаи за работата на овие институции и нотирани неправилности.

По средбата со Ацески ќе стапиме во комуникација со надлежните институции за иницирање на постапки за проверка на сите регуларноста истакни во ревизорските извештаи. Во текот на вчерашниот ден, министерството испрати и допис до Биро за метрологија, Државен инспекторат за техничка инспекција, Агенција за задолжителни нафтени резерви, Геолошкиот завод, АД МЕПСО, ЕСМ, Национален оператор на пазар за електрична енергија, АД НОМА ГАС, ЈП „Стрежево“, Агенција за енергетика за доставување на извештај за спроведените активности изминатите 4 години и финансиската состојба во која се наоѓаат институциите, соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

The post Министерката Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика appeared first on Република.

Отворена врата за француските компании за инвестирање во енергетиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/otvorena-vrata-za-frantsuskite-kompanii-za-investirane-vo-energetikata/ Tue, 09 Jul 2024 20:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=795103

Искуствата на Република Франција, како една од водечките држави во Европската Унија, во делот на енергетиката, декарбонизацијата и зелената транзиција може да бидат мошне значајни за Македонија, беше заклучокот од денешната средба на Сања Божиновска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини со Сирил Баумгартнер, амбасадорот на Република Франција во земјава.

Договорена е поинтензивна соработка и размена на мислења и искуства со француските експерти во делот на енергетиката.

Министерката Божиновска ја истакна отвореноста за француски инвестиции во секторот енергетика, имајќи го предвид присуството на француски компании во Западен Балкан.

За време на средбата, покрај останатото, беа покренати прашања од аспект на билеталарните економски односи меѓу двете држави и притоа, заеднички беше констатирана подготвеноста да се пристапи кон посуштински разговори со цел конкретизирање на идната соработка во периодот што претстои.

The post Отворена врата за француските компании за инвестирање во енергетиката appeared first on Република.

]]>

Искуствата на Република Франција, како една од водечките држави во Европската Унија, во делот на енергетиката, декарбонизацијата и зелената транзиција може да бидат мошне значајни за Македонија, беше заклучокот од денешната средба на Сања Божиновска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини со Сирил Баумгартнер, амбасадорот на Република Франција во земјава. Договорена е поинтензивна соработка и размена на мислења и искуства со француските експерти во делот на енергетиката. Министерката Божиновска ја истакна отвореноста за француски инвестиции во секторот енергетика, имајќи го предвид присуството на француски компании во Западен Балкан. За време на средбата, покрај останатото, беа покренати прашања од аспект на билеталарните економски односи меѓу двете држави и притоа, заеднички беше констатирана подготвеноста да се пристапи кон посуштински разговори со цел конкретизирање на идната соработка во периодот што претстои.  

The post Отворена врата за француските компании за инвестирање во енергетиката appeared first on Република.

]]>