самоубиство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samoubistvo/ За подобро да се разбереме Sat, 18 May 2024 15:29:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png самоубиство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samoubistvo/ 32 32 Маж во Хрватска ја ранил сопругата, ја убил нејзината мајка, па се самоубил https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mazh-vo-hrvatska-ja-ranil-soprugata-ja-ubil-nejzinata-majka-pa-se-samoubil/ Sat, 18 May 2024 15:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=779577

Во Бјеловар, Хрватска во семејна куќа се пронајдени две починати и едно тешко повредено лице, кое е префрлено во болница. Најверојатно се работи за насилна смрт, а според неофицијални информации, мажот ја убил мајката на неговата жена, а се обидел да ја убие и сопругата која е тешко повредена.

Напаѓачот, според првичните инфрормации се самоубил.

Хрватската полиција засега не ги потврдува неофицијалните информации дека се работи за убиство и самоубиство.

Полицијата дојавата ја добила околу 10 часот, а на местото се врши увид.

The post Маж во Хрватска ја ранил сопругата, ја убил нејзината мајка, па се самоубил appeared first on Република.

]]>

Во Бјеловар, Хрватска во семејна куќа се пронајдени две починати и едно тешко повредено лице, кое е префрлено во болница. Најверојатно се работи за насилна смрт, а според неофицијални информации, мажот ја убил мајката на неговата жена, а се обидел да ја убие и сопругата која е тешко повредена. Напаѓачот, според првичните инфрормации се самоубил. Хрватската полиција засега не ги потврдува неофицијалните информации дека се работи за убиство и самоубиство. Полицијата дојавата ја добила околу 10 часот, а на местото се врши увид.  

The post Маж во Хрватска ја ранил сопругата, ја убил нејзината мајка, па се самоубил appeared first on Република.

]]>
Сакал да си ја донесе 17-годишната љубовница дома: Нови детали за трагедијата која го потресе регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sakal-da-si-ja-donese-17-godishnata-lubovnitsa-doma-novi-detali-za-tragedijata-koja-go-potrese-regionot/ Mon, 06 May 2024 14:38:22 +0000 https://republika.mk/?p=774734

Утрово во реката Бојана продолжи потрагата по Алма А., која се претпоставува дека се фрлила во реката со нејзините 3 деца, откако телото на една од нејзините две ќерки го пронашол рибар пред два дена.

Според албанските медиуми, засега нема траги од Алма и другите две деца.

https://republika.mk/vesti/balkan/majka-so-trite-detsa-se-frlila-v-reka-vo-albanija-ne-mozhela-da-go-podnese-maltretiraneto-od-soprugot/

Се очекува во потрагата да се вклучи и армијата откако Дирекцијата за цивилна заштита во Скадар официјално побарала армијата да ѝ помогне во потрагата по телата на мајката, шестгодишно девојче и четиригодишно момче.

Да потсетиме, постои сомневање дека Алма со трите деца се фрлила во реката Бојана за да избега од насилниот сопруг.

Но, сега кружат информации дека нејзиниот сопруг Ергис А.(31) нашол друга жена и се обидувал да ја избрка од дома, поради што решила да се самоубие.

Алма исчезнала со децата на 2 мај, а Ергис ја пријавил за исчезната на 3 мај.

Телото на најстарото девојче било пронајдено во саботата вечерта. Рибарот Сафет Х. кој го извлекол телото од реката уште е во шок.

„Ловев риба и видов нешто длабоко околу еден метар. Не бев сигурен што е тоа, дали е кукла или маж. Ја вклучив батериската ламба на телефонот и гледав десетина минути, а потоа се јавив на полиција“ – изјави тој за медиумите во Албанија.

The post Сакал да си ја донесе 17-годишната љубовница дома: Нови детали за трагедијата која го потресе регионот appeared first on Република.

]]>

Утрово во реката Бојана продолжи потрагата по Алма А., која се претпоставува дека се фрлила во реката со нејзините 3 деца, откако телото на една од нејзините две ќерки го пронашол рибар пред два дена. Според албанските медиуми, засега нема траги од Алма и другите две деца. https://republika.mk/vesti/balkan/majka-so-trite-detsa-se-frlila-v-reka-vo-albanija-ne-mozhela-da-go-podnese-maltretiraneto-od-soprugot/ Се очекува во потрагата да се вклучи и армијата откако Дирекцијата за цивилна заштита во Скадар официјално побарала армијата да ѝ помогне во потрагата по телата на мајката, шестгодишно девојче и четиригодишно момче. Да потсетиме, постои сомневање дека Алма со трите деца се фрлила во реката Бојана за да избега од насилниот сопруг. Но, сега кружат информации дека нејзиниот сопруг Ергис А.(31) нашол друга жена и се обидувал да ја избрка од дома, поради што решила да се самоубие. Алма исчезнала со децата на 2 мај, а Ергис ја пријавил за исчезната на 3 мај. Телото на најстарото девојче било пронајдено во саботата вечерта. Рибарот Сафет Х. кој го извлекол телото од реката уште е во шок. „Ловев риба и видов нешто длабоко околу еден метар. Не бев сигурен што е тоа, дали е кукла или маж. Ја вклучив батериската ламба на телефонот и гледав десетина минути, а потоа се јавив на полиција“ – изјави тој за медиумите во Албанија.

The post Сакал да си ја донесе 17-годишната љубовница дома: Нови детали за трагедијата која го потресе регионот appeared first on Република.

]]>
Прво видео од Сабаленка по самоубиството на нејзиното момче: Многу луѓе ја осудуваат, а други и се восхитуваат https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/prvo-video-od-sabalenka-po-samoubistvoto-na-nejzinoto-momche-mnogu-luge-ja-osuduvaat-a-drugi-i-se-voshituvaat/ Tue, 19 Mar 2024 21:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=756475

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка доживеа страшен удар, откако нејзиното момче Константин Колцов се самоуби, скокајќи од балконот на хотелот во Мајами во кој престојувал.

Сабаленка по оваа трагедија не се огласи на социјалните мрежи, а многумина се прашуваа што ќе прави по таквата трагедија и дали ќе се повлече од турнирот, но таа реши да игра, со што шокираше многумина. Со таквиот потег „тигрицата“ од Белорусија, како што ја нарекуваат двократната шампионка на Австралија опен, покажа колку е психички силна.

Сега на социјалните мрежи се појави и првото видео од Белорусинката која тренира и се подготвува за стартот на турнирот на кој е втора носителка.

https://twitter.com/TheTennisLetter/status/1770140709691007171?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1770140709691007171%7Ctwgr%5Eb4cdf704b5fd65bc39674906cb0fd61e13dc8cbc%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fsport%2Ftenis%2F3857402-prvi-snimak-sabalenke-posle-samoubistva-decka-zbog-ovoga-je-mnogi-osudjuju-a-drugi-je-brane

Многумина ја осудуваат што одлучила да игра и се однесува како ништо да не се случило и покрај тоа што изгубила важна личност во животот, додека други сметаат дека тенисот и е поважен сега од кога било и дека веројатно во него може да побара излез од оваа тешка ситуација.

https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/novi-detali-za-tragedijata-koja-go-potrese-svetot-otkriena-prichinata-za-smrtta-na-momcheto-na-sabalenka-mu-nemalo-spas/

Сабаленка и Колцов беа во врска од 2021 година, откако тој во 2020 година се разведе од поранешната сопруга Јулија, со која имаше три деца.

The post Прво видео од Сабаленка по самоубиството на нејзиното момче: Многу луѓе ја осудуваат, а други и се восхитуваат appeared first on Република.

]]>

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка доживеа страшен удар, откако нејзиното момче Константин Колцов се самоуби, скокајќи од балконот на хотелот во Мајами во кој престојувал. Сабаленка по оваа трагедија не се огласи на социјалните мрежи, а многумина се прашуваа што ќе прави по таквата трагедија и дали ќе се повлече од турнирот, но таа реши да игра, со што шокираше многумина. Со таквиот потег „тигрицата“ од Белорусија, како што ја нарекуваат двократната шампионка на Австралија опен, покажа колку е психички силна. Сега на социјалните мрежи се појави и првото видео од Белорусинката која тренира и се подготвува за стартот на турнирот на кој е втора носителка. https://twitter.com/TheTennisLetter/status/1770140709691007171?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1770140709691007171%7Ctwgr%5Eb4cdf704b5fd65bc39674906cb0fd61e13dc8cbc%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fsport%2Ftenis%2F3857402-prvi-snimak-sabalenke-posle-samoubistva-decka-zbog-ovoga-je-mnogi-osudjuju-a-drugi-je-brane Многумина ја осудуваат што одлучила да игра и се однесува како ништо да не се случило и покрај тоа што изгубила важна личност во животот, додека други сметаат дека тенисот и е поважен сега од кога било и дека веројатно во него може да побара излез од оваа тешка ситуација. https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/novi-detali-za-tragedijata-koja-go-potrese-svetot-otkriena-prichinata-za-smrtta-na-momcheto-na-sabalenka-mu-nemalo-spas/ Сабаленка и Колцов беа во врска од 2021 година, откако тој во 2020 година се разведе од поранешната сопруга Јулија, со која имаше три деца.

The post Прво видео од Сабаленка по самоубиството на нејзиното момче: Многу луѓе ја осудуваат, а други и се восхитуваат appeared first on Република.

]]>
Алвеш во депресија, затворот активирал „протокол за самоубиство“ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/alvesh-vo-depresija-zatvorot-aktiviral-protokol-za-samoubistvo/ Sun, 18 Feb 2024 17:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=745425

Дани Алвеш тешко го поднесува времето во затвор. Тој е во затвор веќе неколку месеци, а неодамна почна судскиот процес за сексуалниот напад за кој беше обвинет.

-Тој е депресивен, депресивен е, добива помош од вработените во затворот, рекол еден од затворениците, според извештаи на бразилските медиуми, а се работи за личност со која Алвеш ја дели затворската ќелија.

Наводно, во затвор посегнале по „екстремни мерки“ токму поради емоционалната и психичката состојба на поранешниот фудбалер по почетокот на судењето.

Понатаму се наведува дека затворот покренал протоколи во случај на сомневање дека некој од затворениците размислува за самоубиство.

-Се плашат за неговата состојба, се плашат да не се пресече или да направи нешто лошо, лудо. Еден ден откако беше сослушан на судењето, протоколот беше активиран, наводно рекол овој неименуван затвореник.

The post Алвеш во депресија, затворот активирал „протокол за самоубиство“ appeared first on Република.

]]>

Дани Алвеш тешко го поднесува времето во затвор. Тој е во затвор веќе неколку месеци, а неодамна почна судскиот процес за сексуалниот напад за кој беше обвинет. -Тој е депресивен, депресивен е, добива помош од вработените во затворот, рекол еден од затворениците, според извештаи на бразилските медиуми, а се работи за личност со која Алвеш ја дели затворската ќелија. Наводно, во затвор посегнале по „екстремни мерки“ токму поради емоционалната и психичката состојба на поранешниот фудбалер по почетокот на судењето. Понатаму се наведува дека затворот покренал протоколи во случај на сомневање дека некој од затворениците размислува за самоубиство. -Се плашат за неговата состојба, се плашат да не се пресече или да направи нешто лошо, лудо. Еден ден откако беше сослушан на судењето, протоколот беше активиран, наводно рекол овој неименуван затвореник.

The post Алвеш во депресија, затворот активирал „протокол за самоубиство“ appeared first on Република.

]]>
Не можеле да ја издржат тагата: Цело семејство подготвиле ковчези за погреб, оставиле проштални писма, па извршиле колективно самоубиство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ne-mozhele-da-ja-izdrzhat-tagata-tselo-semejstvo-podgotvile-kovchezi-za-pogreb-ostavile-proshtalni-pisma-pa-izvrshile-kolektivno-samoubistvo/ Mon, 01 Jan 2024 18:26:12 +0000 https://republika.mk/?p=728726

Невидена трагедија се случила во селото Добрљин кај Нови Град (Босански Нови), каде полицијата во семеен дом пронашла безживотни тела на две жени и еден маж со тешки повреди.

Медиумите во БиХ првично објавија дека мажот најверојатно ги убил мајка си и сестра си, а потоа и себеси. Сепак, подоцна, полициски извори соопштиле дека тричленоѕо семејство од Босна и Херцеговина извршило колективно самоубиство. Тие биле поттикнати од тага поради смртта на нивната 34-годишна внука, односно ќерка, која имала леукемија.

Извештајот на истрагата открила дека мажот со огнено оружје ги убил двете жени, а потоа самиот се обидел да се самоубие. Тој починал на пат кон болница. Истрагата покажала дека убиените се мајката на З.З и ќерката на Љ.К., а нивниот убиец или самоубиец е синот на жената со иницијали Ж.З.

Како што јави Алтернативната телевизија на Бања Лука (АТВ), истражителите во куќата пронашле дури седум проштални писма до други членови на семејството и пријатели, од кои се чини дека тројцата решиле да го направат овој чин откако тешко болната внука, односно ќерка, на Љ.К починала во мај.

Во писмата наведуваа кој ќе ги закопа и каде… Оставија банкарски картички со писмата, и напишаа пинови за да може да се подигнат пари за погребни трошоци“, цитира АТВ извор близок до истрагата.

Три дена пред да си ги одземат животите, тие нарачале и три ковчези во кои ќе ги закопаат.

Се претпоставува дека пред убиството и самоубиството сите тројца вечерале, пиеле ракија, се истуширале и се пресоблекле, ја заклучиле вратата, а од бравата го извадиле клучот за подоцна да може да се влезе во куќата.

Изворот изјавил дека оставиле 200 конвертибилни марки во плик и во писмото навеле дека овие пари се наменети за набавка на цвеќе што треба да се однесе на гробот на починатата 34-годишна жена, на точно одреден датум. Едно од писмата било упатено до нејзиното момче.

Детално опишуваат што ќе прават и како… Дури напишаче дека непосредно пред трагичниот чин ќе се напијат ракија, а во текот на истрагата биле пронајдени шише ракија и три чаши на маса. Претходно се истуширале, се пресоблекле во чиста облека… Потоа легнале во кревет и направиле како што изјавиле“, објаснува изворот од истрагата.

Сосед на семејството за АТВ изјавил дека немало најава дека ќе се случи ваква трагедија.

Полицијата се распраша дали некој од нас видел или слушнал нешто. Ги интересираше дали некому му се довериле“, додал изворот, наведувајќи дека помогнал во извршувањето на телата кои биле пронајдени на креветот во куќата.

The post Не можеле да ја издржат тагата: Цело семејство подготвиле ковчези за погреб, оставиле проштални писма, па извршиле колективно самоубиство appeared first on Република.

]]>

Невидена трагедија се случила во селото Добрљин кај Нови Град (Босански Нови), каде полицијата во семеен дом пронашла безживотни тела на две жени и еден маж со тешки повреди. Медиумите во БиХ првично објавија дека мажот најверојатно ги убил мајка си и сестра си, а потоа и себеси. Сепак, подоцна, полициски извори соопштиле дека тричленоѕо семејство од Босна и Херцеговина извршило колективно самоубиство. Тие биле поттикнати од тага поради смртта на нивната 34-годишна внука, односно ќерка, која имала леукемија. Извештајот на истрагата открила дека мажот со огнено оружје ги убил двете жени, а потоа самиот се обидел да се самоубие. Тој починал на пат кон болница. Истрагата покажала дека убиените се мајката на З.З и ќерката на Љ.К., а нивниот убиец или самоубиец е синот на жената со иницијали Ж.З. Како што јави Алтернативната телевизија на Бања Лука (АТВ), истражителите во куќата пронашле дури седум проштални писма до други членови на семејството и пријатели, од кои се чини дека тројцата решиле да го направат овој чин откако тешко болната внука, односно ќерка, на Љ.К починала во мај.
Во писмата наведуваа кој ќе ги закопа и каде… Оставија банкарски картички со писмата, и напишаа пинови за да може да се подигнат пари за погребни трошоци“, цитира АТВ извор близок до истрагата.
Три дена пред да си ги одземат животите, тие нарачале и три ковчези во кои ќе ги закопаат. Се претпоставува дека пред убиството и самоубиството сите тројца вечерале, пиеле ракија, се истуширале и се пресоблекле, ја заклучиле вратата, а од бравата го извадиле клучот за подоцна да може да се влезе во куќата. Изворот изјавил дека оставиле 200 конвертибилни марки во плик и во писмото навеле дека овие пари се наменети за набавка на цвеќе што треба да се однесе на гробот на починатата 34-годишна жена, на точно одреден датум. Едно од писмата било упатено до нејзиното момче.
Детално опишуваат што ќе прават и како… Дури напишаче дека непосредно пред трагичниот чин ќе се напијат ракија, а во текот на истрагата биле пронајдени шише ракија и три чаши на маса. Претходно се истуширале, се пресоблекле во чиста облека… Потоа легнале во кревет и направиле како што изјавиле“, објаснува изворот од истрагата.
Сосед на семејството за АТВ изјавил дека немало најава дека ќе се случи ваква трагедија.
Полицијата се распраша дали некој од нас видел или слушнал нешто. Ги интересираше дали некому му се довериле“, додал изворот, наведувајќи дека помогнал во извршувањето на телата кои биле пронајдени на креветот во куќата.

The post Не можеле да ја издржат тагата: Цело семејство подготвиле ковчези за погреб, оставиле проштални писма, па извршиле колективно самоубиство appeared first on Република.

]]>
10 отсто од момчињата во земјава и 20 проценти од девојчињата на 15 години размислувале за самоубиство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/10-otsto-od-momchinata-vo-zemjava-i-20-protsenti-od-devojchinata-na-15-godini-razmisluvale-za-samoubistvo/ Fri, 17 Nov 2023 13:02:19 +0000 https://republika.mk/?p=702536

Алармантен е трендот на опаѓање на менталното здравје кај девојчињата на 15-годишна возраст во земјава, при што повеќе од една третина се чувствуваат осамено, а дури 21 отсто сериозно размислувале за самоубиство. Кај момчињата на иста возраст 12 отсто имале чувство на осаменост, а 10 отсто помислиле сами да си го одземат животот.

Тоа се дел од националните наоди во рамки на меѓународната ХБСЦ студија „Однесувања поврзани со здравјето на децата на училишна возраст од 11 до 15 години“, што ги направи Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“ од Скопје, во партнерство со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот во Тетово, а што денеска беа презентирани во Кочани.

Испитувањата во студијата се направени на репрезентативен примерок од 5.132 ученика кои скоро подеднакво се распределени во групи на возраст од 11, 13 и 15 години.

-Со возраста на децата се зголемува процентот на оние кои се пожалиле на психосоматски тегоби еднаш неделно, при што позасегнати, со 64 отсто, се девојчињата на 15 години, додека момињата се со 37 отсто. Родовите разлики се уште поизразени кај депресивното расположение, при што една третина од момчињата и над една половина од девојчињата дале позитивен одговор на ова прашање. Во однос на тоа колку се задоволни од животот, младите кај нас се во горната половина во однос на нивните врсници на светско ниво, но повторно се забележува опаѓање со зголемување на возраста. 70 отсто од девојчињата и 63 отсто од момчињата на 11-годишна возраст одговориле позитивно, додека 40 отсто девојчиња и 33 отсто момчиња на возраст од 15 години рекле дека се задоволни од животот, истакна Маја Цветаноска, истражувач во ХБСЦ студијата.

На презентацијата беше нагласено дека 40 отсто од младите во државата изјавиле оти живеат во сиромаштија, а само 20 отсто биле релативно имотни, при што традиционалните заедница и вредности генерираат родови нееднаквости, дискриминација и насилство. Младите се среќаваат со амбиент на нетолеранција на различностите и неказнивост на насилствата во семејството, училиштето и заедницата.

Скоро приближен процент од 35 отсто момчиња и девојчиња на 15 години изјавиле дека еднаш или повеќе пати во еден месец користеле алкохол, додека 22 отсто момчиња и 19 отсто девојчиња во истиот период пушеле цигари. Една петина од испитаниците од двата пола на иста возраст се пожалиле на малтретирање, а по околу 15 отсто биле жртви на сајбер малтретирање. Четириесет отсто од момчињата, а 24 отсто девојчиња учествувале во тепачки, истакна Иван Христов, истражувач во ХБСЦ студијата.

Во рамки на презентацијата во Кочани беа изнесени податоци и за проблематичното користење на социјалните медиуми, ризичните однесувања на младите при вљубување, сексуалната активност во адолесценцијата, приврзаноста кон училиштето, поддршката од семејството и наставниците и други параметри. Заеднички беше заклучокот дека родовите нееднаквости ги засегаат сите млади, без разлика на етничката припадност, религиските уверувања и сексуалната ориентација.

https://republika.mk/zivot/zdravje/edna-tretina-od-tinejdherite-i-adolestsentite-i-edna-tretina-od-trudnitsite-stradaat-od-depresija-pokazhuvaat-istrazhuvanata-vo-makedonija/

The post 10 отсто од момчињата во земјава и 20 проценти од девојчињата на 15 години размислувале за самоубиство appeared first on Република.

]]>

Алармантен е трендот на опаѓање на менталното здравје кај девојчињата на 15-годишна возраст во земјава, при што повеќе од една третина се чувствуваат осамено, а дури 21 отсто сериозно размислувале за самоубиство. Кај момчињата на иста возраст 12 отсто имале чувство на осаменост, а 10 отсто помислиле сами да си го одземат животот. Тоа се дел од националните наоди во рамки на меѓународната ХБСЦ студија „Однесувања поврзани со здравјето на децата на училишна возраст од 11 до 15 години“, што ги направи Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“ од Скопје, во партнерство со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот во Тетово, а што денеска беа презентирани во Кочани. Испитувањата во студијата се направени на репрезентативен примерок од 5.132 ученика кои скоро подеднакво се распределени во групи на возраст од 11, 13 и 15 години.
-Со возраста на децата се зголемува процентот на оние кои се пожалиле на психосоматски тегоби еднаш неделно, при што позасегнати, со 64 отсто, се девојчињата на 15 години, додека момињата се со 37 отсто. Родовите разлики се уште поизразени кај депресивното расположение, при што една третина од момчињата и над една половина од девојчињата дале позитивен одговор на ова прашање. Во однос на тоа колку се задоволни од животот, младите кај нас се во горната половина во однос на нивните врсници на светско ниво, но повторно се забележува опаѓање со зголемување на возраста. 70 отсто од девојчињата и 63 отсто од момчињата на 11-годишна возраст одговориле позитивно, додека 40 отсто девојчиња и 33 отсто момчиња на возраст од 15 години рекле дека се задоволни од животот, истакна Маја Цветаноска, истражувач во ХБСЦ студијата.
На презентацијата беше нагласено дека 40 отсто од младите во државата изјавиле оти живеат во сиромаштија, а само 20 отсто биле релативно имотни, при што традиционалните заедница и вредности генерираат родови нееднаквости, дискриминација и насилство. Младите се среќаваат со амбиент на нетолеранција на различностите и неказнивост на насилствата во семејството, училиштето и заедницата.
Скоро приближен процент од 35 отсто момчиња и девојчиња на 15 години изјавиле дека еднаш или повеќе пати во еден месец користеле алкохол, додека 22 отсто момчиња и 19 отсто девојчиња во истиот период пушеле цигари. Една петина од испитаниците од двата пола на иста возраст се пожалиле на малтретирање, а по околу 15 отсто биле жртви на сајбер малтретирање. Четириесет отсто од момчињата, а 24 отсто девојчиња учествувале во тепачки, истакна Иван Христов, истражувач во ХБСЦ студијата.
Во рамки на презентацијата во Кочани беа изнесени податоци и за проблематичното користење на социјалните медиуми, ризичните однесувања на младите при вљубување, сексуалната активност во адолесценцијата, приврзаноста кон училиштето, поддршката од семејството и наставниците и други параметри. Заеднички беше заклучокот дека родовите нееднаквости ги засегаат сите млади, без разлика на етничката припадност, религиските уверувања и сексуалната ориентација. https://republika.mk/zivot/zdravje/edna-tretina-od-tinejdherite-i-adolestsentite-i-edna-tretina-od-trudnitsite-stradaat-od-depresija-pokazhuvaat-istrazhuvanata-vo-makedonija/

The post 10 отсто од момчињата во земјава и 20 проценти од девојчињата на 15 години размислувале за самоубиство appeared first on Република.

]]>
Се уби бодибилдерот, монструм од Градашац https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-ubi-bodibilderot-monstrum-od-gradashats/ Fri, 11 Aug 2023 12:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=671147

Нермин Сулејмановиќ кој во Градашац ја уби сопругата и уште двајца луѓе, а видеото од убиството го објави на Инстаграм во живо, изврши самоубиство, потврдено е за порталот Аваз.

The post Се уби бодибилдерот, монструм од Градашац appeared first on Република.

Херојот Раденко спаси жена која сакаше да се самоубие https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/herojot-radenko-spasi-zhena-koja-sakashe-da-se-samoubie/ Thu, 29 Jun 2023 15:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=656411

Херојскиот чин на Раденко Костиќ (45) од Лозница, кој  со совесна и брза реакција спаси живот, доби многу пофалби на социјалните мрежи.

Тој  додека се движел по улицата забележал дека продавач на пуканки преговара со жена која стоела од другата страна на терасата со намера да скокне.

Се шетав во центарот на Лозница и забележав човек како продава пуканки во близина како преговара со некого и вели „стоп, некој ќе дојде“. Кога погледнав кон зградата здогледав жена која веќе со една нога го прегази балконот од станот на четвртиот кат. Веднаш истрчав горе и еден колега тргна по мене - вели Раденко.

Отишол иако не знаел точно на кој кат се наоѓа станот на жената.

Како што вели, ризикот што го преземал не го исплашил бидејќи бил  сигурен во себе и знаел дека е способен да помогне во таква ситуација.

Мојот прв приоритет е секогаш да ја спасам жртвата. Важно ми е дека жената е добро и дека се избегна трагедијата. Сигурен сум во себе и не се колебам кога е во прашање човечкиот живот – вели Раденко.

The post Херојот Раденко спаси жена која сакаше да се самоубие appeared first on Република.

]]>

Херојскиот чин на Раденко Костиќ (45) од Лозница, кој  со совесна и брза реакција спаси живот, доби многу пофалби на социјалните мрежи. Тој  додека се движел по улицата забележал дека продавач на пуканки преговара со жена која стоела од другата страна на терасата со намера да скокне.
Се шетав во центарот на Лозница и забележав човек како продава пуканки во близина како преговара со некого и вели „стоп, некој ќе дојде“. Кога погледнав кон зградата здогледав жена која веќе со една нога го прегази балконот од станот на четвртиот кат. Веднаш истрчав горе и еден колега тргна по мене - вели Раденко.
Отишол иако не знаел точно на кој кат се наоѓа станот на жената. Како што вели, ризикот што го преземал не го исплашил бидејќи бил  сигурен во себе и знаел дека е способен да помогне во таква ситуација.
Мојот прв приоритет е секогаш да ја спасам жртвата. Важно ми е дека жената е добро и дека се избегна трагедијата. Сигурен сум во себе и не се колебам кога е во прашање човечкиот живот – вели Раденко.

The post Херојот Раденко спаси жена која сакаше да се самоубие appeared first on Република.

]]>
Трагедија во Панчево: Ги убил сопругата и детето, а потоа се самоубил https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tragedija-vo-panchevo-gi-ubil-soprugata-i-deteto-a-potoa-se-samoubil/ Tue, 06 Jun 2023 10:00:23 +0000 https://republika.mk/?p=648374

Средовечен маж ги убил сопругата и детето во стан во Панчево, а потоа се самоубил, објавија српските медиуми.

Според дел од српските медиуми, станува збор за руски државјани. Злосторството го пријавиле соседите и во тек е истрага која треба да даде одговор за мотивите на трагичниот настан.

The post Трагедија во Панчево: Ги убил сопругата и детето, а потоа се самоубил appeared first on Република.

]]>

Средовечен маж ги убил сопругата и детето во стан во Панчево, а потоа се самоубил, објавија српските медиуми. Според дел од српските медиуми, станува збор за руски државјани. Злосторството го пријавиле соседите и во тек е истрага која треба да даде одговор за мотивите на трагичниот настан.  

The post Трагедија во Панчево: Ги убил сопругата и детето, а потоа се самоубил appeared first on Република.

]]>
Обвинителство: Двете тела со прострелни лани во Демир Капија дадени на обдукција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvo-dvete-tela-so-prostrelni-lani-vo-demir-kapija-dadeni-na-obduktsija/ Tue, 16 May 2023 11:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=641365

Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место, телата на двете починати лица се дадени на обдукција. Прибрани се траги и докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Првичните сознанија упатуваат дека се работи за убиство и самоубиство. Ова попладнево го рекоа од Обвинтелството за МИА.

Претходно, МВР информираше за МИА дека повозрасниот демиркапиец и претходно го пријавувал младиот сосед за тропање од горе, денеска двајцата се пронајдени со прострелни рани. Ова го одговорија од МВР на прашање од МИА, во врска со убиството и самоубиството во Демир Капија.

Последното пријавување е на 19 јануари годинава. Повозрасниот го пријавил помладиот, со поплака за тропање. Нарушени меѓусоседски односи, без некои инциденти, без контакти. Помладиот бил повикан и бил предупреден, како што е ред, кога има поплака. Соседи, смирете се, во таа смисла. Бил извршен разговор со него. Тепачки никогаш немале, појаснија од МВР.

Како што информираа од МВР, демиркапијците со прострелни рани се на возраст од 72 и 34 години.

Денеска во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид, соопштија од МВР.

Веста за убиство и самоубиство ја потресе демиркаписката и Тиквешката јавност.

Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди за МИА дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.

Според првичните сознанија, повозрасниот демиркапиец по претходна расправија пукал во соседот што живеел над него во зграда, па се самоубил.

The post Обвинителство: Двете тела со прострелни лани во Демир Капија дадени на обдукција appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место, телата на двете починати лица се дадени на обдукција. Прибрани се траги и докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Првичните сознанија упатуваат дека се работи за убиство и самоубиство. Ова попладнево го рекоа од Обвинтелството за МИА. Претходно, МВР информираше за МИА дека повозрасниот демиркапиец и претходно го пријавувал младиот сосед за тропање од горе, денеска двајцата се пронајдени со прострелни рани. Ова го одговорија од МВР на прашање од МИА, во врска со убиството и самоубиството во Демир Капија.
Последното пријавување е на 19 јануари годинава. Повозрасниот го пријавил помладиот, со поплака за тропање. Нарушени меѓусоседски односи, без некои инциденти, без контакти. Помладиот бил повикан и бил предупреден, како што е ред, кога има поплака. Соседи, смирете се, во таа смисла. Бил извршен разговор со него. Тепачки никогаш немале, појаснија од МВР.
Како што информираа од МВР, демиркапијците со прострелни рани се на возраст од 72 и 34 години.
Денеска во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид, соопштија од МВР.
Веста за убиство и самоубиство ја потресе демиркаписката и Тиквешката јавност. Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди за МИА дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило. Според првичните сознанија, повозрасниот демиркапиец по претходна расправија пукал во соседот што живеел над него во зграда, па се самоубил.

The post Обвинителство: Двете тела со прострелни лани во Демир Капија дадени на обдукција appeared first on Република.

]]>
Го пријавувал дека му тропа над глава – детали за трагедијата во Демир Капија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/go-prijavuval-deka-mu-tropa-nad-glava-detali-za-tragedijata-vo-demir-kapija/ Tue, 16 May 2023 11:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=641320

Повозрасниот демиркапиец и претходно го пријавувал младиот сосед за тропање од горе, денеска двајцата се пронајдени со прострелни рани. Ова го одговорија од МВР на прашање од МИА, во врска со убиството и самоубиството во Демир Капија.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-so-prvichni-detali-dvajtsata-demirkapijtsi-pronajdeni-so-prostrelni-rani/

Последното пријавување е на 19 јануари годинава. Повозрасниот го пријавил помладиот, со поплака за тропање. Нарушени меѓусоседски односи, без некои инциденти, без контакти. Помладиот бил повикан и бил предупреден, како што е ред, кога има поплака. Соседи, смирете се, во таа смисла. Бил извршен разговор со него. Тепачки никогаш немале, појаснија од МВР.

Претходно, МВР излезе со информација за МИА, дека демиркапијците со прострелни рани се на возраст од 72 и 34 години.

Денеска во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид, соопштија од МВР.

Веста за убиство и самоубиство ја потресе демиркаписката и Тиквешката јавност.

Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди за МИА дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.

Според првичните сознанија, повозрасниот демиркапиец по претходна расправија пукал во соседот што живеел над него во зграда, па се самоубил.

ОЈО Кавадарци се уште врши увид во зградата во која се пронајдени тела на две починати лица. Се преземаат дејствија за испитување на настанот.

The post Го пријавувал дека му тропа над глава – детали за трагедијата во Демир Капија appeared first on Република.

]]>

Повозрасниот демиркапиец и претходно го пријавувал младиот сосед за тропање од горе, денеска двајцата се пронајдени со прострелни рани. Ова го одговорија од МВР на прашање од МИА, во врска со убиството и самоубиството во Демир Капија. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-so-prvichni-detali-dvajtsata-demirkapijtsi-pronajdeni-so-prostrelni-rani/
Последното пријавување е на 19 јануари годинава. Повозрасниот го пријавил помладиот, со поплака за тропање. Нарушени меѓусоседски односи, без некои инциденти, без контакти. Помладиот бил повикан и бил предупреден, како што е ред, кога има поплака. Соседи, смирете се, во таа смисла. Бил извршен разговор со него. Тепачки никогаш немале, појаснија од МВР.
Претходно, МВР излезе со информација за МИА, дека демиркапијците со прострелни рани се на возраст од 72 и 34 години.
Денеска во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид, соопштија од МВР.
Веста за убиство и самоубиство ја потресе демиркаписката и Тиквешката јавност. Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди за МИА дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило. Според првичните сознанија, повозрасниот демиркапиец по претходна расправија пукал во соседот што живеел над него во зграда, па се самоубил. ОЈО Кавадарци се уште врши увид во зградата во која се пронајдени тела на две починати лица. Се преземаат дејствија за испитување на настанот.

The post Го пријавувал дека му тропа над глава – детали за трагедијата во Демир Капија appeared first on Република.

]]>
MВР со првични детали: Двајцата демиркапијци пронајдени со прострелни рани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-so-prvichni-detali-dvajtsata-demirkapijtsi-pronajdeni-so-prostrelni-rani/ Tue, 16 May 2023 09:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=641268

Демиркапијците кои изутрината беа најдени со прострелни рани во нивните домови се на возраст од 72 и 34 години, се вели во првичната информација на полицијата за трагедијата која утрово ја потресе Демир Капија.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tragedija-utrovo-vo-demir-kapija-dvajtsa-mrtvi/

Денеска во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид, соопштија од МВР.

Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров утрово за МИА потврди дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.

Според првичните сознанија, повозрасниот демиркапиец по претходна расправија пукал во соседот што живеел над него во зграда, па се самоубил.

ОЈО Кавадарци се уште врши увид во зградата во која се пронајдени тела на две починати лица. Се преземаат дејствија за испитување на настанот.

The post MВР со првични детали: Двајцата демиркапијци пронајдени со прострелни рани appeared first on Република.

]]>

Демиркапијците кои изутрината беа најдени со прострелни рани во нивните домови се на возраст од 72 и 34 години, се вели во првичната информација на полицијата за трагедијата која утрово ја потресе Демир Капија. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tragedija-utrovo-vo-demir-kapija-dvajtsa-mrtvi/
Денеска во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид, соопштија од МВР.
Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров утрово за МИА потврди дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило. Според првичните сознанија, повозрасниот демиркапиец по претходна расправија пукал во соседот што живеел над него во зграда, па се самоубил. ОЈО Кавадарци се уште врши увид во зградата во која се пронајдени тела на две починати лица. Се преземаат дејствија за испитување на настанот.

The post MВР со првични детали: Двајцата демиркапијци пронајдени со прострелни рани appeared first on Република.

]]>
Трагедија утрово во Демир Капија, двајца мртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tragedija-utrovo-vo-demir-kapija-dvajtsa-mrtvi/ Tue, 16 May 2023 08:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=641239

Убиство и самоубиство се случило утринава во Демир Капија, ваквата вест ја поресе демиркаписката но и јавноста во Тиквешијата.

Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди за МИА дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.

Неофицијално, повозрасен човек над 64 години, пукал во соседот што живеел над него во зграда, на возраст од околу 34 години. Наводно, причината била претходна расправија.

МИА се обрати до МВР и Обвинителство и се очекува официјална информација од нив во текот на денот.

The post Трагедија утрово во Демир Капија, двајца мртви appeared first on Република.

]]>

Убиство и самоубиство се случило утринава во Демир Капија, ваквата вест ја поресе демиркаписката но и јавноста во Тиквешијата. Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди за МИА дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило. Неофицијално, повозрасен човек над 64 години, пукал во соседот што живеел над него во зграда, на возраст од околу 34 години. Наводно, причината била претходна расправија. МИА се обрати до МВР и Обвинителство и се очекува официјална информација од нив во текот на денот.

The post Трагедија утрово во Демир Капија, двајца мртви appeared first on Република.

]]>
Две деца, сведоци на масакрот во училиштето на Врачар посакале да се самоубијат, а две да убијат некого https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dve-detsa-svedotsi-na-masakrot-vo-uchilishteto-na-vrachar-posakale-da-se-samoubijat-a-dve-da-ubijat-nekogo/ Tue, 09 May 2023 09:19:15 +0000 https://republika.mk/?p=638674

Министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ истакна дека вчера на детската клиника за невропсихијатрија биле примени четири деца, бидејќи две имале идеја да се убијат, а две да убијат некого.

Децата почувствуваа дека нешто не е во ред, а исто така и родителите. Тие деца бараа да останат во болница и затоа ги повикувам сите родители, деца, кој има проблем да се јави на вистинскиот број. Се согласувам дека во училиштата треба да има полицајци, но тие не можат да го спречат стравот, ни требаат педагози и психолози да разговараме, рече министерката Грујичиќ.

Таа изјави дека животот мора да продолжи, а потоа побара од медиумите да ги остават надлежните како понатаму и кои се следните чекори во решавањето на овој проблем кој сите ги остави затечени.

The post Две деца, сведоци на масакрот во училиштето на Врачар посакале да се самоубијат, а две да убијат некого appeared first on Република.

Ја видовме мајка му како плаче: Имаше проблеми на училиште, одеднаш се повлече и престана да се дружи со сите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ja-vidovme-majka-mu-kako-plache-imashe-problemi-na-uchilishte-odednash-se-povleche-i-prestana-da-se-druzhi-so-site/ Wed, 29 Mar 2023 18:01:30 +0000 https://republika.mk/?p=625222

Другарка од одделението на несреќното момче кое денеска се самоуби скокајќи од прозорец од вториот кат на ОУ „Жарко Зрењанин“ во Качарево за српските медиуми изјавила дека во моментот на трагедијата мајката на момчето била во училиштето и разговарала со директорот. Според девојчето, С.Ф. (14) не бил добар ученик, правел мали проблеми на училиште. Минатата година бил оставен на полагање.

Децата од училиштето раскажуваат за Новости дека С.Ф. наводно имал проблеми на училиште, немал добри оценки и често одел на психолог. Одеднаш се повлекол и престанал да се дружи со сите.

https://republika.mk/vesti/balkan/tragedija-vo-panchevo-osmooddelenets-skoknal-od-vtoriot-kat-na-uchilishteto-dodeka-majka-mu-bila-kaj-direktorot/

Професорката по германски јазик, во чиј клас се случил немилиот настан, веднаш откако момчето скокнало од прозорецот истрчала кај директорот, па таа и мајката на момчето излегле надвор. Учениците ја виделе мајката на момчето како плаче.

Жителите на Качарево сведочат дека во ова основно училиште не се ретки случаите на врсничко насилство.

Повеќе ТУКА.

The post Ја видовме мајка му како плаче: Имаше проблеми на училиште, одеднаш се повлече и престана да се дружи со сите appeared first on Република.

]]>

Другарка од одделението на несреќното момче кое денеска се самоуби скокајќи од прозорец од вториот кат на ОУ „Жарко Зрењанин“ во Качарево за српските медиуми изјавила дека во моментот на трагедијата мајката на момчето била во училиштето и разговарала со директорот. Според девојчето, С.Ф. (14) не бил добар ученик, правел мали проблеми на училиште. Минатата година бил оставен на полагање. Децата од училиштето раскажуваат за Новости дека С.Ф. наводно имал проблеми на училиште, немал добри оценки и често одел на психолог. Одеднаш се повлекол и престанал да се дружи со сите. https://republika.mk/vesti/balkan/tragedija-vo-panchevo-osmooddelenets-skoknal-od-vtoriot-kat-na-uchilishteto-dodeka-majka-mu-bila-kaj-direktorot/ Професорката по германски јазик, во чиј клас се случил немилиот настан, веднаш откако момчето скокнало од прозорецот истрчала кај директорот, па таа и мајката на момчето излегле надвор. Учениците ја виделе мајката на момчето како плаче. Жителите на Качарево сведочат дека во ова основно училиште не се ретки случаите на врсничко насилство. Повеќе ТУКА.

The post Ја видовме мајка му како плаче: Имаше проблеми на училиште, одеднаш се повлече и престана да се дружи со сите appeared first on Република.

]]>
Трагедија во Панчево: Осмоодделенец скокнал од вториот кат на училиштето додека мајка му била кај директорот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tragedija-vo-panchevo-osmooddelenets-skoknal-od-vtoriot-kat-na-uchilishteto-dodeka-majka-mu-bila-kaj-direktorot/ Wed, 29 Mar 2023 17:26:30 +0000 https://republika.mk/?p=625208

Осмоодделенец од ОУ „Жарко Зрењанин“ во Качарево, кај Панчево си го одзел животот скокајќи од кабинетот по германски јазик на вториот кат.

Информацијата за трагичниот настан ја потврдило Вишото јавно обвинителство во Панчево за РТС.

Како што пренесува РТС, соученик на момчето изјавил дека момчето и мајка му билекај директорот кога почнал часот по германски. Токму затоа, момчето задоцнило на часот. Кога влегло во училницата, било нерасположено. Неговите другари раскажуваат дека наставничката му пришла и разговарала со него неколку минути, по што момчето се смирило.

Додека бевме на час тој рече дека му е лошо и побара од другарката да го отвори прозорецот, а другарката ја праша професорката по германски на чиј час бевме дали може и таа дозволи. Кога заѕвони ѕвончето за крајот на часот, тој се стрча преку училницата, бидејќи седеше сам во задната клупа до ѕидот, скокна на мала клупа и се фрли низ прозорецот. Не комуницираше со никого по телефон, бидејќи ни е забрането да ги користиме за време на часовите, изјавил соученик.

Ученик кој во моментот бил во училница на приземјето скокнал низ прозорецот за да му помогне, но несреќното дете се обидело да се крене на раце и паднало.

Телото на момчето е пренесено во Институтот за судска медицина каде ќе се врши обдукција и токсиколошка анализа. Директорот на училиштето засега нема да дава официјални изјави.

The post Трагедија во Панчево: Осмоодделенец скокнал од вториот кат на училиштето додека мајка му била кај директорот appeared first on Република.

]]>

Осмоодделенец од ОУ „Жарко Зрењанин“ во Качарево, кај Панчево си го одзел животот скокајќи од кабинетот по германски јазик на вториот кат. Информацијата за трагичниот настан ја потврдило Вишото јавно обвинителство во Панчево за РТС. Како што пренесува РТС, соученик на момчето изјавил дека момчето и мајка му билекај директорот кога почнал часот по германски. Токму затоа, момчето задоцнило на часот. Кога влегло во училницата, било нерасположено. Неговите другари раскажуваат дека наставничката му пришла и разговарала со него неколку минути, по што момчето се смирило.
Додека бевме на час тој рече дека му е лошо и побара од другарката да го отвори прозорецот, а другарката ја праша професорката по германски на чиј час бевме дали може и таа дозволи. Кога заѕвони ѕвончето за крајот на часот, тој се стрча преку училницата, бидејќи седеше сам во задната клупа до ѕидот, скокна на мала клупа и се фрли низ прозорецот. Не комуницираше со никого по телефон, бидејќи ни е забрането да ги користиме за време на часовите, изјавил соученик.
Ученик кој во моментот бил во училница на приземјето скокнал низ прозорецот за да му помогне, но несреќното дете се обидело да се крене на раце и паднало. Телото на момчето е пренесено во Институтот за судска медицина каде ќе се врши обдукција и токсиколошка анализа. Директорот на училиштето засега нема да дава официјални изјави.

The post Трагедија во Панчево: Осмоодделенец скокнал од вториот кат на училиштето додека мајка му била кај директорот appeared first on Република.

]]>
Денес ќе имаше 16 години: Син на политичарка се самоуби откако јавно беше откриено дека бил жртва на педофил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/denes-ke-imashe-16-godini-sin-na-politicharka-se-samoubi-otkako-javno-beshe-otkrieno-deka-bil-zhrtva-na-pedofil/ Wed, 08 Mar 2023 09:31:24 +0000 https://republika.mk/?p=617188

Полската владејачка партија Право и правда (ПиС) се најде на мета на критики поради смртта на 15-годишниот син на пратеничка од опозицијата, кој изврши самоубиство по објавувањето на извештај, во кој е идентификуван како жртва на педофил, пренесува „Гардијан“.

Во вторникот полскиот парламент одржа едноминутно молчење за Миколај Филикс, за време на неговиот погреб. Неговата мајка, Магдалена Филикс, пратеник од најголемата полска опозициска партија Граѓанска платформа, рече дека тој починал на 17 февруари. Погребот се одржа во вторникот во Шчечин, нејзиниот роден град, еден ден пред Миколај да наполни 16 години.

Тинејџерот си го одзел животот неколку недели откако Радио Шчечин, дел од државната полска радио мрежа, во извештај откри детали за жртвите на осуден педофил.

Името на Миколај не беше објавено, но беа откриени доволно детали за јавноста да го идентификува. Беше откриена возраста на малтретираните малолетници и дека едно од нив е дете на пратеник.

Радио Шчечин, исто така, објави ека осудениот педофил, чие судење се одржа зад затворени врати за да се заштитат жртвите, бил поранешен член и кандидат на Граѓанската платформа, како и ЛГБТ активист.

Приказната беше нашироко пренесена од други државни медиуми, и предизвика гнев кај претставниците на опозицијата во Полска, а поддржувачите на опозицијата тврдат дека национално-конзервативната партија ПиС ја оркестрирала приказната за политичка корист и е барем делумно одговорна за смртта.

The post Денес ќе имаше 16 години: Син на политичарка се самоуби откако јавно беше откриено дека бил жртва на педофил appeared first on Република.

]]>

Полската владејачка партија Право и правда (ПиС) се најде на мета на критики поради смртта на 15-годишниот син на пратеничка од опозицијата, кој изврши самоубиство по објавувањето на извештај, во кој е идентификуван како жртва на педофил, пренесува „Гардијан“. Во вторникот полскиот парламент одржа едноминутно молчење за Миколај Филикс, за време на неговиот погреб. Неговата мајка, Магдалена Филикс, пратеник од најголемата полска опозициска партија Граѓанска платформа, рече дека тој починал на 17 февруари. Погребот се одржа во вторникот во Шчечин, нејзиниот роден град, еден ден пред Миколај да наполни 16 години. Тинејџерот си го одзел животот неколку недели откако Радио Шчечин, дел од државната полска радио мрежа, во извештај откри детали за жртвите на осуден педофил. Името на Миколај не беше објавено, но беа откриени доволно детали за јавноста да го идентификува. Беше откриена возраста на малтретираните малолетници и дека едно од нив е дете на пратеник. Радио Шчечин, исто така, објави ека осудениот педофил, чие судење се одржа зад затворени врати за да се заштитат жртвите, бил поранешен член и кандидат на Граѓанската платформа, како и ЛГБТ активист. Приказната беше нашироко пренесена од други државни медиуми, и предизвика гнев кај претставниците на опозицијата во Полска, а поддржувачите на опозицијата тврдат дека национално-конзервативната партија ПиС ја оркестрирала приказната за политичка корист и е барем делумно одговорна за смртта.

The post Денес ќе имаше 16 години: Син на политичарка се самоуби откако јавно беше откриено дека бил жртва на педофил appeared first on Република.

]]>
Шефица во руското Министерство за одбрана скокнала од прозорец https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shefitsa-vo-ruskoto-ministerstvo-za-odbrana-skoknala-od-prozorets/ Thu, 16 Feb 2023 19:51:46 +0000 https://republika.mk/?p=609937

Висока функционерка на руското Министерство за одбрана е пронајдена мртва откако паднала низ прозорец од стан во Санкт Петербург, пренесоа руските медиуми.

Како што јави Радио Слободна Европа, Марина Јанкина (58) била шефица за финансии и набавки во секторот на Министерството за одбрана задолжен за Западниот воен округ.

Телото било пронајдено вчера под прозорецот од станот во кој живеела.

Полицијата соопшти дека нејзините документи и други лични работи биле пронајдени на заедничкиот балкон на 16-тиот кат од облакодерот. Руските истражители тврдат дека се работи за самоубиство.

Веста за нејзината смрт дојде само неколку дена откако генералот Владимир Макаров, кој неодамна беше разрешен од рускиот претседател Владимир Путин, беше пронајден мртов надвор од Москва.

Руските власти тврдат дека и неговиот случај е случај на самоубиство.

The post Шефица во руското Министерство за одбрана скокнала од прозорец appeared first on Република.

]]>

Висока функционерка на руското Министерство за одбрана е пронајдена мртва откако паднала низ прозорец од стан во Санкт Петербург, пренесоа руските медиуми. Како што јави Радио Слободна Европа, Марина Јанкина (58) била шефица за финансии и набавки во секторот на Министерството за одбрана задолжен за Западниот воен округ. Телото било пронајдено вчера под прозорецот од станот во кој живеела. Полицијата соопшти дека нејзините документи и други лични работи биле пронајдени на заедничкиот балкон на 16-тиот кат од облакодерот. Руските истражители тврдат дека се работи за самоубиство. Веста за нејзината смрт дојде само неколку дена откако генералот Владимир Макаров, кој неодамна беше разрешен од рускиот претседател Владимир Путин, беше пронајден мртов надвор од Москва. Руските власти тврдат дека и неговиот случај е случај на самоубиство.

The post Шефица во руското Министерство за одбрана скокнала од прозорец appeared first on Република.

]]>
Клавијатурист се самоуби по пречекот на Нова година во ресторан https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/klavijaturist-se-samoubi-po-prechekot-na-nova-godina-vo-restoran/ Sat, 07 Jan 2023 14:26:47 +0000 https://republika.mk/?p=594444

Клавијатурист од југот на Србија е пронајден мртов откако ја дочекал Новата година. Како што неофицијално дознава Курир,рс тој свирел во локален ресторан и после се самоубил во просториите на објектот.

Никој од пријателите и колегите на музичарот не можеше да помисли дека тој ќе си го одземе животот. Пријателите се убедени дека тој живеел нормален, скромен живот и дека бил задоволен од тоа.

- Имаше семејство, беа среќни. Едноставно не можам да верувам дека се случило вакво нешто. Не можам ни да замислам како е на семејството - изјавија пријателите.

The post Клавијатурист се самоуби по пречекот на Нова година во ресторан appeared first on Република.

]]>

Клавијатурист од југот на Србија е пронајден мртов откако ја дочекал Новата година. Како што неофицијално дознава Курир,рс тој свирел во локален ресторан и после се самоубил во просториите на објектот. Никој од пријателите и колегите на музичарот не можеше да помисли дека тој ќе си го одземе животот. Пријателите се убедени дека тој живеел нормален, скромен живот и дека бил задоволен од тоа.
- Имаше семејство, беа среќни. Едноставно не можам да верувам дека се случило вакво нешто. Не можам ни да замислам како е на семејството - изјавија пријателите.

The post Клавијатурист се самоуби по пречекот на Нова година во ресторан appeared first on Република.

]]>
Опседнатоста на момчето од Свети Николе траела долго време: Неговата жртва неколкупати го пријавувала во полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/opsednatosta-na-momcheto-od-sveti-nikole-traela-dolgo-vreme-negovata-zhrtva-nekolkupati-go-prijavuvala-vo-politsija/ Sun, 01 Jan 2023 16:54:01 +0000 https://republika.mk/?p=592642

Опседнатоста на Тихомир А, четириесетитри годишникот, кој ја застрела девојката во коа бил вљубен траела долго време. Ден по обидот за убиство и самоубиството во Свети Николе, не стивнува запрепастеноста кај населението. Велат Тихомир долго време бил заљубен во 32-годишната девојка. Постојано ја следел, и испраќал пораки, ја прогонувал.

Девојката неколкупати го има пријавувано во полиција. Не се чувствуваше безбедно, постојано ја прогонуваше. Беше опседнат со неа. Одеше на излогот од слаткарницата ја чекаше да помине за да направи фотографија со неа, селфи и да постира на социјалните мрежи - раскажува еден од жителите на градот.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pred-nova-godina-pukal-vo-devojkata-vo-koja-bil-zaluben-pa-se-samoubil-mvr-ja-potvrdi-krvavata-drama-shto-go-potrese-sveti-nikole/

Велат веројатно немал намера да го направи делото. Го знаат како добро момче, кој работел како механичар.

Сигурно немал намера да пука во неа. Тие двајца никогаш не беа во врска, ниту пак имаше нешто меѓу нив. Едноставно невозвратена љубов. Тој премногу ја сакаше, но таа ја игнорираше неговата љубов. Едноставно имаше свој живот, во кој немаше место за него. Тој ден не бил прв дентој да ја следи. Не било ништо ново за неа. Но што се слуило и како го извадил пиштолот не знам. Велат откако помислил дека ја убил си пресудил себе си. А девојката е добра и е надвор од животна опасност. Била застрелана во рамото - раскажуваат жителите.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-so-informatsii-za-deneshnata-krvava-drama-vo-sveti-nikole/

The post Опседнатоста на момчето од Свети Николе траела долго време: Неговата жртва неколкупати го пријавувала во полиција appeared first on Република.

]]>

Опседнатоста на Тихомир А, четириесетитри годишникот, кој ја застрела девојката во коа бил вљубен траела долго време. Ден по обидот за убиство и самоубиството во Свети Николе, не стивнува запрепастеноста кај населението. Велат Тихомир долго време бил заљубен во 32-годишната девојка. Постојано ја следел, и испраќал пораки, ја прогонувал.
Девојката неколкупати го има пријавувано во полиција. Не се чувствуваше безбедно, постојано ја прогонуваше. Беше опседнат со неа. Одеше на излогот од слаткарницата ја чекаше да помине за да направи фотографија со неа, селфи и да постира на социјалните мрежи - раскажува еден од жителите на градот.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pred-nova-godina-pukal-vo-devojkata-vo-koja-bil-zaluben-pa-se-samoubil-mvr-ja-potvrdi-krvavata-drama-shto-go-potrese-sveti-nikole/ Велат веројатно немал намера да го направи делото. Го знаат како добро момче, кој работел како механичар.