самоубил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samoubil/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Mar 2024 07:54:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png самоубил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samoubil/ 32 32 Трагедија на патарина: Албанец од Македонија пукал во жена му па се самоубил https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tragedija-na-patarina-albanets-od-makedonija-pukal-vo-zhena-mu-pa-se-samoubil/ Fri, 08 Mar 2024 07:54:58 +0000 https://republika.mk/?p=752490

Во тешката состојба е 38 годишната жена која вчера беше застрелана на патарина пред Прешево. Во неа пукал 52 годишен македонски државјанин од албанска националност.

Македонскиот државјанин и жената биле во „ауди“ со македонски регистарски таблички. Во еден момент сопатничката излегла од автомобилот и почнала да бега. Мажот излегол по неа испукал неколку куршуми и ја ранил, а потоа се одалечил од местото на настанот. Набрзо се вратил и си пукал во глава.

Тој им подлегнал на повредите, а на пукањето и претходела расправија. Мотивите за обидот за убиство и самоубиство не се познати.

Лекарите во Врање се борат за животот на жената

 

The post Трагедија на патарина: Албанец од Македонија пукал во жена му па се самоубил appeared first on Република.

]]>

Во тешката состојба е 38 годишната жена која вчера беше застрелана на патарина пред Прешево. Во неа пукал 52 годишен македонски државјанин од албанска националност. Македонскиот државјанин и жената биле во „ауди“ со македонски регистарски таблички. Во еден момент сопатничката излегла од автомобилот и почнала да бега. Мажот излегол по неа испукал неколку куршуми и ја ранил, а потоа се одалечил од местото на настанот. Набрзо се вратил и си пукал во глава. Тој им подлегнал на повредите, а на пукањето и претходела расправија. Мотивите за обидот за убиство и самоубиство не се познати. Лекарите во Врање се борат за животот на жената  

The post Трагедија на патарина: Албанец од Македонија пукал во жена му па се самоубил appeared first on Република.

]]>
Чешката полиција потврди дека напаѓачот од Прага се самоубил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cheshkata-politsija-potvrdi-deka-napagachot-od-praga-se-samoubil/ Fri, 22 Dec 2023 13:51:24 +0000 https://republika.mk/?p=725734

Чешката полиција денеска објави ново видео од нападот од зградата на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага, каде напаѓачот уби 14 лица, а рани уште 25. Тие, на прес-конференција, објавија и нови детали и потврдија дека напаѓачот се самоуби по масакрот.

Во престрелката на Филозофскиот факултет загинаа 14 студенти и други лица, а убиен е и насилникот. Вкупно 15 загинати, изјави директорот на прашката полиција Матејчек.

Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан претходно изјави дека вкупниот број на жртви е 13, а четиринаесеттиот загинат е напаѓачот. Напаѓачот од ходникот на Филозофскиот факултет ранил и три лица на улица.

Кога полицијата му пришла и го опколила, тој се застрелал со пушка. Напаѓачот од колеџот удрил во едно цивилно и едно полициско возило.

Во акцијата против него учествувале стотици полицајци и никој од нив не е повреден. Директорот на полицијата изјави дека полициските единици биле активни надвор од зградата, но и внатре во неа. Тој додаде дека не се сигурни дали напаѓачот има помошници, поради што евакуираните студенти морале да заминат со кренати раце. Тој повтори дека сите жртви се идентификувани и рече дека се информирани сите нивни семејства.

Полицијата соопшти дека студентите се забарикадирале во просториите на зградата на универзитетот, а полицијата одела кат по кат за да ги извлече. Во некои случаи, додаваат тие, полицајците морале да употребат сила за да влезат и да ги извлечат студентите.

Создадовме безбеден коридор и низ тој безбеден коридор на сите им беше кажано да излезат, изјави полициски функционер за новинарите.

Началникот на полицијата во Прага вели дека верува оти брзото пристигнување на полицијата спречило натамошно крвопролевање.

-Видов купишта муниција по ходниците, беше неверојатно, се сеќава тој. Тој верува дека напаѓачот би продолжил да пука во луѓето доколку не отишол на балконот на универзитетот, „каде на крајот умрел“.

Главниот истражител потврди дека полицијата ја разгледува можноста дека напаѓачот е поврзан со убиството на две лица во шума во близина на Прага минатата недела.

Шефот на службата за итни случаи во Прага, рече дека досега собраните докази од теренот укажуваат дека масовниот убиец од универзитетот е извршител на убиствата во шумата Клановички, каде што беа убиени таткото и бебето.

Но, ние чекаме балистички докази за да го потврдиме ова. Дотогаш ќе продолжиме да го истражуваме ова кривично дело. Засега тоа не можеме да го потврдиме со 100 проценти сигурност, рече тој.

The post Чешката полиција потврди дека напаѓачот од Прага се самоубил appeared first on Република.

]]>

Чешката полиција денеска објави ново видео од нападот од зградата на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага, каде напаѓачот уби 14 лица, а рани уште 25. Тие, на прес-конференција, објавија и нови детали и потврдија дека напаѓачот се самоуби по масакрот. Во престрелката на Филозофскиот факултет загинаа 14 студенти и други лица, а убиен е и насилникот. Вкупно 15 загинати, изјави директорот на прашката полиција Матејчек. Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан претходно изјави дека вкупниот број на жртви е 13, а четиринаесеттиот загинат е напаѓачот. Напаѓачот од ходникот на Филозофскиот факултет ранил и три лица на улица. Кога полицијата му пришла и го опколила, тој се застрелал со пушка. Напаѓачот од колеџот удрил во едно цивилно и едно полициско возило. Во акцијата против него учествувале стотици полицајци и никој од нив не е повреден. Директорот на полицијата изјави дека полициските единици биле активни надвор од зградата, но и внатре во неа. Тој додаде дека не се сигурни дали напаѓачот има помошници, поради што евакуираните студенти морале да заминат со кренати раце. Тој повтори дека сите жртви се идентификувани и рече дека се информирани сите нивни семејства. Полицијата соопшти дека студентите се забарикадирале во просториите на зградата на универзитетот, а полицијата одела кат по кат за да ги извлече. Во некои случаи, додаваат тие, полицајците морале да употребат сила за да влезат и да ги извлечат студентите.
Создадовме безбеден коридор и низ тој безбеден коридор на сите им беше кажано да излезат, изјави полициски функционер за новинарите.
Началникот на полицијата во Прага вели дека верува оти брзото пристигнување на полицијата спречило натамошно крвопролевање. -Видов купишта муниција по ходниците, беше неверојатно, се сеќава тој. Тој верува дека напаѓачот би продолжил да пука во луѓето доколку не отишол на балконот на универзитетот, „каде на крајот умрел“. Главниот истражител потврди дека полицијата ја разгледува можноста дека напаѓачот е поврзан со убиството на две лица во шума во близина на Прага минатата недела. Шефот на службата за итни случаи во Прага, рече дека досега собраните докази од теренот укажуваат дека масовниот убиец од универзитетот е извршител на убиствата во шумата Клановички, каде што беа убиени таткото и бебето.
Но, ние чекаме балистички докази за да го потврдиме ова. Дотогаш ќе продолжиме да го истражуваме ова кривично дело. Засега тоа не можеме да го потврдиме со 100 проценти сигурност, рече тој.

The post Чешката полиција потврди дека напаѓачот од Прага се самоубил appeared first on Република.

]]>