самоповредување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samopovreduvanje/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jun 2024 18:11:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png самоповредување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samopovreduvanje/ 32 32 Предупредување до родителите во Македонија: Постои тренд на самоповредување кај учениците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/predupreduvane-do-roditelite-vo-makedonija-postoi-trend-na-samopovreduvane-kaj-uchenitsite/ Sat, 01 Jun 2024 18:11:14 +0000 https://republika.mk/?p=783952

„Ве информираме дека изминатиот период забележана е тенденција на физичко самоповредување кај повеќе ученици.“

Вакво предупредување добиле родителите во повеќе скопски основни училишта од наставниот кадар. Во него се вели дека е забележано сечење со жилети, ножеви од острилки, ножици, остри предмети и тоа најчесто се случувало на рацете и нозете, пренесува ТВ Сител.

Наставниот кадар ги предупредува родителите да им обрнат повеќе внимание и контрола на децата.

– Доколку забележите било каква промена што може да укажува на оваа појава ве молиме пријавете во училиште и бараме од вас како родители преку класните раководите да ни дозволите ненајавени проверки на учениците за навремено откривање и сузбивање на оваа појава бидејки состојбата е алармантна, се вели во предупредувањето.

Самоповредувањето не е изолирана појава само кај нас. Светските медиуми многу често известуваат за појава на трендови поради предизвици на социјалните платформи.

Поради ТикТок предизвик 17 ученици од Косово се самоповредиле во изминатиот период и го подигна алармот кај родителите за да ги натераат институциите да преземат поголема контрола врз социјалните мрежи кои ги користат децата.

Психотерапевтите во државата велат дека родителите можат да забележат промена кај своето дете кое е подлежно на самоповредување, но мора да реагираат веднаш и да побараат помош од стручните лица.

-Многу често здрава личнност без психолошки проблеми, без патологија не може да посегне веднаш по самоповредување или осакатување. Тоа најчесто има одредени услови коишто се исполнуваат во однос на тоа што ние ги водиме со одредени тестови. Тоа е симптом кој е доста загрижувачки, бидејќи тоа влегува на ниво на сиуцидалност. Мислам дека родителите, доколку се работи за таква појава уште претходно ќе забележат одредени промени во однесувањата, промени во социјализацијата, промени во односите кои ги имаат во семејството. Во тој момент мора да се реагира веднаш, брзо да се реагира, дури и да помислат дека можеби има таква работа, вели психотерапевтот, Фики Гаспар, пренесе Сител.

Стручните лица за секој пациент пристапуваат индивидуално, но проверуваат и дали е појава на тренд кај повеќе млади лица. Гаспар вели дека доколку станува збор за тренд треба да се реагира од повеќе аспекти, и тука најголемо влијание имаат родителите, образовните институции и стручните лица.

Меѓутоа, Гаспар предупредува дека поради технолошкиот развој, децата денеска растат во поинакво време кое бара многу повеќе внимание од родителите во однос на тоа каква содржина гледаат и како ја прифаќаат од социјалните мрежи.

– Треба да се следи и да се прави одредена контрола на тоа што го гледаат децата. Зашто, нели, тие ни се најчесто во нашите телефони. Лесни ни се за достап, сите деца сега имаат телефони што е нормално, ни требаат за комуникација. Знаат да бидат многу позитивни, но знаат да бидат искористени и за вакви моменти кадешто можат да наштетат на младите. Така што, обрнување внимание и контрола од страна на родителите што е тоа се гледа на нив, со што се занимаваат нивните деца и обавезно, доколку се препознае нешто од страна на возрасно лица, дали работи во училиште, дали е родител или работи со третман, доколку препознаат одредена опасност декаработите не изгледаат како што треба секако да се обратат на лица коешто ги работи овие работи за да може да се направи целосна проценка и да може да се влијае, вели Гаспар.

Во изминатите години на социјалните мрежи се појавуваат голем број предизвици. Дел од нив се забавни за младите, но имаше и такви кои го подигнаа алармот на светско ниво, како на пример предизвикот Син кит, после кој многу деца глобално си ги одзедоа животите.

https://www.youtube.com/watch?v=i0HSd_SBOys

The post Предупредување до родителите во Македонија: Постои тренд на самоповредување кај учениците appeared first on Република.

]]>

„Ве информираме дека изминатиот период забележана е тенденција на физичко самоповредување кај повеќе ученици.“ Вакво предупредување добиле родителите во повеќе скопски основни училишта од наставниот кадар. Во него се вели дека е забележано сечење со жилети, ножеви од острилки, ножици, остри предмети и тоа најчесто се случувало на рацете и нозете, пренесува ТВ Сител. Наставниот кадар ги предупредува родителите да им обрнат повеќе внимание и контрола на децата.
– Доколку забележите било каква промена што може да укажува на оваа појава ве молиме пријавете во училиште и бараме од вас како родители преку класните раководите да ни дозволите ненајавени проверки на учениците за навремено откривање и сузбивање на оваа појава бидејки состојбата е алармантна, се вели во предупредувањето.
Самоповредувањето не е изолирана појава само кај нас. Светските медиуми многу често известуваат за појава на трендови поради предизвици на социјалните платформи. Поради ТикТок предизвик 17 ученици од Косово се самоповредиле во изминатиот период и го подигна алармот кај родителите за да ги натераат институциите да преземат поголема контрола врз социјалните мрежи кои ги користат децата. Психотерапевтите во државата велат дека родителите можат да забележат промена кај своето дете кое е подлежно на самоповредување, но мора да реагираат веднаш и да побараат помош од стручните лица.
-Многу често здрава личнност без психолошки проблеми, без патологија не може да посегне веднаш по самоповредување или осакатување. Тоа најчесто има одредени услови коишто се исполнуваат во однос на тоа што ние ги водиме со одредени тестови. Тоа е симптом кој е доста загрижувачки, бидејќи тоа влегува на ниво на сиуцидалност. Мислам дека родителите, доколку се работи за таква појава уште претходно ќе забележат одредени промени во однесувањата, промени во социјализацијата, промени во односите кои ги имаат во семејството. Во тој момент мора да се реагира веднаш, брзо да се реагира, дури и да помислат дека можеби има таква работа, вели психотерапевтот, Фики Гаспар, пренесе Сител.
Стручните лица за секој пациент пристапуваат индивидуално, но проверуваат и дали е појава на тренд кај повеќе млади лица. Гаспар вели дека доколку станува збор за тренд треба да се реагира од повеќе аспекти, и тука најголемо влијание имаат родителите, образовните институции и стручните лица. Меѓутоа, Гаспар предупредува дека поради технолошкиот развој, децата денеска растат во поинакво време кое бара многу повеќе внимание од родителите во однос на тоа каква содржина гледаат и како ја прифаќаат од социјалните мрежи.
– Треба да се следи и да се прави одредена контрола на тоа што го гледаат децата. Зашто, нели, тие ни се најчесто во нашите телефони. Лесни ни се за достап, сите деца сега имаат телефони што е нормално, ни требаат за комуникација. Знаат да бидат многу позитивни, но знаат да бидат искористени и за вакви моменти кадешто можат да наштетат на младите. Така што, обрнување внимание и контрола од страна на родителите што е тоа се гледа на нив, со што се занимаваат нивните деца и обавезно, доколку се препознае нешто од страна на возрасно лица, дали работи во училиште, дали е родител или работи со третман, доколку препознаат одредена опасност декаработите не изгледаат како што треба секако да се обратат на лица коешто ги работи овие работи за да може да се направи целосна проценка и да може да се влијае, вели Гаспар.
Во изминатите години на социјалните мрежи се појавуваат голем број предизвици. Дел од нив се забавни за младите, но имаше и такви кои го подигнаа алармот на светско ниво, како на пример предизвикот Син кит, после кој многу деца глобално си ги одзедоа животите.   https://www.youtube.com/watch?v=i0HSd_SBOys

The post Предупредување до родителите во Македонија: Постои тренд на самоповредување кај учениците appeared first on Република.

]]>
Предмалку инцидент во Гостиварско: 26-годишник прво се повредувал себеси, па ги нападнал внуката, сестра му и мајка му https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/predmalku-intsident-vo-gostivarsko-26-godishnik-prvo-se-povreduval-sebesi-pa-gi-napadnal-vnukata-sestra-mu-i-majka-mu/ Thu, 23 Nov 2023 14:16:45 +0000 https://republika.mk/?p=715571

Денеска во 11 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавено е дека 26-годишен жител на гостиварско село во семејниот дом, најпрво со остар предмет неколку пати се самоповредил по телото, а потоа ги повредил и неговата 50-годишна мајка, 29-годишна сестра и малолетна внука.

Набргу, пријавениот кој се соочувал со здравствени проблеми, како и трите други повредени лица биле пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош и се надвор од животна опасност.

Од СВР Тетово нагласуваат дека станува збор за првични информации и дека јавен обвинител и екипа oд Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле комплетен увид.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

The post Предмалку инцидент во Гостиварско: 26-годишник прво се повредувал себеси, па ги нападнал внуката, сестра му и мајка му appeared first on Република.

]]>

Денеска во 11 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавено е дека 26-годишен жител на гостиварско село во семејниот дом, најпрво со остар предмет неколку пати се самоповредил по телото, а потоа ги повредил и неговата 50-годишна мајка, 29-годишна сестра и малолетна внука. Набргу, пријавениот кој се соочувал со здравствени проблеми, како и трите други повредени лица биле пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош и се надвор од животна опасност. Од СВР Тетово нагласуваат дека станува збор за првични информации и дека јавен обвинител и екипа oд Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле комплетен увид. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

The post Предмалку инцидент во Гостиварско: 26-годишник прво се повредувал себеси, па ги нападнал внуката, сестра му и мајка му appeared first on Република.

]]>
Тинејџерка почина од самоповредување – страдала од „негативни ефекти од онлајн содржини“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/tinejdzerka-pochina-od-samopovreduvanje-stradala-od-negativni-efekti-od-onlajn-sodrzini/ Sat, 01 Oct 2022 08:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=556241

Моли Расел, 14-годишна ученичка од Лондон била пронајдена мртва во нејзината спална соба откако на интернет гледала содржина поврзана со самоубиство, депресија и анксиозност. Како што соопштиле властите, Моли починала од „чин на самоповредување додека страдала од депресија и негативните ефекти на онлајн содржините“, повикувајќи се на резултати наистрагата.

Ендрју Вокер, судски вештак, рече дека не мисли дека „е безбедно“ да го користи терминот самоубиство како причина за нејзината смрт, туку се одлучил за „самоповредување“.

Изнесувајќи ги своите откритија тој посочи:
„Моли беше во транзициски период во нејзиниот млад живот што ги отежна одредени елементи на комуникацијата“.

Таа беше „изложена на материјал што може да има негативно влијание врз неа и, дополнително, она што започна како депресија стана посериозна депресивна болест“, изјави тој за Судот за суд во северен Лондон.

14-годишна ученичка од Лондон била пронајдена мртва во нејзината спална соба откако на интернет гледала содржина поврзана со самоубиство, депресија и анксиозност.

Од нејзината смрт во ноември 2017 година, нејзиниот татко Иан води кампања за подобра заштита од потенцијално опасните алгоритми на социјалните мрежи.

Вокер рече дека „особено графичката“ содржина што ја видела „романтизирано самоповредување“ и се фокусирала на „ограничен и ирационален поглед без никаква противтежа на нормалноста“.

Тој рече дека тоа „имало тенденција да изолира и обесхрабрува дискусија“ со луѓе кои можеле да ѝ помогнат, и наместо тоа „се стреми да го претстави самоповредувањето и самоубиството како неизбежна последица на состојба од која немало закрепнување“.

Таткото на девојчето, Иан Расел (59) рече дека приказната на Моли не е сама и дека има многу други тинејџери кои се соочуваат со истите проблеми како и неговата ќерка.

- Сакам да кажам, колку и да е лошо во моментов, секогаш има надеж. Ако имате проблем или се борите со себе, ве молиме разговарајте со некој кому му верувате. Постојат организации кои можат да ви пружат поддршка и помош. Направете се за да живеете што подолго – изјави Иан Расел.

Моли прегледала над 16.000 објави на Инстаграм во последните шест месеци од нејзиниот живот, од кои 2.100 биле поврзани со самоубиство, самоповредување и депресија. Истрагата открила дека таа погледнала околу 469 објави на Pinterest со слична тема.

Директорот на NSPCC, организацијата за заштита на децата, Питер Ванлес, рече дека таков случај ќе мора да биде шокантен за Силиконската долина.

- Технолошките компании мора да бидат одговорни бидејќи безбедноста на децата е на прво место, а финансиските и комерцијалните одлуки се на второ место. Овој трагичен случај е предупредување за децата ширум светот – заклучи Ванлес.

The post Тинејџерка почина од самоповредување – страдала од „негативни ефекти од онлајн содржини“ appeared first on Република.

]]>

Моли Расел, 14-годишна ученичка од Лондон била пронајдена мртва во нејзината спална соба откако на интернет гледала содржина поврзана со самоубиство, депресија и анксиозност. Како што соопштиле властите, Моли починала од „чин на самоповредување додека страдала од депресија и негативните ефекти на онлајн содржините“, повикувајќи се на резултати наистрагата. Ендрју Вокер, судски вештак, рече дека не мисли дека „е безбедно“ да го користи терминот самоубиство како причина за нејзината смрт, туку се одлучил за „самоповредување“.
Изнесувајќи ги своите откритија тој посочи: „Моли беше во транзициски период во нејзиниот млад живот што ги отежна одредени елементи на комуникацијата“.
Таа беше „изложена на материјал што може да има негативно влијание врз неа и, дополнително, она што започна како депресија стана посериозна депресивна болест“, изјави тој за Судот за суд во северен Лондон. 14-годишна ученичка од Лондон била пронајдена мртва во нејзината спална соба откако на интернет гледала содржина поврзана со самоубиство, депресија и анксиозност. Од нејзината смрт во ноември 2017 година, нејзиниот татко Иан води кампања за подобра заштита од потенцијално опасните алгоритми на социјалните мрежи. Вокер рече дека „особено графичката“ содржина што ја видела „романтизирано самоповредување“ и се фокусирала на „ограничен и ирационален поглед без никаква противтежа на нормалноста“. Тој рече дека тоа „имало тенденција да изолира и обесхрабрува дискусија“ со луѓе кои можеле да ѝ помогнат, и наместо тоа „се стреми да го претстави самоповредувањето и самоубиството како неизбежна последица на состојба од која немало закрепнување“. Таткото на девојчето, Иан Расел (59) рече дека приказната на Моли не е сама и дека има многу други тинејџери кои се соочуваат со истите проблеми како и неговата ќерка.
- Сакам да кажам, колку и да е лошо во моментов, секогаш има надеж. Ако имате проблем или се борите со себе, ве молиме разговарајте со некој кому му верувате. Постојат организации кои можат да ви пружат поддршка и помош. Направете се за да живеете што подолго – изјави Иан Расел.
Моли прегледала над 16.000 објави на Инстаграм во последните шест месеци од нејзиниот живот, од кои 2.100 биле поврзани со самоубиство, самоповредување и депресија. Истрагата открила дека таа погледнала околу 469 објави на Pinterest со слична тема. Директорот на NSPCC, организацијата за заштита на децата, Питер Ванлес, рече дека таков случај ќе мора да биде шокантен за Силиконската долина.