Самоил Костадиновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samoil-kostadinovski/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Apr 2024 14:49:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Самоил Костадиновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samoil-kostadinovski/ 32 32 Таткото на Самоил Костадиновски не е задоволен од висината на затворските казни: Син ми е убиен, групата која го киднапираше работела за полицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-na-samoil-kostadinovski-ne-e-zadovolen-od-visinata-na-zatvorskite-kazni-sin-mi-e-ubien-grupata-koja-go-kidnapirashe-rabotela-za-politsijata/ Thu, 04 Apr 2024 14:49:57 +0000 https://republika.mk/?p=762169

Таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски не е задоволен од пресудата за грабнувачите на неговиот син. Смета дека судот е корумпиран и вели дека се е потплатено. Тој од пред Основниот Кривичен суд-Скопје порача дека ќе се жали пред повисок суд.

-Ова е смешна казна. Не може еден човек да вреди со ваква минимална казна. Не веруваме во судот. Некого да удриш или нападнеш ќе добиеш поголема казна (затвор) од ова. Како тие за „27 април“ добија поголеми казни, а не убија никого, ниту киднапираа. Овде син ми го нема, исчезнат е, тој е убиен…Овие казни се смешни, рече Љупчо Костадиновски.

На новинарско прашање дали има нови информации за пронаоѓање на неговиот син, таткото одговори:

-Што ќе најдеш кога се е корумпирано. Полицијата ја заташка целата работа кога почна истрагата затоа што тие работеле за полиција и организиран криминал и НТШ. Обвинетите се една цела група. Така се сознанијата. Се заташка. И тој мене што ме пукаше пред домот, за да се заташка истрагата и да не излезе ништо. Не веруваме во ништо. Ова не е држава, ова е картел, истакна Љупчо Костадиновски.

За грабнувањето на Самоил Костадиновски, Виктор Милановски доби 5 години и десет месеци казна затвор, додека за помагање Саша Челичиќ, доби две години и три месеци затвор. До правосилноста на пресудата Виктор останува во затворски притвор, а Саша ќе се брани од слобода.

На 26-годишниот Самоил Костадиновски од 3 март лани му се губи секаква трага. Сите постапки на полицијата околу негово пронаоѓање не се споделуваат со јавноста и се водат како строго доверливо.

 

The post Таткото на Самоил Костадиновски не е задоволен од висината на затворските казни: Син ми е убиен, групата која го киднапираше работела за полицијата appeared first on Република.

]]>

Таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски не е задоволен од пресудата за грабнувачите на неговиот син. Смета дека судот е корумпиран и вели дека се е потплатено. Тој од пред Основниот Кривичен суд-Скопје порача дека ќе се жали пред повисок суд. -Ова е смешна казна. Не може еден човек да вреди со ваква минимална казна. Не веруваме во судот. Некого да удриш или нападнеш ќе добиеш поголема казна (затвор) од ова. Како тие за „27 април“ добија поголеми казни, а не убија никого, ниту киднапираа. Овде син ми го нема, исчезнат е, тој е убиен…Овие казни се смешни, рече Љупчо Костадиновски. На новинарско прашање дали има нови информации за пронаоѓање на неговиот син, таткото одговори: -Што ќе најдеш кога се е корумпирано. Полицијата ја заташка целата работа кога почна истрагата затоа што тие работеле за полиција и организиран криминал и НТШ. Обвинетите се една цела група. Така се сознанијата. Се заташка. И тој мене што ме пукаше пред домот, за да се заташка истрагата и да не излезе ништо. Не веруваме во ништо. Ова не е држава, ова е картел, истакна Љупчо Костадиновски. За грабнувањето на Самоил Костадиновски, Виктор Милановски доби 5 години и десет месеци казна затвор, додека за помагање Саша Челичиќ, доби две години и три месеци затвор. До правосилноста на пресудата Виктор останува во затворски притвор, а Саша ќе се брани од слобода. На 26-годишниот Самоил Костадиновски од 3 март лани му се губи секаква трага. Сите постапки на полицијата околу негово пронаоѓање не се споделуваат со јавноста и се водат како строго доверливо.  

The post Таткото на Самоил Костадиновски не е задоволен од висината на затворските казни: Син ми е убиен, групата која го киднапираше работела за полицијата appeared first on Република.

]]>
Тој е уште исчезнат: Пресудени затворски казни за киднаперите на Самоил Костадиновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/toj-e-ushte-ischeznat-presudeni-zatvorski-kazni-za-kidnaperite-na-samoil-kostadinovski/ Thu, 04 Apr 2024 11:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=762084

Вкупно осум години затвор пресуди Основниот Кривичен суд Скопје на обвинетите Виктор Милановски и Саша Челичиќ против кои се водеше процес за грабнување на Самоил Костадиновски.

Како што соопшти при денешната објава на пресудата, судијката Славица Наумова Јосифовска, обвинетите Виктор Милановски и Александар Трпков, кој е недостапен на органите за прогон, се виновни затоа што на 3 март 2023 на улица „Христо Татарчев“ во Скопје, заеднички извршиле грабнување со закана дека ќе го лишат од живот оштетениот Самоил Костадиновски, да се плати претходно украдената наркотична дрога - роба, за која оштетениот требало да ја плати но не ја платил и не ги предал паричните средства, додека, обвинетиот Саша Челикиќ со умисла им помогнал во извршување на кривичното дело грабнување.

Двајцата обвинети беа прогласени за виновни согласно член 141 од Кривичниот законик, за кривично дело „грабнување", за кое е предвидена казна затвор од една до десет години.

Согласно овие цитирани членови судот првообвинетиот, Виктор Милановски, го осудува на казна затвор во траење од пет години и десет месец во која му се смета и притворот од 13.3.2023, а на обвинетиот Саша Челикиќ му се определува казна затвор од две години и два месеци, во која му се смета и притворот од 13.3.2023 до 11.7.2023 година, рече судијката.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едното е обвинето за кривично дело „грабнување“ од член 141 став 2 во врска со став 1, сторено во соизвршителство, додека, второто е обвинето за помагање при извршувањето на кривичното дело. За истиот настан, постапката против уште едно лице е привремено прекината до негово пронаоѓање и лишување од слобода.

Како што тогаш соопшти Јавното обвинителство , на 3 март, на улицата „Христо Татарчев“, првообвинетиот, заедно со лицето кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, извршиле грабнување на едно лице, со закана дека ќе го лишат од живот. Намерата им била да го натераат оштетениот да плати претходно украдена наркотична дрога – роба во количина од 4 килограми.

Второто лице опфатено со Обвинителниот акт со умисла им помогнало, ставајќи им на располагање средство за извршување на кривичното дело – автомобил „Волво В40“ со скопски регистарски ознаки.

Со возилото обвинетите го однеле оштетениот на непознато место спротивно на неговата волја. Во следните неколку дена, преку пораки на мобилни апликации од непознати испраќачи, членови на семејството и блиски лица на оштетениот добивале пораки со барање за уплата на средства за наводно преземена, а неисплатена наркотична дрога.

Со цел да се прикријат трагите, возилото со кое е извршено кривичното дело и во кое последен пат бил виден оштетениот, било опожарено во Драчево.

Јавниот обвинител, со поднесување на обвинението, предложи да биде продолжена мерката притвор за првообвинетиот, додека за помагачот претходно определените мерки на претпазливост да се заменат со мерка куќен притвор.

Процесот го води судијката Славица Наумова Јосифовска, застапник на обвинението е обвинителот Дејан Петревски.

The post Тој е уште исчезнат: Пресудени затворски казни за киднаперите на Самоил Костадиновски appeared first on Република.

]]>

Вкупно осум години затвор пресуди Основниот Кривичен суд Скопје на обвинетите Виктор Милановски и Саша Челичиќ против кои се водеше процес за грабнување на Самоил Костадиновски. Како што соопшти при денешната објава на пресудата, судијката Славица Наумова Јосифовска, обвинетите Виктор Милановски и Александар Трпков, кој е недостапен на органите за прогон, се виновни затоа што на 3 март 2023 на улица „Христо Татарчев“ во Скопје, заеднички извршиле грабнување со закана дека ќе го лишат од живот оштетениот Самоил Костадиновски, да се плати претходно украдената наркотична дрога - роба, за која оштетениот требало да ја плати но не ја платил и не ги предал паричните средства, додека, обвинетиот Саша Челикиќ со умисла им помогнал во извршување на кривичното дело грабнување. Двајцата обвинети беа прогласени за виновни согласно член 141 од Кривичниот законик, за кривично дело „грабнување", за кое е предвидена казна затвор од една до десет години.
Согласно овие цитирани членови судот првообвинетиот, Виктор Милановски, го осудува на казна затвор во траење од пет години и десет месец во која му се смета и притворот од 13.3.2023, а на обвинетиот Саша Челикиќ му се определува казна затвор од две години и два месеци, во која му се смета и притворот од 13.3.2023 до 11.7.2023 година, рече судијката.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едното е обвинето за кривично дело „грабнување“ од член 141 став 2 во врска со став 1, сторено во соизвршителство, додека, второто е обвинето за помагање при извршувањето на кривичното дело. За истиот настан, постапката против уште едно лице е привремено прекината до негово пронаоѓање и лишување од слобода. Како што тогаш соопшти Јавното обвинителство , на 3 март, на улицата „Христо Татарчев“, првообвинетиот, заедно со лицето кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, извршиле грабнување на едно лице, со закана дека ќе го лишат од живот. Намерата им била да го натераат оштетениот да плати претходно украдена наркотична дрога – роба во количина од 4 килограми. Второто лице опфатено со Обвинителниот акт со умисла им помогнало, ставајќи им на располагање средство за извршување на кривичното дело – автомобил „Волво В40“ со скопски регистарски ознаки. Со возилото обвинетите го однеле оштетениот на непознато место спротивно на неговата волја. Во следните неколку дена, преку пораки на мобилни апликации од непознати испраќачи, членови на семејството и блиски лица на оштетениот добивале пораки со барање за уплата на средства за наводно преземена, а неисплатена наркотична дрога. Со цел да се прикријат трагите, возилото со кое е извршено кривичното дело и во кое последен пат бил виден оштетениот, било опожарено во Драчево. Јавниот обвинител, со поднесување на обвинението, предложи да биде продолжена мерката притвор за првообвинетиот, додека за помагачот претходно определените мерки на претпазливост да се заменат со мерка куќен притвор. Процесот го води судијката Славица Наумова Јосифовска, застапник на обвинението е обвинителот Дејан Петревски.

The post Тој е уште исчезнат: Пресудени затворски казни за киднаперите на Самоил Костадиновски appeared first on Република.

]]>
Таткото на исчезнатиот Самоил: Се сомневаме дека е убиен и некаде фрлен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-na-ischeznatiot-samoil-se-somnevame-deka-e-ubien-i-nekade-frlen/ Mon, 01 Apr 2024 19:58:41 +0000 https://republika.mk/?p=761062

По една година од исчезнувањето на Самоил Костадиновски од Скопје, неговиот татко се сомнева дека тој е мртов.

Помина година дена и еден месец се уште не знаеме каде е нашето дете, нашиот Самоил каде се наоѓа до овој момент. Ние се сомневаме дека Самоил, бидејќи носеше со себе пари, оваа криминална група го има убиено и негде фрлено, зашто истите тие се нуделе на Албанците, дека биле спремни да убиваат, да киднапираат, вели Љупчо Костадиновски.

На 26-годишниот Самоил Костадиновски од 3 март лани му се губи секаква трага. Сите постапки на полицијата околу негово пронаоѓање не се споделуваат со јавност и се водат како строго доверливо.

За неделава се закажани завршни зборови, а по завршување на тој дел од постапката, потоа ќе следува и пресудата за обвинетите лица за грабнувањето.

Таткото на Самоил очекува осудителна пресуда, но семејството се незадоволни со тоа колку луѓе се опфатени со обвинението и бараат проширување на истрагата.

Обвинителството во септември поднесе обвинение против две лица. Едно е осомничено за делото грабнување, а второто за помагање.

Извор: „Фокус“.

The post Таткото на исчезнатиот Самоил: Се сомневаме дека е убиен и некаде фрлен appeared first on Република.

]]>

По една година од исчезнувањето на Самоил Костадиновски од Скопје, неговиот татко се сомнева дека тој е мртов.
Помина година дена и еден месец се уште не знаеме каде е нашето дете, нашиот Самоил каде се наоѓа до овој момент. Ние се сомневаме дека Самоил, бидејќи носеше со себе пари, оваа криминална група го има убиено и негде фрлено, зашто истите тие се нуделе на Албанците, дека биле спремни да убиваат, да киднапираат, вели Љупчо Костадиновски.
На 26-годишниот Самоил Костадиновски од 3 март лани му се губи секаква трага. Сите постапки на полицијата околу негово пронаоѓање не се споделуваат со јавност и се водат како строго доверливо. За неделава се закажани завршни зборови, а по завршување на тој дел од постапката, потоа ќе следува и пресудата за обвинетите лица за грабнувањето. Таткото на Самоил очекува осудителна пресуда, но семејството се незадоволни со тоа колку луѓе се опфатени со обвинението и бараат проширување на истрагата. Обвинителството во септември поднесе обвинение против две лица. Едно е осомничено за делото грабнување, а второто за помагање. Извор: „Фокус“.

The post Таткото на исчезнатиот Самоил: Се сомневаме дека е убиен и некаде фрлен appeared first on Република.

]]>
ЈО со обвинение за случајот Самоил, на киднаперите им должел пари за украдени 4 килограми хероин https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/jo-so-obvinenie-za-sluchajot-samoil-na-kidnaperite-im-dolzhel-pari-za-ukradeni-4-kilogrami-heroin/ Fri, 08 Sep 2023 10:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=679906

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едното е обвинето за кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1, сторено во соизвршителство, додека второто е обвинето за помагање при извршувањето на кривичното дело. За истиот настан, постапката против уште едно лице е привремено прекината до негово пронаоѓање и лишување од слобода.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nudat-pari-vo-zamena-za-informatsii-tseli-20-dena-ni-traga-ni-glas-od-vnukot-na-lube-boshkoski/

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 3 март, на улицата „Христо Татарчев“, првообвинетиот, заедно со лицето кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, извршиле грабнување на едно лице, со закана дека ќе го лишат од живот. Намерата им била да го натераат оштетениот да плати претходно украдена наркотична дрога – хероин во количина од 4 килограми.

Второто лице опфатено со Обвинителниот акт со умисла им помогнало, ставајќи им на располагање средство за извршување на кривичното дело – автомобил „Волво В40“ со скопски регистарски ознаки.

Со возилото обвинетите го однеле оштетениот на непознато место спротивно на неговата волја. Во следните неколку дена, преку пораки на мобилни апликации од непознати испраќачи, членови на семејството и блиски лица на оштетениот добивале пораки со барање за уплата на средства за наводно преземена, а неисплатена наркотична дрога.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/utrovo-pukano-vo-tatkoto-na-ischeznatiot-samoil-kostadinovski/

Со цел да се прикријат трагите, возилото со кое е извршено кривичното дело и во кое последен пат бил виден оштетениот, било опожарено во Драчево.

Јавниот обвинител, со поднесување на обвинението, предложи да биде продолжена мерката притвор за првообвинетиот, додека за помагачот претходно определените мерки на претпазливост да се заменат со мерка куќен притвор.

The post ЈО со обвинение за случајот Самоил, на киднаперите им должел пари за украдени 4 килограми хероин appeared first on Република.

]]>

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едното е обвинето за кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1, сторено во соизвршителство, додека второто е обвинето за помагање при извршувањето на кривичното дело. За истиот настан, постапката против уште едно лице е привремено прекината до негово пронаоѓање и лишување од слобода. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nudat-pari-vo-zamena-za-informatsii-tseli-20-dena-ni-traga-ni-glas-od-vnukot-na-lube-boshkoski/ Како што соопшти Јавното обвинителство, на 3 март, на улицата „Христо Татарчев“, првообвинетиот, заедно со лицето кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, извршиле грабнување на едно лице, со закана дека ќе го лишат од живот. Намерата им била да го натераат оштетениот да плати претходно украдена наркотична дрога – хероин во количина од 4 килограми. Второто лице опфатено со Обвинителниот акт со умисла им помогнало, ставајќи им на располагање средство за извршување на кривичното дело – автомобил „Волво В40“ со скопски регистарски ознаки. Со возилото обвинетите го однеле оштетениот на непознато место спротивно на неговата волја. Во следните неколку дена, преку пораки на мобилни апликации од непознати испраќачи, членови на семејството и блиски лица на оштетениот добивале пораки со барање за уплата на средства за наводно преземена, а неисплатена наркотична дрога. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/utrovo-pukano-vo-tatkoto-na-ischeznatiot-samoil-kostadinovski/ Со цел да се прикријат трагите, возилото со кое е извршено кривичното дело и во кое последен пат бил виден оштетениот, било опожарено во Драчево. Јавниот обвинител, со поднесување на обвинението, предложи да биде продолжена мерката притвор за првообвинетиот, додека за помагачот претходно определените мерки на претпазливост да се заменат со мерка куќен притвор.

The post ЈО со обвинение за случајот Самоил, на киднаперите им должел пари за украдени 4 килограми хероин appeared first on Република.

]]>
Утрово пукано во таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/utrovo-pukano-vo-tatkoto-na-ischeznatiot-samoil-kostadinovski/ Fri, 07 Jul 2023 08:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=658832

Утрово околу 8:30 часот во скопската населба Лисиче е пукано кон таткото на Самоил Костадиновски, кој е исчезнат веќе четврти месец, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нивните информации, во него пукало непознато лице, кое со мотор се движело во близина на семејната куќа во Лисиче.

Од полицијата го потврдуваат случајот и велат дека повредениот е пренесен во болница, а полицијата на терен презема мерки за расчистување на случајот.

Денеска во 08.38 во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Љ.К. (57) пред неговиот дом. Повредениот бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски, досега во обраќања до јавноста нудеше парична награда за пронаоѓањето на неговиот син, кој беше пријавен за исчезнат на 3 март.

Киднапирањето се случило во скопската општина Кисела Вода, a информации во медиумите се појавија на 6 март, откако претходно на социјалните мрежи почнаа да кружат повици тој да биде пронајден бидејќи му се изгубила секаква трага.

Две лица се осомничени за кривичното дело грабнување.

Семејството се роднини на сопругата на политичарот и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

The post Утрово пукано во таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски appeared first on Република.

]]>

Утрово околу 8:30 часот во скопската населба Лисиче е пукано кон таткото на Самоил Костадиновски, кој е исчезнат веќе четврти месец, неофицијално дознава „Фокус“. Според нивните информации, во него пукало непознато лице, кое со мотор се движело во близина на семејната куќа во Лисиче. Од полицијата го потврдуваат случајот и велат дека повредениот е пренесен во болница, а полицијата на терен презема мерки за расчистување на случајот.
Денеска во 08.38 во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Љ.К. (57) пред неговиот дом. Повредениот бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
Таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски, досега во обраќања до јавноста нудеше парична награда за пронаоѓањето на неговиот син, кој беше пријавен за исчезнат на 3 март. Киднапирањето се случило во скопската општина Кисела Вода, a информации во медиумите се појавија на 6 март, откако претходно на социјалните мрежи почнаа да кружат повици тој да биде пронајден бидејќи му се изгубила секаква трага. Две лица се осомничени за кривичното дело грабнување. Семејството се роднини на сопругата на политичарот и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

The post Утрово пукано во таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски appeared first on Република.

]]>
Нудат пари во замена за информации: Цели 20 дена ни трага ни глас од внукот на Љубе Бошкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nudat-pari-vo-zamena-za-informatsii-tseli-20-dena-ni-traga-ni-glas-od-vnukot-na-lube-boshkoski/ Wed, 22 Mar 2023 09:03:39 +0000 https://republika.mk/?p=622326

Таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, инаку внук на Љубе Бошкоски, за кого веќе 20-тина дена нема информација каде се наоѓа, нуди парична награда за негово пронаоѓање.

Љупчо Костадиновски во емисијата „Скен“ вели дека нудат и парична награда за секаква информација во врска со исчезнувањето на неговиот син.

Молк од сите страни, а него сѐ уште го нема. Не изгубив точак, изгубив дете и сѐ што барам е информација за тоа што се случило и каде е мојот син. Парична награда ќе следува за секој оној што ќе ни даде каква било детална информација во врска со Самоил – вели тој.

Љупчо е брат на Виолета, сопругата на Љубе Бошкоски.

Полицијата уапси две лица во врска со грабнувањето.

The post Нудат пари во замена за информации: Цели 20 дена ни трага ни глас од внукот на Љубе Бошкоски appeared first on Република.

]]>

Таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, инаку внук на Љубе Бошкоски, за кого веќе 20-тина дена нема информација каде се наоѓа, нуди парична награда за негово пронаоѓање. Љупчо Костадиновски во емисијата „Скен“ вели дека нудат и парична награда за секаква информација во врска со исчезнувањето на неговиот син. Молк од сите страни, а него сѐ уште го нема. Не изгубив точак, изгубив дете и сѐ што барам е информација за тоа што се случило и каде е мојот син. Парична награда ќе следува за секој оној што ќе ни даде каква било детална информација во врска со Самоил – вели тој. Љупчо е брат на Виолета, сопругата на Љубе Бошкоски. Полицијата уапси две лица во врска со грабнувањето.

The post Нудат пари во замена за информации: Цели 20 дена ни трага ни глас од внукот на Љубе Бошкоски appeared first on Република.

]]>
Едно мало дете и едно во стомакот: Сопругата на киднапираниот внук на Љубе Бошковски очајна моли да се пронајде маж и https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/edno-malo-dete-i-edno-vo-stomakot-soprugata-na-kidnapiraniot-samoil-kostadinovski-ochajna-moli-da-se-pronajde-mazh-i/ Mon, 13 Mar 2023 18:02:43 +0000 https://republika.mk/?p=619277

Таткото и сопругата на киднапираниот Самоил Костадиновски со емотивни сведоштва се огласија за Канал 5 телевизија.

По момчето кое е внук на Љубе Бошковски, се трага веќе 10 дена. Две лица се во притвор, но од Самоил ниту трага, ниту глас.

Неговата сопруга низ солзи вели дека се моли да го пронајдат жив и дека живее во страв како ќе ги расте децата без татко. Таа и Самоил веќе имаат едно дете, а сега е бремена и со второто.

Велат дека ниту пиел, ниту користел дрога. Бил спортист кој освојувал награди. За причината за киднапирањето немаат информација, но таткото изјави сомнеж дека во прашање се пари.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија на кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Тие на 3 март заедно учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Осомничените, на возраст од 30 и 25 години, претходно по предлог на Обвинителството, а со решение на Судот беа задржани во краткотраен притвор во траење од два пати по 48 часа со цел обезбедување докази.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се обидат да ги скријат или уништат трагите на кривичното дело, ќе влијаат врз сведоците или ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје сега достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​

The post Едно мало дете и едно во стомакот: Сопругата на киднапираниот внук на Љубе Бошковски очајна моли да се пронајде маж и appeared first on Република.

]]>

Таткото и сопругата на киднапираниот Самоил Костадиновски со емотивни сведоштва се огласија за Канал 5 телевизија. По момчето кое е внук на Љубе Бошковски, се трага веќе 10 дена. Две лица се во притвор, но од Самоил ниту трага, ниту глас. Неговата сопруга низ солзи вели дека се моли да го пронајдат жив и дека живее во страв како ќе ги расте децата без татко. Таа и Самоил веќе имаат едно дете, а сега е бремена и со второто. Велат дека ниту пиел, ниту користел дрога. Бил спортист кој освојувал награди. За причината за киднапирањето немаат информација, но таткото изјави сомнеж дека во прашање се пари. Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија на кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Тие на 3 март заедно учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Осомничените, на возраст од 30 и 25 години, претходно по предлог на Обвинителството, а со решение на Судот беа задржани во краткотраен притвор во траење од два пати по 48 часа со цел обезбедување докази. Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се обидат да ги скријат или уништат трагите на кривичното дело, ќе влијаат врз сведоците или ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје сега достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​

The post Едно мало дете и едно во стомакот: Сопругата на киднапираниот внук на Љубе Бошковски очајна моли да се пронајде маж и appeared first on Република.

]]>