Самоглас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samoglas/ За подобро да се разбереме Wed, 03 May 2023 08:14:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Самоглас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samoglas/ 32 32 Театарски поткасти на „Самоглас“ посветени на историјата на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/teatarski-potkasti-na-samoglas-posveteni-na-istorijata-na-festivalot-vojdan-chernodrinski/ Wed, 03 May 2023 08:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=636317

Аудиобиблиотеката „Самоглас“ го најавува својот нов проект, што го реализира во соработка со МТФ „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Станува збор за театарски поткасти чија реализација е поддржана од Министерството за култура и „Јуроп хаус“ и предвидени се две поткаст сезони.

Во првата епизода „Почетоците на фестивалот“, што e објавена денеска, гостинка е проф. д-р Јелена Лужина, една од најдобрите познавачи на фестивалот, личност која ги знае сите значајни информации и факти за неговите почетоци, раст и развој. Таа има креирано неколку монографии директно поврзани со фестивалот, меѓу кои е и јубилејната монографија во чест на 50. роденден на фестивалот, монографијата за Илија Милчин и за Кирил Ристоски, како и креирање на зборници од четирите симпозиуми.

Поткастите ги водат актерките Сара Анастасовска и Ангела Стојановска. Тие зборуваат за минатото на театарскиот фестивал во вкупно шест епизоди: Почетоците на фестивалот; Чување на фестивалската меморија; Сите награди на фестивалот; Награда за животно дело; Коле Чашуле и фестивалот; Војдан Чернодрински на фестивалот.

Во наредните епизоди на „Самоглас“, што ќе се објавуваат секоја среда, гости ќе бидат: Ана Стојаноска, Петар Темелковски, Стојан Дамчески, Сотир Трајков, Лилјана Мазова, Каролина Мицевска, Иван Додовски, Зоја Бузалковска, Бајруш Мјаку, Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Лидија Иваноска, Александар Степанулески, Исидор Јованоски, Сара Спиркоска, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Дејан Лилиќ, Сашко Насев, Дарја Ризова, Ѓорги Јолевски, Хакан Даци, Гентијана Рамадани, Наташа Петровиќ, Слаѓана Вујошевиќ, Сабина Мемиши, Александар Михајловски, Марко Трајковиќ, Ќендрим Ријани, Нела Витошевиќ, Љупчо Ѓоргиевски, Дејан Дуковски, Благица Секуловска и Бранислав Николов.

Втората сезона на театарските поткасти ќе се снима и емитува за време на одржувањето на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, од 9 до 16 јуни.

Аудиомонтажер и продуцент е Христијан Поп-Симонов, а Петар Антевски е задолжен за изработка на промотивните материјали.

Секој може бесплатно да ужива во аудиобиблиотеката преку креирање на кориснички профил на www.samoglas.mk или преку користење на мобилните апликации на „Самоглас“, достапни на: AppStore, PlayStore и AppGallery.

Сите нови содржини на „Самоглас“, можете да ги следите на официјалните профили на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

 

 

 

The post Театарски поткасти на „Самоглас“ посветени на историјата на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Аудиобиблиотеката „Самоглас“ го најавува својот нов проект, што го реализира во соработка со МТФ „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Станува збор за театарски поткасти чија реализација е поддржана од Министерството за култура и „Јуроп хаус“ и предвидени се две поткаст сезони. Во првата епизода „Почетоците на фестивалот“, што e објавена денеска, гостинка е проф. д-р Јелена Лужина, една од најдобрите познавачи на фестивалот, личност која ги знае сите значајни информации и факти за неговите почетоци, раст и развој. Таа има креирано неколку монографии директно поврзани со фестивалот, меѓу кои е и јубилејната монографија во чест на 50. роденден на фестивалот, монографијата за Илија Милчин и за Кирил Ристоски, како и креирање на зборници од четирите симпозиуми. Поткастите ги водат актерките Сара Анастасовска и Ангела Стојановска. Тие зборуваат за минатото на театарскиот фестивал во вкупно шест епизоди: Почетоците на фестивалот; Чување на фестивалската меморија; Сите награди на фестивалот; Награда за животно дело; Коле Чашуле и фестивалот; Војдан Чернодрински на фестивалот. Во наредните епизоди на „Самоглас“, што ќе се објавуваат секоја среда, гости ќе бидат: Ана Стојаноска, Петар Темелковски, Стојан Дамчески, Сотир Трајков, Лилјана Мазова, Каролина Мицевска, Иван Додовски, Зоја Бузалковска, Бајруш Мјаку, Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Лидија Иваноска, Александар Степанулески, Исидор Јованоски, Сара Спиркоска, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Дејан Лилиќ, Сашко Насев, Дарја Ризова, Ѓорги Јолевски, Хакан Даци, Гентијана Рамадани, Наташа Петровиќ, Слаѓана Вујошевиќ, Сабина Мемиши, Александар Михајловски, Марко Трајковиќ, Ќендрим Ријани, Нела Витошевиќ, Љупчо Ѓоргиевски, Дејан Дуковски, Благица Секуловска и Бранислав Николов. Втората сезона на театарските поткасти ќе се снима и емитува за време на одржувањето на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, од 9 до 16 јуни. Аудиомонтажер и продуцент е Христијан Поп-Симонов, а Петар Антевски е задолжен за изработка на промотивните материјали. Секој може бесплатно да ужива во аудиобиблиотеката преку креирање на кориснички профил на www.samoglas.mk или преку користење на мобилните апликации на „Самоглас“, достапни на: AppStore, PlayStore и AppGallery. Сите нови содржини на „Самоглас“, можете да ги следите на официјалните профили на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“.      

The post Театарски поткасти на „Самоглас“ посветени на историјата на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
Отворен повик за креирање на подкаст на „Самоглас“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoren-povik-za-kreiranje-na-podkast-na-samoglas/ Fri, 13 May 2022 08:18:25 +0000 https://republika.mk/?p=501742

Тимот зад „Самоглас“ – мобилната и веб апликацијата за слушање на аудио книги, отвори повик за поддршка на млади автори за креирање на авторски подкаст од областа на културата.

Од иницијативата на здружението „Флуктус“ информираат дека подкастите треба да бидат нови, оригинални и да промовираат млади, културни дејци. Подкастот треба да претставува серијал од минимум шест епизоди во времетраење од најмалку 30 минути по епизода.

Приоритет ќе им биде даден на автори/авторки кои работат на локалната независна културна сцена и кои се невработени т.е. не се во постојан работен однос со јавна институција од областа на културата. Истите ќе имаат целосна слобода врз содржината што ќе ја креираат, а од тимот на ‘Самоглас’ ќе добијат креативна, техничка и финансиска поддршка во процесот на изработка на материјалот, се вели во повикот.

Јавниот повик е отворен до 31 мај годинава, сите заинтересирани треба да го пополнат формуларот за пријавување.

Од „Самоглас“ истакнуваат дека подкастот ќе биде промотивно објавен на мобилната апликација и веб платформата на „Самоглас“ и со тоа ќе биде креиран целосно нов сегмент наменет само за подкасти.

По пополнување на електронската форма, кандидатите треба да достават кратка аудио снимка до 2 минути која треба да звучи како најава за подкастот. Доволно е снимката да биде направена со мобилен уред и треба да се испрати на contact@fluctus.mk, информира тимот.

Добиените снимки ќе бидат оценети од страна на тричлена стручна комисија, а информациите за избраниот креатор на подкаст ќе бидат објавени најдоцна до 30 јуни.

 

The post Отворен повик за креирање на подкаст на „Самоглас“ appeared first on Република.

]]>

Тимот зад „Самоглас“ – мобилната и веб апликацијата за слушање на аудио книги, отвори повик за поддршка на млади автори за креирање на авторски подкаст од областа на културата. Од иницијативата на здружението „Флуктус“ информираат дека подкастите треба да бидат нови, оригинални и да промовираат млади, културни дејци. Подкастот треба да претставува серијал од минимум шест епизоди во времетраење од најмалку 30 минути по епизода.
Приоритет ќе им биде даден на автори/авторки кои работат на локалната независна културна сцена и кои се невработени т.е. не се во постојан работен однос со јавна институција од областа на културата. Истите ќе имаат целосна слобода врз содржината што ќе ја креираат, а од тимот на ‘Самоглас’ ќе добијат креативна, техничка и финансиска поддршка во процесот на изработка на материјалот, се вели во повикот.
Јавниот повик е отворен до 31 мај годинава, сите заинтересирани треба да го пополнат формуларот за пријавување. Од „Самоглас“ истакнуваат дека подкастот ќе биде промотивно објавен на мобилната апликација и веб платформата на „Самоглас“ и со тоа ќе биде креиран целосно нов сегмент наменет само за подкасти.
По пополнување на електронската форма, кандидатите треба да достават кратка аудио снимка до 2 минути која треба да звучи како најава за подкастот. Доволно е снимката да биде направена со мобилен уред и треба да се испрати на contact@fluctus.mk, информира тимот.
Добиените снимки ќе бидат оценети од страна на тричлена стручна комисија, а информациите за избраниот креатор на подкаст ќе бидат објавени најдоцна до 30 јуни.  

The post Отворен повик за креирање на подкаст на „Самоглас“ appeared first on Република.

]]>