Самобор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samobor/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 07:59:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Самобор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samobor/ 32 32 Македонците во Хрватска и оваа година организираат Рацинов ден во Самобор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedontsite-vo-hrvatska-i-ovaa-godina-organiziraat-ratsinov-den-vo-samobor/ Sat, 23 Nov 2024 07:59:13 +0000 https://republika.mk/?p=841008

По повод 85-годишнината од издавањето на збирката поезија од Кочо Рацин „Бели мугри“, денеска во Самобор, заедницата на Македонците во Република Хрватска и МКД „Охридски бисер“ од Загреб, организираат културна манифестација „Рацинов ден – Бели мугри“.

Традиционалниот собир и годинава ќе почне со положување венци и цвеќе на бистата на Кочо Рацин во паркот на Музејот, со почеток во 13:30 часот.

Кочо Рацин, нелегално ја отпечатил својата стихозбирка „Бели мугри“  пред 85 години во Самобор. Затоа македонската заедница секоја година се собира на Рациновиот ден, организирајќи културен настан во Самоборскиот музеј.

На настанот, предавање за животот и делото на Кочо Рацин ќе одржат професорите Игор Деспот, Горан Коров и Ивана Брезовец. Учениците кои следат настава по македонски јазик по модел Ц во Хрватска, ќе рецитираат поезија на Рацин.

Покровител на настанот е Советот за националните малцинства на РХ и Самоборскиот музеј.

The post Македонците во Хрватска и оваа година организираат Рацинов ден во Самобор appeared first on Република.

]]>

По повод 85-годишнината од издавањето на збирката поезија од Кочо Рацин „Бели мугри“, денеска во Самобор, заедницата на Македонците во Република Хрватска и МКД „Охридски бисер“ од Загреб, организираат културна манифестација „Рацинов ден – Бели мугри“. Традиционалниот собир и годинава ќе почне со положување венци и цвеќе на бистата на Кочо Рацин во паркот на Музејот, со почеток во 13:30 часот. Кочо Рацин, нелегално ја отпечатил својата стихозбирка „Бели мугри“  пред 85 години во Самобор. Затоа македонската заедница секоја година се собира на Рациновиот ден, организирајќи културен настан во Самоборскиот музеј. На настанот, предавање за животот и делото на Кочо Рацин ќе одржат професорите Игор Деспот, Горан Коров и Ивана Брезовец. Учениците кои следат настава по македонски јазик по модел Ц во Хрватска, ќе рецитираат поезија на Рацин. Покровител на настанот е Советот за националните малцинства на РХ и Самоборскиот музеј.

The post Македонците во Хрватска и оваа година организираат Рацинов ден во Самобор appeared first on Република.

]]>