самит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samit/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 08:50:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png самит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samit/ 32 32 Побалкански здравје: Самитот на лидерите на Западен Балкан откажан оти пропадна тендерот за организацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pobalkanski-zdravje-samitot-na-liderite-na-zapaden-balkan-otkazhan-oti-propadna-tenderot-za-organizatsijata/ Thu, 28 Nov 2024 08:07:43 +0000 https://republika.mk/?p=842584

Советот на министри го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на тој настан, јавија сараевските медиуми.

За организатор беше избрана фирмата „Мајндсет“, но по поднесена жалба тендерот е поништен.

Босна и Херцеговина требаше да биде домаќин на тој настан под покровителство на бројни меѓународни асоцијации и организации, а Неум беше избран за повеќегодишна дестинација.

Дводневниот настан требаше да ги собере клучните актери од регионот и од ЕУ, со цел зајакнување на соработката и дискусија за важни политички, економски и социјални прашања.

Целта на самитот е да се подобри политичкиот дијалог и да се зајакнат политичките и економските врски меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

The post Побалкански здравје: Самитот на лидерите на Западен Балкан откажан оти пропадна тендерот за организацијата appeared first on Република.

]]>

Советот на министри го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на тој настан, јавија сараевските медиуми. За организатор беше избрана фирмата „Мајндсет“, но по поднесена жалба тендерот е поништен. Босна и Херцеговина требаше да биде домаќин на тој настан под покровителство на бројни меѓународни асоцијации и организации, а Неум беше избран за повеќегодишна дестинација. Дводневниот настан требаше да ги собере клучните актери од регионот и од ЕУ, со цел зајакнување на соработката и дискусија за важни политички, економски и социјални прашања. Целта на самитот е да се подобри политичкиот дијалог и да се зајакнат политичките и економските врски меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

The post Побалкански здравје: Самитот на лидерите на Западен Балкан откажан оти пропадна тендерот за организацијата appeared first on Република.

]]>
Мицкоски во Будимпешта со излагање на сесијата посветена на економска сигурност и меѓусебно поврзување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vo-budimpeshta-so-izlagane-na-sesijata-posvetena-na-ekonomska-sigurnost-i-megusebno-povrzuvane/ Thu, 07 Nov 2024 13:06:22 +0000 https://republika.mk/?p=835186

Денеска заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествуваме на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што се оддржува во Будимпешта, Унгарија, напиша на својот фејсбук профил Премиерот Христијан Мицкоски.

Европската политичка заедница е меѓувладин форум за политичка и стратешка дискусија за иднината на Европа. Основан е во 2022 година. Групата прв пат се состанува во октомври 2022 година во Прага со учесници од 44 држави, како и претставници од Европскиот совет и Европската комисија.

На самитот ќе имам и свое излагање на сесијата посветена на темата економска сигурност и меѓусебно поврзување.

The post Мицкоски во Будимпешта со излагање на сесијата посветена на економска сигурност и меѓусебно поврзување appeared first on Република.

]]>

Денеска заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествуваме на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што се оддржува во Будимпешта, Унгарија, напиша на својот фејсбук профил Премиерот Христијан Мицкоски.

Европската политичка заедница е меѓувладин форум за политичка и стратешка дискусија за иднината на Европа. Основан е во 2022 година. Групата прв пат се состанува во октомври 2022 година во Прага со учесници од 44 држави, како и претставници од Европскиот совет и Европската комисија.
На самитот ќе имам и свое излагање на сесијата посветена на темата економска сигурност и меѓусебно поврзување.

The post Мицкоски во Будимпешта со излагање на сесијата посветена на економска сигурност и меѓусебно поврзување appeared first on Република.

]]>
Почна Самитот на европската политичка заедница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochna-samitot-na-evropskata-politichka-zaednitsa/ Thu, 07 Nov 2024 12:56:12 +0000 https://republika.mk/?p=835181

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска на отворањето на самитот на европската политичка заедница во Будимпешта,изјави дека мора да се најдат начини за враќање на мирот во Европа.

Тој истакна дека на самитот ќе се разговара за безбедносните предизвици со кои се соочува Европа и дека некои од прашањата ќе вклучуваат како Европа може да преземе поголема одговорност за својата безбедност и мир во иднина, како континентот да биде поуспешен во остварувањето на сопствените интереси и да стане одлучувачки играч во дискусиите и случувањата кои ќе одлучуваат за неговата иднина.

Овие прашања станаа особено актуелни по претседателските избори во САД кои штотуку се одржаа. Иднината на нашите трансатлантски односи е незаменлива компонента на европската безбедносна архитектура. Одговорите дадени сега би можеле да ја одлучат иднината на Европа со децении. Ние Верувајте дека заедно можеме да бидеме посилни отколку сами - рече Орбан.

Орбан додаде дека европската политичка заедница мора да разговара за геополитичките прашања, како и дека лидерите ги обединува заедничкиот интерес и заедничката одговорност за Европа.

Знаеме дека имаме заеднички одговорности и ви посакувам плодна дискусија - рече Орбан на отворањето на средбата.

The post Почна Самитот на европската политичка заедница appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска на отворањето на самитот на европската политичка заедница во Будимпешта,изјави дека мора да се најдат начини за враќање на мирот во Европа. Тој истакна дека на самитот ќе се разговара за безбедносните предизвици со кои се соочува Европа и дека некои од прашањата ќе вклучуваат како Европа може да преземе поголема одговорност за својата безбедност и мир во иднина, како континентот да биде поуспешен во остварувањето на сопствените интереси и да стане одлучувачки играч во дискусиите и случувањата кои ќе одлучуваат за неговата иднина.
Овие прашања станаа особено актуелни по претседателските избори во САД кои штотуку се одржаа. Иднината на нашите трансатлантски односи е незаменлива компонента на европската безбедносна архитектура. Одговорите дадени сега би можеле да ја одлучат иднината на Европа со децении. Ние Верувајте дека заедно можеме да бидеме посилни отколку сами - рече Орбан.
Орбан додаде дека европската политичка заедница мора да разговара за геополитичките прашања, како и дека лидерите ги обединува заедничкиот интерес и заедничката одговорност за Европа.
Знаеме дека имаме заеднички одговорности и ви посакувам плодна дискусија - рече Орбан на отворањето на средбата.

The post Почна Самитот на европската политичка заедница appeared first on Република.

]]>
Премиерот Мицкоски во Салцбург на Европски самит https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-vo-saltsburg-na-20-evropski-samit/ Mon, 21 Oct 2024 06:03:25 +0000 https://republika.mk/?p=829235

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Салцбург ќе учествува на 20. Европски самит посветен на Европската Унија, каде ќе има обраќање.

Мицкоски на фејсбук објави дека синоќа присуствувал на вечера, на покана на градоначалникот на покраината Салцбург и претседателот на институтот на европски региони, Франц Шаусбергер.

На моите соговорници им ги пренесов нашите заложби и цели кон Европскиот пат на Македонија. Европа мора да ги отвори вратите за државите кои чекорат напред, наведува Мицкоски во објавата на ФБ.

Во вторник тој ќе има средба со претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен и со министерот за надворешни работи Александар Шаленберг.

The post Премиерот Мицкоски во Салцбург на Европски самит appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Салцбург ќе учествува на 20. Европски самит посветен на Европската Унија, каде ќе има обраќање. Мицкоски на фејсбук објави дека синоќа присуствувал на вечера, на покана на градоначалникот на покраината Салцбург и претседателот на институтот на европски региони, Франц Шаусбергер.
На моите соговорници им ги пренесов нашите заложби и цели кон Европскиот пат на Македонија. Европа мора да ги отвори вратите за државите кои чекорат напред, наведува Мицкоски во објавата на ФБ.
Во вторник тој ќе има средба со претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен и со министерот за надворешни работи Александар Шаленберг.

The post Премиерот Мицкоски во Салцбург на Европски самит appeared first on Република.

]]>
Куса средба Мицкоски – Герапетритис на маргините на Самитот на Берлинскиот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kusa-sredba-mitskoski-gerapetritis-na-marginite-na-samitot-na-berlinskiot-protses/ Mon, 14 Oct 2024 10:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=826516

Премиерот Христијан Мицкоски и шефот на грчката дипломатија имале куса средба на маргините на Самитот на Берлинскиот процес, според фотографиите што на платформата Икс ги објави Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР информираа дека Јорго Герапетритис имал куси размени на мислења на Самитот во Берлин и објавија фотографии, а освен со Мицкоски, разговарал и со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски.

Шефовите на двете дипломатии минатиот месец ја одржаа нивната прва средба во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Делегацијата на Македонија во Берлин на Самитот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес ја предводи премиерот, а учествуваат и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Премиерот Мицкоски преку Фејсбук информираше за неговото учество на првата сесија од Берлинскиот процес посветен на регионалната соработка и заедничкиот регионален пазар, што е, како што напиша, „форма за поблиска соработка и операционализирање на стратегијата за економски развој на државите од Балканот“.

Ние мора да го пронајдеме нашиот интерес во отворање на нови можности и пазари за нашите компании, нови форми на соработка и обезбедување на посигурна иднина, напиша премиерот.

Учесници на состанокот традиционално се шесте земји од Западен Балкан, нивните земји-поддржувачи Австрија, Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Велика Британија, Полска, а од 2019 година и Грција и Бугарија, како и ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Регионалната младинска канцеларија (RYCO).

Од владата соопштија дека предвидени се и повеќе билатерални средби на премиерот Мицкоски.

The post Куса средба Мицкоски – Герапетритис на маргините на Самитот на Берлинскиот процес appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски и шефот на грчката дипломатија имале куса средба на маргините на Самитот на Берлинскиот процес, според фотографиите што на платформата Икс ги објави Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР информираа дека Јорго Герапетритис имал куси размени на мислења на Самитот во Берлин и објавија фотографии, а освен со Мицкоски, разговарал и со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски. Шефовите на двете дипломатии минатиот месец ја одржаа нивната прва средба во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите Нации. Делегацијата на Македонија во Берлин на Самитот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес ја предводи премиерот, а учествуваат и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Премиерот Мицкоски преку Фејсбук информираше за неговото учество на првата сесија од Берлинскиот процес посветен на регионалната соработка и заедничкиот регионален пазар, што е, како што напиша, „форма за поблиска соработка и операционализирање на стратегијата за економски развој на државите од Балканот“. Ние мора да го пронајдеме нашиот интерес во отворање на нови можности и пазари за нашите компании, нови форми на соработка и обезбедување на посигурна иднина, напиша премиерот. Учесници на состанокот традиционално се шесте земји од Западен Балкан, нивните земји-поддржувачи Австрија, Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Велика Британија, Полска, а од 2019 година и Грција и Бугарија, како и ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Регионалната младинска канцеларија (RYCO). Од владата соопштија дека предвидени се и повеќе билатерални средби на премиерот Мицкоски.

The post Куса средба Мицкоски – Герапетритис на маргините на Самитот на Берлинскиот процес appeared first on Република.

]]>
Премиерот Мицкоски на самитот “Украина-Југоисточна Европа” https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-na-samitot-ukraina-jugoistochna-evropa/ Wed, 09 Oct 2024 10:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=824547

Денес претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе учествува на самитот Украина Југоисточна Европа кој се одржува во Дубровник, Република Хрватска.

Самитот ќе го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а свое излагање ќе има и претседателот на Украина Володомир Зеленски.

Станува збор за трет по ред самит, првиот е одржан во август 2022 година во Атина, вториот во Тирана, Република Албанија. Главната цел е искажување на солидарност и поддршка на Украина.

На овој Самит се најавени претставници од 12 држави од регионот.

Во Македонската делегација која ја предводи премиерот Мицкоски е и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.

 

The post Премиерот Мицкоски на самитот “Украина-Југоисточна Европа” appeared first on Република.

]]>

Денес претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе учествува на самитот Украина Југоисточна Европа кој се одржува во Дубровник, Република Хрватска. Самитот ќе го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а свое излагање ќе има и претседателот на Украина Володомир Зеленски. Станува збор за трет по ред самит, првиот е одржан во август 2022 година во Атина, вториот во Тирана, Република Албанија. Главната цел е искажување на солидарност и поддршка на Украина. На овој Самит се најавени претставници од 12 држави од регионот. Во Македонската делегација која ја предводи премиерот Мицкоски е и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.  

The post Премиерот Мицкоски на самитот “Украина-Југоисточна Европа” appeared first on Република.

]]>
Следната недела во Њујорк самит за успорување на климатските промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/slednata-nedela-vo-nujork-samit-za-usporuvane-na-klimatskite-promeni/ Sat, 21 Sep 2024 16:32:49 +0000 https://republika.mk/?p=818561

Годишната недела на климата во Њујорк следната недела и Генералното собрание на ОН ќе разговараат за тоа како да се соберат илјадници милијарди долари преку социјален ангажман за да им се помогне на посиромашните земји да не користат гас, нафта и јаглен што ја загадуваат и загреваат планетата.

Ќе има и специјален иден самит на ОН што ќе ги поврзе климатските промени и биодиверзитетот со други неодложни прашања како што е војната, и специјална сесија на ОН за заканата од зголемување на нивото на океаните и морињата. Претседателите на разговорите за климата во 2023, 2024 и 2025 година се обидуваат да ги турнат земјите во нова рунда на драматични намалувања на загадувањето.

Следната недела започнува двомесечен спринт во кој три града на три континенти одржуваат состаноци на високо ниво кои би можеле да бидат „последна шанса“ на човештвото да избегне надминување на заеднички договорените граници за затоплување. По неделата на климата во Њујорк, главниот град на Азербејџан, Баку, е домаќин на 29-та Конференција на ОН за климатски промени. Следно, лидерите на 20-те најголеми земји се упатуваат кон Рио де Жанеиро. И на почетокот на следната година, сите земји во светот мора да поднесат нови цели за нивните земји да ја намалат емисијата на гасови што ја задржуваат топлината.

The post Следната недела во Њујорк самит за успорување на климатските промени appeared first on Република.

]]>

Годишната недела на климата во Њујорк следната недела и Генералното собрание на ОН ќе разговараат за тоа како да се соберат илјадници милијарди долари преку социјален ангажман за да им се помогне на посиромашните земји да не користат гас, нафта и јаглен што ја загадуваат и загреваат планетата. Ќе има и специјален иден самит на ОН што ќе ги поврзе климатските промени и биодиверзитетот со други неодложни прашања како што е војната, и специјална сесија на ОН за заканата од зголемување на нивото на океаните и морињата. Претседателите на разговорите за климата во 2023, 2024 и 2025 година се обидуваат да ги турнат земјите во нова рунда на драматични намалувања на загадувањето. Следната недела започнува двомесечен спринт во кој три града на три континенти одржуваат состаноци на високо ниво кои би можеле да бидат „последна шанса“ на човештвото да избегне надминување на заеднички договорените граници за затоплување. По неделата на климата во Њујорк, главниот град на Азербејџан, Баку, е домаќин на 29-та Конференција на ОН за климатски промени. Следно, лидерите на 20-те најголеми земји се упатуваат кон Рио де Жанеиро. И на почетокот на следната година, сите земји во светот мора да поднесат нови цели за нивните земји да ја намалат емисијата на гасови што ја задржуваат топлината.

The post Следната недела во Њујорк самит за успорување на климатските промени appeared first on Република.

]]>
Рама на Самитот во Блед: Мора да работиме за да оценат дека сме подготвени за влез во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-na-samitot-vo-bled-mora-da-rabotime-za-da-otsenat-deka-sme-podgotveni-za-vlez-vo-eu/ Mon, 02 Sep 2024 18:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=812469

Албанскиот премиер Еди Рама денеска на Стратешкиот форум во Блед, Словенија, оценил дека новиот план за раст е „на вистинскиот пат и сега земјите мора да ја завршат целата работа за да се сметаат за подготвени за влез во Европската унија“.

- Владимир Путин требаше да нападне земја за да и помогне на ЕУ да разбере дека живее во паралелен свет. Она што го кажа Урсула фон дер Лајен е точно и охрабрува, бидејќи пред една година во Блед таа го вети новиот план за раст, кој веќе е ставен на вистинскиот пат. Се надеваме дека ќе се случат уште повеќе работи, рече Рама, јавија албанските медиуми.

Рама се задржал и на ситуацијата во Украина, притоа истакнувајќи дека Албанија стои на нејзина страна и оти остро ја осудува руската агресија на нејзина територија.

Toj истакнал дека Албанија и понатаму останува непоколеблив сојузник на Западот и на иста линија со земјите од Европската унија, во однос на заштитата на демократските вредности и соочувањето со актуелните предизвици.

- Ние стоиме зад Украина, од многу јасна причина, бидејќи изгледа навистина нереално, дека во наше време, една земја во Европа одлучи да ги промени границите на брутален начин со насилство, земајќи го она што го тврди дека е дел од неа, а тоа за нас е невозможно. Премали сме за да ја промениме судбината на која било битка. Ние сме усогласени со нашите пријатели и партнери, со земји како вас, од ЕУ. За нас е многу јасно дека нема сенка меѓу нас, изјавил Рама. Според медиумите тој заедно со своите колеги од Словенија, Хрватска и Србија, го истакнале значењето на поддршката меѓу сојузниците во случаи на закани.

The post Рама на Самитот во Блед: Мора да работиме за да оценат дека сме подготвени за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама денеска на Стратешкиот форум во Блед, Словенија, оценил дека новиот план за раст е „на вистинскиот пат и сега земјите мора да ја завршат целата работа за да се сметаат за подготвени за влез во Европската унија“. - Владимир Путин требаше да нападне земја за да и помогне на ЕУ да разбере дека живее во паралелен свет. Она што го кажа Урсула фон дер Лајен е точно и охрабрува, бидејќи пред една година во Блед таа го вети новиот план за раст, кој веќе е ставен на вистинскиот пат. Се надеваме дека ќе се случат уште повеќе работи, рече Рама, јавија албанските медиуми. Рама се задржал и на ситуацијата во Украина, притоа истакнувајќи дека Албанија стои на нејзина страна и оти остро ја осудува руската агресија на нејзина територија. Toj истакнал дека Албанија и понатаму останува непоколеблив сојузник на Западот и на иста линија со земјите од Европската унија, во однос на заштитата на демократските вредности и соочувањето со актуелните предизвици. - Ние стоиме зад Украина, од многу јасна причина, бидејќи изгледа навистина нереално, дека во наше време, една земја во Европа одлучи да ги промени границите на брутален начин со насилство, земајќи го она што го тврди дека е дел од неа, а тоа за нас е невозможно. Премали сме за да ја промениме судбината на која било битка. Ние сме усогласени со нашите пријатели и партнери, со земји како вас, од ЕУ. За нас е многу јасно дека нема сенка меѓу нас, изјавил Рама. Според медиумите тој заедно со своите колеги од Словенија, Хрватска и Србија, го истакнале значењето на поддршката меѓу сојузниците во случаи на закани.

The post Рама на Самитот во Блед: Мора да работиме за да оценат дека сме подготвени за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Блокирани улици, стопиран сообраќај и затворени метро станици: Вашингтон се подготвува за самитот на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blokirani-ulitsi-stopiran-soobrakaj-i-zatvoreni-metro-stanitsi-vashington-se-podgotvuva-za-samitot-na-nato/ Mon, 08 Jul 2024 17:55:55 +0000 https://republika.mk/?p=794699

Блокирани улици во централниот дел на американската престолнина, стопиран сообраќај и затворени метро станици, безбедноста на највисоко ниво, но и привремено затворени продавници и ресторани - Вашингтон е подготвen за пречекот на високите делегации по повод долгоочекуваниот самит на НАТО.

Како домаќин на овој јубилеен настан, што се одржува од 9 до 11 јули, Вашингтон е одбран симболично. Точно пред 75 години 12 земји од Европа и Cеверна Америка потпишаа политички пакт за формирање на она што подоцна ќе стане најмоќната военa алијанса во светот, составена од економско развиени и либерално-демократски земји.

Темелот на Организацијата на северноатлантската повелба, официјалното име на НАТО, беше поставен на 4 април 1949 година со потпишување на северноатлантската повелба, позната и како Вашингтонска повелба.

Десетици шефови на држави и влади и илјадници останати учесници се очекува да дојдат деновиве во Центарот за конвенции „Волтер И. Вашингтон“. Официјалната програма почнува во вторник, со агенда фокусирана на Украина и засилената помош за Киев во војната против Русија.

Генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг, во среда попладне ќе одржи голема прес-конференција.

Во меѓувреме, во здружената воена база „Ендрјус“ во Мерлиленд, денеска и утре пристигаат шефовите на делегациите на земјите членки на НАТО.

Сите овие активности се пропратени со безбедносни мерки и тесна контрола на сообраќајот, затворање на повеќе централни улици и метро станици и пренасочување на автобуските линии.

Самитот е и испит за претседателот на САД, Џо Бајден, кој се наоѓа во критичен момент од својата кампања за повторен избор, па безбедносната и нормалното одржување на самитот се посебна главоболка за него и актуелната администрација.

Јавноста е соочена со безбедносни бариери, огради и ограничено паркирање околу трите главни локации каде ќе се одвиваат активностите – центарот за конвенции, аудиториумот „Мелон“ и Белата куќа.

Во меѓувреме, американската тајна служба и локалните власти имплементираат повишени мерки за безбедност со подготовка за можни закани. Иако тие веќе изјавија дека не очекуваат кредибилни закани. Властите исто така очекуваат и протести, со оглед на постојаното никнување на нови против војната во Газа, како во салите на Конгресот, така и пред објектите на престој на лидерите или пред Белата куќа.

Во меѓувреме, жителите на округот Колумбија за локалните медиуми се пожалија од отежнатите услови за движење и строгите полициски контроли. Се пренесуваат жалби од сопствениците на бизниси дека мора да затворат оваа недела поради недостапноста до нивните локации.

Некои ова го споредија со самитот САД-африкански лидери во декември 2022 година кој што предизвика драстично намалување на нивните профити.

The post Блокирани улици, стопиран сообраќај и затворени метро станици: Вашингтон се подготвува за самитот на НАТО appeared first on Република.

]]>

Блокирани улици во централниот дел на американската престолнина, стопиран сообраќај и затворени метро станици, безбедноста на највисоко ниво, но и привремено затворени продавници и ресторани - Вашингтон е подготвen за пречекот на високите делегации по повод долгоочекуваниот самит на НАТО. Како домаќин на овој јубилеен настан, што се одржува од 9 до 11 јули, Вашингтон е одбран симболично. Точно пред 75 години 12 земји од Европа и Cеверна Америка потпишаа политички пакт за формирање на она што подоцна ќе стане најмоќната военa алијанса во светот, составена од економско развиени и либерално-демократски земји. Темелот на Организацијата на северноатлантската повелба, официјалното име на НАТО, беше поставен на 4 април 1949 година со потпишување на северноатлантската повелба, позната и како Вашингтонска повелба. Десетици шефови на држави и влади и илјадници останати учесници се очекува да дојдат деновиве во Центарот за конвенции „Волтер И. Вашингтон“. Официјалната програма почнува во вторник, со агенда фокусирана на Украина и засилената помош за Киев во војната против Русија. Генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг, во среда попладне ќе одржи голема прес-конференција. Во меѓувреме, во здружената воена база „Ендрјус“ во Мерлиленд, денеска и утре пристигаат шефовите на делегациите на земјите членки на НАТО. Сите овие активности се пропратени со безбедносни мерки и тесна контрола на сообраќајот, затворање на повеќе централни улици и метро станици и пренасочување на автобуските линии. Самитот е и испит за претседателот на САД, Џо Бајден, кој се наоѓа во критичен момент од својата кампања за повторен избор, па безбедносната и нормалното одржување на самитот се посебна главоболка за него и актуелната администрација. Јавноста е соочена со безбедносни бариери, огради и ограничено паркирање околу трите главни локации каде ќе се одвиваат активностите – центарот за конвенции, аудиториумот „Мелон“ и Белата куќа. Во меѓувреме, американската тајна служба и локалните власти имплементираат повишени мерки за безбедност со подготовка за можни закани. Иако тие веќе изјавија дека не очекуваат кредибилни закани. Властите исто така очекуваат и протести, со оглед на постојаното никнување на нови против војната во Газа, како во салите на Конгресот, така и пред објектите на престој на лидерите или пред Белата куќа. Во меѓувреме, жителите на округот Колумбија за локалните медиуми се пожалија од отежнатите услови за движење и строгите полициски контроли. Се пренесуваат жалби од сопствениците на бизниси дека мора да затворат оваа недела поради недостапноста до нивните локации. Некои ова го споредија со самитот САД-африкански лидери во декември 2022 година кој што предизвика драстично намалување на нивните профити.

The post Блокирани улици, стопиран сообраќај и затворени метро станици: Вашингтон се подготвува за самитот на НАТО appeared first on Република.

]]>
Декларацијата на самитот за Украина нема да биде потпишана од сите учесници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/deklaratsijata-na-samitot-za-ukraina-nema-da-bide-potpishana-od-site-uchesnitsi/ Sun, 16 Jun 2024 15:17:09 +0000 https://republika.mk/?p=788142

Aвстрискиот канцелар, Карл Нехамер, на маргините на самитот за Украина во Швајцарија изјави дека не се очекува сите учесници на мировниот самит во Украина во Швајцарија да ја потпишат завршната декларација.

Нехамер, сепак, додаде дека основниот заеднички став нема да биде засегнат.

Затоа не сум толку загрижен ако не потпишат сите сега, изјави Нехамер.

Тој додаде дека пред Русија да седне на преговарачката маса, може да се замисли уште една конференција во различен формат

Навистина мора да го гледате како процес, рече тој.

Дводневната конференција треба да заврши попладне, кога треба да биде објавена и конечната декларација.

Официјални лица од Москва не беа поканети на самитот.

The post Декларацијата на самитот за Украина нема да биде потпишана од сите учесници appeared first on Република.

]]>

Aвстрискиот канцелар, Карл Нехамер, на маргините на самитот за Украина во Швајцарија изјави дека не се очекува сите учесници на мировниот самит во Украина во Швајцарија да ја потпишат завршната декларација. Нехамер, сепак, додаде дека основниот заеднички став нема да биде засегнат.
Затоа не сум толку загрижен ако не потпишат сите сега, изјави Нехамер.
Тој додаде дека пред Русија да седне на преговарачката маса, може да се замисли уште една конференција во различен формат
Навистина мора да го гледате како процес, рече тој.
Дводневната конференција треба да заврши попладне, кога треба да биде објавена и конечната декларација. Официјални лица од Москва не беа поканети на самитот.

The post Декларацијата на самитот за Украина нема да биде потпишана од сите учесници appeared first on Република.

]]>
Самитот за Украина ги привлече светските лидери, но нема да ја изолира Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/samitot-za-ukraina-gi-privleche-svetskite-lideri-no-nema-da-ja-izolira-rusija/ Fri, 14 Jun 2024 10:22:20 +0000 https://republika.mk/?p=787537

Светските лидери ќе му се придружат на украинскиот претседател Володимир Зеленски овој викенд на самит на кој ќе се истражат опциите за ставање крај на најкрвавиот конфликт во Европа од Втората светска војна, но Русија не е поканета и настанот нема да ја исполни целта на Киев да ја изолира Москва.

Американската потпретседателка Камала Харис, францускиот претседател Емануел Макрон и лидерите на Германија, Италија, Велика Британија, Канада и Јапонија се меѓу оние кои ќе пристигнат на состанокот во швајцарскиот зимски центар Буергеншток на 15 и 16 јуни.

Индија, која и помогна на Москва да го преживее шокот од санкциите, се очекува да испрати делегација. Турција и Унгарија, кои исто така одржуваат врски со Русија, ќе ги претставуваат министрите за надворешни работи.

Сепак, и покрај повеќемесечното лобирање од страна на Украина, некои нема да дојдат, особено Кина, клучен купувач на руска нафта и снабдувач на производи неопходни за одржување на руската индустриска база.

Овој состанок е успешен. Донесувањето земји кои се партнери и оние кои не се на иста маса беше голема задача за Украина, рече Зеленски во вторникот во Берлин.

Во средата, Зеленски ја посети Саудиска Арабија и разговараше за подготовките за самитот со престолонаследникот Мохамед бин Салман, но остана нејасно дали кралството ќе испрати свој претставник.

Улрих Шмид, политиколог и експерт за Источна Европа на Универзитетот Св. Гален во Швајцарија, самитот го нарече „кошница со се и сешто“, имајќи предвид дека некои земји го поддржуваат, а Кина не е присутна.

Прашањето е дали е можен мир? Се додека Путин е на власт, тоа е тешко, рече Шмид.

По серијата подготвителни состаноци, војната во Газа делумно го оттргна вниманието од Украина, а Москва направи се за да ја минимизира важноста на самитот. Во меѓувреме, Кина и Бразил покренаа своја мировна иницијатива, што предвидува учество на двете завојувани страни.

Собирот доаѓа во непријатен момент за Украина на бојното поле, бидејќи руските сили, кои контролираат околу 18 отсто од територијата на Украина, напредуваат на истокот на земјата.
Со оглед на сите работи, самитот нема да се занимава со територијални прашања и ќе се фокусира на оние делови од мировниот план на Зеленски кои се доволно општи за да бидат прифатени од повеќето учесници. Тие вклучуваат безбедност на храна, нуклеарна безбедност, слобода на навигација и размена на затвореници, рекоа официјални лица.

Во рамките на подготовките за швајцарскиот самит се разговарало и каде и кога ќе се одржи следната средба. Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на Зеленски, им рече на новинарите оваа недела дека „голем број земји“ се заинтересирани.

Ја разгледуваме можноста за втор самит на кој би биле поканети претставници на Русија, рече Јермак.

Швајцарија сака Бургеншток да го отвори патот за „иден мировен процес“ во кој би учествувала и Москва.

The post Самитот за Украина ги привлече светските лидери, но нема да ја изолира Русија appeared first on Република.

]]>

Светските лидери ќе му се придружат на украинскиот претседател Володимир Зеленски овој викенд на самит на кој ќе се истражат опциите за ставање крај на најкрвавиот конфликт во Европа од Втората светска војна, но Русија не е поканета и настанот нема да ја исполни целта на Киев да ја изолира Москва. Американската потпретседателка Камала Харис, францускиот претседател Емануел Макрон и лидерите на Германија, Италија, Велика Британија, Канада и Јапонија се меѓу оние кои ќе пристигнат на состанокот во швајцарскиот зимски центар Буергеншток на 15 и 16 јуни. Индија, која и помогна на Москва да го преживее шокот од санкциите, се очекува да испрати делегација. Турција и Унгарија, кои исто така одржуваат врски со Русија, ќе ги претставуваат министрите за надворешни работи. Сепак, и покрај повеќемесечното лобирање од страна на Украина, некои нема да дојдат, особено Кина, клучен купувач на руска нафта и снабдувач на производи неопходни за одржување на руската индустриска база. Овој состанок е успешен. Донесувањето земји кои се партнери и оние кои не се на иста маса беше голема задача за Украина, рече Зеленски во вторникот во Берлин. Во средата, Зеленски ја посети Саудиска Арабија и разговараше за подготовките за самитот со престолонаследникот Мохамед бин Салман, но остана нејасно дали кралството ќе испрати свој претставник. Улрих Шмид, политиколог и експерт за Источна Европа на Универзитетот Св. Гален во Швајцарија, самитот го нарече „кошница со се и сешто“, имајќи предвид дека некои земји го поддржуваат, а Кина не е присутна. Прашањето е дали е можен мир? Се додека Путин е на власт, тоа е тешко, рече Шмид. По серијата подготвителни состаноци, војната во Газа делумно го оттргна вниманието од Украина, а Москва направи се за да ја минимизира важноста на самитот. Во меѓувреме, Кина и Бразил покренаа своја мировна иницијатива, што предвидува учество на двете завојувани страни. Собирот доаѓа во непријатен момент за Украина на бојното поле, бидејќи руските сили, кои контролираат околу 18 отсто од територијата на Украина, напредуваат на истокот на земјата. Со оглед на сите работи, самитот нема да се занимава со територијални прашања и ќе се фокусира на оние делови од мировниот план на Зеленски кои се доволно општи за да бидат прифатени од повеќето учесници. Тие вклучуваат безбедност на храна, нуклеарна безбедност, слобода на навигација и размена на затвореници, рекоа официјални лица. Во рамките на подготовките за швајцарскиот самит се разговарало и каде и кога ќе се одржи следната средба. Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на Зеленски, им рече на новинарите оваа недела дека „голем број земји“ се заинтересирани. Ја разгледуваме можноста за втор самит на кој би биле поканети претставници на Русија, рече Јермак. Швајцарија сака Бургеншток да го отвори патот за „иден мировен процес“ во кој би учествувала и Москва.

The post Самитот за Украина ги привлече светските лидери, но нема да ја изолира Русија appeared first on Република.

]]>
Што ќе донесе претстојниот Самит на НАТО? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shto-ke-donese-prestojniot-samit-na-nato/ Thu, 13 Jun 2024 07:04:32 +0000 https://republika.mk/?p=787085

Подготовките за Самитот на НАТО во Вашингтон со кој ќе се одбележи 75-годишнината од основањето на Пактот и обезбедувањето предвидлива поддршка за Украина на долг рок, ќе бидат главни теми на дводневната средба на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата, што денеска започнува во Брисел. Земјава на состанокот ќе ја претставува заменик министерот за одбрана Тирон Јајага.

Средбата ќе започне со состанок на Контакт групата за одбрана на Украина, по што попладне ќе се одржи заседание на Советот НАТО-Украина на ниво на министри за одбрана.

Утре министерската средба продолжува со прво со Северноатлантскиот совет, а потоа и со состанок на Групата за нуклеарно планирање.

Во пресрет на средбата генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа изјави дека таа се одржува во критично време за Украина и за безбедност со сојузниците и во услови кога се увиде дека доцнењето во обезбедувањето воена помош за украинските сили имаше последици на бојното поле.

- На овој состанок на министрите за одбрана ќе ја зајакнеме нашата поддршка за Украина, ќе ја зајакнеме нашата одбрана и ќе испратиме силна порака за одвраќање до нашите противници, изјави Столтенберг.

Тој нагласи дека очекува министрите да го одобрат планот според кој НАТО ќе раководи со координација на безбедносната помош и обука за Украина.

- Ова е клучен елемент за нашиот пакет за Украина, заедно со долгорочна финансиска обврска, истакна Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги повика Сирија и Русија веднаш да ги прекинат воздушните напади на Идлиб и целосно да ги почитуваат своите меѓународни обврски.

Првиот човек на НАТО го поздрави американскиот пакет од 60 милијарди долари помош за Украина, како и ветената поддршка Шведска, Шпанија и Белгија во вредност од милијарда евра, која вклучува 30 ловци Ф-16 и авиони за рано предупредување, понудата на Германија за испраќање дополнителна батерија ракети „Патриот“, како и ветувањето на Италија за доставување уште еден антиракетен систем САМП/Т.

- Од почетокот на целосната инвазија на Русија во 2022 година, сојузниците секоја година обезбедуваат по 40 милијарди евра воена поддршка за Украина. Мора да го одржиме ова ниво на поддршка како минимално, онолку долго колку што е потребно, додаде Столтенберг.

The post Што ќе донесе претстојниот Самит на НАТО? appeared first on Република.

]]>

Подготовките за Самитот на НАТО во Вашингтон со кој ќе се одбележи 75-годишнината од основањето на Пактот и обезбедувањето предвидлива поддршка за Украина на долг рок, ќе бидат главни теми на дводневната средба на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата, што денеска започнува во Брисел. Земјава на состанокот ќе ја претставува заменик министерот за одбрана Тирон Јајага. Средбата ќе започне со состанок на Контакт групата за одбрана на Украина, по што попладне ќе се одржи заседание на Советот НАТО-Украина на ниво на министри за одбрана. Утре министерската средба продолжува со прво со Северноатлантскиот совет, а потоа и со состанок на Групата за нуклеарно планирање. Во пресрет на средбата генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа изјави дека таа се одржува во критично време за Украина и за безбедност со сојузниците и во услови кога се увиде дека доцнењето во обезбедувањето воена помош за украинските сили имаше последици на бојното поле. - На овој состанок на министрите за одбрана ќе ја зајакнеме нашата поддршка за Украина, ќе ја зајакнеме нашата одбрана и ќе испратиме силна порака за одвраќање до нашите противници, изјави Столтенберг. Тој нагласи дека очекува министрите да го одобрат планот според кој НАТО ќе раководи со координација на безбедносната помош и обука за Украина. - Ова е клучен елемент за нашиот пакет за Украина, заедно со долгорочна финансиска обврска, истакна Столтенберг. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги повика Сирија и Русија веднаш да ги прекинат воздушните напади на Идлиб и целосно да ги почитуваат своите меѓународни обврски. Првиот човек на НАТО го поздрави американскиот пакет од 60 милијарди долари помош за Украина, како и ветената поддршка Шведска, Шпанија и Белгија во вредност од милијарда евра, која вклучува 30 ловци Ф-16 и авиони за рано предупредување, понудата на Германија за испраќање дополнителна батерија ракети „Патриот“, како и ветувањето на Италија за доставување уште еден антиракетен систем САМП/Т. - Од почетокот на целосната инвазија на Русија во 2022 година, сојузниците секоја година обезбедуваат по 40 милијарди евра воена поддршка за Украина. Мора да го одржиме ова ниво на поддршка како минимално, онолку долго колку што е потребно, додаде Столтенберг.

The post Што ќе донесе претстојниот Самит на НАТО? appeared first on Република.

]]>
Самитот на Западен Балкан почна во Тирана без лидерите на Црна Гора и Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/samitot-na-zapaden-balkan-pochna-vo-tirana-bez-liderite-na-tsrna-gora-i-kosovo/ Thu, 29 Feb 2024 10:19:54 +0000 https://republika.mk/?p=749579

Лидерите на Западен Балкан се собраа денеска во Тирана на самит посветен на европската интеграција на регионот и спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан.

Учесниците на самитот во Конгресната палата ги пречека албанскиот премиер Еди Рама, кој е домаќин на средбата.

На самитот дојдоа премиерот на Македонија, Талат Џафери, претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Како што јави агенцијата Бета, новинарите не ги видоа лидерите на Црна Гора и Косово кои вчера учествуваа на Самитот Украина-Југоисточна Европа во Тирана.

Албанската телевизија ABC News објави дека претставниците на Косово и Црна Гора нема да бидат физички присутни и дека косовскиот премиер Албин Курти испратил видео порака до собирот.

На самитот учествуваат и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеј и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу.

По воведното обраќање на Еди Рама, самитот продолжува без присуство на медиуми.

Самитот е посветен на Планот за раст на Западен Балкан, кој предвидува финансиска поддршка од шест милијарди евра, од кои две милијарди се неповратни грантови, а четири милијарди се поволни заеми обезбедени од ЕУ. Целта е да се поттикне економскиот раст на регионот и да се забрза социоекономската хармонизација.

Планот, усвоен од Европската комисија во ноември, го опфаќа периодот од 2024 до 2027 година и предвидува секоја влада од Западен Балкан да добива одредена сума пари на секои шест месеци, во зависност од реформите што ги има спроведено во тој период.

The post Самитот на Западен Балкан почна во Тирана без лидерите на Црна Гора и Косово appeared first on Република.

]]>

Лидерите на Западен Балкан се собраа денеска во Тирана на самит посветен на европската интеграција на регионот и спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан. Учесниците на самитот во Конгресната палата ги пречека албанскиот премиер Еди Рама, кој е домаќин на средбата. На самитот дојдоа премиерот на Македонија, Талат Џафери, претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Како што јави агенцијата Бета, новинарите не ги видоа лидерите на Црна Гора и Косово кои вчера учествуваа на Самитот Украина-Југоисточна Европа во Тирана. Албанската телевизија ABC News објави дека претставниците на Косово и Црна Гора нема да бидат физички присутни и дека косовскиот премиер Албин Курти испратил видео порака до собирот. На самитот учествуваат и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеј и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу. По воведното обраќање на Еди Рама, самитот продолжува без присуство на медиуми. Самитот е посветен на Планот за раст на Западен Балкан, кој предвидува финансиска поддршка од шест милијарди евра, од кои две милијарди се неповратни грантови, а четири милијарди се поволни заеми обезбедени од ЕУ. Целта е да се поттикне економскиот раст на регионот и да се забрза социоекономската хармонизација. Планот, усвоен од Европската комисија во ноември, го опфаќа периодот од 2024 до 2027 година и предвидува секоја влада од Западен Балкан да добива одредена сума пари на секои шест месеци, во зависност од реформите што ги има спроведено во тој период.

The post Самитот на Западен Балкан почна во Тирана без лидерите на Црна Гора и Косово appeared first on Република.

]]>
Самит на иницијативата „Отворен Балкан“ и самит „Западен Балкан и ЕУ“ на 21 и 22 јануари во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samit-na-initsijativata-otvoren-balkan-i-samit-zapaden-balkan-i-eu-na-21-i-22-januari-vo-skopje/ Tue, 16 Jan 2024 14:29:41 +0000 https://republika.mk/?p=733687

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска најави дека ќе престојува во Македонија на 21 и 22 јануари. Ќе учествува на состанокот „Западен Балкан и ЕУ“ и на лидерската средба за Планот за раст за Западен Балкан.

Домаќин на средбата ќе биде македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

На средбата покрај Вучиќ ќе присуствуваат и албанскиот премиер Еди Рама, претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина – Борјана Кришто, претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ, премиерот на Косово, Албин Курти, како и генералниот директор на Директоратот на ЕК за соседство и преговори за проширување – Герт Јан Копман.

Најавено е присуство и на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија – Џејмс О’Брајан, претставници на регионалните организации, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Инвестицискиот форум на комори од Западен Балкан, УСАИД, како и некои меѓународни финансиски институции. .

Лидерите на Западен Балкан се собраа оваа недела на Светскиот економски форум во Давос, каде што учествуваат повеќе од 100 претставници на земји, сите големи меѓународни организации, 1.000 партнери на Светскиот економски форум.

 

The post Самит на иницијативата „Отворен Балкан“ и самит „Западен Балкан и ЕУ“ на 21 и 22 јануари во Скопје appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска најави дека ќе престојува во Македонија на 21 и 22 јануари. Ќе учествува на состанокот „Западен Балкан и ЕУ“ и на лидерската средба за Планот за раст за Западен Балкан. Домаќин на средбата ќе биде македонскиот премиер Димитар Ковачевски. На средбата покрај Вучиќ ќе присуствуваат и албанскиот премиер Еди Рама, претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина – Борјана Кришто, претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ, премиерот на Косово, Албин Курти, како и генералниот директор на Директоратот на ЕК за соседство и преговори за проширување – Герт Јан Копман. Најавено е присуство и на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија – Џејмс О’Брајан, претставници на регионалните организации, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Инвестицискиот форум на комори од Западен Балкан, УСАИД, како и некои меѓународни финансиски институции. . Лидерите на Западен Балкан се собраа оваа недела на Светскиот економски форум во Давос, каде што учествуваат повеќе од 100 претставници на земји, сите големи меѓународни организации, 1.000 партнери на Светскиот економски форум.  

The post Самит на иницијативата „Отворен Балкан“ и самит „Западен Балкан и ЕУ“ на 21 и 22 јануари во Скопје appeared first on Република.

]]>
На маргините на Министерскиот состанок на ОБСЕ потпишана заедничка изјава за борба против корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-marginite-na-ministerskiot-sostanok-na-obse-potpishana-zaednichka-izjava-za-borba-protiv-koruptsijata/ Thu, 30 Nov 2023 16:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=718091

Министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, на маргините на 30. Министерски самит на ОБСЕ во Скопје, потпишаа заедничка изјава за борба против корупцијата, перењето пари и олеснување на напорите за враќање на имотот.

Текстот на заедничката изјава, усогласен за време на регионална конференција за борба против корупција во Југоисточна Европа, одржана во Скопје на 31 октомври годинава, во организација на македонското претседателство со ОБСЕ, а во соработка со Одделот за транснационални закани на ОБСЕ и Канцеларијата на координаторот на ОБСЕ за економски и еколошки активности, ја потпишаа македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, министерот за надворешни работи на Црна Гора, Филип Ивановиќ и министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани.

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи, по потпишувањето рече дека корупцијата е заеднички проблем на регионот, а потпишувањето на заедничката изјава праќа јасна порака дека корупцијата не се исплаќа.

Заедничката изјава препознава дека корупцијата го ослабнува владеењето на правото, ја разнишува довербата во институциите и ги загрозува социјалниот и економскиот развој и просперитет како и стабилноста и безбедноста. Таа претставува опасност за споделените вредности на ОБСЕ и предизвикува секаков вид на криминални активности, рече Османи.

Документот, како што посочи, содржи десет акциски точки, меѓу кои зајакнување и користење на дигитални алатки, регионална соработка на ниво на институции и организации во борбата против корупцијата и олеснување на напорите за враќање на имотот.

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ порача дека борбата против корупцијата не е можна без сеопфатна институционална и регионална соработка.

Ниту една земја не може сама, и ОБСЕ може да помогне во јакнење на капацитетите за спречување и борба против корупцијата, рече Дачиќ, посочувајќи дека ваква изјава треба да потпишат сите земји, вклучително и побогатите и поразвиени, за кои изрази сомнеж дека би успеале да ги исполнат сите критериуми кои самите ги поставуваат.

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, рече дека јакнењето на регионалната соработка е клучно во борбата против корупцијата, а потпишувањето на изјавата, како што рече, претставува потврда за силната посветеност во борбата против корупцијата.

Препознаваме дека корупцијата е транснационален проблем и нашата посветеност се протега преку границите, потенцираше тој.

Филип Ивановиќ, министерот за надворешни работи на Црна Гора, потпишувањето на иницијативата го оцени како конкретен чекор во зајакнување на регионалната соработка во борбата против корупцијата и дека таа значително ќе помогне во зголемување на добросостојбата на државите.

Tоа е, исто така, критична одредница за оценка на прогресот на западните земји на патот кон ЕУ, дополни Ивановиќ.

Министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, ја поздрави иницијативата, посочувајќи дека борбата против корупцијата и доброто владеење е еден од главните приоритети на албанската Влада.

Крајна линија останува политичката волја, и се надевам дека иако сите присутни министри на масава се мажи, ќе сториме многу повеќе за жените и младите, рече тој.

 

The post На маргините на Министерскиот состанок на ОБСЕ потпишана заедничка изјава за борба против корупцијата appeared first on Република.

]]>

Министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, на маргините на 30. Министерски самит на ОБСЕ во Скопје, потпишаа заедничка изјава за борба против корупцијата, перењето пари и олеснување на напорите за враќање на имотот. Текстот на заедничката изјава, усогласен за време на регионална конференција за борба против корупција во Југоисточна Европа, одржана во Скопје на 31 октомври годинава, во организација на македонското претседателство со ОБСЕ, а во соработка со Одделот за транснационални закани на ОБСЕ и Канцеларијата на координаторот на ОБСЕ за економски и еколошки активности, ја потпишаа македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, министерот за надворешни работи на Црна Гора, Филип Ивановиќ и министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани. Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи, по потпишувањето рече дека корупцијата е заеднички проблем на регионот, а потпишувањето на заедничката изјава праќа јасна порака дека корупцијата не се исплаќа.
Заедничката изјава препознава дека корупцијата го ослабнува владеењето на правото, ја разнишува довербата во институциите и ги загрозува социјалниот и економскиот развој и просперитет како и стабилноста и безбедноста. Таа претставува опасност за споделените вредности на ОБСЕ и предизвикува секаков вид на криминални активности, рече Османи.
Документот, како што посочи, содржи десет акциски точки, меѓу кои зајакнување и користење на дигитални алатки, регионална соработка на ниво на институции и организации во борбата против корупцијата и олеснување на напорите за враќање на имотот. Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ порача дека борбата против корупцијата не е можна без сеопфатна институционална и регионална соработка.
Ниту една земја не може сама, и ОБСЕ може да помогне во јакнење на капацитетите за спречување и борба против корупцијата, рече Дачиќ, посочувајќи дека ваква изјава треба да потпишат сите земји, вклучително и побогатите и поразвиени, за кои изрази сомнеж дека би успеале да ги исполнат сите критериуми кои самите ги поставуваат.
Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, рече дека јакнењето на регионалната соработка е клучно во борбата против корупцијата, а потпишувањето на изјавата, како што рече, претставува потврда за силната посветеност во борбата против корупцијата.
Препознаваме дека корупцијата е транснационален проблем и нашата посветеност се протега преку границите, потенцираше тој.
Филип Ивановиќ, министерот за надворешни работи на Црна Гора, потпишувањето на иницијативата го оцени како конкретен чекор во зајакнување на регионалната соработка во борбата против корупцијата и дека таа значително ќе помогне во зголемување на добросостојбата на државите.
Tоа е, исто така, критична одредница за оценка на прогресот на западните земји на патот кон ЕУ, дополни Ивановиќ.
Министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, ја поздрави иницијативата, посочувајќи дека борбата против корупцијата и доброто владеење е еден од главните приоритети на албанската Влада.
Крајна линија останува политичката волја, и се надевам дека иако сите присутни министри на масава се мажи, ќе сториме многу повеќе за жените и младите, рече тој.
 

The post На маргините на Министерскиот состанок на ОБСЕ потпишана заедничка изјава за борба против корупцијата appeared first on Република.

]]>
Во Лондон отворен глобалниот Самит за безбедност на храната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-london-otvoren-globalniot-samit-za-bezbednost-na-hranata/ Mon, 20 Nov 2023 14:41:27 +0000 https://republika.mk/?p=714475

Британскиот премиер Риши Сунак денеска во Лондон го отвори Глобалниот самит за безбедност на храната на кој присуствуваа претставници на повеќе од 20 земји, јавува Би-Би-Си.

Во воведното обраќање, Сунак рече дека Велика Британија воспоставува нова научна иницијатива за да помогне во развојот на сорти на култури кои се поотпорни на климатските промени: ориз отпорен на поплави, пченица отпорна на болести и други.

Тој, исто така, најави нов виртуелен центар за поврзување на светските истражувачи на нови, отпорни култури. Центарот Tac во Велика Британија ќе биде дел од глобалното истражувачко партнерство CGIAR: Science for humanity's greatest challenges (Наука за најголемите предизвици на човештвото).

Британскиот лидер ги повика светските челници да користат вештачка интелигенција и друга најсовремена технологија за да се стави крај на неухранетоста низ светот.

На почетокот на Самитот, ОН ги повика донаторите итно да ја зголемат помошта и да инвестираат во долгорочни решенија за решавање на основните причини за глад.

Собирот во Лондон го организираат Сомалија и Обединетите Арапски Емирати, заедно со Фондацијата за детски инвестициски фондови (CIFF) и фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

The post Во Лондон отворен глобалниот Самит за безбедност на храната appeared first on Република.

]]>

Британскиот премиер Риши Сунак денеска во Лондон го отвори Глобалниот самит за безбедност на храната на кој присуствуваа претставници на повеќе од 20 земји, јавува Би-Би-Си. Во воведното обраќање, Сунак рече дека Велика Британија воспоставува нова научна иницијатива за да помогне во развојот на сорти на култури кои се поотпорни на климатските промени: ориз отпорен на поплави, пченица отпорна на болести и други. Тој, исто така, најави нов виртуелен центар за поврзување на светските истражувачи на нови, отпорни култури. Центарот Tac во Велика Британија ќе биде дел од глобалното истражувачко партнерство CGIAR: Science for humanity's greatest challenges (Наука за најголемите предизвици на човештвото). Британскиот лидер ги повика светските челници да користат вештачка интелигенција и друга најсовремена технологија за да се стави крај на неухранетоста низ светот. На почетокот на Самитот, ОН ги повика донаторите итно да ја зголемат помошта и да инвестираат во долгорочни решенија за решавање на основните причини за глад. Собирот во Лондон го организираат Сомалија и Обединетите Арапски Емирати, заедно со Фондацијата за детски инвестициски фондови (CIFF) и фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

The post Во Лондон отворен глобалниот Самит за безбедност на храната appeared first on Република.

]]>
Си и Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот во Сан Франциско https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/si-i-bajden-ke-razgovaraat-za-globalniot-mir-i-razvoj-na-samitot-vo-san-frantsisko/ Mon, 13 Nov 2023 08:50:49 +0000 https://republika.mk/?p=700914

Кинескиот лидер Си Џинпинг и американскиот претседател Џо Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот оваа недела во Сан Франциско, соопшти денеска Пекинг.

„Двајцата шефови на држави ќе имаат длабинска комуникација за стратешки, општи и насочувачки прашања во врска со односите меѓу Кина и САД, како и за главните прашања во врска со глобалниот мир и развој“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг на редовниот брифинг.

Таа додаде дека Пекинг се противи на „дефинирање на односите меѓу Кина и САД во однос на конкуренцијата“.

The post Си и Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот во Сан Франциско appeared first on Република.

]]>

Кинескиот лидер Си Џинпинг и американскиот претседател Џо Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот оваа недела во Сан Франциско, соопшти денеска Пекинг. „Двајцата шефови на држави ќе имаат длабинска комуникација за стратешки, општи и насочувачки прашања во врска со односите меѓу Кина и САД, како и за главните прашања во врска со глобалниот мир и развој“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг на редовниот брифинг. Таа додаде дека Пекинг се противи на „дефинирање на односите меѓу Кина и САД во однос на конкуренцијата“.

The post Си и Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот во Сан Франциско appeared first on Република.

]]>
Политико: Самитoт во Гранада без резултати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/politiko-samitot-vo-granada-bez-rezultati/ Fri, 06 Oct 2023 07:06:04 +0000 https://republika.mk/?p=688405

 Неформалниот самит на европската политичка заедница во Гранада, Шпанија, заврши неуспешно вчера, бидејќи лидерите на речиси 50 земји и највисоките претставници на ЕУ не успеаја да постигнат значителен напредок кон решавање на конфликтите на прагот на Европа, пишува бриселскиот портал Политико.

„Чувството на бесполезност“ на неформалниот самит кулминираше кога Шпанија како домаќин во последен момент ја откажа планираната прес-конференција, која ја очекуваа дури 700 новинари, пишува бриселскиот портал.

Шпанија, која претседава со Европската унија, не објасни зошто е откажана прес-конференцијата на која требаше и формално да и го предаде управувањето со европската политичка заедница на Велика Британија.

Недостатокот на ентузијазам на лидерите за самитот беше очигледен уште од утрото, кога многу учесници не беа подготвени да им се обратат на многуте новинари кои ги чекаа, пишува Политико.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони помина покрај новинарите разговарајќи на нејзиниот мобилен телефон, а пред медиумите не се обратија ниту германскиот канцелар Олаф Шолц, ниту британскиот премиер Риши Сунак.

Третиот самит на Европската политичка заедница, платформа која ја смисли францускиот претседател Емануел Макрон, советниците го одбележаа како можност за посредување меѓу Ерменија и Азербејџан, за деескалација на тензиите на Балканот и за стратешка дискусија за европската безбедност.

Лидерите беа обединети во нивната поддршка за Украина и нејзиниот претседател Володимир Зеленски, но не успеаја да постигнат напредок кога станува збор за други конфликти.

Тие се надеваа дека Гранада ќе биде домаќин на првата средба меѓу азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан откако Азербејџан започна офанзива во Нагорно-Карабах, што доведе до егзодус на повеќе од 100.000 ерменски бегалци од тој азербејџански регион.

Сепак, надежите дека ќе бидат преземени чекори за ставање крај на хуманитарната криза во Нагорно-Карабах беа уништени кога и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган одлучија да не присуствуваат на самитот. Азербејџан ја обвини Франција за пристрасност во преговорите и се согласи да разговара само со посредство на ЕУ во Брисел.

Кон крајот на денот, Макрон им рече на новинарите дека, заедно со зајакнувањето на соработката во борбата против кибер криминалот, разговорите за Ерменија се доказ дека самитот бил корисен, иако се одржале без другата страна, Азербејџан, додава Политико

The post Политико: Самитoт во Гранада без резултати appeared first on Република.

]]>

 Неформалниот самит на европската политичка заедница во Гранада, Шпанија, заврши неуспешно вчера, бидејќи лидерите на речиси 50 земји и највисоките претставници на ЕУ не успеаја да постигнат значителен напредок кон решавање на конфликтите на прагот на Европа, пишува бриселскиот портал Политико. „Чувството на бесполезност“ на неформалниот самит кулминираше кога Шпанија како домаќин во последен момент ја откажа планираната прес-конференција, која ја очекуваа дури 700 новинари, пишува бриселскиот портал. Шпанија, која претседава со Европската унија, не објасни зошто е откажана прес-конференцијата на која требаше и формално да и го предаде управувањето со европската политичка заедница на Велика Британија. Недостатокот на ентузијазам на лидерите за самитот беше очигледен уште од утрото, кога многу учесници не беа подготвени да им се обратат на многуте новинари кои ги чекаа, пишува Политико. Италијанската премиерка Џорџа Мелони помина покрај новинарите разговарајќи на нејзиниот мобилен телефон, а пред медиумите не се обратија ниту германскиот канцелар Олаф Шолц, ниту британскиот премиер Риши Сунак. Третиот самит на Европската политичка заедница, платформа која ја смисли францускиот претседател Емануел Макрон, советниците го одбележаа како можност за посредување меѓу Ерменија и Азербејџан, за деескалација на тензиите на Балканот и за стратешка дискусија за европската безбедност. Лидерите беа обединети во нивната поддршка за Украина и нејзиниот претседател Володимир Зеленски, но не успеаја да постигнат напредок кога станува збор за други конфликти. Тие се надеваа дека Гранада ќе биде домаќин на првата средба меѓу азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан откако Азербејџан започна офанзива во Нагорно-Карабах, што доведе до егзодус на повеќе од 100.000 ерменски бегалци од тој азербејџански регион. Сепак, надежите дека ќе бидат преземени чекори за ставање крај на хуманитарната криза во Нагорно-Карабах беа уништени кога и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган одлучија да не присуствуваат на самитот. Азербејџан ја обвини Франција за пристрасност во преговорите и се согласи да разговара само со посредство на ЕУ во Брисел. Кон крајот на денот, Макрон им рече на новинарите дека, заедно со зајакнувањето на соработката во борбата против кибер криминалот, разговорите за Ерменија се доказ дека самитот бил корисен, иако се одржале без другата страна, Азербејџан, додава Политико

The post Политико: Самитoт во Гранада без резултати appeared first on Република.

]]>
Мишел: На декемврискиот Самит очекувам одлуки за проширувањето за некои од земјите од Западниот Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mishel-na-dekemvriskiot-samit-ochekuvam-odluki-za-proshiruvaneto-za-nekoi-od-zemjite-od-zapadniot-balkan/ Wed, 04 Oct 2023 09:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=687776

На Самитот на ЕУ во декември очекувам одлуки поврзани со проширувањето за некои од земјите од Западниот Балкан, согласно извештајот на Европската комисија за усогласеноста на државите кандидати со реформските барања, што се очекува да биде објавен во следните недели, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во интервју за португалската агенција Луса.

Од Европскиот совет ќе зависи што од извештајот на Комисијата ќе стави на маса, нагласи Мишел, додавајќи дека самиот факт што на неформалниот Самит на Унијата в петок во Гранада европските лидери ќе „разговараат за иднината на ЕУ поврзана со проширување претставува многу моќен сигнал“.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, тој во интервјуто се осврнува и на неговата изјава во Блед, кога 2030 година ја постави како цел за идното проширување на ЕУ.


Останувам на оваа цел и овој рок. Тоа им е јасно на сите. Зошто е важен овој датум? Затоа што тоа е јасен поттик за сите нас да се подготвиме и да ги забрзаме нашите напори. Без датум, имаше заедничка цел, но беше лесно да се одолговлекува и да не се донесат потребните одлуки, истакна претседателот на Европскиот совет.

Мишел смета и дека на декемврискиот Самит лидерите на ЕУ треба да дадат зелено светло за старт на формални пристапни преговори со Украина и Молдавија.

Декември ќе биде важен момент. Ќе биде тежок состанок, тежок Европски совет. Не би ги потценил предизвиците… Европскиот совет во декември треба да донесе некои одлуки за Украина, за Молдавија и за тоа дали ќе ги отвориме преговорите, изјави Мишел.

Според него, ЕУ во последниве месеци дала јасни сигнали со тоа што на Украина и додели статус на земја кандидат за членство во Унијата.

Испративме јасна порака не само од Европскиот совет, туку и од многу поединечни лидери дека треба да го забрзаме процесот и да ги направиме потребните напори, додаде Мишел во интервјуто.

 

The post Мишел: На декемврискиот Самит очекувам одлуки за проширувањето за некои од земјите од Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>

На Самитот на ЕУ во декември очекувам одлуки поврзани со проширувањето за некои од земјите од Западниот Балкан, согласно извештајот на Европската комисија за усогласеноста на државите кандидати со реформските барања, што се очекува да биде објавен во следните недели, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во интервју за португалската агенција Луса.
Од Европскиот совет ќе зависи што од извештајот на Комисијата ќе стави на маса, нагласи Мишел, додавајќи дека самиот факт што на неформалниот Самит на Унијата в петок во Гранада европските лидери ќе „разговараат за иднината на ЕУ поврзана со проширување претставува многу моќен сигнал“.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, тој во интервјуто се осврнува и на неговата изјава во Блед, кога 2030 година ја постави како цел за идното проширување на ЕУ. –
Останувам на оваа цел и овој рок. Тоа им е јасно на сите. Зошто е важен овој датум? Затоа што тоа е јасен поттик за сите нас да се подготвиме и да ги забрзаме нашите напори. Без датум, имаше заедничка цел, но беше лесно да се одолговлекува и да не се донесат потребните одлуки, истакна претседателот на Европскиот совет. Мишел смета и дека на декемврискиот Самит лидерите на ЕУ треба да дадат зелено светло за старт на формални пристапни преговори со Украина и Молдавија.
Декември ќе биде важен момент. Ќе биде тежок состанок, тежок Европски совет. Не би ги потценил предизвиците… Европскиот совет во декември треба да донесе некои одлуки за Украина, за Молдавија и за тоа дали ќе ги отвориме преговорите, изјави Мишел.
Според него, ЕУ во последниве месеци дала јасни сигнали со тоа што на Украина и додели статус на земја кандидат за членство во Унијата.
Испративме јасна порака не само од Европскиот совет, туку и од многу поединечни лидери дека треба да го забрзаме процесот и да ги направиме потребните напори, додаде Мишел во интервјуто.
 

The post Мишел: На декемврискиот Самит очекувам одлуки за проширувањето за некои од земјите од Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>
ИФИМЕС: Самитот на БРИКС покажа дека Африка е дипломатско бојно поле за светските сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ifimes-samitot-na-briks-pokazha-deka-afrika-e-diplomatsko-bojno-pole-za-svetskite-sili/ Sun, 27 Aug 2023 12:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=676294

На самитот БРИКС што се одржа во Јоханесбург се разговараше за глобалните тензии кои произлегуваат од конфликтот во Украина, ескалацијата на тензиите во Источна Азија, како и можната војна во африканскиот регион Сахел по државниот удар во Нигер, соопшти Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана во анализата на самитот, укажувајќи дека африканскиот континент во моментов е дипломатско бојно поле меѓу Западот, Кина и Русија.

ИФИМЕС истакнува дека Западот, Кина и Русија се обидуваат да го зголемат своето влијание во Африка за да се натпреваруваат за суровини и ресурси.

Во анализата насловена „Свет 2023: БРИКС – Самит на де-доларизација“, ИФИМЕС нагласува дека на самитот од 22 до 24 август, како и обично, била разгледана неопходноста од реформирање на сегашниот, според учесниците, неправеден систем, со посебна осврт на потребата од големи структурни реформи на глобалниот финансиски систем во кој доминираат САД.

The post ИФИМЕС: Самитот на БРИКС покажа дека Африка е дипломатско бојно поле за светските сили appeared first on Република.

]]>

На самитот БРИКС што се одржа во Јоханесбург се разговараше за глобалните тензии кои произлегуваат од конфликтот во Украина, ескалацијата на тензиите во Источна Азија, како и можната војна во африканскиот регион Сахел по државниот удар во Нигер, соопшти Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана во анализата на самитот, укажувајќи дека африканскиот континент во моментов е дипломатско бојно поле меѓу Западот, Кина и Русија. ИФИМЕС истакнува дека Западот, Кина и Русија се обидуваат да го зголемат своето влијание во Африка за да се натпреваруваат за суровини и ресурси. Во анализата насловена „Свет 2023: БРИКС – Самит на де-доларизација“, ИФИМЕС нагласува дека на самитот од 22 до 24 август, како и обично, била разгледана неопходноста од реформирање на сегашниот, според учесниците, неправеден систем, со посебна осврт на потребата од големи структурни реформи на глобалниот финансиски систем во кој доминираат САД.

The post ИФИМЕС: Самитот на БРИКС покажа дека Африка е дипломатско бојно поле за светските сили appeared first on Република.

]]>