самит во дубровник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samit-vo-dubrovnik/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 10:04:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png самит во дубровник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samit-vo-dubrovnik/ 32 32 Во Дубровник силни безбедносни мерки поради пристигнувањето на Зеленски https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-dubrovnik-silni-bezbednosni-merki-poradi-pristignuvaneto-na-zelenski/ Wed, 09 Oct 2024 10:03:10 +0000 https://republika.mk/?p=824519

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска за првпат ќе пристигне во Хрватска за да учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа во Дубровник, кој го организира заедно со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ.

Тоа е трет самит во овој формат – првиот се одржа во август 2022 година во Атина, вториот во февруари 2024 година во Тирана – а главната цел на состанокот во Дубровник е да се изрази солидарноста и поддршката на земјите од Југоисточна Европа на Украина, која се соочува со руска агресија.

Одѕивот на високи функционери на земјите од регионот на третиот по ред самит Украина-Југоисточна Европа е најголем досега.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не беше поканет на самитот.

Пристигнувањето на претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и претседателот на Косово, Вјоса Османи и петмина премиери: на Грција, Киријакос Митотакис, на Бугарија, Димитар Главчев, на Македонија, Христијан Мицкоски, на Албанија Еди Рама и Борјана Кришто, претседателка на Советот на министри на Босна и Херцеговина.

Турција, Србија, Романија и Молдавија ќе бидат претставени на ниво на министри за надворешни работи.

Србија во пресрет на самитот неформално објави дека во Дубровник ќе дојде и претседателот Александар Вучиќ, иако претходно беше најавен министерот за надворешни работи, Марко Ѓуриќ како највисок претставник на земјата.

Познато е дека учесниците самитот ќе го искористат за низа билатерални средби, а на средбата во Дубровник ќе учествуваат и потпретседателката на Европската комисија, Дубравка Шуица и генералниот секретар на ОЕЦД, Матијас Корман.

-Од безбедносни мерки на рутата на движење до контрола на храна и пијалоци, до антиексплозија; потоа транзитно осигурување, гранична контрола, контрола на странци, контрола на домашни лица. Така што всушност сите мерки што можеме да ги замислиме, особено во денешното време каде што се актуелни беспилотните летала и анти-дронови; снајперисти, контра-снајперисти, морнарица, воздухопловство, изјави за ХТВ експертот за безбедност, Боно Марјановиќ, додавајќи дека за одржување на овој самит би можеле да бидат ангажирани над илјада луѓе.

The post Во Дубровник силни безбедносни мерки поради пристигнувањето на Зеленски appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска за првпат ќе пристигне во Хрватска за да учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа во Дубровник, кој го организира заедно со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ. Тоа е трет самит во овој формат – првиот се одржа во август 2022 година во Атина, вториот во февруари 2024 година во Тирана – а главната цел на состанокот во Дубровник е да се изрази солидарноста и поддршката на земјите од Југоисточна Европа на Украина, која се соочува со руска агресија. Одѕивот на високи функционери на земјите од регионот на третиот по ред самит Украина-Југоисточна Европа е најголем досега. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не беше поканет на самитот. Пристигнувањето на претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и претседателот на Косово, Вјоса Османи и петмина премиери: на Грција, Киријакос Митотакис, на Бугарија, Димитар Главчев, на Македонија, Христијан Мицкоски, на Албанија Еди Рама и Борјана Кришто, претседателка на Советот на министри на Босна и Херцеговина. Турција, Србија, Романија и Молдавија ќе бидат претставени на ниво на министри за надворешни работи. Србија во пресрет на самитот неформално објави дека во Дубровник ќе дојде и претседателот Александар Вучиќ, иако претходно беше најавен министерот за надворешни работи, Марко Ѓуриќ како највисок претставник на земјата. Познато е дека учесниците самитот ќе го искористат за низа билатерални средби, а на средбата во Дубровник ќе учествуваат и потпретседателката на Европската комисија, Дубравка Шуица и генералниот секретар на ОЕЦД, Матијас Корман. -Од безбедносни мерки на рутата на движење до контрола на храна и пијалоци, до антиексплозија; потоа транзитно осигурување, гранична контрола, контрола на странци, контрола на домашни лица. Така што всушност сите мерки што можеме да ги замислиме, особено во денешното време каде што се актуелни беспилотните летала и анти-дронови; снајперисти, контра-снајперисти, морнарица, воздухопловство, изјави за ХТВ експертот за безбедност, Боно Марјановиќ, додавајќи дека за одржување на овој самит би можеле да бидат ангажирани над илјада луѓе.

The post Во Дубровник силни безбедносни мерки поради пристигнувањето на Зеленски appeared first on Република.

]]>