самит на нато Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samit-na-nato/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jul 2024 06:41:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png самит на нато Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samit-na-nato/ 32 32 Орбан: НАТО мора да го донесе мирот, а не војните околу него! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/orban-nato-mora-da-go-donese-mirot-a-ne-vojnite-okolu-nego/ Thu, 11 Jul 2024 06:41:11 +0000 https://republika.mk/?p=795603

НАТО официјално се обврза да обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра следната година, стои во заклучната декларација усвоена од шефовите на државите и владите на земјите-членки на Алијансата на состанокот во Вашингтон.

Унгарија, која се спротивставува на воената помош за Украина, доби право да не ја дава истата.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој на самитот јасно го кажа својот став за конфликтот, порача дека дека НАТО мора да го донесе мирот, а не војните околу него!


На третиот ден од вашингтонскиот Самит на НАТО, лидерите на Алијансата ќе имаат состанок со нивните колеги од партнерските земји од азиско-пацифичкиот регион - Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Јужна Кореја, како и со високи претставници на Европската Унија. Самитот ќе заврши со заседание на Советот НАТО-Украина на ниво на шефовите на држави или влади, на кое ќе се зборува за поддршката на Алијансата за Киев.

 

The post Орбан: НАТО мора да го донесе мирот, а не војните околу него! appeared first on Република.

]]>

НАТО официјално се обврза да обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра следната година, стои во заклучната декларација усвоена од шефовите на државите и владите на земјите-членки на Алијансата на состанокот во Вашингтон. Унгарија, која се спротивставува на воената помош за Украина, доби право да не ја дава истата. Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој на самитот јасно го кажа својот став за конфликтот, порача дека дека НАТО мора да го донесе мирот, а не војните околу него! На третиот ден од вашингтонскиот Самит на НАТО, лидерите на Алијансата ќе имаат состанок со нивните колеги од партнерските земји од азиско-пацифичкиот регион - Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Јужна Кореја, како и со високи претставници на Европската Унија. Самитот ќе заврши со заседание на Советот НАТО-Украина на ниво на шефовите на држави или влади, на кое ќе се зборува за поддршката на Алијансата за Киев.  

The post Орбан: НАТО мора да го донесе мирот, а не војните околу него! appeared first on Република.

]]>
НАТО официјално се обврза да обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра следната година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nato-ofitsijalno-se-obvrza-da-obezbedi-voena-pomosh-za-ukraina-vo-visina-od-40-milijardi-evra-slednata-godina/ Thu, 11 Jul 2024 06:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=795589

НАТО официјално се обврза да обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра следната година, стои во заклучната декларација усвоена од шефовите на државите и владите на земјите-членки на Алијансата на состанокот во Вашингтон.

Ние имаме намера да обезбедиме пакет основна помош во вредност од најмалку 40 милијарди евра следната година и потоа да ја одржуваме безбедносната помош на одржливо ниво, така што Украина ќе победи, се наведува во соопштението, одобрено вчера по локално време во главниот град на САД од Северноатлантскиот совет - највисокиот политички орган за донесување одлуки во НАТО.

Во петокот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потврди дека алијансата ќе обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра следната година. Сојузниците се договориле да го одржуваат овој финансиски ангажман и во 2026 година како минимално ниво потребно за задоволување на потребите на Украина за заштита од руската агресија, додаде тој.

Меѓутоа, ветувањето за 40 милијарди евра не е повеќегодишен финансиски ангажман за поддршка на Украина, што Столтенберг сакаше да биде одобрено од НАТО. Следната година, алијансата ќе направи ревизија на воената помош за оваа земја.

Унгарија, која се спротивставува на воената помош за Украина, доби право да не ја дава истата.

Лидерите на НАТО објавија дека патот на Украина кон членство во НАТО е неповратен, но не наведоа конкретни рокови. Поранешната советска република ќе може да се приклучи кон западниот воен сојуз кога ќе ги исполни соодветните услови и ќе биде постигната согласност меѓу земјите-членки.

Денеска лидерите на НАТО ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски на состанок на Советот НАТО-Украина. Зеленски пристигна во Вашингтон со барања за членство и зголемување на помошта, особено во областа на противвоздушната одбрана.

Завчера, на првиот ден од самитот, сојузниците од НАТО се обврзаа да обезбедат десетици системи за противвоздушна одбрана на Украина, вклучувајќи четири системи „Патриот“.

Во заклучната декларација, лидерите на алијансата изразија загриженост за зближувањето меѓу Русија и Кина и ја осудија поддршката на Пекинг за руската инвазија во Украина. „Продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу Русија и Кина, како и нивните заеднички обиди да го дестабилизираат и прекројат поредокот базиран на правила, предизвикуваат длабока загриженост“, се вели во текстот.

Денеска, на последниот ден од Самитот, лидерите на НАТО ќе имаат состанок со партнери од Индо-Пацифичкиот регион и Европската Унија. Поканети се лидерите на Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Јужна Кореја, Украина и ЕУ, соопшти Стејт департментот на САД.

Пред почетокот на состанокот во Вашингтон, Кина ја критикуваше активноста на НАТО во Азијатско-тихоокеанскиот регион.

The post НАТО официјално се обврза да обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра следната година appeared first on Република.

]]>

НАТО официјално се обврза да обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра следната година, стои во заклучната декларација усвоена од шефовите на државите и владите на земјите-членки на Алијансата на состанокот во Вашингтон.
Ние имаме намера да обезбедиме пакет основна помош во вредност од најмалку 40 милијарди евра следната година и потоа да ја одржуваме безбедносната помош на одржливо ниво, така што Украина ќе победи, се наведува во соопштението, одобрено вчера по локално време во главниот град на САД од Северноатлантскиот совет - највисокиот политички орган за донесување одлуки во НАТО.
Во петокот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потврди дека алијансата ќе обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра следната година. Сојузниците се договориле да го одржуваат овој финансиски ангажман и во 2026 година како минимално ниво потребно за задоволување на потребите на Украина за заштита од руската агресија, додаде тој. Меѓутоа, ветувањето за 40 милијарди евра не е повеќегодишен финансиски ангажман за поддршка на Украина, што Столтенберг сакаше да биде одобрено од НАТО. Следната година, алијансата ќе направи ревизија на воената помош за оваа земја. Унгарија, која се спротивставува на воената помош за Украина, доби право да не ја дава истата. Лидерите на НАТО објавија дека патот на Украина кон членство во НАТО е неповратен, но не наведоа конкретни рокови. Поранешната советска република ќе може да се приклучи кон западниот воен сојуз кога ќе ги исполни соодветните услови и ќе биде постигната согласност меѓу земјите-членки. Денеска лидерите на НАТО ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски на состанок на Советот НАТО-Украина. Зеленски пристигна во Вашингтон со барања за членство и зголемување на помошта, особено во областа на противвоздушната одбрана. Завчера, на првиот ден од самитот, сојузниците од НАТО се обврзаа да обезбедат десетици системи за противвоздушна одбрана на Украина, вклучувајќи четири системи „Патриот“. Во заклучната декларација, лидерите на алијансата изразија загриженост за зближувањето меѓу Русија и Кина и ја осудија поддршката на Пекинг за руската инвазија во Украина. „Продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу Русија и Кина, како и нивните заеднички обиди да го дестабилизираат и прекројат поредокот базиран на правила, предизвикуваат длабока загриженост“, се вели во текстот. Денеска, на последниот ден од Самитот, лидерите на НАТО ќе имаат состанок со партнери од Индо-Пацифичкиот регион и Европската Унија. Поканети се лидерите на Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Јужна Кореја, Украина и ЕУ, соопшти Стејт департментот на САД. Пред почетокот на состанокот во Вашингтон, Кина ја критикуваше активноста на НАТО во Азијатско-тихоокеанскиот регион.

The post НАТО официјално се обврза да обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра следната година appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Иднината на регионот е економската соработка и инвестициите, како и апсолутна борба против корупцијата и организираниот криминал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-idninata-na-regionot-e-ekonomskata-sorabotka-i-investitsiite-kako-i-apsolutna-borba-protiv-koruptsijata-i-organiziraniot-kriminal/ Wed, 10 Jul 2024 10:45:49 +0000 https://republika.mk/?p=795287

Премиерот Мицкоски на својот Фејсбук профил објави фотографии од Самитот на НАТО и истакна дека иднината на регионот е економската соработка и инвестициите за посреќни граѓани, како и апсолутна борба против корупцијата и организираниот криминал кој претставува најголема закана за напредокот.

Македонската влада е посветена кон развиена економија и воспоставување на владеењето на правото.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-od-vashington-makedonskata-vlada-e-posvetena-na-razviena-ekonomija-i-vospostavuvane-na-vladeeneto-na-pravoto/

The post Мицкоски: Иднината на регионот е економската соработка и инвестициите, како и апсолутна борба против корупцијата и организираниот криминал appeared first on Република.

]]>

Премиерот Мицкоски на својот Фејсбук профил објави фотографии од Самитот на НАТО и истакна дека иднината на регионот е економската соработка и инвестициите за посреќни граѓани, како и апсолутна борба против корупцијата и организираниот криминал кој претставува најголема закана за напредокот.
Македонската влада е посветена кон развиена економија и воспоставување на владеењето на правото.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-od-vashington-makedonskata-vlada-e-posvetena-na-razviena-ekonomija-i-vospostavuvane-na-vladeeneto-na-pravoto/

The post Мицкоски: Иднината на регионот е економската соработка и инвестициите, како и апсолутна борба против корупцијата и организираниот криминал appeared first on Република.

]]>
Почнува НАТО Самитот: Украина и зајакнувањето на одбранбена индустрија главни теми https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochnuva-nato-samitot-ukraina-i-zajaknuvaneto-na-odbranbena-industrija-glavni-temi/ Tue, 09 Jul 2024 06:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=794749

Македонска владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски од денеска до четврток ќе учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон, на кој ќе се одбележи 75-годишнината од формирањето на Алијансата во 1949 година и на кој главни теми ќе бидат обезбедувањето сигурна и стабилна поддршка за Украина, плановите за одвраќање и одбрана на членките на Пактот, зајакнувањето на одбранбена индустрија и инвестициите и зацврстувањето на глобалните партнерства.

НАТО прекинува со обуката на ирачките сили за безбедност по убиството крај Багдад на иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Цели и заложби на НАТО 

Целта на НАТО е да ја гарантира слободата и безбедноста на своите членки, како клучни за нивната благосостојба, преку политички и воени средства.

Во воведниот текст на Основачкиот договор на НАТО се посочува дека земјите членки ја потврдуваат својата посветеност на целите и принципите на Повелбата на ОН и на нивната желба да живеат во мир со сите народи и сите влади, за што тие се решени „да ја заштитат слободата, заедничкото наследство и цивилизацијата на нивните народи, засновани на принципите на демократијата, индивидуалната слобода и владеењето на правото, се обидуваат да промовираат стабилност и благосостојба во северноатлантската област и се решени да ги обединат своите напори за колективна одбрана и за зачувување на мирот и безбедноста“.

The post Почнува НАТО Самитот: Украина и зајакнувањето на одбранбена индустрија главни теми appeared first on Република.

]]>

Македонска владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски од денеска до четврток ќе учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон, на кој ќе се одбележи 75-годишнината од формирањето на Алијансата во 1949 година и на кој главни теми ќе бидат обезбедувањето сигурна и стабилна поддршка за Украина, плановите за одвраќање и одбрана на членките на Пактот, зајакнувањето на одбранбена индустрија и инвестициите и зацврстувањето на глобалните партнерства. НАТО прекинува со обуката на ирачките сили за безбедност по убиството крај Багдад на иранскиот генерал Касим Сулејмани. Цели и заложби на НАТО  Целта на НАТО е да ја гарантира слободата и безбедноста на своите членки, како клучни за нивната благосостојба, преку политички и воени средства. Во воведниот текст на Основачкиот договор на НАТО се посочува дека земјите членки ја потврдуваат својата посветеност на целите и принципите на Повелбата на ОН и на нивната желба да живеат во мир со сите народи и сите влади, за што тие се решени „да ја заштитат слободата, заедничкото наследство и цивилизацијата на нивните народи, засновани на принципите на демократијата, индивидуалната слобода и владеењето на правото, се обидуваат да промовираат стабилност и благосостојба во северноатлантската област и се решени да ги обединат своите напори за колективна одбрана и за зачувување на мирот и безбедноста“.

The post Почнува НАТО Самитот: Украина и зајакнувањето на одбранбена индустрија главни теми appeared first on Република.

]]>
Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на Самитот на НАТО во Вашингтон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladina-delegatsija-predvodena-od-premierot-mitskoski-na-samitot-na-nato-vo-vashinton/ Tue, 09 Jul 2024 05:59:12 +0000 https://republika.mk/?p=794746

Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски од денеска учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон со кој се одбележуваат 75 години од формирањето на Алијансата. Предвидени се голем број билатерални средби со државници на земји членки на Алијансата, но останува неизвесно дали на маргините на Самитот, Мицкоски ќе се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Од Владата нема официјална потврда, а од ВМРО-ДПМНЕ во неделата изјавија дека нема информации за евентуална билатерална средба, меѓутоа дека ваквите меѓународни самити се места каде се применува современата дипломатија.

 

- Засега нема информации за евентуална билатерална средба со Мицотакис, меѓутоа меѓународните собири, самити, се места каде што се применува, односно спроведува современата дипломатија. Неопходноста за нов пристап во заштитата на интересите на своите граѓани, преговарањето, а особено унапредувањето на односите на сите подрачја и сопственото меѓународно промовирање во целост го одредува пристапот на Владата кон дипломатијата, базирана на взаемна почит и насочена кон градење на пријателски мостови и искрено взаемно почитување и добрососедски односи, изјави во неделата Миле Лефков, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис вчера изјави дека не е планирана средба, но дека не е исклучено на маргините на Самитот, да има билатерални средби.

- Не е планирана средба, но не е исклучено во рамките на активностите и на маргините на Самитот на НАТО, премиерот да има и некои билатерални средби. Но, нешто планирано, не постои, рече Маринакис на прашањето на МИА за евентуалната средба Мицотакис – Мицкоски.

The post Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на Самитот на НАТО во Вашингтон appeared first on Република.

]]>

Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски од денеска учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон со кој се одбележуваат 75 години од формирањето на Алијансата. Предвидени се голем број билатерални средби со државници на земји членки на Алијансата, но останува неизвесно дали на маргините на Самитот, Мицкоски ќе се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Од Владата нема официјална потврда, а од ВМРО-ДПМНЕ во неделата изјавија дека нема информации за евентуална билатерална средба, меѓутоа дека ваквите меѓународни самити се места каде се применува современата дипломатија.  
- Засега нема информации за евентуална билатерална средба со Мицотакис, меѓутоа меѓународните собири, самити, се места каде што се применува, односно спроведува современата дипломатија. Неопходноста за нов пристап во заштитата на интересите на своите граѓани, преговарањето, а особено унапредувањето на односите на сите подрачја и сопственото меѓународно промовирање во целост го одредува пристапот на Владата кон дипломатијата, базирана на взаемна почит и насочена кон градење на пријателски мостови и искрено взаемно почитување и добрососедски односи, изјави во неделата Миле Лефков, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис вчера изјави дека не е планирана средба, но дека не е исклучено на маргините на Самитот, да има билатерални средби.
- Не е планирана средба, но не е исклучено во рамките на активностите и на маргините на Самитот на НАТО, премиерот да има и некои билатерални средби. Но, нешто планирано, не постои, рече Маринакис на прашањето на МИА за евентуалната средба Мицотакис – Мицкоски.

The post Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на Самитот на НАТО во Вашингтон appeared first on Република.

]]>
Mицкоски се сретна со Ричард Гренел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-se-sretna-so-richard-grenel/ Mon, 08 Jul 2024 11:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=794563

Плодна и пријателска вечера со Ричард Гренел, американски дипломат, поранешен директор на американската разузнавачка служба и добар познавач на состојбите на Балканот. Економија, енергетика и владеење на право, теми за продлабочување на соработката.

 

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-i-makedonskata-dijaspora-vo-vashington-razgovaraa-za-poddrshka-i-lobirane-za-makedonskite-interesi/

The post Mицкоски се сретна со Ричард Гренел appeared first on Република.

]]>

Плодна и пријателска вечера со Ричард Гренел, американски дипломат, поранешен директор на американската разузнавачка служба и добар познавач на состојбите на Балканот. Економија, енергетика и владеење на право, теми за продлабочување на соработката.   https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-i-makedonskata-dijaspora-vo-vashington-razgovaraa-za-poddrshka-i-lobirane-za-makedonskite-interesi/

The post Mицкоски се сретна со Ричард Гренел appeared first on Република.

]]>
Mицкоски и македонската дијаспора во Вашингтон разговараа за поддршка и лобирање за македонските интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-i-makedonskata-dijaspora-vo-vashington-razgovaraa-za-poddrshka-i-lobirane-za-makedonskite-interesi/ Mon, 08 Jul 2024 06:49:10 +0000 https://republika.mk/?p=794378

Пред почетокот на самитот на НАТО, посветив внимание за позициите и прашањата на нашата дијаспора, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски, којзаедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја започнаа официјалната посета на САД, каде ќе бидат дел од одбележувањето на 75 години НАТО.

Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси, порача Мицкоски.


Мицкоски најави дека во Вашингтон ќе оствари голем број на билатерални средби со државници од земјите членки на Алијансата, но и средби со бизнисмени и со македонската дијаспора, на кои ќе им ги презентира придобивките од инвестирање во Макеоднија. Тој ја најави и новата странска инвестиција на компанија од листата на 500 најголеми компании во светот.

The post Mицкоски и македонската дијаспора во Вашингтон разговараа за поддршка и лобирање за македонските интереси appeared first on Република.

]]>

Пред почетокот на самитот на НАТО, посветив внимание за позициите и прашањата на нашата дијаспора, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски, којзаедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја започнаа официјалната посета на САД, каде ќе бидат дел од одбележувањето на 75 години НАТО. Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси, порача Мицкоски. Мицкоски најави дека во Вашингтон ќе оствари голем број на билатерални средби со државници од земјите членки на Алијансата, но и средби со бизнисмени и со македонската дијаспора, на кои ќе им ги презентира придобивките од инвестирање во Макеоднија. Тој ја најави и новата странска инвестиција на компанија од листата на 500 најголеми компании во светот.

The post Mицкоски и македонската дијаспора во Вашингтон разговараа за поддршка и лобирање за македонските интереси appeared first on Република.

]]>
Премиерот Мицкоски ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО во Вашинтон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-ja-predvodi-makedonskata-delegatsija-na-samitot-na-nato-vo-vashinton/ Sun, 07 Jul 2024 10:09:50 +0000 https://republika.mk/?p=794218

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја започнува официјалната посета на САД, каде што ќе учествува на Самитот на НАТО и ќе оствари бројни билатерални средби со високи американски и меѓународни лидери.

Посетата на Мицкоски, како што информираат од владината прес-служба, има за цел да ги зајакне билатералните односи со САД, да ја афирмира Македонија како стабилен партнер и да ги промовира економските можности на нашата земја пред американските инвеститори.

Мицкоски, како што е најавено, ќе одржи говор на реномираниот Johns Hopkins University- School of Advanced International Studies, по што ќе следуваат средби со претставници од бизнис заедницата во САД. Премиерот ќе има и средби со високи претставници на IRI, конгресмени и сенатори, односно Брендон Бојл и сенаторката Џин Шахин - копретседавачи на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД. Во вечерните часови, пак, тој ќе учествува на свечениот настан по повод 75-годишнината на НАТО, што ќе се одржи во Andrew W. Mellon Auditorium.

Македонската делегација исто така ќе учествува и на отворањето на НАТО форумот и ќе присуствува на состаноците на Северно - атлантскиот совет, каде што Мицкоски ќе има прилика за средби со други лидери и изјави за медиуми.

Мицкоски ќе присуствува и на вечерата во Белата куќа организирана за лидерите, а министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе присуствуваат на специјални вечери организирани од државниот секретар Етони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин.

Самитот на НАТО се одржува од 9 до 11 јули во Вашингтон, САД.

The post Премиерот Мицкоски ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО во Вашинтон appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја започнува официјалната посета на САД, каде што ќе учествува на Самитот на НАТО и ќе оствари бројни билатерални средби со високи американски и меѓународни лидери. Посетата на Мицкоски, како што информираат од владината прес-служба, има за цел да ги зајакне билатералните односи со САД, да ја афирмира Македонија како стабилен партнер и да ги промовира економските можности на нашата земја пред американските инвеститори. Мицкоски, како што е најавено, ќе одржи говор на реномираниот Johns Hopkins University- School of Advanced International Studies, по што ќе следуваат средби со претставници од бизнис заедницата во САД. Премиерот ќе има и средби со високи претставници на IRI, конгресмени и сенатори, односно Брендон Бојл и сенаторката Џин Шахин - копретседавачи на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД. Во вечерните часови, пак, тој ќе учествува на свечениот настан по повод 75-годишнината на НАТО, што ќе се одржи во Andrew W. Mellon Auditorium. Македонската делегација исто така ќе учествува и на отворањето на НАТО форумот и ќе присуствува на состаноците на Северно - атлантскиот совет, каде што Мицкоски ќе има прилика за средби со други лидери и изјави за медиуми. Мицкоски ќе присуствува и на вечерата во Белата куќа организирана за лидерите, а министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе присуствуваат на специјални вечери организирани од државниот секретар Етони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин. Самитот на НАТО се одржува од 9 до 11 јули во Вашингтон, САД.

The post Премиерот Мицкоски ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО во Вашинтон appeared first on Република.

]]>
Украина и името главни теми на претстојниот Самит на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-i-imeto-glavni-temi-na-pretstojniot-samit-na-nato/ Sat, 06 Jul 2024 06:27:39 +0000 https://republika.mk/?p=793935

Обезбедувањето сигурна и стабилна поддршка за Украина, засилувањето на одвраќањето и одбраната, зајакнување на трансатлантската одбранбена индустриска соработка и зголемувањето на одбранбеното производството и зацврстувањето на глобалните партнерства со земјите од индо-пацифичкиот регион, ќе бидат главните теми на претстојниот Самит на НАТО што од 9 до 11 јули ќе се одржи во Вашингтон.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера во пресрет на Самитот порача дека поддршката за Украина ќе биде „најитната задача“ на Алијансата и дека очекува шефовите на држави или влади на членките на Пактот да договорат „значителен пакет“ за Киев.

НАТО ќе ја преземе координацијата и обезбедувањето на најголемата меѓународна безбедносна помош, изјави Столтенберг.

Според него, се очекува на Самитот да се договори финансиска помош и понепосредна воена поддршка за Украина, да бидат склучени повеќе билатерални безбедносни договори меѓу земјите членки и Киев и да се продлабочи воената интероперабилност со земјата.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Столтенберг додаде дека сите овие елементи ќе „претставуваат мост за членство на Украина во НАТО“, со што земјата „се приближува кон Алијансата“.

Согласно договореното на последниот состанок на министрите за одбрана одржан минатиот месец во Брисел, координацијата и доставувањето на помошта за Украина ќе се спроведува преку Команда стационирана во седиштето на НАТО во Германија и преку логистички центри во источните членки на Алијансата. Со Командата, која ќе има неколку стотици членови персонал, ќе раководи генерал-полковник, кој ќе му биде директно одговорен на командантот на силите на НАТО во Европа.

Се очекува на Самитот да биде усогласено името на оваа координација за испорака на воена помош за Украина и обуката на припадници на украинските вооружени сили. Целта е да се постигне обврзувачки договор за жовие процеси да се оддалечат од политичарите или од некоја институција, во случај на власт во некои членки да дојдат сили што не се премногу наклонети кон поддршката на Украина, како Доналд Трамп во Вашингтон или екстремно десничарскиот Национален собир (РН) во Париз.

Првично за овој процес со споменуваше името „Мисија Украина“, на што, според дипломатски извор, на тоа се спротивставил Берлин. Истите извори посочуваат дека германскиот канцелар Олаф Шолц отворено бил против ова име, со образложение дека терминот „мисија“ асоцира на испраќање „трупи на терен“, што би можело да сугерира на вклучување на Алијансата во конфликтот.

По ова на маса се нашле повеќе термини како „рамка“, „механизам“, „центар“, „иницијатива“, „команда“, „платформа“... На крајот се дошло до имињата „Украина-НАТО Иницијатива за обука и опрема“ или скратено УНИТЕ, што во превод од англиски значи „обедини“, „обединува“ и „НАТО безбедносна помош и обука за Украина“ или НСАТУИ.

Претставник на американскиот Стејт департмент на почетокот на неделава изјави дека се уште се работи на утврдување на конечното име на процесот.

Се уште работиме на тоа како да го доловиме и опишеме. Разгледуваме неколку можни акроними, додаде тој.

Дипломатски извори во НАТО посочуваат дека посебно внимание во Пактот се посветува на изборот на имињата, бидејќи тие имаат политичка тежина и носат порака. Според нив, многу е важно Кремљ да не ја злоупотреби таа порака и да не ја искористи за оправување на својата воена операција.

Понекогаш се расправаме и разговараме за работи за кои само ние сме грижиме, наместо да се обидуваме да им објасниме на луѓето надвор од ѕидовите на штабот колку е важна улогата на НАТО, посочи дипломатски извор за „Еурактив“.

Сепак, според друг дипломат, независно кое име ќе биде одбрано, колоквијално процесот ќе се нарекува „Мисија на НАТО во Украина“.

The post Украина и името главни теми на претстојниот Самит на НАТО appeared first on Република.

]]>

Обезбедувањето сигурна и стабилна поддршка за Украина, засилувањето на одвраќањето и одбраната, зајакнување на трансатлантската одбранбена индустриска соработка и зголемувањето на одбранбеното производството и зацврстувањето на глобалните партнерства со земјите од индо-пацифичкиот регион, ќе бидат главните теми на претстојниот Самит на НАТО што од 9 до 11 јули ќе се одржи во Вашингтон. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера во пресрет на Самитот порача дека поддршката за Украина ќе биде „најитната задача“ на Алијансата и дека очекува шефовите на држави или влади на членките на Пактот да договорат „значителен пакет“ за Киев.
НАТО ќе ја преземе координацијата и обезбедувањето на најголемата меѓународна безбедносна помош, изјави Столтенберг.
Според него, се очекува на Самитот да се договори финансиска помош и понепосредна воена поддршка за Украина, да бидат склучени повеќе билатерални безбедносни договори меѓу земјите членки и Киев и да се продлабочи воената интероперабилност со земјата. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Столтенберг додаде дека сите овие елементи ќе „претставуваат мост за членство на Украина во НАТО“, со што земјата „се приближува кон Алијансата“. Согласно договореното на последниот состанок на министрите за одбрана одржан минатиот месец во Брисел, координацијата и доставувањето на помошта за Украина ќе се спроведува преку Команда стационирана во седиштето на НАТО во Германија и преку логистички центри во источните членки на Алијансата. Со Командата, која ќе има неколку стотици членови персонал, ќе раководи генерал-полковник, кој ќе му биде директно одговорен на командантот на силите на НАТО во Европа. Се очекува на Самитот да биде усогласено името на оваа координација за испорака на воена помош за Украина и обуката на припадници на украинските вооружени сили. Целта е да се постигне обврзувачки договор за жовие процеси да се оддалечат од политичарите или од некоја институција, во случај на власт во некои членки да дојдат сили што не се премногу наклонети кон поддршката на Украина, како Доналд Трамп во Вашингтон или екстремно десничарскиот Национален собир (РН) во Париз. Првично за овој процес со споменуваше името „Мисија Украина“, на што, според дипломатски извор, на тоа се спротивставил Берлин. Истите извори посочуваат дека германскиот канцелар Олаф Шолц отворено бил против ова име, со образложение дека терминот „мисија“ асоцира на испраќање „трупи на терен“, што би можело да сугерира на вклучување на Алијансата во конфликтот. По ова на маса се нашле повеќе термини како „рамка“, „механизам“, „центар“, „иницијатива“, „команда“, „платформа“... На крајот се дошло до имињата „Украина-НАТО Иницијатива за обука и опрема“ или скратено УНИТЕ, што во превод од англиски значи „обедини“, „обединува“ и „НАТО безбедносна помош и обука за Украина“ или НСАТУИ. Претставник на американскиот Стејт департмент на почетокот на неделава изјави дека се уште се работи на утврдување на конечното име на процесот.
Се уште работиме на тоа како да го доловиме и опишеме. Разгледуваме неколку можни акроними, додаде тој.
Дипломатски извори во НАТО посочуваат дека посебно внимание во Пактот се посветува на изборот на имињата, бидејќи тие имаат политичка тежина и носат порака. Според нив, многу е важно Кремљ да не ја злоупотреби таа порака и да не ја искористи за оправување на својата воена операција.
Понекогаш се расправаме и разговараме за работи за кои само ние сме грижиме, наместо да се обидуваме да им објасниме на луѓето надвор од ѕидовите на штабот колку е важна улогата на НАТО, посочи дипломатски извор за „Еурактив“.
Сепак, според друг дипломат, независно кое име ќе биде одбрано, колоквијално процесот ќе се нарекува „Мисија на НАТО во Украина“.

The post Украина и името главни теми на претстојниот Самит на НАТО appeared first on Република.

]]>
Радев нема да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radev-nema-da-ja-predvodi-bugarskata-delegatsija-na-samitot-na-nato/ Thu, 27 Jun 2024 19:07:36 +0000 https://republika.mk/?p=791395

Претседателот на Бугарија, Румен Радев не го прифати предлогот на Советот на министри да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон, што ќе се одржи од 9 до 11 јули.

Како што објави БТА, одлуката на Радев е поради тоа што тој „не прифаќа некои одредби од рамковните позиции усвоени од Советот на министри, кои се однесуваат на обврските што нашата земја ги презема во однос на војната во Украина“.

Министерскиот совет вчера ги одобри рамковните позиции на Бугарија за Самитот на НАТО. Со истата одлука се предлага претседателот Радев да ја предводи бугарската делегација и да ги презентира прифатените рамковни позиции. По одбивањето на Радев, бугарската делегација ќе ја предводи премиерот и министер за надворешни работи Димитар Главчев.

Радев е поранешен генерал и пилот на борбен авион. Тој уште првиот ден ја осуди руската агресија врз Украина, но постојано ја критикува воената поддршка на бугарската Влада за Киев.

The post Радев нема да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Бугарија, Румен Радев не го прифати предлогот на Советот на министри да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон, што ќе се одржи од 9 до 11 јули. Како што објави БТА, одлуката на Радев е поради тоа што тој „не прифаќа некои одредби од рамковните позиции усвоени од Советот на министри, кои се однесуваат на обврските што нашата земја ги презема во однос на војната во Украина“. Министерскиот совет вчера ги одобри рамковните позиции на Бугарија за Самитот на НАТО. Со истата одлука се предлага претседателот Радев да ја предводи бугарската делегација и да ги презентира прифатените рамковни позиции. По одбивањето на Радев, бугарската делегација ќе ја предводи премиерот и министер за надворешни работи Димитар Главчев. Радев е поранешен генерал и пилот на борбен авион. Тој уште првиот ден ја осуди руската агресија врз Украина, но постојано ја критикува воената поддршка на бугарската Влада за Киев.

The post Радев нема да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО appeared first on Република.

]]>
Илинденска утре затворена за сообраќај https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ilindenska-utre-zatvorena-za-soobrakaj/ Tue, 28 Nov 2023 16:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=717278

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13.00 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“, и тоа од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани - учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

The post Илинденска утре затворена за сообраќај appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13.00 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“, и тоа од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. МВР апелира до сите граѓани - учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

The post Илинденска утре затворена за сообраќај appeared first on Република.

]]>
Претседателот Пендаровски ќе учествува на Самитот на НАТО во Мадрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-pendarovski-kje-uchestvuva-na-samitot-na-nato-vo-madrid/ Tue, 28 Jun 2022 07:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=520580

Претседателот Стево Пендаровски на 28, 29 и 30 јуни 2022 година ќе учествува и ќе ја предводи делегацијата на Република Македонија на Самитот на НАТО Алијансата, што се одржува во Мадрид, Кралството Шпанија. Во состав на државната делегација се министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

На 28 јуни, Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска ќе присуствува на свечена вечера, која во чест на лидерите на земјите-членки на НАТО, учесници на Самитот, ја приредува Кралот на Шпанија Фелипе Шести и неговата сопруга Кралицата Летиција.

На 29 и 30 јуни претседателот Пендаровски ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади.

Пендаровски на 29 јуни, во придружба на сопругата, ќе присуствува на неформалната трансатлантска вечера на ниво на шефови на држави и Влади, која ја приредува претседателот на Владата на Шпанија, Педро Санчез.

Во рамки на учеството на НАТО Самитот, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари повеќе билатерални средби.

На НАТО Самитот во Мадрид ќе бидат адресирани ургентните безбедносни предизвици на денешницата и иднината. Лидерските состаноци на Северноатлантскиот совет е предвидено да бидат фокусирани на усвојување на новиот Стратегиски концепт, унапредување на одбранбените капацитети, споделување на товарот и снабдување со ресурси, поддршка за Украина и останати партнерства.

The post Претседателот Пендаровски ќе учествува на Самитот на НАТО во Мадрид appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски на 28, 29 и 30 јуни 2022 година ќе учествува и ќе ја предводи делегацијата на Република Македонија на Самитот на НАТО Алијансата, што се одржува во Мадрид, Кралството Шпанија. Во состав на државната делегација се министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. На 28 јуни, Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска ќе присуствува на свечена вечера, која во чест на лидерите на земјите-членки на НАТО, учесници на Самитот, ја приредува Кралот на Шпанија Фелипе Шести и неговата сопруга Кралицата Летиција. На 29 и 30 јуни претседателот Пендаровски ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади. Пендаровски на 29 јуни, во придружба на сопругата, ќе присуствува на неформалната трансатлантска вечера на ниво на шефови на држави и Влади, која ја приредува претседателот на Владата на Шпанија, Педро Санчез. Во рамки на учеството на НАТО Самитот, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари повеќе билатерални средби. На НАТО Самитот во Мадрид ќе бидат адресирани ургентните безбедносни предизвици на денешницата и иднината. Лидерските состаноци на Северноатлантскиот совет е предвидено да бидат фокусирани на усвојување на новиот Стратегиски концепт, унапредување на одбранбените капацитети, споделување на товарот и снабдување со ресурси, поддршка за Украина и останати партнерства.

The post Претседателот Пендаровски ќе учествува на Самитот на НАТО во Мадрид appeared first on Република.

]]>