самит на г7 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samit-na-g7/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Nov 2023 09:56:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png самит на г7 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samit-na-g7/ 32 32 Следниот самит на лидерите на Г7 ќе се одржи од 13 до 15 јуни во Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sledniot-samit-na-liderite-na-g7-ke-se-odrzhi-od-13-do-15-juni-vo-italija/ Sat, 11 Nov 2023 10:40:29 +0000 https://republika.mk/?p=700499

Следниот самит на лидерите на Г7 ќе се одржи во Италија од 13 до 15 јуни, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Самитот ќе се одржи во Борго Игнација, италијанско одморалиште во југоисточниот регион Пуља, објави Мелони на социјалните мрежи.

Групата седум индустриски најразвиени земји ја сочинуваат Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија, САД и Канада.

The post Следниот самит на лидерите на Г7 ќе се одржи од 13 до 15 јуни во Италија appeared first on Република.

]]>

Следниот самит на лидерите на Г7 ќе се одржи во Италија од 13 до 15 јуни, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони. Самитот ќе се одржи во Борго Игнација, италијанско одморалиште во југоисточниот регион Пуља, објави Мелони на социјалните мрежи. Групата седум индустриски најразвиени земји ја сочинуваат Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија, САД и Канада.

The post Следниот самит на лидерите на Г7 ќе се одржи од 13 до 15 јуни во Италија appeared first on Република.

]]>
Г7 од Хирошима ја повикаа Кина да ја убеди Русија да ја прекине војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/g7-od-hiroshima-ja-povikaa-kina-da-ja-ubedi-rusija-da-ja-prekine-vojnata-vo-ukraina/ Sat, 20 May 2023 10:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=642951

Групата седум најбогати земји во светот (Г7) денеска ја повика Кина да изврши притисок врз својот стратешки партнер Русија за да ја прекине војната против Украина.

Во заедничкото соопштение лидерите на Г7 нагласиле дека не сакаат да и нанесат штета на Кина и дека бараат „конструктивни и стабилни односи“ со Пекинг, препознавајќи ја важноста на искрениот ангажман и изразувајќи загриженост директно до Кина.

„Ја повикуваме Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре својата воена агресија и веднаш, целосно и безусловно да ги повлече своите трупи од Украина“, се вели во соопштението. 

The post Г7 од Хирошима ја повикаа Кина да ја убеди Русија да ја прекине војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Групата седум најбогати земји во светот (Г7) денеска ја повика Кина да изврши притисок врз својот стратешки партнер Русија за да ја прекине војната против Украина. Во заедничкото соопштение лидерите на Г7 нагласиле дека не сакаат да и нанесат штета на Кина и дека бараат „конструктивни и стабилни односи“ со Пекинг, препознавајќи ја важноста на искрениот ангажман и изразувајќи загриженост директно до Кина. „Ја повикуваме Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре својата воена агресија и веднаш, целосно и безусловно да ги повлече своите трупи од Украина“, се вели во соопштението. 

The post Г7 од Хирошима ја повикаа Кина да ја убеди Русија да ја прекине војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Г7 се договорија до 2040 година да престане загадувањето со пластика https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/g7-se-dogovorija-do-2040-godina-da-prestane-zagaduvaneto-so-plastika/ Sun, 16 Apr 2023 15:26:23 +0000 https://republika.mk/?p=631293

Министрите за животна средина на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), на крајот од дводневниот состанок во јапонскиот град Сапоро, се обврзаа да се стави крај на загадувањето со пластика до 2040 година, јави германската новинска агенција ДПА.

Планот на Г7 е поамбициозен од договорот на Г20 од 2019 година, кој предвидува крај на загадувањето со пластика до 2050 година.

Евтината пластика за еднократна употреба стана исклучително вообичаен производ во индустријализираните земји. Поради тоа е исклучително важно земјите од Г7 да се обврзат брзо да стават крај на пластичниот отпад, изјави германската министерка за животна средина Штефи Лемке.

Правно обврзувачкиот договор треба да биде договорен до крајот на 2024 година.

Според еколошката организација „Светски фонд за дивата природа“ (World Wildlife Fund) од 19 до 23 милиони тони пластичен отпад годишно завршуваат во океаните.

The post Г7 се договорија до 2040 година да престане загадувањето со пластика appeared first on Република.

]]>

Министрите за животна средина на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), на крајот од дводневниот состанок во јапонскиот град Сапоро, се обврзаа да се стави крај на загадувањето со пластика до 2040 година, јави германската новинска агенција ДПА. Планот на Г7 е поамбициозен од договорот на Г20 од 2019 година, кој предвидува крај на загадувањето со пластика до 2050 година.
Евтината пластика за еднократна употреба стана исклучително вообичаен производ во индустријализираните земји. Поради тоа е исклучително важно земјите од Г7 да се обврзат брзо да стават крај на пластичниот отпад, изјави германската министерка за животна средина Штефи Лемке.
Правно обврзувачкиот договор треба да биде договорен до крајот на 2024 година. Според еколошката организација „Светски фонд за дивата природа“ (World Wildlife Fund) од 19 до 23 милиони тони пластичен отпад годишно завршуваат во океаните.

The post Г7 се договорија до 2040 година да престане загадувањето со пластика appeared first on Република.

]]>
Опожарени полициски возила во Минхен пред самитот на Г7 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/opozareni-policiski-vozila-vo-minhen-pred-samitot-na-g7/ Wed, 22 Jun 2022 20:34:00 +0000 https://republika.mk/?p=518652

Осум полициски возила изгореа во Минхен, неколку дена пред самитот на Г7 во Баварија.

Истрагата претпоставува дека пожарот е подметнат.

Интервентните полициски возила утрото биле паркирани пред хотелот во Минхен, каде што се сместени полицајците задолжени за обезбедување на врвот, изјавил за ДПА портпаролот на минхенската полиција.

Полицијата, набрзо откако се дознало за подметнувањето пожар, со хеликоптери тргнала во потрага по можните сторители, но засега безуспешно, изјави портпаролот. Се истражуваат и остатоците од целосно изгорените возила. Надлежните ја процениле штетата на шестцифрена бројка во евра. Во инцидентот нема повредени.

Ова не е прв инцидент поврзан со средбата во замокот Елмау, која започнува во недела и поради која веќе се воведени највисоките безбедносни мерки. Вчера се дозна дека некој се меша со кутиите за дистрибуција на електрична енергија во зоната на зголемена безбедност околу местото на самитот. Има и графити со натписи како „Одложете го Г7“ или „Не за Г7“. Полицијата се сомнева дека овие злосторства се политички мотивирани.

Самитот на Г7 е планиран од недела до вторник во веќе херметички затворениот замок Елмау во близина на Гармиш-Партенкирхен.

Таму ќе се сретнат шефовите на држави и влади на САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Јапонија и Канада, предводени од германскиот канцелар Олаф Шолц.

The post Опожарени полициски возила во Минхен пред самитот на Г7 appeared first on Република.

]]>

Осум полициски возила изгореа во Минхен, неколку дена пред самитот на Г7 во Баварија. Истрагата претпоставува дека пожарот е подметнат.
Интервентните полициски возила утрото биле паркирани пред хотелот во Минхен, каде што се сместени полицајците задолжени за обезбедување на врвот, изјавил за ДПА портпаролот на минхенската полиција.
Полицијата, набрзо откако се дознало за подметнувањето пожар, со хеликоптери тргнала во потрага по можните сторители, но засега безуспешно, изјави портпаролот. Се истражуваат и остатоците од целосно изгорените возила. Надлежните ја процениле штетата на шестцифрена бројка во евра. Во инцидентот нема повредени. Ова не е прв инцидент поврзан со средбата во замокот Елмау, која започнува во недела и поради која веќе се воведени највисоките безбедносни мерки. Вчера се дозна дека некој се меша со кутиите за дистрибуција на електрична енергија во зоната на зголемена безбедност околу местото на самитот. Има и графити со натписи како „Одложете го Г7“ или „Не за Г7“. Полицијата се сомнева дека овие злосторства се политички мотивирани. Самитот на Г7 е планиран од недела до вторник во веќе херметички затворениот замок Елмау во близина на Гармиш-Партенкирхен. Таму ќе се сретнат шефовите на држави и влади на САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Јапонија и Канада, предводени од германскиот канцелар Олаф Шолц.

The post Опожарени полициски возила во Минхен пред самитот на Г7 appeared first on Република.

]]>