Самит Македонија 2025 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samit-makedonija-2025/ За подобро да се разбереме Thu, 16 May 2024 05:35:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Самит Македонија 2025 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samit-makedonija-2025/ 32 32 Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vtor-den-samit-makedonija-2025-so-paneli-za-spravuvane-so-koruptsijata-stranski-investitsii-digitalizatsija/ Thu, 16 May 2024 05:35:41 +0000 https://republika.mk/?p=778541

Тринаесеттото издание на дводневниот Самит Македонија 2025 денеска ќе биде заокружено со панели за справување со корупцијата, за стратегии за привлекување странски инвестиции и за градење прилагодливи синџири за снабдување, за искористување на дигиталните здравствени иновации за подобри медицински услуги во регионот....

Активностите почнуваат со обраќање на амбасадорката на САД во државава Анџела Агелер, по што ќе почне првиот панел насловен „Чувари на интегритетот: Справување со владината корупција за просперитетна иднина“.

Во рамки на Самитот на Македонија2025, Фондацијата „Центар за дигитална трансформација Го Дигитал Скопје“ денеска ќе потпише меморандум за соработка со партнерите кои го поддржуваат Центарот: МАКЕДОНИЈА 2025, Швајцарска програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), Виза Југоисточна Европа и Клириншка куќа-Клириншки интербанкарски системи АД Скопје.

Фондацијата „Центар за дигитална трансформација Го Дигитал Скопје“ е новоформирана фондација која ќе работи на креирање екосистем за дигитална трансформација на македонските микро, мали и средни претпријатиј .

Од организацијата Македонија 2025 на отворањето на Самитот вчера порачаа дека е потребна интензивна и темелна акција во наредниот период со вклучување на сите реурси со оглед на бавниот напредок и заостанувањето на државава на повеќето меѓународни рангирања и извештаи. Истакнаа дека дијаспората подава рака и оти треба да се фокусираме на дигитализацијата, борбата против корупцијата, подобра регулатива и стабилни институции.

Самитот е регионална платформа за размена на искуства, зајакнување на соработката и вмрежување на компаниите од регионот и дијаспората.

The post Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација appeared first on Република.

]]>

Тринаесеттото издание на дводневниот Самит Македонија 2025 денеска ќе биде заокружено со панели за справување со корупцијата, за стратегии за привлекување странски инвестиции и за градење прилагодливи синџири за снабдување, за искористување на дигиталните здравствени иновации за подобри медицински услуги во регионот.... Активностите почнуваат со обраќање на амбасадорката на САД во државава Анџела Агелер, по што ќе почне првиот панел насловен „Чувари на интегритетот: Справување со владината корупција за просперитетна иднина“. Во рамки на Самитот на Македонија2025, Фондацијата „Центар за дигитална трансформација Го Дигитал Скопје“ денеска ќе потпише меморандум за соработка со партнерите кои го поддржуваат Центарот: МАКЕДОНИЈА 2025, Швајцарска програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), Виза Југоисточна Европа и Клириншка куќа-Клириншки интербанкарски системи АД Скопје. Фондацијата „Центар за дигитална трансформација Го Дигитал Скопје“ е новоформирана фондација која ќе работи на креирање екосистем за дигитална трансформација на македонските микро, мали и средни претпријатиј . Од организацијата Македонија 2025 на отворањето на Самитот вчера порачаа дека е потребна интензивна и темелна акција во наредниот период со вклучување на сите реурси со оглед на бавниот напредок и заостанувањето на државава на повеќето меѓународни рангирања и извештаи. Истакнаа дека дијаспората подава рака и оти треба да се фокусираме на дигитализацијата, борбата против корупцијата, подобра регулатива и стабилни институции. Самитот е регионална платформа за размена на искуства, зајакнување на соработката и вмрежување на компаниите од регионот и дијаспората.

The post Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација appeared first on Република.

]]>
Почнува 13. Самит „Македонија 2025“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pochnuva-13-samit-makedonija-2025/ Wed, 15 May 2024 05:46:52 +0000 https://republika.mk/?p=778107

Стратешко лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигитална трансформација и поголема регионална соработка како основа за создавање на просперитетни економии, се темите во фокусот на годинешното дводневно издание на Самитот Македонија 2025, кој ќе се одржува од денеска во Скопје, во организација на меѓународната невладина организација „Македонија 2025“.

Најавени се над 450 учесници и над 50 експерти од бизнис и научната заедница од повеќе држави.

Покрај промените што ги носи дигиталната трансформација во општествата и во водењето на бизнисите, на Самитот ќе се дискутира и за моќта и потенцијалите на вештачката интелигенција и искористување на дигиталните здравствени иновации за унапредување на медицинските услуги во Југоисточна Европа. Демократијата, слободата на говорот во ера на дигитализација исто така ќе бидат дел од темите на Самитот Македонија 2025, како и многу други теми поврзани со бизнис моделите и стратегиите за брз и успешна трансформација.

Организаторот најави дека на отворањето на Самитот Македонија 2025 ќе се обратат и претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025 и Мајкл Чкламовски претседател на Одборот на директори на организацијата. На затворањето на Самитот Македонија 2025, соопштија организаторите, ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, кој се очекува да биде и иден мандатар за составување на новата Влада.

Главна цел на Самитот Македонија 2025 е поврзување и споделување на знаења и искуства помеѓу професионалците од различни земји и области, во функција на раст. Ќе има можност за вмрежување и остварување на нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.

Ќе порачаме дека ние како организација сме спремни и отворени за поддршка на новата влада за постигнување на повисоки стапки на раст од 5 или 6 проценти и за начинот како да дојдеме до тоа, изјави извршната директорка Мојсовска Блажевски.

Во пресрет на Самитот, „Македонија 2025“ организираше предавања на високообразовни институции, работилници во коморите и во компаниите со совети како да растат бизнисите, како и средби со државни институции во областа на дигтализацијата, економијата и привлекување на инвестиции, како и со политичките партии.

The post Почнува 13. Самит „Македонија 2025“ appeared first on Република.

]]>

Стратешко лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигитална трансформација и поголема регионална соработка како основа за создавање на просперитетни економии, се темите во фокусот на годинешното дводневно издание на Самитот Македонија 2025, кој ќе се одржува од денеска во Скопје, во организација на меѓународната невладина организација „Македонија 2025“. Најавени се над 450 учесници и над 50 експерти од бизнис и научната заедница од повеќе држави. Покрај промените што ги носи дигиталната трансформација во општествата и во водењето на бизнисите, на Самитот ќе се дискутира и за моќта и потенцијалите на вештачката интелигенција и искористување на дигиталните здравствени иновации за унапредување на медицинските услуги во Југоисточна Европа. Демократијата, слободата на говорот во ера на дигитализација исто така ќе бидат дел од темите на Самитот Македонија 2025, како и многу други теми поврзани со бизнис моделите и стратегиите за брз и успешна трансформација. Организаторот најави дека на отворањето на Самитот Македонија 2025 ќе се обратат и претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025 и Мајкл Чкламовски претседател на Одборот на директори на организацијата. На затворањето на Самитот Македонија 2025, соопштија организаторите, ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, кој се очекува да биде и иден мандатар за составување на новата Влада. Главна цел на Самитот Македонија 2025 е поврзување и споделување на знаења и искуства помеѓу професионалците од различни земји и области, во функција на раст. Ќе има можност за вмрежување и остварување на нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.
Ќе порачаме дека ние како организација сме спремни и отворени за поддршка на новата влада за постигнување на повисоки стапки на раст од 5 или 6 проценти и за начинот како да дојдеме до тоа, изјави извршната директорка Мојсовска Блажевски.
Во пресрет на Самитот, „Македонија 2025“ организираше предавања на високообразовни институции, работилници во коморите и во компаниите со совети како да растат бизнисите, како и средби со државни институции во областа на дигтализацијата, економијата и привлекување на инвестиции, како и со политичките партии.

The post Почнува 13. Самит „Македонија 2025“ appeared first on Република.

]]>
Годинашниот самит на Македонија 2025 фокусиран на иницирање промени и иновации во југоисточна Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/samitot-na-makedonija-2025-fokusiran-na-initsirane-promeni-i-inovatsii-vo-jugoistochna-evropa/ Tue, 07 May 2024 20:18:16 +0000 https://republika.mk/?p=775138

 Со фокус на развој и просперитет, на 15 и 16 мај ќе се одржи 13-то издание на Самитот на Македонија2025, во хотелот Мериот во Скопје. Самитот е една од најдобрите регионални платформи за размена на искуства, зајакнување на соработката и вмрежување на компаниите од регионот и дијаспората во насока на поттикнување промени во Југоисточна Европа.

Извршната директорка на Македонија2025 Никица Мојсовска Блажевски, денес ја презентираше агендата и говорниците, потенцирајќи дека интересот за присуство на Самитот е големо. Според досегашните пријави, се очекува присуство на над 400 гости, домашни и меѓународни лидери, претставници на домашни компании и компании од регионот и дијаспората, претставници на академската заедница, невладини организации, како и млади лидери.

На официјалното отворањето ќе имаат обраќање претседателот на Одборот на директори, Мајкл Чкламовски и Никица М. Блажевски, како и новоизбраниот претседател на Република Македонија.

Главните теми на Самитот ќе бидат обработени на 12 панел-сесии кои ќе вклучат 48 врвни говорници од Македонија и светот. Темите вклучуваат регионален развој и просперитет, стратешко лидерство во време на промени и иновации, раководење и раст на семејни бизниси, примена на вештачка интелигенција, дигитална трансформација на бизнисите итн. Дополнително, ќе се обработат и теми поврзани со глобални стратегии за странски инвестиции, демократија и слобода на говор во дигиталното време, како и корупцијата како инхибитор на просперитетот.

Во рамки на Самитот, Македонија2025 ќе организира и 5 предавања и работилници на високообразовните институции и 5 работилници со компании и институции на кои ќе присуствуваат говорниците од Самитот и членовите на Одборот на директори на Македонија2025, како и средби со политичките лидери. Активностите поврзани со Самитот ќе завршат на 17 мај, со работилница организирана во соработка со Стопанската Комора на Македонија.

Повеќе информации за Самитот на официјалната веб-страница: https://www.macedonia2025.com/summit-2024/

Комерцијален текст

The post Годинашниот самит на Македонија 2025 фокусиран на иницирање промени и иновации во југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>

 Со фокус на развој и просперитет, на 15 и 16 мај ќе се одржи 13-то издание на Самитот на Македонија2025, во хотелот Мериот во Скопје. Самитот е една од најдобрите регионални платформи за размена на искуства, зајакнување на соработката и вмрежување на компаниите од регионот и дијаспората во насока на поттикнување промени во Југоисточна Европа. Извршната директорка на Македонија2025 Никица Мојсовска Блажевски, денес ја презентираше агендата и говорниците, потенцирајќи дека интересот за присуство на Самитот е големо. Според досегашните пријави, се очекува присуство на над 400 гости, домашни и меѓународни лидери, претставници на домашни компании и компании од регионот и дијаспората, претставници на академската заедница, невладини организации, како и млади лидери. На официјалното отворањето ќе имаат обраќање претседателот на Одборот на директори, Мајкл Чкламовски и Никица М. Блажевски, како и новоизбраниот претседател на Република Македонија. Главните теми на Самитот ќе бидат обработени на 12 панел-сесии кои ќе вклучат 48 врвни говорници од Македонија и светот. Темите вклучуваат регионален развој и просперитет, стратешко лидерство во време на промени и иновации, раководење и раст на семејни бизниси, примена на вештачка интелигенција, дигитална трансформација на бизнисите итн. Дополнително, ќе се обработат и теми поврзани со глобални стратегии за странски инвестиции, демократија и слобода на говор во дигиталното време, како и корупцијата како инхибитор на просперитетот. Во рамки на Самитот, Македонија2025 ќе организира и 5 предавања и работилници на високообразовните институции и 5 работилници со компании и институции на кои ќе присуствуваат говорниците од Самитот и членовите на Одборот на директори на Македонија2025, како и средби со политичките лидери. Активностите поврзани со Самитот ќе завршат на 17 мај, со работилница организирана во соработка со Стопанската Комора на Македонија. Повеќе информации за Самитот на официјалната веб-страница: https://www.macedonia2025.com/summit-2024/
Комерцијален текст

The post Годинашниот самит на Македонија 2025 фокусиран на иницирање промени и иновации во југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>
Самит Македонија 2025: Економски развој преку поголема примена на нови технологии, иновации и целосна дигитална трансформација на општествата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/samit-makedonija-2025-ekonomski-razvoj-preku-pogolema-primena-na-novi-tehnologii-inovacii-i-celosna-digitalna-transformacija-na-opshtestvata/ Thu, 19 May 2022 17:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=504531

Забрзаниот развој преку употребата на нови технологии, вештачка интелигенција и иновации станува геополитичко и стратешко прашање во 21-от век, кое е подеднакво значајно за секоја земја. Затоа е важно навремено да се инвестира во соодветна едукација. Токму едукацијата, новите технологии, како и соодветната родова застапеност во технолошките и информатичките науки беа главните теми на панелите на кои се дискутираше во рамки на вториот, завршен ден од годинешниот Самит Македонија 2025.

Во рамките на панелот посветен на родовата еднаквост, претставничките на бизнис заедницата од земјава и странство, презентирајќи ги своите успешни приказни, истакнаа дека преку заедничка посветеност на бизнисот и на владите, како и преку стратешко вложување во образованието, може да се постигне родова еднаквост.

Учесниците во овој панел се согласија дека не постојат машки и женски професии, туку постојат само професии на иднината, во која сите мора да имаат еднакви можности. Кати Ицева, софтвер-инженер во Микрософт и член на управниот одбор на Македонија 2025, ги презентираше последните трендови во корпоративната култура и системот за вработувања и унапредувања.

Искуствата и чекорите што ги направила Канада во насока на постигнување на поголема родова еднаквост и вклучување на девојките и жените во технолошките и информатичките науки го пренесе Џајлс Норман, канадски амбасадор за Македонија, Србија и Црна Гора.

„Потребни ни се родови анализи кои ќе бидат вклучени во стратегиите за различни области, како што се: образованието, даночната политика, економскиот развој и останати области. Само така суштински ќе ја подобриме родовата еднаквост. Дополнително, преку образованието можеме да ги поттикнеме девојчињата да се насочат кон овие науки”, заклучи канадскиот амбасадор, Џајлс Норман.

На вториот ден на самитот се дискутираше и за актуелни теми, како што се: вештачката интелигенција, „блок-чејн“ технологиите, иднината на развојот на работната сила и глобалните трендови, но и за нивниот потенцијал за развој на земјите и на цели региони, преку поголема соработка.

Ацо Момчиловиќ, директор на Глобалниот институт за етика и вештачка интелигенција ги презентираше наодите од истражувањата за напредокот на земјите и важноста за брзо вложување и обучување на кадар во оваа област.

„Вештачката интелигенција е геополитичко и стратешко прашање. Државите во регионот треба да бидат брзи, бидејќи оние земји кои доцна ќе се вклучат во вложувањето во вештачката интелигенција ќе имаат проблем да ги почувствуваат придобивките од неа. Регионот мора да се обедини за да биде конкурентен со големите пазари и да може подеднакво да се развива, но сепак, секоја држава мора да го најде својот интерес и областа во која ќе инвестира и ќе ја развива”, заклучува Момчиловиќ.

На еден од панелот се дискутираше и за потенцијалот на популарните „блок-чејн“ технологии и крипто-валутите, односно за можните пристапи на нивна имплементација, како и за придобивките кои тие технологии ги носат. Учесниците беа согласни дека се работи за нови технологии кои имаат огромен број предности, но и ризици, поради што треба внимателно да се следат и соодветно да се употреби нивниот потенцијал во вистинска насока.

Во оваа сфера има потреба од поголема едукација. Имено, истражувањата покажуваат дека 400 милиони деца ширум светот немаат основни математички вештини, а со интензивна едукација во овие области, тие вештини би можеле многу побрзо да ги стекнат и да дадат реален придонес за развој и искористување на новите технологии и вештачката интелигенција. Сепак, за поголем резултат од вложувањата во области како што се здравството и образованието, покрај приватниот сектор и стартапите, неопходна е и поголема вклученост на Владите, преку стратешки пристап.

На затварањето на Самитот свое обраќање имаше и претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, кој го потенцираше значењето на Македонија 2025 и придонесот кој организацијата го дава за развојот на бизнисот во земјата. Осврнувајќи се на предизвиците, тој истакна дека неопходно е да го зголемиме економскиот раст на 5% на годишно ниво, за што неопходно е да се фокусираме на имплементација на нови технологии во производните и услужните дејности, поголема дигитализација, која ќе го забрза и процесот на дигитална трансформација и грижа за животната средина. Претседателот Пендаровски потенцираше дека за да се постигне тоа важно е да се отпочнат сериозни системски зафати за квалитетно и дигитализирано образование, прилагодено на современите светски трендови и на пазарот на трудот.

Бројни бизнис лидери, политички чинители, претставници на академската и бизнис заедница и граѓанскиот сектор, како и од големи и од стартап компании, земаа учество на годинешниот 11. Самит Македонија 2025 и преку споделување на идеи за соработка, придонесоа во градење нови можности за економски развој.

The post Самит Македонија 2025: Економски развој преку поголема примена на нови технологии, иновации и целосна дигитална трансформација на општествата appeared first on Република.

]]>

Забрзаниот развој преку употребата на нови технологии, вештачка интелигенција и иновации станува геополитичко и стратешко прашање во 21-от век, кое е подеднакво значајно за секоја земја. Затоа е важно навремено да се инвестира во соодветна едукација. Токму едукацијата, новите технологии, како и соодветната родова застапеност во технолошките и информатичките науки беа главните теми на панелите на кои се дискутираше во рамки на вториот, завршен ден од годинешниот Самит Македонија 2025. Во рамките на панелот посветен на родовата еднаквост, претставничките на бизнис заедницата од земјава и странство, презентирајќи ги своите успешни приказни, истакнаа дека преку заедничка посветеност на бизнисот и на владите, како и преку стратешко вложување во образованието, може да се постигне родова еднаквост. Учесниците во овој панел се согласија дека не постојат машки и женски професии, туку постојат само професии на иднината, во која сите мора да имаат еднакви можности. Кати Ицева, софтвер-инженер во Микрософт и член на управниот одбор на Македонија 2025, ги презентираше последните трендови во корпоративната култура и системот за вработувања и унапредувања. Искуствата и чекорите што ги направила Канада во насока на постигнување на поголема родова еднаквост и вклучување на девојките и жените во технолошките и информатичките науки го пренесе Џајлс Норман, канадски амбасадор за Македонија, Србија и Црна Гора.
„Потребни ни се родови анализи кои ќе бидат вклучени во стратегиите за различни области, како што се: образованието, даночната политика, економскиот развој и останати области. Само така суштински ќе ја подобриме родовата еднаквост. Дополнително, преку образованието можеме да ги поттикнеме девојчињата да се насочат кон овие науки”, заклучи канадскиот амбасадор, Џајлс Норман.
На вториот ден на самитот се дискутираше и за актуелни теми, како што се: вештачката интелигенција, „блок-чејн“ технологиите, иднината на развојот на работната сила и глобалните трендови, но и за нивниот потенцијал за развој на земјите и на цели региони, преку поголема соработка. Ацо Момчиловиќ, директор на Глобалниот институт за етика и вештачка интелигенција ги презентираше наодите од истражувањата за напредокот на земјите и важноста за брзо вложување и обучување на кадар во оваа област.
„Вештачката интелигенција е геополитичко и стратешко прашање. Државите во регионот треба да бидат брзи, бидејќи оние земји кои доцна ќе се вклучат во вложувањето во вештачката интелигенција ќе имаат проблем да ги почувствуваат придобивките од неа. Регионот мора да се обедини за да биде конкурентен со големите пазари и да може подеднакво да се развива, но сепак, секоја држава мора да го најде својот интерес и областа во која ќе инвестира и ќе ја развива”, заклучува Момчиловиќ.
На еден од панелот се дискутираше и за потенцијалот на популарните „блок-чејн“ технологии и крипто-валутите, односно за можните пристапи на нивна имплементација, како и за придобивките кои тие технологии ги носат. Учесниците беа согласни дека се работи за нови технологии кои имаат огромен број предности, но и ризици, поради што треба внимателно да се следат и соодветно да се употреби нивниот потенцијал во вистинска насока. Во оваа сфера има потреба од поголема едукација. Имено, истражувањата покажуваат дека 400 милиони деца ширум светот немаат основни математички вештини, а со интензивна едукација во овие области, тие вештини би можеле многу побрзо да ги стекнат и да дадат реален придонес за развој и искористување на новите технологии и вештачката интелигенција. Сепак, за поголем резултат од вложувањата во области како што се здравството и образованието, покрај приватниот сектор и стартапите, неопходна е и поголема вклученост на Владите, преку стратешки пристап. На затварањето на Самитот свое обраќање имаше и претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, кој го потенцираше значењето на Македонија 2025 и придонесот кој организацијата го дава за развојот на бизнисот во земјата. Осврнувајќи се на предизвиците, тој истакна дека неопходно е да го зголемиме економскиот раст на 5% на годишно ниво, за што неопходно е да се фокусираме на имплементација на нови технологии во производните и услужните дејности, поголема дигитализација, која ќе го забрза и процесот на дигитална трансформација и грижа за животната средина. Претседателот Пендаровски потенцираше дека за да се постигне тоа важно е да се отпочнат сериозни системски зафати за квалитетно и дигитализирано образование, прилагодено на современите светски трендови и на пазарот на трудот. Бројни бизнис лидери, политички чинители, претставници на академската и бизнис заедница и граѓанскиот сектор, како и од големи и од стартап компании, земаа учество на годинешниот 11. Самит Македонија 2025 и преку споделување на идеи за соработка, придонесоа во градење нови можности за економски развој.

The post Самит Македонија 2025: Економски развој преку поголема примена на нови технологии, иновации и целосна дигитална трансформација на општествата appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Во овие непредвидливи времиња успехот на македонската економија зависи од внатрешните реформи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-vo-ovie-nepredvidlivi-vreminja-uspehot-na-makedonskata-ekonomija-zavisi-od-vnatreshnite-reformi/ Thu, 19 May 2022 15:39:03 +0000 https://republika.mk/?p=504479

Годинава ни е повеќе од потребна визија за напредокот на нашата заедничка татковина, нешто што вообичаено го нудат самитите на „Македонија 2025“. Во овие непредвидливи времиња успехот на македонската економија ќе зависи не само од надворешните фактори врз кои не можеме да влијаеме, туку пред се од посветеноста на внатрешните реформи, порача претседателот Стево Пендаровски на затворањето на Самитот на невладината „Македонија 2025“ што вчера и денеска се одржуваше во Скопје.

-Кога луѓето престануваат да веруваат дека нешто може да променат тие едноставно се помируваат со судбината. Најголемата опасност не се самите кризи, туку ставот кон нив. Дилемата е дали ќе бараме решенија или по линија на помал отпор ќе се препуштиме по текот на настаните, истакна Пендаровски.

Тој посочи дека отпорноста кон кризите не е само материјална, туку и ментална.

-Ако сакаме колективната беспомошност да ја замениме со колективна надеж ќе мора да посегнеме по клучниот ресурс, а тоа е волјата. „Македонија 2025“ од своето основање до денес успеа да му помогне на македонскиот бизнис да преброди неколку национални и глобални кризи, да инспирира нови генерации бизнис лидери, да привлече бројни странски инвеститори и да ја одржува надежта дека можеме да ја менуваме реалноста независно од контекстот, нагласи Пендаровски.

Со таква увереност, како што кажа, на почетокот на неговиот мандат ја иницирал рамката за развој „МКД 2030“  како заедничка платформа за долгорочна визија за развојот и иднината на земјава.

-Целта беше да се изгради над партиски национален консензус околу приоритетите неопходни за забрзан раст и подобар живот на граѓаните. Проектот го започнавме во многу поповолни услови од сегашните пред почетокот на пандемијата во време кога се заокружуваше нашата интеграција во НАТО и кога европската перспектива изгледаше многу поблиску, рече шефот на државата.

Сега, после три години, додаде, светот изгледа драматично.

-Пандемијата предизвика глобална рецесија, енергетска криза и ценовни шокови на глобалните пазари. Во 2024 година глобалната економија ќе биде барем за 2,3 проценти помала отколку што би бил без пандемијата. Руската инвазија на Украина доведе и до европска енергетска и прехранбена криза. Паралелно на тоа се соочуваме со блокади на европските интеграции и иселување на младите, нагласи Пендаровски.

Рече дека е голем предизвик да се формулира стратешка рамка за развој во услови на непредвидливи кризи и геополитички шокови. Сепак, додаде, една наша стара мудрост вели – секое зло за добро.

-Затоа верувам дека е добро што „МКД 2030“  ја подготвуваме токму сега бидејќи на тој начин развојната рамка ја калибрираме водејќи сметка за најцрните сценарија и најпесимистичките прогнози, потенцира Пендаровски и додаде дека колку една визија е повтемелена во реалноста, толку се поголеми шансите дека ќе може да ја менува реалноста.

Во документот, како што кажа има четири развојни приоритети од кои првиот е економскиот  раст да биде најмалку 5 проценти на годишно ниво, вториот е транзиција кон така наречената зелена економија, третиот е дигитализацијата, а четвртиот приоритет е образованието и инклузивниот развој.

-Сведочиме дека економските состојби не се менуваат од година во година, туку  од ден на ден, па дури и од час во час. Многу наши бизнисмени и функционери секојдневно мора да носат тешки одлуки. Соочени со суровото секојдневие 2030 година изгледа далеку, но ако наша цел е не само да опстанеме, туку и да напредуваме ќе мора да го преобмислиме моделот на економски развој, рече Пендаровски и додаде дека четирите приоритети се клучни за нашиот развој до 2030 година и потоа без разлика кој ќе биде на власт.

Ако се држиме до нив не само што ќе го пребродиме овој турбулентен период  со помалку загуби, туку и ќе создадеме услови за одржлив развој во иднина.

-Очекувам „Македонија 2025“ заедно со државните институции и со граѓанскиот сектор, академската и бизнис заедница да биде витален дел од овој крупен национален потфат за да создадеме колективна надеж за подобро утре. Помирувањето со судбината не е опција. Нашата подобра иднина зависи само од тоа дали ќе постигнеме национален консензус за овие прашања и дали ќе го почитуваме, порача Пендаровски.

The post Пендаровски: Во овие непредвидливи времиња успехот на македонската економија зависи од внатрешните реформи appeared first on Република.

]]>

Годинава ни е повеќе од потребна визија за напредокот на нашата заедничка татковина, нешто што вообичаено го нудат самитите на „Македонија 2025“. Во овие непредвидливи времиња успехот на македонската економија ќе зависи не само од надворешните фактори врз кои не можеме да влијаеме, туку пред се од посветеноста на внатрешните реформи, порача претседателот Стево Пендаровски на затворањето на Самитот на невладината „Македонија 2025“ што вчера и денеска се одржуваше во Скопје. -Кога луѓето престануваат да веруваат дека нешто може да променат тие едноставно се помируваат со судбината. Најголемата опасност не се самите кризи, туку ставот кон нив. Дилемата е дали ќе бараме решенија или по линија на помал отпор ќе се препуштиме по текот на настаните, истакна Пендаровски. Тој посочи дека отпорноста кон кризите не е само материјална, туку и ментална. -Ако сакаме колективната беспомошност да ја замениме со колективна надеж ќе мора да посегнеме по клучниот ресурс, а тоа е волјата. „Македонија 2025“ од своето основање до денес успеа да му помогне на македонскиот бизнис да преброди неколку национални и глобални кризи, да инспирира нови генерации бизнис лидери, да привлече бројни странски инвеститори и да ја одржува надежта дека можеме да ја менуваме реалноста независно од контекстот, нагласи Пендаровски. Со таква увереност, како што кажа, на почетокот на неговиот мандат ја иницирал рамката за развој „МКД 2030“  како заедничка платформа за долгорочна визија за развојот и иднината на земјава. -Целта беше да се изгради над партиски национален консензус околу приоритетите неопходни за забрзан раст и подобар живот на граѓаните. Проектот го започнавме во многу поповолни услови од сегашните пред почетокот на пандемијата во време кога се заокружуваше нашата интеграција во НАТО и кога европската перспектива изгледаше многу поблиску, рече шефот на државата. Сега, после три години, додаде, светот изгледа драматично. -Пандемијата предизвика глобална рецесија, енергетска криза и ценовни шокови на глобалните пазари. Во 2024 година глобалната економија ќе биде барем за 2,3 проценти помала отколку што би бил без пандемијата. Руската инвазија на Украина доведе и до европска енергетска и прехранбена криза. Паралелно на тоа се соочуваме со блокади на европските интеграции и иселување на младите, нагласи Пендаровски. Рече дека е голем предизвик да се формулира стратешка рамка за развој во услови на непредвидливи кризи и геополитички шокови. Сепак, додаде, една наша стара мудрост вели – секое зло за добро. -Затоа верувам дека е добро што „МКД 2030“  ја подготвуваме токму сега бидејќи на тој начин развојната рамка ја калибрираме водејќи сметка за најцрните сценарија и најпесимистичките прогнози, потенцира Пендаровски и додаде дека колку една визија е повтемелена во реалноста, толку се поголеми шансите дека ќе може да ја менува реалноста. Во документот, како што кажа има четири развојни приоритети од кои првиот е економскиот  раст да биде најмалку 5 проценти на годишно ниво, вториот е транзиција кон така наречената зелена економија, третиот е дигитализацијата, а четвртиот приоритет е образованието и инклузивниот развој. -Сведочиме дека економските состојби не се менуваат од година во година, туку  од ден на ден, па дури и од час во час. Многу наши бизнисмени и функционери секојдневно мора да носат тешки одлуки. Соочени со суровото секојдневие 2030 година изгледа далеку, но ако наша цел е не само да опстанеме, туку и да напредуваме ќе мора да го преобмислиме моделот на економски развој, рече Пендаровски и додаде дека четирите приоритети се клучни за нашиот развој до 2030 година и потоа без разлика кој ќе биде на власт. Ако се држиме до нив не само што ќе го пребродиме овој турбулентен период  со помалку загуби, туку и ќе создадеме услови за одржлив развој во иднина. -Очекувам „Македонија 2025“ заедно со државните институции и со граѓанскиот сектор, академската и бизнис заедница да биде витален дел од овој крупен национален потфат за да создадеме колективна надеж за подобро утре. Помирувањето со судбината не е опција. Нашата подобра иднина зависи само од тоа дали ќе постигнеме национален консензус за овие прашања и дали ќе го почитуваме, порача Пендаровски.

The post Пендаровски: Во овие непредвидливи времиња успехот на македонската економија зависи од внатрешните реформи appeared first on Република.

]]>