самит еу западен балкан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samit-eu-zapaden-balkan/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Dec 2022 10:21:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png самит еу западен балкан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/samit-eu-zapaden-balkan/ 32 32 Од 1 октомври 2023 поевтин роаминг со ЕУ, до 2027 ќе се укине https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-1-oktomvri-2023-poevtin-roaming-so-eu-do-2027-kje-se-ukine/ Tue, 06 Dec 2022 19:09:28 +0000 https://republika.mk/?p=582491

На Самитот за Западен Балкан – Европска Унија  што се одржува денеска во Тирана телекомуникациските оператори од земјите од ЕУ и ЗБ  потпишаа Договор со кој ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот од следната година.

Со Договорот се отвора патот за почеток на процесот за укинување на тарифата за роаминг меѓу земјите од Европската Унија и Западен Балкан.  По долги преговорите  Европската комисија и Регионалниот совет за соработка (РСС), предводени од генералниот секретар Мајлинда Брегу постигнаа договор со мобилните телефонски оператори во Европа и на Балканот за намалување на роаминг тарифите.

Потпишувањето на Декларацијата за роаминг ќе гарантира значително намалување на трошоците за роаминг од 1 октомври 2023 година. Тарифите блиски до националните нивоа на цени се планира да се постигнат до 2027 година.

Операционализацијата на Декларацијата треба да овозможи намалување на оперативните трошоци на бизнисмените, да го поттикне бизнисот надвор од матичните граници и да даде дополнителен поттик на туризмот во регионот на Западен Балкан.

По стапувањето во сила на регионалниот договор за намалување на цените на роаминг, со кој беше укинат роамингот во Западен Балкан од јули 2021 година, Советот за регионална соработка, во соработка со Европската комисија, операторите од Европската унија и од Западен Балкан, како и со властите од регионот, работеа на намалување на цените на роаминг меѓу ЕУ и регионот.

На 1 јули минатата година се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан.

Владината делегација на Самитот од државава, ја предводи премиерот  Димитар Ковачевски, а учествиават и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.вт/лв/

The post Од 1 октомври 2023 поевтин роаминг со ЕУ, до 2027 ќе се укине appeared first on Република.

]]>

На Самитот за Западен Балкан – Европска Унија  што се одржува денеска во Тирана телекомуникациските оператори од земјите од ЕУ и ЗБ  потпишаа Договор со кој ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот од следната година. Со Договорот се отвора патот за почеток на процесот за укинување на тарифата за роаминг меѓу земјите од Европската Унија и Западен Балкан.  По долги преговорите  Европската комисија и Регионалниот совет за соработка (РСС), предводени од генералниот секретар Мајлинда Брегу постигнаа договор со мобилните телефонски оператори во Европа и на Балканот за намалување на роаминг тарифите. Потпишувањето на Декларацијата за роаминг ќе гарантира значително намалување на трошоците за роаминг од 1 октомври 2023 година. Тарифите блиски до националните нивоа на цени се планира да се постигнат до 2027 година. Операционализацијата на Декларацијата треба да овозможи намалување на оперативните трошоци на бизнисмените, да го поттикне бизнисот надвор од матичните граници и да даде дополнителен поттик на туризмот во регионот на Западен Балкан. По стапувањето во сила на регионалниот договор за намалување на цените на роаминг, со кој беше укинат роамингот во Западен Балкан од јули 2021 година, Советот за регионална соработка, во соработка со Европската комисија, операторите од Европската унија и од Западен Балкан, како и со властите од регионот, работеа на намалување на цените на роаминг меѓу ЕУ и регионот. На 1 јули минатата година се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан. Владината делегација на Самитот од државава, ја предводи премиерот  Димитар Ковачевски, а учествиават и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.вт/лв/  

The post Од 1 октомври 2023 поевтин роаминг со ЕУ, до 2027 ќе се укине appeared first on Република.

]]>
Османи: Ќе станеме еден ден членка на ЕУ, но со заштитени државни и национални интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-kje-staneme-eden-den-chlenka-na-eu-no-so-zashtiteni-drzavni-i-nacionalni-interesi/ Fri, 24 Jun 2022 11:47:00 +0000 https://republika.mk/?p=519288

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес конференција посочи дека Македонија еден ден ќе стане членка на Европската Унија, но со заштитени државни и национални интереси.

„Прашањето на успех е релативно, зависи што значи успех, дали е заштита на интересите на државата, државните позиции е успех или нешто друго. Ние не го квалификуваме ова прашање како црно-бело прашање на успех и неуспех. Ова е наша безалтернативна борба за да станеме членка на ЕУ притоа запазувајќи ги државните интереси и интересите на граѓаните. Нема да правиме компромис по ниту едното, ниту другото прашање. Ќе станеме еден ден членка на ЕУ, но со заштитени државни и национални интереси“, порача Османи.

The post Османи: Ќе станеме еден ден членка на ЕУ, но со заштитени државни и национални интереси appeared first on Република.

Петков го повика Ковачевски да го прифати францускиот предлог: Знам дека таквиот чекор би можел да ја собори владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkov-go-povika-kovachevski-da-go-prifati-francuskiot-predlog-znam-deka-takviot-chekor-bi-mozel-da-ja-sobori-vladata/ Fri, 24 Jun 2022 11:31:26 +0000 https://republika.mk/?p=519277

Бугарскиот премиер во заминување, Кирил Петков, ја повика Македонија да биде храбра и да го прифати постигнатиот договор со Франција, бидејќи тоа ќе ги отвори вратите на ЕУ. Но, Петков, исто така, му рекол на својот колега Димитар Ковачевски дека, ако го направи тоа, може да очекува пад на владата, како што и самиот го доживеал и изгубил при гласањето за недоверба на бугарската влада.

„На крајот на денот знам дека е многу тешко политички“, рече Петков во интервју за порталот Политико, на маргините на самиот самит ЕУ-Западен Балкан.

„Знам дека ризикот од паѓање на владата е голем“, рече тој и додаде: „Како политичар треба да донесеш одлука, која е мојата улога? Дали мојата улога е стабилност? Или моја улога е да ја водам нацијата и да направам чекор напред. Мислам дека тоа е одлуката, а Димитар Ковачевски мора да го направи тоа сега. Да сум на негово место, воопшто не би размислувал двапати. Ако влезе во историјата со отворање на вратите на ЕУ за земјата, мислам дека тоа е добар резултат за еден премиер“.

Петков беше критикуван во Брисел затоа што неговата земја ги блокира пристапните преговори на Македонија, не само од Западен Балкан, туку и од оние главни играчи во ЕУ.

Тоа го изјави вчера францускиот претседател во Брисел: „Дали е само меѓу Бугарија и Македонија? Не е, и затоа извршивме голем притисок врз Бугарија во последните месеци“.

Петков рече дека компромисниот предлог на Франција треба да се гледа како „европски“, а не само како договор меѓу Бугарија и нејзиниот сосед.

Бугарскиот премиер во заминување посочи и дека неговата земја веќе еден век го поддржува членството на Западен Балкан во ЕУ, но дека ситуацијата сега е комплицирана поради правата на бугарското национално малцинство во Македонија, на кои им е потребна посилна уставна заштита.

„Ако нашата влада беше најстабилна во светот, воопшто немаше да ја водиме оваа дискусија“, рече тој. „Да затворевме едно око пред старите коруптивни практики и да не бевме толку отворени против, на пример, употребата на гас како оружје во блокот… сега ќе имавте не многу гласна, многу стабилна нација во ЕУ. Но, она што би ја пропуштиле е можноста партиите да кажат: „Добро, добро, сакаме да одиме побрзо.“ Затоа, јас сум повеќе од среќен што сега ја платив цената со ова гласање за недоверба. Затоа што тоа е единствениот начин да се направи разлика. Во спротивно, вие сте заглавени во сиромашен кварт “, заклучи тој.

The post Петков го повика Ковачевски да го прифати францускиот предлог: Знам дека таквиот чекор би можел да ја собори владата appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер во заминување, Кирил Петков, ја повика Македонија да биде храбра и да го прифати постигнатиот договор со Франција, бидејќи тоа ќе ги отвори вратите на ЕУ. Но, Петков, исто така, му рекол на својот колега Димитар Ковачевски дека, ако го направи тоа, може да очекува пад на владата, како што и самиот го доживеал и изгубил при гласањето за недоверба на бугарската влада. „На крајот на денот знам дека е многу тешко политички“, рече Петков во интервју за порталот Политико, на маргините на самиот самит ЕУ-Западен Балкан.
„Знам дека ризикот од паѓање на владата е голем“, рече тој и додаде: „Како политичар треба да донесеш одлука, која е мојата улога? Дали мојата улога е стабилност? Или моја улога е да ја водам нацијата и да направам чекор напред. Мислам дека тоа е одлуката, а Димитар Ковачевски мора да го направи тоа сега. Да сум на негово место, воопшто не би размислувал двапати. Ако влезе во историјата со отворање на вратите на ЕУ за земјата, мислам дека тоа е добар резултат за еден премиер“.
Петков беше критикуван во Брисел затоа што неговата земја ги блокира пристапните преговори на Македонија, не само од Западен Балкан, туку и од оние главни играчи во ЕУ. Тоа го изјави вчера францускиот претседател во Брисел: „Дали е само меѓу Бугарија и Македонија? Не е, и затоа извршивме голем притисок врз Бугарија во последните месеци“. Петков рече дека компромисниот предлог на Франција треба да се гледа како „европски“, а не само како договор меѓу Бугарија и нејзиниот сосед. Бугарскиот премиер во заминување посочи и дека неговата земја веќе еден век го поддржува членството на Западен Балкан во ЕУ, но дека ситуацијата сега е комплицирана поради правата на бугарското национално малцинство во Македонија, на кои им е потребна посилна уставна заштита.
„Ако нашата влада беше најстабилна во светот, воопшто немаше да ја водиме оваа дискусија“, рече тој. „Да затворевме едно око пред старите коруптивни практики и да не бевме толку отворени против, на пример, употребата на гас како оружје во блокот… сега ќе имавте не многу гласна, многу стабилна нација во ЕУ. Но, она што би ја пропуштиле е можноста партиите да кажат: „Добро, добро, сакаме да одиме побрзо.“ Затоа, јас сум повеќе од среќен што сега ја платив цената со ова гласање за недоверба. Затоа што тоа е единствениот начин да се направи разлика. Во спротивно, вие сте заглавени во сиромашен кварт “, заклучи тој.

The post Петков го повика Ковачевски да го прифати францускиот предлог: Знам дека таквиот чекор би можел да ја собори владата appeared first on Република.

]]>
Сарач: Овој дебакл во Брисел налага Владата да поднесе оставка поради измама на сопствените граѓани! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sarach-ovoj-debakl-vo-brisel-nalaga-vladata-da-podnese-ostavka-poradi-izmama-na-sopstvenite-gragjani/ Fri, 24 Jun 2022 11:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=519267

По повод вчерашната одлука на Советот на ЕУ да не стави на дневен ред точката за разгледување на датумот за почеток на пристапното членство на Македонија, се огласи Движењето за Национално Единство на Турците.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението потпишано од претседателот на партијата, Ердоган Сарач:

Засега непринципиелноста на ЕУ и бавноста на Бугарското Собрание ја спасија Македонија од капитулација. Но останува на граѓаните на Македонија да кажат до колку ќе трае оваа агонија. Сега веќе е јасно секому дека Владата на РМ безобразно ја лажела јавноста во Македонија наводно дека не е запознаена со францускиот предлог. Убедени сме дека доколку Бугарскиот парламент потврдуваше на време фанцускиот договор со дополнителни барања за претпристапниот договор, Ковачевски ќе го потпишеше и со тоа ќе ставеше бомба на државните темели на Македонија.

Голем неуспех на владата е што воопшто не се разговараше за проширување на Западен Балкан и посебно Македонија. Оттука повеќе од јасно е дека доколку имаат и малку чувства на срам и одговорност, министрите задолжени за евроинтеграција и надворешни работи поради овој дебакл треба да поднесат неотповикливи оставки. Толку крупни работи се разгледувале, а овие наводно немаат поим од развојот на настаните и францускиот предлог.

Загрижени сме што ЕУ ги гази своите принципи на сметка на Бугарија и ги руши темелите на една земја која непрекинато е посветено на европските принципи и заложби за членство во неа. Од вчера веќе ништо не е како порано.

Повеќе од јасно е дека оваа влада не располага со државнички капацитет да ги заштити државните и граѓанските интереси на Македонија. Изјавата на премиерот Ковачевски во Брисел личи на онаа позната турска приказна кога „газдата го брка работникот од работа“, а тој излегува надвор и вели „не ме избрка газдата туку јас ја напуштив работата“. Оттука како излез од оваа дополнителна криза во земјата, итно, потребни се предвремени парламентарни избори за спас на државата од понатамошно тонење и распаѓање. Со надеж дека разумот ќе надвладее над инатот на власта по секоја цена да го задржи управувањето со земјата, апелираме да и опозицијата се приклучи во надминувањето на новата состојба и заеднички да се определи датум за итни предвремени избори. Овој дебакл во Брисел налага Владата да поднесе оставка поради измама на сопствените граѓани и необјективните надежи за брза интеграција во ЕУ.

The post Сарач: Овој дебакл во Брисел налага Владата да поднесе оставка поради измама на сопствените граѓани! appeared first on Република.

]]>

По повод вчерашната одлука на Советот на ЕУ да не стави на дневен ред точката за разгледување на датумот за почеток на пристапното членство на Македонија, се огласи Движењето за Национално Единство на Турците. Во продолжение следува интегрален текст од соопштението потпишано од претседателот на партијата, Ердоган Сарач: Засега непринципиелноста на ЕУ и бавноста на Бугарското Собрание ја спасија Македонија од капитулација. Но останува на граѓаните на Македонија да кажат до колку ќе трае оваа агонија. Сега веќе е јасно секому дека Владата на РМ безобразно ја лажела јавноста во Македонија наводно дека не е запознаена со францускиот предлог. Убедени сме дека доколку Бугарскиот парламент потврдуваше на време фанцускиот договор со дополнителни барања за претпристапниот договор, Ковачевски ќе го потпишеше и со тоа ќе ставеше бомба на државните темели на Македонија. Голем неуспех на владата е што воопшто не се разговараше за проширување на Западен Балкан и посебно Македонија. Оттука повеќе од јасно е дека доколку имаат и малку чувства на срам и одговорност, министрите задолжени за евроинтеграција и надворешни работи поради овој дебакл треба да поднесат неотповикливи оставки. Толку крупни работи се разгледувале, а овие наводно немаат поим од развојот на настаните и францускиот предлог. Загрижени сме што ЕУ ги гази своите принципи на сметка на Бугарија и ги руши темелите на една земја која непрекинато е посветено на европските принципи и заложби за членство во неа. Од вчера веќе ништо не е како порано. Повеќе од јасно е дека оваа влада не располага со државнички капацитет да ги заштити државните и граѓанските интереси на Македонија. Изјавата на премиерот Ковачевски во Брисел личи на онаа позната турска приказна кога „газдата го брка работникот од работа“, а тој излегува надвор и вели „не ме избрка газдата туку јас ја напуштив работата“. Оттука како излез од оваа дополнителна криза во земјата, итно, потребни се предвремени парламентарни избори за спас на државата од понатамошно тонење и распаѓање. Со надеж дека разумот ќе надвладее над инатот на власта по секоја цена да го задржи управувањето со земјата, апелираме да и опозицијата се приклучи во надминувањето на новата состојба и заеднички да се определи датум за итни предвремени избори. Овој дебакл во Брисел налага Владата да поднесе оставка поради измама на сопствените граѓани и необјективните надежи за брза интеграција во ЕУ.

The post Сарач: Овој дебакл во Брисел налага Владата да поднесе оставка поради измама на сопствените граѓани! appeared first on Република.

]]>
Рама: Време е да се стави крај на едногласноста во одлучувањето во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-vreme-e-da-se-stavi-kraj-na-ednoglasnosta-vo-odluchuvanjeto-vo-eu/ Fri, 24 Jun 2022 11:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=519251

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека е време да се стави крај на едногласноста во одлучувањето во ЕУ и повтори дека Албанија и Република Македонија „се заложници на Бугарија“. Ова го изјави премиерот во телефонско интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Рама рече дека му е „жал“ за Европската унија и дека не е разочаран.

„Тоа беше лош ден за Унијата“, рече тој, „бидејќи се покажа невозможно да се ослободат Албанија и Македонија, заложници на само една земја од ЕУ, Бугарија, која, како и ние, е членка на НАТО“, нагласи тој и додаде дека другите 26 земји-членки во исто време изгледале беспомошни, при тоа со „војна на нивниот праг“.

Запрашан зошто ги држат како заложници, албанскиот премиер објасни дека тоа е „само поради внатрешно-политички прашања, ништо друго“.

На прашањето дали принципот на едногласност во одлучувањето во Унијата треба да се укине, Рама рече дека „сто проценти“ мисли така.

„Свесен сум дека ова е деликатно прашање за земјите-членки, кои имаат своја историја и значење“, рече албанскиот премиер, но додаде дека е дојдено време да се отстрани условот за едногласност.

Запрашан да одговори дали на Балканот му се заканува пенетрација на Русија и Кина во овој ќорсокак, Рама рече дека „нема сомнеж дека регионот е слаба точка на континентот во однос на навлегувањето на други елементи“.

Албанскиот премиер вчера го нарече „срамота“ да се блокира напредокот на Бугарија на патот на Република Македонија кон ЕУ.

„Срамота е што една земја на НАТО, Бугарија, држи во заложништво две други земји на НАТО, имено Албанија и Македонија, среде жестока војна во дворот на Европа, додека 26 други земји од ЕУ молчат на застрашувачка демонстрација на немоќ“, им рече Рама на новинарите при пристигнувањето во Брисел на состанокот на лидерите од Западен Балкан и претставници на ЕУ.

The post Рама: Време е да се стави крај на едногласноста во одлучувањето во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека е време да се стави крај на едногласноста во одлучувањето во ЕУ и повтори дека Албанија и Република Македонија „се заложници на Бугарија“. Ова го изјави премиерот во телефонско интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“. Рама рече дека му е „жал“ за Европската унија и дека не е разочаран.
„Тоа беше лош ден за Унијата“, рече тој, „бидејќи се покажа невозможно да се ослободат Албанија и Македонија, заложници на само една земја од ЕУ, Бугарија, која, како и ние, е членка на НАТО“, нагласи тој и додаде дека другите 26 земји-членки во исто време изгледале беспомошни, при тоа со „војна на нивниот праг“.
Запрашан зошто ги држат како заложници, албанскиот премиер објасни дека тоа е „само поради внатрешно-политички прашања, ништо друго“. На прашањето дали принципот на едногласност во одлучувањето во Унијата треба да се укине, Рама рече дека „сто проценти“ мисли така.
„Свесен сум дека ова е деликатно прашање за земјите-членки, кои имаат своја историја и значење“, рече албанскиот премиер, но додаде дека е дојдено време да се отстрани условот за едногласност.
Запрашан да одговори дали на Балканот му се заканува пенетрација на Русија и Кина во овој ќорсокак, Рама рече дека „нема сомнеж дека регионот е слаба точка на континентот во однос на навлегувањето на други елементи“. Албанскиот премиер вчера го нарече „срамота“ да се блокира напредокот на Бугарија на патот на Република Македонија кон ЕУ.
„Срамота е што една земја на НАТО, Бугарија, држи во заложништво две други земји на НАТО, имено Албанија и Македонија, среде жестока војна во дворот на Европа, додека 26 други земји од ЕУ молчат на застрашувачка демонстрација на немоќ“, им рече Рама на новинарите при пристигнувањето во Брисел на состанокот на лидерите од Западен Балкан и претставници на ЕУ.

The post Рама: Време е да се стави крај на едногласноста во одлучувањето во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Грција предлага 2033 година да биде краен рок за завршување на пристапниот процес на Западен Балкан во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/micotakis-grcija-predlaga-2033-godina-da-bide-kraen-rok-za-zavrshuvanje-na-pristapniot-proces-na-zapaden-balkan-vo-eu/ Fri, 24 Jun 2022 10:42:26 +0000 https://republika.mk/?p=519230

Мојот предлог до Европскиот совет е оваа пресвртница да биде во 2033 година, триесет години по Самитот во Солун, за Западен Балкан и нивните граѓани да знаат дека на крајот од овој долг процес навистина можат да се радуваат да станат членки на eвропското семејство, изјави грчкиот премиер за новинарите во Брисел. Грција ќе препорача да се постави 2033 година како краен рок за завршување на пристапниот процес за Западен Балкан, изјави премиерот Киријакос Мицотакис за новинарите во Брисел, објави електронското издание на весникот „Катимерини“.

Тој додава дека Грција стои на страната на Западен Балкан:

„Грција стои на страната на Западен Балкан, како најголема економија во регионот, како земја која ги искористи придобивките од приклучувањето кон европското семејство. Ќе ги поддржи земјите од Западен Балкан во нивниот пат да станат членки на Европската унија“.

Грчкиот премиер смета дека е многу важно да се понуди конкретна пресвртница за да се заврши овој процес.

„Знаеме дека за овие земји процесот е тежок… Сепак, мојот став е дека е многу важно да се понуди конкретна пресвртница за да се заврши овој процес. Мојот предлог до Европскиот совет е оваа пресвртница да биде во 2033 година, триесет години по Самитот во Солун, за Западен Балкан и нивните граѓани да знаат дека на крајот од овој долг процес навистина можат да се радуваат да станат членки на европското семејство”, вели тој.

The post Мицотакис: Грција предлага 2033 година да биде краен рок за завршување на пристапниот процес на Западен Балкан во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Мојот предлог до Европскиот совет е оваа пресвртница да биде во 2033 година, триесет години по Самитот во Солун, за Западен Балкан и нивните граѓани да знаат дека на крајот од овој долг процес навистина можат да се радуваат да станат членки на eвропското семејство, изјави грчкиот премиер за новинарите во Брисел. Грција ќе препорача да се постави 2033 година како краен рок за завршување на пристапниот процес за Западен Балкан, изјави премиерот Киријакос Мицотакис за новинарите во Брисел, објави електронското издание на весникот „Катимерини“.
Тој додава дека Грција стои на страната на Западен Балкан:
„Грција стои на страната на Западен Балкан, како најголема економија во регионот, како земја која ги искористи придобивките од приклучувањето кон европското семејство. Ќе ги поддржи земјите од Западен Балкан во нивниот пат да станат членки на Европската унија“.
Грчкиот премиер смета дека е многу важно да се понуди конкретна пресвртница за да се заврши овој процес. „Знаеме дека за овие земји процесот е тежок… Сепак, мојот став е дека е многу важно да се понуди конкретна пресвртница за да се заврши овој процес. Мојот предлог до Европскиот совет е оваа пресвртница да биде во 2033 година, триесет години по Самитот во Солун, за Западен Балкан и нивните граѓани да знаат дека на крајот од овој долг процес навистина можат да се радуваат да станат членки на европското семејство”, вели тој.

The post Мицотакис: Грција предлага 2033 година да биде краен рок за завршување на пристапниот процес на Западен Балкан во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Рама: Бугарија има проблем со мојот начин на зборување, и јас имам проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билтаралните прашања https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-bugarija-ima-problem-so-mojot-nachin-na-zboruvanje-i-jas-imam-problem-so-nachinot-na-koj-bugarija-saka-da-gi-reshi-biltaralnite-prashanja/ Fri, 24 Jun 2022 09:59:36 +0000 https://republika.mk/?p=519203

Премиерот на Албанија, Еди Рама на својот Фејсбук профил посочува дека Бугарското Министерство за надворешни работи имало проблем со неговиот начин на разговор.

Тој вели дека ова е доволно фер бидејќи и тој има проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билатералните прашања.

„О! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот начин на зборување! Доволно е фер. И јас имам проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билтаралните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две земји од НАТО! Лесно пријатели: Подигнете ВЕТО или издржете со мене!“, вели Рама.

https://twitter.com/ediramaal/status/1540258024027475968?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1540258024027475968%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F4news.mk%2Frama-bugarskoto-mnr-ima-problem-so-mojot-nachin-na-zboruvane-dovolno-e-fer-i-jas-imam-problem-so-nachinot-na-koj-bugarija-saka-da-gi-reshi-biltaralnite-prashana%2F

Во друг твит пак, Рама појаснува дека доволен бил еден разговор со поранешниот премиер Бојко Борисов за да се реши прашањето за бугарско малцинство во Албанија.

„И патем да ве потсетам драги пријатели Бугари дека беше потребен краток телефонски разговор @BoykoBorissov пријателски и искрено да се реши прашањето за бугарското малцинство во Албанија!“, порача Рама.

https://twitter.com/ediramaal/status/1540260767752228866?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1540260767752228866%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F4news.mk%2Frama-bugarskoto-mnr-ima-problem-so-mojot-nachin-na-zboruvane-dovolno-e-fer-i-jas-imam-problem-so-nachinot-na-koj-bugarija-saka-da-gi-reshi-biltaralnite-prashana%2F

https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskoto-mnr-rama-upotrebuva-navredlivi-kvalifikacii-da-go-prilagodi-svoeto-izrazuvanje/

The post Рама: Бугарија има проблем со мојот начин на зборување, и јас имам проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билтаралните прашања appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Албанија, Еди Рама на својот Фејсбук профил посочува дека Бугарското Министерство за надворешни работи имало проблем со неговиот начин на разговор. Тој вели дека ова е доволно фер бидејќи и тој има проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билатералните прашања.
„О! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот начин на зборување! Доволно е фер. И јас имам проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билтаралните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две земји од НАТО! Лесно пријатели: Подигнете ВЕТО или издржете со мене!“, вели Рама.
https://twitter.com/ediramaal/status/1540258024027475968?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1540258024027475968%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F4news.mk%2Frama-bugarskoto-mnr-ima-problem-so-mojot-nachin-na-zboruvane-dovolno-e-fer-i-jas-imam-problem-so-nachinot-na-koj-bugarija-saka-da-gi-reshi-biltaralnite-prashana%2F Во друг твит пак, Рама појаснува дека доволен бил еден разговор со поранешниот премиер Бојко Борисов за да се реши прашањето за бугарско малцинство во Албанија.
„И патем да ве потсетам драги пријатели Бугари дека беше потребен краток телефонски разговор @BoykoBorissov пријателски и искрено да се реши прашањето за бугарското малцинство во Албанија!“, порача Рама.
https://twitter.com/ediramaal/status/1540260767752228866?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1540260767752228866%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F4news.mk%2Frama-bugarskoto-mnr-ima-problem-so-mojot-nachin-na-zboruvane-dovolno-e-fer-i-jas-imam-problem-so-nachinot-na-koj-bugarija-saka-da-gi-reshi-biltaralnite-prashana%2F https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskoto-mnr-rama-upotrebuva-navredlivi-kvalifikacii-da-go-prilagodi-svoeto-izrazuvanje/

The post Рама: Бугарија има проблем со мојот начин на зборување, и јас имам проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билтаралните прашања appeared first on Република.

]]>
Бугарското МНР: Рама употребува навредливи квалификации, да го прилагоди своето изразување https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskoto-mnr-rama-upotrebuva-navredlivi-kvalifikacii-da-go-prilagodi-svoeto-izrazuvanje/ Fri, 24 Jun 2022 09:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=519184

Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји-членки на Европската унија кои ја поддржуваат европската припадност на албанскиот народ. Ја браневме европската перспектива на Албанија и почетокот на преговорите за членство во ЕУ, дури и кога беше многу потешко од денес. Ние се залагаме за тоа денес, и покрај се, во име на заедничката европска иднина. Сепак, не е првпат да слушаме неиспровоцирани остри, навредливи квалификации од еден шеф на влада, стои во соопштението на Бугарското министерство за надворешни работи како одговор на вчерашната изјава на албанскиот премиер Еди Рама.

-Жолчните квалификации со толку ниско јазично ниво повеќе не можат да се оправдаат со природата и недостатокот на европски комуникациски вештини. Очекуваме албанскиот премиер да го прилагоди своето изразување и јазик, како што соодветствува за политичар од земја-кандидат за членство во ЕУ, се вели во ставот на бугарското МНР.

-На ова ниво, повеќе од кое било друго, инсистираме на одржување на добар тон на комуникација. На ова ниво секогаш сме ја покажувале сета почит што бара одговорна позиција и ниво на меѓудржавни односи. Имаме заедничка иднина со Албанија. Политичарите си заминуваат. Нациите остануваат. Нашите народи имаат заеднички интерес, кој не смее да се поткопа со погрешна проценка на еден политичар. Недозволиво е односите меѓу државите да станат заложник на ексцентричноста на актуелниот албански премиер, соопштило тамошното МНР.

Рама вчера на самитот ЕУ-Западен Балкан неколку пати упати критички ставови кон Бугарија поради ветото за Македонија. Тој изјави дека е срамота што една земја на НАТО, Бугарија, „киднапирала“ две други членки, Македонија и Албанија, на нивниот европски пат во време кога на Европа ѝ се заканува војна, при што 26 држави седат мирно, покажувајќи ја својата немоќ.

-Македонија нема да влезе во ЕУ утре или следната недела. Има уште толку време прашањето да се реши во иднина. Процесот како што е полн со трикови и замки и на секој агол ве чека замка и таму можат да ве запрат. Бугарија може да го користи тоа право со децении. Среде војна, да продолжите да се борите за нешто, ја трансформира ЕУ во една смешна реалност. 26 земји се парализирани и рацете им се врзани затоа што една земја воведува вето. Ова ме ужаснува.Жалам многу, рече Рама како одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со Ковачевски и Вучиќ во Брисел.

The post Бугарското МНР: Рама употребува навредливи квалификации, да го прилагоди своето изразување appeared first on Република.

]]>

Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји-членки на Европската унија кои ја поддржуваат европската припадност на албанскиот народ. Ја браневме европската перспектива на Албанија и почетокот на преговорите за членство во ЕУ, дури и кога беше многу потешко од денес. Ние се залагаме за тоа денес, и покрај се, во име на заедничката европска иднина. Сепак, не е првпат да слушаме неиспровоцирани остри, навредливи квалификации од еден шеф на влада, стои во соопштението на Бугарското министерство за надворешни работи како одговор на вчерашната изјава на албанскиот премиер Еди Рама.
-Жолчните квалификации со толку ниско јазично ниво повеќе не можат да се оправдаат со природата и недостатокот на европски комуникациски вештини. Очекуваме албанскиот премиер да го прилагоди своето изразување и јазик, како што соодветствува за политичар од земја-кандидат за членство во ЕУ, се вели во ставот на бугарското МНР.
-На ова ниво, повеќе од кое било друго, инсистираме на одржување на добар тон на комуникација. На ова ниво секогаш сме ја покажувале сета почит што бара одговорна позиција и ниво на меѓудржавни односи. Имаме заедничка иднина со Албанија. Политичарите си заминуваат. Нациите остануваат. Нашите народи имаат заеднички интерес, кој не смее да се поткопа со погрешна проценка на еден политичар. Недозволиво е односите меѓу државите да станат заложник на ексцентричноста на актуелниот албански премиер, соопштило тамошното МНР. Рама вчера на самитот ЕУ-Западен Балкан неколку пати упати критички ставови кон Бугарија поради ветото за Македонија. Тој изјави дека е срамота што една земја на НАТО, Бугарија, „киднапирала“ две други членки, Македонија и Албанија, на нивниот европски пат во време кога на Европа ѝ се заканува војна, при што 26 држави седат мирно, покажувајќи ја својата немоќ.
-Македонија нема да влезе во ЕУ утре или следната недела. Има уште толку време прашањето да се реши во иднина. Процесот како што е полн со трикови и замки и на секој агол ве чека замка и таму можат да ве запрат. Бугарија може да го користи тоа право со децении. Среде војна, да продолжите да се борите за нешто, ја трансформира ЕУ во една смешна реалност. 26 земји се парализирани и рацете им се врзани затоа што една земја воведува вето. Ова ме ужаснува.Жалам многу, рече Рама како одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со Ковачевски и Вучиќ во Брисел.

The post Бугарското МНР: Рама употребува навредливи квалификации, да го прилагоди своето изразување appeared first on Република.

]]>
Петров: Идентитетот и јазикот се основни обележја, а нам не ни треба ЕУ по секоја цена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrov-identitetot-i-jazikot-se-osnovni-obelezja-a-nam-ne-ni-treba-eu-po-sekoja-cena/ Thu, 23 Jun 2022 19:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=519062

Идентитетот и јазикот се основни обележја, а нам не ни треба ЕУ по секоја цена. Сакаме да продолжиме со разговори, да бидеме прифатени како и сите останати држави во ова големо европско семејство, вели Андреј Петров член на извршниот одбор на СДСМ во емисијата 24 Отворено.

-Немаме проблем со предлозите на големите европски држави кои сакаат да го надминат спорот. Имаме проблем со непринципиелноста која постои и која е резултат на една уценувачка политика на Бугарија која нема да донесе ништо добро. – рече Петров.

„Од тактички аспект тоа денес што е направено е одличен потег“, смета Петров.

The post Петров: Идентитетот и јазикот се основни обележја, а нам не ни треба ЕУ по секоја цена appeared first on Република.

Каде е Таче?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kade-e-tache/ Thu, 23 Jun 2022 19:00:39 +0000 https://republika.mk/?p=519059

Каде е премиерот на Македонија Димитар Ковачевски Таче?! На групната фотографија од денешниот ЕУ Самит на кој се расправаше за Западен Балкан не се гледа ликот на Таче. Дали некој успева да го најде?

The post Каде е Таче?! appeared first on Република.

Рама: Бугарија добива поддршка да ја дестабилизира Македонија, а тоа води до раздор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rama-bugarija-dobiva-poddrshka-da-ja-destabilizira-makedonija-a-toa-vodi-do-razdor/ Thu, 23 Jun 2022 13:19:20 +0000 https://republika.mk/?p=518966

„Жал ми е за Европската унија и се надевам дека можеме да им помогнеме. Се обидов да им кажам некои работи на состанокот и ќе го споделам со вас. Добро и лошо е што сме тука, се чувствуваме добро затоа што сме Европејци и да се биде таму е нашата суштина, но јас се чувствувам лошо затоа што никој не не слуша така, туку како гости. Ние сме во поделена куќа и загрижувачки е што и за време на пандемијата, која беше глобална, доведе до лоши последици. Ниту пандемијата или војната не успеаја да ги обединат Европејците. Од една страна, мислам дека направивме многу за да ја поддржиме идејата на Макрон, да ја постигнеме политичката цел. Се надеваме дека во одреден момент ќе станеме членови. во Европа ќе ни овозможи сите да бидеме заедно во еден дом, како едно семејство“, рече албанскиот претседател Еди Рама на денешниот ЕУ Самит за западен Балкан.

Тој додаде дека Македонија била главна тема, која 17 години чека на отворање на преговорите и го сменила името, што не довело до никаков напредок.

„Не е само Бугарија во прашање, тоа е проблем, но не е само Бугарија. Европската унија е уморна од проширувањето. Таа стана повеќе инструмент за поединечни членки да запрат нешто. Приказната со Бугарија е срамота и една земја ги краде шансите за пристапни преговори со другите членки. Излезе дека една земја наметнува нешто свое а другите членки не можат ништо да направат околу тоа. Знаеме дека Бугарија добива поддршка да ја дестабилизира Македонија, а тоа води до раздор. Нема да го чекаме Годо. Ние на Балканот нема да се откажеме и ќе продолжиме да работиме и еден ден ќе станеме членки на Европската унија“, додаде Рама.

Тој додаде дека граѓаните на Косово не можат слободно да се движат во Европа и само ним им е забрането да се движат.

„Србија не е во позиција да ги прифати сите тие санкции толку брзо, што може да доведе до контраефект. Кој ќе плати за тоа? Тоа е европска агенда за Србија, но тоа ќе го почувствуваат народите на нашите земји. Не ни требаат војна и тензии во регионот.

The post Рама: Бугарија добива поддршка да ја дестабилизира Македонија, а тоа води до раздор appeared first on Република.

]]>

„Жал ми е за Европската унија и се надевам дека можеме да им помогнеме. Се обидов да им кажам некои работи на состанокот и ќе го споделам со вас. Добро и лошо е што сме тука, се чувствуваме добро затоа што сме Европејци и да се биде таму е нашата суштина, но јас се чувствувам лошо затоа што никој не не слуша така, туку како гости. Ние сме во поделена куќа и загрижувачки е што и за време на пандемијата, која беше глобална, доведе до лоши последици. Ниту пандемијата или војната не успеаја да ги обединат Европејците. Од една страна, мислам дека направивме многу за да ја поддржиме идејата на Макрон, да ја постигнеме политичката цел. Се надеваме дека во одреден момент ќе станеме членови. во Европа ќе ни овозможи сите да бидеме заедно во еден дом, како едно семејство“, рече албанскиот претседател Еди Рама на денешниот ЕУ Самит за западен Балкан. Тој додаде дека Македонија била главна тема, која 17 години чека на отворање на преговорите и го сменила името, што не довело до никаков напредок.
„Не е само Бугарија во прашање, тоа е проблем, но не е само Бугарија. Европската унија е уморна од проширувањето. Таа стана повеќе инструмент за поединечни членки да запрат нешто. Приказната со Бугарија е срамота и една земја ги краде шансите за пристапни преговори со другите членки. Излезе дека една земја наметнува нешто свое а другите членки не можат ништо да направат околу тоа. Знаеме дека Бугарија добива поддршка да ја дестабилизира Македонија, а тоа води до раздор. Нема да го чекаме Годо. Ние на Балканот нема да се откажеме и ќе продолжиме да работиме и еден ден ќе станеме членки на Европската унија“, додаде Рама.
Тој додаде дека граѓаните на Косово не можат слободно да се движат во Европа и само ним им е забрането да се движат.
„Србија не е во позиција да ги прифати сите тие санкции толку брзо, што може да доведе до контраефект. Кој ќе плати за тоа? Тоа е европска агенда за Србија, но тоа ќе го почувствуваат народите на нашите земји. Не ни требаат војна и тензии во регионот.

The post Рама: Бугарија добива поддршка да ја дестабилизира Македонија, а тоа води до раздор appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Францускиот предлог во ваква форма е неприфатлив https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-francuskiot-predlog-vo-vakva-forma-e-neprifatliv/ Thu, 23 Jun 2022 12:55:57 +0000 https://republika.mk/?p=518950

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на заедничката прес конференција посочи дека во ваква форма, францускиот предлог не е прифатлив за Македонија.

„Предлогот во ваква форма, каква што е во моментов, е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за владата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Македонија“, порача Ковачевски.

Тој изјави:

„Македонија е кандидат 17 години.Еве сме тука денес, а преговоротие не се започнати. Ова е сериозен проблем и сериозен удар врз ЕУ. Ние и Албанија и регионот не смееме да тапкаме во место поради една земја членка која не успева да се координира и да обезбеди деблокирање на нашиот европски пат.

Билатералните прашања не смеат да станат мултилатералрен проблем. Како земја која е посветена на заеднишко решавање, влеговме во преговори со Бугарија да најдеме решение со европски вредности.Месеци наназад го посветувавме времето кон иднината. Бугарија реши да се врати во минатото и повторно да постави блокада која никому не оди во прилог. Време е ЕУ да ги исполни своите ветувања. Што се однесува до францускиот предлог, овој предлог е неприфатлив за нас“

https://youtu.be/jDbDuuTfJZs

The post Ковачевски: Францускиот предлог во ваква форма е неприфатлив appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на заедничката прес конференција посочи дека во ваква форма, францускиот предлог не е прифатлив за Македонија.
„Предлогот во ваква форма, каква што е во моментов, е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за владата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Македонија“, порача Ковачевски.
Тој изјави:
„Македонија е кандидат 17 години.Еве сме тука денес, а преговоротие не се започнати. Ова е сериозен проблем и сериозен удар врз ЕУ. Ние и Албанија и регионот не смееме да тапкаме во место поради една земја членка која не успева да се координира и да обезбеди деблокирање на нашиот европски пат. Билатералните прашања не смеат да станат мултилатералрен проблем. Како земја која е посветена на заеднишко решавање, влеговме во преговори со Бугарија да најдеме решение со европски вредности.Месеци наназад го посветувавме времето кон иднината. Бугарија реши да се врати во минатото и повторно да постави блокада која никому не оди во прилог. Време е ЕУ да ги исполни своите ветувања. Што се однесува до францускиот предлог, овој предлог е неприфатлив за нас“
https://youtu.be/jDbDuuTfJZs

The post Ковачевски: Францускиот предлог во ваква форма е неприфатлив appeared first on Република.

]]>
Борисов: Ако ја бутнеме владата во Скопје ќе значи дека Петков е сојузник на Путин на Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/borisov-ako-ja-butneme-vladata-vo-skopje-kje-znachi-deka-petkov-e-sojuznik-na-putin-na-balkanot/ Thu, 23 Jun 2022 12:28:33 +0000 https://republika.mk/?p=518924

Ја повикувам владејачката партија да ги достави буџетот и францускиот предлог за Македонија во парламентот, порача лидерот на бугарската опозициска партија ГЕРБ, Бојко Борисов, пренесува Вести.бг.

На нова средба со пратениците од ГЕРБ, тој ги повика да разговараат со пратениците од другите парламентарни партии и да се донесе одлука за Република Македонија.

Според него, владејачката партија паднала од власт поради ароганција, што довело и до нејзина изолација во парламентот. Меѓу другото, Борисов испрати повик до Кирил Петков и неговата партија Продолжуваме со промената да го поддржат францускиот предлог за Македонија.

„Ние од ГЕРБ вчера ја почувствувавме тежината на оваа одлука, долго ќе им ја објаснуваме на нашите гласачи, некои од нив сигурно ќе изгубиме“, додаде поранешниот премиер, кој вчера јавно даде поддршка за францускиот предлог и истакна дека Македонија и Бугарија имаат „зелено светло“ за почеток на преговорите.

Тој не го криеше ниту својот гнев, испровоциран од зборовите на Кирил Петков дека денеска не може да се започне процесот.

„Да не ја скршиме владата на Македонија и да не правиме штета. Ако се случи ова, вие господине Петков сте сојузник на Путин на Балканот! Затоа, ве молиме, наредете и на вашата партија да придонесе, да биде лидер. Денеска ќе си заминете со одлука и сите ќе ви аплаудираат“, му порача Борисов на Петков.

Претходно на брифинг во Народното собрание, координаторката на пратеничката група на ГЕРБ, Десислава Атанасова, најави дека пратениците на оваа партија ќе се појават на пленарна седница доколку се разгледуваат важни прашања, како државниот буџет, законите поврзани со Планот за закрепнување и одржливост и фондовите на ЕУ и темата за Република Македонија.

The post Борисов: Ако ја бутнеме владата во Скопје ќе значи дека Петков е сојузник на Путин на Балканот appeared first on Република.

]]>

Ја повикувам владејачката партија да ги достави буџетот и францускиот предлог за Македонија во парламентот, порача лидерот на бугарската опозициска партија ГЕРБ, Бојко Борисов, пренесува Вести.бг.
На нова средба со пратениците од ГЕРБ, тој ги повика да разговараат со пратениците од другите парламентарни партии и да се донесе одлука за Република Македонија. Според него, владејачката партија паднала од власт поради ароганција, што довело и до нејзина изолација во парламентот. Меѓу другото, Борисов испрати повик до Кирил Петков и неговата партија Продолжуваме со промената да го поддржат францускиот предлог за Македонија.
„Ние од ГЕРБ вчера ја почувствувавме тежината на оваа одлука, долго ќе им ја објаснуваме на нашите гласачи, некои од нив сигурно ќе изгубиме“, додаде поранешниот премиер, кој вчера јавно даде поддршка за францускиот предлог и истакна дека Македонија и Бугарија имаат „зелено светло“ за почеток на преговорите.
Тој не го криеше ниту својот гнев, испровоциран од зборовите на Кирил Петков дека денеска не може да се започне процесот.
„Да не ја скршиме владата на Македонија и да не правиме штета. Ако се случи ова, вие господине Петков сте сојузник на Путин на Балканот! Затоа, ве молиме, наредете и на вашата партија да придонесе, да биде лидер. Денеска ќе си заминете со одлука и сите ќе ви аплаудираат“, му порача Борисов на Петков.
Претходно на брифинг во Народното собрание, координаторката на пратеничката група на ГЕРБ, Десислава Атанасова, најави дека пратениците на оваа партија ќе се појават на пленарна седница доколку се разгледуваат важни прашања, како државниот буџет, законите поврзани со Планот за закрепнување и одржливост и фондовите на ЕУ и темата за Република Македонија.

The post Борисов: Ако ја бутнеме владата во Скопје ќе значи дека Петков е сојузник на Путин на Балканот appeared first on Република.

]]>
Откажана прес-конференцијата на лидерите на ЕУ по самитот со земјите од западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/otkazana-pres-konferencijata-na-liderite-na-eu-po-samitot-so-zemjite-od-zapaden-balkan/ Thu, 23 Jun 2022 12:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=518921

Во Брисел е откажана прес-конференцијата на лидерите на ЕУ што требаше да се одржи по Самитот ЕУ-западен Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел.

На прес-конференцијата требаше да говорат францускиот претседател Емануел Макрон, како актуелен претседавач со ЕУ, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Пред почетокот на Самитот, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави дека „денеска не е добар ден, бидејќи требаше да го започнеме пристапниот процес со две земји, но не можеме, затоа што една држава го блокира целиот процес на проширување“.

Тој изрази незадоволство поради недостигот на напредок во Бугарија во однос на отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија, додавајќи дека тоа покажува оти принципот на консензусот не е добро решение за носење одлуки во ЕУ.

The post Откажана прес-конференцијата на лидерите на ЕУ по самитот со земјите од западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Во Брисел е откажана прес-конференцијата на лидерите на ЕУ што требаше да се одржи по Самитот ЕУ-западен Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел. На прес-конференцијата требаше да говорат францускиот претседател Емануел Макрон, како актуелен претседавач со ЕУ, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Пред почетокот на Самитот, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави дека „денеска не е добар ден, бидејќи требаше да го започнеме пристапниот процес со две земји, но не можеме, затоа што една држава го блокира целиот процес на проширување“. Тој изрази незадоволство поради недостигот на напредок во Бугарија во однос на отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија, додавајќи дека тоа покажува оти принципот на консензусот не е добро решение за носење одлуки во ЕУ.

The post Откажана прес-конференцијата на лидерите на ЕУ по самитот со земјите од западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Вучиќ испрати порака дека поминаа времињата во кои некој можеше да уценува независни држави, Ковачевски молчи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vuchikj-isprati-poraka-deka-pominaa-vreminjata-vo-koi-nekoj-mozeshe-da-ucenuva-nezavisni-drzavi-kovachevski-molchi/ Thu, 23 Jun 2022 11:34:39 +0000 https://republika.mk/?p=518888

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека со пријателите од регионот ќе продолжи да се бори за европска иднина, но почитувајќи се себеси, пред денешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Вучиќ рече и дека поминаа времињата кога можеше да се уценуваат независни и слободни држави.

„Поминаа времињата во кои независни и слободни држави некој може да ги уценува. Ние тука дојдовме кај пријатели. Заедно со нашите пријатели од регионот ќе се бориме за европска иднина, но почитувајќи се себеси и верувајќи дека заеднички можеме многу да направиме“, изјави Вучиќ.

Албанскиот премиер Еди Рама кажа дека Бугарите се срамота, додека македонскиот премиер Димитар Ковачевски одби да даде изјава.

https://republika.mk/vesti/balkan/rama-sramno-e-shto-bugarija-kidnapira-dve-zemji-chlenki-na-nato/

The post Вучиќ испрати порака дека поминаа времињата во кои некој можеше да уценува независни држави, Ковачевски молчи appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека со пријателите од регионот ќе продолжи да се бори за европска иднина, но почитувајќи се себеси, пред денешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Вучиќ рече и дека поминаа времињата кога можеше да се уценуваат независни и слободни држави.
„Поминаа времињата во кои независни и слободни држави некој може да ги уценува. Ние тука дојдовме кај пријатели. Заедно со нашите пријатели од регионот ќе се бориме за европска иднина, но почитувајќи се себеси и верувајќи дека заеднички можеме многу да направиме“, изјави Вучиќ.
Албанскиот премиер Еди Рама кажа дека Бугарите се срамота, додека македонскиот премиер Димитар Ковачевски одби да даде изјава. https://republika.mk/vesti/balkan/rama-sramno-e-shto-bugarija-kidnapira-dve-zemji-chlenki-na-nato/

The post Вучиќ испрати порака дека поминаа времињата во кои некој можеше да уценува независни држави, Ковачевски молчи appeared first on Република.

]]>
Ковачевски му покажа прст на Петков https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mu-pokaza-prst-na-petkov/ Thu, 23 Jun 2022 10:44:11 +0000 https://republika.mk/?p=518849

Започна самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Главната камера на медиумскиот тим на ЕУ пред официјалниот почеток на состанокот ги „улови“ премиерите на Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков во близок меѓусебен разговор.

Она што можеше да се забележи е мавтањето со прст на Ковачевски пред Петков. Сепак, не можеше да се слушне за што точно разговарале, но сигурно е дека темата е блокадата на Бугарија за старт на преговорите на Македонија со ЕУ.

Видеото е преземено од ТВ21.

The post Ковачевски му покажа прст на Петков appeared first on Република.

]]>

Започна самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Главната камера на медиумскиот тим на ЕУ пред официјалниот почеток на состанокот ги „улови“ премиерите на Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков во близок меѓусебен разговор. Она што можеше да се забележи е мавтањето со прст на Ковачевски пред Петков. Сепак, не можеше да се слушне за што точно разговарале, но сигурно е дека темата е блокадата на Бугарија за старт на преговорите на Македонија со ЕУ. Видеото е преземено од ТВ21.

The post Ковачевски му покажа прст на Петков appeared first on Република.

]]>
Рама со Ковачевски: Сè уште го чекаме Годо? Не, навикнати сме на оваа шарада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rama-so-kovachevski-se-ushte-go-chekame-godo-ne-naviknati-sme-na-ovaa-sharada/ Thu, 23 Jun 2022 10:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=518840

Албанскиот премиер Еди Рама објави „селфи“ со македонскиот премиер Димитар Ковачевски од Брисел, каде што ќе присуствуваат на Самитот на Европската унија (ЕУ).

Рама кажа дека повеќе не го чекаат Годо затоа што се навикнати на оваа шарада.

„Сè уште го чекаме Годо? Не, навикнати сме на оваа шарада и повеќе од било кога сме посветени нашите земји да напредуваат и да го модернизираме регионот со непоколеблив европски дух“, објави Рама.

The post Рама со Ковачевски: Сè уште го чекаме Годо? Не, навикнати сме на оваа шарада appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама објави „селфи“ со македонскиот премиер Димитар Ковачевски од Брисел, каде што ќе присуствуваат на Самитот на Европската унија (ЕУ). Рама кажа дека повеќе не го чекаат Годо затоа што се навикнати на оваа шарада.
„Сè уште го чекаме Годо? Не, навикнати сме на оваа шарада и повеќе од било кога сме посветени нашите земји да напредуваат и да го модернизираме регионот со непоколеблив европски дух“, објави Рама.

The post Рама со Ковачевски: Сè уште го чекаме Годо? Не, навикнати сме на оваа шарада appeared first on Република.

]]>
Мецола: ЕУ треба да започне преговори со Македонија и Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mecola-eu-treba-da-zapochne-pregovori-so-makedonija-i-albanija/ Thu, 23 Jun 2022 10:22:45 +0000 https://republika.mk/?p=518832

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола пред состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел изјави дека ЕУ треба да ги започне пристапните преговори со Македонија и Албанија.

Таа додаде дека и ЕУ треба да започне разговори за доделување визна либерализација на Косово.

„Ова е ден кога треба да ги гледаме земјите од Западен Балкан како наши соседи и како земји кои треба да имаат свое место во ЕУ, која е нивен дом“, рече Мецола.

Во Брисел денеска започна дводневниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, на кој учествува и претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски.

На Самитот на кој учествуваат шефови на држави и влади на Европската Унија и од регионот на Западен Балкан ќе се разговара за пошироката Европа, Западен Балкан, Украина, апликациите за членство во ЕУ од Украина, Република Молдавија и Грузија, како и економските прашања и надворешните односи.

Пред состанокот на Европскиот совет, лидерите на ЕУ и Западен Балкан ќе се сретнат и ќе разговараат за перспективите за европската интеграција на регионот.

https://www.youtube.com/watch?v=154_1CI-PM4

The post Мецола: ЕУ треба да започне преговори со Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола пред состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел изјави дека ЕУ треба да ги започне пристапните преговори со Македонија и Албанија. Таа додаде дека и ЕУ треба да започне разговори за доделување визна либерализација на Косово.
„Ова е ден кога треба да ги гледаме земјите од Западен Балкан како наши соседи и како земји кои треба да имаат свое место во ЕУ, која е нивен дом“, рече Мецола.
Во Брисел денеска започна дводневниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, на кој учествува и претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски. На Самитот на кој учествуваат шефови на држави и влади на Европската Унија и од регионот на Западен Балкан ќе се разговара за пошироката Европа, Западен Балкан, Украина, апликациите за членство во ЕУ од Украина, Република Молдавија и Грузија, како и економските прашања и надворешните односи. Пред состанокот на Европскиот совет, лидерите на ЕУ и Западен Балкан ќе се сретнат и ќе разговараат за перспективите за европската интеграција на регионот. https://www.youtube.com/watch?v=154_1CI-PM4

The post Мецола: ЕУ треба да започне преговори со Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>
Нехамер: Пристапните услови за влез на Украина во ЕУ мора да важат и за државите од Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nehamer-pristapnite-uslovi-za-vlez-na-ukraina-vo-eu-mora-da-vazat-i-za-drzavite-od-zapaden-balkan/ Thu, 23 Jun 2022 10:18:50 +0000 https://republika.mk/?p=518824

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека пристапните услови за Украина мора да важат и за земјите од Западен Балкан, посебно за Босна и Херцеговина.

Тој додаде дека Австрија на ниво на ЕУ ќе се залага за тоа. Нехамер истакна дека по доделувањето на статус кандидат на Украина и на Молдавија во ЕУ се воведува нова постапка, во која уште пред исполнување на критериумите на Унијата се добива кандидатски статус.

– Тоа мора да важи и за другите земји-кандидати од Западен Балкан. Неопходни се и јасни сигнали за Македонија и за Албанија, посочи Нехамер.

The post Нехамер: Пристапните услови за влез на Украина во ЕУ мора да важат и за државите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека пристапните услови за Украина мора да важат и за земјите од Западен Балкан, посебно за Босна и Херцеговина. Тој додаде дека Австрија на ниво на ЕУ ќе се залага за тоа. Нехамер истакна дека по доделувањето на статус кандидат на Украина и на Молдавија во ЕУ се воведува нова постапка, во која уште пред исполнување на критериумите на Унијата се добива кандидатски статус.
– Тоа мора да важи и за другите земји-кандидати од Западен Балкан. Неопходни се и јасни сигнали за Македонија и за Албанија, посочи Нехамер.

The post Нехамер: Пристапните услови за влез на Украина во ЕУ мора да важат и за државите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Рама: Срамно е што Бугарија киднапира две земји членки на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-sramno-e-shto-bugarija-kidnapira-dve-zemji-chlenki-na-nato/ Thu, 23 Jun 2022 08:02:27 +0000 https://republika.mk/?p=518741

Срамно е што една земја членка на НАТО – Бугарија, киднапира две други земји членки на НАТО – Албанија и Македонија во време на жестока војна во дворот на Европа, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан.

Тој истакна дека Албанија не се чувствува како жртва на овој процес, бидејќи како што нагласи, секогаш ќе има по некоја Бугарија „овде или онде“ што може да блокира.

– Во исто време ние не го менуваме нашиот курс. Она што треба да го правиме е да продолжиме да ја градиме Европа дома, изјави Рама, додавајќи дека можеби ова е нов ден за Европа, но не и за Бугарија.

Тој нагласи дека во сегашната ситуација иницијативата „Отворен Балкан“ е вистинското решение за регионалната соработка и дека таа останува отворен за сите што сакаат да се приклучат кон неа.

– Ние ќе продолжиме на европскиот пат затоа што нема друга алтернатива, но европскиот дух мораме да го градиме во нашиот регион, истакна Рама, додавајќи дека независно од тоа што ќе се случи денеска, Албанија ќе продолжи да ја одработува својата задача и да ги спроведува реформите тоа на затоа што тоа го бараа Брисел. туку затоа што тоа го бараат албанските деца.

Во однос на доделувањето на кандидатскиот статус на Украина, Рама рече дека Македонија веќе 17 години е земја кандидат за членство, Албанија е осум, потенцирајќи дека добивањето кандидатски статус е добра работа, но им порача на украинските граѓани да немаат многу илузии.

The post Рама: Срамно е што Бугарија киднапира две земји членки на НАТО appeared first on Република.