Салваторе Тото Скилачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/salvatore-toto-skilachi/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 09:31:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Салваторе Тото Скилачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/salvatore-toto-skilachi/ 32 32 Болеста беше посилна: Почина Тото Скилачи https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/bolesta-beshe-posilna-pochina-toto-skilachi/ Wed, 18 Sep 2024 09:31:06 +0000 https://republika.mk/?p=817377

Легендарниот италијански фудбалер Салваторе Тото Скилачи почина  на 59-годишна возраст, оставајќи зад себе длабока трага во светот на фудбалот.

По неколку дена поминати во болница поради тешка пневмонија, Скилачи за жал не успеа да се опорави. Неговата битка со ракот на дебелото црево траеше со години, но последните компликации беа премногу тешки.

- Ве известуваме  Салваторе Скилачи, кој претходно бил хоспитализиран во оваа болница, починал во 9:55 часот. Раководството и персоналот се со семејството, сеќавајќи се на љубовта во која секогаш уживал големиот шампион - стои во официјалното соопштение на болницата во Палермо.

Во текот на својата богата кариера, Скилачи ги носеше дресовите на клубови како Месина, Јувентус, Интер и јапонскиот клуб Ивата. На Светското првенство во Италија во 1990 година стана најдобар стрелец со шест гола, а со Јувентус и Интер го освои трофејот во Купот на УЕФА.

The post Болеста беше посилна: Почина Тото Скилачи appeared first on Република.

]]>

Легендарниот италијански фудбалер Салваторе Тото Скилачи почина  на 59-годишна возраст, оставајќи зад себе длабока трага во светот на фудбалот. По неколку дена поминати во болница поради тешка пневмонија, Скилачи за жал не успеа да се опорави. Неговата битка со ракот на дебелото црево траеше со години, но последните компликации беа премногу тешки.