салмонела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/salmonela/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Mar 2024 17:46:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png салмонела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/salmonela/ 32 32 ИЈЗ: 12 деца се затруле во градинка во Берово https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ijz-12-detsa-se-zatrule-vo-gradinka-vo-berovo/ Wed, 20 Mar 2024 17:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=756801

Вработени во подрачната единица на Центарот за јавно здравје Берово минатиот месец пријавиле епидемија кај заболени деца кои престојуваат во детска градинка. Регистрирани биле 12 деца, лабораториски потврдени на салмонелоза, пишува во новиот билтен на Институтот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања во државата во месец февруари. Откако надлежните направиле епидемиолошко истражување, дале препорака за безбедно чување и приготвување на храната и одржување на личната хигиена.

За овој случај Мета.мк се обратиле за детали во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

„ДСЗИ доби информација од епидемиолог, за две пријави за изолиран и докажан причинител на заразно заболување Salmonella enteritidis spec. кај деца на 4-годишна возраст кои посетуваат градинка во Берово. Во детската градинка во Берово извршен е вонреден инспекциски надзор при што од санитарно-хигиенски аспект не се констатирани недостатоци. При надзорот од страна на епидемиологот од ЦЈЗ Кочани, земени се материјали од жива и нежива средина како и примероци од храна за микробиолошко испитување“, велат во ДСЗИ.

Оттаму информираат дека електронски им биле доставени информации за деца кај кои е изолирана Salmonella enteritidis, како и пријава за епидемија на заразно заболување во која изворот е претпоставен, но не е утврден.

Институтот за јавно здравје исто така информира и за труење со храна во сендвичарница во Струмица.

„Пријавени се три заболени лица со гастроинтестинални тегоби на возраст од 30-39 години. По направено епидемиолошко истражување, извршен е едукативен разговор со персоналот во однос на начинот на чување, приготвување и сервирање на храната. Спроведена е вонредна дезинфекција и вонреден санитарен преглед“, наведено е во билтенот на ИЈЗ.

The post ИЈЗ: 12 деца се затруле во градинка во Берово appeared first on Република.

]]>

Вработени во подрачната единица на Центарот за јавно здравје Берово минатиот месец пријавиле епидемија кај заболени деца кои престојуваат во детска градинка. Регистрирани биле 12 деца, лабораториски потврдени на салмонелоза, пишува во новиот билтен на Институтот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања во државата во месец февруари. Откако надлежните направиле епидемиолошко истражување, дале препорака за безбедно чување и приготвување на храната и одржување на личната хигиена. За овој случај Мета.мк се обратиле за детали во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).
„ДСЗИ доби информација од епидемиолог, за две пријави за изолиран и докажан причинител на заразно заболување Salmonella enteritidis spec. кај деца на 4-годишна возраст кои посетуваат градинка во Берово. Во детската градинка во Берово извршен е вонреден инспекциски надзор при што од санитарно-хигиенски аспект не се констатирани недостатоци. При надзорот од страна на епидемиологот од ЦЈЗ Кочани, земени се материјали од жива и нежива средина како и примероци од храна за микробиолошко испитување“, велат во ДСЗИ.
Оттаму информираат дека електронски им биле доставени информации за деца кај кои е изолирана Salmonella enteritidis, како и пријава за епидемија на заразно заболување во која изворот е претпоставен, но не е утврден. Институтот за јавно здравје исто така информира и за труење со храна во сендвичарница во Струмица.
„Пријавени се три заболени лица со гастроинтестинални тегоби на возраст од 30-39 години. По направено епидемиолошко истражување, извршен е едукативен разговор со персоналот во однос на начинот на чување, приготвување и сервирање на храната. Спроведена е вонредна дезинфекција и вонреден санитарен преглед“, наведено е во билтенот на ИЈЗ.

The post ИЈЗ: 12 деца се затруле во градинка во Берово appeared first on Република.

]]>
Уште шест деца заразени од салмонела во Берово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-shest-detsa-zarazeni-od-salmonela-vo-berovo/ Mon, 05 Feb 2024 12:47:21 +0000 https://republika.mk/?p=740537

Уште шест случаи на лица заразени со бактеријата салмонела во Берово потврдија денеска испитувањата што ги направи Центарот за јавно здравје од Кочани врз мострите што претходно ги доставиле матичните лекари.

https://republika.mk/vesti/makedonija/salmonela-vo-gradinka-vo-berovo-dechinata-so-dijarea-i-temperatura/

Со тоа бројот на вкупно заболени се искачи на вкупно 11, откако минатата недела дечиња кои биле згрижени во беровската детска градинка „23 Август“ се пожалија на здравствени проблеми.

Од резултатите што ги добивме утрово потврдени се нови шест случаи со салмонела кај деца од Берово. Анализите се направени врз основа на копрокултурите што се добиени, а наш епидемиолог работи на случајот, прави анкети и треба да се утврди дали овие заразени се поврзани до детската градинка или со друг извор. Врз основа на тие испитувања најдоцна до утре ќе знаеме од каде потекнува заразата, а дополнително ќе се види дали ќе има потреба за зголемување на обемот на испитување во целиот регион. Сè уште имаме мостри што треба да се обработат, а испитувањата се прават на два начина, со соодветна апаратура и со класични методи. Анализите за примероците од храна се работат и очекуваме и резултатите од нив да ги имаме утре, истакна Гоце Серфимов, директор на Центарот за јавно здравје – Кочани.

По минатонеделното пријавување на првите случаи на заразени деца со салмонела во беровскиот регион, има зголемен број испратени копрокултури за испитување во Центарот во Кочани. Од здравствената институција додаваат дека дел од нив не се поврзани само со градинката во Берово.

The post Уште шест деца заразени од салмонела во Берово appeared first on Република.

]]>

Уште шест случаи на лица заразени со бактеријата салмонела во Берово потврдија денеска испитувањата што ги направи Центарот за јавно здравје од Кочани врз мострите што претходно ги доставиле матичните лекари. https://republika.mk/vesti/makedonija/salmonela-vo-gradinka-vo-berovo-dechinata-so-dijarea-i-temperatura/ Со тоа бројот на вкупно заболени се искачи на вкупно 11, откако минатата недела дечиња кои биле згрижени во беровската детска градинка „23 Август“ се пожалија на здравствени проблеми.
Од резултатите што ги добивме утрово потврдени се нови шест случаи со салмонела кај деца од Берово. Анализите се направени врз основа на копрокултурите што се добиени, а наш епидемиолог работи на случајот, прави анкети и треба да се утврди дали овие заразени се поврзани до детската градинка или со друг извор. Врз основа на тие испитувања најдоцна до утре ќе знаеме од каде потекнува заразата, а дополнително ќе се види дали ќе има потреба за зголемување на обемот на испитување во целиот регион. Сè уште имаме мостри што треба да се обработат, а испитувањата се прават на два начина, со соодветна апаратура и со класични методи. Анализите за примероците од храна се работат и очекуваме и резултатите од нив да ги имаме утре, истакна Гоце Серфимов, директор на Центарот за јавно здравје – Кочани.
По минатонеделното пријавување на првите случаи на заразени деца со салмонела во беровскиот регион, има зголемен број испратени копрокултури за испитување во Центарот во Кочани. Од здравствената институција додаваат дека дел од нив не се поврзани само со градинката во Берово.

The post Уште шест деца заразени од салмонела во Берово appeared first on Република.

]]>
Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/novi-shest-potvrdeni-sluchai-na-zarazeni-od-salmonela-vo-berovo/ Mon, 05 Feb 2024 12:43:50 +0000 https://republika.mk/?p=740536

Уште шест случаи на лица заразени со бактеријата салмонела во Берово потврдија денеска испитувањата што ги направи Центарот за јавно здравје од Кочани врз мострите што претходно ги доставиле матичните лекари.

Со тоа бројот на вкупно заболени се искачи на вкупно 11, откако минатата недела дечиња кои биле згрижени во беровската детска градинка „23 Август“ се пожалија на здравствени проблеми.

Од резултатите што ги добивме утрово потврдени се нови шест случаи со салмонела кај деца од Берово. Анализите се направени врз основа на копрокултурите што се добиени, а наш епидемиолог работи на случајот, прави анкети и треба да се утврди дали овие заразени се поврзани до детската градинка или со друг извор. Врз основа на тие испитувања најдоцна до утре ќе знаеме од каде потекнува заразата, а дополнително ќе се види дали ќе има потреба за зголемување на обемот на испитување во целиот регион. Сè уште имаме мостри што треба да се обработат, а испитувањата се прават на два начина, со соодветна апаратура и со класични методи. Анализите за примероците од храна се работат и очекуваме и резултатите од нив да ги имаме утре, истакна Гоце Серфимов, директор на Центарот за јавно здравје – Кочани.

По минатонеделното пријавување на првите случаи на заразени деца со салмонела во беровскиот регион, има зголемен број испратени копрокултури за испитување во Центарот во Кочани. Од здравствената институција додаваат дека дел од нив не се поврзани само со градинката во Берово.

The post Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово appeared first on Република.

]]>

Уште шест случаи на лица заразени со бактеријата салмонела во Берово потврдија денеска испитувањата што ги направи Центарот за јавно здравје од Кочани врз мострите што претходно ги доставиле матичните лекари. Со тоа бројот на вкупно заболени се искачи на вкупно 11, откако минатата недела дечиња кои биле згрижени во беровската детска градинка „23 Август“ се пожалија на здравствени проблеми.
Од резултатите што ги добивме утрово потврдени се нови шест случаи со салмонела кај деца од Берово. Анализите се направени врз основа на копрокултурите што се добиени, а наш епидемиолог работи на случајот, прави анкети и треба да се утврди дали овие заразени се поврзани до детската градинка или со друг извор. Врз основа на тие испитувања најдоцна до утре ќе знаеме од каде потекнува заразата, а дополнително ќе се види дали ќе има потреба за зголемување на обемот на испитување во целиот регион. Сè уште имаме мостри што треба да се обработат, а испитувањата се прават на два начина, со соодветна апаратура и со класични методи. Анализите за примероците од храна се работат и очекуваме и резултатите од нив да ги имаме утре, истакна Гоце Серфимов, директор на Центарот за јавно здравје – Кочани.
По минатонеделното пријавување на првите случаи на заразени деца со салмонела во беровскиот регион, има зголемен број испратени копрокултури за испитување во Центарот во Кочани. Од здравствената институција додаваат дека дел од нив не се поврзани само со градинката во Берово.  

The post Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово appeared first on Република.

]]>
Салмонела во градинка во Берово, дечињата со дијареа и температура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/salmonela-vo-gradinka-vo-berovo-dechinata-so-dijarea-i-temperatura/ Wed, 31 Jan 2024 12:51:51 +0000 https://republika.mk/?p=739027

Вонреден санитарен инспекциски надзор во текот на денот ќе биде направен во детската градинка „23 Август“ во Берово за да се утврди причината за влошената здравствена состојба кај дечиња кои имале симптоми со повраќање, дијареа и покачена телесна темература.

Испитувањето на добиените мостри во Центарот за јавно здравје во Кочани покажало присуство на бактерија салмонела, поради што се преземени активности за утврдување на причинителот.

Во врска со случајот во Берово нашата стручна служба доби вкупно пет мостри, од кои кај две е констатирано присуство на салмонела. Согласно законските прописи, ги известивме Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство кои ќе направат контрола во градинката. Епидемиолог од нашиот центар веќе е на терен во Берово и работи на прибирање на потребните податоци за натамошно утврдување на тоа што довело до влошување на здравствената состојба на дечињата. Сè уште не можеме да потврдиме дали труењето настанало во градинката или на друго место, изјави за МИА, Гоце Серафимов, директор на Центарот за јавно здравје – Кочани.

Вонредниот инспекциски надзор доаѓа откако претходно од градинката во Берово излегоа со писмено известување до родителите да не ги носат своите деца во оваа институција ако забележат промени во нивната здравствена состојба и да се консултираат со матичен лекар. Притоа, се бара доколку детето било отсутно од градинка, при повторно враќање да се донесе соодветна лекарска потврда.

The post Салмонела во градинка во Берово, дечињата со дијареа и температура appeared first on Република.

]]>

Вонреден санитарен инспекциски надзор во текот на денот ќе биде направен во детската градинка „23 Август“ во Берово за да се утврди причината за влошената здравствена состојба кај дечиња кои имале симптоми со повраќање, дијареа и покачена телесна темература. Испитувањето на добиените мостри во Центарот за јавно здравје во Кочани покажало присуство на бактерија салмонела, поради што се преземени активности за утврдување на причинителот.
Во врска со случајот во Берово нашата стручна служба доби вкупно пет мостри, од кои кај две е констатирано присуство на салмонела. Согласно законските прописи, ги известивме Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство кои ќе направат контрола во градинката. Епидемиолог од нашиот центар веќе е на терен во Берово и работи на прибирање на потребните податоци за натамошно утврдување на тоа што довело до влошување на здравствената состојба на дечињата. Сè уште не можеме да потврдиме дали труењето настанало во градинката или на друго место, изјави за МИА, Гоце Серафимов, директор на Центарот за јавно здравје – Кочани.
Вонредниот инспекциски надзор доаѓа откако претходно од градинката во Берово излегоа со писмено известување до родителите да не ги носат своите деца во оваа институција ако забележат промени во нивната здравствена состојба и да се консултираат со матичен лекар. Притоа, се бара доколку детето било отсутно од градинка, при повторно враќање да се донесе соодветна лекарска потврда.

The post Салмонела во градинка во Берово, дечињата со дијареа и температура appeared first on Република.

]]>
Нема салмонела во храната која ја јаделе учениците во Карпош, изворот на заразата дополнително ќе се утврдува, велат од АХВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nema-salmonela-vo-hranata-koja-ja-jadele-uchenitsite-vo-karposh-izvorot-na-zarazata-dopolnitelno-ke-se-utvrduva-velat-od-ahv/ Wed, 15 Nov 2023 12:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=701819

Нема салмонела во храната која ја јаделе учениците во основните училишта во скопската општина Карпош, изворот на заразата дополнително ќе се утврдува, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

АХВ ги добила резултатите од земените мостри од храна и суровини за подготовка на храна, од сите училишни кујни во Општина Карпош каде се подготвува храна, каде беа пријавени случаи на сомнежи на труење и беше спроведен вонреден инспекциски надзор.

Лабораториски резултати од испитаната храна која е земена од централниот магацин на операторот со храна “Ванила Фуд” кој се наоѓа во ОУ “Димо Хаџи Димов” се со уреден наод, исто како и мострите од четирите кујни во основните училишта каде се приготвува храна. Тие се во согласност со Правилникот за посебни барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната, односно, кај нив не е утврдено присуство на бактеријата салмонела.

Во две од училишните кујни со кои стопанисува овој оператор со храна земени се мостри само од работните површини за кои резултатите се уште не се добиени, бидејќи при надзорот, не е затекната подготвена храна. Најдени се само производи и суровини за подготовка на храна доставени од централниот магацин, од каде претходно веќе биле земени мостри, за кои лабораториските наоди потврдија отсуство на Салмонела, односно, истите се во согласност со Правилникот за посебни барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната, се вели во соопштението на АХВ.

Претходно, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат информираше дека се негативни резултатите по појавата на салмонела кај ученици од дел во основните училишта во Карпош.

https://republika.mk/vesti/makedonija/negativni-rezultatite-po-pojavata-na-salmonela-kaj-osnovtsi-vo-karposh-dzsi-ke-gi-otvori-kujnite-vo-shest-uchilishta/

Во текот на денешниот ден, Државниот здравствен и санитарен инспекторат согласно на своите надлежности, ќе ги отвори кујните во училиштата.

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Рената Младеновска денеска информиораше дека во текот на вчерашниот ден биле добиени резултатите од Институтот за јавно здравје Скопје и од Центарот за јавно здравје Скопје, бидејќи мострите храна и брисевите од работни површини биле земени двојно и однесени во лабораториите на двете здравствени установи.

https://republika.mk/vesti/skopje/vkupno-12-sluchai-na-salmonela-vo-pet-uchilishta-vo-skopje/

The post Нема салмонела во храната која ја јаделе учениците во Карпош, изворот на заразата дополнително ќе се утврдува, велат од АХВ appeared first on Република.

]]>

Нема салмонела во храната која ја јаделе учениците во основните училишта во скопската општина Карпош, изворот на заразата дополнително ќе се утврдува, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). АХВ ги добила резултатите од земените мостри од храна и суровини за подготовка на храна, од сите училишни кујни во Општина Карпош каде се подготвува храна, каде беа пријавени случаи на сомнежи на труење и беше спроведен вонреден инспекциски надзор. Лабораториски резултати од испитаната храна која е земена од централниот магацин на операторот со храна “Ванила Фуд” кој се наоѓа во ОУ “Димо Хаџи Димов” се со уреден наод, исто како и мострите од четирите кујни во основните училишта каде се приготвува храна. Тие се во согласност со Правилникот за посебни барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната, односно, кај нив не е утврдено присуство на бактеријата салмонела.
Во две од училишните кујни со кои стопанисува овој оператор со храна земени се мостри само од работните површини за кои резултатите се уште не се добиени, бидејќи при надзорот, не е затекната подготвена храна. Најдени се само производи и суровини за подготовка на храна доставени од централниот магацин, од каде претходно веќе биле земени мостри, за кои лабораториските наоди потврдија отсуство на Салмонела, односно, истите се во согласност со Правилникот за посебни барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната, се вели во соопштението на АХВ.
Претходно, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат информираше дека се негативни резултатите по појавата на салмонела кај ученици од дел во основните училишта во Карпош. https://republika.mk/vesti/makedonija/negativni-rezultatite-po-pojavata-na-salmonela-kaj-osnovtsi-vo-karposh-dzsi-ke-gi-otvori-kujnite-vo-shest-uchilishta/ Во текот на денешниот ден, Државниот здравствен и санитарен инспекторат согласно на своите надлежности, ќе ги отвори кујните во училиштата. Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Рената Младеновска денеска информиораше дека во текот на вчерашниот ден биле добиени резултатите од Институтот за јавно здравје Скопје и од Центарот за јавно здравје Скопје, бидејќи мострите храна и брисевите од работни површини биле земени двојно и однесени во лабораториите на двете здравствени установи. https://republika.mk/vesti/skopje/vkupno-12-sluchai-na-salmonela-vo-pet-uchilishta-vo-skopje/

The post Нема салмонела во храната која ја јаделе учениците во Карпош, изворот на заразата дополнително ќе се утврдува, велат од АХВ appeared first on Република.

]]>
Негативни резултатите по појавата на салмонела кај основци во Карпош, ДЗСИ ќе ги отвори кујните во шест училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/negativni-rezultatite-po-pojavata-na-salmonela-kaj-osnovtsi-vo-karposh-dzsi-ke-gi-otvori-kujnite-vo-shest-uchilishta/ Wed, 15 Nov 2023 10:54:21 +0000 https://republika.mk/?p=701786

Негативни се резултатите по појавата на салмонела кај ученици од дел во основните училишта во Карпош. Ова го покажале резултатите по направениот вонреден инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Во текот на денешниот ден, Државниот здравствен и санитарен инспекторат согласно на своите надлежности, ќе ги отвори кујните во училиштата.

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Рената Младеновска денеска информиораше дека во текот на вчерашниот ден биле добиени резултатите од Институтот за јавно здравје Скопје и од Центарот за јавно здравје Скопје, бидејќи мострите храна и брисевите од работни површини биле земени двојно и однесени во лабораториите на двете здравствени установи.

Прашана каде сега треба да се бара изворот на салмонела, Младеновска рече дека известување треба да даде и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Сметам дека Агенцијата за храна и ветеринарство исто така има голема улога во оваа состојба што се случи, за жал, заразна болест салмонела и тоа кај најранливата категорија на деца. Сметам дека тие во своите надлежности што ги имаат, ќе треба да дадат свое известување, за соодветно да се информира јавноста, рече Младеновска.

Откако беа пријавени 12 случаи на ученици заразени со салмонела, Државниот здравствен здравствен и санитарен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство, Центар за јавно здравје и Институт за јавно здравје Скопје. За време на надзорот, беа земени мостри храна за анализа и беа земени брисеви од работни површини и брисеви од жива и нежива средина. Од страна на Инспекторатот, сите кујни во основните училишта, беа затворени.

The post Негативни резултатите по појавата на салмонела кај основци во Карпош, ДЗСИ ќе ги отвори кујните во шест училишта appeared first on Република.

]]>

Негативни се резултатите по појавата на салмонела кај ученици од дел во основните училишта во Карпош. Ова го покажале резултатите по направениот вонреден инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Во текот на денешниот ден, Државниот здравствен и санитарен инспекторат согласно на своите надлежности, ќе ги отвори кујните во училиштата. Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Рената Младеновска денеска информиораше дека во текот на вчерашниот ден биле добиени резултатите од Институтот за јавно здравје Скопје и од Центарот за јавно здравје Скопје, бидејќи мострите храна и брисевите од работни површини биле земени двојно и однесени во лабораториите на двете здравствени установи. Прашана каде сега треба да се бара изворот на салмонела, Младеновска рече дека известување треба да даде и Агенцијата за храна и ветеринарство.
Сметам дека Агенцијата за храна и ветеринарство исто така има голема улога во оваа состојба што се случи, за жал, заразна болест салмонела и тоа кај најранливата категорија на деца. Сметам дека тие во своите надлежности што ги имаат, ќе треба да дадат свое известување, за соодветно да се информира јавноста, рече Младеновска.
Откако беа пријавени 12 случаи на ученици заразени со салмонела, Државниот здравствен здравствен и санитарен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство, Центар за јавно здравје и Институт за јавно здравје Скопје. За време на надзорот, беа земени мостри храна за анализа и беа земени брисеви од работни површини и брисеви од жива и нежива средина. Од страна на Инспекторатот, сите кујни во основните училишта, беа затворени.

The post Негативни резултатите по појавата на салмонела кај основци во Карпош, ДЗСИ ќе ги отвори кујните во шест училишта appeared first on Република.

]]>
ДСЗИ го затвори магацинот и училишните кујни во шест основни училишта каде што 12 ученици се заразија со салмонела https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dszi-go-zatvori-magatsinot-i-uchilishnite-kujni-vo-shest-osnovni-uchilishta-kade-shto-12-uchenitsi-se-zarazija-so-salmonela/ Fri, 10 Nov 2023 12:39:07 +0000 https://republika.mk/?p=700258

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) по вонредниот инспекциски надзор поради појава на салмонела ги затвори училишните кујни на училиштата „Војдан Чернодрински“, „Јан Амос Коменски“, „Братство“ и „Христијан Тодоровски - Карпош“, како и централниот магацин од каде се дистрибуираат прехранбените продукти. Забраната за работа на училишните кујни, како што се додава во соопштението, ќе важи до отстранување на наложените санитарно - хигиенски и противепидемиски мерки.

- Заклучно со вчера, според добиениот податок од ЈЗУ Центар за јавно здравје - Скопје пријавени се вкупно 12 ученици со симтоми - стомачни тегоби и покачена телесна температура со докажан причинител - бактерија салмонела. Од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со решение, времено се затворени кујните во сите шест посетени основни училишта, како централниот магацин од каде се дистрибуираат прехранбените продукти, се наведува во соопштението.

Забраната за работа на училишните кујни, како што се додава, ќе важи до отстранување на наложените санитарно - хигиенски и противепидемиски мерки, што опфаќаат генерално механичко чистење на просторот и опремата, вонредна дезинфекција, дезинсекција и дератизација од овластена установа како и до добивање на негативни резултати од земените брисеви од работните површини и опремата.

Постапувањето по добиените резултати од земените примероци храна, е во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство. Државниот санитарен и здравствен инспекторат е во постојана комуникација со ЈЗУ Центар за јавно здравје - Скопје, кој ја следи епидемиолошката состојба на терен, се појаснува во соопштението.

Претходниот ден, од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведен е вонреден инспекциски надзор во објект - централен магацин со кој стопанисува ДПТУ „Ванила фуд“ - ДООЕЛ Скопје, од каде се снабдуваат со прехранбени продукти, кујните во училиштата на територија на општина Карпош, како и во кујните на училиштата „Димо Хаџи Димов“ и „Владо Тасевски“. Тоа, по добиена дојава од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје - одделение за епидемиолгија, за појава на заболување кај седум деца од различни училишта во општина Карпош со дијагноза „salmonellosis“.

- Вонредниот инспекциски надзор е извршен во соработка со Агенција за храна и ветеринарство, ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје и ЈЗУ Институт за јавно здравје. Согласно надлежностите на ДСЗИ, земени се брисеви од работни површини и опрема, како и брисеви од жива средина - брис од грло и нос и копрокултура на вработени лица во посетените објекти, а од страна на АХВ примероци од храна од централниот магацин и кујните, се истакнува во соопштението на ДСЗИ.

The post ДСЗИ го затвори магацинот и училишните кујни во шест основни училишта каде што 12 ученици се заразија со салмонела appeared first on Република.

Вкупно 12 случаи на салмонела во пет училишта во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vkupno-12-sluchai-na-salmonela-vo-pet-uchilishta-vo-skopje/ Thu, 09 Nov 2023 15:32:04 +0000 https://republika.mk/?p=699993

Вкупно 12 случаи на салмонела евидентирани во пет училишта во Скопје, потврди за МИА, примариус доктор Лулзиме Бајрами, раководител на Одделението за епидемиологија при Центарот за јавно здравје - Скопје.

- Најпрвин вчера имавме регистрирано седум случаи со салмонела, па уште два во текот на вчерашниот ден, за да имаме нови евидентирани три случаи денеска. Се работи за училиштата „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“, „Димо Хаџи Димов“, „Јан Коменски“ и уште едно училиште. Сите овие случаи се со потврдени резултати, не само клинички, туку и лабораториски, појасни таа.

Денеска, како што појасни, имале и други активности, увиди во школи, магацини во кои се складира храна,  а утре ќе се продолжело со други контроли, каде што била доставена храна, бидејќи денеска не се можело се да се опфати.

Бајрами, исто така, информира дека имало најава и за уште еден друг случај, каде родители се јавувале за симптоми кај деца, но тој се уште не бил потврден и немало ништо конкретно.

Таа апелираше родителите да ги носат децата на лекар, укажувајќи дека некои од нив несовесни ги чувале во домашни услови со симптоми.

- Ако не посетат лекар, ние не можеме да добиеме пријава. Чекаме резултати од вчера земени примероци, а и утре ќе се земаат примероци. Ќе видиме понатаму, каде е изворот, изјави Бајрами.

The post Вкупно 12 случаи на салмонела во пет училишта во Скопје appeared first on Република.

]]>

Вкупно 12 случаи на салмонела евидентирани во пет училишта во Скопје, потврди за МИА, примариус доктор Лулзиме Бајрами, раководител на Одделението за епидемиологија при Центарот за јавно здравје - Скопје.
- Најпрвин вчера имавме регистрирано седум случаи со салмонела, па уште два во текот на вчерашниот ден, за да имаме нови евидентирани три случаи денеска. Се работи за училиштата „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“, „Димо Хаџи Димов“, „Јан Коменски“ и уште едно училиште. Сите овие случаи се со потврдени резултати, не само клинички, туку и лабораториски, појасни таа.
Денеска, како што појасни, имале и други активности, увиди во школи, магацини во кои се складира храна,  а утре ќе се продолжело со други контроли, каде што била доставена храна, бидејќи денеска не се можело се да се опфати. Бајрами, исто така, информира дека имало најава и за уште еден друг случај, каде родители се јавувале за симптоми кај деца, но тој се уште не бил потврден и немало ништо конкретно. Таа апелираше родителите да ги носат децата на лекар, укажувајќи дека некои од нив несовесни ги чувале во домашни услови со симптоми. - Ако не посетат лекар, ние не можеме да добиеме пријава. Чекаме резултати од вчера земени примероци, а и утре ќе се земаат примероци. Ќе видиме понатаму, каде е изворот, изјави Бајрами.

The post Вкупно 12 случаи на салмонела во пет училишта во Скопје appeared first on Република.

]]>
Извршен вонреден инспекциски надзор во училиштата во Карпош каде се појавија случаи на салмонела https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/izvrshen-vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-uchilishtata-vo-karposh-kade-se-pojavija-sluchai-na-salmonela/ Thu, 09 Nov 2023 11:35:11 +0000 https://republika.mk/?p=699853

Во кујните на училиштата „Димо Хаџи Димов“ и „Владо Тасевски“ и во магацинскиот простор со кој стопанисува „Ванила фуд“ е извршен вонреден инспекциски надзор откако се регистрирани случаи на ученици заболени од салмонела. Во текот на денешниот ден ќе биде извршен инспекциски надзор и во училишните кујни во „Војдан Чернодрински“ и „Јан Амос Коменски“.

Вонредниот инспекциски надзор е извршен во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, ЈЗУ Центар за јавно здравје и ЈЗУ Институт за јавно здравје. Согласно надлежностите на ДСЗИ земени се брисеви од работните површини, а од страна на АХВ примероци од храна од централниот магацин и кујните. Посетените објекти се времено затворени, информираа денеска од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Од Општина Карпош вчера информираа за случајот. Оттаму посочија дека се заболени девет ученици и дека во петокот за појадок имало мекици без јајца, а за ручек спанаќ без месо со кисело млеко. Фирмата која врши снабдување со храна во сите основни училишта во Карпош, како што информираа од Општината, сама побарала вонреден преглед.

The post Извршен вонреден инспекциски надзор во училиштата во Карпош каде се појавија случаи на салмонела appeared first on Република.

]]>

Во кујните на училиштата „Димо Хаџи Димов“ и „Владо Тасевски“ и во магацинскиот простор со кој стопанисува „Ванила фуд“ е извршен вонреден инспекциски надзор откако се регистрирани случаи на ученици заболени од салмонела. Во текот на денешниот ден ќе биде извршен инспекциски надзор и во училишните кујни во „Војдан Чернодрински“ и „Јан Амос Коменски“. Вонредниот инспекциски надзор е извршен во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, ЈЗУ Центар за јавно здравје и ЈЗУ Институт за јавно здравје. Согласно надлежностите на ДСЗИ земени се брисеви од работните површини, а од страна на АХВ примероци од храна од централниот магацин и кујните. Посетените објекти се времено затворени, информираа денеска од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Од Општина Карпош вчера информираа за случајот. Оттаму посочија дека се заболени девет ученици и дека во петокот за појадок имало мекици без јајца, а за ручек спанаќ без месо со кисело млеко. Фирмата која врши снабдување со храна во сите основни училишта во Карпош, како што информираа од Општината, сама побарала вонреден преглед.

The post Извршен вонреден инспекциски надзор во училиштата во Карпош каде се појавија случаи на салмонела appeared first on Република.

]]>
Ученици од три основни училишта во Карпош се заразени со салмонела https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/uchenitsi-od-tri-osnovni-uchilishta-vo-karopsh-se-zarazeni-so-salmonela/ Wed, 08 Nov 2023 14:07:09 +0000 https://republika.mk/?p=699563

Седум  ученици од три основни училишта во скопската Општина Каропш се заразени со салмонела, потврди за „Република“ д-р Лулзиме Бајрами, специјалист по епидемиологија  во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Скопје.

Заразени се ученици од основните училишта „Владо Тасевски“, „Јан Амос Коменски“ и „Војдан Чернодрински“.

Екипата од ЦЈЗ е на терен, уште не се вратени од посетата на училиштата. Кога ќе ги добиеме сите информации, ќе ја информираме јавноста. Засега станува збор за шест ученици, ни рече д-р Бајрами.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) д-р Рената Младеновска ни изјави дека денеска се вршат вонредни инспекциски надзори во објектите кои се засегнати со конкретната состојба со цел надзор над санитарно хигиенската и епидемиолошката состојба во објектите, откривање на изворот на зараза и прекинување на синџирот на пренос на заразното заболување“.

Салмонела е бактерија која се пренесува преку храна што содржи јајца, која е недоволно зготвена или направена од заразени прехранбени кондиторски производи чувани на несоодветна температура и средина.

Појавата на првите симптоми кај лица заразени со салмонела се појавуваат во период од 6 до 72 часа по консумирање на контаминирана храна. Најчести симптоми се стомачни грчеви, гадење, повраќање и дијареа, понекогаш и висока температура. Болеста трае од 4 до 7 дена, а понекогаш и подолго.

The post Ученици од три основни училишта во Карпош се заразени со салмонела appeared first on Република.

]]>

Седум  ученици од три основни училишта во скопската Општина Каропш се заразени со салмонела, потврди за „Република“ д-р Лулзиме Бајрами, специјалист по епидемиологија  во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Скопје. Заразени се ученици од основните училишта „Владо Тасевски“, „Јан Амос Коменски“ и „Војдан Чернодрински“.
Екипата од ЦЈЗ е на терен, уште не се вратени од посетата на училиштата. Кога ќе ги добиеме сите информации, ќе ја информираме јавноста. Засега станува збор за шест ученици, ни рече д-р Бајрами.
Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) д-р Рената Младеновска ни изјави дека денеска се вршат вонредни инспекциски надзори во објектите кои се засегнати со конкретната состојба со цел надзор над санитарно хигиенската и епидемиолошката состојба во објектите, откривање на изворот на зараза и прекинување на синџирот на пренос на заразното заболување“. Салмонела е бактерија која се пренесува преку храна што содржи јајца, која е недоволно зготвена или направена од заразени прехранбени кондиторски производи чувани на несоодветна температура и средина. Појавата на првите симптоми кај лица заразени со салмонела се појавуваат во период од 6 до 72 часа по консумирање на контаминирана храна. Најчести симптоми се стомачни грчеви, гадење, повраќање и дијареа, понекогаш и висока температура. Болеста трае од 4 до 7 дена, а понекогаш и подолго.  

The post Ученици од три основни училишта во Карпош се заразени со салмонела appeared first on Република.

]]>
Откриена салмонела во пилешки крилца со потекло од Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/otkriena-salmonela-vo-pileshki-kriltsa-so-poteklo-od-hrvatska/ Wed, 06 Sep 2023 08:14:52 +0000 https://republika.mk/?p=679201

Во Словенија е откриена салмонела во пилешки крилца со потекло од Хрватска, објави Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна РАСФФ.

РАСФФ наведува дека ризикот од конзумирање е сериозен, а од месото загадено со бактерии биле земени мостри на 23 август, потврди инспекција од Словенија, пренесува Дневник.хр.

Во европскиот систем наведуваат дека во моментов нема залиха од тоа потенцијално заразено месо и дека веројатно, две недели по земањето мостри, веќе го нема ниту на пазарот.

Не е јасно дали заразените пилешки крилца биле консумирани или навреме биле повлечени од продажба.

The post Откриена салмонела во пилешки крилца со потекло од Хрватска appeared first on Република.

]]>

Во Словенија е откриена салмонела во пилешки крилца со потекло од Хрватска, објави Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна РАСФФ. РАСФФ наведува дека ризикот од конзумирање е сериозен, а од месото загадено со бактерии биле земени мостри на 23 август, потврди инспекција од Словенија, пренесува Дневник.хр.
Во европскиот систем наведуваат дека во моментов нема залиха од тоа потенцијално заразено месо и дека веројатно, две недели по земањето мостри, веќе го нема ниту на пазарот. Не е јасно дали заразените пилешки крилца биле консумирани или навреме биле повлечени од продажба.

The post Откриена салмонела во пилешки крилца со потекло од Хрватска appeared first on Република.

]]>
Најмалку 134 случаи на салмонел од пилешко месо од Полска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-134-sluchai-na-salmonel-od-pileshko-meso-od-polska/ Wed, 30 Aug 2023 17:08:53 +0000 https://republika.mk/?p=677362

Европските здравствени власти регистрирале најмалку 134 случаи на салмонела, за кои веруваат дека се поврзани со контаминирано пилешко месо, јави ДПА.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести во Стокхолм соопшти дека случаи на салмонела биле откриени во 10 земји на ЕУ и Норвешка. Едно лице почина од последици од салмонела во Австрија. Најголем дел од случаите се регистрирани помеѓу јануари и август 2023 година.

Интервјуата со пациенти во Австрија и Данска сугерираат дека инфекциите со салмонела веројатно се поврзани со консумирањето пилешко.

Пред две недели, австриските здравствени власти изразија загриженост за можна поврзаност помеѓу болестите на салмонела и пилешкото месо со потекло од Полска. Според ДПА, речиси сите оние кои се разболеле во Австрија, непосредно претходно јаделе пилешко. Понатамошните истраги открија дека сите погодени ресторани користеле пилешко за ражничи увезени од Полска.

The post Најмалку 134 случаи на салмонел од пилешко месо од Полска appeared first on Република.

]]>

Европските здравствени власти регистрирале најмалку 134 случаи на салмонела, за кои веруваат дека се поврзани со контаминирано пилешко месо, јави ДПА. Европскиот центар за превенција и контрола на болести во Стокхолм соопшти дека случаи на салмонела биле откриени во 10 земји на ЕУ и Норвешка. Едно лице почина од последици од салмонела во Австрија. Најголем дел од случаите се регистрирани помеѓу јануари и август 2023 година. Интервјуата со пациенти во Австрија и Данска сугерираат дека инфекциите со салмонела веројатно се поврзани со консумирањето пилешко. Пред две недели, австриските здравствени власти изразија загриженост за можна поврзаност помеѓу болестите на салмонела и пилешкото месо со потекло од Полска. Според ДПА, речиси сите оние кои се разболеле во Австрија, непосредно претходно јаделе пилешко. Понатамошните истраги открија дека сите погодени ресторани користеле пилешко за ражничи увезени од Полска.

The post Најмалку 134 случаи на салмонел од пилешко месо од Полска appeared first on Република.

]]>
Некои серии на производи на Фереро се повлечени, дистрибутерот вели во продажба нема производи позитивни на салмонела https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nekoi-serii-na-proizvodi-na-ferero-se-povlecheni-distributerot-veli-vo-prodazba-nema-proizvodi-pozitivni-na-salmonela/ Thu, 07 Apr 2022 17:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=484936

АтлантикТрејд Скопје ДОО Скопје ги известува своите купувачи и потрошувачите дека како дистрибутер на асортиманот на компанијата Фереро во Македонија, на барање на производителот Фереро, започна сопревентивно повлекување на неколку серии на производите Киндер шокобонс(46гр и 125гр) и Киндер surpriseмакси(100гр) од брендот Киндер.

Повлекувањето на пазарот во Македонија се однесува само на наведените производи, кои се произведени во Белгија, со следните лот броеви на пакување:

Производ Грамажа LOT број
Киндер surprise макси 100G L006LZB-NR
Киндер surprise макси 100G L330RZB-MJ
Kиндер шоко бонс 46G L293RZD-KX
Kиндер шоко бонс 46G L328RZD-MI
Kиндер шоко бонс 46G L336RZD-MU
Kиндер шоко бонс 125G L302R03---
Kиндер шоко бонс 125G L321R03---

Атлантик Трејд Скопје соработува со локалните власти за безбедноста на храната, по известување од производителот Фереро за можна поврзаност со одреден број пријавени случаи на салмонела во други земји, надвор од Македонија.

Иако ниту еден од производитеКиндерпласирани на пазаров не е позитивен на салмонела, и не сме добиле поплаки од потрошувачите, пристапуваме со крајна сериозност бидејќи грижата за потрошувачите е главен приоритет.

Сите други производи на Ferrero, вклучувајќи ги и другите производи на Киндер, не се засегнати од ова превентивноповлекување на производи од пазарот, велат од компанијата.

Атлантик Трејд Скопје делува со цел брзо повлекување на наведените производи од пазарот, и ги замолува потрошувачите доколку веќе поседуваат некои од горенаведените производи, да не ги конзумираат. Истиот може да го вратат во продажното место од каде го купиле, како и да го контактираат тимот за грижа на потрошувачи на potrosacki-servis@ferrero.com .

The post Некои серии на производи на Фереро се повлечени, дистрибутерот вели во продажба нема производи позитивни на салмонела appeared first on Република.

]]>

АтлантикТрејд Скопје ДОО Скопје ги известува своите купувачи и потрошувачите дека како дистрибутер на асортиманот на компанијата Фереро во Македонија, на барање на производителот Фереро, започна сопревентивно повлекување на неколку серии на производите Киндер шокобонс(46гр и 125гр) и Киндер surpriseмакси(100гр) од брендот Киндер. Повлекувањето на пазарот во Македонија се однесува само на наведените производи, кои се произведени во Белгија, со следните лот броеви на пакување:
Производ Грамажа LOT број
Киндер surprise макси 100G L006LZB-NR
Киндер surprise макси 100G L330RZB-MJ
Kиндер шоко бонс 46G L293RZD-KX
Kиндер шоко бонс 46G L328RZD-MI
Kиндер шоко бонс 46G L336RZD-MU
Kиндер шоко бонс 125G L302R03---
Kиндер шоко бонс 125G L321R03---
Атлантик Трејд Скопје соработува со локалните власти за безбедноста на храната, по известување од производителот Фереро за можна поврзаност со одреден број пријавени случаи на салмонела во други земји, надвор од Македонија. Иако ниту еден од производитеКиндерпласирани на пазаров не е позитивен на салмонела, и не сме добиле поплаки од потрошувачите, пристапуваме со крајна сериозност бидејќи грижата за потрошувачите е главен приоритет. Сите други производи на Ferrero, вклучувајќи ги и другите производи на Киндер, не се засегнати од ова превентивноповлекување на производи од пазарот, велат од компанијата.
Атлантик Трејд Скопје делува со цел брзо повлекување на наведените производи од пазарот, и ги замолува потрошувачите доколку веќе поседуваат некои од горенаведените производи, да не ги конзумираат. Истиот може да го вратат во продажното место од каде го купиле, како и да го контактираат тимот за грижа на потрошувачи на potrosacki-servis@ferrero.com .

The post Некои серии на производи на Фереро се повлечени, дистрибутерот вели во продажба нема производи позитивни на салмонела appeared first on Република.

]]>
„Киндер јајца“ заразија со салмонела десетици деца во Британија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kinder-jajca-zarazija-so-salmonela-desetici-deca-vo-britanija/ Tue, 05 Apr 2022 08:27:40 +0000 https://republika.mk/?p=483454

Најмалку 63 луѓе во Велика Британија, главно мали деца, се заразиле со салмонела во епидемија поврзана со јајцата „Киндер изненадување“.

Чоколадната компанија Фереро повлекува некои серии од јајцата како мерка на претпазливост додека продолжуваат истрагите за поврзаноста, соопшти Агенцијата за стандарди за храна (FSA).

Повеќето случаи се регистрирани во Европа, вклучувајќи ги Ирска, Франција, Германија, Шведска и Холандија. Јајцата се произведени во Белгија.

Во Британија не се пријавени смртни случаи, но повеќето случаи вклучуваат деца на возраст од пет години и помали.

Во предупредувањето, ФСА наведе дека повлекувањето се должи на „потенцијална поврзаност со појава на салмонела“.

Производите кои се засегнати се јајцата од 20 грама или пакувањата со три јајца, сите со датум на истекување меѓу 11 јули 2022 и 7 октомври 2022 година.

Фереро ги повлече производите и на луѓето им се советува да не ги јадат.

The post „Киндер јајца“ заразија со салмонела десетици деца во Британија appeared first on Република.

]]>

Најмалку 63 луѓе во Велика Британија, главно мали деца, се заразиле со салмонела во епидемија поврзана со јајцата „Киндер изненадување“. Чоколадната компанија Фереро повлекува некои серии од јајцата како мерка на претпазливост додека продолжуваат истрагите за поврзаноста, соопшти Агенцијата за стандарди за храна (FSA). Повеќето случаи се регистрирани во Европа, вклучувајќи ги Ирска, Франција, Германија, Шведска и Холандија. Јајцата се произведени во Белгија. Во Британија не се пријавени смртни случаи, но повеќето случаи вклучуваат деца на возраст од пет години и помали. Во предупредувањето, ФСА наведе дека повлекувањето се должи на „потенцијална поврзаност со појава на салмонела“. Производите кои се засегнати се јајцата од 20 грама или пакувањата со три јајца, сите со датум на истекување меѓу 11 јули 2022 и 7 октомври 2022 година. Фереро ги повлече производите и на луѓето им се советува да не ги јадат.

The post „Киндер јајца“ заразија со салмонела десетици деца во Британија appeared first on Република.

]]>