салман ружди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/salman-ruzdi/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Oct 2023 09:41:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png салман ружди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/salman-ruzdi/ 32 32 Салман Ружди при доделувањето на престижната германска награда за мир повика на одбрана на слободата на изразување https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/salman-ruzhdi-pri-dodeluvaneto-na-prestizhnata-germanska-nagrada-za-mir-povika-na-odbrana-na-slobodata-na-izrazuvane/ Mon, 23 Oct 2023 09:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=694117

Писателот Салман Ружди повика денеска во текот на церемонијата во црквата Свети Павле во Франкуфурт каде што е одликуван со Наградата за мир бидејќи продолжи да пишува и покрај децениите закани и насилство на безусловната одбрана за слобода на говорот и изразувањето, пренесува германската новинска агенција ДПА.
Британско-американскиот писател, со индиско потекло, ја опиша денешната доба како време кога слободата на изразување е на удар од сите страни.
Во август 2022 година Ружди преживеа напад и тогаш беше избоден повеќе пати на бина во текот на литературниот фестивал во американската сојузна држава Њујорк.
Ружди планира да објави мемоари за нападат кој го остави слеп на десното око и со оштетена лева рака насловени „Нож:медитации по обидот за убиство“ кој ќе биде објавен на 16 април идната година. Тој го нарече начин „на насилството да му се одговори со уметност“.

The post Салман Ружди при доделувањето на престижната германска награда за мир повика на одбрана на слободата на изразување appeared first on Република.

]]>

Писателот Салман Ружди повика денеска во текот на церемонијата во црквата Свети Павле во Франкуфурт каде што е одликуван со Наградата за мир бидејќи продолжи да пишува и покрај децениите закани и насилство на безусловната одбрана за слобода на говорот и изразувањето, пренесува германската новинска агенција ДПА. Британско-американскиот писател, со индиско потекло, ја опиша денешната доба како време кога слободата на изразување е на удар од сите страни. Во август 2022 година Ружди преживеа напад и тогаш беше избоден повеќе пати на бина во текот на литературниот фестивал во американската сојузна држава Њујорк. Ружди планира да објави мемоари за нападат кој го остави слеп на десното око и со оштетена лева рака насловени „Нож:медитации по обидот за убиство“ кој ќе биде објавен на 16 април идната година. Тој го нарече начин „на насилството да му се одговори со уметност“.

The post Салман Ружди при доделувањето на престижната германска награда за мир повика на одбрана на слободата на изразување appeared first on Република.

]]>
Салман Ружди го изгуби едното око, подвижноста на едната рака и има 15 убодни рани од атентатот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/salman-ruzdi-go-izgubi-ednoto-oko-podviznosta-na-ednata-raka-i-ima-15-ubodni-rani-od-atentatot/ Sun, 23 Oct 2022 17:21:45 +0000 https://republika.mk/?p=564734

Писателот Салман Ружди го загуби видот на едното око и мобилноста на едната рака откако беше брутално избоден додека држеше предавање во Њујорк, откри неговиот агент.

75-годишникот, најпознат по неговиот роман „Сатански стихови“ кој поттикна фатва за негова смрт од врховниот водач на Иран, беше избоден неколку пати додека излегуваше на сцената за да одржи говор за уметничката слобода во Институтот Чаутауква на 12 август.

Ружди мораше да биде подложен на итна операција откако се здоби со убодни рани во вратот и стомакот, убодни рани на десното око и градниот кош и рани на десната бутина.

Во тоа време не беше јасно дали Ружди ќе го преживее нападот, а неговиот обвинет напаѓач Хади Матар (24) во интервју во затворот рече дека е „изненаден“ што авторот преживеал.

Човекот обвинет за прободување на Ружди се изјасни за невин по обвиненијата за обид за убиство и напад од втор степен кога се појави пред судот на 18 август.

The post Салман Ружди го изгуби едното око, подвижноста на едната рака и има 15 убодни рани од атентатот appeared first on Република.

]]>

Писателот Салман Ружди го загуби видот на едното око и мобилноста на едната рака откако беше брутално избоден додека држеше предавање во Њујорк, откри неговиот агент. 75-годишникот, најпознат по неговиот роман „Сатански стихови“ кој поттикна фатва за негова смрт од врховниот водач на Иран, беше избоден неколку пати додека излегуваше на сцената за да одржи говор за уметничката слобода во Институтот Чаутауква на 12 август. Ружди мораше да биде подложен на итна операција откако се здоби со убодни рани во вратот и стомакот, убодни рани на десното око и градниот кош и рани на десната бутина. Во тоа време не беше јасно дали Ружди ќе го преживее нападот, а неговиот обвинет напаѓач Хади Матар (24) во интервју во затворот рече дека е „изненаден“ што авторот преживеал. Човекот обвинет за прободување на Ружди се изјасни за невин по обвиненијата за обид за убиство и напад од втор степен кога се појави пред судот на 18 август.

The post Салман Ружди го изгуби едното око, подвижноста на едната рака и има 15 убодни рани од атентатот appeared first on Република.

]]>
Нападот врз Салман Ружди го сфаќаме како напад врз слободата на мислењето и изразувањето, се вели во реакцијата на македонскиот ПЕН-центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/napadot-vrz-salman-ruzdi-go-sfakjame-kako-napad-vrz-slobodata-na-mislenjeto-i-izrazuvanjeto-se-veli-vo-reakcijata-na-makedonskiot-pen-centar/ Mon, 15 Aug 2022 07:38:39 +0000 https://republika.mk/?p=540392

Македонскиот ПЕН-центар со длабока индигнација и згрозеност го осудува бруталниот напад врз светски познатиот автор Салман Ружди, кој целото свое дело и живот ги посвети во одбрана на слободата на изразување и на човечкото достоинство.

По објавувањето на своето најпознато дело „Сатански стихови“ (1988), иранскиот верски водач, ајатолахот Хомеини во 1989 година му изрече фатва, па така Салман Ружди повеќе од половината од животот го помина под постојана смртна закана.

Но и покрај тоа Салман Ружди непоколебливо продолжи со својата мисија по светот ширејќи го гласот против верскиот фундаментализам, фанатизам и догматизам од секаков вид, укажувајќи притоа на длабоките културолошки и традиционални недоразбирања помеѓу Истокот и Западот.

Неговото дело и неговиот постојан активизам не запираат само на критика и смокритика, туку истовремено градат цврсти мостови на толеранција и разбирање меѓу различните народи, култури и религии во светот. Затоа безумниот и бездушниот напад врз него го сфаќаме како напад врз слободата на мислењето и изразувањето и, согласно начелата изнесени во Повелбата на Меѓународниот ПЕН, најостро го осудуваме и му пожелуваме на Салман Ружди брзо закрепнување од тешките повреди и продолжување на неговата благородна, космополитска мисија, се вели во реакцијата на македонскиот ПЕН-центар.

 

The post Нападот врз Салман Ружди го сфаќаме како напад врз слободата на мислењето и изразувањето, се вели во реакцијата на македонскиот ПЕН-центар appeared first on Република.

]]>

Македонскиот ПЕН-центар со длабока индигнација и згрозеност го осудува бруталниот напад врз светски познатиот автор Салман Ружди, кој целото свое дело и живот ги посвети во одбрана на слободата на изразување и на човечкото достоинство. По објавувањето на своето најпознато дело „Сатански стихови“ (1988), иранскиот верски водач, ајатолахот Хомеини во 1989 година му изрече фатва, па така Салман Ружди повеќе од половината од животот го помина под постојана смртна закана. Но и покрај тоа Салман Ружди непоколебливо продолжи со својата мисија по светот ширејќи го гласот против верскиот фундаментализам, фанатизам и догматизам од секаков вид, укажувајќи притоа на длабоките културолошки и традиционални недоразбирања помеѓу Истокот и Западот.
Неговото дело и неговиот постојан активизам не запираат само на критика и смокритика, туку истовремено градат цврсти мостови на толеранција и разбирање меѓу различните народи, култури и религии во светот. Затоа безумниот и бездушниот напад врз него го сфаќаме како напад врз слободата на мислењето и изразувањето и, согласно начелата изнесени во Повелбата на Меѓународниот ПЕН, најостро го осудуваме и му пожелуваме на Салман Ружди брзо закрепнување од тешките повреди и продолжување на неговата благородна, космополитска мисија, се вели во реакцијата на македонскиот ПЕН-центар.
 

The post Нападот врз Салман Ружди го сфаќаме како напад врз слободата на мислењето и изразувањето, се вели во реакцијата на македонскиот ПЕН-центар appeared first on Република.

]]>
„Ти си следнaтa“: Џ. К. Роулинг доби смртни закани откако го поддржа Ружди https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ti-si-slednata-dz-k-rouling-dobi-smrtni-zakani-otkako-go-poddrza-ruzdi/ Sun, 14 Aug 2022 08:11:49 +0000 https://republika.mk/?p=540128

Авторката на серијалот „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг доби јавна закана од екстремист кој го поддржува Иран, набргу откако таа го осуди вчерашниот напад врз колегата писател Салман Ружди.

Роулинг, која претходно беше мета на транс-активисти поради нејзините родови убедувања, на Твитер објави дека е ужасната од нападот врз Салман Ружди, по што еден од корисниците на мрежата и упати закани.

Роулинг во петокот вечерта, по нападот врз Ружди напиша: „Се чувствувам ужасно. Само нека биде добро“.

Мер Асиф Азиз, кој во својата биографија на Твитер се опишува себеси како „студент, социјален, политички и истражувачки активист“, ѝ одговори: „Не грижи се, ти си следната“.

Роулинг денеска јавно побара од Твитер да интервенира и потврди дека сега е вклучена и полицијата. Таа им се заблагодари на своите следбеници на мрежата што ја поддржаа по заканите на Азиз.

Инаку, оваа последна закана за Роулинг следеше по вчерашниот напад на Салман Ружди, кој беше избоден со нож на конференција во Њујорк, каде што требаше да одржи предавање за слободата на говорот. Агентот на Ружди синоќа откри дека авторот моментално е на респиратор, но се чини дека е изложен на ризик да го изгуби видот на едното око, претрпел оштетување на нервите на раката и претрпел оштетување на црниот дроб.

Вестите од денеска велат дека тој е симнат од респиратор е дека може да зборува.

Поради книгата „Сатански стихови“, која екстремните припадници на исламот ја доживуваат како богохулење, писателот е практично во егзил од 1989 година поради повикот до верниците да биде убиен, испратен од тогашниот ајатолах Рухолах Хомеини.

По егзилот во Велика Британија, Ружди се преселил во Њујорк.

The post „Ти си следнaтa“: Џ. К. Роулинг доби смртни закани откако го поддржа Ружди appeared first on Република.

]]>

Авторката на серијалот „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг доби јавна закана од екстремист кој го поддржува Иран, набргу откако таа го осуди вчерашниот напад врз колегата писател Салман Ружди. Роулинг, која претходно беше мета на транс-активисти поради нејзините родови убедувања, на Твитер објави дека е ужасната од нападот врз Салман Ружди, по што еден од корисниците на мрежата и упати закани. Роулинг во петокот вечерта, по нападот врз Ружди напиша: „Се чувствувам ужасно. Само нека биде добро“. Мер Асиф Азиз, кој во својата биографија на Твитер се опишува себеси како „студент, социјален, политички и истражувачки активист“, ѝ одговори: „Не грижи се, ти си следната“. Роулинг денеска јавно побара од Твитер да интервенира и потврди дека сега е вклучена и полицијата. Таа им се заблагодари на своите следбеници на мрежата што ја поддржаа по заканите на Азиз. Инаку, оваа последна закана за Роулинг следеше по вчерашниот напад на Салман Ружди, кој беше избоден со нож на конференција во Њујорк, каде што требаше да одржи предавање за слободата на говорот. Агентот на Ружди синоќа откри дека авторот моментално е на респиратор, но се чини дека е изложен на ризик да го изгуби видот на едното око, претрпел оштетување на нервите на раката и претрпел оштетување на црниот дроб. Вестите од денеска велат дека тој е симнат од респиратор е дека може да зборува. Поради книгата „Сатански стихови“, која екстремните припадници на исламот ја доживуваат како богохулење, писателот е практично во егзил од 1989 година поради повикот до верниците да биде убиен, испратен од тогашниот ајатолах Рухолах Хомеини. По егзилот во Велика Британија, Ружди се преселил во Њујорк.

The post „Ти си следнaтa“: Џ. К. Роулинг доби смртни закани откако го поддржа Ружди appeared first on Република.

]]>
Сатански стихови, делото на Ружди најбарано 24 часа откако е избоден со нож https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/satanski-stihovi-deloto-na-ruzdi-najbarano-24-chasa-otkako-e-izboden-so-noz/ Sun, 14 Aug 2022 07:34:16 +0000 https://republika.mk/?p=540104

Нападот со нож врз Салман Ружди во САД го поттикна интересот на јавноста за неговите дела, особено за неговиот роман „Сатански стихови“, објавен во 1988 година, за кој доби смртни закани пред триесет години. Продажбата на тој роман денес е зголемена.

Поради таа книга, Иран издаде фатва против него во 1989 година.

Од саботата попладне, три изданија на делото беа на врвот на листата на бестселери на Amazon, која ги следи книгите чија продажба најмногу се зголеми во изминатите 24 часа. На четврто место е првиот бестселер на авторот, „Децата на полноќта“.

Нападот ја згрози јавноста

Нападот, кој ја згрози светската јавност и наиде на осуда, а веднаш потоа неколку негови наслови веднаш беа продадени во познатата њујоршка книжарница Странд, не вклучувајќи ја и онлајн продажбата.

На Твитер корисниците повикаа да се купат делата на Ружди во знак на солидарност со него.

„Сатански стихови“ раскажуваат за авантурите на двајца Индијанци, чиј авион е цел на терористички напад и тие оддеднаш се наоѓаат на плажа во Англија. Првиот има форма на ангел, а вториот на Сатаната (Ѓаволот).

Во приказната, авторот на блудниците им ги дава имињата на жените на пророкот Мухамед. Покрај тоа, тој го создава ликот на пророкот Махунд, кој под влијание на Луцифер признава дека освен Алах може да се обожаваат и други богови, но подоцна ја сфаќа својата грешка.

The post Сатански стихови, делото на Ружди најбарано 24 часа откако е избоден со нож appeared first on Република.

]]>

Нападот со нож врз Салман Ружди во САД го поттикна интересот на јавноста за неговите дела, особено за неговиот роман „Сатански стихови“, објавен во 1988 година, за кој доби смртни закани пред триесет години. Продажбата на тој роман денес е зголемена. Поради таа книга, Иран издаде фатва против него во 1989 година. Од саботата попладне, три изданија на делото беа на врвот на листата на бестселери на Amazon, која ги следи книгите чија продажба најмногу се зголеми во изминатите 24 часа. На четврто место е првиот бестселер на авторот, „Децата на полноќта“. Нападот ја згрози јавноста Нападот, кој ја згрози светската јавност и наиде на осуда, а веднаш потоа неколку негови наслови веднаш беа продадени во познатата њујоршка книжарница Странд, не вклучувајќи ја и онлајн продажбата. На Твитер корисниците повикаа да се купат делата на Ружди во знак на солидарност со него. „Сатански стихови“ раскажуваат за авантурите на двајца Индијанци, чиј авион е цел на терористички напад и тие оддеднаш се наоѓаат на плажа во Англија. Првиот има форма на ангел, а вториот на Сатаната (Ѓаволот). Во приказната, авторот на блудниците им ги дава имињата на жените на пророкот Мухамед. Покрај тоа, тој го создава ликот на пророкот Махунд, кој под влијание на Луцифер признава дека освен Алах може да се обожаваат и други богови, но подоцна ја сфаќа својата грешка.

The post Сатански стихови, делото на Ружди најбарано 24 часа откако е избоден со нож appeared first on Република.

]]>
Ружди симнат од респиратор, може да зборува https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruzdi-simnat-od-respirator-moze-da-zboruva/ Sun, 14 Aug 2022 07:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=540086

Писателот Салман Ружди, кој во петокот беше избоден на бина во државата Њујорк, е симнат од респиратор и може да зборува, потврди неговиот агент.

Британскиот романсиер со индиско потекло останува во болница со сериозни повреди, а неговиот колега Атиш Тасер на Твитер напиша дека Ружди бил симнат од респиратор и дека зборува, дури и се „шегува“.

Според „Гардијан“, агентот на Ружди, Ендрју Вајли, ја потврдил информацијата без да даде повеќе детали.

Хади Мадари од Њу Џерси, обвинет за прободување на Ружди, се изјасни за невин за напад и обид за убиство.

The post Ружди симнат од респиратор, може да зборува appeared first on Република.

]]>

Писателот Салман Ружди, кој во петокот беше избоден на бина во државата Њујорк, е симнат од респиратор и може да зборува, потврди неговиот агент. Британскиот романсиер со индиско потекло останува во болница со сериозни повреди, а неговиот колега Атиш Тасер на Твитер напиша дека Ружди бил симнат од респиратор и дека зборува, дури и се „шегува“. Според „Гардијан“, агентот на Ружди, Ендрју Вајли, ја потврдил информацијата без да даде повеќе детали. Хади Мадари од Њу Џерси, обвинет за прободување на Ружди, се изјасни за невин за напад и обид за убиство.

The post Ружди симнат од респиратор, може да зборува appeared first on Република.

]]>
Бајден шокиран од нападот врз Салман Ружди https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-shokiran-od-napadot-vrz-salman-ruzdi/ Sun, 14 Aug 2022 07:02:17 +0000 https://republika.mk/?p=540077

Американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти дека тој и неговата сопруга Џил биле шокирани од нападот врз писателот Салман Ружди.

Бајден рекол дека Ружди, со неговиот увид во човештвото, неспоредливото чувство за раскажување приказни и одбивањето да биде заплашен или замолчен, е симбол на суштински, универзални идеи.

„Вистина. Храброст. Отпор. Способност да споделувате идеи без страв. Ова се основните столбови на секое слободно и отворено општество“, рекол Бајден во изјавата, пренесува АП.

Ружди беше нападнат на сцената за време на трибина во Њујорк, а осомничениот за обид за убиство и напад Хади Матар, го прободе неколку пати во вратот и стомакот, јавија агенциите. Писателот се здобил со сериозни повреди и се наоѓа во болница.

The post Бајден шокиран од нападот врз Салман Ружди appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти дека тој и неговата сопруга Џил биле шокирани од нападот врз писателот Салман Ружди. Бајден рекол дека Ружди, со неговиот увид во човештвото, неспоредливото чувство за раскажување приказни и одбивањето да биде заплашен или замолчен, е симбол на суштински, универзални идеи.
„Вистина. Храброст. Отпор. Способност да споделувате идеи без страв. Ова се основните столбови на секое слободно и отворено општество“, рекол Бајден во изјавата, пренесува АП.
Ружди беше нападнат на сцената за време на трибина во Њујорк, а осомничениот за обид за убиство и напад Хади Матар, го прободе неколку пати во вратот и стомакот, јавија агенциите. Писателот се здобил со сериозни повреди и се наоѓа во болница.

The post Бајден шокиран од нападот врз Салман Ружди appeared first on Република.

]]>
Напаѓачот на Салман Ружди е од либанско потекло https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/napagjachot-na-salman-ruzdi-e-od-libansko-poteklo/ Sat, 13 Aug 2022 17:20:22 +0000 https://republika.mk/?p=539967

Американската полиција синоќа го идентификуваше напаѓачот на британскиот писател Салман Ружди.

Станува збор за 24-годишниот жител на Њу Џерси, Хади Матар, кој по потекло е од Либан. Неговото семејство дошло во САД од јужниот либански град Јарун, соопшти градоначалникот на градот, Али Техфе. Самиот Матар е роден и израснат во САД, додаде градоначалникот.

На прашањето дали Матар и неговите родители биле членови на Хезболах или го поддржувале Хезболах, Техфе рече дека нема никакви информации за политичките ставови на родителите на Матар или самиот Матар, бидејќи тие живеат во странство.

Портпаролот на либанскат а шиитска милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, денеска изјави дека нема дополнителни информации за нападот со нож врз писателот Салман Ружди.

Не знаеме ништо за оваа работа, па нема да коментираме, изјави официјален претставник на Хезболах.

The post Напаѓачот на Салман Ружди е од либанско потекло appeared first on Република.

]]>

Американската полиција синоќа го идентификуваше напаѓачот на британскиот писател Салман Ружди.
Станува збор за 24-годишниот жител на Њу Џерси, Хади Матар, кој по потекло е од Либан. Неговото семејство дошло во САД од јужниот либански град Јарун, соопшти градоначалникот на градот, Али Техфе. Самиот Матар е роден и израснат во САД, додаде градоначалникот.
На прашањето дали Матар и неговите родители биле членови на Хезболах или го поддржувале Хезболах, Техфе рече дека нема никакви информации за политичките ставови на родителите на Матар или самиот Матар, бидејќи тие живеат во странство. Портпаролот на либанскат а шиитска милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, денеска изјави дека нема дополнителни информации за нападот со нож врз писателот Салман Ружди.
Не знаеме ништо за оваа работа, па нема да коментираме, изјави официјален претставник на Хезболах.

The post Напаѓачот на Салман Ружди е од либанско потекло appeared first on Република.

]]>
Либанец роден во САД е напаѓачот на писателот Ружди https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/libanec-roden-vo-sad-e-napagjachot-na-pisatelot-ruzdi/ Sat, 13 Aug 2022 16:08:15 +0000 https://republika.mk/?p=539944

Американската полиција синоќа го идентификуваше напаѓачот на британскиот писател Салман Ружди.

Станува збор за 24-годишниот жител на Њу Џерси, Хади Матар, кој по потекло е од Либан. Неговото семејство дошло во САД од јужниот либански град Јарун.

Портпаролот на либанската шиитска милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, денеска изјави дека нема дополнителни информации за нападот со нож врз писателот Салман Ружди.

– Не знаеме ништо за оваа работа, па нема да коментираме – изјави официјален претставник на Хезболах.

The post Либанец роден во САД е напаѓачот на писателот Ружди appeared first on Република.

]]>

Американската полиција синоќа го идентификуваше напаѓачот на британскиот писател Салман Ружди. Станува збор за 24-годишниот жител на Њу Џерси, Хади Матар, кој по потекло е од Либан. Неговото семејство дошло во САД од јужниот либански град Јарун. Портпаролот на либанската шиитска милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, денеска изјави дека нема дополнителни информации за нападот со нож врз писателот Салман Ружди.
– Не знаеме ништо за оваа работа, па нема да коментираме – изјави официјален претставник на Хезболах.

The post Либанец роден во САД е напаѓачот на писателот Ружди appeared first on Република.

]]>
Може да загуби едно око, има и повреден црн дроб: Писателот Салман Ружди на респиратор по нападот со нож https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moze-da-zagubi-edno-oko-ima-i-povreden-crn-drob-pisatelot-salman-ruzdi-na-respirator-po-napadot-so-noz/ Sat, 13 Aug 2022 07:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=539789

Британскиот писател, Салман Ружди, кој беше избоден неколку пати во вратот и стомакот од напаѓач на сцената за време на предавање во американската сојузна држава Њујорк, е опериран и сега е на респиратор, објави неговиот агент Ендрју Вајли.

Тој изјави дека Ружди не може да зборува и дека би можело да изгуби едно око.

Салман веројатно ќе го изгуби едното око, нервите во раката му се прекинати, а црниот дроб му е избоден и оштетен - соопшти Вајли.

Њујоршката полиција соопшти дека го привела Хади Матар, напаѓачот на познатиот писател, кој беше нападнат додека се подготвувал да одржи предавање во западниот дел на Њујорк.

Матар, 24-годишен маж од Фервју, Њу Џерси, купил билет за да присуствува на настанот, соопшти полицијата. Новинар на АП видел човек како упаднал на сцената во Институтот Чаутаука и почнал да го удира и прободува Ружди додека го претставувале на почетокот на предавањето.

Водителот кој беше со него на сцената, Хенри Рис, се здобил со полесна повреда на главата и е пренесен во локалната болница. Напаѓачот бил совладан од присутните, по што го привела полицијата.

The post Може да загуби едно око, има и повреден црн дроб: Писателот Салман Ружди на респиратор по нападот со нож appeared first on Република.

]]>

Британскиот писател, Салман Ружди, кој беше избоден неколку пати во вратот и стомакот од напаѓач на сцената за време на предавање во американската сојузна држава Њујорк, е опериран и сега е на респиратор, објави неговиот агент Ендрју Вајли. Тој изјави дека Ружди не може да зборува и дека би можело да изгуби едно око.
Салман веројатно ќе го изгуби едното око, нервите во раката му се прекинати, а црниот дроб му е избоден и оштетен - соопшти Вајли.
Њујоршката полиција соопшти дека го привела Хади Матар, напаѓачот на познатиот писател, кој беше нападнат додека се подготвувал да одржи предавање во западниот дел на Њујорк. Матар, 24-годишен маж од Фервју, Њу Џерси, купил билет за да присуствува на настанот, соопшти полицијата. Новинар на АП видел човек како упаднал на сцената во Институтот Чаутаука и почнал да го удира и прободува Ружди додека го претставувале на почетокот на предавањето. Водителот кој беше со него на сцената, Хенри Рис, се здобил со полесна повреда на главата и е пренесен во локалната болница. Напаѓачот бил совладан од присутните, по што го привела полицијата.

The post Може да загуби едно око, има и повреден црн дроб: Писателот Салман Ружди на респиратор по нападот со нож appeared first on Република.

]]>