салих мустафа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/salih-mustafa/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Dec 2023 17:22:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png салих мустафа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/salih-mustafa/ 32 32 За четири години намалена затворската казна на поранешен командант од УЧК https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-chetiri-godini-namalena-zatvorskata-kazna-na-poraneshen-komandant-od-uchk/ Thu, 14 Dec 2023 12:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=722910

Апелациониот совет при Специјалниот суд за Косово, чие седиште е во Хаг, му изрече денеска на поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово, Салих Мустафа казна затвор во траење од 22 години, со што ја намали за четири години првостепената казна изречена пред една година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Мустафа беше уапсен од Специјалниот суд на 24 септември 2020 година, откако во јуни истата година беше потврдено обвинението против него. Првостепениот судски совет на Специјалниот суд на 16 декември 2022 година го прогласи за виновен за воени злосторства, вклучувајќи произволно притворање, тортура и незаконско убиство, осудувајќи го на 26 години затвор.

Апелација му ја намали казната на Мустафа за дел од кривичните дела за кои е обвинет.

Апелациониот совет оцени дека единствената казна од 22 години затвор, сметајќи го времето поминато во притвор, ја одразува севкупноста на криминалната активност на Салих Мустафа во овој случај, се вели во образложението на денешната одлука.

Втората инстанца на Судот во Хаг ги отфрли речиси сите приговори на Мустафа на првостепената одлука.

Ова е прв случај што е разгледуван од Апелацијата на Специјалниот суд од неговото формирање во 2015 година.

The post За четири години намалена затворската казна на поранешен командант од УЧК appeared first on Република.

]]>

Апелациониот совет при Специјалниот суд за Косово, чие седиште е во Хаг, му изрече денеска на поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово, Салих Мустафа казна затвор во траење од 22 години, со што ја намали за четири години првостепената казна изречена пред една година, јави дописникот на МИА од Приштина. Мустафа беше уапсен од Специјалниот суд на 24 септември 2020 година, откако во јуни истата година беше потврдено обвинението против него. Првостепениот судски совет на Специјалниот суд на 16 декември 2022 година го прогласи за виновен за воени злосторства, вклучувајќи произволно притворање, тортура и незаконско убиство, осудувајќи го на 26 години затвор. Апелација му ја намали казната на Мустафа за дел од кривичните дела за кои е обвинет.
Апелациониот совет оцени дека единствената казна од 22 години затвор, сметајќи го времето поминато во притвор, ја одразува севкупноста на криминалната активност на Салих Мустафа во овој случај, се вели во образложението на денешната одлука.
Втората инстанца на Судот во Хаг ги отфрли речиси сите приговори на Мустафа на првостепената одлука. Ова е прв случај што е разгледуван од Апелацијата на Специјалниот суд од неговото формирање во 2015 година.

The post За четири години намалена затворската казна на поранешен командант од УЧК appeared first on Република.

]]>