Салцбург Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/salcburg/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 15:41:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Салцбург Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/salcburg/ 32 32 Мицкоски: На голем број европски дипломати им ја пренесов пораката на македонските граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-golem-broj-evropski-diplomati-im-ja-prenesov-porakata-na-makedonskite-gragani/ Tue, 22 Oct 2024 15:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=829958

Со состанокот што го имавме со претседателот на Австрија, Ван дер Белен ја завршуваме официјалната билатерална посета во Австрија којашто започна со учеството на настанот во Салцбург, соопшти предмалку премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводеше македонската делегација.

Зборувавме со голем број европски дипломати на коишто ја пренесов пораката на македонските граѓани како и нашите очекувања како држава.
Ја завршуваме посетата со настанот, учеството на австриската дипломатска академија каде што ќе зборувам со што се соочуваме како држава и кои се нашите приоритети како Влада.
Имавме успешна и плодна билатерална посета во Австрија. Продолжуваме да се бориме за Македонија и македонските граѓани, како и за националните интереси, порача Мицкоски.

The post Мицкоски: На голем број европски дипломати им ја пренесов пораката на македонските граѓани appeared first on Република.

]]>

Со состанокот што го имавме со претседателот на Австрија, Ван дер Белен ја завршуваме официјалната билатерална посета во Австрија којашто започна со учеството на настанот во Салцбург, соопшти предмалку премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводеше македонската делегација.
Зборувавме со голем број европски дипломати на коишто ја пренесов пораката на македонските граѓани како и нашите очекувања како држава. Ја завршуваме посетата со настанот, учеството на австриската дипломатска академија каде што ќе зборувам со што се соочуваме како држава и кои се нашите приоритети како Влада. Имавме успешна и плодна билатерална посета во Австрија. Продолжуваме да се бориме за Македонија и македонските граѓани, како и за националните интереси, порача Мицкоски.

The post Мицкоски: На голем број европски дипломати им ја пренесов пораката на македонските граѓани appeared first on Република.

]]>
Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања, порача Мицкоски во Салцбург https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-sporot-so-istochniot-sosed-barame-konstruktivno-i-prifatlivo-reshenie-za-site-bez-utseni-i-uslovuvana-poracha-mitskoski-vo-saltsburg/ Mon, 21 Oct 2024 13:35:09 +0000 https://republika.mk/?p=829500

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска обраќајќи се на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите, истакна дека државата е блокирана од еден нерационален и билатерален спор, посочувајќи дека премногу долго интеграцискиот процес трае за државата обременет со многу детали кои влијаат за зголемување на фрустрациите и незадоволството од водењето на целиот процес, соопштија од владината прес-служба.

Кога станува збор за надворешната испорака на резултати, од странство како државата често добивавме само зборови, не дела. Резултатите недостигаат, имаме само обврски. И како минуваше времето, меѓу народот се зголемуваше фрустрацијата зошто сега повторно имаме повторен услов, повторно ограничување. И се прашуваме, во ред, треба да се исправиме како политичари. И сега, треба да застанам пред моите граѓани и да речам: видете, драги сограѓани, мои студенти, мора повторно да го промениме Уставот, посочи премиерот Мицкоски.

Тој истакна дека источниот сосед досега не почитува 14 пресуди од Судот за човековите права во Стразбур за регистрирање на здружение на Македонците кои живеат на тие простори, додека тие бараат внес на Бугарите во македонскиот Устав што покажува дека има отсуство на волја за приближување на работите.

Претседателот на Владата Мицкоски нагласи дека дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа е последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за 6 месеци од сега нема да се бара нешто дополнително.

Ние како Влада сме посветени на изнаоѓање на решение и активен дијалог. Едно од решенијата секако е да се примени формулата веќе применета во Преспанскиот договор за одложено дејство, поточно во моментите кога ќе влеземе во Европската Унија, тогаш тие одлуки во Уставот да станат активни, што секако претставува заштитен механизам од подоцнежни условувања, порача тој.

The post Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања, порача Мицкоски во Салцбург appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска обраќајќи се на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите, истакна дека државата е блокирана од еден нерационален и билатерален спор, посочувајќи дека премногу долго интеграцискиот процес трае за државата обременет со многу детали кои влијаат за зголемување на фрустрациите и незадоволството од водењето на целиот процес, соопштија од владината прес-служба.
Кога станува збор за надворешната испорака на резултати, од странство како државата често добивавме само зборови, не дела. Резултатите недостигаат, имаме само обврски. И како минуваше времето, меѓу народот се зголемуваше фрустрацијата зошто сега повторно имаме повторен услов, повторно ограничување. И се прашуваме, во ред, треба да се исправиме како политичари. И сега, треба да застанам пред моите граѓани и да речам: видете, драги сограѓани, мои студенти, мора повторно да го промениме Уставот, посочи премиерот Мицкоски.
Тој истакна дека источниот сосед досега не почитува 14 пресуди од Судот за човековите права во Стразбур за регистрирање на здружение на Македонците кои живеат на тие простори, додека тие бараат внес на Бугарите во македонскиот Устав што покажува дека има отсуство на волја за приближување на работите. Претседателот на Владата Мицкоски нагласи дека дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа е последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за 6 месеци од сега нема да се бара нешто дополнително.
Ние како Влада сме посветени на изнаоѓање на решение и активен дијалог. Едно од решенијата секако е да се примени формулата веќе применета во Преспанскиот договор за одложено дејство, поточно во моментите кога ќе влеземе во Европската Унија, тогаш тие одлуки во Уставот да станат активни, што секако претставува заштитен механизам од подоцнежни условувања, порача тој.

The post Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања, порача Мицкоски во Салцбург appeared first on Република.

]]>
Премиерот Мицкоски во Салцбург на Европски самит https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-vo-saltsburg-na-20-evropski-samit/ Mon, 21 Oct 2024 06:03:25 +0000 https://republika.mk/?p=829235

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Салцбург ќе учествува на 20. Европски самит посветен на Европската Унија, каде ќе има обраќање.

Мицкоски на фејсбук објави дека синоќа присуствувал на вечера, на покана на градоначалникот на покраината Салцбург и претседателот на институтот на европски региони, Франц Шаусбергер.

На моите соговорници им ги пренесов нашите заложби и цели кон Европскиот пат на Македонија. Европа мора да ги отвори вратите за државите кои чекорат напред, наведува Мицкоски во објавата на ФБ.

Во вторник тој ќе има средба со претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен и со министерот за надворешни работи Александар Шаленберг.

The post Премиерот Мицкоски во Салцбург на Европски самит appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Салцбург ќе учествува на 20. Европски самит посветен на Европската Унија, каде ќе има обраќање. Мицкоски на фејсбук објави дека синоќа присуствувал на вечера, на покана на градоначалникот на покраината Салцбург и претседателот на институтот на европски региони, Франц Шаусбергер.
На моите соговорници им ги пренесов нашите заложби и цели кон Европскиот пат на Македонија. Европа мора да ги отвори вратите за државите кои чекорат напред, наведува Мицкоски во објавата на ФБ.
Во вторник тој ќе има средба со претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен и со министерот за надворешни работи Александар Шаленберг.

The post Премиерот Мицкоски во Салцбург на Европски самит appeared first on Република.

]]>
Премиерот Христијан Мицкоски ќе има панел и излагање на 20. Европски самит во Салцбург посветен на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-hristijan-mitskoski-ke-ima-panel-i-izlagane-na-20-evropski-samit-vo-saltsburg-posveten-na-eu/ Sun, 20 Oct 2024 16:06:01 +0000 https://republika.mk/?p=829179

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе има панел и излагање на 20. Европски самит во Салцбург посветен на Европската унија и реформите на овој пат.

Во воз на пат од Виена за Салцбург каде утре имам свој панел и излагање на 20тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите на овој пат.

Имаме јасен план и визија и подготвеност да бидеме вреднувани според нашите напори и залагања.

Веќе следниот ден на средби во Австрија со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен.

Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина, објави Мицкоски на социјаните мрежи.

The post Премиерот Христијан Мицкоски ќе има панел и излагање на 20. Европски самит во Салцбург посветен на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе има панел и излагање на 20. Европски самит во Салцбург посветен на Европската унија и реформите на овој пат.
Во воз на пат од Виена за Салцбург каде утре имам свој панел и излагање на 20тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите на овој пат. Имаме јасен план и визија и подготвеност да бидеме вреднувани според нашите напори и залагања. Веќе следниот ден на средби во Австрија со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен. Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина, објави Мицкоски на социјаните мрежи.

The post Премиерот Христијан Мицкоски ќе има панел и излагање на 20. Европски самит во Салцбург посветен на ЕУ appeared first on Република.

]]>
33 деца примиле погрешни вакцини во училиште во Салцбург https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/33-deca-primile-pogreshni-vakcini-vo-uchilishte-vo-salcburg/ Wed, 09 Nov 2022 09:55:33 +0000 https://republika.mk/?p=571807

За време на вакцинација на учениците во основното училиште во Салцбург, Тененгау, дошло до мешање на вакцини, па 33 деца примиле погрешни вакцини.

Наместо вакцина за заштита од детска парализа, дифтерија, тетанус и голема кашлица, на учениците им била дадена вакцина против хуман папилома вирус (ХПВ).

Таа вакцина ја примиле 33 деца од второ одделение од основното училиште.„Родителите веднаш беа информирани за грешката и беше даден сеопфатен медицински совет за тоа како да се продолжи“, соопшти провинциската влада.

Вакцината против ХВП се препорачува само за деца постари од девет години, така што во овој случај е дадена две години порано, што не е дозволено.

Секретарот за здравство на провинцијата, Петра Грубер Јухас, вели дека според лекарите нема докази дека постои зголемен здравствен ризик за децата.

Сепак, потребна е втора вакцинација против ХПВ за да има заштитен ефект.

Грубер Јухас изрази жалење, посочувајќи дека се работи за изолиран случај, додавајќи дека обично речиси е невозможно да се мешаат вакцините.

Меѓутоа, во ова училиште дошло до грешка бидејќи училиштето планирало истовремено да ги вакцинира постарите училишни деца против ХПВ.

The post 33 деца примиле погрешни вакцини во училиште во Салцбург appeared first on Република.

]]>

За време на вакцинација на учениците во основното училиште во Салцбург, Тененгау, дошло до мешање на вакцини, па 33 деца примиле погрешни вакцини. Наместо вакцина за заштита од детска парализа, дифтерија, тетанус и голема кашлица, на учениците им била дадена вакцина против хуман папилома вирус (ХПВ).
Таа вакцина ја примиле 33 деца од второ одделение од основното училиште.„Родителите веднаш беа информирани за грешката и беше даден сеопфатен медицински совет за тоа како да се продолжи“, соопшти провинциската влада.
Вакцината против ХВП се препорачува само за деца постари од девет години, така што во овој случај е дадена две години порано, што не е дозволено. Секретарот за здравство на провинцијата, Петра Грубер Јухас, вели дека според лекарите нема докази дека постои зголемен здравствен ризик за децата. Сепак, потребна е втора вакцинација против ХПВ за да има заштитен ефект. Грубер Јухас изрази жалење, посочувајќи дека се работи за изолиран случај, додавајќи дека обично речиси е невозможно да се мешаат вакцините. Меѓутоа, во ова училиште дошло до грешка бидејќи училиштето планирало истовремено да ги вакцинира постарите училишни деца против ХПВ.

The post 33 деца примиле погрешни вакцини во училиште во Салцбург appeared first on Република.

]]>
Во редовите на австрискиот првак Салцбург има дури 15 заразени со корона вирусот во https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/vo-redovite-na-avstriskiot-prvak-salcburg-ima-duri-15-zarazeni-so-korona-virusot-vo/ Wed, 23 Feb 2022 22:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=462711

Актуелниот австриски фудбалски шампион, Ред Бул Салцбург, се соочува со големи проблеми со заразени со корона вирусот во своите редови.

Во клубот се заразени дури 15 лица, вклучувајќи фудбалери и членови на стручниот штаб. Некои се асимптоматски, некои со благи симптоми, а ниту еден од нив нема поголеми здравствени проблеми.

Моравме да го откажеме денешниот тренинг. Засега сè уште сме во можност да играме натпревари, но загрижени сме поради можен натамошен раст на бројот заразени - изјави спортскиот директор Кристоф Фреунд.

Салцбург има убедлива предност од 17 бодови пред второпласираниот Волфсбергер во австриското првенство, а на 8 март го очекува реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампиони против минхенски Баерн, откако првиот дуел заврши нерешено 1:1.

The post Во редовите на австрискиот првак Салцбург има дури 15 заразени со корона вирусот во appeared first on Република.

]]>

Актуелниот австриски фудбалски шампион, Ред Бул Салцбург, се соочува со големи проблеми со заразени со корона вирусот во своите редови. Во клубот се заразени дури 15 лица, вклучувајќи фудбалери и членови на стручниот штаб. Некои се асимптоматски, некои со благи симптоми, а ниту еден од нив нема поголеми здравствени проблеми.