сала расадник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sala-rasadnik/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 12:17:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сала расадник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sala-rasadnik/ 32 32 Мицкоски: Со реконструкција спортската сала „Расадник” добива нов современ, модерен лик, којшто ќе биде дом на многу спортски клубови https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-so-rekonstruktsija-sportskata-sala-rasadnik-dobiva-nov-sovremen-moderen-lik-kojshto-ke-bide-dom-na-mnogu-sportski-klubovi/ Fri, 29 Nov 2024 12:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=843103

Ова е посебен момент, бидејќи сепак нешто коешто со децении е оставено да пропаѓа со времето сега започнува да се реновира, реконструира, да добива еден нов современ, модерен лик, којшто ќе биде дом на многу спортски клубови, рече денеска Премиерот Мицкоски во салата Расадник која ќе се реконструира.

Еве слушнавме и од градоначалникот, дека можно е ракометниот клуб „Вардар“ да се пресели овде и ова да биде, официјален дом на ракометниот клуб „Вардар“.

Она што јас можам да го кажам како претседател на Владата е дека ќе продолжиме да инвестираме. Капиталните инвестиции и реализацијата на капиталните инвестиции за нас претставува прв приоритет.

Нема да застанеме тука, во периодот којшто следи очекувајте уште многу инвестиции, во сите општини на целата територија на државата. На почетокот од следната година имаме нов повик за општините да аплицираат со нови проекти, проекти коишто ќе значат додадена вредност во квалитетот на живот на граѓаните.

Ќе се бориме со многу работа со многу труд, со многу енергија, против сите оние коишто сакаат да не влечат назад во минатото. Тоа е она коешто го очекуваат граѓаните од нас како Влада, а јас како прв човек на Владата ќе продолжам да работам во таа насока.

Сакам да изразам голема благодарност што тука денеска заедно со градоначалникот и со министерот за спорт се и граѓаните коишто можат да посведочат на еден почеток на работа, на реконструкција на овој спортски храм, којшто наскоро денеска треба да биде. Тие се сведоци на сите ветувања во минатото коишто за жал не биле исполнети.

Да аплаудирам на посветената работа и на министерот и на градоначалникот. Едниот во Министерството за спорт, другиот тука во општината. На советниците, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, администрацијата, пратениците и сите добронамерници, бидејќи навистина можеме со дела да покажуваме колку си ја сакаме татковината и јас мислам дека тоа е вистинскиот начин како треба да се однесуваме како луѓе коишто во одреден период во својот живот во политиката имаат можност да остават трајни вредности.

Уште еднаш посакувам успешна работа. Честитам на отпочнатиот проект и уште многу вакви проекти да ни се случуваат.

The post Мицкоски: Со реконструкција спортската сала „Расадник” добива нов современ, модерен лик, којшто ќе биде дом на многу спортски клубови appeared first on Република.

]]>

Ова е посебен момент, бидејќи сепак нешто коешто со децении е оставено да пропаѓа со времето сега започнува да се реновира, реконструира, да добива еден нов современ, модерен лик, којшто ќе биде дом на многу спортски клубови, рече денеска Премиерот Мицкоски во салата Расадник која ќе се реконструира.
Еве слушнавме и од градоначалникот, дека можно е ракометниот клуб „Вардар“ да се пресели овде и ова да биде, официјален дом на ракометниот клуб „Вардар“. Она што јас можам да го кажам како претседател на Владата е дека ќе продолжиме да инвестираме. Капиталните инвестиции и реализацијата на капиталните инвестиции за нас претставува прв приоритет. Нема да застанеме тука, во периодот којшто следи очекувајте уште многу инвестиции, во сите општини на целата територија на државата. На почетокот од следната година имаме нов повик за општините да аплицираат со нови проекти, проекти коишто ќе значат додадена вредност во квалитетот на живот на граѓаните. Ќе се бориме со многу работа со многу труд, со многу енергија, против сите оние коишто сакаат да не влечат назад во минатото. Тоа е она коешто го очекуваат граѓаните од нас како Влада, а јас како прв човек на Владата ќе продолжам да работам во таа насока. Сакам да изразам голема благодарност што тука денеска заедно со градоначалникот и со министерот за спорт се и граѓаните коишто можат да посведочат на еден почеток на работа, на реконструкција на овој спортски храм, којшто наскоро денеска треба да биде. Тие се сведоци на сите ветувања во минатото коишто за жал не биле исполнети. Да аплаудирам на посветената работа и на министерот и на градоначалникот. Едниот во Министерството за спорт, другиот тука во општината. На советниците, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, администрацијата, пратениците и сите добронамерници, бидејќи навистина можеме со дела да покажуваме колку си ја сакаме татковината и јас мислам дека тоа е вистинскиот начин како треба да се однесуваме како луѓе коишто во одреден период во својот живот во политиката имаат можност да остават трајни вредности. Уште еднаш посакувам успешна работа. Честитам на отпочнатиот проект и уште многу вакви проекти да ни се случуваат.

The post Мицкоски: Со реконструкција спортската сала „Расадник” добива нов современ, модерен лик, којшто ќе биде дом на многу спортски клубови appeared first on Република.

]]>
Ќе се реконструира салата „Расадник”, најавија градоначалникот Ѓорѓиевски и министерот Ристовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ke-se-rekonstruira-salata-rasadnik-najavija-gradonachalnikot-gorgievski-i-ministerot-ristovski/ Wed, 03 Jul 2024 11:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=793057

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес заедно со министерот од новоформираното Министерство за спорт, Борко Ристовски, ја посетија салата “Расадник”. Најавија дека после децении негрижа од поранешното раководство почнува процесот за нејзина реконструкција. Во финална фаза е нарачаниот проект од Општина Кисела Вода која од минатата година по долг и мачен процес, правно и без долгови ја презеде од Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт. По изготвувањето на проектот, ќе може да се премине кон градежни активности кои треба да го вратат на граѓаните овој култен дом на спортот од кои скопјани имаат прекрасни спомени. Проектот кој се очекува да чини околу 1.5 милиони евра ќе биде финансиски покриен од Министерството за спорт.

На мое големо задоволство, денес заедно со министерот од новоформираното Министерство за спорт, Борко Ристовски, сме во салата “Расадник” за да информираме за нешто што се чекаше со децении наназад. По еден долг период одбележан со негрижа и занемарување, некогашниот симбол на спортскиот дух на нашата општина и градот, салата “Расадник” конечно ќе биде реконструирана и вратена на користење на граѓаните - истакна Ѓорѓиевски.

Во текот на минатата година, Општина Кисела Вода правно го презеде управувањето со овој објект. Без наталожените долгови спортската сала “Расадник” беше преземена од Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт, кое има задача да стопанисува со државни спортски објекти, но и да инвестира во одржување на спортските комплекси, а кое поради 30-годишната негрижа салата ја претворило во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор.

Уште тогаш, по извршениот увид, утврдивме дека е неопходна темелна реконструкција и веднаш започнавме со процесот на подготовка. Сакам да информирам дека Општина Кисела Вода го нарача проектот и тој е во финална фаза. Откако ќе биде готов, започнува реконструкцијата. Со оглед на тоа што се работи за искучително скап зафат, големо е моето задоволство што можам да информирам дека средствата се обезбедени и тој ќе се реализира преку Министерство за спорт во Владата на Република Македонија.

Оваа спортска сала има посебно место во срцата на нашите граѓани. Таа беше дом на култниот тим “Вардар” и сведок на многу славни спортски моменти. За многумина од нас, таа е симбол на спортскиот дух, заедништвото и успехот и затоа, нашата цел е да и го вратиме загубениот сјај и таа повторно да биде место каде што ќе се пишуваат нови спортски истории. Сакам да му се заблагодарам на новиот министер за спорт, Борко Ристовски за поддршката и визијата која ја делиме. Неговата посветеност кон спортот и развојот на спортската инфраструктура е од клучно значење за овој проект. Очекувам дека ваквите проекти ќе станат чести во иднина и дека ќе имаме уште многу можности да инвестираме во спортската инфраструктура за доброто на нашите граѓани. Воедно, Со нетрпение очекувам реновираната сала Расадник да го отвори своите врати и повторно да стане дом на тимот “Вардар”, кој со своите успеси ја испиша историјата на македонскиот спорт-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Денес е еден од оние денови кога се будат спомените, но и се отвораат нови можности за иднината, посебно во делот на спортот. Како министер во новоформираното Министерство за спорт, со големо задоволство и гордост сакам да го најавам почетокот на реконструкцијата на спортската сала „Расадник“. Ова некогаш култно место за сите спортски вљубеници во нашата земја, носи спомени за преполните трибини и за незаборавните натпревари во кошарка, ракомет и одбојка. „Расадник“ беше и дом на легендарниот клуб “Вардар” и место каде спортистите и навивачите живееја заедно во спортски дух и заедништво. Како спортист и ракометар, и јас лично имам длабока сентиментална врска со ова место, исто како и сите оние кои некогаш тука играле или навивале. Искрено се заблагодарувам на градоначалникот Ѓорѓиевски, кој денес е тука со нас. За пофалба се неговата решителност и напорите да го преземе управувањето на салата од поранешните централни власти, кои ја оставија во руинирана состојба. Заеднички успеавме да создадеме финансиска конструкција која ќе овозможи реконструкција на ова некогаш култно место и негово враќање во живот. Откако проектот ќе биде готов, веднаш ќе започнеме со работа со цел „Расадник“ што побрзо да биде повторно дом на спортот и расадник на идните спортски легенди. Нашата цел е овој простор да стане модерен спортски центар кој ќе го негува спортскиот дух и ќе ги инспирира идните генерации-изјави министерот за спорт Борко Ристовски најавувајќи дека како министер за спорт, ќе работи на реализација на капитални спортски инфраструктурни проекти и поддршка на спортот и спортистите.

 

The post Ќе се реконструира салата „Расадник”, најавија градоначалникот Ѓорѓиевски и министерот Ристовски appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес заедно со министерот од новоформираното Министерство за спорт, Борко Ристовски, ја посетија салата “Расадник”. Најавија дека после децении негрижа од поранешното раководство почнува процесот за нејзина реконструкција. Во финална фаза е нарачаниот проект од Општина Кисела Вода која од минатата година по долг и мачен процес, правно и без долгови ја презеде од Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт. По изготвувањето на проектот, ќе може да се премине кон градежни активности кои треба да го вратат на граѓаните овој култен дом на спортот од кои скопјани имаат прекрасни спомени. Проектот кој се очекува да чини околу 1.5 милиони евра ќе биде финансиски покриен од Министерството за спорт. На мое големо задоволство, денес заедно со министерот од новоформираното Министерство за спорт, Борко Ристовски, сме во салата “Расадник” за да информираме за нешто што се чекаше со децении наназад. По еден долг период одбележан со негрижа и занемарување, некогашниот симбол на спортскиот дух на нашата општина и градот, салата “Расадник” конечно ќе биде реконструирана и вратена на користење на граѓаните - истакна Ѓорѓиевски. Во текот на минатата година, Општина Кисела Вода правно го презеде управувањето со овој објект. Без наталожените долгови спортската сала “Расадник” беше преземена од Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт, кое има задача да стопанисува со државни спортски објекти, но и да инвестира во одржување на спортските комплекси, а кое поради 30-годишната негрижа салата ја претворило во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор. Уште тогаш, по извршениот увид, утврдивме дека е неопходна темелна реконструкција и веднаш започнавме со процесот на подготовка. Сакам да информирам дека Општина Кисела Вода го нарача проектот и тој е во финална фаза. Откако ќе биде готов, започнува реконструкцијата. Со оглед на тоа што се работи за искучително скап зафат, големо е моето задоволство што можам да информирам дека средствата се обезбедени и тој ќе се реализира преку Министерство за спорт во Владата на Република Македонија. Оваа спортска сала има посебно место во срцата на нашите граѓани. Таа беше дом на култниот тим “Вардар” и сведок на многу славни спортски моменти. За многумина од нас, таа е симбол на спортскиот дух, заедништвото и успехот и затоа, нашата цел е да и го вратиме загубениот сјај и таа повторно да биде место каде што ќе се пишуваат нови спортски истории. Сакам да му се заблагодарам на новиот министер за спорт, Борко Ристовски за поддршката и визијата која ја делиме. Неговата посветеност кон спортот и развојот на спортската инфраструктура е од клучно значење за овој проект. Очекувам дека ваквите проекти ќе станат чести во иднина и дека ќе имаме уште многу можности да инвестираме во спортската инфраструктура за доброто на нашите граѓани. Воедно, Со нетрпение очекувам реновираната сала Расадник да го отвори своите врати и повторно да стане дом на тимот “Вардар”, кој со своите успеси ја испиша историјата на македонскиот спорт-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Денес е еден од оние денови кога се будат спомените, но и се отвораат нови можности за иднината, посебно во делот на спортот. Како министер во новоформираното Министерство за спорт, со големо задоволство и гордост сакам да го најавам почетокот на реконструкцијата на спортската сала „Расадник“. Ова некогаш култно место за сите спортски вљубеници во нашата земја, носи спомени за преполните трибини и за незаборавните натпревари во кошарка, ракомет и одбојка. „Расадник“ беше и дом на легендарниот клуб “Вардар” и место каде спортистите и навивачите живееја заедно во спортски дух и заедништво. Како спортист и ракометар, и јас лично имам длабока сентиментална врска со ова место, исто како и сите оние кои некогаш тука играле или навивале. Искрено се заблагодарувам на градоначалникот Ѓорѓиевски, кој денес е тука со нас. За пофалба се неговата решителност и напорите да го преземе управувањето на салата од поранешните централни власти, кои ја оставија во руинирана состојба. Заеднички успеавме да создадеме финансиска конструкција која ќе овозможи реконструкција на ова некогаш култно место и негово враќање во живот. Откако проектот ќе биде готов, веднаш ќе започнеме со работа со цел „Расадник“ што побрзо да биде повторно дом на спортот и расадник на идните спортски легенди. Нашата цел е овој простор да стане модерен спортски центар кој ќе го негува спортскиот дух и ќе ги инспирира идните генерации-изјави министерот за спорт Борко Ристовски најавувајќи дека како министер за спорт, ќе работи на реализација на капитални спортски инфраструктурни проекти и поддршка на спортот и спортистите.  

The post Ќе се реконструира салата „Расадник”, најавија градоначалникот Ѓорѓиевски и министерот Ристовски appeared first on Република.

]]>