сајмон мордју Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sajmon-mordju/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Apr 2023 08:22:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сајмон мордју Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sajmon-mordju/ 32 32 Маричиќ: Да ги исполниме задачите и да продолжиме со земјите кои преговараат со ЕУ на патот кон членство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-da-gi-ispolnime-zadachite-i-da-prodolzhime-so-zemjite-koi-pregovaraat-so-eu-na-patot-kon-chlenstvo/ Sat, 29 Apr 2023 08:22:42 +0000 https://republika.mk/?p=635194

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел оствари средба со Сајмон Мордју, советникот за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, на која разговараа за европската перспектива на Македонија и регионот, во услови на новата геополитичка реалност.

Имаме иста желба и цел, наскоро Cеверна Македонија да ја видиме во рамките на ЕУ. Вратата на ЕУ е отворена, задачите кои ги имаме мора да ги исполниме и да продолжиме со земјите кои преговаат со ЕУ на патот кон членство во Унијата, рече Маричиќ, пренесува Секретаријатот за европски прашања.

Соговорниците, стои во соопштението од СЕП, се согласија дека оваа година Македонија треба успешно да заврши дел од обврските кон ЕУ и да го отвори првиот кластер „Фундаментални вредности“.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ на состанокот посочил дека македонската Влада е свесна за предизвиците и дека е подготвена да работи на нивно надминување и на европските реформи.

Мордју, пак, навел дека постои позитивно расположение кај Европската Унија за проширување и дека тоа е шанса за регионот и Македонија сега да ја обезбеди очигледната европска перспектива, за што потребни се брзи резултати, а не само декларативна посветеност на европската интеграција.

Маричиќ и Мордју изразиле верување дека ќе се задржи динамиката на процесот на преговори со ЕУ и ќе добие континуитет, поради што вицепремиерот смета дека „на овој процес треба да гледаме како на одлична можност побрзо да ги совладаме европските правила кои ќе нè направат членка на ЕУ“.

Во рамки на својата работна посета во Брисел вицепремиерот Маричиќ и македонската делегација се сретнала и со вршителката на должност директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Микела Матуела, со која одржале координативен состанок во врска со текот на преговарачкиот процес и идните чекори кои треба да се направат до завршувањето на скрининг процесот.

Маричиќ истакнал дека ја цениме поддршката од европските институции во процесот на преговори и дека силен фокус е ставен на следен напредок кон ЕУ, со верување дека како што вели тој „ќе успееме оваа година да отвориме важни политички поглавја“.

На средбата беше разговарано и за сеопфатните актуелни реформи што ги спроведува Македонија во областите како што се владеењето на правото, демократските институции и реформата на јавната администрација, информира СЕП.

The post Маричиќ: Да ги исполниме задачите и да продолжиме со земјите кои преговараат со ЕУ на патот кон членство appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел оствари средба со Сајмон Мордју, советникот за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, на која разговараа за европската перспектива на Македонија и регионот, во услови на новата геополитичка реалност.
Имаме иста желба и цел, наскоро Cеверна Македонија да ја видиме во рамките на ЕУ. Вратата на ЕУ е отворена, задачите кои ги имаме мора да ги исполниме и да продолжиме со земјите кои преговаат со ЕУ на патот кон членство во Унијата, рече Маричиќ, пренесува Секретаријатот за европски прашања.
Соговорниците, стои во соопштението од СЕП, се согласија дека оваа година Македонија треба успешно да заврши дел од обврските кон ЕУ и да го отвори првиот кластер „Фундаментални вредности“. Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ на состанокот посочил дека македонската Влада е свесна за предизвиците и дека е подготвена да работи на нивно надминување и на европските реформи. Мордју, пак, навел дека постои позитивно расположение кај Европската Унија за проширување и дека тоа е шанса за регионот и Македонија сега да ја обезбеди очигледната европска перспектива, за што потребни се брзи резултати, а не само декларативна посветеност на европската интеграција. Маричиќ и Мордју изразиле верување дека ќе се задржи динамиката на процесот на преговори со ЕУ и ќе добие континуитет, поради што вицепремиерот смета дека „на овој процес треба да гледаме како на одлична можност побрзо да ги совладаме европските правила кои ќе нè направат членка на ЕУ“. Во рамки на својата работна посета во Брисел вицепремиерот Маричиќ и македонската делегација се сретнала и со вршителката на должност директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Микела Матуела, со која одржале координативен состанок во врска со текот на преговарачкиот процес и идните чекори кои треба да се направат до завршувањето на скрининг процесот. Маричиќ истакнал дека ја цениме поддршката од европските институции во процесот на преговори и дека силен фокус е ставен на следен напредок кон ЕУ, со верување дека како што вели тој „ќе успееме оваа година да отвориме важни политички поглавја“. На средбата беше разговарано и за сеопфатните актуелни реформи што ги спроведува Македонија во областите како што се владеењето на правото, демократските институции и реформата на јавната администрација, информира СЕП.

The post Маричиќ: Да ги исполниме задачите и да продолжиме со земјите кои преговараат со ЕУ на патот кон членство appeared first on Република.

]]>