Сајковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sajkovski/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Aug 2024 12:50:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сајковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sajkovski/ 32 32 Еколошка катастрофа во Кичево, пожар ја зафати дивата депонија направена од Општината https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ekoloshka-katastrofa-vo-kichevo-pozhar-ja-zafati-divata-deponija-napravena-od-opshtinata/ Mon, 05 Aug 2024 12:50:11 +0000 https://republika.mk/?p=803555

Пожар ја зафати дивата депонија во Кичево, која е направена од Општината и ЈП „Комуналец“ – Кичево, соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Ѓорѓија Сајкоски.

Во објава на „Фејсбук“, тој вели дека подолг период се случува „еколошка катастрофа“ во Кичево, каде што Општината и ЈП „Комуналец“ –Кичево фрлаат отпад во центарот на градот и побара одговорност за загрозување на животот на граѓаните од Општина Кичево.

– Еколошка катастрофа во Кичево. Веќе подолг период, Општината и комуналното претпријатие фрлаат отпад во центарот на градот. Смрдеа, глодачи, станува неподносливо да се живее. Ова кулминира со пожар, кој ја зафати оваа дива депонија направена од Општината. Мора да има одговорност за загрозувањето на животот на граѓаните на оваа наша прекрасна Општина. Иако, како ВМРО-ДПМНЕ, апелиравме и пријавуваме, се случува невиден хаос. Ги повикувам надлежните институциите да постапат веднаш – напиша Сајкоски на „Фејсбук“. 

The post Еколошка катастрофа во Кичево, пожар ја зафати дивата депонија направена од Општината appeared first on Република.

]]>

Пожар ја зафати дивата депонија во Кичево, која е направена од Општината и ЈП „Комуналец“ – Кичево, соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Ѓорѓија Сајкоски. Во објава на „Фејсбук“, тој вели дека подолг период се случува „еколошка катастрофа“ во Кичево, каде што Општината и ЈП „Комуналец“ –Кичево фрлаат отпад во центарот на градот и побара одговорност за загрозување на животот на граѓаните од Општина Кичево. – Еколошка катастрофа во Кичево. Веќе подолг период, Општината и комуналното претпријатие фрлаат отпад во центарот на градот. Смрдеа, глодачи, станува неподносливо да се живее. Ова кулминира со пожар, кој ја зафати оваа дива депонија направена од Општината. Мора да има одговорност за загрозувањето на животот на граѓаните на оваа наша прекрасна Општина. Иако, како ВМРО-ДПМНЕ, апелиравме и пријавуваме, се случува невиден хаос. Ги повикувам надлежните институциите да постапат веднаш – напиша Сајкоски на „Фејсбук“. 

The post Еколошка катастрофа во Кичево, пожар ја зафати дивата депонија направена од Општината appeared first on Република.

]]>