сајбер одбрана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sajber-odbrana/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Nov 2022 10:44:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сајбер одбрана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sajber-odbrana/ 32 32 Македонија прифатена во НАТО сајбер центарот за одбрана и во процесот на полноправно членство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/severna-makedonija-prifatena-vo-nato-sajber-centarot-za-odbrana-i-vo-procesot-na-polnopravno-chlenstvo/ Thu, 10 Nov 2022 10:43:36 +0000 https://republika.mk/?p=572238

Во рамки на официјалната посета на Естонија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи го посети НАТО Центарот за кооперативна сајбер одбрана (NATO Cooperative Cyber Defence Centre of Excellence - NATO CCDCOE) со седиште во Талин, Естонија.

 На средбата со директорот на Центарот, Март Норма Османи потенцираше дека сајбер безбедноста е високо на агендата на Владата на Република Македонија, која презема низа активности за јакнење на национални капацитети за справување со овој тип предизвици, базирани на националните Стратегии за сајбер безбедност и хибридни закани.

 Османи информираше дека Владата континуирано соработува со сите засегнати страни - приватната индустрија, истражувачката и академската заедница и граѓанското општество на подобрување на превенцијата, одговорот и закрепнувањето од нападите на критичната инфраструктура, кои со почетокот на војната во Украина станаа позачестени и поинтензивни.

На денешната средба, Македонија како членка на НАТО и дел од регионот на Западен Балкан кој е изложен на сајбер закани беше прифатена во НАТО центарот за извонредност за сајбер одбрана и е во процес на полноправно членство. Во рамките на процесот, Македонија ќе може да ги користи алатките на Центарот за да ја засилува сопствената отпорност од хибридни напади и да ја зајакне заштитата на критичката инфраструктура

НАТО Центарот за кооперативна сајбер одбрана е основан во 2008 година, и има статус на Меѓународна воена организација. Неговата мисија е поддршка на земјите-членки и НАТО со единствена интердисциплинарна експертиза во областа на истражувањата, обуки и вежби за сајбер-одбрана.

The post Македонија прифатена во НАТО сајбер центарот за одбрана и во процесот на полноправно членство appeared first on Република.

]]>