сајбер напади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sajber-napadi/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Jun 2023 20:29:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сајбер напади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sajber-napadi/ 32 32 Спасовски: Ги зголемивме платите за 30% на Одделот за информатика, тоа се луѓето кои се борат со сајбер заканите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-gi-zgolemivme-platite-za-30-na-oddelot-za-informatika-toa-se-lugeto-koi-se-borat-so-sajber-zakanite/ Thu, 22 Jun 2023 06:10:17 +0000 https://republika.mk/?p=654218

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски гостувајќи во емисијата „Вин вин“ на Телма телевизија во делот на разговорот за сајбер безбедност, ја истакна потребата од поддршка на стручните лица во борбата против сајбер заканите.

„Сметам дека апсолутно мора да се изнајдат механизми и да се поддржат луѓето кои можат да нѐ заштитат. Знаете, вложуваме средства во Армија, полиција и се подготвуваме за одбрана од конвенционални напади, иако тука спаѓа и заштита од сајбер напади. Во овој дел мора да вложуваме многу повеќе. Не може луѓето кои се стручни, компетентни, експертски подготвени да помогнат во одбрана на државата од сајбер закани, да бидат, не би рекол на маргините, тие се на видни позиции, меѓутоа да бидат добро платени за да останат во институциите, да имаат мотивација да бидат дел од системот кој сакаме да го градиме. На крајот од краиштата, условите за работа, нивото на висина на плата ги одредува и нивните чекори низ животот”, рече министерот Спасовски, напоменувајќи за одлуката која беше донесена од страна на МВР во дијалог со Македонскиот полициски синдикат.

„Ние во МВР донесовме одлука заедно со МПС минатата година да ги заштитиме овие луѓе, да овозможиме подобри услови за работа, да ги зголемиме нивните плати за 30% од тоа што било претходно, и во Одделот за телекомуникации и информатика и во делот на дигитална форензика, затоа што навистина се потребни тие кадри. Нивната важност добива на значење во моменти кога треба да видите дека тие треба да се справат со сајбер закани, напади, документација на говор на омраза, други кривични дела кои доаѓаат по дигитален пат, од една страна, и да се изгради целиот тој концепт на заштита на институциите од електронски напади”, истакна министерот Спасовски.

The post Спасовски: Ги зголемивме платите за 30% на Одделот за информатика, тоа се луѓето кои се борат со сајбер заканите appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски гостувајќи во емисијата „Вин вин“ на Телма телевизија во делот на разговорот за сајбер безбедност, ја истакна потребата од поддршка на стручните лица во борбата против сајбер заканите.
„Сметам дека апсолутно мора да се изнајдат механизми и да се поддржат луѓето кои можат да нѐ заштитат. Знаете, вложуваме средства во Армија, полиција и се подготвуваме за одбрана од конвенционални напади, иако тука спаѓа и заштита од сајбер напади. Во овој дел мора да вложуваме многу повеќе. Не може луѓето кои се стручни, компетентни, експертски подготвени да помогнат во одбрана на државата од сајбер закани, да бидат, не би рекол на маргините, тие се на видни позиции, меѓутоа да бидат добро платени за да останат во институциите, да имаат мотивација да бидат дел од системот кој сакаме да го градиме. На крајот од краиштата, условите за работа, нивото на висина на плата ги одредува и нивните чекори низ животот”, рече министерот Спасовски, напоменувајќи за одлуката која беше донесена од страна на МВР во дијалог со Македонскиот полициски синдикат. „Ние во МВР донесовме одлука заедно со МПС минатата година да ги заштитиме овие луѓе, да овозможиме подобри услови за работа, да ги зголемиме нивните плати за 30% од тоа што било претходно, и во Одделот за телекомуникации и информатика и во делот на дигитална форензика, затоа што навистина се потребни тие кадри. Нивната важност добива на значење во моменти кога треба да видите дека тие треба да се справат со сајбер закани, напади, документација на говор на омраза, други кривични дела кои доаѓаат по дигитален пат, од една страна, и да се изгради целиот тој концепт на заштита на институциите од електронски напади”, истакна министерот Спасовски.

The post Спасовски: Ги зголемивме платите за 30% на Одделот за информатика, тоа се луѓето кои се борат со сајбер заканите appeared first on Република.

]]>
Грковска: Сајбер нападите се постојана закана и затоа мора континуирано да ја јакнеме отпорноста и безбедноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-sajber-napadite-se-postojana-zakana-i-zatoa-mora-kontinuirano-da-ja-jakneme-otpornosta-i-bezbednosta/ Tue, 16 May 2023 10:45:14 +0000 https://republika.mk/?p=641310

„Заканите за сајбер безбедноста постојано еволуираат и затоа професионалците за сајбер безбедност мора да бидат опремени со најсовремени знаења и алатки за ефективно да се заштитат од нив. Техничките обуки им даваат можност да се запознаат со новите технологии, софтвер и најдобрите практики за сајбер безбедност, што им овозможува проактивно да ги штитат своите организации од сајбер закани“, изјави заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска на отворањето на конференцијата „Балкански денови за сајбер безбедност 2023“, која од денеска до 18 мај се одржува во Охрид.

Осврнувајќи се на важноста на експертските конференции, на кои се разменуваат знаења и искуства и се градат заеднички пристапи во справувањето со овој тип закани, вицепремиерката Грковска истакна дека само со обезбедување можности за обука на вработените на сите нивоа, можеме да создадеме чувство на заедничка одговорност за сајбер безбедноста и да се осигураме дека сите се опремени да идентификуваат и да одговорат на потенцијалните закани.

„Хибридните закани се опасност со која постојано се соочуваме, што значи дека постојано мора да ја јакнеме нашата отпорност“, посочи вицепремиерката Грковска, додавајќи дека како претседавач со Националниот совет за дигитална трансформација, посветува посебно внимание на прашањата поврзани со сајбер безбедноста. Од минатата година, Македонија стана членка на GFCE (Global Forum on Cyber Expertise) и активно учествува во повеќе иницијативи и платформи.

Конференцијата „Балкански денови за сајбер безбедност 2023“ е во организација на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governance), Форумот за справување со инциденти и безбедносни тимови (FIRST- Forum for Incident Response and Security Teams)  и MKD-CIRT - Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации. Настанот е во рамки на проектот „Добро владеење во областа на сајбер безбедноста на Западен Балкан“, поддржан од Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство. Околу 100 учесници на конференцијата ќе се стекнат со знаења за новите видови закани и трендови во сајбер безбедноста и ќе ги подобрат способностите за справување со вакви инциденти.

The post Грковска: Сајбер нападите се постојана закана и затоа мора континуирано да ја јакнеме отпорноста и безбедноста appeared first on Република.

]]>

„Заканите за сајбер безбедноста постојано еволуираат и затоа професионалците за сајбер безбедност мора да бидат опремени со најсовремени знаења и алатки за ефективно да се заштитат од нив. Техничките обуки им даваат можност да се запознаат со новите технологии, софтвер и најдобрите практики за сајбер безбедност, што им овозможува проактивно да ги штитат своите организации од сајбер закани“, изјави заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска на отворањето на конференцијата „Балкански денови за сајбер безбедност 2023“, која од денеска до 18 мај се одржува во Охрид. Осврнувајќи се на важноста на експертските конференции, на кои се разменуваат знаења и искуства и се градат заеднички пристапи во справувањето со овој тип закани, вицепремиерката Грковска истакна дека само со обезбедување можности за обука на вработените на сите нивоа, можеме да создадеме чувство на заедничка одговорност за сајбер безбедноста и да се осигураме дека сите се опремени да идентификуваат и да одговорат на потенцијалните закани. „Хибридните закани се опасност со која постојано се соочуваме, што значи дека постојано мора да ја јакнеме нашата отпорност“, посочи вицепремиерката Грковска, додавајќи дека како претседавач со Националниот совет за дигитална трансформација, посветува посебно внимание на прашањата поврзани со сајбер безбедноста. Од минатата година, Македонија стана членка на GFCE (Global Forum on Cyber Expertise) и активно учествува во повеќе иницијативи и платформи. Конференцијата „Балкански денови за сајбер безбедност 2023“ е во организација на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governance), Форумот за справување со инциденти и безбедносни тимови (FIRST- Forum for Incident Response and Security Teams)  и MKD-CIRT - Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации. Настанот е во рамки на проектот „Добро владеење во областа на сајбер безбедноста на Западен Балкан“, поддржан од Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство. Околу 100 учесници на конференцијата ќе се стекнат со знаења за новите видови закани и трендови во сајбер безбедноста и ќе ги подобрат способностите за справување со вакви инциденти.

The post Грковска: Сајбер нападите се постојана закана и затоа мора континуирано да ја јакнеме отпорноста и безбедноста appeared first on Република.

]]>
НАТО ќе ја брани Албанија од кибер-напади https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nato-kje-ja-brani-albanija-od-kiber-napadi/ Thu, 22 Sep 2022 05:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=553017

Тим на НАТО, предводен од заменик-помошникот генерален секретар на Алијансата за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај денеска допатува во Тирана по кибернападите врз системите на албанската влада и институциите.

На заедничката прес-конференција со министерот за одбрана Нико Пелеши, високиот претставник на НАТО рече дека Абанија ќе ја има помошта и поддршката во однос на кибернападите што ги претрпе земјата во последните месеци од Иран.

Апатурај истакна дека тој  и неговиот тим пристигначе во Тирана одблиску да ја согледаат ситуацијата и да направат подобра координација за да и помогнат на земјата.

– Сите земји од НАТО знаат за нападот врз Албанија и секако Ве поддржуваат во овој поглед. Ова е пораката што генералниот секретар му ја пренесе на премиерот Рама на последната средба. Секако, сакав да ги истакнам многуте напори што ги направи албанската држава, почнувајќи од Владата па се до ниското ниво, за да се справи со овие напади што беа направени. Секако, помошта дојде од НАТО, дојде на техничко ниво од различни НАТО земји, но и на индивидуално ниво од различни структури. Јас и мојот тим дојдовме овде од неколку различни причини, но прво главната причина е да ја разгледаме ситуацијата и да направиме координација на сојузниците и штабот на НАТО во врска со кибетнападот што се случи, за да се увидат долгорочните потреби на вашата земја да изгради одбранбена мрежа против овие напади и Албанија да направи чекори напред на ова поле, рече Апатурај.

Пелеши истакна дека тимот доаѓа за да обезбеди помош во врска со киберпрашања, запознавање со моменталната ситуација, како и потребите и можностите за решавање на овие тековни прашања.

– Овие напади беа наменети целосно да ги уништат системите и платформите на владините служби, но не ја постигнаа целта да ги уништат сите наши системи за информатичка технологија. Албанската Влада реагираше веднаш по обезбедувањето несоборливи докази за потеклото на нападот со итно прекинување на односите со Иран. Нашите сојузници остро ги осудија нападите и застанаа на страната на Албанија преку различни изјави или со пристап на специјализирана помош во оваа област. Во моментов, по речиси пет недели интензивна работа, стана возможно да се вратат различни системи и платформи во служба на граѓаните на нашата земја, рече Пелеши.

Тимот на НАТО доаѓа по комуникацијата на премиерот Еди Рама со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Првата средба ја имаше со Пелеши, а ќе се сретне и со претставници на МНР, МВР, како и со претставници на Агенцијата за информатичко општество.

The post НАТО ќе ја брани Албанија од кибер-напади appeared first on Република.

]]>

Тим на НАТО, предводен од заменик-помошникот генерален секретар на Алијансата за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај денеска допатува во Тирана по кибернападите врз системите на албанската влада и институциите. На заедничката прес-конференција со министерот за одбрана Нико Пелеши, високиот претставник на НАТО рече дека Абанија ќе ја има помошта и поддршката во однос на кибернападите што ги претрпе земјата во последните месеци од Иран. Апатурај истакна дека тој  и неговиот тим пристигначе во Тирана одблиску да ја согледаат ситуацијата и да направат подобра координација за да и помогнат на земјата.
– Сите земји од НАТО знаат за нападот врз Албанија и секако Ве поддржуваат во овој поглед. Ова е пораката што генералниот секретар му ја пренесе на премиерот Рама на последната средба. Секако, сакав да ги истакнам многуте напори што ги направи албанската држава, почнувајќи од Владата па се до ниското ниво, за да се справи со овие напади што беа направени. Секако, помошта дојде од НАТО, дојде на техничко ниво од различни НАТО земји, но и на индивидуално ниво од различни структури. Јас и мојот тим дојдовме овде од неколку различни причини, но прво главната причина е да ја разгледаме ситуацијата и да направиме координација на сојузниците и штабот на НАТО во врска со кибетнападот што се случи, за да се увидат долгорочните потреби на вашата земја да изгради одбранбена мрежа против овие напади и Албанија да направи чекори напред на ова поле, рече Апатурај.
Пелеши истакна дека тимот доаѓа за да обезбеди помош во врска со киберпрашања, запознавање со моменталната ситуација, како и потребите и можностите за решавање на овие тековни прашања.
– Овие напади беа наменети целосно да ги уништат системите и платформите на владините служби, но не ја постигнаа целта да ги уништат сите наши системи за информатичка технологија. Албанската Влада реагираше веднаш по обезбедувањето несоборливи докази за потеклото на нападот со итно прекинување на односите со Иран. Нашите сојузници остро ги осудија нападите и застанаа на страната на Албанија преку различни изјави или со пристап на специјализирана помош во оваа област. Во моментов, по речиси пет недели интензивна работа, стана возможно да се вратат различни системи и платформи во служба на граѓаните на нашата земја, рече Пелеши.
Тимот на НАТО доаѓа по комуникацијата на премиерот Еди Рама со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Првата средба ја имаше со Пелеши, а ќе се сретне и со претставници на МНР, МВР, како и со претставници на Агенцијата за информатичко општество.

The post НАТО ќе ја брани Албанија од кибер-напади appeared first on Република.

]]>
ЕУ: Русија е одговорна за сајбер нападите во првите денови од инвазијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-rusija-e-odgovorna-za-sajber-napadite-vo-prvite-denovi-od-invazijata/ Tue, 10 May 2022 21:36:24 +0000 https://republika.mk/?p=500806

Советот на Европската Унија соопшти дека на почетокот на инвазијата на Украина, Русија извршила сајбер напад врз сателитската мрежа, со што била запрена работата на илјадници модеми.
Нападот на мрежата КА-САТ на Виасат на крајот на февруари се случил токму во моментот кога руските сили започнале напад врз Украина.

„Овој сајбер напад предизвика недискриминирачки прекини во комуникацијата и погоди неколку јавни субјекти, компании и корисници во Украина, како и голем број земји-членки на ЕУ“, се вели во соопштението на Советот на Европската унија.

„Ова е недозволив напад, што е уште еден пример за континуираниот модел на неодговорно однесување на Русија во сајбер просторот, и кој е составен дел од нејзината незаконска и неоправдана инвазија на Украина“, се додава.

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, исто така, ја критикуваше Русија за инцидентот, велејќи дека тоа е шокантен напад.

„Ова е јасен доказ за рускиот злонамерен напад врз Украина, кој имаше значителни последици за обичните луѓе и компании во Украина и низ Европа“, рече Трас.

The post ЕУ: Русија е одговорна за сајбер нападите во првите денови од инвазијата appeared first on Република.

]]>

Советот на Европската Унија соопшти дека на почетокот на инвазијата на Украина, Русија извршила сајбер напад врз сателитската мрежа, со што била запрена работата на илјадници модеми. Нападот на мрежата КА-САТ на Виасат на крајот на февруари се случил токму во моментот кога руските сили започнале напад врз Украина.
„Овој сајбер напад предизвика недискриминирачки прекини во комуникацијата и погоди неколку јавни субјекти, компании и корисници во Украина, како и голем број земји-членки на ЕУ“, се вели во соопштението на Советот на Европската унија.
„Ова е недозволив напад, што е уште еден пример за континуираниот модел на неодговорно однесување на Русија во сајбер просторот, и кој е составен дел од нејзината незаконска и неоправдана инвазија на Украина“, се додава. Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, исто така, ја критикуваше Русија за инцидентот, велејќи дека тоа е шокантен напад.
„Ова е јасен доказ за рускиот злонамерен напад врз Украина, кој имаше значителни последици за обичните луѓе и компании во Украина и низ Европа“, рече Трас.

The post ЕУ: Русија е одговорна за сајбер нападите во првите денови од инвазијата appeared first on Република.

]]>
Москва: Западот започна сајбер агресија против Русија, ќе има последици https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moskva-zapadot-zapochna-sajber-agresija-protiv-rusija-kje-ima-posledici/ Tue, 29 Mar 2022 12:21:09 +0000 https://republika.mk/?p=480315

Кибер агресијата, што Западот ја започна против Русија, ќе има последици и ќе бидат утврдени нејзините извори, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Според руското Министерство за надворешни работи САД и „нивните сателити” преземаат масовна кибер операција против руските државни институции, медиуми, објекти од критична инфраструктура и витални системи, секојдневно се изложени на силни напади, со употреба на напредна информатичко-комуникациска технологија, пишува во соопштението.

Никој не треба да се сомнева: започнатата кибер агресија врз Русија ќе доведе до тешки последици за нејзините поттикнувачи и сторители. Изворите на нападот ќе бидат утврдени, напаѓачите неизбежно ќе сносат одговорност за своите дела, согласно законот, се посочува во соопштението.

Исто така се додава и дека во „кибер војната” против Русија, учествуваат и „кибер платеници”, чии задачи често се граничат со, како што се оценува, „отворен тероризам”.

The post Москва: Западот започна сајбер агресија против Русија, ќе има последици appeared first on Република.

]]>

Кибер агресијата, што Западот ја започна против Русија, ќе има последици и ќе бидат утврдени нејзините извори, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. Според руското Министерство за надворешни работи САД и „нивните сателити” преземаат масовна кибер операција против руските државни институции, медиуми, објекти од критична инфраструктура и витални системи, секојдневно се изложени на силни напади, со употреба на напредна информатичко-комуникациска технологија, пишува во соопштението.
Никој не треба да се сомнева: започнатата кибер агресија врз Русија ќе доведе до тешки последици за нејзините поттикнувачи и сторители. Изворите на нападот ќе бидат утврдени, напаѓачите неизбежно ќе сносат одговорност за своите дела, согласно законот, се посочува во соопштението.
Исто така се додава и дека во „кибер војната” против Русија, учествуваат и „кибер платеници”, чии задачи често се граничат со, како што се оценува, „отворен тероризам”.

The post Москва: Западот започна сајбер агресија против Русија, ќе има последици appeared first on Република.

]]>
Бајден им порача на американските компании да се пазат од руски хакерски напади https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-im-poracha-na-amerikanskite-kompanii-da-se-pazat-od-ruski-hakerski-napadi/ Tue, 22 Mar 2022 08:23:46 +0000 https://republika.mk/?p=476433

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, ги повика американските компании да го подигнат нивото на претпазливост и да се заштитат од можни хакерски напади од страна на Русија.

Според Бајден, јакерските удари може да се случат како руски одговор на воведените санкции.

Владата ги повторува предупредувањата врз основа на постојаното примање разузнавачки информации дека руската држава разгледува различни начини на потенцијални сајбер напади - вели Бајден во изјавата.

The post Бајден им порача на американските компании да се пазат од руски хакерски напади appeared first on Република.

]]>

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, ги повика американските компании да го подигнат нивото на претпазливост и да се заштитат од можни хакерски напади од страна на Русија. Според Бајден, јакерските удари може да се случат како руски одговор на воведените санкции.