сајбер напад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sajber-napad/ За подобро да се разбереме Fri, 03 May 2024 12:15:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сајбер напад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sajber-napad/ 32 32 Берлин го повика на разговор рускиот вршител на должност поради кибер напад врз членови на германската Социјалдемократска партија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berlin-go-povika-na-razgovor-ruskiot-vrshitel-na-dolzhnost-poradi-kiber-napad-vrz-chlenovi-na-germanskata-sotsijaldemokratska-partija/ Fri, 03 May 2024 12:15:07 +0000 https://republika.mk/?p=773790

Германската Влада денеска соопшти дека го повикала на разговор вршителот на должност на Руската амбасада по обвинувањата испратени до руските разузнавачки служби дека тие стојат зад кибер нападот врз членови на германската социјалдемократска партија (СПД).

„Тоа е јасен дипломатски сигнал да се повика вршителот на должноста да и пренесе на руската Влада дека нема да прифатиме такво дејствување“, изјави за новинарите портпаролот на германското Министерство за надворешни работи.

Претходно денеска, германската министерка за надворешни работи Анален Бербок, која е во посета на Австралија, обвини група руски хакери дека извршиле „неподнослив“ кибер напад врз СПД, партијата на канцеларот Олаф Шолц.

Таа рече дека кибер нападот може да се припише на групата наречена АПТ28, која ја води руската воена разузнавачка служба.

„Со други зборови, тоа беше кибер напад поддржан од Русија против Германија, и тоа е апсолутно неподносливо и неприфатливо и ќе има последици“, додаде Бербок на прес-конференција во Аделаида.

Министерката прецизираше, без да даде дополнителни детали, дека федералната истрага за нападот насочен против германската партија СПД, водечката партија во владејачката коалиција, во јануари 2023 година е практично завршена.

Германската Влада подоцна соопшти дека кибер нападот не бил само насочен кон таа политичка партија, туку и кон владини служби, фирми од секторот логистика, вооружувањето, воздухопловниот сектор и повеќе фондации и здруженија.

The post Берлин го повика на разговор рускиот вршител на должност поради кибер напад врз членови на германската Социјалдемократска партија appeared first on Република.

]]>

Германската Влада денеска соопшти дека го повикала на разговор вршителот на должност на Руската амбасада по обвинувањата испратени до руските разузнавачки служби дека тие стојат зад кибер нападот врз членови на германската социјалдемократска партија (СПД). „Тоа е јасен дипломатски сигнал да се повика вршителот на должноста да и пренесе на руската Влада дека нема да прифатиме такво дејствување“, изјави за новинарите портпаролот на германското Министерство за надворешни работи. Претходно денеска, германската министерка за надворешни работи Анален Бербок, која е во посета на Австралија, обвини група руски хакери дека извршиле „неподнослив“ кибер напад врз СПД, партијата на канцеларот Олаф Шолц. Таа рече дека кибер нападот може да се припише на групата наречена АПТ28, која ја води руската воена разузнавачка служба. „Со други зборови, тоа беше кибер напад поддржан од Русија против Германија, и тоа е апсолутно неподносливо и неприфатливо и ќе има последици“, додаде Бербок на прес-конференција во Аделаида. Министерката прецизираше, без да даде дополнителни детали, дека федералната истрага за нападот насочен против германската партија СПД, водечката партија во владејачката коалиција, во јануари 2023 година е практично завршена. Германската Влада подоцна соопшти дека кибер нападот не бил само насочен кон таа политичка партија, туку и кон владини служби, фирми од секторот логистика, вооружувањето, воздухопловниот сектор и повеќе фондации и здруженија.

The post Берлин го повика на разговор рускиот вршител на должност поради кибер напад врз членови на германската Социјалдемократска партија appeared first on Република.

]]>
Сателитските телевизиски канали на украинската медиумска група подложени на кибер напад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/satelitskite-televiziski-kanali-na-ukrainskata-mediumska-grupa-podlozheni-na-kiber-napad/ Wed, 17 Apr 2024 18:51:24 +0000 https://republika.mk/?p=767242

Една од главните медиумски компании во Украина, „1+1 медиа“, денеска соопшти дека нејзините сателитски ТВ канали биле подложени на кибер напад.

Во соопштението на компанијата се вели дека 39 канали, вклучително и некои нејзини, во моментов се недостапни.

„Направен е уште еден обид да се пригуши сателитското емитување на Украина на транспондерот 'Астра 4A 11766 H', каде што се емитуваат 39 ТВ канали“, соопшти компанијата. Таа додаде дека од март Русија започнала „активно пригушување на сигналот“ на ТВ каналите на два сателита кои припаѓаат на европските оператори СЕС и Еутелсат.

Од целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година, Украина претрпе голем број кибер напади, за кои Киев ја обвинува Москва

The post Сателитските телевизиски канали на украинската медиумска група подложени на кибер напад appeared first on Република.

]]>

Една од главните медиумски компании во Украина, „1+1 медиа“, денеска соопшти дека нејзините сателитски ТВ канали биле подложени на кибер напад. Во соопштението на компанијата се вели дека 39 канали, вклучително и некои нејзини, во моментов се недостапни. „Направен е уште еден обид да се пригуши сателитското емитување на Украина на транспондерот 'Астра 4A 11766 H', каде што се емитуваат 39 ТВ канали“, соопшти компанијата. Таа додаде дека од март Русија започнала „активно пригушување на сигналот“ на ТВ каналите на два сателита кои припаѓаат на европските оператори СЕС и Еутелсат. Од целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година, Украина претрпе голем број кибер напади, за кои Киев ја обвинува Москва

The post Сателитските телевизиски канали на украинската медиумска група подложени на кибер напад appeared first on Република.

]]>
Албанските институции под сајбер напад https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanskite-institutsii-pod-sajber-napad/ Sat, 14 Oct 2023 17:01:09 +0000 https://republika.mk/?p=691275

Повторно хакерски напад врз албанските институции. Овој пат  Кибер-армијата на Русија изврши напад врз веб страната на гардата на Република Албанија, јави Ора њуз.

Засега нема други информации околу овој последен напад.

- Во објава на руски јазик на нивните канали, овие хакери повикаа на продолжување на нападите врз веб - страниците на албанските институции, наведува телевизијата.

Цел на истите хакери, претходно била веб-страницата на албанската разузнавачка служба, ШИШ, предизвикувајќи потешкотии во пристапот до неа.

Извор од ШИШ, за телевизијата Топ чанел, која прва ја објави веста,  потврдил дека станува збор за напад што не дозволува пристап до официјалната веб-страница, односно дека нападот е извршен само на Интернет страницата која не е поврзана со серверите или архивата на службата.

Телевизијата наведе дека нападот го презела „ИТ Армијата на Русија“ (IT Army of Russia) која имала “директни врски со руското разузнавање“.

The post Албанските институции под сајбер напад appeared first on Република.

]]>

Повторно хакерски напад врз албанските институции. Овој пат  Кибер-армијата на Русија изврши напад врз веб страната на гардата на Република Албанија, јави Ора њуз. Засега нема други информации околу овој последен напад. - Во објава на руски јазик на нивните канали, овие хакери повикаа на продолжување на нападите врз веб - страниците на албанските институции, наведува телевизијата. Цел на истите хакери, претходно била веб-страницата на албанската разузнавачка служба, ШИШ, предизвикувајќи потешкотии во пристапот до неа. Извор од ШИШ, за телевизијата Топ чанел, која прва ја објави веста,  потврдил дека станува збор за напад што не дозволува пристап до официјалната веб-страница, односно дека нападот е извршен само на Интернет страницата која не е поврзана со серверите или архивата на службата. Телевизијата наведе дека нападот го презела „ИТ Армијата на Русија“ (IT Army of Russia) која имала “директни врски со руското разузнавање“.

The post Албанските институции под сајбер напад appeared first on Република.

]]>
Веб-страната на Собранието под сајбер напад https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veb-stranata-na-sobranieto-pod-sajber-napad/ Sat, 25 Mar 2023 13:43:16 +0000 https://republika.mk/?p=623599

Собранискиот веб-сајт беше надвор од функција, поради сајбер напад. Од Кабинетот на претседателот Талат Џафери посочуваат дека нивните ИТ експерти констатирале дека поради тоа што нападите доаѓале од странски ИП адреси, сега, до сајтот може да се пристапува само од Македонија.

Информираме дека интернет страницата на Собранието е вратена во функција. Согласно информациите од стручните лица надлежни за ИКТ станува збор за напад од надвор (flood attack), односно напад од повеќе конекции, чија последица е недостапност на интернет страницата. Во моментов оневозможен е пристап до страницата од странски адреси но е достапна за домашните корисници. Во меѓувреме надлежните службеници ќе ја следат состојбата и штом се констатира дека е безбедно, пристапот за корисниците од странство ќе биде овозможен“, посочуваат од Собранието.

The post Веб-страната на Собранието под сајбер напад appeared first on Република.

Германските власти разоткриле руска хакерска банда https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskite-vlasti-razotkrile-ruska-hakerska-banda/ Mon, 06 Mar 2023 17:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=616528

Германските власти разоткриле меѓународна хакерска банда која ги уценувала германските јавни институции, соопшти денеска Покраинската канцеларија за борба против криминалот при Федералната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

„Осомничените се руските државјани Игор Гаршин, Игор Турашев и Ирина З., против кои е распишана меѓународна потерница“, се вели во соопштението за печатот на Покраинската канцеларија.

Во соопштението се посочува дека се води истрага за уште осум осомничени.

Државното правобранителство во Дизелдорф ја товари групата, која оперирала од рускиот град Јошкар Оле, за хакерски напади врз ИТ системи и уцена на јавни институции во Германија, како што се Универзитетската клиника во Дизелдорф, областа Анхалт-Битерфелд и медиумската компанија Функе.

Групата се смета за одговорна и за нападите врз над 600 институции ширум светот. Американското федерално биро за истраги (ФБИ) издаде и меѓународна потерница против првообвинетиот Игор Турашев.

Напаѓачите користеле тројански софтвер за да ја блокираат целата мрежа на погодените институции, а за повторно пуштање, барале милиони долари.

„Нападите на критичната инфраструктура претставуваат поигрување со животот и смртта“, изјави портпаролот на Европол во Дизелдорф.

За време на хакерскиот напад на Универзитетската клиника во Дизелдорф во септември 2020 година, со кој се блокираше работата на болницата, една жена наместо во Дизелдорф мораше да биде префрлена во блискиот Вупертал, но почина за време на транспортот.

The post Германските власти разоткриле руска хакерска банда appeared first on Република.

]]>

Германските власти разоткриле меѓународна хакерска банда која ги уценувала германските јавни институции, соопшти денеска Покраинската канцеларија за борба против криминалот при Федералната покраина Северна Рајна-Вестфалија. „Осомничените се руските државјани Игор Гаршин, Игор Турашев и Ирина З., против кои е распишана меѓународна потерница“, се вели во соопштението за печатот на Покраинската канцеларија. Во соопштението се посочува дека се води истрага за уште осум осомничени. Државното правобранителство во Дизелдорф ја товари групата, која оперирала од рускиот град Јошкар Оле, за хакерски напади врз ИТ системи и уцена на јавни институции во Германија, како што се Универзитетската клиника во Дизелдорф, областа Анхалт-Битерфелд и медиумската компанија Функе. Групата се смета за одговорна и за нападите врз над 600 институции ширум светот. Американското федерално биро за истраги (ФБИ) издаде и меѓународна потерница против првообвинетиот Игор Турашев. Напаѓачите користеле тројански софтвер за да ја блокираат целата мрежа на погодените институции, а за повторно пуштање, барале милиони долари. „Нападите на критичната инфраструктура претставуваат поигрување со животот и смртта“, изјави портпаролот на Европол во Дизелдорф. За време на хакерскиот напад на Универзитетската клиника во Дизелдорф во септември 2020 година, со кој се блокираше работата на болницата, една жена наместо во Дизелдорф мораше да биде префрлена во блискиот Вупертал, но почина за време на транспортот.

The post Германските власти разоткриле руска хакерска банда appeared first on Република.

]]>
ФЗО: Тимовите се уште работат за да го вратат во целосна функција системот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fzo-timovite-se-ushte-rabotat-za-da-go-vratat-vo-tselosna-funktsija-sistemot/ Wed, 15 Feb 2023 19:43:52 +0000 https://republika.mk/?p=609469

Исплатата на боледувањата, породилното отсуство и рефундацијата на осигурениците ќе им бидат исплатени кога системот ќе биде ставен во целосна фукнција, соопштија денеска од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), чиј што систем беше хакиран пред една недела. Од Фондот велат дека тимовите се уште работат за да го вратат во функција системот, а во меѓувреме издале „привремени решенија со кои се надминуваат дел од проблемите“.

Во меѓувреме велат дека стапуваат во комуникација со јавните здравствени установи, да ја приберат потребната документација за да извршат исплата на плати за здравствените работници.

ФЗО ги користи капацитети и знаењата на сите внатрешни и надворешни ИТ експерти за кои има правна можност. Во однос на осигуреници кои поради било која причина менуваат матичен лекар ( вклучително и поради пензионирање на претходниот матичен лекар ) изготвени се насоки за матичните лекари како да постапуваат во таков случај, се вели во соопштението од Фондот.

Сајбер нападот на Фондот ги врати во функција хартиените обрасци, донесе страв и многу нервози кај граѓаните и медицинскиот персонал. Покрај хакирањето на серверот, пропусти во функционирањето на ИТ-системот и неговата безбедност пронајде и Државниот завод за ревизија, од каде во последниот извештај, нотираа низа пропусти.

The post ФЗО: Тимовите се уште работат за да го вратат во целосна функција системот appeared first on Република.

]]>

Исплатата на боледувањата, породилното отсуство и рефундацијата на осигурениците ќе им бидат исплатени кога системот ќе биде ставен во целосна фукнција, соопштија денеска од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), чиј што систем беше хакиран пред една недела. Од Фондот велат дека тимовите се уште работат за да го вратат во функција системот, а во меѓувреме издале „привремени решенија со кои се надминуваат дел од проблемите“. Во меѓувреме велат дека стапуваат во комуникација со јавните здравствени установи, да ја приберат потребната документација за да извршат исплата на плати за здравствените работници.
ФЗО ги користи капацитети и знаењата на сите внатрешни и надворешни ИТ експерти за кои има правна можност. Во однос на осигуреници кои поради било која причина менуваат матичен лекар ( вклучително и поради пензионирање на претходниот матичен лекар ) изготвени се насоки за матичните лекари како да постапуваат во таков случај, се вели во соопштението од Фондот.
Сајбер нападот на Фондот ги врати во функција хартиените обрасци, донесе страв и многу нервози кај граѓаните и медицинскиот персонал. Покрај хакирањето на серверот, пропусти во функционирањето на ИТ-системот и неговата безбедност пронајде и Државниот завод за ревизија, од каде во последниот извештај, нотираа низа пропусти.  

The post ФЗО: Тимовите се уште работат за да го вратат во целосна функција системот appeared first on Република.

]]>
ФЗО: При кибер-нападот нема излевање на податоците надвор од базите на институцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fzo-pri-kiber-napadot-nema-izlevane-na-podatotsite-nadvor-od-bazite-na-institutsijata/ Thu, 09 Feb 2023 19:39:46 +0000 https://republika.mk/?p=607053

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија информира дека кибер-нападот со кој се справува се случува непосредно пред планираната миграција на системската инфраструктура, и оти анализите на експертските тимови покажуваат дека нема излевање на податоци надвор од базите на оваа институција. Техничките тимови на ФЗО, посочуваат оттаму, приоритет даваат на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на плати на здравствените работници, како и за другите форми на исплата односно боледувањата, породилното и рефундациите.

- ФЗОРСМ ја известува јавноста во врска со забелешките од ревизорскиот извештај кои беа објавени во текот на денешниот ден од неколку медиуми, дека лиферираните информации се забелешки кои се однесуваат на 2021 година и по кои Фондот уште од минатата година постапува. Конечниот извештај за извршена ревизија на ревизорите од Државниот завод за ревизија, доставен на 23 јануари 2023 односно минатиот месец, укажува дека „во текот на 2022 година отпочната е постапка за јавна набавка на услуги за изнајмување на приватен облак за примарен и секундарен податочен центар во Фондот и миграција на апликации и податоци со кои се очекуваше состојбата да биде надмината, велат од ФЗО.

Јавната набавка, појаснуваат оттаму, е распишана на 30.09.2022 година, додека договорот е склучен на 09.12.2022 година, при што селектираната компанија започнала со работа од 1 јануари 2023. Според планот и спецификацијата, првата фаза односно миграцијата на системската инфраструктура требаше да се реализира во текот на оваа недела, кога всушност се случил нападот, а после која фаза би почнала миграцијата на апликативна и податочна инфраструктура.

-Анализата на експертските техничките тимови утврди дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот.  Техничките тимови приоритет даваат на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на плати на здравствените работници, како и за другите форми на исплата односно боледувањата, породилното и рефундациите.  Во интерес на транспаретно и прецизно информирање на јавноста, во најбрз можен рок, и штом се утврдат повеќе информации, Фондот навремено ќе информира, велат од Фондот за здравствено осигурување. 

The post ФЗО: При кибер-нападот нема излевање на податоците надвор од базите на институцијата appeared first on Република.

И покрај сајбер-нападот, пациентите може да одат на преглед, матичните лекари може да издаваат упати и рецепти, велат од Фондот за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-pokraj-sajber-napadot-patsientite-mozhe-da-odat-na-pregled-matichnite-lekari-mozhe-da-izdavaat-upati-i-retsepti-velat-od-fondot-za-zdravstvo/ Wed, 08 Feb 2023 17:00:29 +0000 https://republika.mk/?p=606615

Фондот за здравствено осигурување на Македонија попладнево соопшти дека пациентите ќе можат да се лекуваат непречено и покрај техничките проблеми и сајбер нападот со кој се соочува институцијата, од којшто се нефункционални дел од ИТ системите.

И покрај детектираните технички проблеми и нефункционалности на дел од електронскиот систем, пациентите ќе можат и понатаму непречено да се лекуваат на сите клиники како и преку матичните лекари кои можат да вршат прегледи, да издаваат упати и рецепти кои се подигнуваат во аптеките без застој, соопшти ФЗОРСМ.

Моментно, укажуваат, ФЗОРСМ се справува со сајбер напад кој ја предизвикува нефункционалноста на дел од ИТ системите. Експертски тим работи 24/7 на справување со предизвиците и нивно отстранување во најбрз можен рок.

Приоритет се дава на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на боледувањата, породилното и рефундациите, а ФЗОРСМ веќе има издадени упатства кон подрачните служби за решенија со кои граѓаните тековно ќе ги остваруваат своите права. Во интерес на прецизно информирање на граѓаните, во најбрз можен рок, и штом се утврдат повеќе информации, јавноста ќе биде навремено известена, наведуваат од ФЗОРСМ.

The post И покрај сајбер-нападот, пациентите може да одат на преглед, матичните лекари може да издаваат упати и рецепти, велат од Фондот за здравство appeared first on Република.

Нов сајбер напад во Албанија, блокирани се граничните премини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nov-sajber-napad-vo-albanija-blokirani-se-granichnite-premini/ Sun, 11 Sep 2022 15:29:41 +0000 https://republika.mk/?p=549750

Иран повторно ја напаѓа Албанија. По нападот на 15 јули, албанските власти објавија дека хакери спонзорирани од Иран го нападнале информацискиот систем за управување со земјата ТИМС кој служи за снимање на влез и излез на граничните точки. Како резултат на нападот, блокирана е работата на граничните точки Какавија, Капштица, Ќафасан, пристаништето Драч и пристаништето Валона. Системот TIMS е веднаш исклучен за да се спречи хакерите да ја преземат контролата врз овој систем, најважен за албанската полиција. Полицајците работат рачно, што предизвика хаос и долго чекање на царината и пристаништата.
Според албанскиот премиер Еди Рама, овој нов сајбер напад доаѓа од истите агресори.

Уште еден сајбер напад од истите агресори, веќе разоткриен и осуден од пријателските и сојузничките земји на Албанија, е регистриран синоќа на системот ТИМС! Во меѓувреме, продолжуваме да работиме деноноќно со нашите сојузници за да ги направиме нашите дигитални системи непробојни, изјави Рама.

Овој сајбер напад, чија цел беше да се парализира работата на полицијата на албанските гранични точки, се случи само неколку часа откако Министерството за финансии на САД објави санкции против иранското Министерство за разузнавање и безбедност и неговиот министер, обвинувајќи ги дека се одговорни за сајбер напад врз Албанија .

Санкциите вклучуваат замрзнување на имотите на функционерите. Во соопштението на американскиот Стејт департмент се наведува дека тие се одговорни и за протекување документи од албанската влада и лични податоци на жители на Албанија.

Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран на 7 септември, откако истрагата покажала дека сајбер нападите во јули биле извршени од Иран како „државен агресор“. Иран ги отфрли обвинувањата дека стои зад сајбер нападите. Сепак, НАТО потврди дека зад тој напад стои Иран.

The post Нов сајбер напад во Албанија, блокирани се граничните премини appeared first on Република.

]]>

Иран повторно ја напаѓа Албанија. По нападот на 15 јули, албанските власти објавија дека хакери спонзорирани од Иран го нападнале информацискиот систем за управување со земјата ТИМС кој служи за снимање на влез и излез на граничните точки. Како резултат на нападот, блокирана е работата на граничните точки Какавија, Капштица, Ќафасан, пристаништето Драч и пристаништето Валона. Системот TIMS е веднаш исклучен за да се спречи хакерите да ја преземат контролата врз овој систем, најважен за албанската полиција. Полицајците работат рачно, што предизвика хаос и долго чекање на царината и пристаништата. Според албанскиот премиер Еди Рама, овој нов сајбер напад доаѓа од истите агресори.
Уште еден сајбер напад од истите агресори, веќе разоткриен и осуден од пријателските и сојузничките земји на Албанија, е регистриран синоќа на системот ТИМС! Во меѓувреме, продолжуваме да работиме деноноќно со нашите сојузници за да ги направиме нашите дигитални системи непробојни, изјави Рама.
Овој сајбер напад, чија цел беше да се парализира работата на полицијата на албанските гранични точки, се случи само неколку часа откако Министерството за финансии на САД објави санкции против иранското Министерство за разузнавање и безбедност и неговиот министер, обвинувајќи ги дека се одговорни за сајбер напад врз Албанија . Санкциите вклучуваат замрзнување на имотите на функционерите. Во соопштението на американскиот Стејт департмент се наведува дека тие се одговорни и за протекување документи од албанската влада и лични податоци на жители на Албанија. Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран на 7 септември, откако истрагата покажала дека сајбер нападите во јули биле извршени од Иран како „државен агресор“. Иран ги отфрли обвинувањата дека стои зад сајбер нападите. Сепак, НАТО потврди дека зад тој напад стои Иран.  

The post Нов сајбер напад во Албанија, блокирани се граничните премини appeared first on Република.

]]>
Поради кибер напад во Албанија јавните онлајн сервиси и владините сајтови привремено затворени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poradi-kiber-napad-vo-albanija-javnite-onlajn-servisi-i-vladinite-sajtovi-privremeno-zatvoreni/ Sun, 17 Jul 2022 16:27:02 +0000 https://republika.mk/?p=530387

Веб странците на албанската Влада и јавните онлајн сервиси во земјата се привремено затворени по кибер напад извршен надвор од земјата, јави дописничката на МИА од Тирана. 

Националната агенција за информатичко општество информира дека кибер криминалниот напад е синхронизиран и софистициран и за да се „соочат со овие невидени и опасни напади, принудени се да ги затворат системите“. 

– Ги информираме албанските граѓани дека сме принудени привремено да го затвориме пристапот до онлајн јавните услуги и другите владини веб-страници, бидејќи се соочуваме со синхронизиран и софистициран кибер-криминален напад надвор од Албанија. За да ги издржиме овие невидени и опасни напади, принудени сме да ги затвориме владините системи додека не се неутрализираат непријателските напади, се наведува во соопштението на Агенцијата.  

Се додава дека Агенцијата работи  со тимот на Microsoft, тимот на Jones Group International и тимовите на албанските компании од оваа област за да се „спречи овој кибер напад за да не ги оштети или загрози албанските информациски системи“. 

– Ги повикуваме граѓаните, медиумите, бизнисите и сите други актери да се сензибилизираат за да се разбие овој напад на албанските национални интереси и да се разбере привремената состојба на непристапност до јавните услуги, се навеува во соопштението.

The post Поради кибер напад во Албанија јавните онлајн сервиси и владините сајтови привремено затворени appeared first on Република.

]]>

Веб странците на албанската Влада и јавните онлајн сервиси во земјата се привремено затворени по кибер напад извршен надвор од земјата, јави дописничката на МИА од Тирана.  Националната агенција за информатичко општество информира дека кибер криминалниот напад е синхронизиран и софистициран и за да се „соочат со овие невидени и опасни напади, принудени се да ги затворат системите“.  – Ги информираме албанските граѓани дека сме принудени привремено да го затвориме пристапот до онлајн јавните услуги и другите владини веб-страници, бидејќи се соочуваме со синхронизиран и софистициран кибер-криминален напад надвор од Албанија. За да ги издржиме овие невидени и опасни напади, принудени сме да ги затвориме владините системи додека не се неутрализираат непријателските напади, се наведува во соопштението на Агенцијата.   Се додава дека Агенцијата работи  со тимот на Microsoft, тимот на Jones Group International и тимовите на албанските компании од оваа област за да се „спречи овој кибер напад за да не ги оштети или загрози албанските информациски системи“.  – Ги повикуваме граѓаните, медиумите, бизнисите и сите други актери да се сензибилизираат за да се разбие овој напад на албанските национални интереси и да се разбере привремената состојба на непристапност до јавните услуги, се навеува во соопштението.

The post Поради кибер напад во Албанија јавните онлајн сервиси и владините сајтови привремено затворени appeared first on Република.

]]>
Сајбер напад врз белгиското Министерство за одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sajber-napad-vrz-belgiskoto-ministerstvo-za-odbrana/ Wed, 12 Jan 2022 13:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=443762

Системот за електронска пошта на белгиското Министерство за одбрана не работел 4 недели поради сајбер нападот минатиот месец.

Според извештаите на белгиските медиуми, претставници на Министерството за одбрана сфатиле дека биле хакирани на 16 декември. Додека нападите беа насочени кон надворешниот систем за е-пошта, мејловите испратени однадвор стигнаа до персоналот на Министерството, но персоналот не можеше да одговори.

Портпаролот на Министерството, Лудивин Дедондер, рече дека откако дефектот во системот продолжи 4 недели, сообраќајот на е-пошта е обновен вчера.

Дедондер изјави дека го однеле целиот систем офлајн, проверувајќи сè пред повторно да се поврзат со надворешниот свет.

Димитри Модаерт, функционер на синдикатот во кој се здружени армиските работници, тврди дека проблемите продолжуваат. Модаер вели дека вработените во Министерството не можат ниту да остваруваат едноставни интернет повици, додека пак апликациите за пораки како што е WhatsApp се користат за одржување на работите.

Од Министерството не соопштија за тоа кој и кој го организирал сајбер нападот.

The post Сајбер напад врз белгиското Министерство за одбрана appeared first on Република.

]]>

Системот за електронска пошта на белгиското Министерство за одбрана не работел 4 недели поради сајбер нападот минатиот месец. Според извештаите на белгиските медиуми, претставници на Министерството за одбрана сфатиле дека биле хакирани на 16 декември. Додека нападите беа насочени кон надворешниот систем за е-пошта, мејловите испратени однадвор стигнаа до персоналот на Министерството, но персоналот не можеше да одговори. Портпаролот на Министерството, Лудивин Дедондер, рече дека откако дефектот во системот продолжи 4 недели, сообраќајот на е-пошта е обновен вчера. Дедондер изјави дека го однеле целиот систем офлајн, проверувајќи сè пред повторно да се поврзат со надворешниот свет. Димитри Модаерт, функционер на синдикатот во кој се здружени армиските работници, тврди дека проблемите продолжуваат. Модаер вели дека вработените во Министерството не можат ниту да остваруваат едноставни интернет повици, додека пак апликациите за пораки како што е WhatsApp се користат за одржување на работите. Од Министерството не соопштија за тоа кој и кој го организирал сајбер нападот.

The post Сајбер напад врз белгиското Министерство за одбрана appeared first on Република.

]]>