сајбер безбедност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sajber-bezbednost/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 16:36:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сајбер безбедност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sajber-bezbednost/ 32 32 Трипуновски: МЗШВ ќе биде пример на институција што ќе воведе највисоки стандарди за сајбер безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tripunovski-mzshv-ke-bide-primer-na-institutsija-shto-ke-vovede-najvisoki-standardi-za-sajber-bezbednost/ Fri, 09 Aug 2024 16:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=805035

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ќе биде пример на институција што ќе воведе највисоки стандарди за сајбер безбедност. Ова го истакнал министерот Цветан Трипуновски, кој денеска имал средба со претставници од Американската амбасада, од Агенцијата за меѓународен развој на САД - УСАИД и од програмата CIDR (Critical infrastructure digitalization and resilience).

- CIDR е регионална програма поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на УСАИД. Преку оваа програма се дава поддршка на критичната инфраструктура, јавен сектор и други значајни институции за воведување на најдобри практики, стандарди и соодветно законодавство за сајбер безбедност, како и на градење на капацитети за зголемување на отпорноста од сајбер напади. Една од значајните активности на програмата CIDR е поддршката на Министерството за имплементација на системот за управување со информациска безбедност, се наведува во соопштението на МЗШВ.

Во рамки на поддршката, како што се додава, предвидени се и обуки за сите вработени, со цел да се зајакнат капацитетите и да се подигне свесноста за ризикот од сајбер напади.

The post Трипуновски: МЗШВ ќе биде пример на институција што ќе воведе највисоки стандарди за сајбер безбедност appeared first on Република.

]]>

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ќе биде пример на институција што ќе воведе највисоки стандарди за сајбер безбедност. Ова го истакнал министерот Цветан Трипуновски, кој денеска имал средба со претставници од Американската амбасада, од Агенцијата за меѓународен развој на САД - УСАИД и од програмата CIDR (Critical infrastructure digitalization and resilience).
- CIDR е регионална програма поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на УСАИД. Преку оваа програма се дава поддршка на критичната инфраструктура, јавен сектор и други значајни институции за воведување на најдобри практики, стандарди и соодветно законодавство за сајбер безбедност, како и на градење на капацитети за зголемување на отпорноста од сајбер напади. Една од значајните активности на програмата CIDR е поддршката на Министерството за имплементација на системот за управување со информациска безбедност, се наведува во соопштението на МЗШВ.
Во рамки на поддршката, како што се додава, предвидени се и обуки за сите вработени, со цел да се зајакнат капацитетите и да се подигне свесноста за ризикот од сајбер напади.

The post Трипуновски: МЗШВ ќе биде пример на институција што ќе воведе највисоки стандарди за сајбер безбедност appeared first on Република.

]]>
Новиот министер за информатичко општество ќе го подига нивото на знаење од областа на сајбер безбедноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/noviot-minister-za-informatichko-opshtestvo-ke-go-podiga-nivoto-na-znaene-od-oblasta-na-sajber-bezbednosta/ Tue, 20 Feb 2024 17:00:44 +0000 https://republika.mk/?p=746235

Министерот за информатичко општество и администрација, Наим Бајрами, се обрати на обука наменета за државните и јавните службеници во државава, која се спроведува во рамки на проектот „Добро владеење во областа на сајбер безбедноста во Западен Балкан“.

Обуката е во организација на Министерствоти за информатичко општетсво и администрација, заедно со ДЦАФ - Женевски центар за управување со безбедносниот сектор.

Министерот Бајрами, ја истакна важноста на ваквите обуки за зајакнување на националните капацитети за справување со сајбер заканите и подобрување на сајбер безбедноста, кои се приоритет за Република Македонија.

Секоја обука се состои од неколку теми кои се креирани за одредена целна група и се насочени кон подигнување на нивото на знаење од областа на сајбер безбедноста и соодветно на тоа, подигање на нивото на сајбер безбедност во институцијата, рече Бајрами.

Тој истакна дека меѓу стратешките цели се: изградба на сајбер отпорна ИКТ инфраструктура, идентификување и имплементирање на соодветни решенија со цел заштита на националните интереси, промовирање на култура за сајбер безбедност со цел подигнување на јавната свест и разбирање за сајбер заканите, како и градење и унапредување на потребните национални капацитети за заштита, како и намалување на потенцијалните ризици во сајбер просторот.

Како што информира МИОА, меѓу темите за обука биле: пејзаж за сајбер безбедност на Балканот, преглед на 2023 година и предвидувања за 2024 година, улогата на ИТ персоналот од јавниот сектор во управувањето со сајбер безбедноста, сајбер кризи и одговор на инциденти и нагласување на мерките за заштита.

The post Новиот министер за информатичко општество ќе го подига нивото на знаење од областа на сајбер безбедноста appeared first on Република.

]]>

Министерот за информатичко општество и администрација, Наим Бајрами, се обрати на обука наменета за државните и јавните службеници во државава, која се спроведува во рамки на проектот „Добро владеење во областа на сајбер безбедноста во Западен Балкан“. Обуката е во организација на Министерствоти за информатичко општетсво и администрација, заедно со ДЦАФ - Женевски центар за управување со безбедносниот сектор. Министерот Бајрами, ја истакна важноста на ваквите обуки за зајакнување на националните капацитети за справување со сајбер заканите и подобрување на сајбер безбедноста, кои се приоритет за Република Македонија.
Секоја обука се состои од неколку теми кои се креирани за одредена целна група и се насочени кон подигнување на нивото на знаење од областа на сајбер безбедноста и соодветно на тоа, подигање на нивото на сајбер безбедност во институцијата, рече Бајрами.
Тој истакна дека меѓу стратешките цели се: изградба на сајбер отпорна ИКТ инфраструктура, идентификување и имплементирање на соодветни решенија со цел заштита на националните интереси, промовирање на култура за сајбер безбедност со цел подигнување на јавната свест и разбирање за сајбер заканите, како и градење и унапредување на потребните национални капацитети за заштита, како и намалување на потенцијалните ризици во сајбер просторот. Како што информира МИОА, меѓу темите за обука биле: пејзаж за сајбер безбедност на Балканот, преглед на 2023 година и предвидувања за 2024 година, улогата на ИТ персоналот од јавниот сектор во управувањето со сајбер безбедноста, сајбер кризи и одговор на инциденти и нагласување на мерките за заштита.

The post Новиот министер за информатичко општество ќе го подига нивото на знаење од областа на сајбер безбедноста appeared first on Република.

]]>
МОН со израелска помош ќе ја јакне сајбер безбедноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-so-izraelska-pomosh-ke-ja-jakne-sajber-bezbednosta/ Fri, 14 Jul 2023 13:44:34 +0000 https://republika.mk/?p=661416

Министерството за образование и наука ќе добие помош од Израел за интензивирање на процесите на дигитализација и подобрување на сајбер безбедноста. За ова на денешната средба разговараа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и амбасадорката на Израел Симона Франкел. На средбата присуствуваше и директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците Скендер Асани.

Министерот Шаќири нагласи дека во услови на сѐ почести и сѐ пософистицирани сајбер закани исклучително е важно образованието да биде безбедна, отпорна и доверлива дигитална средина и затоа е многу значајна најавената помош од Израел, што ќе придонесе за заштита на училиштата, учениците и нивните податоци.

Министерот Шаќири и амбасадорката Франкел разменија мислења и за отворање мултимедијален центар за сеќавањето на настраданите во Холокаустот. Министерот доби покана за посета на Израел во текот на месец октомври, за подетално договарање и прецизирање на помошта, за што ќе се реализираат средби со повеќе надлежни институции и водечки компании од областа на дигатилизацијата и сајбер безбедноста.

 

The post МОН со израелска помош ќе ја јакне сајбер безбедноста appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука ќе добие помош од Израел за интензивирање на процесите на дигитализација и подобрување на сајбер безбедноста. За ова на денешната средба разговараа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и амбасадорката на Израел Симона Франкел. На средбата присуствуваше и директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците Скендер Асани. Министерот Шаќири нагласи дека во услови на сѐ почести и сѐ пософистицирани сајбер закани исклучително е важно образованието да биде безбедна, отпорна и доверлива дигитална средина и затоа е многу значајна најавената помош од Израел, што ќе придонесе за заштита на училиштата, учениците и нивните податоци. Министерот Шаќири и амбасадорката Франкел разменија мислења и за отворање мултимедијален центар за сеќавањето на настраданите во Холокаустот. Министерот доби покана за посета на Израел во текот на месец октомври, за подетално договарање и прецизирање на помошта, за што ќе се реализираат средби со повеќе надлежни институции и водечки компании од областа на дигатилизацијата и сајбер безбедноста.  

The post МОН со израелска помош ќе ја јакне сајбер безбедноста appeared first on Република.

]]>
Украина му се приклучи на Центарот за кибер одбрана на НАТО во Талин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-mu-se-prikluchi-na-tsentarot-za-kiber-odbrana-na-nato-vo-talin/ Wed, 17 May 2023 18:13:15 +0000 https://republika.mk/?p=641897

Украина се приклучи на Центарот на НАТО за кибер одбрана, соопшти денеска центарот со седиште во Естонија, додека за Киев одлуката е „важен чекор на патот“ за приклучување на земјата кон организацијата.

Центарот за кибер одбрана соопшти дека се приклучиле и Исланд, Ирска и Јапонија.

-Посебно задоволство ни е што ја гледаме Украина меѓу нас. Тоа дава единствена можност истовремено да придонесеме за одбраната на Украина во бруталната војна на Русија и да ја подобриме кибер безбедноста на сите членки, изјави денеска естонскиот министер за одбрана Хано Певкур.

Амбасадорката на Украина во Естонија, Маријана Беца, одлуката за приклучување кон Центарот ја оцени како „историски настан и важен чекор на патот на Украина кон членство во НАТО“.

Центарот, кој вклучува земји членки на НАТО и уште осум други земји, е основан во 2008 година во главниот град на Естонија.

Компјутерски експерти од Европа и САД работат во Центарот за заштита на информациските мрежи на Алијансата.

The post Украина му се приклучи на Центарот за кибер одбрана на НАТО во Талин appeared first on Република.

]]>

Украина се приклучи на Центарот на НАТО за кибер одбрана, соопшти денеска центарот со седиште во Естонија, додека за Киев одлуката е „важен чекор на патот“ за приклучување на земјата кон организацијата. Центарот за кибер одбрана соопшти дека се приклучиле и Исланд, Ирска и Јапонија. -Посебно задоволство ни е што ја гледаме Украина меѓу нас. Тоа дава единствена можност истовремено да придонесеме за одбраната на Украина во бруталната војна на Русија и да ја подобриме кибер безбедноста на сите членки, изјави денеска естонскиот министер за одбрана Хано Певкур. Амбасадорката на Украина во Естонија, Маријана Беца, одлуката за приклучување кон Центарот ја оцени како „историски настан и важен чекор на патот на Украина кон членство во НАТО“. Центарот, кој вклучува земји членки на НАТО и уште осум други земји, е основан во 2008 година во главниот град на Естонија. Компјутерски експерти од Европа и САД работат во Центарот за заштита на информациските мрежи на Алијансата.

The post Украина му се приклучи на Центарот за кибер одбрана на НАТО во Талин appeared first on Република.

]]>
Владата усвои сет итни мерки за градење на отпорност и сајбер заштита на институциите на јавниот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-usvoi-set-itni-merki-za-gradene-na-otpornost-i-sajber-zashtita-na-institutsiite-na-javniot-sektor/ Wed, 22 Feb 2023 06:53:02 +0000 https://republika.mk/?p=611706

На денешната седница на Владата на Република Македонија, на предлог на заменик-претседателката на Владата на Република Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска се усвоија сет мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите кои ќе се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор.

Овие мерки следуваат по серијата активности за координација со донаторите и чинителите во областа на сајбер безбедноста, а со цел градење на отпорност кај јавните институции кои се почесто се цел на сајбер напади, а чија цел е оневозможување на системите кои даваат услуги кон граѓаните и има директни, видливи и сериозни последици врз нивниот живот.

Во таа насока, Владата ги задолжи органите на државната управа, а им укажа на институциите кои не се органи на државна управа, да определат лице одговорно за информациска безбедност во нивните организации со цел навремено пријавување на инциденти и размена на информации за инциденти, ранливост, закани и ризици поврзани со безбедноста на информациските системи до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT.

Органите на државната управа исто така се должни, а на институциите кои не се органи на државна управа им се укажува, да достават одредени информации до  Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT, како би се регистрирале/ажурирале за услугите на Центарот.

Се задолжуваат органите на државната управа, а им се укажува на институциите кои не се органи на државна управа, сите вработени задолжително да се регистрираат и да завршат обука за сајбер безбедност за вработени во јавна администрација.

Истовремено, органите на државната управа неопходно е да направат план за реализација и да ги предвидат финансиските импликации на мерките на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT.

Владата му препорача на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT при Агенцијата за електронски комуникации да достави до Владата извештај за спроведена бесплатна надворешна сајбер-безбедносна проверка на веб-апликации на пријавените институции.

Усвоените мерки се високо приоритетни заради заштита на ИТ системите на институциите од јавниот сектор, поради што Владата препорача овие мерки да се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор, со првенствена цел да се заштитат системите за услуги кон граѓаните.

The post Владата усвои сет итни мерки за градење на отпорност и сајбер заштита на институциите на јавниот сектор appeared first on Република.

]]>

На денешната седница на Владата на Република Македонија, на предлог на заменик-претседателката на Владата на Република Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска се усвоија сет мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите кои ќе се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор. Овие мерки следуваат по серијата активности за координација со донаторите и чинителите во областа на сајбер безбедноста, а со цел градење на отпорност кај јавните институции кои се почесто се цел на сајбер напади, а чија цел е оневозможување на системите кои даваат услуги кон граѓаните и има директни, видливи и сериозни последици врз нивниот живот. Во таа насока, Владата ги задолжи органите на државната управа, а им укажа на институциите кои не се органи на државна управа, да определат лице одговорно за информациска безбедност во нивните организации со цел навремено пријавување на инциденти и размена на информации за инциденти, ранливост, закани и ризици поврзани со безбедноста на информациските системи до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT. Органите на државната управа исто така се должни, а на институциите кои не се органи на државна управа им се укажува, да достават одредени информации до  Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT, како би се регистрирале/ажурирале за услугите на Центарот. Се задолжуваат органите на државната управа, а им се укажува на институциите кои не се органи на државна управа, сите вработени задолжително да се регистрираат и да завршат обука за сајбер безбедност за вработени во јавна администрација. Истовремено, органите на државната управа неопходно е да направат план за реализација и да ги предвидат финансиските импликации на мерките на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT. Владата му препорача на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT при Агенцијата за електронски комуникации да достави до Владата извештај за спроведена бесплатна надворешна сајбер-безбедносна проверка на веб-апликации на пријавените институции. Усвоените мерки се високо приоритетни заради заштита на ИТ системите на институциите од јавниот сектор, поради што Владата препорача овие мерки да се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор, со првенствена цел да се заштитат системите за услуги кон граѓаните.

The post Владата усвои сет итни мерки за градење на отпорност и сајбер заштита на институциите на јавниот сектор appeared first on Република.

]]>
Во Германија сменет шефот на сајбер безбедноста по обвинувањата за врски со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-germanija-smenet-shefot-na-sajber-bezbednosta-po-obvinuvanjata-za-vrski-so-rusija/ Thu, 20 Oct 2022 09:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=563458

Во услови на зголемени стравувања во Германија дека Русија би можела да ја нападне клучната инфраструктура на земјата поради нејзината поддршка за Украина, владата во Берлин го отпушти шефот на службата за сајбер безбедност по наводите дека имал контакти со руските разузнавачки служби.

Отстранувањето на шефот на Федералната канцеларија за информатичка безбедност, Арне Шонбом, дојде откако водителот на германската сатирична телевизиска емисија овој месец го обвини дека одржува индиректни контакти со руските разузнавачки служби преку Сајбер-советот за безбедност на Германија, пишува Вашингтон пост. Тоа предизвика контроверзии, бидејќи еден од неговите основачки членови е „Протелион“, за кој се вели дека е ребрендираниот германски огранок на руската компанија за сајбер безбедност „Инфотекс“, основана од поранешен агент на КГБ.

The post Во Германија сменет шефот на сајбер безбедноста по обвинувањата за врски со Русија appeared first on Република.

]]>

Во услови на зголемени стравувања во Германија дека Русија би можела да ја нападне клучната инфраструктура на земјата поради нејзината поддршка за Украина, владата во Берлин го отпушти шефот на службата за сајбер безбедност по наводите дека имал контакти со руските разузнавачки служби. Отстранувањето на шефот на Федералната канцеларија за информатичка безбедност, Арне Шонбом, дојде откако водителот на германската сатирична телевизиска емисија овој месец го обвини дека одржува индиректни контакти со руските разузнавачки служби преку Сајбер-советот за безбедност на Германија, пишува Вашингтон пост. Тоа предизвика контроверзии, бидејќи еден од неговите основачки членови е „Протелион“, за кој се вели дека е ребрендираниот германски огранок на руската компанија за сајбер безбедност „Инфотекс“, основана од поранешен агент на КГБ.

The post Во Германија сменет шефот на сајбер безбедноста по обвинувањата за врски со Русија appeared first on Република.

]]>