Саем за креативни индустрии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/saem-za-kreativni-industrii/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Nov 2023 08:56:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Саем за креативни индустрии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/saem-za-kreativni-industrii/ 32 32 Вложувањето во креативните луѓе носи промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vlozhuvaneto-vo-kreativnite-luge-nosi-promeni/ Wed, 29 Nov 2023 08:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=717397

Креативните луѓе носат промани и затоа мора да се вложува во нив, беше кажано на меѓународниот форум „Одржливо претприемништво во креативните индустрии“ кој се одржува во Скопје.

Kреативноста, иновативноста и оригиналноста се „тројство“ што културата ја издигнува на пиедесталот во новата, наречена и „портокалова економија“ − рече Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерката за култура, која истакна дека креативноста прераснува во голем двигател кој ѝ дава насока на сегашната турбулентна и непредвидлива економија на која и се неопходни промени.

Костадиновска-Стојчевска нагласи дека Министерството за култура, институционално го поддржува развојот на креативните индустрии, а културата, чии потенцијали се огромни и универзални, сакаме да биде двигател на новите процеси и фактор за одржлив развој.

Министерството за култура за 2024 година направи дополнување на постојните дејности и области со нова буџетска програма – креативни индустрии, што е влог во интелектуалниот потенцијал и уште една системска поддршка на културната индустрија.

Меѓудругото, Костадиновска-Стојчевска потсети дека креативните и културните индустрии се опфатени и во Националната стратегија за развој на културата, како и со новиот предлог Закон за култура, со кој се менува начинот на дефинирање, поддршка и финансирање на културата, се редефинираат дејностите во културата заради пошироко сфаќање на културата, а со тоа и воведување на нови културни дејности од областа на креативните индустрии.

На меѓународниот форум, министерката за култура нагласи дека реализацијата на овој настан е еден од приоритетите на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, а развојот на културните и креативните индустрии стана приоритет и на Европската Унија која своите стратешки политики сè повеќе ги насочува во полза на културното и креативното претприемништво.

Меѓународниот форум „Одржливо претприемништво во креативните индустрии“, кој се реализира заедно со Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии- УМПАКИ, е трето продолжение на форумите од изминатите две години кои се фокусираа на културното и креативното претприемништво како и на женското претприемништво во креативните индустрии и влијанието врз економијата. На форумот учествуваат домашни и странски учесници ( особено од земјите од Југоисточна Европа), професионалци и организации, креатори на политики и владини претставници.

The post Вложувањето во креативните луѓе носи промени appeared first on Република.

]]>

Креативните луѓе носат промани и затоа мора да се вложува во нив, беше кажано на меѓународниот форум „Одржливо претприемништво во креативните индустрии“ кој се одржува во Скопје.
Kреативноста, иновативноста и оригиналноста се „тројство“ што културата ја издигнува на пиедесталот во новата, наречена и „портокалова економија“ − рече Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерката за култура, која истакна дека креативноста прераснува во голем двигател кој ѝ дава насока на сегашната турбулентна и непредвидлива економија на која и се неопходни промени.
Костадиновска-Стојчевска нагласи дека Министерството за култура, институционално го поддржува развојот на креативните индустрии, а културата, чии потенцијали се огромни и универзални, сакаме да биде двигател на новите процеси и фактор за одржлив развој. Министерството за култура за 2024 година направи дополнување на постојните дејности и области со нова буџетска програма – креативни индустрии, што е влог во интелектуалниот потенцијал и уште една системска поддршка на културната индустрија. Меѓудругото, Костадиновска-Стојчевска потсети дека креативните и културните индустрии се опфатени и во Националната стратегија за развој на културата, како и со новиот предлог Закон за култура, со кој се менува начинот на дефинирање, поддршка и финансирање на културата, се редефинираат дејностите во културата заради пошироко сфаќање на културата, а со тоа и воведување на нови културни дејности од областа на креативните индустрии. На меѓународниот форум, министерката за култура нагласи дека реализацијата на овој настан е еден од приоритетите на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, а развојот на културните и креативните индустрии стана приоритет и на Европската Унија која своите стратешки политики сè повеќе ги насочува во полза на културното и креативното претприемништво. Меѓународниот форум „Одржливо претприемништво во креативните индустрии“, кој се реализира заедно со Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии- УМПАКИ, е трето продолжение на форумите од изминатите две години кои се фокусираа на културното и креативното претприемништво како и на женското претприемништво во креативните индустрии и влијанието врз економијата. На форумот учествуваат домашни и странски учесници ( особено од земјите од Југоисточна Европа), професионалци и организации, креатори на политики и владини претставници.  

The post Вложувањето во креативните луѓе носи промени appeared first on Република.

]]>
Саем на креативни индустрии утре во Офицерски дом во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/saem-na-kreativni-industrii-utre-vo-oficerski-dom-vo-bitola/ Tue, 22 Nov 2022 09:21:42 +0000 https://republika.mk/?p=576825

Саем на креативни индустрии - Место за вашите креативни идеи!

Офицерски дом - 23/11 од 11.00 - 19.00 ч.

Станува збор за настан каде што ќе ги претставиме креативните индустрии, на едно место, во еден изложбен простор за да го прикажеме нивниот потенцијал и што се креативноста може да создаде. На саемот ќе изложуваат повеќе претставници од креативните индустрии од Битола и околината и тоа мода, уметност, музика, дизајн, видео игри, филмови, аугментирана реалност, гастрономски производи, уникатни креации, литература и повеќе.

Може да присуствуваат сите заинтересирани групи ученици, а влезот е бесплатен. Фокусот е пред се деца и млади и е од едукативен карактер.

Сметаме дека би било интересно сите деца да го проследат настанот на кој ќе има многу изненадувања за нив и ќе бидат анимирани од самите изложувачи со кусо претставување на производите што се презентираат, велат организаторите.

The post Саем на креативни индустрии утре во Офицерски дом во Битола appeared first on Република.