Саем на промените што носат иднина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/saem-na-promenite-shto-nosat-idnina/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Jan 2023 08:05:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Саем на промените што носат иднина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/saem-na-promenite-shto-nosat-idnina/ 32 32 Само Кисела Вода оваа година со капитални инвестиции од 150 милиони денари и над 120 нови проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/samo-kisela-voda-ovaa-godina-so-kapitalni-investitsii-od-150-milioni-denari-i-nad-120-novi-proekti/ Wed, 04 Jan 2023 08:05:26 +0000 https://republika.mk/?p=593376

Само Кисела Вода оваа година со капитални инвестиции од 150 милиони денари и над 120 нови проекти!

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во своето обраќање на отчетот за сработеното на политичкиот саем, „Саем на промени што носат иднина”, истакна дека општина Кисела Вода ја затекнал во хаотична состојба и администрација која што била целосно индиферентна на барањата на граѓаните.

Да водите тимски општина тоа подразбира и не преспиени ноќи, подразбира и повеќе од десет дванаесет часа во денот макотрпна работа, им се заблагодарувам од срце, благодарам што ме следат во чекор изминатиот период. Како и останатите општини така и Кисела Вода беше затекната од моја страна во една апатична состојба, односно администрација која што беше целосно индиферентна на барањата на граѓаните, неуслужлива и не насочена спрема граѓаните од една страна и од друга страна долг од 3 милиони евра кој што не подразбираше во минатото задоволување на основните хумани услови за живот на моите сограѓани, туку подразбираше од една страна долг а од друга да Кисела Вода е општина која ја наследив е без основни хумани услови за живот што подразбира водоводни мрежи, атмосферска канализација патна инфраструктура, списоци по 500 дечиња во градинките на чекање. Што значи затекнавме руинирана девастирана општина во која што за жал 30 години наназад никој сериозно не се зафатил со тоа да од нејзе направиме едно поубаво место за живеење. Јас сум исклучително горд на она што го постигнавме изминативе година дена. За само една година ние 70 проценти од нашата програма имаме реализација, или отпочнати проекти кои што се во финална фаза на завршување“ истакна Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски истакна и неколку проекти кои ги опфаќаат инфраструктурата, образование, и справувањето со урбанистичкиот хаос.

Од самото преземање на нашата локална самоуправа така беше и составена програмата да ние ги поделивме во неколку столбови, кои што опфаќаат инфраструктура, образование, справување со урбанистичкиот хаос каде што Кисела Вода беше доста атрактивна по скандалите кои што произлегуваат од урбанистичкиот хаос и криминалот таму така да од тој аспект во тие неколку столба сериозно се зафативме со работа. Пред се се зафативме со општината да ја направиме јавна и транспарентна при секоја наша постапка граѓаните да се чувствуваат дека се еднакви. Секој има право да гради секој има право на надомест од општината, секој има право на еднакви права и привилегии. Тоа е многу важно и суштинско за да ја отвориме општината. Изминатава година, имаме како никогаш до сега 30 години наназад вложено во патната инфраструктура што подразбира асфалтирање на улици и реконструкција во должина од 25 километри тоа е некаде од Скопје до Велес повеќе од половина пат да го реконструирате толку имаме изминатава година. Во однос на подземната инфраструктура беа нарачани проекти кои што се во финална фаза за водоводната мрежа во „Стаклара“, и фекална канализација во „Пинтија“ и „Стаклара“ кои што од пролет ги започнуваме. Во подземна инфраструктура имаме над 3650 метри вложено фекална канализација над километар и 800 имаме вложено во водоводна мрежа, 3,5 километри во атмосферска канализација. Во Урбанизмот како никогаш до сега сите планови и плански документации се прават јавно и транспарентно. Во образованието се гордеам со основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ кој што е многу значаен, кое е прво инклузивно училиште, кај градинките имаме отворено една градинка во Драчево, во финална фаза сме на нова градинка во „Усје“, и две доградби на постоечки градинки. Исто така сметам дека до истекот на втората година од мојот мандат она што сме се обврзале во програмата ќе биде целосно завршено.“ нагласи Ѓорѓиевски.

The post Само Кисела Вода оваа година со капитални инвестиции од 150 милиони денари и над 120 нови проекти appeared first on Република.

]]>

Само Кисела Вода оваа година со капитални инвестиции од 150 милиони денари и над 120 нови проекти! Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во своето обраќање на отчетот за сработеното на политичкиот саем, „Саем на промени што носат иднина”, истакна дека општина Кисела Вода ја затекнал во хаотична состојба и администрација која што била целосно индиферентна на барањата на граѓаните. Да водите тимски општина тоа подразбира и не преспиени ноќи, подразбира и повеќе од десет дванаесет часа во денот макотрпна работа, им се заблагодарувам од срце, благодарам што ме следат во чекор изминатиот период. Како и останатите општини така и Кисела Вода беше затекната од моја страна во една апатична состојба, односно администрација која што беше целосно индиферентна на барањата на граѓаните, неуслужлива и не насочена спрема граѓаните од една страна и од друга страна долг од 3 милиони евра кој што не подразбираше во минатото задоволување на основните хумани услови за живот на моите сограѓани, туку подразбираше од една страна долг а од друга да Кисела Вода е општина која ја наследив е без основни хумани услови за живот што подразбира водоводни мрежи, атмосферска канализација патна инфраструктура, списоци по 500 дечиња во градинките на чекање. Што значи затекнавме руинирана девастирана општина во која што за жал 30 години наназад никој сериозно не се зафатил со тоа да од нејзе направиме едно поубаво место за живеење. Јас сум исклучително горд на она што го постигнавме изминативе година дена. За само една година ние 70 проценти од нашата програма имаме реализација, или отпочнати проекти кои што се во финална фаза на завршување“ истакна Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски истакна и неколку проекти кои ги опфаќаат инфраструктурата, образование, и справувањето со урбанистичкиот хаос. Од самото преземање на нашата локална самоуправа така беше и составена програмата да ние ги поделивме во неколку столбови, кои што опфаќаат инфраструктура, образование, справување со урбанистичкиот хаос каде што Кисела Вода беше доста атрактивна по скандалите кои што произлегуваат од урбанистичкиот хаос и криминалот таму така да од тој аспект во тие неколку столба сериозно се зафативме со работа. Пред се се зафативме со општината да ја направиме јавна и транспарентна при секоја наша постапка граѓаните да се чувствуваат дека се еднакви. Секој има право да гради секој има право на надомест од општината, секој има право на еднакви права и привилегии. Тоа е многу важно и суштинско за да ја отвориме општината. Изминатава година, имаме како никогаш до сега 30 години наназад вложено во патната инфраструктура што подразбира асфалтирање на улици и реконструкција во должина од 25 километри тоа е некаде од Скопје до Велес повеќе од половина пат да го реконструирате толку имаме изминатава година. Во однос на подземната инфраструктура беа нарачани проекти кои што се во финална фаза за водоводната мрежа во „Стаклара“, и фекална канализација во „Пинтија“ и „Стаклара“ кои што од пролет ги започнуваме. Во подземна инфраструктура имаме над 3650 метри вложено фекална канализација над километар и 800 имаме вложено во водоводна мрежа, 3,5 километри во атмосферска канализација. Во Урбанизмот како никогаш до сега сите планови и плански документации се прават јавно и транспарентно. Во образованието се гордеам со основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ кој што е многу значаен, кое е прво инклузивно училиште, кај градинките имаме отворено една градинка во Драчево, во финална фаза сме на нова градинка во „Усје“, и две доградби на постоечки градинки. Исто така сметам дека до истекот на втората година од мојот мандат она што сме се обврзале во програмата ќе биде целосно завршено.“ нагласи Ѓорѓиевски.

The post Само Кисела Вода оваа година со капитални инвестиции од 150 милиони денари и над 120 нови проекти appeared first on Република.

]]>
Општините денес и утре отворени за сите како дел од акцијата „Твојата идеја за промени, биди дел од промените што носат иднина” https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opshtinite-denes-i-utre-otvoreni-za-site-kako-del-od-akcijata-tvojata-ideja-za-promeni-bidi-del-od-promenite-shto-nosat-idnina/ Sat, 10 Dec 2022 07:51:54 +0000 https://republika.mk/?p=583913

Денес и утре ВМРО-ДПМНЕ продолжува со акцијата „Твојата идеја за промени, биди дел од промените што носат иднина”. Од 11 до 15 часот општините ќе бидат отворени за граѓаните да ги достават своите предлог идеи и проекти кои што ќе бидат дел од општинските буџети за 2023 година.

Оние граѓани кои нема да можат да ги посетат општините, својата идеја може да ја испратат на budzet.mk, велат од партијата, ветувајќи дека истите ќе бидат разгледани од стручен и професионален тим, а секој проект кој е реален ќе биде реализиран.

За само два дена минатиот викенд се собраа 845 проекти, и со тоа покажуваме дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ иновираат и ги слушаат потребите и приоритети на граѓаните.

Преку вклучување на граѓаните во работата на општините воведуваме нов начин на работење и делување. Со креирање на општински буџети, граѓаните директно ќе можат да контролираат каде се трошат нивните пари.

Заедно градиме модерни и европски општини и создаваме иднина за сите граѓани.

2023та година ќе биде година на инфраструктурен бум, преку изградба на училишни и културни сали, училишта, градинки, улици, водоводни и канализациони системи, паркови и обнова на веќе постоечки инфраструктурни објекти.

Биди дел од промените што носат иднина“, велат оттаму.

The post Општините денес и утре отворени за сите како дел од акцијата „Твојата идеја за промени, биди дел од промените што носат иднина” appeared first on Република.

]]>

Денес и утре ВМРО-ДПМНЕ продолжува со акцијата „Твојата идеја за промени, биди дел од промените што носат иднина”. Од 11 до 15 часот општините ќе бидат отворени за граѓаните да ги достават своите предлог идеи и проекти кои што ќе бидат дел од општинските буџети за 2023 година. Оние граѓани кои нема да можат да ги посетат општините, својата идеја може да ја испратат на budzet.mk, велат од партијата, ветувајќи дека истите ќе бидат разгледани од стручен и професионален тим, а секој проект кој е реален ќе биде реализиран.
За само два дена минатиот викенд се собраа 845 проекти, и со тоа покажуваме дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ иновираат и ги слушаат потребите и приоритети на граѓаните. Преку вклучување на граѓаните во работата на општините воведуваме нов начин на работење и делување. Со креирање на општински буџети, граѓаните директно ќе можат да контролираат каде се трошат нивните пари. Заедно градиме модерни и европски општини и создаваме иднина за сите граѓани. 2023та година ќе биде година на инфраструктурен бум, преку изградба на училишни и културни сали, училишта, градинки, улици, водоводни и канализациони системи, паркови и обнова на веќе постоечки инфраструктурни објекти. Биди дел од промените што носат иднина“, велат оттаму.

The post Општините денес и утре отворени за сите како дел од акцијата „Твојата идеја за промени, биди дел од промените што носат иднина” appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Градоначалниците и функционерите на СДСМ се салонски политичари, нема да ги видите да одговараат пред народот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-gradonachalnicite-i-funkcionerite-na-sdsm-se-salonski-politichari-nema-da-gi-vidite-da-odgovaraat-pred-narodot/ Mon, 07 Nov 2022 07:36:15 +0000 https://republika.mk/?p=570494

На последната трибина „Заклучоци од политичкиот саем на промените што нисат иднина – 365 дена отчет на градоначалниците“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати и претседателот професор д-р Христијан Мицкоски, при што констатираше дека ова е историски настан кој што за прв пат се организира во Македонија на кој што подготвени и на отворен начин, избраните од народот градонаѓалници, даваа отчет за сработеното во изминатата година.

Мицкоски посочи дека тоа и се очекува од избраните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и тоа нема да го видиме од СДСМ, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, партија од народот и од тука го црпи нејзиниот легитимитет, додека СДСМ и нејзините градоначалници и функционери се салонски политичари кои не одговараат за сработеното или не сработеното пред народот. Токму затоа, потенцираше Мицкоски, крајот на нив набргу им доаѓа.

Ова е историски настан, бидејќи за прв пат, за два дена се дава отчет на сработеното, со отворен гард, подготвени се сите да ги бранат своите дела, да кажат она што е сработено. Тоа нема да го видите од СДСМ. Помина една година и тие имаат неколкумина градоначалници, но тоа нема да го видите, нема да видите како се отворени кон граѓаните, како го презентираат тоа што е сработено, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот, од тука го црпи својот легитимитет и само пред народот одговара. СДСМ, градоначалниците и функционерите се салонски политичари, не одговараат пред народот и нивниот крај доаѓа, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека затоа мора да продоллижеме со работењето и со реализација на ветените проекти и тоа ќе ги направи срекни и задоволни македонските граѓани и само со работа може да се покаже колку ја сакаме државата, затоа што Македонија е се што имаме.

Да си продолжиме со работењето, да продолжиме со реализација на ветеното, а резултатите ќе бидат тие кои што сите нас ќе не направат и не прават задоволни и среќни, затоа што Македонија е се што имаме. Да живее Македонија, да живее ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше на крај Мицкоски.

The post Мицкоски: Градоначалниците и функционерите на СДСМ се салонски политичари, нема да ги видите да одговараат пред народот appeared first on Република.

]]>

На последната трибина „Заклучоци од политичкиот саем на промените што нисат иднина – 365 дена отчет на градоначалниците“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати и претседателот професор д-р Христијан Мицкоски, при што констатираше дека ова е историски настан кој што за прв пат се организира во Македонија на кој што подготвени и на отворен начин, избраните од народот градонаѓалници, даваа отчет за сработеното во изминатата година. Мицкоски посочи дека тоа и се очекува од избраните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и тоа нема да го видиме од СДСМ, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, партија од народот и од тука го црпи нејзиниот легитимитет, додека СДСМ и нејзините градоначалници и функционери се салонски политичари кои не одговараат за сработеното или не сработеното пред народот. Токму затоа, потенцираше Мицкоски, крајот на нив набргу им доаѓа.
Ова е историски настан, бидејќи за прв пат, за два дена се дава отчет на сработеното, со отворен гард, подготвени се сите да ги бранат своите дела, да кажат она што е сработено. Тоа нема да го видите од СДСМ. Помина една година и тие имаат неколкумина градоначалници, но тоа нема да го видите, нема да видите како се отворени кон граѓаните, како го презентираат тоа што е сработено, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот, од тука го црпи својот легитимитет и само пред народот одговара. СДСМ, градоначалниците и функционерите се салонски политичари, не одговараат пред народот и нивниот крај доаѓа, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека затоа мора да продоллижеме со работењето и со реализација на ветените проекти и тоа ќе ги направи срекни и задоволни македонските граѓани и само со работа може да се покаже колку ја сакаме државата, затоа што Македонија е се што имаме.
Да си продолжиме со работењето, да продолжиме со реализација на ветеното, а резултатите ќе бидат тие кои што сите нас ќе не направат и не прават задоволни и среќни, затоа што Македонија е се што имаме. Да живее Македонија, да живее ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше на крај Мицкоски.

The post Мицкоски: Градоначалниците и функционерите на СДСМ се салонски политичари, нема да ги видите да одговараат пред народот appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за градоначалниците: Со реализација на проектите и со чесното работење ја вратија изгубената надеж кај граѓаните, продолжуваат уште похрабро и помотивирано https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-za-gradonachalnicite-so-realizacija-na-proektite-i-so-chesnoto-rabotenje-ja-vratija-izgubenata-nadez-kaj-gragjanite-prodolzuvaat-ushte-pohrabro-i-pomotivirano/ Sun, 06 Nov 2022 22:23:52 +0000 https://republika.mk/?p=570488

365 дена навистина беа предизвикувачки, 365 дена континуирано бевме на линија и разговаравме со градоначалниците кои се избрани на оној историски резултат на локалните избори минатата година бидејќи ниту една политичка коалиција во минатото од такво нешто од опозиција на опозиција не направила, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на заклучоците од политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина“ и ја поздрави работата на градоначалниците изминатата година.

Тука пред мене гледам двајца градоначалници кои што имаат исто презиме, Ристов, едниот Златко, другиот Ацо, едниот од Конче, другиот од Радовиш. Но, и двајцата генерално  успешни изминатата година, Ацо отиде и чекор понатаму веќе полека но сигурно започнува со проектот на пазарот, нешто што е огромен капитален проект во Радовиш. Веќе го одмина делот за обезбедување на финансиски средства и јас се надевам дека оваа градежна сезона проектот ќе започне со реализација, што ќе значи многу за радовишани. Исто така и другиот Ристов, односно Златко од соседната општина Конче направи многу проекти кои што поврзуваат многу населени места, додаде Мицкоски.

За работењето на градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, Мицкоски нагласи дека и покрај блокираната сметка на општината Пецаков успеал да реализира голем број на проекти.

Пецак тука се фаќа за главата, но има зошто, многу маки, многу проблеми, блокирана општина. Но изминатиот викенд бевме во Охрид и разговаравме, неколку капитални проекти се веќе во фаза на прогрес меѓу кој е и примарната водоводна мрежа која што ја прави во населеното место Лескоец. Исклучително квалитетен проект бидејќи за прв пат се обезбедува водоснабдување на вода на жителите, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски нагласи дека од работата на градоначалниците се чувствува позитивната атмосфера, а тоа се отсликува и на мерењето на јавното мислење на граѓаните.

Тука е и Александар од Пехчево, туку е Димче од Македонска Каменица. Кај Александар малку ситуацијата во Пехчево не е така сјајна затоа што наследи големи долгови и обврски, но се бори тој е храбар и чесен. Со Димче разговараме и во Македонска Каменица еден голем спортски центар е готов, па во периодт кој што следи ќе го пуштиме во употреба, изјави тој.

Го гледам Боби од Гази Баба и Александар од Ѓорче. На дневна основа работата и можам да кажам дека стотици и стотици проекти или се веќе завршени или се во процес на завршување, улици, канализации и мислам дека таа една позитивна атмосфера која што владее се чувствува и во Ѓорче и во Гази Баба, а впрочем тоа и го кажуваат и граѓаните на анкетите на јавното мерење, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски го пофали работењето на Тони Коњановски градоначалник од Битола, за кој како што рече повеќе од 75 проценти до сега од буџетот во Битола предвиден за капиталните проекти е завршен.

Докторот Тони од Битола изминатата година дена направи голем пресврт во реализација на проектите, повеќе од 75 проценти до сега буџетот во Битола предвиден за капиталните проекти веќе е завршен. Очекуваме да надмине бројката над 80 па и 90 проценти. Повеќе од 65 проекти се спремни за следната година, имаме план во општината како да ги реализираат, изјави Мицкоски.

Јовче од Ресен се мачи со блокираната сметка но тој е храбар, мотивиран, многу проекти заврши и во периодот кој што следи исто така заедно размислуваме за неколку проекти кои што ќе бидат завршени во Ресен. Има капитален проект кој што се надеваме дека нема да има опструкции во министерството за животна средина и ќе може да се реализира. А, со тоа и дополнителни 18, 19, 20 милиони евра ќе бидат инвестирани во Ресен и Ресен ќе биде навистина прекрасен онаков каков што заслужува. Бидејќи многу е значаен и за Македонија, но и за ВМРО во историска смисла на зборот, но и за ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, истакна Мицкоски.

Тој исто така го посочи и  градоначалникот од Демир Хисар кој што се мачи и има проблеми со мнозинството во Советот, но мотивиран е и храбар, реализира проекти во согласност со своите можности како Буџет во Општината. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е убеден дека во периодот кој што следи и таму ќе бидат завршени многу проекти.

Тука се двата исто така полошки градоначалници, Јоцо од Брвеница и Диме од Јегуновце, едниот и другиот реализираат многу проекти. Кај Диме бевме заедно со Јоцо на отворање на една градинка, улици, канализација, водовод, навистина импозантни работи, од ништо нешто прават овие луѓе. И навистина е гордост да се разговара со тоа колкав мотив и елан имаат и едниот и другиот во Полог, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е за сите луѓе. ВМРО-ДПМНЕ не ги дели граѓаните по етничка припадност туку сите се наши, сите се наши браќа и сестри, сите се наши сограѓани.

Спасе од Вевчани е навистина мотивиран, тој за жал имаше еден пех, му ги земаа и ингеренциите на Вевчани во образованието , едно училиште и една градинка. Полно е со опструкции, но жилав е Спасе, тој работи колку може и инвестира во Вевчани. Така ќе продолжи да работи, порача Мицкоски.

Мицкоски објасни дека градоначалникот на Велес имаше исклучително квалитетно организирана Питијада, но покрај таа манифестација има многу проекти реализирано за граѓаните на Велес. Пред некој ден забележал дека е започната изведбата на кејот на реката Вардар, тој проект за велешани е значаен, тоа беше еден од капиталните инвестиции.

The post Мицкоски за градоначалниците: Со реализација на проектите и со чесното работење ја вратија изгубената надеж кај граѓаните, продолжуваат уште похрабро и помотивирано appeared first on Република.

]]>

365 дена навистина беа предизвикувачки, 365 дена континуирано бевме на линија и разговаравме со градоначалниците кои се избрани на оној историски резултат на локалните избори минатата година бидејќи ниту една политичка коалиција во минатото од такво нешто од опозиција на опозиција не направила, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на заклучоците од политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина“ и ја поздрави работата на градоначалниците изминатата година.
Тука пред мене гледам двајца градоначалници кои што имаат исто презиме, Ристов, едниот Златко, другиот Ацо, едниот од Конче, другиот од Радовиш. Но, и двајцата генерално  успешни изминатата година, Ацо отиде и чекор понатаму веќе полека но сигурно започнува со проектот на пазарот, нешто што е огромен капитален проект во Радовиш. Веќе го одмина делот за обезбедување на финансиски средства и јас се надевам дека оваа градежна сезона проектот ќе започне со реализација, што ќе значи многу за радовишани. Исто така и другиот Ристов, односно Златко од соседната општина Конче направи многу проекти кои што поврзуваат многу населени места, додаде Мицкоски.
За работењето на градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, Мицкоски нагласи дека и покрај блокираната сметка на општината Пецаков успеал да реализира голем број на проекти.
Пецак тука се фаќа за главата, но има зошто, многу маки, многу проблеми, блокирана општина. Но изминатиот викенд бевме во Охрид и разговаравме, неколку капитални проекти се веќе во фаза на прогрес меѓу кој е и примарната водоводна мрежа која што ја прави во населеното место Лескоец. Исклучително квалитетен проект бидејќи за прв пат се обезбедува водоснабдување на вода на жителите, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски нагласи дека од работата на градоначалниците се чувствува позитивната атмосфера, а тоа се отсликува и на мерењето на јавното мислење на граѓаните.
Тука е и Александар од Пехчево, туку е Димче од Македонска Каменица. Кај Александар малку ситуацијата во Пехчево не е така сјајна затоа што наследи големи долгови и обврски, но се бори тој е храбар и чесен. Со Димче разговараме и во Македонска Каменица еден голем спортски центар е готов, па во периодт кој што следи ќе го пуштиме во употреба, изјави тој.
Го гледам Боби од Гази Баба и Александар од Ѓорче. На дневна основа работата и можам да кажам дека стотици и стотици проекти или се веќе завршени или се во процес на завршување, улици, канализации и мислам дека таа една позитивна атмосфера која што владее се чувствува и во Ѓорче и во Гази Баба, а впрочем тоа и го кажуваат и граѓаните на анкетите на јавното мерење, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски го пофали работењето на Тони Коњановски градоначалник од Битола, за кој како што рече повеќе од 75 проценти до сега од буџетот во Битола предвиден за капиталните проекти е завршен.
Докторот Тони од Битола изминатата година дена направи голем пресврт во реализација на проектите, повеќе од 75 проценти до сега буџетот во Битола предвиден за капиталните проекти веќе е завршен. Очекуваме да надмине бројката над 80 па и 90 проценти. Повеќе од 65 проекти се спремни за следната година, имаме план во општината како да ги реализираат, изјави Мицкоски. Јовче од Ресен се мачи со блокираната сметка но тој е храбар, мотивиран, многу проекти заврши и во периодот кој што следи исто така заедно размислуваме за неколку проекти кои што ќе бидат завршени во Ресен. Има капитален проект кој што се надеваме дека нема да има опструкции во министерството за животна средина и ќе може да се реализира. А, со тоа и дополнителни 18, 19, 20 милиони евра ќе бидат инвестирани во Ресен и Ресен ќе биде навистина прекрасен онаков каков што заслужува. Бидејќи многу е значаен и за Македонија, но и за ВМРО во историска смисла на зборот, но и за ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, истакна Мицкоски.
Тој исто така го посочи и  градоначалникот од Демир Хисар кој што се мачи и има проблеми со мнозинството во Советот, но мотивиран е и храбар, реализира проекти во согласност со своите можности како Буџет во Општината. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е убеден дека во периодот кој што следи и таму ќе бидат завршени многу проекти. Тука се двата исто така полошки градоначалници, Јоцо од Брвеница и Диме од Јегуновце, едниот и другиот реализираат многу проекти. Кај Диме бевме заедно со Јоцо на отворање на една градинка, улици, канализација, водовод, навистина импозантни работи, од ништо нешто прават овие луѓе. И навистина е гордост да се разговара со тоа колкав мотив и елан имаат и едниот и другиот во Полог, појасни Мицкоски. Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е за сите луѓе. ВМРО-ДПМНЕ не ги дели граѓаните по етничка припадност туку сите се наши, сите се наши браќа и сестри, сите се наши сограѓани.
Спасе од Вевчани е навистина мотивиран, тој за жал имаше еден пех, му ги земаа и ингеренциите на Вевчани во образованието , едно училиште и една градинка. Полно е со опструкции, но жилав е Спасе, тој работи колку може и инвестира во Вевчани. Така ќе продолжи да работи, порача Мицкоски.
Мицкоски објасни дека градоначалникот на Велес имаше исклучително квалитетно организирана Питијада, но покрај таа манифестација има многу проекти реализирано за граѓаните на Велес. Пред некој ден забележал дека е започната изведбата на кејот на реката Вардар, тој проект за велешани е значаен, тоа беше еден од капиталните инвестиции.

The post Мицкоски за градоначалниците: Со реализација на проектите и со чесното работење ја вратија изгубената надеж кај граѓаните, продолжуваат уште похрабро и помотивирано appeared first on Република.

]]>
Ристески: Централната власт ја уназадува Македонија, потребни се промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/risteski-centralnata-vlast-ja-unazaduva-makedonija-potrebni-se-promeni/ Sun, 06 Nov 2022 13:48:57 +0000 https://republika.mk/?p=570374

На саемот на промените што носат иднина се обрати Марјан Ристески претседателот на републичката комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ кој се осврна на процесот на децентрализација и предизвиците кои овој процес ги носи со себе. Според него најдобра соработка на локалната со централната власт била во периодот од 2006 до 2016 година.

Се забрзаа процесите на децентрализација во тој период, се трансферираа многу повеќе средства од централно на локално ниво, процент од ДДВ, префрлање на надлежноста за данокот на имот на локалните самоуправи, персоналниот данок дел од концесиите итн. За прв пат тогаш се донесе законот за рамномерен регионален развој, се донесоа и планските региони и започна да се инвестира во сите општини без разлика на која политичка опција припаѓаат, реализација на капитални проекти и поддршка од тогашната централна власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ на битни проекти за развојот на општините, вели Ристески.

Тој дополни дека во тој период ЗЕЛС одиграл активна улога во таканаречената борба помеѓу централната и локалната власт и успеале да реализираат многу проекти кои денес ги уживаат локалните самоуправи. Според него тој период ЗЕЛС била многу поактивна и ја повика Арсовска да биде многу поактивна.

Ристески посочи дека општините кои ги наследиле градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ биле презадолжени, оптеретени со непотребни партиски вработувања, немале значајни проекти и капитални инвестиции, без соодветни ДУПови, многу сомнителни тендери и обструкции од власта кои јасно се нотирани во последниот извештај на ЕК, односно е нотирано дека има забавена децентрализација во Република Македонија.

Денес имаме заробена држава од страна на СДСМ И ДУИ, власт која опстојува неколку години и ја уназади Република Македонија неколку години во секој поглед, во овој период како што нагласив соработката помеѓу централна и локална власт е на ниско ниво и потребно е што побрзо предвремени парламентарни избори на кои ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи незадоволството кај граѓаните е огромно, нагласи тој.

The post Ристески: Централната власт ја уназадува Македонија, потребни се промени appeared first on Република.

]]>

На саемот на промените што носат иднина се обрати Марјан Ристески претседателот на републичката комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ кој се осврна на процесот на децентрализација и предизвиците кои овој процес ги носи со себе. Според него најдобра соработка на локалната со централната власт била во периодот од 2006 до 2016 година.
Се забрзаа процесите на децентрализација во тој период, се трансферираа многу повеќе средства од централно на локално ниво, процент од ДДВ, префрлање на надлежноста за данокот на имот на локалните самоуправи, персоналниот данок дел од концесиите итн. За прв пат тогаш се донесе законот за рамномерен регионален развој, се донесоа и планските региони и започна да се инвестира во сите општини без разлика на која политичка опција припаѓаат, реализација на капитални проекти и поддршка од тогашната централна власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ на битни проекти за развојот на општините, вели Ристески.
Тој дополни дека во тој период ЗЕЛС одиграл активна улога во таканаречената борба помеѓу централната и локалната власт и успеале да реализираат многу проекти кои денес ги уживаат локалните самоуправи. Според него тој период ЗЕЛС била многу поактивна и ја повика Арсовска да биде многу поактивна. Ристески посочи дека општините кои ги наследиле градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ биле презадолжени, оптеретени со непотребни партиски вработувања, немале значајни проекти и капитални инвестиции, без соодветни ДУПови, многу сомнителни тендери и обструкции од власта кои јасно се нотирани во последниот извештај на ЕК, односно е нотирано дека има забавена децентрализација во Република Македонија.
Денес имаме заробена држава од страна на СДСМ И ДУИ, власт која опстојува неколку години и ја уназади Република Македонија неколку години во секој поглед, во овој период како што нагласив соработката помеѓу централна и локална власт е на ниско ниво и потребно е што побрзо предвремени парламентарни избори на кои ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи незадоволството кај граѓаните е огромно, нагласи тој.

The post Ристески: Централната власт ја уназадува Македонија, потребни се промени appeared first on Република.

]]>
Отчет на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од Источниот регион: Речиси секој втор ден се почнува нов проект https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otchet-na-gradonachalnicite-od-vmro-dpmne-od-istochniot-region-rechisi-sekoj-vtor-den-se-pochnuva-nov-proekt/ Sun, 06 Nov 2022 13:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=570366

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на вториот ден од политичкиот „Саем на промените што носат иднина“, на трибината Промени што носат иднина во источниот регион изјави дека со преземање на функцијата од претходниот градоначалник од редовите на СДСМ затекнал долг поголем од основниот буџет на општина Штип, како и застарени ненаплатени побарувања, но преку одговорно и домаќинско работење успеал само за една година да го намали јавниот долг и вратил еден милион евра на министерството за финансии.

Како и во сите други општини, имавме јавен долг пред се на јавните комунални претпријатија кој што изнесуваше колку што е основниот буџет на општина Штип. Нешто кое што со години не се сервирсирало и кое што започнавме како локална власт на месечно ниво да го сервисираме и да го враќаме тој јавен долг и можам да кажам за година дена успеавме да вратиме 1 милион евра кон Министерството за финансии, како прва локална власт која што направила исчекор кон намалување на долгот кој што бил генериран во годините наназад. Она кое што е специфично за Штип а го наследивме е застарени ненаплатени побарувања, а тоа е карактеристично за неодговорна локална власт затоа што не успеале да ги наплатат и основните приходи кои што ги следуваат, и следствено на тоа затоа немало резултати, изјави Јорданов.

Во однос на тоа што сработил изминатите 365 дена како градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Јорданов нагласи дека ова е историска година по процентот на реализирани капитални инвестиции во општината, потенцирајќи дека се реализирале 125 проекти, односно ако се одземат месеците која е забранета градежната сезона, тогаш како што рече Јорданов би значело започнување со реализација или реализиран проект на секој или преку еден ден.

Во вкупен износ, дефинитивно ова е историска година по процентот на реализирани капитални инвестиции во општина Штип. Во енергетска криза успеавме парите кои ги прибираме по основ на даноци да ги вратиме кај граѓаните во форма на капитални инвестиции, во подобрување на инфраструктурата. По број на проекти реализирани се 125 проекти, ако се одземат месеците кои што практично е забранета градежната сезона, тоа би значело дека секој ден или преку еден ден имаме реализирано или започнато со реализација на некој проект кој што сега генерира развој на општина Штип. Ако јас се прашувам дали е доволно и дали може подобро, секако дека може уште подобро, бидејќи не е ова најдоброто од нас, вели тој.

Јас сум убеден дека со подобро планирање и на приходната и на расходната страна во годините кои што следуваат ќе бидат попрепознатливи во насока на тоа, а секако и во насока на генерирање на развој на општината и поголема реализација на капитални проекти сме во завршна фаза на долго најавуваниот и очекуваниот Генерален урбанистички план во општина Штип кој што практично ќе овозможи развој на општината и зголемување на приходната страна на буџетот а со кој што ќе можеме да реализираме проекти со кој што ќе го задржиме приматот дека сме административен, образовен и културен центар на Истокот на Македонија, вели Јорданов.

Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани се осврна на проблемите кои ги затекна во општината кога ја презеде функцијата.

Имаше 10 судски предмети каде општината беше во улога на тужител, 12 судски предмети каде општината беше тужена, а во еден предмет имаше сериозни финансиски импликации по општината, потоа имавме проблеми со подмирување на трошоци за електрична енергија затоа што имавме најава за раскинување на договорите со економските оператори, а затекнавме високи сметки во комуналното јавно претпријатие кои само за три месеци изнесуваа 800 илјади евра, рече Папазов.

Тој се осврна и на спроведените проекти, односно реконструкција на градски парк, реконструкција на лавниот цевковод, како и изградба на фекална и атмосферска канализација во вредност од 77 милиони денари.

Продолживме со реализација на реконструкција на градскиот парк во висина на 43 милиони денари, во делот на комуналната инфраструктура го реконструиравме главниот цевковод во должина од 2.200 метри до вредност од околу 44 милиони денари, работиме на нова препумпна станица за точките во кои кога има интензивна потрошувачка на вода им овозможуваме постојано да има вода, изградба на фекална и атмосферска канализација во вредност од 77 милиони денари во должина од 5,5 километри со што го заокружуваме процесот на вклучување на сите населени места кон пречистителната станица, соопшти Папазов.

Градоначалникот на општина Зрновци, Борчо Коцевски истакна дека уште пред преземањето на функцијата градоначалник на Зрновци заедно до граѓаните беше изготвена една обемна програма со предвидени околу стотина проекти и решенија кои веднаш по стапување на функција се започна со изготвување на проектни документации и реализација на истите.

За 365 дена во делот на патната инфраструктура успеавме да асфалтираме 3 улици и три улици се во фаза на асфалтирање во периодот кој следи, во висина од над 6 милиони денари. Во комуналната инфраструктура, односно водовод и канализација, околу 5 ипол милиони денари со што на еден начин со ова вложување решаваме повеќедецениски проблеми, односно постојано водоснабдување во село Мородвис. На пролет започнуваме со изградба на брана зафат во село Видовиште и во село Мородвис со дополнителни резервари за водоснабдување, изготвени се проектни документации во делот на изградба на спортски терени, проект од околу 6 ипол милиони денари. Бетонирани се и уредени тротоари на најфреквентните улици со што е зголемена и безбедноста на самата општина. Изградена е автобуска постојка по долги години барања од страна на граѓаните, вложуваме во делот на културата преку организирање на културни манифестации и е завршена реконструкција на дом во село Мородвис во висина од 2 милиона и 200 илјади денари, реновирана е сала во општинската зграда, истакна меѓу другото Коцевски.

Александар Китански, градоначалник на општина Пехчево пред присутните истакна дека и тој ја затекнал со блокирана сметка и големи долгови од страна на неговиот претходниот од редовите на СДСМ.

Како градоначалник кога стапив на функција општината ја затекнав како затворена, блокирана сметка и големи долгови. По една година сето ова е сменето, општината е во функција на граѓаните, не благодарение само на мене, голема благодарност и до сите вработени во општина Пехчево. Работиме тимски и заедно за општината да биде отворена за сите луѓе, така и функционираме, ги решаваме проблемите на луѓето и општината е отворена за секој еден кој има проблем и да можеме да го решиме, рече Китански.

Градоначалникот Китански се осврна и на тоа што тој направил за општина Пехчево каде наброја дел од многуте проекти кои ги има направеноизминатите 365 дена.

И покрај големата криза и долговите на општината со труд заедно со општинската администрација успеавме да реализираме неколку проекти. Четири години немаше извршено санација на дупките во градот. Формиравме противпожарно друштво по ланските пожари. Реализиравме проекти за расчистување на селските патишта до земјоделските површини, луѓето не можеа да си дојдат до обработливите површини, извршивме реконструкција на неколку улици. Имавме проблем со индустриска улица, која е готова 5-6 месеци документите се заглавени во Министерството за транспорт и врски. Се обративме до Министерството за транспорт и врски но не добивме повратен одговор каде е проблемот, зошто и сеуште не се почнува со изградба на таа улица, а имаме готова и комплетна документација, кажа Китански.

Димчо Атанасовски, градоначалник на Општина Македонска Каменица посочи дека најголем доказ дека неговиот претходник не работел во општина како што треба е тоа што тој сега е градоначалник, затоа што ако работел ќе бил повторно избран од граѓаните.

Атанасовски се осврна на реализираните проекти во изминатата година од неговото доаѓање на градоначалничката функција, имаат асфалтирано околу осум километри улици и патишта во вредност од околу 36 милиони евра и дека водоводната и канализационата мрежа во централното градско подрачје е завршена и сега се посветуваат во урбанизирање на руралните населени места, но и дека посебно внимание посветуваат на образованието, спортот, културата вложувајќи сериозни финансиски средства како и во човечките ресурси зголемувајќи ги платите за вработените во администрацијата и јавните претпријатија.

Од областа на инфраструктурата на патишта, улици и канализации до сега имаме реализирано околу осум километри асфалтна површина на улици во вредност од околу 36 милиони денари. Водоводната мрежа и канализација во централното подрачје на Македонска Каменица е финиширано, што значи дека сега веќе се посветуваме на руралните средини. Посветуваме големо внимание на спортската област, каде што ние како општина ги помагаме клубовите со некаде околу шест милиони денари, во областа на културата помагаме со средства од околу 5,4 милиони денари. Вложуваме во образованието. Едни од нај големите за нас проекти во оваа година и наредната 2023 година даваме ваучери за прво одделенци во вредност од 3.000 денари, стипендии за средношколците во вредност од 20 илјади денари. Еднократна помош за социјално ранливите категории, зголемување на платите во општинската администрација и во јавното претпријатие и воведување на јубилејни награди во општината, истакна градоначалникот Атанасовски.

Миле Петков, градоначалникот на Виница на трибината Промени што носат иднина за отчет на градоначалниците од источниот регион истакна дека општината ја затекнал со долг од околу 55 милиони денари и празна каса и притисок од доверителите за наплата на своите побарувања, но и покрај бројните проблеми долгот веќе се намалува, а проекти се реализираат.

И покрај сите тешкотии кои ги имавме за една година успеавме да го намалиме долгот на општината за 8 милиони денари и да реализираме голем број на проекти од програмата. Наследивме и презадолжено јавно комунално претпријатие за 23 милиони денари. Општината ја затекнавме без проекти со кои би можеле веднаш да пристапиме кон нивна реализација, затоа искористивме овој период да пристапиме кон изработка на проекти, кои некои се веќе реализирани, некои се во фаза на реализација, а некои ќе се реализираат во следниот период.

Како што нагласи Петков, реализирани се проекти од сите области, изградени и реконструирани улици во повеќе места, доградба на филтер станицата за во Виница, реконструкција на водоводна мрежа во повеќе места, чистење на дивите депонии, а после подолг временски период обезбедено е современо противпожарно возило. Петков додаде дека се работат проекти во градинките и училиштата, а се работи проектна документација за реконструкција на градскиот стадион.

Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов вели дека уште од првиот ден се зафатил со решавање на проблемите на граѓаните и покрај сите предизвици и натрупаните проблеми наследени од претходната власт.

Уште од првиот ден се фативме во теснец со решавањето на натрупаните проблеми кои ги наследивме од претходната власт, наследив блокирана буџетска сметка со 36 милиони денари и 4,5 милиони денари по однос на камати. Ние веднаш побаравме да се направи ревизија на работењето на претходната влас меѓутоа без некое издржано оправдување бевме обвинети од страна на државниот завод за ревизија, но ние не се откажавме тука и со помош на внатрешни и надворешни соработници ние детектиравме предмети каде што имаше сериозни индиции дека има направено отстапки, веќе имаме правно процесно процесуирани предмети но од тоа за жал до ден денес нема никаква разрешница, истакна Ангелов.

Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов посочи и поголем број проекти реализирани во изминатата година.

Воопшто не е лесно да се работи со блокирана сметка но ние и покрај тешката ситуација веднаш стапивме со реализација и решавање на проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Како што се асфалтирање на улици, асфалтиравме 4 улици, 1 булеварско решение во Чешиново исто така поставивме и сообраќајна сигнализација, пристапивме кон чистење на диви депонии, детектиравме проблем дека општината се соочува со недостаток на транспорт за цврст отпад, набавивме ново возило во вредност од 1 милион и 700 илјади денари, акцент ставивме и кон изработка на техничко планска документација бидејќи јас не наследив никаков готов проект. Пристапивме и кон изготвување на урбанистичко планска документација. Се надеваме дека следната година ќе бидеме малку поликвидни за да можеме да се вклопиме во малку попристојно работење, нагласи Ангелов.

Виктор Паунов, градоначалник на општина Карбинци истакна дека неговиот претходник нема сработено ништо во општината. А, тој како сегашен градоначалник има наследено сериозни обврски во Општината, но пред се во јавното претпријатие „Плачковица“ наследил сериозен долг од над 20 милиони денари.

Сериозна обврска ни беше и да го стабилизираме и да го ставиме во функција јавното претпријатие за да не трпат на крајот граѓаните и жителите на општина Карбинци. Имено, за една година до денес успеавме да вратиме некаде над 2 милиони денари од тој голем долг, рече Паунов.

Градоначалникот на општина Карбинци посочи дека во еден период на енергетската криза и еден период на сериозна инфлација тој има сериозни предизвици. Општина Карбинци последните четири години била препознатлива по фактури за репрезентации, фактури кои што ги плаќале во минатото за непродуктивни трошоци, односно над 4 милиони денари се потрошиле пари за кафеани и за репрезентации. Но, во оваа година дена откако е тој градоначалник ниту еден денар не е потрошен за нерационални трошоци, бидејќи такви нерационални трошоци нема да има во општина Карбинци.

Морам да кажам веќе на крајот од оваа година дека над 75% од реализацијата на општинските пари се потрошени во капитални инвестиции или пред се во изградба на проекти кои што ги бараа жителите на општина Карбинци. Овде фокусот ќе го ставам на она што ние го ставивме фокусот, а тоа е патната инфраструктура каде што изградивме и реконструиравме над 5 километри улици во населените места во општина Карбинци. Она што исто така е значително важно, а беше генерален проблем на повеќе населени места е водоснабдувањето на територија на општина Карбинци каде што реализираме веќе и е во завршна фаза проект од 42 милиони денари каде што во 8 населени места практично ќе го решиме проблемот со водоснабдување. Или пак ќе изградиме некаде околу 18 километри цевководи со што понатаму ќе се поврземе со новата филтер станица и хидросистемот Злетовица, појасни тој.

Паунов рече дека го има завршено уште еден проект за водоснабдување, каде што исто така се опфаќа 5 населени места во тој дел, и во вредност од 24 милиони денари.

Имаме безброј проекти кои што навистина ќе го подобрат животот на граѓаните. Овде да го споменам и проектот кој што го добивме со судни маки од државата, а тоа е реконструкцијата на мостот кај селото Долни Балван кај што навистина неочекувано, непланирано се случи да биде оштетен во текот на изминатата година. Така да успеавме дел од средства да обезбедиме или некаде 60% од средствата, а другото ќе биде конфинансирано од Општина Карбинци во вредност од 8 милиони и 900 илјади денари. И тој проект е веќе во завршна фаза. За неполна година успеавме да изработиме проект, да обезбедиме средства и да го реализираме до крајот на оваа календарска година, појасни Паунов.

Тој напомена дека се воведоа и неколку нови мерки во однос на најмладите, за секое ново запишано првоодделенче Општината обезбеди 3.000 денари, како помош на семејството. За секој ново запишан средношколец во прва година Општината исто така обезбеди 3.000 денари. и за секој запишан бруцош во прва година на државните универзитети Општината исто така обезбеди по 3.000 денари како стимул и поддршка за понатаму. Училиштето во општина Карбинци доби униформи за ученици од прво до петто одделение.

Општината Ранковце ја затекнав со околу три милиони денари долг кога ја презедов функцијата и кредит што има 2 пати во годината на 6 месеци по една рата од 825 илјади денари. Откако дојдов на функцијата ги плативме двете рати по 825 илјади денари, изјави Борче Спасовски на денешниот саем на промени.

Тој посочи дека за овие 365 дена успеале да го сервисираат со домаќинско работење и сведување на непродуктивните расходи на минимум и зголемување на приходите од сопствени извори.

Спасовски додаде дека во патната инфраструктура има вложено околу 17 милиони денари, во училиштата околу 7 милиони денари и во водовод и канализација над 35 милиони денари.

Во овие 365 дена ние започнавме 11 големи проекти, од кои завршивме 10 и тоа 6 проекти во патната инфраструктура, 3 проекти водовод и канализација и 2 проекти во 2 основни училишта реконструкција, едното во Село Радибуш не е реконструирано откако е направено од 1940 година, сега е направено како ново. Во Село Герман кровната конструкција е заменета во училиштето, кажа Спасовски.

The post Отчет на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од Источниот регион: Речиси секој втор ден се почнува нов проект appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на вториот ден од политичкиот „Саем на промените што носат иднина“, на трибината Промени што носат иднина во источниот регион изјави дека со преземање на функцијата од претходниот градоначалник од редовите на СДСМ затекнал долг поголем од основниот буџет на општина Штип, како и застарени ненаплатени побарувања, но преку одговорно и домаќинско работење успеал само за една година да го намали јавниот долг и вратил еден милион евра на министерството за финансии.
Како и во сите други општини, имавме јавен долг пред се на јавните комунални претпријатија кој што изнесуваше колку што е основниот буџет на општина Штип. Нешто кое што со години не се сервирсирало и кое што започнавме како локална власт на месечно ниво да го сервисираме и да го враќаме тој јавен долг и можам да кажам за година дена успеавме да вратиме 1 милион евра кон Министерството за финансии, како прва локална власт која што направила исчекор кон намалување на долгот кој што бил генериран во годините наназад. Она кое што е специфично за Штип а го наследивме е застарени ненаплатени побарувања, а тоа е карактеристично за неодговорна локална власт затоа што не успеале да ги наплатат и основните приходи кои што ги следуваат, и следствено на тоа затоа немало резултати, изјави Јорданов.
Во однос на тоа што сработил изминатите 365 дена како градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Јорданов нагласи дека ова е историска година по процентот на реализирани капитални инвестиции во општината, потенцирајќи дека се реализирале 125 проекти, односно ако се одземат месеците која е забранета градежната сезона, тогаш како што рече Јорданов би значело започнување со реализација или реализиран проект на секој или преку еден ден.
Во вкупен износ, дефинитивно ова е историска година по процентот на реализирани капитални инвестиции во општина Штип. Во енергетска криза успеавме парите кои ги прибираме по основ на даноци да ги вратиме кај граѓаните во форма на капитални инвестиции, во подобрување на инфраструктурата. По број на проекти реализирани се 125 проекти, ако се одземат месеците кои што практично е забранета градежната сезона, тоа би значело дека секој ден или преку еден ден имаме реализирано или започнато со реализација на некој проект кој што сега генерира развој на општина Штип. Ако јас се прашувам дали е доволно и дали може подобро, секако дека може уште подобро, бидејќи не е ова најдоброто од нас, вели тој. Јас сум убеден дека со подобро планирање и на приходната и на расходната страна во годините кои што следуваат ќе бидат попрепознатливи во насока на тоа, а секако и во насока на генерирање на развој на општината и поголема реализација на капитални проекти сме во завршна фаза на долго најавуваниот и очекуваниот Генерален урбанистички план во општина Штип кој што практично ќе овозможи развој на општината и зголемување на приходната страна на буџетот а со кој што ќе можеме да реализираме проекти со кој што ќе го задржиме приматот дека сме административен, образовен и културен центар на Истокот на Македонија, вели Јорданов.
Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани се осврна на проблемите кои ги затекна во општината кога ја презеде функцијата.
Имаше 10 судски предмети каде општината беше во улога на тужител, 12 судски предмети каде општината беше тужена, а во еден предмет имаше сериозни финансиски импликации по општината, потоа имавме проблеми со подмирување на трошоци за електрична енергија затоа што имавме најава за раскинување на договорите со економските оператори, а затекнавме високи сметки во комуналното јавно претпријатие кои само за три месеци изнесуваа 800 илјади евра, рече Папазов.
Тој се осврна и на спроведените проекти, односно реконструкција на градски парк, реконструкција на лавниот цевковод, како и изградба на фекална и атмосферска канализација во вредност од 77 милиони денари.
Продолживме со реализација на реконструкција на градскиот парк во висина на 43 милиони денари, во делот на комуналната инфраструктура го реконструиравме главниот цевковод во должина од 2.200 метри до вредност од околу 44 милиони денари, работиме на нова препумпна станица за точките во кои кога има интензивна потрошувачка на вода им овозможуваме постојано да има вода, изградба на фекална и атмосферска канализација во вредност од 77 милиони денари во должина од 5,5 километри со што го заокружуваме процесот на вклучување на сите населени места кон пречистителната станица, соопшти Папазов.
Градоначалникот на општина Зрновци, Борчо Коцевски истакна дека уште пред преземањето на функцијата градоначалник на Зрновци заедно до граѓаните беше изготвена една обемна програма со предвидени околу стотина проекти и решенија кои веднаш по стапување на функција се започна со изготвување на проектни документации и реализација на истите.
За 365 дена во делот на патната инфраструктура успеавме да асфалтираме 3 улици и три улици се во фаза на асфалтирање во периодот кој следи, во висина од над 6 милиони денари. Во комуналната инфраструктура, односно водовод и канализација, околу 5 ипол милиони денари со што на еден начин со ова вложување решаваме повеќедецениски проблеми, односно постојано водоснабдување во село Мородвис. На пролет започнуваме со изградба на брана зафат во село Видовиште и во село Мородвис со дополнителни резервари за водоснабдување, изготвени се проектни документации во делот на изградба на спортски терени, проект од околу 6 ипол милиони денари. Бетонирани се и уредени тротоари на најфреквентните улици со што е зголемена и безбедноста на самата општина. Изградена е автобуска постојка по долги години барања од страна на граѓаните, вложуваме во делот на културата преку организирање на културни манифестации и е завршена реконструкција на дом во село Мородвис во висина од 2 милиона и 200 илјади денари, реновирана е сала во општинската зграда, истакна меѓу другото Коцевски.
Александар Китански, градоначалник на општина Пехчево пред присутните истакна дека и тој ја затекнал со блокирана сметка и големи долгови од страна на неговиот претходниот од редовите на СДСМ.
Како градоначалник кога стапив на функција општината ја затекнав како затворена, блокирана сметка и големи долгови. По една година сето ова е сменето, општината е во функција на граѓаните, не благодарение само на мене, голема благодарност и до сите вработени во општина Пехчево. Работиме тимски и заедно за општината да биде отворена за сите луѓе, така и функционираме, ги решаваме проблемите на луѓето и општината е отворена за секој еден кој има проблем и да можеме да го решиме, рече Китански.
Градоначалникот Китански се осврна и на тоа што тој направил за општина Пехчево каде наброја дел од многуте проекти кои ги има направеноизминатите 365 дена.
И покрај големата криза и долговите на општината со труд заедно со општинската администрација успеавме да реализираме неколку проекти. Четири години немаше извршено санација на дупките во градот. Формиравме противпожарно друштво по ланските пожари. Реализиравме проекти за расчистување на селските патишта до земјоделските површини, луѓето не можеа да си дојдат до обработливите површини, извршивме реконструкција на неколку улици. Имавме проблем со индустриска улица, која е готова 5-6 месеци документите се заглавени во Министерството за транспорт и врски. Се обративме до Министерството за транспорт и врски но не добивме повратен одговор каде е проблемот, зошто и сеуште не се почнува со изградба на таа улица, а имаме готова и комплетна документација, кажа Китански.
Димчо Атанасовски, градоначалник на Општина Македонска Каменица посочи дека најголем доказ дека неговиот претходник не работел во општина како што треба е тоа што тој сега е градоначалник, затоа што ако работел ќе бил повторно избран од граѓаните. Атанасовски се осврна на реализираните проекти во изминатата година од неговото доаѓање на градоначалничката функција, имаат асфалтирано околу осум километри улици и патишта во вредност од околу 36 милиони евра и дека водоводната и канализационата мрежа во централното градско подрачје е завршена и сега се посветуваат во урбанизирање на руралните населени места, но и дека посебно внимание посветуваат на образованието, спортот, културата вложувајќи сериозни финансиски средства како и во човечките ресурси зголемувајќи ги платите за вработените во администрацијата и јавните претпријатија.
Од областа на инфраструктурата на патишта, улици и канализации до сега имаме реализирано околу осум километри асфалтна површина на улици во вредност од околу 36 милиони денари. Водоводната мрежа и канализација во централното подрачје на Македонска Каменица е финиширано, што значи дека сега веќе се посветуваме на руралните средини. Посветуваме големо внимание на спортската област, каде што ние како општина ги помагаме клубовите со некаде околу шест милиони денари, во областа на културата помагаме со средства од околу 5,4 милиони денари. Вложуваме во образованието. Едни од нај големите за нас проекти во оваа година и наредната 2023 година даваме ваучери за прво одделенци во вредност од 3.000 денари, стипендии за средношколците во вредност од 20 илјади денари. Еднократна помош за социјално ранливите категории, зголемување на платите во општинската администрација и во јавното претпријатие и воведување на јубилејни награди во општината, истакна градоначалникот Атанасовски.
Миле Петков, градоначалникот на Виница на трибината Промени што носат иднина за отчет на градоначалниците од источниот регион истакна дека општината ја затекнал со долг од околу 55 милиони денари и празна каса и притисок од доверителите за наплата на своите побарувања, но и покрај бројните проблеми долгот веќе се намалува, а проекти се реализираат.
И покрај сите тешкотии кои ги имавме за една година успеавме да го намалиме долгот на општината за 8 милиони денари и да реализираме голем број на проекти од програмата. Наследивме и презадолжено јавно комунално претпријатие за 23 милиони денари. Општината ја затекнавме без проекти со кои би можеле веднаш да пристапиме кон нивна реализација, затоа искористивме овој период да пристапиме кон изработка на проекти, кои некои се веќе реализирани, некои се во фаза на реализација, а некои ќе се реализираат во следниот период. Како што нагласи Петков, реализирани се проекти од сите области, изградени и реконструирани улици во повеќе места, доградба на филтер станицата за во Виница, реконструкција на водоводна мрежа во повеќе места, чистење на дивите депонии, а после подолг временски период обезбедено е современо противпожарно возило. Петков додаде дека се работат проекти во градинките и училиштата, а се работи проектна документација за реконструкција на градскиот стадион.
Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов вели дека уште од првиот ден се зафатил со решавање на проблемите на граѓаните и покрај сите предизвици и натрупаните проблеми наследени од претходната власт.
Уште од првиот ден се фативме во теснец со решавањето на натрупаните проблеми кои ги наследивме од претходната власт, наследив блокирана буџетска сметка со 36 милиони денари и 4,5 милиони денари по однос на камати. Ние веднаш побаравме да се направи ревизија на работењето на претходната влас меѓутоа без некое издржано оправдување бевме обвинети од страна на државниот завод за ревизија, но ние не се откажавме тука и со помош на внатрешни и надворешни соработници ние детектиравме предмети каде што имаше сериозни индиции дека има направено отстапки, веќе имаме правно процесно процесуирани предмети но од тоа за жал до ден денес нема никаква разрешница, истакна Ангелов.
Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов посочи и поголем број проекти реализирани во изминатата година.
Воопшто не е лесно да се работи со блокирана сметка но ние и покрај тешката ситуација веднаш стапивме со реализација и решавање на проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Како што се асфалтирање на улици, асфалтиравме 4 улици, 1 булеварско решение во Чешиново исто така поставивме и сообраќајна сигнализација, пристапивме кон чистење на диви депонии, детектиравме проблем дека општината се соочува со недостаток на транспорт за цврст отпад, набавивме ново возило во вредност од 1 милион и 700 илјади денари, акцент ставивме и кон изработка на техничко планска документација бидејќи јас не наследив никаков готов проект. Пристапивме и кон изготвување на урбанистичко планска документација. Се надеваме дека следната година ќе бидеме малку поликвидни за да можеме да се вклопиме во малку попристојно работење, нагласи Ангелов.
Виктор Паунов, градоначалник на општина Карбинци истакна дека неговиот претходник нема сработено ништо во општината. А, тој како сегашен градоначалник има наследено сериозни обврски во Општината, но пред се во јавното претпријатие „Плачковица“ наследил сериозен долг од над 20 милиони денари.
Сериозна обврска ни беше и да го стабилизираме и да го ставиме во функција јавното претпријатие за да не трпат на крајот граѓаните и жителите на општина Карбинци. Имено, за една година до денес успеавме да вратиме некаде над 2 милиони денари од тој голем долг, рече Паунов.
Градоначалникот на општина Карбинци посочи дека во еден период на енергетската криза и еден период на сериозна инфлација тој има сериозни предизвици. Општина Карбинци последните четири години била препознатлива по фактури за репрезентации, фактури кои што ги плаќале во минатото за непродуктивни трошоци, односно над 4 милиони денари се потрошиле пари за кафеани и за репрезентации. Но, во оваа година дена откако е тој градоначалник ниту еден денар не е потрошен за нерационални трошоци, бидејќи такви нерационални трошоци нема да има во општина Карбинци.
Морам да кажам веќе на крајот од оваа година дека над 75% од реализацијата на општинските пари се потрошени во капитални инвестиции или пред се во изградба на проекти кои што ги бараа жителите на општина Карбинци. Овде фокусот ќе го ставам на она што ние го ставивме фокусот, а тоа е патната инфраструктура каде што изградивме и реконструиравме над 5 километри улици во населените места во општина Карбинци. Она што исто така е значително важно, а беше генерален проблем на повеќе населени места е водоснабдувањето на територија на општина Карбинци каде што реализираме веќе и е во завршна фаза проект од 42 милиони денари каде што во 8 населени места практично ќе го решиме проблемот со водоснабдување. Или пак ќе изградиме некаде околу 18 километри цевководи со што понатаму ќе се поврземе со новата филтер станица и хидросистемот Злетовица, појасни тој.
Паунов рече дека го има завршено уште еден проект за водоснабдување, каде што исто така се опфаќа 5 населени места во тој дел, и во вредност од 24 милиони денари.
Имаме безброј проекти кои што навистина ќе го подобрат животот на граѓаните. Овде да го споменам и проектот кој што го добивме со судни маки од државата, а тоа е реконструкцијата на мостот кај селото Долни Балван кај што навистина неочекувано, непланирано се случи да биде оштетен во текот на изминатата година. Така да успеавме дел од средства да обезбедиме или некаде 60% од средствата, а другото ќе биде конфинансирано од Општина Карбинци во вредност од 8 милиони и 900 илјади денари. И тој проект е веќе во завршна фаза. За неполна година успеавме да изработиме проект, да обезбедиме средства и да го реализираме до крајот на оваа календарска година, појасни Паунов.
Тој напомена дека се воведоа и неколку нови мерки во однос на најмладите, за секое ново запишано првоодделенче Општината обезбеди 3.000 денари, како помош на семејството. За секој ново запишан средношколец во прва година Општината исто така обезбеди 3.000 денари. и за секој запишан бруцош во прва година на државните универзитети Општината исто така обезбеди по 3.000 денари како стимул и поддршка за понатаму. Училиштето во општина Карбинци доби униформи за ученици од прво до петто одделение.
Општината Ранковце ја затекнав со околу три милиони денари долг кога ја презедов функцијата и кредит што има 2 пати во годината на 6 месеци по една рата од 825 илјади денари. Откако дојдов на функцијата ги плативме двете рати по 825 илјади денари, изјави Борче Спасовски на денешниот саем на промени.
Тој посочи дека за овие 365 дена успеале да го сервисираат со домаќинско работење и сведување на непродуктивните расходи на минимум и зголемување на приходите од сопствени извори. Спасовски додаде дека во патната инфраструктура има вложено околу 17 милиони денари, во училиштата околу 7 милиони денари и во водовод и канализација над 35 милиони денари.
Во овие 365 дена ние започнавме 11 големи проекти, од кои завршивме 10 и тоа 6 проекти во патната инфраструктура, 3 проекти водовод и канализација и 2 проекти во 2 основни училишта реконструкција, едното во Село Радибуш не е реконструирано откако е направено од 1940 година, сега е направено како ново. Во Село Герман кровната конструкција е заменета во училиштето, кажа Спасовски.

The post Отчет на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од Источниот регион: Речиси секој втор ден се почнува нов проект appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Меѓународните организации и партнери се голема поддршка за општините, помогнаа во реализација на голем број проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-megjunarodnite-organizacii-i-partneri-se-golema-poddrshka-za-opshtinite-pomognaa-vo-realizacija-na-golem-broj-proekti/ Sun, 06 Nov 2022 12:15:26 +0000 https://republika.mk/?p=570344

Албан Зогај, заменик градоначалник на Приштина на вториот ден од политичкиот „Саем на промените што носат иднина“, на трибината Локална самоуправа и меѓународната соработка – искуства, предизвици и перспективи потенцираше дека меѓународната соработка има важно место во агендата на општина Приштина.

Имаме големо искуство а има и големо присуство на донаторите, односно меѓународни финансиски институции. Оттука ќе споменам неколку активности како онаа со Светска банка од каде имаме грант од 100 милиони евра за да почне обновување на зелените површини, со ЕБРД имаме проект за енергетска ефикасност од 6 милиони евра, со УСАИД работиме на милениумските предизвици како изградба на соларни панели, рече Зогај укажувајќи дека во процесот на соработката треба да се стави акцент и на соработка меѓу градовите.

Има простор да развиваме соработка со Тирана, Скопје, Подгорица со овие градови д регионот имаме слични предизвици, вели Зогај.

Александар Спасеновски, универзитетски професор посочи дека овој настан е еден добар потег и е во насока на зголемување на отчетноста, транспарентноста и професионалниот однос кој што треба да го имаат политичките партии кон граѓаните.

Како професор по предметот локална самоуправа навистина би сакал да го поздравам овој настан заради тоа што секако тоа претставува начин како меѓународни, светски трендови поврзани со менаџирањето на општините и соодносот на политичките партии кон гласачите треба да се случуваат и се случуваат во нашата држава односно во Република Македонија. Искрено верувам дека од овој настан ќе произлезат интересни идеи и мислам дека ова ќе претставува еден добар потег во насока на зголемување на отчетноста на транспарентноста, на професионалниот однос кој што треба да го имаат политичките партии кон граѓаните кои ги избираат нив гласајќи за нивните кандидати на локалните, парламентарните и на претседателските избори, рече професорот Спасеновски.

Професорот Спасеновски во текот на своето обраќање потенцираше дека ветувањата и отчетноста се две категории кои постојано треба да бидат присутни во политиката.

Ветувањата и отчетноста се две категории кои постојано треба да бидат присутни во политиката. Ветувањата се збирот на проектите и збирот на јавно искажаните зборови кои политичарите ги имаат соопштено и ги имаат кажано, се имаат претставено со нив пред граѓаните. Но, отчетноста од друга страна го претставува односот на градоначалниците во случајот кон дадените ветувања за време на изборите. Доколку се навраќаме на ветувањата тоа зборува и за нашиот однос кон граѓаните и за нашата цел да бидеме отчетни носители на јавни функции кои што имаат заложба, интерес имаат цел нивниот мандат да не заврши на истекот од четвртата година, туку да продолжи во следните 4 години бидејќи со еден таков коректен разумен демократски однос кон своите граѓани, носителите на јавни функции, избраните функционери, градоначалниците на нашата држава ги стекнуваат најголем дел од претпоставките да бидат прифатени од страна на граѓаните како коректни носители на јавна функција односно како личности кои ја правдаат довербата дадена на изборите заради тоа што имале однос кон граѓаните и заради тоа што исполниле ветувања, кажа професорот Спасеновски.

Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека новата генерација на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ започнаа да ја менуваат таа една стигма која што беше поврзана со меѓународните односи и локалната самоуправа, каде што тој процес се сметаше само на патувања каде што имаше многу сликање и многу поздравување, а ништо суштински не се правеше. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ меѓународната политика низ призмата на локалната самоуправа започнаа да ја прифаќаат како еден концепт каде што се реализираат опипливи проекти во интерес на граѓаните.

Јас би сакал да издвојам неколку примери што ние ги имаме, првиот ни е тоа што го спомена господинот Спасеновски, едниот од столбовите на мојата кампања беше Аеродром – Општина со нула корупција. Ние не очекуваме дека тоа ќе го решиме во период од еден месец, една година, тоа е процес кој што бара време, кој што бара промена на организационата култура во рамките на една општина. Но, ние уште од првиот ден во соработка со нашиот партнер Конрад Аденауер, и правниот факултет „Јустинијан Први“ опфаќајќи и меѓународна организација, но е и институција која што има огромен број на експерти кои што ја познаваат оваа проблематика, почнавме да преземаме конкретни чекори. Прво ја градиме јавната свест дека имаме проблем со корупција, кој што мора да се реши. Второ подготвуваме документи кои што на нас како Општина ни укажуваат каде ни се ризик факторите, работиме со експертите од гледна точка на обука на администрацијата и се случи еден таков процес. И доаѓа моментот каде што ние како Општина почнуваме да ги применуваме насоките и препораките дадени од страна на експертите. Со очекување дека во еден мандат ќе има значително подобрување и во перцепцијата за корупција, но и за самата борба против корупција, појасни Муцунски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во последната година може да се слушнат многу ставови, многу граѓани кои што имаат еден или друг став за работењето на градоначалниците, но никаде не се слушна дека има корупција или да се докаже постоење на корупција.

Втор проект кој што би го истакнал преку нашата соработка со ЕУ во третиот месец од мојот мандат потпишав договор заедно со делегацијата на ЕУ, но и со амбасадата на Швајцарија за финансирање на проектот за над 800.000 евра во делот на рециклирањето, во делот на управувањето со отпадот. Веќе почнуваме со имплементација на тој проект, првите локации каде што ќе можат граѓаните да пристапат кон нив за да се стимулира тој процес на рециклирање, веќе ќе отпочне со функционирање во следните неколку месеци. Што значи почнуваме да се движиме кон тие европски стандарди и европски теркови без притоа ниту едно евро искористено од страна на нашиот општински буџет. Проект целосно финансиран од ЕУ и од Владата на Швајцарија, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека третиот проект кој што сака да го сподели денеска е процесот на дигитализација на Општината. Се направи апликација М – заедница Аеродром, која што беше на точно нула денари исто така трошок на Буџетот на граѓаните на Аеродром. Таа апликација беше подготвена и одржувана од страна на невладина организација Блинк 42-21, но притоа таа организација најголем дел од своите средства за реализација на ваквиот проект ги црпи токму од организацијата ИРИ која е партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Мора да го менуваме вредносниот систем во локалната политика. И мораме да направиме се што е возможно нашите контакти меѓународни да ги искористиме за да на граѓаните им обезбедиме подобар живот и ќе повторам да реализираме опипливи проекти во нивен интерес, заклучи Муцунски.

Даниел Браун, официјалниот претставник на фондацијата Конрад Аденауер преку видео обраќање ја поздрави идејата за организирање на политички саем и се осврна на работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во изминатата година.

Тие истуркаа многу проекти, иако знаеме дека има уште многу кон што треба да се насочи вниманието, рече тој.

Браун дополнително ги потенцираше предизвиците кои енергетската криза ги носи со себе и ја реафирмираше соработката помеѓу фондацијата и ВМРО-ДПМНЕ.

Ние, како Фондација Конрад Аденауер, цело време нудиме поддршка со нашите активности на тоа ниво и можете да сметате на нас дека и во иднина ќе бидеме ваши лојални и блиски партнери, со цел да му помогнеме на нашето семејство од Европската народна партија, на нашите градоначалници тука во македонската држава, како и во Косово и на други места во регионот, за да можат да се развиваат и да бидат успешни во справувањето со заедничките политички предизвици и задачи во иднина, посочи Браун.

Пред присутните се обрати и Илина Мангова, програмски директор на ИРИ, која истакна дека Меѓународниот републикански институт ИРИ во Македонија долги години ја следи работата на политичките партии и владата и од пред 5 години повеќе внимание обрнува и на локалната самоуправа и тоа е со цел да се информираат органите на национално и локално ниво и партиите за она што граѓаните го идентификуваат како проблем.

Таа посочи дека направено е огромно истражување во 18 општини со 21 фокус група во 2021 година и тоа што го пред изборите го забележале е дека задоволството или незадоволството на граѓаните тргнува од начинот на кој ги доживуваат градоначалниците, локална самоуправа и тоа е низ една рамка која не е дискутирана на политичко ниво, Односно на начинот на кој градоначалниците се однесуваат и на начинот на кој ги носат резултатите.

Однесувањето на градоначалниците и општинската администрација луѓето го ценат ако е транспарентно отчетно и доколку комуникацијата е двонасочна. Многу често комуникацијата е промотивна, еднонасочна, граѓаните не знаат до кого да се обратат и да им ги реши проблемите. Затоа сакам да ги поздравам воведувањето на М заедница во Аеродром и Кочани и други општини, и овој начин на континуирана комуникација носи впечаток дека општината се грижи за нив и дека општината ќе им возврати. Кога сме кај видливи резултати, она што им прави разлика на граѓаните е кога ќе прошетаат низ општината да видат промени од тоа што е претходно и да има системски решенија и дека интервенцијата не е за една година или 4 години туку на долгорочно ниво, рече Мангова.

Како последен говорник на денешната трибина се обрати Стефан Андоновски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ кој посочи дека заклучокот од изминатата една година локална е дека и без потпишување на штетни национални договори може да се гради силна соработка со општините помеѓу државите.

Имам еден политички заклучок после година дена на општините, а тоа е дека и без потпишување на штетни национални договори можете да градите силна соработка со општините помеѓу државите. И тоа единствено можете да го направите со многу работа. Имено меѓу првите совети кои што ги дадовме на идните тогаш градоначалници на една политичка академија организирана од Конрад Аденауер само на неколку дена пред почетокот на кампањата за локалните избори беше досадувајте им на нашите меѓународни партнери со проекти, со идеи и концепти за во иднина. И тој совет некако како веднаш да се реплицираше после преземањето на власта во општините и градоначалниците и нивните тимови веднаш започнаа со реализација внатрешна, екипирање на секторите, но и самите градоначалници. И одеднаш ги гледате на сите буквално настани организирани во Македонија, присутни минимум тројца, четворица градоначалници од различни региони, трчаат бараат помош и поддршка и од меѓународните организации и од странските амбасади во Македонија затоа што ќе признаете дека таа соработка постоела, била присутна, средствата стоеле, но во голема мера не биле реализирани или соработката не била во пракса воспоставена, или не била во корист на граѓаните, обајсни Андоновски.

Меѓународниот секретар Андоновски кој е и член во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ апелираше градот Скопје да го продолжи проектот ЕУ за општинита, бидејќи како што рече информациите говорат дека во последните шест истиот е запрен.

Многу се важни две фази, едната е да ги продолжите проектите кои што биле започнати, но за волја на вистината малку, или проектите за кои што веќе сте добиле финансирање и тука би сакал да ги пофалам градоначалниците, бидејќи во програмата ЕУ за општините во која што учествуваат четири или пет општини кои во моментот се раководени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ засилена е соработката, се реализираат тие проекти. Би сакал да апелирам и за другите градоначалници, а тука особено ќе си земам за право како член на Советот на Град Скопје за скопскиот проект ЕУ за општините, да апелирам да се продолжи проектот да не се запира, затоа што информациите за жал говорат дека во последните шест, седум месеци е запрен, изјави тој.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Меѓународните организации и партнери се голема поддршка за општините, помогнаа во реализација на голем број проекти appeared first on Република.

]]>

Албан Зогај, заменик градоначалник на Приштина на вториот ден од политичкиот „Саем на промените што носат иднина“, на трибината Локална самоуправа и меѓународната соработка – искуства, предизвици и перспективи потенцираше дека меѓународната соработка има важно место во агендата на општина Приштина.
Имаме големо искуство а има и големо присуство на донаторите, односно меѓународни финансиски институции. Оттука ќе споменам неколку активности како онаа со Светска банка од каде имаме грант од 100 милиони евра за да почне обновување на зелените површини, со ЕБРД имаме проект за енергетска ефикасност од 6 милиони евра, со УСАИД работиме на милениумските предизвици како изградба на соларни панели, рече Зогај укажувајќи дека во процесот на соработката треба да се стави акцент и на соработка меѓу градовите. Има простор да развиваме соработка со Тирана, Скопје, Подгорица со овие градови д регионот имаме слични предизвици, вели Зогај.
Александар Спасеновски, универзитетски професор посочи дека овој настан е еден добар потег и е во насока на зголемување на отчетноста, транспарентноста и професионалниот однос кој што треба да го имаат политичките партии кон граѓаните.
Како професор по предметот локална самоуправа навистина би сакал да го поздравам овој настан заради тоа што секако тоа претставува начин како меѓународни, светски трендови поврзани со менаџирањето на општините и соодносот на политичките партии кон гласачите треба да се случуваат и се случуваат во нашата држава односно во Република Македонија. Искрено верувам дека од овој настан ќе произлезат интересни идеи и мислам дека ова ќе претставува еден добар потег во насока на зголемување на отчетноста на транспарентноста, на професионалниот однос кој што треба да го имаат политичките партии кон граѓаните кои ги избираат нив гласајќи за нивните кандидати на локалните, парламентарните и на претседателските избори, рече професорот Спасеновски.
Професорот Спасеновски во текот на своето обраќање потенцираше дека ветувањата и отчетноста се две категории кои постојано треба да бидат присутни во политиката.
Ветувањата и отчетноста се две категории кои постојано треба да бидат присутни во политиката. Ветувањата се збирот на проектите и збирот на јавно искажаните зборови кои политичарите ги имаат соопштено и ги имаат кажано, се имаат претставено со нив пред граѓаните. Но, отчетноста од друга страна го претставува односот на градоначалниците во случајот кон дадените ветувања за време на изборите. Доколку се навраќаме на ветувањата тоа зборува и за нашиот однос кон граѓаните и за нашата цел да бидеме отчетни носители на јавни функции кои што имаат заложба, интерес имаат цел нивниот мандат да не заврши на истекот од четвртата година, туку да продолжи во следните 4 години бидејќи со еден таков коректен разумен демократски однос кон своите граѓани, носителите на јавни функции, избраните функционери, градоначалниците на нашата држава ги стекнуваат најголем дел од претпоставките да бидат прифатени од страна на граѓаните како коректни носители на јавна функција односно како личности кои ја правдаат довербата дадена на изборите заради тоа што имале однос кон граѓаните и заради тоа што исполниле ветувања, кажа професорот Спасеновски.
Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека новата генерација на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ започнаа да ја менуваат таа една стигма која што беше поврзана со меѓународните односи и локалната самоуправа, каде што тој процес се сметаше само на патувања каде што имаше многу сликање и многу поздравување, а ништо суштински не се правеше. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ меѓународната политика низ призмата на локалната самоуправа започнаа да ја прифаќаат како еден концепт каде што се реализираат опипливи проекти во интерес на граѓаните.
Јас би сакал да издвојам неколку примери што ние ги имаме, првиот ни е тоа што го спомена господинот Спасеновски, едниот од столбовите на мојата кампања беше Аеродром – Општина со нула корупција. Ние не очекуваме дека тоа ќе го решиме во период од еден месец, една година, тоа е процес кој што бара време, кој што бара промена на организационата култура во рамките на една општина. Но, ние уште од првиот ден во соработка со нашиот партнер Конрад Аденауер, и правниот факултет „Јустинијан Први“ опфаќајќи и меѓународна организација, но е и институција која што има огромен број на експерти кои што ја познаваат оваа проблематика, почнавме да преземаме конкретни чекори. Прво ја градиме јавната свест дека имаме проблем со корупција, кој што мора да се реши. Второ подготвуваме документи кои што на нас како Општина ни укажуваат каде ни се ризик факторите, работиме со експертите од гледна точка на обука на администрацијата и се случи еден таков процес. И доаѓа моментот каде што ние како Општина почнуваме да ги применуваме насоките и препораките дадени од страна на експертите. Со очекување дека во еден мандат ќе има значително подобрување и во перцепцијата за корупција, но и за самата борба против корупција, појасни Муцунски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во последната година може да се слушнат многу ставови, многу граѓани кои што имаат еден или друг став за работењето на градоначалниците, но никаде не се слушна дека има корупција или да се докаже постоење на корупција.
Втор проект кој што би го истакнал преку нашата соработка со ЕУ во третиот месец од мојот мандат потпишав договор заедно со делегацијата на ЕУ, но и со амбасадата на Швајцарија за финансирање на проектот за над 800.000 евра во делот на рециклирањето, во делот на управувањето со отпадот. Веќе почнуваме со имплементација на тој проект, првите локации каде што ќе можат граѓаните да пристапат кон нив за да се стимулира тој процес на рециклирање, веќе ќе отпочне со функционирање во следните неколку месеци. Што значи почнуваме да се движиме кон тие европски стандарди и европски теркови без притоа ниту едно евро искористено од страна на нашиот општински буџет. Проект целосно финансиран од ЕУ и од Владата на Швајцарија, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека третиот проект кој што сака да го сподели денеска е процесот на дигитализација на Општината. Се направи апликација М – заедница Аеродром, која што беше на точно нула денари исто така трошок на Буџетот на граѓаните на Аеродром. Таа апликација беше подготвена и одржувана од страна на невладина организација Блинк 42-21, но притоа таа организација најголем дел од своите средства за реализација на ваквиот проект ги црпи токму од организацијата ИРИ која е партнер на ВМРО-ДПМНЕ.
Мора да го менуваме вредносниот систем во локалната политика. И мораме да направиме се што е возможно нашите контакти меѓународни да ги искористиме за да на граѓаните им обезбедиме подобар живот и ќе повторам да реализираме опипливи проекти во нивен интерес, заклучи Муцунски.
Даниел Браун, официјалниот претставник на фондацијата Конрад Аденауер преку видео обраќање ја поздрави идејата за организирање на политички саем и се осврна на работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во изминатата година.
Тие истуркаа многу проекти, иако знаеме дека има уште многу кон што треба да се насочи вниманието, рече тој.
Браун дополнително ги потенцираше предизвиците кои енергетската криза ги носи со себе и ја реафирмираше соработката помеѓу фондацијата и ВМРО-ДПМНЕ.
Ние, како Фондација Конрад Аденауер, цело време нудиме поддршка со нашите активности на тоа ниво и можете да сметате на нас дека и во иднина ќе бидеме ваши лојални и блиски партнери, со цел да му помогнеме на нашето семејство од Европската народна партија, на нашите градоначалници тука во македонската држава, како и во Косово и на други места во регионот, за да можат да се развиваат и да бидат успешни во справувањето со заедничките политички предизвици и задачи во иднина, посочи Браун.
Пред присутните се обрати и Илина Мангова, програмски директор на ИРИ, која истакна дека Меѓународниот републикански институт ИРИ во Македонија долги години ја следи работата на политичките партии и владата и од пред 5 години повеќе внимание обрнува и на локалната самоуправа и тоа е со цел да се информираат органите на национално и локално ниво и партиите за она што граѓаните го идентификуваат како проблем. Таа посочи дека направено е огромно истражување во 18 општини со 21 фокус група во 2021 година и тоа што го пред изборите го забележале е дека задоволството или незадоволството на граѓаните тргнува од начинот на кој ги доживуваат градоначалниците, локална самоуправа и тоа е низ една рамка која не е дискутирана на политичко ниво, Односно на начинот на кој градоначалниците се однесуваат и на начинот на кој ги носат резултатите.
Однесувањето на градоначалниците и општинската администрација луѓето го ценат ако е транспарентно отчетно и доколку комуникацијата е двонасочна. Многу често комуникацијата е промотивна, еднонасочна, граѓаните не знаат до кого да се обратат и да им ги реши проблемите. Затоа сакам да ги поздравам воведувањето на М заедница во Аеродром и Кочани и други општини, и овој начин на континуирана комуникација носи впечаток дека општината се грижи за нив и дека општината ќе им возврати. Кога сме кај видливи резултати, она што им прави разлика на граѓаните е кога ќе прошетаат низ општината да видат промени од тоа што е претходно и да има системски решенија и дека интервенцијата не е за една година или 4 години туку на долгорочно ниво, рече Мангова.
Како последен говорник на денешната трибина се обрати Стефан Андоновски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ кој посочи дека заклучокот од изминатата една година локална е дека и без потпишување на штетни национални договори може да се гради силна соработка со општините помеѓу државите.
Имам еден политички заклучок после година дена на општините, а тоа е дека и без потпишување на штетни национални договори можете да градите силна соработка со општините помеѓу државите. И тоа единствено можете да го направите со многу работа. Имено меѓу првите совети кои што ги дадовме на идните тогаш градоначалници на една политичка академија организирана од Конрад Аденауер само на неколку дена пред почетокот на кампањата за локалните избори беше досадувајте им на нашите меѓународни партнери со проекти, со идеи и концепти за во иднина. И тој совет некако како веднаш да се реплицираше после преземањето на власта во општините и градоначалниците и нивните тимови веднаш започнаа со реализација внатрешна, екипирање на секторите, но и самите градоначалници. И одеднаш ги гледате на сите буквално настани организирани во Македонија, присутни минимум тројца, четворица градоначалници од различни региони, трчаат бараат помош и поддршка и од меѓународните организации и од странските амбасади во Македонија затоа што ќе признаете дека таа соработка постоела, била присутна, средствата стоеле, но во голема мера не биле реализирани или соработката не била во пракса воспоставена, или не била во корист на граѓаните, обајсни Андоновски.
Меѓународниот секретар Андоновски кој е и член во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ апелираше градот Скопје да го продолжи проектот ЕУ за општинита, бидејќи како што рече информациите говорат дека во последните шест истиот е запрен.
Многу се важни две фази, едната е да ги продолжите проектите кои што биле започнати, но за волја на вистината малку, или проектите за кои што веќе сте добиле финансирање и тука би сакал да ги пофалам градоначалниците, бидејќи во програмата ЕУ за општините во која што учествуваат четири или пет општини кои во моментот се раководени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ засилена е соработката, се реализираат тие проекти. Би сакал да апелирам и за другите градоначалници, а тука особено ќе си земам за право како член на Советот на Град Скопје за скопскиот проект ЕУ за општините, да апелирам да се продолжи проектот да не се запира, затоа што информациите за жал говорат дека во последните шест, седум месеци е запрен, изјави тој.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Меѓународните организации и партнери се голема поддршка за општините, помогнаа во реализација на голем број проекти appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Заемот од 100 милиони го блокиравме затоа што со него се презема обврска да се затвори РЕК Битола и Осломеј и остават на улица 4000 вработени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-zaemot-od-100-milioni-go-blokiravme-zatoa-shto-so-nego-se-prezema-obvrska-da-se-zatvori-rek-bitola-i-oslomej-i-ostavat-na-ulica-4000-vraboteni/ Sun, 06 Nov 2022 11:07:26 +0000 https://republika.mk/?p=570313

Од СДСМ ме обвинија дека во услови на криза по мој налог пратениците на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ блокирале Закон за заем од 100 милиони евра за справување со енергетската криза (слика 1). Истовремено преку нивните инсталации во опозицијата повторно ме обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ недоволно блокирало во парламентот и бараат од нас да го напуштиме парламентот. Хммм… платеници и стопани, а каква е вистината?, напиша на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Имено, коалицијата СДСМ/ДУИ предлага Закон за заем од 100 милиони евра во парламентот (слика 2). Заем за кој гарант е државата под услови и рокови дефинирани со Договорот за заем.

Кои се условите (слика 3)?
Каматната стапка на заемот е: шест месечен еурибор (моментално е околу 2,3%) + маргина од 1% + еднократна провизија од 1% или вкупно околу 4,3%.
Како ќе ги троши парите од заемот ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ), слика 4?

20 милиони евра за оперативни трошоци

55 милиони евра за набавка на струја (ако доволно произведуваат струја како што тврдат овие пари не им се потребни)

24 милиони евра за сервисирање на долгови (веќе доспеаните обврски од тендерите во четири очи)

1 милиони за еднократната провизија.

Каква обврска превземаме со заемот (слика 5 и 6)?

Затворање на ТЕЦ Осломеј до крајот на 2023 година, затворање на РЕК Битола до крајот на 2027 година и пуштање на нов капацитет ЕСМ или во приватно партнерство со приватен инвеститор до крајот на 2025 година со инсталиран капацитет од 210 MW (тоа значи за 3 години да се испроектира, изгради и пушти во употреба капацитет кој денес никој не го гледа, а за кој изминативе 5 години влада на сдсм/дуи никој не слушнал).

Блокираме за да спасиме 4000 директни работни места и најмалку двојно повеќе индиректни работни места. Блокираме за да го спасиме столбот на сувереноста на Македонија, РЕК Битола од затварање. Продолжуваме со активната блокада за спас на Македонија и граѓаните на Македонија.

Порака до власта: Со секој изминат ден сте чекор поблиску до нов криминал и поголема одговорност. Спасете ја Македонија од дополнително уништување, барем еднаш оставете го личниот интерес на страна и да одиме на предвремени избори. Народот да одлучи во каква Македонија сака да живее!

Доаѓа денот за одговорност….

The post Мицкоски: Заемот од 100 милиони го блокиравме затоа што со него се презема обврска да се затвори РЕК Битола и Осломеј и остават на улица 4000 вработени appeared first on Република.

Мицкоски: Промените вродија со надеж дека може поинаку – За да ја имаме Македонија како што граѓаните ја заслужуваат, оваа влада мора да падне https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-promenite-vrodija-so-nadez-deka-moze-poinaku-za-da-ja-imame-makedonija-kako-shto-gragjanite-ja-zasluzuvaat-ovaa-vlada-mora-da-padne/ Sat, 05 Nov 2022 21:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=569979

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното негово обраќање на политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина" кој го организира ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се чувствуваат промените и тие промени покажаа дека може поинаку.

Пред точно една година кажав дека добиената обврска од граѓаните да се управува со општините за мене претставува најголемата должност да се оправдаат очекувањата.12 месеци подоцна, по многу часови напорна работа, по многу непроспиени ноќи поминати во комуникација со градоначалниците, по многу пот, пожртвувана работа, посветеност, можам да кажам дека сум задоволен од она што се постигна. Најголемата придобивка е што се чувствуваат промените што носат иднина. И тие се малата, но многу значајна надеж дека може поинаку. Започнавме да градиме една поинаква слика и покажуваме со дела дека може поинаку, може подобро и може чесно, рече претседателот Мицкоски.

Претседателот Мицкоски во текот на своето обраќање укажа  сите овие дела се постигнати и покрај сите опструкции од страна на централната власт.

Поминавме година без ниту еден скандал во локалната самоуправа, со многу вратени стари долгови во општините кои беа блокирани, со многу почнати нови проекти, но и еден поинаков однос кон решенијата. Проблеми кои се решаваат заедно со граѓаните. Срушена е бариерата која со децении постои помеѓу граѓанинот и политичарот. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ можете да ги видите по парковите, градилиштата, маалата, улиците, достапни за народот. Очи в очи да разговарате, да дебатирате, да критикувате. И знам дека не може да се решат сите проблеми, ниту пак тоа го ветивме, но затоа се трудиме со сите сили да решиме што е можно повеќе проблеми и да не заборавиме ниту за миг сè што ветивме. И сево ова постигнато во услови на тешка економска и политичка криза, на грчевита борба и опструкции од централната власт, во еден, би рекол не само ладен, туку отворен непријателски однос на владата кон општините кои се соочуваат со катадневни опструкции, кратења на фондови, одземање на помош, нерешавање на проблеми. И ова не го кажувам да се оправдам за што било, туку да кажам дека ваквите неправди нè мотивираа да работиме повеќе и постојано. А тоа го потврдуваат резултатите, додаде Мицкоски.

The post Мицкоски: Промените вродија со надеж дека може поинаку – За да ја имаме Македонија како што граѓаните ја заслужуваат, оваа влада мора да падне appeared first on Република.

Дрвошанов: Во Струмица и ден денес владее политиката „едно евро“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drvoshanov-vo-strumica-i-den-denes-vladee-politikata-edno-evro/ Sat, 05 Nov 2022 20:19:37 +0000 https://republika.mk/?p=570194

Општина Струмица е веќе 17 години окупирана од СДС, сите општински институции, јавни претпријатија, голем дела од приватниот сектор, а во последните пет години и државните институции се во рацете на СДС. Прв пат во Струмица во последните пет години СДС има апсолутна власт како на локално, така и на централно ниво, затоа борбата во Струмица меѓу СДС и ВМРО делува како борба меѓу Давид и Голијат. Меѓутоа, радува фактот, очигледен е брзиот крах на оваа апсолутна власт која во најбрз можен рок ќе падне, рече Жан Дрвошанов, претседател на Општинскиот комитет во Струмица на денешната трибина „Анализа на општините каде што ВМРО-ДПМНЕ е опозиција“ во рамките на политичкиот саем во организација на ВМРО-ДПМНЕ насловен „Промени што носат иднина“.

Тој посочи дека од владеењето на СДС 17 години на локално ниво во Струмица, обичните граѓани немаат ама баш никаков бенефит, сеуште одат по руинирани улици, дишат загаден воздух, се борат за егзистенција, додека мал дел од луѓе блиски до власта, преку ноќ, направија империи и создадоа енормно големи финансиски и материјални богатства.

Дрвошанов истакна дека новиот градоначалник, Костадин Костадинов е креација на Зоран Заев, негов миленик и неговата задача, секако, е да ги исполнува желбите на Зоран Заев и токму затоа не очекуваат промени во Струмица, затоа што нивен начин на владеење е „едно евро“.

„Во Струмица не очекуваме промени, ќе продолжи политиката на Зоран Заев, а сите знаеме дека неговата политика беше „едно евро“. Кога сме кај политиката едно евро, видовме дека почетниот капитал на Зоран Заев не е од пазарот во Крагуевац, туку од пазарот со општинскиот имот. Во последната година, како и во изминатите 16 години, немаме никаков капитален проект за кој локалната власт може да се пофали. Гасификацијата која беше помпезно најавувана се покажа дека е за испумпување пари од буџетот на општината, милиони евра се потрошени и секоја година од општинскиот буџет се одделуваат милионски суми за оваа гасификација, за на крајот да видиме дека немаме никаков бенефит како обични граѓани. После толку години и после толку милиони потрошени средства за гасификација во Струмица имаме само околу 340 домаќински приклучоци, околу 20 институции и околу 20 стопански субјекти, а со покачување на цената на гасот и оваа бројка сигурно ќе се намали. Многу е јасно, проектот е направам за да завршат парите во бизнис елитата блиска до СДС. Друг таков проект кој го најавуваа како капитален, е проектот канал Крушевска Република. И кај овој проект се потрошени милионски средства, пари на граѓаните, со цел да се спречи поплава во еден одреден дел од градот и се ќе беше во ред доколку овој проект не ги покажа своите недостатоци и не ја извршува функцијата за која беше однапред предвидено. Овој проект кој сеуште не е реализиран во целост, а се потрошени огромни средства пари на граѓаните и сеуште се одвојуваат пари од буџетот на општината има огромен број на недостатоци, затоа што тој дел од градот сега се поплавува и при најмал дожд“, истакна меѓу другото Дрвошанов.

Емил Спасовски, кандидат за градоначалник на општина Крива Паланка истакна дека хаосот на власта кој што се случува на централно ниво се пресликува и во општина Крива Паланка.

„Поради нереализираните проекти на претходниот градоначалник од неговата програма „За живот“ него го замени неговиот внук. Гледајќи го според досегашната работа сегашниот градоначалник со сигурност можеме да кажеме дека ќе биде полош од претходниот. Во овие пет години власт на СДСМ на локално ниво во Крива Паланка слободно можеме да кажеме дека станавме град без иднина и без надеж. Принуден да даде отчет за сработеното, градоначалникот Сашко Митовски во неговиот отчет за една година ги наброја скоро сите проекти кои што неговиот претходник даде отчет за четири годишниот мандат од неговата програма „За живот“. Во отчетот и на двајцата градоначалници нема ниту еден метар водоводна мрежа, нема ниту еден метар канализациона мрежа, нема ниту еден метар атмосферска канализација“, рече Спасовски.

Тој посочи дека гасификацијата на Крива Паланка која беше приоритетен проект и на двајцата градоначалници воопшто не се ни споменува. Затворениот градски пазар и затворениот градски базен веќе ги заборавија. Голем број на ветувања кои што ги ветија во предизборието воопшто не се реализирани.

„Она по што после пет години централна и пет години локална власт Крива Паланка ќе остане препознаена по промената на власта на СДСМ тоа е брусењето на сонцето од Кутлеш пред општинската зграда, шверцот тутун и милионските суми неплатени акцизи. Тука се и партизираните институции, неможноста на граѓаните да најдат слободно работно место, бидејќи работни места има само за партиските војници кои што се од СДСМ“, појасни тој.

„Ако направам една паралела во тоа како беше во времето кога ВМРО-ДПМНЕ ја имаше локалната власт и да ја споредиме со сегашноста разликата е огромна. Можам слободно да кажам дека во тој период покрај многуте културни манифестации, покрај толку природни убавини кои што Крива Паланка и Осоговието ги има, Крива Паланка значеше за источна порта кон Европа. Крива Паланка беше лидер во искористување на ЕУ фондовите за прекугранична соработка со кои што се реализираа огромен број на проекти. Во тој период се реализираа проекти за решавање на децениски проблеми на граѓаните во делот на водоснабдувањето, во делот на патната инфраструктура, во делот на канализација и сите оние проекти кои што се потребни за основни човекови потреби“, потсети тој.

Спасовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ во програмата за Крива Паланка имаше реални проекти со точни рокови за реализирање на истите.

Советничката во Советот на општина Валандово од ВМРО-ДПМНЕ Јулија Тушевска, изјави дека општината во изминатата година предводена од СДСМ го достигна дното.

„За жал нашата општина е предводена од СДСМ и можеме да кажеме дека нашата општина во овој момент го има достигнато дното. Од општина која до 2017 година беше водена од страна ана ВМРО-ДПМНЕ и важеше за општина која што беше финансиски добра и која што на сегашниот градоначалник му остави 22 милиони денари и 0 денари долгови. Меѓутоа оваа ситуација сега во моментот се менува а тогаш сегашниот градоначалник се дрзна да искоментира дека наследил добар банкар па прашање е каква состојба на општината ќе остави тој. До 2017 од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа спроведени бројни капитални инвестиции во општина Валандово, изградба на канализациони мрежи, изградба на спортски сали, и им беа оставени два капитални проекти за тие да ги довршат каде што целата комплетна документација беше направена и завршена како Булеварот Правомајска во Валандово и реконструкција за енергетска ефикасност на детската градинка Калинка во Валандово“ нагласи Тушевска.

Тушевска истакна дека најголем проблем во Валандово е невработеноста и отсутноста на капитални проекти како и потфрлувањето во локалниот економски развој.

Општина Валандово во последната година дури и да нема реализирано некаков капитален проект, плаќањата кои што општината ги има самиот квартален извештај кој што го доставува плаќања кои што се извршени од ланската година односно од претходниот градоначалник. Исто така имаме зголемување на бројот на невработени, голема задолженост на општината и јавните претпријатија и пред се потфрлање во секој сегмент во самата општина. Во општината недостасува правилен и динамичен развој на општината факт е дека се искажани ветувања кои што се празни и кои не само што не се исполнуваат туку имаме и не решавање на проблемите на граѓаните. Најголем проблем во Валандово претставува невработеноста и иселувањето кое се случува пред се заради не отворање нови работни места. Најголемо потфрлување имаме во локалниот економски развој, наголемо се фаворизираше и се најавуваше бомбастичен план „5, 50 ,500“  што би значело 5 нови фабрики, мапирање на 50 нови локации за стопански производи и отворање на 500 нови работни места но од сето тоа ништо“ истакна Тушевска.

Мевмед Џафери, кандидат за градоначалник на Маврово Ростуше од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не победи на локалните избори во оваа општина затоа што власта се послужи со закани, уцени и потплатување кон граѓаните кое се наоѓа во европските земји.

Во општина Маврово Ростуше се случија две интересни случки, едното што беше реткост со немањето на цензус во општина Маврово поради иселувањето. Првото гласање кога беше гласање со присутното население каде што имавме убедлива и добра победа, иако покрај уцените од нивна страна. Но потоа со нивното прегласување после девет месеци си ја завршија работата како што ја знаат работата, уцени, закани и потплатувања и изгубивме како резултат на тоа што беше добро потплатено населението кое е моментално во европските земји, рече Џафери.

Тој исто така во текот на своето обраќање посочи дека нема ништо реализирано од тоа што беше ветено во програмата на кандидатот од СДСМ за ова општина.

Поинтересно беше тоа што во изборната кампања влегувавме со две програми, програма на против кандидатот пишувана во 2017 година и која е 80% нереализирана и со истата влегуваат во циклусот на 2021-2022 изборите. За разлика од нив ние имавме добра програма каде беше ветено се што не реализирале, се да поправиме што рушеле, но изборите завршија така како што завршија. По изборите заврши истата приказна, продолжија да го работат она што најдобро го знаат, се што ветувале од 2017 година до 2022 продолжија да не го реализираат. Ветувале катни гаражи во рурални средини, ветувале подобрување на водоводни мрежи и правење нови водоводни мрежи, исто така го уништија и образованието на локално ниво, бидејќи нема доволно кадар вработуваа се по вертикала на фамилија и се вработуваше несоодветен кадар со средно образование и така натаму, додаде Џафери.

Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево, кој се обрати пред присутните потенцираше дека ДУИ ја користи општина Кичево за лично богатење и остварување на лични интереси, укажувајќи дека општина Кичево во моментот со актуелниот градоначалник е општина на ѓубре, на дивоградби и иселување.

Кичево како општина е специфична од повеќе аспекти, особено што е општина каде што живее мешано населени. Две работи се многу специфични, првата работа е што ДУИ, општина Кичево ја смета како воен плен, а втората работа е што во општина Кичево го бираат иселениците. Значи од тој аспект, ние сме доведени во една состојба во која што мораме да балансираме и за среќа ние како ВМРО-ДПМНЕ како партија го препознавме тој момент да мораме да понудиме кандидат кој што ќе може да ги обедини сите и кој што ќе им покаже во суштина на сите дека не е важна етноцентричноста, туку дека е важна хигиената на живеење, дека е важно секојдневието и аспектот на живот кој што ќе му го понудиме на нашите сограѓани како надеж. За жал тоа и овој пат не се случи, морам да нагласам со голема помош на СДСМ затоа што и оние иселеници кои што секогаш доаѓаа во голем број да го поддржат актуелниот градоначалник, во последниот циклус увидоа дека ниту е вреден, а ниту она кое што го нудел, ниту она кое што го ветувал, не само што не го остварил, туку не се ни обиде да го оствари, рече тој.

Го гледаат градот како поле за лични интереси, како поле за лично богатење,  во Кичево не се случува ништо конкретно. Кичево во моментот е град на духови, на дивоградби, град на ѓубре, град на иселување, нагласи Јовановски.

Јовановски нагласи дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општината е силен коректор на градоначалникот, додавајќи дека нема ниту 5 проценти реализација на програмата изминатата една година.

За среќа имаме многу активна советничка група која со сите сили се обидува да биде коректор на неактивноста на градоначалникот. Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од онаа програма која што ја понуди за тековната година за реализација не успеал да оствари ниту 5 проценти,  дециден е Јовановски.

Загрозени сме од страшна нехигиена. Градоначалникот во немање на хигиена во немање на решение се одлучи да направи депонија сред град. Така што во моментот во центарот на градот ние имаме градска депонија бидејќи немаат начин или решение каде да го одложуваат ѓубрето, заклучи Јовановски.

The post Дрвошанов: Во Струмица и ден денес владее политиката „едно евро“ appeared first on Република.

]]>

Општина Струмица е веќе 17 години окупирана од СДС, сите општински институции, јавни претпријатија, голем дела од приватниот сектор, а во последните пет години и државните институции се во рацете на СДС. Прв пат во Струмица во последните пет години СДС има апсолутна власт како на локално, така и на централно ниво, затоа борбата во Струмица меѓу СДС и ВМРО делува како борба меѓу Давид и Голијат. Меѓутоа, радува фактот, очигледен е брзиот крах на оваа апсолутна власт која во најбрз можен рок ќе падне, рече Жан Дрвошанов, претседател на Општинскиот комитет во Струмица на денешната трибина „Анализа на општините каде што ВМРО-ДПМНЕ е опозиција“ во рамките на политичкиот саем во организација на ВМРО-ДПМНЕ насловен „Промени што носат иднина“.
Тој посочи дека од владеењето на СДС 17 години на локално ниво во Струмица, обичните граѓани немаат ама баш никаков бенефит, сеуште одат по руинирани улици, дишат загаден воздух, се борат за егзистенција, додека мал дел од луѓе блиски до власта, преку ноќ, направија империи и создадоа енормно големи финансиски и материјални богатства. Дрвошанов истакна дека новиот градоначалник, Костадин Костадинов е креација на Зоран Заев, негов миленик и неговата задача, секако, е да ги исполнува желбите на Зоран Заев и токму затоа не очекуваат промени во Струмица, затоа што нивен начин на владеење е „едно евро“.
„Во Струмица не очекуваме промени, ќе продолжи политиката на Зоран Заев, а сите знаеме дека неговата политика беше „едно евро“. Кога сме кај политиката едно евро, видовме дека почетниот капитал на Зоран Заев не е од пазарот во Крагуевац, туку од пазарот со општинскиот имот. Во последната година, како и во изминатите 16 години, немаме никаков капитален проект за кој локалната власт може да се пофали. Гасификацијата која беше помпезно најавувана се покажа дека е за испумпување пари од буџетот на општината, милиони евра се потрошени и секоја година од општинскиот буџет се одделуваат милионски суми за оваа гасификација, за на крајот да видиме дека немаме никаков бенефит како обични граѓани. После толку години и после толку милиони потрошени средства за гасификација во Струмица имаме само околу 340 домаќински приклучоци, околу 20 институции и околу 20 стопански субјекти, а со покачување на цената на гасот и оваа бројка сигурно ќе се намали. Многу е јасно, проектот е направам за да завршат парите во бизнис елитата блиска до СДС. Друг таков проект кој го најавуваа како капитален, е проектот канал Крушевска Република. И кај овој проект се потрошени милионски средства, пари на граѓаните, со цел да се спречи поплава во еден одреден дел од градот и се ќе беше во ред доколку овој проект не ги покажа своите недостатоци и не ја извршува функцијата за која беше однапред предвидено. Овој проект кој сеуште не е реализиран во целост, а се потрошени огромни средства пари на граѓаните и сеуште се одвојуваат пари од буџетот на општината има огромен број на недостатоци, затоа што тој дел од градот сега се поплавува и при најмал дожд“, истакна меѓу другото Дрвошанов.
Емил Спасовски, кандидат за градоначалник на општина Крива Паланка истакна дека хаосот на власта кој што се случува на централно ниво се пресликува и во општина Крива Паланка.
„Поради нереализираните проекти на претходниот градоначалник од неговата програма „За живот“ него го замени неговиот внук. Гледајќи го според досегашната работа сегашниот градоначалник со сигурност можеме да кажеме дека ќе биде полош од претходниот. Во овие пет години власт на СДСМ на локално ниво во Крива Паланка слободно можеме да кажеме дека станавме град без иднина и без надеж. Принуден да даде отчет за сработеното, градоначалникот Сашко Митовски во неговиот отчет за една година ги наброја скоро сите проекти кои што неговиот претходник даде отчет за четири годишниот мандат од неговата програма „За живот“. Во отчетот и на двајцата градоначалници нема ниту еден метар водоводна мрежа, нема ниту еден метар канализациона мрежа, нема ниту еден метар атмосферска канализација“, рече Спасовски.
Тој посочи дека гасификацијата на Крива Паланка која беше приоритетен проект и на двајцата градоначалници воопшто не се ни споменува. Затворениот градски пазар и затворениот градски базен веќе ги заборавија. Голем број на ветувања кои што ги ветија во предизборието воопшто не се реализирани.
„Она по што после пет години централна и пет години локална власт Крива Паланка ќе остане препознаена по промената на власта на СДСМ тоа е брусењето на сонцето од Кутлеш пред општинската зграда, шверцот тутун и милионските суми неплатени акцизи. Тука се и партизираните институции, неможноста на граѓаните да најдат слободно работно место, бидејќи работни места има само за партиските војници кои што се од СДСМ“, појасни тој. „Ако направам една паралела во тоа како беше во времето кога ВМРО-ДПМНЕ ја имаше локалната власт и да ја споредиме со сегашноста разликата е огромна. Можам слободно да кажам дека во тој период покрај многуте културни манифестации, покрај толку природни убавини кои што Крива Паланка и Осоговието ги има, Крива Паланка значеше за источна порта кон Европа. Крива Паланка беше лидер во искористување на ЕУ фондовите за прекугранична соработка со кои што се реализираа огромен број на проекти. Во тој период се реализираа проекти за решавање на децениски проблеми на граѓаните во делот на водоснабдувањето, во делот на патната инфраструктура, во делот на канализација и сите оние проекти кои што се потребни за основни човекови потреби“, потсети тој.
Спасовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ во програмата за Крива Паланка имаше реални проекти со точни рокови за реализирање на истите. Советничката во Советот на општина Валандово од ВМРО-ДПМНЕ Јулија Тушевска, изјави дека општината во изминатата година предводена од СДСМ го достигна дното.
„За жал нашата општина е предводена од СДСМ и можеме да кажеме дека нашата општина во овој момент го има достигнато дното. Од општина која до 2017 година беше водена од страна ана ВМРО-ДПМНЕ и важеше за општина која што беше финансиски добра и која што на сегашниот градоначалник му остави 22 милиони денари и 0 денари долгови. Меѓутоа оваа ситуација сега во моментот се менува а тогаш сегашниот градоначалник се дрзна да искоментира дека наследил добар банкар па прашање е каква состојба на општината ќе остави тој. До 2017 од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа спроведени бројни капитални инвестиции во општина Валандово, изградба на канализациони мрежи, изградба на спортски сали, и им беа оставени два капитални проекти за тие да ги довршат каде што целата комплетна документација беше направена и завршена како Булеварот Правомајска во Валандово и реконструкција за енергетска ефикасност на детската градинка Калинка во Валандово“ нагласи Тушевска.
Тушевска истакна дека најголем проблем во Валандово е невработеноста и отсутноста на капитални проекти како и потфрлувањето во локалниот економски развој. Општина Валандово во последната година дури и да нема реализирано некаков капитален проект, плаќањата кои што општината ги има самиот квартален извештај кој што го доставува плаќања кои што се извршени од ланската година односно од претходниот градоначалник. Исто така имаме зголемување на бројот на невработени, голема задолженост на општината и јавните претпријатија и пред се потфрлање во секој сегмент во самата општина. Во општината недостасува правилен и динамичен развој на општината факт е дека се искажани ветувања кои што се празни и кои не само што не се исполнуваат туку имаме и не решавање на проблемите на граѓаните. Најголем проблем во Валандово претставува невработеноста и иселувањето кое се случува пред се заради не отворање нови работни места. Најголемо потфрлување имаме во локалниот економски развој, наголемо се фаворизираше и се најавуваше бомбастичен план „5, 50 ,500“  што би значело 5 нови фабрики, мапирање на 50 нови локации за стопански производи и отворање на 500 нови работни места но од сето тоа ништо“ истакна Тушевска. Мевмед Џафери, кандидат за градоначалник на Маврово Ростуше од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не победи на локалните избори во оваа општина затоа што власта се послужи со закани, уцени и потплатување кон граѓаните кое се наоѓа во европските земји.
Во општина Маврово Ростуше се случија две интересни случки, едното што беше реткост со немањето на цензус во општина Маврово поради иселувањето. Првото гласање кога беше гласање со присутното население каде што имавме убедлива и добра победа, иако покрај уцените од нивна страна. Но потоа со нивното прегласување после девет месеци си ја завршија работата како што ја знаат работата, уцени, закани и потплатувања и изгубивме како резултат на тоа што беше добро потплатено населението кое е моментално во европските земји, рече Џафери.
Тој исто така во текот на своето обраќање посочи дека нема ништо реализирано од тоа што беше ветено во програмата на кандидатот од СДСМ за ова општина.
Поинтересно беше тоа што во изборната кампања влегувавме со две програми, програма на против кандидатот пишувана во 2017 година и која е 80% нереализирана и со истата влегуваат во циклусот на 2021-2022 изборите. За разлика од нив ние имавме добра програма каде беше ветено се што не реализирале, се да поправиме што рушеле, но изборите завршија така како што завршија. По изборите заврши истата приказна, продолжија да го работат она што најдобро го знаат, се што ветувале од 2017 година до 2022 продолжија да не го реализираат. Ветувале катни гаражи во рурални средини, ветувале подобрување на водоводни мрежи и правење нови водоводни мрежи, исто така го уништија и образованието на локално ниво, бидејќи нема доволно кадар вработуваа се по вертикала на фамилија и се вработуваше несоодветен кадар со средно образование и така натаму, додаде Џафери.
Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево, кој се обрати пред присутните потенцираше дека ДУИ ја користи општина Кичево за лично богатење и остварување на лични интереси, укажувајќи дека општина Кичево во моментот со актуелниот градоначалник е општина на ѓубре, на дивоградби и иселување.
Кичево како општина е специфична од повеќе аспекти, особено што е општина каде што живее мешано населени. Две работи се многу специфични, првата работа е што ДУИ, општина Кичево ја смета како воен плен, а втората работа е што во општина Кичево го бираат иселениците. Значи од тој аспект, ние сме доведени во една состојба во која што мораме да балансираме и за среќа ние како ВМРО-ДПМНЕ како партија го препознавме тој момент да мораме да понудиме кандидат кој што ќе може да ги обедини сите и кој што ќе им покаже во суштина на сите дека не е важна етноцентричноста, туку дека е важна хигиената на живеење, дека е важно секојдневието и аспектот на живот кој што ќе му го понудиме на нашите сограѓани како надеж. За жал тоа и овој пат не се случи, морам да нагласам со голема помош на СДСМ затоа што и оние иселеници кои што секогаш доаѓаа во голем број да го поддржат актуелниот градоначалник, во последниот циклус увидоа дека ниту е вреден, а ниту она кое што го нудел, ниту она кое што го ветувал, не само што не го остварил, туку не се ни обиде да го оствари, рече тој.
Го гледаат градот како поле за лични интереси, како поле за лично богатење,  во Кичево не се случува ништо конкретно. Кичево во моментот е град на духови, на дивоградби, град на ѓубре, град на иселување, нагласи Јовановски. Јовановски нагласи дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општината е силен коректор на градоначалникот, додавајќи дека нема ниту 5 проценти реализација на програмата изминатата една година. За среќа имаме многу активна советничка група која со сите сили се обидува да биде коректор на неактивноста на градоначалникот. Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од онаа програма која што ја понуди за тековната година за реализација не успеал да оствари ниту 5 проценти,  дециден е Јовановски. Загрозени сме од страшна нехигиена. Градоначалникот во немање на хигиена во немање на решение се одлучи да направи депонија сред град. Така што во моментот во центарот на градот ние имаме градска депонија бидејќи немаат начин или решение каде да го одложуваат ѓубрето, заклучи Јовановски.

The post Дрвошанов: Во Струмица и ден денес владее политиката „едно евро“ appeared first on Република.

]]>
Општините беа оставени сами на себе да се справуваат со енергетската криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opshtinite-bea-ostaveni-sami-na-sebe-da-se-spravuvaat-so-energetskata-kriza/ Sat, 05 Nov 2022 20:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=570183

На денешната трибина „Предизвиците на локалната самоуправа во услови на енергетска криза“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Маркова, претседателка на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека во периодот кога се случуваа локалните избори во 2021 година и кога ВМРО-ДПМНЕ сигнализираше дека се случува нешто посебно со електричната енергија и гасот, СДСМ ги тераше изборите лежерно и постојано излегуваше по телевизиите известувајќи ги граѓаните дека се е под контрола. Но, за жал се случи она што ниту еден граѓанин не го посакуваше, а тоа дека ништо не беше под контрола како што уверуваше СДСМ.

И покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори и освои најголем број на општини, се случи она најлошото да нашите градоначалници се соочат со проблеми од невидени размери предизвикани токму од несериозноста на СДСМ. Доволен доказ беше првата енергетска криза која што ја прогласија во времетраење од шест месеци од декември 2021 година до јуни 2022 година и тоа во снабдување во електрична енергија и делумно снабдување со топлинска енергија на територија на град Скопје. Истото се случи и годинава, значи некаде од минатиот месец до траење на крај на април имаме повторно прогласена електроенергетска криза. За сето ова време се случуваа неколку пострашни проблеми значи цената на берзите на електричната енергија и гасот растеше. Меѓутоа за жал цента на електричната енергија дома кај нас исто така растеше било за домаќинствата, било за малите потрошувачи, а оние пак компании кои што набавуваат на слободен пазар за нив нема потреба да зборуваме дека имаше период во кој што цената некогаш порасна за7, 8 па и 10 пати, потенцираше таа.

Таа посочи дека улогата на регулаторот во оваа ситуација во која што се наоѓа државата е никаква. Бидејќи ако некаде од јули 2020-та година досега кумулативно цената за домаќинствата е порасната за 41%. А, за малите потрошувачи кои што се исто така на регулираниот пазар, а се снабдувани од ЕВН Хоме до крајот на 2021 година имаа за 30% зголемена цена, а од 1 јули 2022 година имаат за 5 пати зголемена цена. Тоа се фирми кои што имаат по 50 вработени, фирми кои што имаат помалку од 2 милиони евра годишно обрт во денарска противредност, тие се соочија летово со пет пати зголемена цена во однос на минатата година.

За сето ова време берзите флуктуираа, но секогаш беа поголеми од она што беше летото 2020-та или летото 2021 и 2022 година. Што значи ова? Значи дека и домаќинствата и малите потрошувачи, и сите субјекти кои што излегоа на либерализираниот пазар значи да набавуваат слободна енергија од снабдувачи се соочија со енормно зголемување на цената на електричната енергија. Се случија и други проблеми за кои што би сакала да алармирам, се случи една состојба во која уличното осветлување согласно Законот за локална самоуправа е со фиксна тарифа и секое домаќинство во својата сметка добива цена од 184 денари, најголем дел од енергијата која што требаше да се користи во земјата за улично осветлување беше планирана да се набави од увоз, од берза, а многу мал дел да биде само на регулиран пазар, во пресметките на регулаторот. Тоа придонесе да Општините оставени сами на себе да се соочат со двоен проблем, прво добиваат минимален додаток од ЕВН затоа што ЕВН го собира преку нашите сметки кои што ни ги испорачува односно 184 денари, а таа енергија која што мора општините да ја користат и да ја платат кон ЕВН ја набавуваа на слободен пазар каде што беше од 9 до 10 пати поголема“, појасни Маркова.

Таа рече дека општините се соочија и со втор проблем, не само со уличното осветлување туку и со целокупната потрошувачка, што значеше дека треба да ја набавуваат преку снабдувач од берза.

На трибината се обрати и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, кој нагласи дека енергетската криза влијае и на хотелиерството и на големите производни капацитети.

Охрид има доста сонце и луѓето гледаат да ја искористат опцијата за соларни панели. Реалноста, односно оваа енергетска криза пеколно влијае на хотелиерите и на големите производствени капацитети. И кај нив има интерес за постапката за поставување на фотоволтаици, рече Пецаков.

Сепак, Пацаков укажа, на ограничувањата кои ги има во Охрид по ова прашање.

„Сепак ние имаме мал проблем што во некои делови УНЕСКО ова го забранува. Охрид е под заштита на УНЕСКО и вакви капацитети не можат да се постават секаде. Но, се одговара на кои имаат интерес, а кои се во делови во кои тоа е дозволено“, посочи Пецаков.

Ние пред неколку дена го издадовме првото решение на приватен инвеститор за 5 мегавати, претпоставувам дека до крајот на годината или почетокот на идната година ќе издадеме уште четири решенија и околу 40 мегавати ќе бидат поставени од страна на приватни заинтересирани субјекти кои што изминатите година дена вложуваа во делот на урбанизација, вели градоначалникот на општина Велес, Марко Колев обраќајќи се пред присутните.

Колев истакна дека е подготвена документација за сите основни и средни училишта во општината за поставување на фотоволтаици  за производство на електрична енергија, а како што рече ќе се постават од 20 до 40 киловати.

Покрај овој процес следејќи ја состојбата на општината ги мотивиравме приватните субјекти во Велес да вложуваат во поставување на фотоволтаиции со убрзана постапка, значи со поставување на фотоволтаици на сите поголеми производствени капацитети во Велес се завршени. И она што можевме да го направиме е подготвивме документација техничка за сите основни и средни училишта во Велес и веќе сме во постапка за избор на  фирма, мислам дека и наредната недела ќе има отворање на понудите за поставување на фотоволтаици за прозиводство на електрична енергија за скоро сите основни и средни училишта. Ќе се постават околу 20 и 40 киловати, изјави Колев.

Сања Божиновска стратешки соработник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за прашања од енергетиката, на трибината за предизвиците на локалната самоуправа во енергетска криза на „Саем на промени што носат иднина“ истакна дека додека цените на електричната енергија растат државата не е спремна, произведува дупло помалку од порано а не ја ни користи сончевата енергија.

Секојдневно слушаме за зголемени цени на електрична енергија, цените се навистина високи, а ние како земја не сме спремни. Ако имаше подобро менаџирање во последните години како на пример во 2010 година имаше ЕЛЕМ производство од 6.400 гигават часа, но мината 2021 година тоа е за 50% намалено, односно на 3.200 гигават саата. Тоа значи дека Македонија како знаеја на сонцето треба да се осврне на сончевата енергија, рече Божиновска.

Божиновска посочи дека Македонија треба да се огледа на Хрватска и Србија кои субвенционираат и до 50% за фотопанели или да може домаќинствата кои ќе дадат повеќе енергија во електросистемот може да добијат пари или да ја користат енергијата понатаму.  Таа додаде и дека во Македонија дискутабилно е земјиштето на кое се издаваат дозволи за фотоволтаици, на плодно земјиште не треба да се ставаат фотоволтаици, владата најави стратешки инвестиции но тоа засега е само на хартија и ништо не е направено.

Проф. д-р Константин Димитров укажа дека енергетиката е многу битен елемент во општеството односно како што рече тој таа е двигател на развојот на стопанството.

Енергетиката е многу битен елемент во општеството. Тоа е двигател на развојот на стопанството. Каква ни е состојбата и зошто дојдовме до ова е исто многу битно. Во Македонија енергетската база од која се обезбедува како што вели Владата доволно електрична енергија, но за регулираниот пазар, а забораваат дека нерегулираниот пазар и стопанството се сврзани садови. Ако овдека одземеш таму додадеш, проблемите веднаш се манифестираат секаде, се манифестираат во буџетот на домаќинствата, на тие што го полнат буџетот на државата, рече професорот Димитров.

Професорот Димитров во текот на своето обраќање се осврна на работата на хидроцентралите и термоцентралите.

Во Македонија се базира производството на термоцентрали и хидроцентрали и делумно се повеќе обновливи извори на енергија. Термоцентрали се со вграден капацитет 1069 мегавати, хидропотецијалот каде што зборуваме за големите хидропостојки се околу 560 мегавати, не е битно бројките да ги запаметиме, битно е да почувствуваме односот помеѓу нив. Во обновливи извори на енергија имаме 70 мегавати, но тука има едно големо НО. Термоцентралите работат со тој свој номинален капацитет или треба да работат со номиналниот капацитет 6.000 часови годишно. Хидроцентралите не работат толку, толку им е  капацитетот на вода што се фаќа со акумулациите, но акумулациите стојат на минимално ниво, така и да не можеме да очекуваме производство. Може да се каже дека они учествуваат со по неколку месеци и можат да исполнат својот капацитет. Со овој изграден капацитет во изминатиот период во Македонија ние обезбедуваме производство на електрична енергија што е на нивото од околу 7,700 гигават саати, толку и треба на Македонија моментално со тоа колку имаме опаднато производство, со тоа колку домаќинствата нешто штедат, колку имаме иселени луѓе. Но работата е што не произведуваме толку, произведуваме 5.500-5.600 што значи 30% од потребната количина на електрична енергија ја увезуваме. Ја увезуваме и заради покачените цени плаќаме скапо. Колку за споредба тоа се некаде на годишно ниво купуваме електрична енергија и плаќаме колку што би чинело да изградиме една двестамегаватна постројка на гас како што е во Скопје сега ТЕ-ТО, но таа не е наша таа е само изградена територија на Република Македонија, таа е приватна, додаде тој.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски зборуваше за интересот и иницијативите за поставување на соларни панели, и за тоа како да се олесни процедурата и да се мотивираат стопанските субјекти и поединци да се одлучат на ваков чекор.

„Во општина Битола до јули 2022 година пристигнале вкупно 13 барања со вкупна инсталирана моќност од 3200 киловати, а од јули до денес реализирани се 9 барања од кои 4 се одобрени со вкупна моќност од 1400 киловати и 5 се во постапка од 1655. Интересот е голем особено од стопанските субјекти, а индивидуалните побарувања се многу мали, меѓутоа сите оние кои што нешто значат во индустријата на Битола веќе се во фаза на барање одобренија. Од сознанијата кои ги имам од луѓето кои работат во овој сектор во општината Битола, постапката можеби е и отежната со тоа што се бараат инспектори кои треба да ја поминат некаква си фаза на лиценцирање и обука. Тука потребно е и ангажирање на електроинжери и дали секоја општина го има тоа како капацитет е сосема друго прашање“, истакна Коњановски.

Тој исто така се осврна и на предизвиците со кои се соочи општина Битола што се однесува на превисоките сметки за електрична енергија и надминувањето на истите

„Битола како општина која што е многу тесно поврзана со РЕК Битола, денес некои прославуваат годишнина, а ние овде дебатираме. Од едната страна се луѓето кои што кажуваат дека тече мед и млеко, меѓутоа состојбите се други и она што ние го имаме на терен е сосема друга состојба. Меѓу првите фактури кои ги потпишав беше онаа за електрична енергија. Сумата беше 7.700.000 денари и тоа е во месец ноември, само во 5-6 дена од стапувањето на должност и кога прашав колку беше претходната, одговорот беше 1.700.000, за после два три месеци да ја добијам фактурата од 10 милиони. Алармот беше уклучен уште од првите часови во контакт со нашиве колеги кои се соочија буквално со истиот проблем. Добавувачот со кој беше веќе воспоставен тендер, јавна набавка ја откажа и ние се соочивме да преминеме на универзалниот добавувач ЕВН каде според HUPX берзата зголемена за 50% вредностите може да замислите какви беа. Имавме неколку обиди до месец март кога истекуваше договорот да направиме повик. Повикот беше направен меѓутоа немаше заинтересирани, не се ни јавуваа. После тоа се склучи договор со ЕДС и на крај мораме да преминеме она што го договаравме заедно со колегите да ја направиме таа интервенција за која не укривуваа дека правиме криминал. Мислам дека се работи за спасување на граѓаните и спасување на локалните самоуправи затоа што самите сме свесни што значи толкави енормни трошоци и наместо да се фокусирате на развојот на општината, наместо да интервенирате во инфраструктура и да работите на проектите, вие едноставно животарите за да ги платите сметките за електрична енергија“, потенцираше Коњановски.

The post Општините беа оставени сами на себе да се справуваат со енергетската криза appeared first on Република.

]]>

На денешната трибина „Предизвиците на локалната самоуправа во услови на енергетска криза“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Маркова, претседателка на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека во периодот кога се случуваа локалните избори во 2021 година и кога ВМРО-ДПМНЕ сигнализираше дека се случува нешто посебно со електричната енергија и гасот, СДСМ ги тераше изборите лежерно и постојано излегуваше по телевизиите известувајќи ги граѓаните дека се е под контрола. Но, за жал се случи она што ниту еден граѓанин не го посакуваше, а тоа дека ништо не беше под контрола како што уверуваше СДСМ.
И покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори и освои најголем број на општини, се случи она најлошото да нашите градоначалници се соочат со проблеми од невидени размери предизвикани токму од несериозноста на СДСМ. Доволен доказ беше првата енергетска криза која што ја прогласија во времетраење од шест месеци од декември 2021 година до јуни 2022 година и тоа во снабдување во електрична енергија и делумно снабдување со топлинска енергија на територија на град Скопје. Истото се случи и годинава, значи некаде од минатиот месец до траење на крај на април имаме повторно прогласена електроенергетска криза. За сето ова време се случуваа неколку пострашни проблеми значи цената на берзите на електричната енергија и гасот растеше. Меѓутоа за жал цента на електричната енергија дома кај нас исто така растеше било за домаќинствата, било за малите потрошувачи, а оние пак компании кои што набавуваат на слободен пазар за нив нема потреба да зборуваме дека имаше период во кој што цената некогаш порасна за7, 8 па и 10 пати, потенцираше таа.
Таа посочи дека улогата на регулаторот во оваа ситуација во која што се наоѓа државата е никаква. Бидејќи ако некаде од јули 2020-та година досега кумулативно цената за домаќинствата е порасната за 41%. А, за малите потрошувачи кои што се исто така на регулираниот пазар, а се снабдувани од ЕВН Хоме до крајот на 2021 година имаа за 30% зголемена цена, а од 1 јули 2022 година имаат за 5 пати зголемена цена. Тоа се фирми кои што имаат по 50 вработени, фирми кои што имаат помалку од 2 милиони евра годишно обрт во денарска противредност, тие се соочија летово со пет пати зголемена цена во однос на минатата година.
За сето ова време берзите флуктуираа, но секогаш беа поголеми од она што беше летото 2020-та или летото 2021 и 2022 година. Што значи ова? Значи дека и домаќинствата и малите потрошувачи, и сите субјекти кои што излегоа на либерализираниот пазар значи да набавуваат слободна енергија од снабдувачи се соочија со енормно зголемување на цената на електричната енергија. Се случија и други проблеми за кои што би сакала да алармирам, се случи една состојба во која уличното осветлување согласно Законот за локална самоуправа е со фиксна тарифа и секое домаќинство во својата сметка добива цена од 184 денари, најголем дел од енергијата која што требаше да се користи во земјата за улично осветлување беше планирана да се набави од увоз, од берза, а многу мал дел да биде само на регулиран пазар, во пресметките на регулаторот. Тоа придонесе да Општините оставени сами на себе да се соочат со двоен проблем, прво добиваат минимален додаток од ЕВН затоа што ЕВН го собира преку нашите сметки кои што ни ги испорачува односно 184 денари, а таа енергија која што мора општините да ја користат и да ја платат кон ЕВН ја набавуваа на слободен пазар каде што беше од 9 до 10 пати поголема“, појасни Маркова.
Таа рече дека општините се соочија и со втор проблем, не само со уличното осветлување туку и со целокупната потрошувачка, што значеше дека треба да ја набавуваат преку снабдувач од берза. На трибината се обрати и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, кој нагласи дека енергетската криза влијае и на хотелиерството и на големите производни капацитети.
Охрид има доста сонце и луѓето гледаат да ја искористат опцијата за соларни панели. Реалноста, односно оваа енергетска криза пеколно влијае на хотелиерите и на големите производствени капацитети. И кај нив има интерес за постапката за поставување на фотоволтаици, рече Пецаков.
Сепак, Пацаков укажа, на ограничувањата кои ги има во Охрид по ова прашање.
„Сепак ние имаме мал проблем што во некои делови УНЕСКО ова го забранува. Охрид е под заштита на УНЕСКО и вакви капацитети не можат да се постават секаде. Но, се одговара на кои имаат интерес, а кои се во делови во кои тоа е дозволено“, посочи Пецаков. Ние пред неколку дена го издадовме првото решение на приватен инвеститор за 5 мегавати, претпоставувам дека до крајот на годината или почетокот на идната година ќе издадеме уште четири решенија и околу 40 мегавати ќе бидат поставени од страна на приватни заинтересирани субјекти кои што изминатите година дена вложуваа во делот на урбанизација, вели градоначалникот на општина Велес, Марко Колев обраќајќи се пред присутните.
Колев истакна дека е подготвена документација за сите основни и средни училишта во општината за поставување на фотоволтаици  за производство на електрична енергија, а како што рече ќе се постават од 20 до 40 киловати.
Покрај овој процес следејќи ја состојбата на општината ги мотивиравме приватните субјекти во Велес да вложуваат во поставување на фотоволтаиции со убрзана постапка, значи со поставување на фотоволтаици на сите поголеми производствени капацитети во Велес се завршени. И она што можевме да го направиме е подготвивме документација техничка за сите основни и средни училишта во Велес и веќе сме во постапка за избор на  фирма, мислам дека и наредната недела ќе има отворање на понудите за поставување на фотоволтаици за прозиводство на електрична енергија за скоро сите основни и средни училишта. Ќе се постават околу 20 и 40 киловати, изјави Колев.
Сања Божиновска стратешки соработник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за прашања од енергетиката, на трибината за предизвиците на локалната самоуправа во енергетска криза на „Саем на промени што носат иднина“ истакна дека додека цените на електричната енергија растат државата не е спремна, произведува дупло помалку од порано а не ја ни користи сончевата енергија.
Секојдневно слушаме за зголемени цени на електрична енергија, цените се навистина високи, а ние како земја не сме спремни. Ако имаше подобро менаџирање во последните години како на пример во 2010 година имаше ЕЛЕМ производство од 6.400 гигават часа, но мината 2021 година тоа е за 50% намалено, односно на 3.200 гигават саата. Тоа значи дека Македонија како знаеја на сонцето треба да се осврне на сончевата енергија, рече Божиновска.
Божиновска посочи дека Македонија треба да се огледа на Хрватска и Србија кои субвенционираат и до 50% за фотопанели или да може домаќинствата кои ќе дадат повеќе енергија во електросистемот може да добијат пари или да ја користат енергијата понатаму.  Таа додаде и дека во Македонија дискутабилно е земјиштето на кое се издаваат дозволи за фотоволтаици, на плодно земјиште не треба да се ставаат фотоволтаици, владата најави стратешки инвестиции но тоа засега е само на хартија и ништо не е направено. Проф. д-р Константин Димитров укажа дека енергетиката е многу битен елемент во општеството односно како што рече тој таа е двигател на развојот на стопанството.
Енергетиката е многу битен елемент во општеството. Тоа е двигател на развојот на стопанството. Каква ни е состојбата и зошто дојдовме до ова е исто многу битно. Во Македонија енергетската база од која се обезбедува како што вели Владата доволно електрична енергија, но за регулираниот пазар, а забораваат дека нерегулираниот пазар и стопанството се сврзани садови. Ако овдека одземеш таму додадеш, проблемите веднаш се манифестираат секаде, се манифестираат во буџетот на домаќинствата, на тие што го полнат буџетот на државата, рече професорот Димитров.
Професорот Димитров во текот на своето обраќање се осврна на работата на хидроцентралите и термоцентралите.
Во Македонија се базира производството на термоцентрали и хидроцентрали и делумно се повеќе обновливи извори на енергија. Термоцентрали се со вграден капацитет 1069 мегавати, хидропотецијалот каде што зборуваме за големите хидропостојки се околу 560 мегавати, не е битно бројките да ги запаметиме, битно е да почувствуваме односот помеѓу нив. Во обновливи извори на енергија имаме 70 мегавати, но тука има едно големо НО. Термоцентралите работат со тој свој номинален капацитет или треба да работат со номиналниот капацитет 6.000 часови годишно. Хидроцентралите не работат толку, толку им е  капацитетот на вода што се фаќа со акумулациите, но акумулациите стојат на минимално ниво, така и да не можеме да очекуваме производство. Може да се каже дека они учествуваат со по неколку месеци и можат да исполнат својот капацитет. Со овој изграден капацитет во изминатиот период во Македонија ние обезбедуваме производство на електрична енергија што е на нивото од околу 7,700 гигават саати, толку и треба на Македонија моментално со тоа колку имаме опаднато производство, со тоа колку домаќинствата нешто штедат, колку имаме иселени луѓе. Но работата е што не произведуваме толку, произведуваме 5.500-5.600 што значи 30% од потребната количина на електрична енергија ја увезуваме. Ја увезуваме и заради покачените цени плаќаме скапо. Колку за споредба тоа се некаде на годишно ниво купуваме електрична енергија и плаќаме колку што би чинело да изградиме една двестамегаватна постројка на гас како што е во Скопје сега ТЕ-ТО, но таа не е наша таа е само изградена територија на Република Македонија, таа е приватна, додаде тој.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски зборуваше за интересот и иницијативите за поставување на соларни панели, и за тоа како да се олесни процедурата и да се мотивираат стопанските субјекти и поединци да се одлучат на ваков чекор.
„Во општина Битола до јули 2022 година пристигнале вкупно 13 барања со вкупна инсталирана моќност од 3200 киловати, а од јули до денес реализирани се 9 барања од кои 4 се одобрени со вкупна моќност од 1400 киловати и 5 се во постапка од 1655. Интересот е голем особено од стопанските субјекти, а индивидуалните побарувања се многу мали, меѓутоа сите оние кои што нешто значат во индустријата на Битола веќе се во фаза на барање одобренија. Од сознанијата кои ги имам од луѓето кои работат во овој сектор во општината Битола, постапката можеби е и отежната со тоа што се бараат инспектори кои треба да ја поминат некаква си фаза на лиценцирање и обука. Тука потребно е и ангажирање на електроинжери и дали секоја општина го има тоа како капацитет е сосема друго прашање“, истакна Коњановски.
Тој исто така се осврна и на предизвиците со кои се соочи општина Битола што се однесува на превисоките сметки за електрична енергија и надминувањето на истите
„Битола како општина која што е многу тесно поврзана со РЕК Битола, денес некои прославуваат годишнина, а ние овде дебатираме. Од едната страна се луѓето кои што кажуваат дека тече мед и млеко, меѓутоа состојбите се други и она што ние го имаме на терен е сосема друга состојба. Меѓу првите фактури кои ги потпишав беше онаа за електрична енергија. Сумата беше 7.700.000 денари и тоа е во месец ноември, само во 5-6 дена од стапувањето на должност и кога прашав колку беше претходната, одговорот беше 1.700.000, за после два три месеци да ја добијам фактурата од 10 милиони. Алармот беше уклучен уште од првите часови во контакт со нашиве колеги кои се соочија буквално со истиот проблем. Добавувачот со кој беше веќе воспоставен тендер, јавна набавка ја откажа и ние се соочивме да преминеме на универзалниот добавувач ЕВН каде според HUPX берзата зголемена за 50% вредностите може да замислите какви беа. Имавме неколку обиди до месец март кога истекуваше договорот да направиме повик. Повикот беше направен меѓутоа немаше заинтересирани, не се ни јавуваа. После тоа се склучи договор со ЕДС и на крај мораме да преминеме она што го договаравме заедно со колегите да ја направиме таа интервенција за која не укривуваа дека правиме криминал. Мислам дека се работи за спасување на граѓаните и спасување на локалните самоуправи затоа што самите сме свесни што значи толкави енормни трошоци и наместо да се фокусирате на развојот на општината, наместо да интервенирате во инфраструктура и да работите на проектите, вие едноставно животарите за да ги платите сметките за електрична енергија“, потенцираше Коњановски.

The post Општините беа оставени сами на себе да се справуваат со енергетската криза appeared first on Република.

]]>
Дигитализацијата на општините ја намалува нивната корумпираност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/digitalizacijata-na-opshtinite-ja-namaluva-nivnata-korumpiranost/ Sat, 05 Nov 2022 19:35:55 +0000 https://republika.mk/?p=570179

Пред две години започнавме една иницијатива која што ја нарекуваме дигитална иницијатива МК25. А идејата беше дека сакаме малку повеќе да влијаеме врз процесот на дигитална трансформација на земјата. Знаете дека во ЕУ веќе се зборува за двојна трансформација, едниот дел е дигитална трансформација, другиот дел е дигитална трансформација. Инаку во таа дигитална иницијатива што се обидовме да направиме, тоа е како една неформална работна група, партнер ни е МАНУ, и ги собравме сите Стопански комори, собравме неколку претставници на академијата, но исто така и политички партии вклучително и ВМРО-ДПМНЕ со цел она кое што ќе го направиме и ќе го сработиме во таа група да има подолг рок односно да е одржливо, вели Никица Мојсоска Блажевска, главен извршен директор на Македонија 2025 на денешната трибина Во чекор со промените – дигитална иднина на локалната самоуправа.

Според неa, дигитализацијата е важна на локално ниво бидејќи може да го подобри квалитетот на живот на граѓаните, како и да придонесе кон поголема транспарентност на општините.

Зошто е важна дигиталната трансформација на локално ниво? Бидејќи граѓаните најмногу контакт да кажам со владата имаат на локално ниво, значи со локалната власт, не толку со централната власт. Дигиталната трансформација на општините може да го подобри навистина квалитетот на живот на граѓаните, може да придонесе кон поголема транспарентност на општините и дека може едноставно да им донесе многу повеќе гласови на градоначалниците, на оние кои што ќе успеат да направат важна дигитална трансформација, нагласи таа.

Во секоја трансформација или во секој процес велиме дека има понуда и побарувачка и тоа е многу важно двете страни да се спремни за дигитална трансформација. Во овој случај побарувачката тоа се граѓаните мора да имаат дигитални вештини, мора да знаат како да ги користат услугите од страна на општината. А од другата страна понудата тоа е општината дали и колку општината нудат е услуги за своите граѓани, вели Мојсоска Блажеска

Мојсоска Блажевска потенцираше дека според нејзе дигитализацијата е еден начин за намалување на корупцијата, односно како што истакна таа проблем кој го јаде македонското општество и економијата долги години наназад.

Дигитализацијата е еден начин за намалување на корупцијата, проблем кој што е најголем и го јаде нашето општество и нашата економија долги години наназад. И заради тоа многу се залагам за дигитализација, децидна е главната извршна директорка  на Македонија 2025 Мојсоска Блажевска.

Орце Симов претседател на комората за информатичко телекомуникациска технологија при Сојуз на Стопански комори истакна дека неопходна дигитална трансформација на македонското општество и дигитална трансформација на локалната самоуправа која треба да се базира на македонските ИКТ компании што ќе води кон постабилна и поодржлива економија.

„Многу параметри и индикатори за македонската економија и состојбата на македонското општество споредени со околината и со светот особено со околината која што има слична економија сличен менталитет како нас покажуваат дека ние како заедница и како народ покажавме многу послаби перформанси. Експоненцијалното ширење на дигиталните технологии и услуги носи длабоки импликации кои креираат можност за одржлив раст и развој. Информационо комуникациската технологија може да биде моќен двигател за раст на земјите во развој како што е Македонија. Вештачката интелегенција, блок чејн технологиите, децентрализираните финансии ќе донесат значителни промени во пазарот на труд и во сите сфери на живеењето. Затоа ние мора на тоа да се прилагодуваме„ истакна Симов.

Симов нагласи дека е неопходна дигитална трансформација на македонското општество и дигитална трансформација на локалната самоуправа која треба да се базира на македонските ИКТ компании што ќе води кон постабилна и поодржлива економија.

„Една од моите визии како претседател на ИКТ комората е македонски компании кои развиваат сопствени производи и услуги со високо додадена вредност наместо македонски компании со аутсорсинг услуги кои што ги изнајмуваат своите вработени на странски компании. ИКТ зоната е замислена како инфраструктурно модерно уреден простор со убави згради модерен простор за вработените. Локација која се наоѓа во централното градско подрачје инфраструктурно уредена заедно со централната и локалната власт и под поволни услови доделена на македонските ИКТ компании, нешто слично како што во ТИРЗ зоните се доделува просторот на странските компании. Развојот на еден ваков високо технолошки индустриски комплекс ќе овозможи концентрација на македонските ИКТ компании на едно место истражувачките институти од Универзитетите исто така на тоа место и сето тоа ќе овозможи дружење на македонските ИКТ кадри, ИКТ експерти, меѓусебна размена на идеи и раѓање на нови идеи. Дигитална трансформација е неопходна на македонското општество, која треба да се базира на македонските ИКТ компании“ нагласи Симов.

Во некои области на дигитализацијата мора прецизно да се раздвојат општините ингеренции од страна на законодавната власт. Една добра практика што ја забележав меѓу општините е дека доста голем дел од нашите градоначалници веќе започнаа со електронска наплата на своите давачки и даноци. Тоа навистина е добра и интересна практика, меѓутоа тука се јавува проблемот на неподготвеност на населението. Не можат сите, особено старите лица, не можат лесно да се снајдат во врска со плаќањата на даноците, за некои луѓе е сеуште подобро да појдат во општина и да го регулираат она што треба да го платат и да се вратат дома, вели Методија Анѓелкоски, магистер по софтверско инженерство на денешната трибината „Во чекор со промените – Дигитална иднина на локалната самоуправа“ во рамките на политичкиот саем на промените што носат иднина во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека една добра практика што треба да се воведе и која што поамбициозните општини на нашите градоначалници ја имаат преземено, а тоа е да сите предмети се овозможат да бидат следени во која состојба се наоѓаат, преку дигитална форма.

Еден едноставен пример, ако некој од вас примал или праќал дел ДХЛ пошта, добивате еден уникатен број, тој уникатен број штом го внесете на одреден веб портал, веднаш ви дава дека во моментов вашата пратка се наоѓа на тоа и тоа место. Замислете еден ваков систем, имате одреден проблем кој треба да го решава општината, нека е некаква легализација, нека е некаква дозвола, градежна или било каква, да можете во било кој момент да внесете едно бројче и едноставно да ви кажат дека во овој момент комисијата за тоа и тоа и вие како граѓанин ќе може да интервенирате ако забележите дека одредена комисија го кочи вашиот предмет, ќе може да се распрашате, да влијаете или да се пожалите. Тоа би била една многу интересна и добра практика која што сметам дека треба да се воведе. Следна работа е воведување можеби на единствен општински портал. Поголемите општини имаат доста претпријатија, заради дигиталната писменост која што е на релативно ниско ниво, добро би било да има едно единствено место каде што било кој граѓанин ќе може да се приклучи и да каже дека сака да ги регулира своите сметки за вода, комуналии и друго што е во ингеренции на општината. Се најавува на тој портал и на многу едноставен начин ги извршува сите. Се навраќам на дискрепанцијата меѓу нашите општини затоа што ова не е одржливо за малите општини, затоа што треба да се вработи човек, треба да се одржува сервер, треба да се има еден податочен центар. Тоа е, колку и да звучи чудно, релативно скапо за некои мали општини. Не е тоа проблем да го на прави на пример Прилеп или Куманово или Гази Баба, но тоа е проблем да го направи Свети Николе или Лозово. Затоа можат во рамките на ЗЕЛС да бидат здружени општини кој што, бидејќи дигитализацијата го дозволува тоа, воопшто не мора да бидат соседни општини, можат да се здружат шест мали општини, да имаат еден заеднички портал ка кој што како прв чекор избирате во која општина сакате да влезете, а како втор чекор избирате што сакате да регулирате. Тоа би ги намалило за одредена вредност сите трошоци на тие општини во тој поглед. И не само тоа, може да дојде и до заеднички податочни центри на сите општини заедно во цела Македонија“, истакна Анѓелкоски.

Дигитализацијата е алатка како треба да стигнеме до попродуктивни општини и општини од кои граѓаните ќе бидат позадоволни и ќе настанат промени кои значат иднина, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клековски на политичкиот саем.

„Дигитализацијата треба да има некоја цел, ние не правиме дигитализација за да имаме апликации, туку за да имаме одредена политичка цел. Таа може да биде подобрени услуги за општини со резултати или може да биде за подобрена транспарентност и интегритет на општините. Во основа сето ова што го збориме за дигитализација треба да води кон одредена цел“, рече Клековски.

Клековски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е шампион во оваа работа, ако некои има направено промена во овие 30 години, во оваа наша Македонија тоа е ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ во 10 години покажа дека може да се направат работи за 30 години

„ВМРО-ДПМНЕ мора да го преземе приматот и да го дигне знамето да биде шампион во следната фаза на дигитализацијата, вклучувајќи и на локалната самоуправа. Треба да се бара соодветни институциски форми да агендата се придвижи многу побрзо наспроти очекуваните од кој ќе се јават во јавноста затоа што сеуште држиме хартија во рацете“, изјави Клековски.

The post Дигитализацијата на општините ја намалува нивната корумпираност appeared first on Република.

Димитриеска Кочоска: Наместо да навредува, СДСМ да побара отчет од своите градоначалници за нивното неработење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-namesto-da-navreduva-sdsm-da-pobara-otchet-od-svoite-gradonachalnici-za-nivnoto-nerabotenje/ Sat, 05 Nov 2022 19:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=570174

Секако дека ова не е отчет пред лидерот, затоа што ако беше отчет пред лидерот, ќе беше зад затворени врати во партиската централа, а како што може да приметите имаме линкови во континуитет, кој како зборува и како дава отчет така се пренесува помеѓу граѓаните. СДСМ повторно покажува дека секој пат кога немаат што друго да кажат и кога немаат со што да се пофалат користа некој термини и зборови со цел да не навредат како што денес е зборот панаѓур, истакна Гордана Димитриеска Кочоска потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во тема на денот на Сител телевизија.

Таа дополнително посочи дека денес за разлика од навредите на СДСМ, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ поднеле отчет за што сработиле во минатата година, во една како што таа рече исклучително тешка година, долгови кои биле наследени, енергетска криза и опструкции од власта. За обвинувањата и навредите од СДСМ таа посочи

Ако ние правевме панаѓур, а сепак пак ќе речам не беше така туку дававме отчет, што направија тие, што направија нивните градоначалници, дали тие нешто реализираа со што ќе се пофалат? Немаат со што да се пофалат и најлесно е нападни го другиот кој што работи а кај себеси не погледнуваш каква е состојбата. Денес наместо да погледнат и да си ги повикаат нивните градоначалници и да си побараат првин во партијата отчет од нив зошто не работат тие се служат со напади, рече таа.

The post Димитриеска Кочоска: Наместо да навредува, СДСМ да побара отчет од своите градоначалници за нивното неработење appeared first on Република.

Мисајловски: 365 дена се доволен период да граѓаните ја воочат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се што вети ВМРО-ДПМНЕ се остварува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-365-dena-se-dovolen-period-da-gragjanite-ja-voochat-razlikata-pomegju-vmro-dpmne-i-sdsm-se-shto-veti-vmro-dpmne-se-ostvaruva/ Sat, 05 Nov 2022 13:42:58 +0000 https://republika.mk/?p=570047

Ова е нешто што го нема во Македонија, односно што го немало во минатото. Ми се допаѓа што е транспарентно, градоначалниците да покажат што направиле, каде се фокусирале во една година. И 365 дена е доволно вака време за да сите граѓани ја видат разликата. Во минатото честопати граѓаните велеа дека исти се градоначалниците, сите се исти, но има разлика, има голема разлика бидејќи слушнавме дека преку 120 милиони евра се вложени директно во инфраструктура и тоа само од градоначалниците, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денес од политичкиот саем, „Саем на промени што носат иднина”.

Мисајловски додаде дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат сработено многу повеќе и од владата.

Може да се воочи дека по шатндовите ги има проектите на градоначалниците кои што ги имаат сработено во овие 365 дена. тука е расчистување на депониите, преубаво зеленило, преку 4 милиони евра за зеленило се издвоени. Десетици милиони евра се издвоени за училишта, за градинки, појасни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори излезе со програми кои содржат многу проекти, и тие треба да се реализираат.

Една третина, половина од програмите се веќе во првата година реализирани и тоа е навистина за поздрав, заклучи Мисајловски.

Тој потсети дека кога бил министер имало посебни програми за водовод, за канализација, за локални патишта преку што директно ги помагал општините.

А, сега можеме да видиме дека централната власт не помага, не дава доволно средства. Значи централната власт е таа што ги собира приходите на државата и треба да им помага на општините, рече тој.

Мисајловски додаде дека додека ВМРО-ДПМНЕ работеше, СДСМ ветуваше дека ќе направат над 1.000 километри регионални патишта, над 600 километри автопати, па ветуваа 1.000 локални патишта. Но од сите тие ветувања за жал граѓаните не добија ништо.

The post Мисајловски: 365 дена се доволен период да граѓаните ја воочат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се што вети ВМРО-ДПМНЕ се остварува appeared first on Република.

]]>

Ова е нешто што го нема во Македонија, односно што го немало во минатото. Ми се допаѓа што е транспарентно, градоначалниците да покажат што направиле, каде се фокусирале во една година. И 365 дена е доволно вака време за да сите граѓани ја видат разликата. Во минатото честопати граѓаните велеа дека исти се градоначалниците, сите се исти, но има разлика, има голема разлика бидејќи слушнавме дека преку 120 милиони евра се вложени директно во инфраструктура и тоа само од градоначалниците, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денес од политичкиот саем, „Саем на промени што носат иднина”. Мисајловски додаде дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат сработено многу повеќе и од владата.
Може да се воочи дека по шатндовите ги има проектите на градоначалниците кои што ги имаат сработено во овие 365 дена. тука е расчистување на депониите, преубаво зеленило, преку 4 милиони евра за зеленило се издвоени. Десетици милиони евра се издвоени за училишта, за градинки, појасни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори излезе со програми кои содржат многу проекти, и тие треба да се реализираат.
Една третина, половина од програмите се веќе во првата година реализирани и тоа е навистина за поздрав, заклучи Мисајловски.
Тој потсети дека кога бил министер имало посебни програми за водовод, за канализација, за локални патишта преку што директно ги помагал општините.
А, сега можеме да видиме дека централната власт не помага, не дава доволно средства. Значи централната власт е таа што ги собира приходите на државата и треба да им помага на општините, рече тој.
Мисајловски додаде дека додека ВМРО-ДПМНЕ работеше, СДСМ ветуваше дека ќе направат над 1.000 километри регионални патишта, над 600 километри автопати, па ветуваа 1.000 локални патишта. Но од сите тие ветувања за жал граѓаните не добија ништо.

The post Мисајловски: 365 дена се доволен период да граѓаните ја воочат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се што вети ВМРО-ДПМНЕ се остварува appeared first on Република.

]]>
Отчет на градоначалниците од Скопскиот регион: Се градат градинки, се реконструираат училишта, се инвестира во нова водоводна и канализациона мрежа, и покрај опструкциите од власта, промените се случуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/otchet-na-gradonachalnicite-od-skopskiot-region-se-gradat-gradinki-se-rekonstruiraat-uchilishta-se-investira-vo-nova-vodovodna-i-kanalizaciona-mreza-i-pokraj-opstrukciite-od-vlasta-promenite-se-sluchu/ Sat, 05 Nov 2022 13:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=570033

Камо да имавме готови проекти од нашите претходници. Почнавме да инвестираме во конкретни капитални инвестиции, но и подготвуваме  огромен број на проекти кои веќе во втората година на мандатот ќе почнат и со градба. Примери за тоа се во делот на образовната инфраструктура целосна доградба и реконструкција на основното училиште „Блаже Конески“, доградба на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, два целосно нови објекти за детски градинки, една веднаш позади кулите Џеваир, другата во населба Лисиче веќе е готов и проект за нова градинка во близина на црквата Свети Илија“, рече Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром на на трибината саем на промените што носат иднина во скопскиот регион во организација на ВМРО-ДПМНЕ, кој посочи дека општината инвестира и во збогатување на програмите на основните училишта и како пример наведе бесплатни часови за пливање, доделување на околу 800 бесплатни таблети на децата од четврто одделение и слично.
Муцунски посочи и дека „во општината  владееше урбанистички хаос“. Оттука една од работите со кои почнавме, кажа Муцунски, е бришење на маркици и на една таква локација веќе ќе почнеме со изградба на парк од 6 илјади метри квадратни во Реонски центар.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во своето обраќање на  отчетот за сработеното на политичкиот саем, „Саем на промени што носат иднина", истакна дека општина Кисела Вода ја затекнал во хаотична состојба и администрација која што била целосно индиферентна на барањата на граѓаните.

Да водите тимски општина тоа подразбира и не преспиени ноќи, подразбира и повеќе од десет дванаесет часа во денот макотрпна работа, им се заблагодарувам од срце, благодарам што ме следат во чекор изминатиот период. Како и останатите општини така и Кисела Вода беше затекната од моја страна во една апатична состојба, односно администрација која што беше целосно индиферентна на барањата на граѓаните, неуслужлива и не насочена спрема граѓаните од една страна и од друга страна долг од 3 милиони евра кој што не подразбираше во минатото задоволување на основните хумани услови за живот на моите сограѓани, туку подразбираше од една страна долг а од друга да Кисела Вода е општина која ја наследив е без основни хумани услови за живот што подразбира водоводни мрежи, атмосферска канализација патна инфраструктура, списоци по 500 дечиња во градинките на чекање. Што значи затекнавме руинирана девастирана општина во која што за жал 30 години наназад никој сериозно не се зафатил со тоа да од нејзе направиме едно поубаво место за живеење. Јас сум исклучително горд на она што го постигнавме изминативе година дена. За само една година ние 70 проценти од нашата програма имаме реализација, или отпочнати проекти кои што се во финална фаза на завршување“ истакна Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски истакна и неколку проекти кои ги опфаќаат инфраструктурата, образование, и справувањето со урбанистичкиот хаос.

Од самото преземање на нашата локална самоуправа така беше и составена програмата да ние ги поделивме во неколку столбови, кои што опфаќаат инфраструктура, образование, справување со урбанистичкиот хаос каде што Кисела Вода беше доста атрактивна по скандалите кои што произлегуваат од урбанистичкиот хаос и криминалот таму така да од тој аспект во тие неколку столба сериозно се зафативме со работа. Пред се се зафативме со општината да ја направиме јавна и транспарентна при секоја наша постапка граѓаните да се чувствуваат дека се еднакви. Секој има право да гради секој има право на надомест од општината, секој има право на еднакви права и привилегии. Тоа е многу важно и суштинско за да ја отвориме општината. Изминатава година, имаме како никогаш до сега 30 години наназад вложено во патната инфраструктура што подразбира асфалтирање на улици и реконструкција во должина од 25 километри тоа е некаде од Скопје до Велес повеќе од половина пат да го реконструирате толку имаме изминатава година. Во однос на подземната инфраструктура беа нарачани проекти кои што се во финална фаза за водоводната мрежа во „Стаклара“, и фекална канализација во „Пинтија“  и „Стаклара“ кои што од пролет ги започнуваме. Во подземна инфраструктура имаме над 3650 метри вложено фекална канализација над километар и 800 имаме вложено во водоводна мрежа, 3,5 километри во атмосферска канализација. Во Урбанизмот како никогаш до сега сите планови и плански документации се прават јавно и транспарентно. Во образованието се гордеам со основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ кој што е многу значаен, кое е прво инклузивно училиште, кај градинките имаме отворено една градинка во Драчево, во финална фаза сме на нова градинка во „Усје“, и две доградби на постоечки градинки. Исто така сметам дека до истекот на втората година од мојот мандат она што сме се обврзале во програмата ќе биде целосно завршено.“  нагласи Ѓорѓиевски.

Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров рече дека за жал оваа општина беше една од оние кои наследи најголем терет од претходно. Во тој дел, кажа тој, ние направивме крупни исчекори за оној долг од над 4 милиони евра што го наследивме по различни основи и успеавме сега да го доведеме на многу пониско ниво.
 
Стојкоски се осврна на проектите од првите 365 дена.
 
Успеваме да постигнеме сериозни резултати со најгорливиот проблем расчистување на депони и расчистивме повеќе мали депонии и онаа која беше најголем проблем, онаа во Ново село каде сега никнува парк со површина од 30 илјади метри квадратни. Фокус ставивме и на инфраструктурата посебно во деловите во кои беше најпотребно и изградени се над 20 илјади метри квадратни нови локални патишта како во Даме Груев, Кисела јаболка, Стопански двор и слично. Паралелно ја развиваме и фекалната и атмосферската канализација. Го решаваме деценскиот проблем со водоснабдување во Кучково, се инвестира и во училишната инфраструктура, намалена листата на чекање за упис во градинки, а со отворање на новиот капацитет на детската градинка Сонце каде се завршени градежните работи чекањето за упис во градинки ќе го доведеме на историски минимум“, рече Стојкоски.

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски истакна дека општината ја затекнал во многу лоша состојба, а кај администрацијата владеела целосна апатија, но тоа се промени во рок од една година се реализирани над 200 проекти од кои 30-тина поголеми и повидливи.

Како сите колеги досега што споменаа, а можеби полошо беше во општина Бутел. Целосна апатија на администрацијата, долг од половина милион евра, ниту еден проект испланиран кој што може да се реализира за во иднина и тоа што беше најдраматично беше тоа што ветените десет носечки проекти кои што претходниот градоначалник ги вети дека ќе ги реализира, немаше започнато буквално ниту еден од десетте носечки проект и тоа само по себе е една драматична ситуација која ни даде дополнително мотив за да практично почнуваме да ја менуваме бидејќи граѓаните целосно изгубија доверба во моментот што значи општина и градоначалник. Но, фала му на Господ, тоа се промени во период од една година и граѓаните на општина Бутел забележаа дека може и поинаку и за само една година успеавме да реализираме 200 проекти меѓу кои 30-тина поголеми и повидливи. Веќе во првата година започнавме три од десетте носечки проекти кои што ги споменавме пред изборите“, истакна Костовски и додаде:

„Во општина Бутел започна да се гради училиште во населеното место Визбегово, започна да се гради нова детска градинка во вредност од 33милиони денари. За период од два ипол месеци успеавме да асфалтираме 20 улици, а до крајот на оваа календарска година, вкупно 35 улици, практично низ период од една година ќе добијат асфалт на територија на општина Бутел што со сигурност можам да потврдам дека е повеќе од четирите години претходно што успеале да се асфалтираат. Она што сакам да го истакнам се нвестициите во образованието, поточно во основните училишта кои што се ингеренции на општината. Вкупно во оваа календарска година ќе имаме околу 30 милиони денари инвестиции што е навистина сума на средства за почит. Реконструиравнме неколку училишта кои што имаа реална потреба за такво нешто, но и набавивме модерна опрема. Инвестиравме во нови кабинети за информатика и некои училишта како „Лиман Каба“ во Љуботен и Гоце Делчев во Љубанци за прв пат во историја добиваат кабинети за информатика“, потенцираше Костовски набројувајќи дел од реализираните проекти.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски на денешната трибина за отчетот за сработеното за градоначалниците од Скопскиот регион, една година по преземањето на функцијата, на политичкиот саем „Промени што носат иднина“, во организација на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека над 40% од проектите предвидени во изборната програма веќе се реализирани, а дополнително 20% се во фаза на реализација.

„По моето доаѓање градоначалник на Општина Гази Баба, она што претходно го имав како информација комплетно ми се потврдија, дека општината беше оставена со голем број на нерешени проблеми и индиции за сериозни злоупотреби на буџетот кои индиции се доставени до соодветните служби за понатамошно постапување. Дополнително, имаше голем број на вработени лица кои што воопшто не доаѓале на работа, а земале плата. Но, за мене најважно е што не се работело на решавање на децениските проблеми на граѓаните. Иако претходната локална власт имаше ветување за изградба на четири нови детски градинки, во период од четири години не оставија ниту еден готов проект, ниту пак започната постапка за урбанистичко проектна документација за изградба на барем една од овие детски градинки, што сериозно ни покажува дека тие работеле неодговорно и не биле посветени кон решавање на интересите на граѓаните“, рече Стефковски.

Стефковски посочи дека со задоволство може да каже дека после една година во општината се работи посветено, одговорно и чесно и се работи постојано на креирање на проекти со кои ќе се решат децениските проблеми на граѓаните, констатирајќи дека во првата година поголем дел од тие децениски проблеми веќе ги решаваат.
 
Во изминатите 365 дена реализиравме 210 нови проекти во Општина Гази Баба. Асфалтиравме локални улици на површина од 15.600 метри квадрати, во населените места Инџиково, Идризово, Стајковци, Трубарево, Јурумлери, Ченто, Булачани и други. Изградивме пешачки патеки во Триангла, железара, Виниче, Црешево, Стајковци и други населени места. Исто така, сериозен пристап имавме и кон подземната инфраструктура, за таа цел ја завршивме првата фаза на фекалната канализација во населеното место Страчинци, комплетно ја завршивме првата фаза и во завршен процес ни е втората зафат на фекалната канализација во населеното месо Црешево, проект кој што чини 20 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба, во тек е изградба и на канализацијата во населеното место Гоце Делчев, во Смилковции така натаму. Во првата година од мојот мандат изградена е фекална канализациона мрежа во вкупна должина од 9.170 метри, односно над девет километри. Изградивме нови седум спортски терени со современа тартан подлога во Железара, Ченто, Маџари, Колонија, Гоце Делчев, Керамидница и Кирил Петрушевски и два спортски терени со вештачка трева во населените места Стајковци и Страчинци. Дополнително, даваме финансиска поддршка и на сите локални спортски клубови, но изградивме и пешачка и велосипедска патека на кејот на реката Вардар во должина од 2,2 километри. Сериозен пристап имаме и кон инвестиции во образованието и образовната инфраструктура. Во изминатата година комплетно ги реконструиравме училишните спортски сали во основното училиште „Глигор Прличев“ во Железара и во училиштето „Дане Крапчев“, опремивме училишни кабинети за практична настава по природни науки во основните училишта, летниот период го искористивме за реконструкција на основните училишта, отворивме сензорни соби во дел од нив и катчиња за дружење на учениците и за прв пат ја воведовме мерката за доделување 3000 денари за секое прво одделенче. Изградивме голем број на мулти функционални паркови, како во населеното место Маџари во површина од над 2000 метри квадрати, во кое има парк за миленици, комплетно уредување со летниковци, фонтана, детско катче и така натаму, како и во Ченто парк на површина од пет илјади метри квадрати, комплетно реконструирано кошаркарското игралиште, и паркот „Скулптура“ во Автокоманда, ги наброја Стефковски дел од реализираните проекти.

На трибината се обрати и градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски, кој рече дека и покрај тоа што општината ја затекнале со долгови, успеале да вратат 2 милиона долг, укажувајќи дека тоа не е причината за реализиарање на проектите и исполнување на ветеното пред граѓаните.

Во изминатиот период активно работевме на враќање на долговите. Можам да кажам дека комплетно се што се работело минатата година, оваа година го исплативме. Некаде околу 2 милиони евра се вратени за претходните години. Но, тоа не смееше да не поколеба да тргнеме со реализација на нови проекти. Со напорна работа со целиот тим и со советот сите заедно направивме еден голем исчекор кон стабилизација на општината и јавните претпријатија и на сите други институции и тргнување напред со забрзани чекори она што го ветивме, вели градоначалникот на општина Илинден Георгиевски и додаде дека изминатите 365 дена реализирал голем број на проекти во делот на комуналната и патна инфраструктура, како и проекти во образованието.

Општина Илинден многу инвестираше во сите сегменти на општественото живеење. Прво ќе почнам од комуналната инфраструктура, а тоа е делот на фекалните канализации и колектори. Сакам да кажам дека во изминатата година само во општина Илинден изработена е над 10 илјади метри фекална канализација. Се гради колектор во населено место Миладиновци во должина од 700 метри, се градат секундарни мрежи во населено место Кадино од 200 метри, моментално се работи на фекална канализација во Марино од 400тини метри. Така што до сега  некаде од прилика над 10 илјади метри изградена фекална канализација. Исто така во овој дел морам да напомена пред неколку месеци беше пуштено во употреба нова пречистителна станица во Кадино за еквалент од 1250 жители, а пред некој ден пуштивме во употреба уште една пречистителна станица во Илинден за околу 1300 жители, или вкупно пречистителна станици за 2500 жители само во овој период. Сериозно работиме и за иднина, се работи за проекти за фекална канализација Плац во Илинден.
 
Во делот на патната инфраструктура сакам да кажам дека до сега околу 5000 метри во должина се асфалтирани улици, над 12.000 метри пробиени тампонирани и санирани улици, рече тој.

2.5 километри пешачки патеки се направија изминатиот период, односно пешачка патека на улица 2 во должина од 400 метри, пешачка патека во Мралино во должина од над 700 метри, пешачка патека во Миладиновци од над 850 метри и уште неколку други. Во делот на образованието, целосно се изгради училиштето, со опрема со интерактивни табли, поставивме ограда, со мебел внатре, хортикултурно уредување на целиот простор, паркинг, улично осветлување околу училиштето. Но, и во другите училишта имавме инвестиции во делот на заштитни огради, подобрување на делот за греење, реконструкција на кровот, додаде тој и истакна дека општината доделува по 5000 денари за секое новороденче.

И градоначалникот на Зелениково  Коста Маневски на трибината истакна дека затекнал општина со многу долгови и проблеми, проекти за кои претходно не било платени ни денар, наследен долг  за улици како и јавно комунално претпријатие со долг од 41 милион денари и нефункционална механизација. Но, како што истакна и покрај се тоа за една година постигнато е многу, долговите вратени, се работат многу проекти, а општината веќе е во плус.

Долговите се расчистени и на сметка имаме плус 3 милиони денари и од 78 ветени проекти веќе се реализирани 26, околу една третина од проектите. Имаме реконструирани улици, Во делот на урбана опрема би сакал да истакнам дека имаме изградено два детски парка, успеавме да набавиме специјализирано возило за транспорт на комунален отпад, да исчистиме диви депонии и од нив да направиме зелени оази. Реконструиран зелен пазар како и да го споменам етно комплекс кој со здружение на граѓани, изјави Маневски.
 
Градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски пак зборуваше за општината со кој управува каде посочи дека пред 12 години која ја затекнал општината имала буџет од 380 илјади евра буџет и 985 илјади евра долг, а сега со работа денеска општината има буџет над 3 милиони евра.
 
Сега многу лесно е да се збори за општина Петровец, но да се потсетиме како беше општина Петровец пред 12 години, општина со 380 илјади евра буџет и 985 илјади евра долг. Три буџети потрошени, но тука не се предадовме заедно со советниците, заедно со општинската администрација она што го ветивме пред граѓаните дека ќе работиме макотрпно, отчетно тоа и го спроведовме. Направивме три индустриски зони, што се гордост за општина Петровец. Имаме најголема индустриска зона во Република Македонија, мултифункционалната зона Ќојлија, имаме уште две индустриски зони, Долно Коњари и Р`жаничино индустриска зона. Денес имаме општина со десет пати поголем буџет, денеска буџетот е над 3 милиони евра и е многу полесно за разлика од првиот пат кога стапивме на власт, рече Митевски.

Митевски во текот на своето обраќање ги наброја и проектите кои ги направил во годината.

Некаде околу 5.100 метри одводна и водоводна канализациона мрежа во населените места во цела општина, имаме патна инфраструктура од 1.200 метри асфалтирани улици. Во делот на образованието направивме темелна реконструкција на училиште во Огњанци, средени си училишните дворови на 4 училишта. Направиме просторија за пензионерите во Катланово, реконструкција на културниот дом во населеното место Сушица. Потоа тампонирање на 2.000 метри во новата населба во Р`жаничино. Исто така се грижиме за социјално загрозените семејства каде што секоја година доделуваме хуманитарни пакети. Исто така на сите првачиња поделивме по 4.000 денари. Не може да не се спомене и започнувањето на нова општинската зграда каде ќе ги подобриме условите за работа на општинската администрација и ќе ги подобриме услугите на жителите кои ќе дојдат на подигнат било каква услуга  во општина Петровец. Во завршна фаза е и пешачката патека во должина од 1.060 метри каде очекувам за еден месец да биде целосно готова. Целосно ги подржуваме  финансиски, спортските клубови во општина Петровец како и културно уметничкото друштво. Исто така имаме исчистени 4 диви депонии, кажа тој.

The post Отчет на градоначалниците од Скопскиот регион: Се градат градинки, се реконструираат училишта, се инвестира во нова водоводна и канализациона мрежа, и покрај опструкциите од власта, промените се случуваат appeared first on Република.

]]>

Камо да имавме готови проекти од нашите претходници. Почнавме да инвестираме во конкретни капитални инвестиции, но и подготвуваме  огромен број на проекти кои веќе во втората година на мандатот ќе почнат и со градба. Примери за тоа се во делот на образовната инфраструктура целосна доградба и реконструкција на основното училиште „Блаже Конески“, доградба на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, два целосно нови објекти за детски градинки, една веднаш позади кулите Џеваир, другата во населба Лисиче веќе е готов и проект за нова градинка во близина на црквата Свети Илија“, рече Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром на на трибината саем на промените што носат иднина во скопскиот регион во организација на ВМРО-ДПМНЕ, кој посочи дека општината инвестира и во збогатување на програмите на основните училишта и како пример наведе бесплатни часови за пливање, доделување на околу 800 бесплатни таблети на децата од четврто одделение и слично. Муцунски посочи и дека „во општината  владееше урбанистички хаос“. Оттука една од работите со кои почнавме, кажа Муцунски, е бришење на маркици и на една таква локација веќе ќе почнеме со изградба на парк од 6 илјади метри квадратни во Реонски центар. Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во своето обраќање на  отчетот за сработеното на политичкиот саем, „Саем на промени што носат иднина", истакна дека општина Кисела Вода ја затекнал во хаотична состојба и администрација која што била целосно индиферентна на барањата на граѓаните.
Да водите тимски општина тоа подразбира и не преспиени ноќи, подразбира и повеќе од десет дванаесет часа во денот макотрпна работа, им се заблагодарувам од срце, благодарам што ме следат во чекор изминатиот период. Како и останатите општини така и Кисела Вода беше затекната од моја страна во една апатична состојба, односно администрација која што беше целосно индиферентна на барањата на граѓаните, неуслужлива и не насочена спрема граѓаните од една страна и од друга страна долг од 3 милиони евра кој што не подразбираше во минатото задоволување на основните хумани услови за живот на моите сограѓани, туку подразбираше од една страна долг а од друга да Кисела Вода е општина која ја наследив е без основни хумани услови за живот што подразбира водоводни мрежи, атмосферска канализација патна инфраструктура, списоци по 500 дечиња во градинките на чекање. Што значи затекнавме руинирана девастирана општина во која што за жал 30 години наназад никој сериозно не се зафатил со тоа да од нејзе направиме едно поубаво место за живеење. Јас сум исклучително горд на она што го постигнавме изминативе година дена. За само една година ние 70 проценти од нашата програма имаме реализација, или отпочнати проекти кои што се во финална фаза на завршување“ истакна Ѓорѓиевски.
 
Ѓорѓиевски истакна и неколку проекти кои ги опфаќаат инфраструктурата, образование, и справувањето со урбанистичкиот хаос. Од самото преземање на нашата локална самоуправа така беше и составена програмата да ние ги поделивме во неколку столбови, кои што опфаќаат инфраструктура, образование, справување со урбанистичкиот хаос каде што Кисела Вода беше доста атрактивна по скандалите кои што произлегуваат од урбанистичкиот хаос и криминалот таму така да од тој аспект во тие неколку столба сериозно се зафативме со работа. Пред се се зафативме со општината да ја направиме јавна и транспарентна при секоја наша постапка граѓаните да се чувствуваат дека се еднакви. Секој има право да гради секој има право на надомест од општината, секој има право на еднакви права и привилегии. Тоа е многу важно и суштинско за да ја отвориме општината. Изминатава година, имаме како никогаш до сега 30 години наназад вложено во патната инфраструктура што подразбира асфалтирање на улици и реконструкција во должина од 25 километри тоа е некаде од Скопје до Велес повеќе од половина пат да го реконструирате толку имаме изминатава година. Во однос на подземната инфраструктура беа нарачани проекти кои што се во финална фаза за водоводната мрежа во „Стаклара“, и фекална канализација во „Пинтија“  и „Стаклара“ кои што од пролет ги започнуваме. Во подземна инфраструктура имаме над 3650 метри вложено фекална канализација над километар и 800 имаме вложено во водоводна мрежа, 3,5 километри во атмосферска канализација. Во Урбанизмот како никогаш до сега сите планови и плански документации се прават јавно и транспарентно. Во образованието се гордеам со основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ кој што е многу значаен, кое е прво инклузивно училиште, кај градинките имаме отворено една градинка во Драчево, во финална фаза сме на нова градинка во „Усје“, и две доградби на постоечки градинки. Исто така сметам дека до истекот на втората година од мојот мандат она што сме се обврзале во програмата ќе биде целосно завршено.“  нагласи Ѓорѓиевски.  
Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров рече дека за жал оваа општина беше една од оние кои наследи најголем терет од претходно. Во тој дел, кажа тој, ние направивме крупни исчекори за оној долг од над 4 милиони евра што го наследивме по различни основи и успеавме сега да го доведеме на многу пониско ниво.
 
Стојкоски се осврна на проектите од првите 365 дена.
 
Успеваме да постигнеме сериозни резултати со најгорливиот проблем расчистување на депони и расчистивме повеќе мали депонии и онаа која беше најголем проблем, онаа во Ново село каде сега никнува парк со површина од 30 илјади метри квадратни. Фокус ставивме и на инфраструктурата посебно во деловите во кои беше најпотребно и изградени се над 20 илјади метри квадратни нови локални патишта како во Даме Груев, Кисела јаболка, Стопански двор и слично. Паралелно ја развиваме и фекалната и атмосферската канализација. Го решаваме деценскиот проблем со водоснабдување во Кучково, се инвестира и во училишната инфраструктура, намалена листата на чекање за упис во градинки, а со отворање на новиот капацитет на детската градинка Сонце каде се завршени градежните работи чекањето за упис во градинки ќе го доведеме на историски минимум“, рече Стојкоски.
Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски истакна дека општината ја затекнал во многу лоша состојба, а кај администрацијата владеела целосна апатија, но тоа се промени во рок од една година се реализирани над 200 проекти од кои 30-тина поголеми и повидливи.
Како сите колеги досега што споменаа, а можеби полошо беше во општина Бутел. Целосна апатија на администрацијата, долг од половина милион евра, ниту еден проект испланиран кој што може да се реализира за во иднина и тоа што беше најдраматично беше тоа што ветените десет носечки проекти кои што претходниот градоначалник ги вети дека ќе ги реализира, немаше започнато буквално ниту еден од десетте носечки проект и тоа само по себе е една драматична ситуација која ни даде дополнително мотив за да практично почнуваме да ја менуваме бидејќи граѓаните целосно изгубија доверба во моментот што значи општина и градоначалник. Но, фала му на Господ, тоа се промени во период од една година и граѓаните на општина Бутел забележаа дека може и поинаку и за само една година успеавме да реализираме 200 проекти меѓу кои 30-тина поголеми и повидливи. Веќе во првата година започнавме три од десетте носечки проекти кои што ги споменавме пред изборите“, истакна Костовски и додаде:
  „Во општина Бутел започна да се гради училиште во населеното место Визбегово, започна да се гради нова детска градинка во вредност од 33милиони денари. За период од два ипол месеци успеавме да асфалтираме 20 улици, а до крајот на оваа календарска година, вкупно 35 улици, практично низ период од една година ќе добијат асфалт на територија на општина Бутел што со сигурност можам да потврдам дека е повеќе од четирите години претходно што успеале да се асфалтираат. Она што сакам да го истакнам се нвестициите во образованието, поточно во основните училишта кои што се ингеренции на општината. Вкупно во оваа календарска година ќе имаме околу 30 милиони денари инвестиции што е навистина сума на средства за почит. Реконструиравнме неколку училишта кои што имаа реална потреба за такво нешто, но и набавивме модерна опрема. Инвестиравме во нови кабинети за информатика и некои училишта како „Лиман Каба“ во Љуботен и Гоце Делчев во Љубанци за прв пат во историја добиваат кабинети за информатика“, потенцираше Костовски набројувајќи дел од реализираните проекти. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски на денешната трибина за отчетот за сработеното за градоначалниците од Скопскиот регион, една година по преземањето на функцијата, на политичкиот саем „Промени што носат иднина“, во организација на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека над 40% од проектите предвидени во изборната програма веќе се реализирани, а дополнително 20% се во фаза на реализација. „По моето доаѓање градоначалник на Општина Гази Баба, она што претходно го имав како информација комплетно ми се потврдија, дека општината беше оставена со голем број на нерешени проблеми и индиции за сериозни злоупотреби на буџетот кои индиции се доставени до соодветните служби за понатамошно постапување. Дополнително, имаше голем број на вработени лица кои што воопшто не доаѓале на работа, а земале плата. Но, за мене најважно е што не се работело на решавање на децениските проблеми на граѓаните. Иако претходната локална власт имаше ветување за изградба на четири нови детски градинки, во период од четири години не оставија ниту еден готов проект, ниту пак започната постапка за урбанистичко проектна документација за изградба на барем една од овие детски градинки, што сериозно ни покажува дека тие работеле неодговорно и не биле посветени кон решавање на интересите на граѓаните“, рече Стефковски.
Стефковски посочи дека со задоволство може да каже дека после една година во општината се работи посветено, одговорно и чесно и се работи постојано на креирање на проекти со кои ќе се решат децениските проблеми на граѓаните, констатирајќи дека во првата година поголем дел од тие децениски проблеми веќе ги решаваат.
 
Во изминатите 365 дена реализиравме 210 нови проекти во Општина Гази Баба. Асфалтиравме локални улици на површина од 15.600 метри квадрати, во населените места Инџиково, Идризово, Стајковци, Трубарево, Јурумлери, Ченто, Булачани и други. Изградивме пешачки патеки во Триангла, железара, Виниче, Црешево, Стајковци и други населени места. Исто така, сериозен пристап имавме и кон подземната инфраструктура, за таа цел ја завршивме првата фаза на фекалната канализација во населеното место Страчинци, комплетно ја завршивме првата фаза и во завршен процес ни е втората зафат на фекалната канализација во населеното месо Црешево, проект кој што чини 20 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба, во тек е изградба и на канализацијата во населеното место Гоце Делчев, во Смилковции така натаму. Во првата година од мојот мандат изградена е фекална канализациона мрежа во вкупна должина од 9.170 метри, односно над девет километри. Изградивме нови седум спортски терени со современа тартан подлога во Железара, Ченто, Маџари, Колонија, Гоце Делчев, Керамидница и Кирил Петрушевски и два спортски терени со вештачка трева во населените места Стајковци и Страчинци. Дополнително, даваме финансиска поддршка и на сите локални спортски клубови, но изградивме и пешачка и велосипедска патека на кејот на реката Вардар во должина од 2,2 километри. Сериозен пристап имаме и кон инвестиции во образованието и образовната инфраструктура. Во изминатата година комплетно ги реконструиравме училишните спортски сали во основното училиште „Глигор Прличев“ во Железара и во училиштето „Дане Крапчев“, опремивме училишни кабинети за практична настава по природни науки во основните училишта, летниот период го искористивме за реконструкција на основните училишта, отворивме сензорни соби во дел од нив и катчиња за дружење на учениците и за прв пат ја воведовме мерката за доделување 3000 денари за секое прво одделенче. Изградивме голем број на мулти функционални паркови, како во населеното место Маџари во површина од над 2000 метри квадрати, во кое има парк за миленици, комплетно уредување со летниковци, фонтана, детско катче и така натаму, како и во Ченто парк на површина од пет илјади метри квадрати, комплетно реконструирано кошаркарското игралиште, и паркот „Скулптура“ во Автокоманда, ги наброја Стефковски дел од реализираните проекти. На трибината се обрати и градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски, кој рече дека и покрај тоа што општината ја затекнале со долгови, успеале да вратат 2 милиона долг, укажувајќи дека тоа не е причината за реализиарање на проектите и исполнување на ветеното пред граѓаните. Во изминатиот период активно работевме на враќање на долговите. Можам да кажам дека комплетно се што се работело минатата година, оваа година го исплативме. Некаде околу 2 милиони евра се вратени за претходните години. Но, тоа не смееше да не поколеба да тргнеме со реализација на нови проекти. Со напорна работа со целиот тим и со советот сите заедно направивме еден голем исчекор кон стабилизација на општината и јавните претпријатија и на сите други институции и тргнување напред со забрзани чекори она што го ветивме, вели градоначалникот на општина Илинден Георгиевски и додаде дека изминатите 365 дена реализирал голем број на проекти во делот на комуналната и патна инфраструктура, како и проекти во образованието.
Општина Илинден многу инвестираше во сите сегменти на општественото живеење. Прво ќе почнам од комуналната инфраструктура, а тоа е делот на фекалните канализации и колектори. Сакам да кажам дека во изминатата година само во општина Илинден изработена е над 10 илјади метри фекална канализација. Се гради колектор во населено место Миладиновци во должина од 700 метри, се градат секундарни мрежи во населено место Кадино од 200 метри, моментално се работи на фекална канализација во Марино од 400тини метри. Така што до сега  некаде од прилика над 10 илјади метри изградена фекална канализација. Исто така во овој дел морам да напомена пред неколку месеци беше пуштено во употреба нова пречистителна станица во Кадино за еквалент од 1250 жители, а пред некој ден пуштивме во употреба уште една пречистителна станица во Илинден за околу 1300 жители, или вкупно пречистителна станици за 2500 жители само во овој период. Сериозно работиме и за иднина, се работи за проекти за фекална канализација Плац во Илинден.
 
Во делот на патната инфраструктура сакам да кажам дека до сега околу 5000 метри во должина се асфалтирани улици, над 12.000 метри пробиени тампонирани и санирани улици, рече тој. 2.5 километри пешачки патеки се направија изминатиот период, односно пешачка патека на улица 2 во должина од 400 метри, пешачка патека во Мралино во должина од над 700 метри, пешачка патека во Миладиновци од над 850 метри и уште неколку други. Во делот на образованието, целосно се изгради училиштето, со опрема со интерактивни табли, поставивме ограда, со мебел внатре, хортикултурно уредување на целиот простор, паркинг, улично осветлување околу училиштето. Но, и во другите училишта имавме инвестиции во делот на заштитни огради, подобрување на делот за греење, реконструкција на кровот, додаде тој и истакна дека општината доделува по 5000 денари за секое новороденче. И градоначалникот на Зелениково  Коста Маневски на трибината истакна дека затекнал општина со многу долгови и проблеми, проекти за кои претходно не било платени ни денар, наследен долг  за улици како и јавно комунално претпријатие со долг од 41 милион денари и нефункционална механизација. Но, како што истакна и покрај се тоа за една година постигнато е многу, долговите вратени, се работат многу проекти, а општината веќе е во плус.
Долговите се расчистени и на сметка имаме плус 3 милиони денари и од 78 ветени проекти веќе се реализирани 26, околу една третина од проектите. Имаме реконструирани улици, Во делот на урбана опрема би сакал да истакнам дека имаме изградено два детски парка, успеавме да набавиме специјализирано возило за транспорт на комунален отпад, да исчистиме диви депонии и од нив да направиме зелени оази. Реконструиран зелен пазар како и да го споменам етно комплекс кој со здружение на граѓани, изјави Маневски.
 
Градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски пак зборуваше за општината со кој управува каде посочи дека пред 12 години која ја затекнал општината имала буџет од 380 илјади евра буџет и 985 илјади евра долг, а сега со работа денеска општината има буџет над 3 милиони евра.
 
Сега многу лесно е да се збори за општина Петровец, но да се потсетиме како беше општина Петровец пред 12 години, општина со 380 илјади евра буџет и 985 илјади евра долг. Три буџети потрошени, но тука не се предадовме заедно со советниците, заедно со општинската администрација она што го ветивме пред граѓаните дека ќе работиме макотрпно, отчетно тоа и го спроведовме. Направивме три индустриски зони, што се гордост за општина Петровец. Имаме најголема индустриска зона во Република Македонија, мултифункционалната зона Ќојлија, имаме уште две индустриски зони, Долно Коњари и Р`жаничино индустриска зона. Денес имаме општина со десет пати поголем буџет, денеска буџетот е над 3 милиони евра и е многу полесно за разлика од првиот пат кога стапивме на власт, рече Митевски. Митевски во текот на своето обраќање ги наброја и проектите кои ги направил во годината. Некаде околу 5.100 метри одводна и водоводна канализациона мрежа во населените места во цела општина, имаме патна инфраструктура од 1.200 метри асфалтирани улици. Во делот на образованието направивме темелна реконструкција на училиште во Огњанци, средени си училишните дворови на 4 училишта. Направиме просторија за пензионерите во Катланово, реконструкција на културниот дом во населеното место Сушица. Потоа тампонирање на 2.000 метри во новата населба во Р`жаничино. Исто така се грижиме за социјално загрозените семејства каде што секоја година доделуваме хуманитарни пакети. Исто така на сите првачиња поделивме по 4.000 денари. Не може да не се спомене и започнувањето на нова општинската зграда каде ќе ги подобриме условите за работа на општинската администрација и ќе ги подобриме услугите на жителите кои ќе дојдат на подигнат било каква услуга  во општина Петровец. Во завршна фаза е и пешачката патека во должина од 1.060 метри каде очекувам за еден месец да биде целосно готова. Целосно ги подржуваме  финансиски, спортските клубови во општина Петровец како и културно уметничкото друштво. Исто така имаме исчистени 4 диви депонии, кажа тој.

The post Отчет на градоначалниците од Скопскиот регион: Се градат градинки, се реконструираат училишта, се инвестира во нова водоводна и канализациона мрежа, и покрај опструкциите од власта, промените се случуваат appeared first on Република.

]]>
Костовски: Граѓаните на Бутел забележаа дека може и поинаку, во првата година започнаве со реализација на 3 од 10-те носечки проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kostovski-gragjanite-na-butel-zabelezaa-deka-moze-i-poinaku-vo-prvata-godina-zapochnave-so-realizacija-na-3-od-10-te-nosechki-proekti/ Sat, 05 Nov 2022 13:08:02 +0000 https://republika.mk/?p=570030

Благодарам за можноста денеска да продискутираме на една убава тема, една година од нашиот мандат. Како и сите колеги до сега што споменаа, слично а можеби и полошо беше во општина Бутел, целосна апатија на администрацијата, долг од половина милион евра, ниту еден проект испроектиран кој што треба да се испланира за во иднина и тоа што беше најдраматично е ветените 10 носечки проекти кој што претходниот градоначалник ги вети дека ќе ги реализира, а немаше започнато буквално ниту еден од 10-те носечки проекти, изјави денеска градоначалникот на општина Бутел на „Саем на промени што носат иднина“.

Тој истакна дека тоа самото по себе е една драматична ситуација која што им дала дополнително мотив да практично почнеме да ја менуваме бидејќи граѓаните целосно изгубија доверба во општината и градоначалникот.

Но, фала му на Господ тоа се промени во период од една година, граѓаните на општина Бутел забележаа дека може и поинаку, и за само една година успеавме да реализираме околу 200 проекти, меѓу кои 30 поголеми и повидливи. Веќе во првата година започнавме 3 од носечките 10 проекти кои што ги споменавме пред изборите, додаде Костовски.

The post Костовски: Граѓаните на Бутел забележаа дека може и поинаку, во првата година започнаве со реализација на 3 од 10-те носечки проекти appeared first on Република.

]]>

Благодарам за можноста денеска да продискутираме на една убава тема, една година од нашиот мандат. Како и сите колеги до сега што споменаа, слично а можеби и полошо беше во општина Бутел, целосна апатија на администрацијата, долг од половина милион евра, ниту еден проект испроектиран кој што треба да се испланира за во иднина и тоа што беше најдраматично е ветените 10 носечки проекти кој што претходниот градоначалник ги вети дека ќе ги реализира, а немаше започнато буквално ниту еден од 10-те носечки проекти, изјави денеска градоначалникот на општина Бутел на „Саем на промени што носат иднина“. Тој истакна дека тоа самото по себе е една драматична ситуација која што им дала дополнително мотив да практично почнеме да ја менуваме бидејќи граѓаните целосно изгубија доверба во општината и градоначалникот.
Но, фала му на Господ тоа се промени во период од една година, граѓаните на општина Бутел забележаа дека може и поинаку, и за само една година успеавме да реализираме околу 200 проекти, меѓу кои 30 поголеми и повидливи. Веќе во првата година започнавме 3 од носечките 10 проекти кои што ги споменавме пред изборите, додаде Костовски.

The post Костовски: Граѓаните на Бутел забележаа дека може и поинаку, во првата година започнаве со реализација на 3 од 10-те носечки проекти appeared first on Република.

]]>
Љутков: Влегувањето во политиката на квалитетни луѓе стана нужност, бидејќи државата е девастирана по сите основи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ljutkov-vleguvanjeto-vo-politikata-na-kvalitetni-lugje-stana-nuznost-bidejkji-drzavata-e-devastirana-po-site-osnovi/ Sat, 05 Nov 2022 13:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=570027

Влегувањето во политиката на квалитетни луѓе стана нужност, бидејќи ние сме сега во состојба во девастирана држава по сите основи. Во однос на здравство, економија и социјален статус на државата. Нас ни е сега должност да се вклучиме што помасовно во политиката сите кои имаме добри намери за да придонесеме што повеќе, изјави Претседателот на Советот на Општина Велес Зоран Љутков на денешниот политички саем „Саем на промени што носат иднина“.

Тој додаде дека тргнале со силен елан и мотивација да работат и со многу добра програма.

Една од важните работи со која тргнавме како мото и во предизборието е тоа дека влеговме храбро, смело и со еден слоган во кој се вели не ветувам нешто што не можам да реализирам. Ние тргнавме со една таква идеја дека ќе бидеме транспарентни и отчетни што можеме повеќе да ги запознаваме граѓаните, рече Љутков.

И во предизборието ги поминавме сите урбани заедници, месни заедници и разговаравме со граѓаните, ги видовме нивните потреби и тоа го преточивме во програмите. Така и сега ни е должност секоја година наесен повторно да ги посетуваме и повторно да ги вклучуваме граѓаните во донесувањето на одлуките за новите програми кои ќе се носат за 2023 година, потенцираше Љутков.

Љутков изјави дека општината е во многу добра финансиска состојба, и има дури 4 пати повеќе обезбедено приходи за разлика од претходниот градоначалник во претходната година. Она што сега е фокус се нацрт програмите, инфраструктурата и да го оправдаат сето она што го ветиле во програмата за наредните четири години.

The post Љутков: Влегувањето во политиката на квалитетни луѓе стана нужност, бидејќи државата е девастирана по сите основи appeared first on Република.

]]>

Влегувањето во политиката на квалитетни луѓе стана нужност, бидејќи ние сме сега во состојба во девастирана држава по сите основи. Во однос на здравство, економија и социјален статус на државата. Нас ни е сега должност да се вклучиме што помасовно во политиката сите кои имаме добри намери за да придонесеме што повеќе, изјави Претседателот на Советот на Општина Велес Зоран Љутков на денешниот политички саем „Саем на промени што носат иднина“. Тој додаде дека тргнале со силен елан и мотивација да работат и со многу добра програма.
Една од важните работи со која тргнавме како мото и во предизборието е тоа дека влеговме храбро, смело и со еден слоган во кој се вели не ветувам нешто што не можам да реализирам. Ние тргнавме со една таква идеја дека ќе бидеме транспарентни и отчетни што можеме повеќе да ги запознаваме граѓаните, рече Љутков. И во предизборието ги поминавме сите урбани заедници, месни заедници и разговаравме со граѓаните, ги видовме нивните потреби и тоа го преточивме во програмите. Така и сега ни е должност секоја година наесен повторно да ги посетуваме и повторно да ги вклучуваме граѓаните во донесувањето на одлуките за новите програми кои ќе се носат за 2023 година, потенцираше Љутков.
Љутков изјави дека општината е во многу добра финансиска состојба, и има дури 4 пати повеќе обезбедено приходи за разлика од претходниот градоначалник во претходната година. Она што сега е фокус се нацрт програмите, инфраструктурата и да го оправдаат сето она што го ветиле во програмата за наредните четири години.

The post Љутков: Влегувањето во политиката на квалитетни луѓе стана нужност, бидејќи државата е девастирана по сите основи appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Подготвен сум секаде да го бранам нашиот став – промена на Устав нема да има без јасни гаранции за нашата ЕУ иднина затоа ќе одам на лидерска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-podgotven-sum-sekade-da-go-branam-nashiot-stav-promena-na-ustav-nema-da-ima-bez-jasni-garancii-za-nashata-eu-idnina-zatoa-kje-odam-na-liderska/ Sat, 05 Nov 2022 11:52:08 +0000 https://republika.mk/?p=569981

Овие денови е актуелно прашањето за лидерската средба. Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе отиде и што ќе прави? Прво да кажам дека намерите на власта за лидерската средба се јасни. Тие очекуваат јас да одбијам присуство на таква средба затоа што ќе се разговарало за европски интеграции. Веднаш по ваквиот чин ќе следи напад дека ВМРО-ДПМНЕ било антиевропско и дека ВМРО-ДПМНЕ е изолирано затоа што сите партии со албански предзнак ќе присуствуваат на средбата. Се гледа од месечината што им е целта“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски при своето обраќање на политичкиот саем, „Саем на промени што носат иднина".

Мицкоски додаде дека доколку ВМРО-ДПМНЕ присуствува, тогаш инсталациите и мегафоните на власта веднаш ќе раскажат „аха значи Мицкоски е подготвен за уставните измени“. Тоа е нештото што Ковачевски го нарекува план, а што и друго да се очекува.

Сметам дека правењето театар за јавноста во еден таков гломазен состав, што го нарекуваат лидерска средба, нема да ги донесе решенијата на проблемите кои се аларамантно потребни за народот. Народот од нас очекува да зборуваме за инфлацијата, за енергетската криза, за зголемената сиромаштија, за затворените рудници и фабрики, за нискиот стандард. Ова се темите за кои мора алармантно да се бараат решение, а не за уставни измени или една генерална тема без никакви појаснувања -  интеграции. Поскапувањата, енергетиката и сиромаштијата се дијагнозата на колективната болест која го мачи општеството, чиј лек, единствен лек се предвремени парламентарни избори“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е одговорна и државотворна партија и да, еве објавувам, дека ќе присуствувам на таква средба затоа што имаме ставови и сме подготвени да ги браниме насекаде во светот. Ќе дојдам на лидерската средба, ќе кажам јасно и гласно, не преку соопштенија или штури брифинзи преку какви владата ја најавува оваа средба, дека најреалната причина за која една лидерска средба би имала содржина се разговор за реалните проблеми на народот кој е гладен, а чиј излез, знаеме и тука ние и целата јавност, се предвремени парламентарни избори. А, што се однесува за уставните измени, тоа прашање е затворена тема затоа што уставни измени нема да има под овие околности и без гаранции за нашата европска иднина заштитени од идни условувања од Бугарија“, нагласи тој.

Мицкоски посочи дека тој е човек кој што не прифаќа уцени, и ниту нешто договара зад завеса.

На сите оние инсталации и мегафони на власта кои веруваат во теорија на заговори, да им е јасно дека без повторувам јасни гаранции за европска иднина на Македонија каде што нема Бугарија да има можности да го кочи тој процес, без такви јасни гаранции за македонскиот идентитет, македонскиот јазик, уставни измени нема да има. Тоа треба секој да го знае“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Подготвен сум секаде да го бранам нашиот став – промена на Устав нема да има без јасни гаранции за нашата ЕУ иднина затоа ќе одам на лидерска appeared first on Република.

Општинските буџети ќе се креираат со граѓаните, преку општинска обврзница секој граѓанин ќе може да вложи во проекти кои сака да се реализираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opshtinskite-budzeti-kje-se-kreiraat-so-gragjanite-preku-opshtinska-obvrznica-sekoj-gragjanin-kje-moze-da-vlozi-vo-proekti-koi-saka-da-se-realiziraat/ Sat, 05 Nov 2022 11:36:28 +0000 https://republika.mk/?p=569974

Општините ќе започнат со новина на издавање на општински обврзници. Секое домаќинство, правно и физичко лице, ќе може да учествува во купување на тие обврзници, пари кои ќе се употребат за градење на капитални проекти, улици, патишта, булевари, водоводи канализации, нови градинки и нови училишта, па дури и економски општински зони. За разлика од сега, каматната стапка за депозит во банка е до 0.5%, каматните стапки за седумгодишен период на граѓаните и компаниите кои ќе учествуваат во купувањето на овие обврзници, ќе бидат 9 до 10 пати поголема односно ќе се движат од  4,5 до 5%. Така општините ќе дојдат до свежи пари, граѓаните и компаниите кои ќе дојдат до тие средства ќе можат да очекуваат за неколку проценти повисока камата и заработувачка, а населението и граѓаните во Македонија многу нови проекти. Оваа новина која до сега не била спроведена очекувам да започне до крајот на оваа или најдоцна до почетокот на наредната година, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски на денешниот „Саем на промените што носат иднина“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Мицкоски потенцираше дека за прв пат градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе го планираат буџетот според нивните потреби, односно како што рече тој ќе се отворат вратите за предлози и идеи.

ВМРО-ДПМНЕ го трасира патот кон револуционерна мерка која на општините ќе им обезбеди самостојност и инвестициски вложувања. Затоа што не можеме да ја чекаме централната власт да помага во ситуација кога одмага на општините и игра на картите на зависност и нанесување штета. Ние отпочнавме процес на промени од кои нема да се откажеме ниту да запреме. Во периодот што следи ќе се формираат буџетите на општините за наредната година. За прв пат до сега градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги планираат буџетите заедно со граѓаните и според нивните потреби. Ќе се отворат вратите за предлози, идеи и потреби на граѓаните, компаниите и општествените чинители и во консултација со нив ќе се испланираат активностите за наредната година. Ова ќе биде системска акција која ќе се реализира организирано во неделите до крајот на годината. Буџет заедно со народот, наместо затворени во канцеларии и без слух за реалните потреби, посочи Мицкоски.

The post Општинските буџети ќе се креираат со граѓаните, преку општинска обврзница секој граѓанин ќе може да вложи во проекти кои сака да се реализираат appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ воведува општинска обврзница за општините да не зависат од волјата на централната власт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-voveduva-opshtinska-obvrznica-za-opshtinite-da-ne-zavisat-od-voljata-na-centralnata-vlast/ Sat, 05 Nov 2022 10:58:40 +0000 https://republika.mk/?p=569857

Зборувајќи за иднината и она што го очекува од секој градоначалник претседателот на ВМРО-Д-МНЕ Христијан Мицкоски потсети на отвореното писмо што го испрати до градоначалниците на почетокот од нивните мандати.

Пред почетокот на кампањата на локалните избори кога ги посетував општините на секој градоначалник му дадов отворено писмо на принципи и очекувања кои ги барам од секој еден од нив. Тогаш во тие писма потсетив дека доста беше од локални бизнис моќници, и ново компонирани инстант бизнисмени кои се доближуваат до локалната самоуправа само да се доберат до маркица за некоја нова зграда, нов бетон во кој ќе се гушат граѓаните. Кога ќе дојде некој таков, побарав веднаш да го избркате толку силно што никогаш друг пат нема да му текне да направи таков нечесен потег. Кон трошењето на парите во општината мора да имате пристап како кон свои пари. Грижливо и штедливо. Доста беше расипништво. Не смее веќе зеленилото да се заменува со бетон. Кога ќе се гради, треба да се гради паметно и со план за иднината. За 4 години не смее да има урбано место кое нема да има канализација, водовод кој се гради за да има пристојни услови за живот. Мора да се борите за секое работно место, и да носите нови инвестиции. Нов елан, народот да почувствува нова енергија и да бидете заштитници и двигатели на развојот на економијата. Имаше и такви до пред една година градоначалници од власта кои се постоветуваа со Господ. Вие му служите на народот, а не тој вас, и не сте Господ. Далеку од тоа. Треба да останете слуга на народот, на својот град, на својата татковина. И никогаш да не ги разочарате граѓаните и Македонија.

И ова што досега го кажав беа дел од тие писма и овие пораки една година потоа, задоволен сум што се запазени и испочитувани. Така треба да се продолжи. Кога станува збор за иднината, треба да погледнеме на реалноста, а таму централната власт со својот непријателски однос удира по општините. Ударот по општините на крајот е удар по својот народ врз чиј грб се одразува секоја опструкција, секој удар и кратење на средства. Затоа општините се принудени сами да се борат и заедно да изнаоѓаме механизми како да се дојде до нови инвестиции и средства за граѓаните. И тоа го правиме. Сакам да објавам дека општините ќе започнат со новина на издавање на општински обврзници. Секое домаќинство, правно и физичко лице, ќе може да учествува во купување на тие обврзници, пари кои ќе се употребат за градење на капитални проекти, улици, патишта, булевари, водоводи канализации, нови градинки и училишта, па дури и економски општински зони. За разлика од сега, каматната стапка за депозит во банка е до 0.5 %, каматните стапки за седумгодишен период на граѓаните и компаниите кои ќе учествуваат во купувањето на овие обврзници, ќе бидат 9 до 10 пати поголема односно од 4,5 до 5 %. Така општините ќе дојдат до свежи пари, граѓаните и компаниите кои ќе дојдат до тие средства ќе можат да очекуваат за неколику проценти повисока каматна стапка и заработувачка, а населението многу нови проекти. Оваа новина која до сега не била спроведена очекувам да започне до крајот на оваа или најдоцна до почетокот на наредната година, рече Мицкоски.

Мицкски нагласи дека сево ова доаѓа како резултат на односот на централната власт кон општините, која сака тие да зависат од неа. Според него, ВМРО-ДПМНЕ го трасира патот кон револуцинерна мерка која на општините ќе им обезбеди самостојност и инвестициски вложувања.

Во приодот што следи ќе се формираат буџетите на општините за наредната година. За прв пат до сега градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги планираат буџетите заедно со граѓаните и според нивните потреби. Ќе се отворат вратите за предлози, идеи и потреби на граѓаните, компаниите и општествените чинители и во консултација со нив ќе се испланираат активностите за наредната година. Ова ќе биде системска акција која ќе се реализира организирано во неделите до крајот на годината. Буџет заедно со народот, наместо затворени во канцеларии и без слух за реалните потрби, рече тој.

На крајот на обраќањето претседателот на ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари на градоначалниците за нивниот ангажман и посветеност.

Им се заблагодарувам и на советниците и претседателите на совети низ општините за својата посветеност и лојалност кон ветеното и целите кон кои се стремиме. Благодарност и до тимот кој го направи овој прекрасен саем, одржан за прв пат од политичка партија во Македонија. Да останеме на истиот пат на промени што носат иднина, рече тој.

The post ВМРО-ДПМНЕ воведува општинска обврзница за општините да не зависат од волјата на централната власт appeared first on Република.