саем на млади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/saem-na-mladi/ За подобро да се разбереме Sun, 23 Jul 2023 16:54:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png саем на млади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/saem-na-mladi/ 32 32 Мицкоски: Главен фокус на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат младите, мора да им обезбедиме иднина, да овозможиме услови младите да останат во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-glaven-fokus-na-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-ke-bidat-mladite-mora-da-im-obezbedime-idnina-da-ovozmozhime-uslovi-mladite-da-ostanat-vo-makedonija/ Sun, 23 Jul 2023 16:54:34 +0000 https://republika.mk/?p=664491

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната панел дискусија „Младински политики“ на Саем на проекти за млади „Иднина за сите во Македонија“ во организација на Унијата на млади сили, истакна дека главен фокус на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат младите, затоа што мора да им се обезбедиме иднина и услови да останат во Македонија.

Мицкоски посочи дека младите тука не гледаат перспектива, не гледаат визија, не гледаат надеж дека  работите може да бидат променети, и ако државата се испразни таквата држава нема иднина и таквата држава полека но сигурно се распаѓа од внатре.

Оваа влада не успева да направи услови за младите да живеат тука, главен фокус во идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат младите луѓе, ние тоа навистина го мислиме со низа политики кои планираме да ги водиме. Мораме на младите да им обезбедиме иднина, а таа сама по себе ќе донесе надеж Кога мислам на иднина не мислам само на економска, затоа што младите тука се чувствуваат обесправени, понижени, ограбени, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека затоа многу е важно тие кои се одговорни да ги овозможат сите услови и сите предуслови еден млад човек семејството да го направи тука, да го создаде во Македонија, тука да остане и тука да го гради својот живот.

–  Тоа е исклучително важно и тоа за нас како ВМРО-ДПМНЕ ќе биде главен приоритет, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека економската програма е исто важен дел,. бидејќи со силна економска активност младите ќе може да ја бараат својата шанса.

– Секој од вас треба да има своја амбиција и таа ќе се реализира. Многумина од вас ќе бидат носители на функции, ако ги погледнете членовите на парламентот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе препознаете многу млади кои во минатото биле дел од УМС. Ако го погледнете составот на градоначалниците ќе препознаете многумина кои биле дел од УМС и ја добиле шансата денеска да менаџираат со големи општини, а тоа го прават многу успешно.

The post Мицкоски: Главен фокус на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат младите, мора да им обезбедиме иднина, да овозможиме услови младите да останат во Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната панел дискусија „Младински политики“ на Саем на проекти за млади „Иднина за сите во Македонија“ во организација на Унијата на млади сили, истакна дека главен фокус на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат младите, затоа што мора да им се обезбедиме иднина и услови да останат во Македонија. Мицкоски посочи дека младите тука не гледаат перспектива, не гледаат визија, не гледаат надеж дека  работите може да бидат променети, и ако државата се испразни таквата држава нема иднина и таквата држава полека но сигурно се распаѓа од внатре. Оваа влада не успева да направи услови за младите да живеат тука, главен фокус во идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат младите луѓе, ние тоа навистина го мислиме со низа политики кои планираме да ги водиме. Мораме на младите да им обезбедиме иднина, а таа сама по себе ќе донесе надеж Кога мислам на иднина не мислам само на економска, затоа што младите тука се чувствуваат обесправени, понижени, ограбени, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека затоа многу е важно тие кои се одговорни да ги овозможат сите услови и сите предуслови еден млад човек семејството да го направи тука, да го создаде во Македонија, тука да остане и тука да го гради својот живот. –  Тоа е исклучително важно и тоа за нас како ВМРО-ДПМНЕ ќе биде главен приоритет, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека економската програма е исто важен дел,. бидејќи со силна економска активност младите ќе може да ја бараат својата шанса.
– Секој од вас треба да има своја амбиција и таа ќе се реализира. Многумина од вас ќе бидат носители на функции, ако ги погледнете членовите на парламентот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе препознаете многу млади кои во минатото биле дел од УМС. Ако го погледнете составот на градоначалниците ќе препознаете многумина кои биле дел од УМС и ја добиле шансата денеска да менаџираат со големи општини, а тоа го прават многу успешно.

The post Мицкоски: Главен фокус на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат младите, мора да им обезбедиме иднина, да овозможиме услови младите да останат во Македонија appeared first on Република.

]]>
Лефков: Власта го злоупотребува образованието и го гради врз база на популизам на одредени политичари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-vlasta-go-zloupotrebuva-obrazovanieto-i-go-gradi-vrz-baza-na-populizam-na-odredeni-politichari/ Sun, 23 Jul 2023 15:49:39 +0000 https://republika.mk/?p=664481

Иднината е многу важна и треба да гледаме кон неа, а единствен начин да се подготвиме за неа е образованието. Луѓето го поврзуваат образованието со пазарот за труд, дека треба да се подготвиме за новите работни места, новото работно време, но ако ја погледнеме иднината ќе видите дека над 65% од работните места кои во иднина ќе ги работат нашите деца, денеска не постојат. Затоа треба да градиме иновативен систем во кој ќе внесуваме иновации, кој ќе биде флексибилен и нема да дозволуваме да се злоупотребува демократијата, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната панел дискусија на тема „Образование и спорт“ на Саем на проекти за млади „Иднина за сите во Македонија“ во организација на Унијата на млади сили.

Лефков потенцираше дека власта во образованието прави злоупотреба на демократијата во Македонија.

–  Сите одлуки кои ги носат, се водат од нечии мислења и се оправдуваат со процесот на демократија, а одлуките треба да бидат водени од податоци, од анализа. Образованието значи кои сме ние, кои вештини ќе ги стекнеме, а има и друг аспект кој е важен, афективното знаење. Тоа доаѓа кога ќе имате чувство за нештото. Кога учиме за историјата за вековната борба на македонскиот народ, се случува да заборавате за бројки, но останува афективниот момент на почит за жртвата која е дадена, рече тој.

Лефков посочи дека образованието кај нас потфрли да создава луѓе кои се спремни да се жртвуваат, да инвестираат, да даваат за својата држава, а во исто време со недостатокот на учебници, кадар, прилагодени образовни програми се уништуваат и вештините за работа.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-saem-na-proekti-za-mladi/

– Образованието власта го гради базирано на неколку наши политичари, затоа мора следната влада на ВМРО-ДПМНЕ мора да се посвети на иновации и одлуки базирани на факти, а не нечие мислење и популизам. Оваа влада има свој крај и тоа е добра вест, ќе дојде и одговорност, а потоа и реформирање на образованието базирано на анализа, податоци и поглед кон иднината. Тоа може да го ветиме на идните генерации, нагласи Лефков.

Лефков посочи дека во Македонија се намалува бројот на запишани првачиња и тоа за речиси половина.

Луѓето ни се иселуваат, а луѓето од владата по тоа прашање купуваат трговски центар на својот внук, се занимаваат со нечесни работи. Ако се иселуваат луѓето каков континуитет може да има државата? Добрата вест е што завршува нивното владение затоа што ова е власт која не се грижи за иднината на нашата држава, истакна Лефков.

The post Лефков: Власта го злоупотребува образованието и го гради врз база на популизам на одредени политичари appeared first on Република.

]]>

Иднината е многу важна и треба да гледаме кон неа, а единствен начин да се подготвиме за неа е образованието. Луѓето го поврзуваат образованието со пазарот за труд, дека треба да се подготвиме за новите работни места, новото работно време, но ако ја погледнеме иднината ќе видите дека над 65% од работните места кои во иднина ќе ги работат нашите деца, денеска не постојат. Затоа треба да градиме иновативен систем во кој ќе внесуваме иновации, кој ќе биде флексибилен и нема да дозволуваме да се злоупотребува демократијата, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната панел дискусија на тема „Образование и спорт“ на Саем на проекти за млади „Иднина за сите во Македонија“ во организација на Унијата на млади сили. Лефков потенцираше дека власта во образованието прави злоупотреба на демократијата во Македонија.
–  Сите одлуки кои ги носат, се водат од нечии мислења и се оправдуваат со процесот на демократија, а одлуките треба да бидат водени од податоци, од анализа. Образованието значи кои сме ние, кои вештини ќе ги стекнеме, а има и друг аспект кој е важен, афективното знаење. Тоа доаѓа кога ќе имате чувство за нештото. Кога учиме за историјата за вековната борба на македонскиот народ, се случува да заборавате за бројки, но останува афективниот момент на почит за жртвата која е дадена, рече тој.
Лефков посочи дека образованието кај нас потфрли да создава луѓе кои се спремни да се жртвуваат, да инвестираат, да даваат за својата држава, а во исто време со недостатокот на учебници, кадар, прилагодени образовни програми се уништуваат и вештините за работа. https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-saem-na-proekti-za-mladi/
– Образованието власта го гради базирано на неколку наши политичари, затоа мора следната влада на ВМРО-ДПМНЕ мора да се посвети на иновации и одлуки базирани на факти, а не нечие мислење и популизам. Оваа влада има свој крај и тоа е добра вест, ќе дојде и одговорност, а потоа и реформирање на образованието базирано на анализа, податоци и поглед кон иднината. Тоа може да го ветиме на идните генерации, нагласи Лефков.
Лефков посочи дека во Македонија се намалува бројот на запишани првачиња и тоа за речиси половина. Луѓето ни се иселуваат, а луѓето од владата по тоа прашање купуваат трговски центар на својот внук, се занимаваат со нечесни работи. Ако се иселуваат луѓето каков континуитет може да има државата? Добрата вест е што завршува нивното владение затоа што ова е власт која не се грижи за иднината на нашата држава, истакна Лефков.

The post Лефков: Власта го злоупотребува образованието и го гради врз база на популизам на одредени политичари appeared first on Република.

]]>