Саем на книгата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/saem-na-knigata/ За подобро да се разбереме Sun, 07 May 2023 18:39:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Саем на книгата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/saem-na-knigata/ 32 32 Џаро ќе ја потпишува својата биографија „Живот на коцка“ во вторник на Саемот на книгата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dharo-ke-ja-potpishuva-svojata-biografija-zhivot-na-kotska-vo-vtornik-na-saemot-na-knigata/ Sun, 07 May 2023 18:39:26 +0000 https://republika.mk/?p=638104

Во книгата „Џаро-живот на коцка“, чиј автор е новинарката Милица Џаровска, се раскажува за возбудливиот живот на менаџерот Велибор Џаровски - Џаро. Книгата е во издание на издавачкиот центар „Три“.

Во вторник, на Саемот на книгата во Арена „Борис Трајковски“, на штандот на „Три“, од 18 часот, Џаро и авторката ќе ја потпишуваат книгата која е негова биографија.

се раскажува о книгата за Џаро се раскажува од првата „местенка“ која се случила во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров каде што и денес живее, до необичната, но успешна соработка со најголемите музички и спортски ѕвезди од поранешна Југославија.

Многу пати во јавноста сум ги споделувал моите приказни, но време беше да се стават и на хартија, тие и уште некои кои досега ги немам кажано. Мојот „живот на коцка“ не се однесува само на коцката, туку на начинот на кој го живеев во едно поинакво време, па затоа ѝ дозволив на ќерка ми да го стави токму овој наслов. Но, и денес иако побавно се движам, знам да им кажам на помладите: „Јас имам проблем со ногата, немам проблем со главата“. Ве чекаме сите на Саем во вторник“, изјави Џаро.

Книгата се продава во сите книжарници на „Три“ низ Македонија.

The post Џаро ќе ја потпишува својата биографија „Живот на коцка“ во вторник на Саемот на книгата appeared first on Република.

]]>

Во книгата „Џаро-живот на коцка“, чиј автор е новинарката Милица Џаровска, се раскажува за возбудливиот живот на менаџерот Велибор Џаровски - Џаро. Книгата е во издание на издавачкиот центар „Три“. Во вторник, на Саемот на книгата во Арена „Борис Трајковски“, на штандот на „Три“, од 18 часот, Џаро и авторката ќе ја потпишуваат книгата која е негова биографија. се раскажува о книгата за Џаро се раскажува од првата „местенка“ која се случила во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров каде што и денес живее, до необичната, но успешна соработка со најголемите музички и спортски ѕвезди од поранешна Југославија.
Многу пати во јавноста сум ги споделувал моите приказни, но време беше да се стават и на хартија, тие и уште некои кои досега ги немам кажано. Мојот „живот на коцка“ не се однесува само на коцката, туку на начинот на кој го живеев во едно поинакво време, па затоа ѝ дозволив на ќерка ми да го стави токму овој наслов. Но, и денес иако побавно се движам, знам да им кажам на помладите: „Јас имам проблем со ногата, немам проблем со главата“. Ве чекаме сите на Саем во вторник“, изјави Џаро.
Книгата се продава во сите книжарници на „Три“ низ Македонија.

The post Џаро ќе ја потпишува својата биографија „Живот на коцка“ во вторник на Саемот на книгата appeared first on Република.

]]>
Искрено, се надевам дека книгата во својот вообичаен облик нема да исчезне од животот на идните генерации, рече академик Урошевиќ на отворањето на 35. Саем на книгата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/iskreno-se-nadevam-deka-knigata-vo-svojot-voobichaen-oblik-nema-da-ischezne-od-zhivotot-na-idnite-generatsii-reche-akademik-uroshevik-na-otvoraneto-na-35-saem-na-knigata/ Thu, 04 May 2023 19:37:16 +0000 https://republika.mk/?p=637065

Книгите не се спалуваат топку често, денес се рециклираат. Или, благо речено, се повлекуваат од употреба. Дали навистина книгата во својот вообичаен облик ќе исчезне од животот на идните генерации? Јас искрено се надевам дека не, рече вечерва на свеченото отворање на 35. издание на Саем на книгата кој се одржува во арената „Борис Трајковски“ во Скопје академик Влада Урошевиќ.

Академик Урошевиќ говореше за промените и за положбата во која денес се наоѓа книгата.

Промените ми ја покажаа положбата во која се наоѓа денес книгата и сето она што е поврзано со неа. Несомнено, овие промени се показатели на повеќе аспекти. Ја покажуваат немоќта на книгата, која како производ тешко може да се натпреварува со некои други стоки што повеќе се бараат. За време на една прошетка во Париз, во неуспешната потрага по некогашните книжарници, се прашував дали тоа значи дека книгата почнува да се повлекува пред наездата на општата комерцијализација на нештата? Дали е ова нејзин пораз пред некои други попривлечни и поефикасни облици на информации и комуникации? Дали можеби нејзиното место започнуваат да го земаат некои други медиуми?, кажа Урошевиќ.

Годинешното издание на Саемот на книга ќе трае до 10. мај, со работно време секој ден од 10 до 20 часот. Последниот ден, саемот ќе биде отворен до 18 часот. Ќе се претстават над 60 домашни и странски издавачи.

Оваа година, чест ни е што јубилејно ја одбележуваме 35-годишната традиција на најочекуваниот саем – Саем на книга. Оваа културна манифестација, којашто е од голема важност, оваа година најголемиот фокус го има насочено кон нагласување на важноста на мајчиниот македонски јазик. Културното наследство, коешто ни го имаат оставено безвременските легенди во македонската книженост, - должност ни е да го зачуваме за сите нас, како и за сите идни генерации. Овој Саем мора да остане потсетник и синоним, да се чита со вистинска книга во раце. Не е случајно што мотото на годинешното издание на саемот е токму „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“. Истото е потсетник за најважната премиса во ова модерно темпо на живеење, - да не ја заборавиме најздравата навика на модерниот човек, а тоа е - читањето нови книги, изјави Даниела Глигоровска, Управител на Скопски Саем, организатор на Саем на книга.

Во претстојните денови, саемската арена, којашто е трансформирана во бајка од илјадници книги, е центар на многубројни средби со автори, потпишувања на книги, едукативни работилници, трибини, наградувања, притоа одбележувајќи ја важноста на читањето како навика, збогатувањето на личната библиотека, како и убавината на зачестениот афинитет да се подарува книга за разни поводи.

Саемот за нас издавачите е посебно важен, бидејќи е место кадешто се обединуваме со читателите. Кадешто можеме да ја претставиме целата наша годишна програма и она за коешто работиме преку целата година. Ние како издавачи и времето го сметаме како период помеѓу два саеми. Во таа насока се и наградите на Македонската Асоцијација на Издавачи, коишто традиционално утре ќе ги додели наградите и признанијата за најдобрите изданија, најкреативните изданија, најдобрите автори, најдобрите и општествено одговорните издавачи. На тој начин ќе се обиде да работи на она на кое работиме како Асоцијација, а тоа е да го подигнеме статусот на книгата на едно уште повисоко ниво. Тоа го правиме и преку учество во организацијата на Саемот и оваа година. Заедно со организаторот работиме саемот да го направиме уште поквалитетен, со уште подобар избор на книги, со голем избор на настани, - и во промотивниот центар, и на штандовите. Одговорноста е голема бидејќи над 30.000 луѓе ќе бидат тука овој период. Успехот го броиме и преку реакциите на читателите, нивните сугестии, забелешки, критики, пофалби, рече Бојан Саздов, Претседател на МАИ – Македонска Асоцијација на Издавачи.

На свеченото отворање говореше и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Во пресрет на одбележувањето на 5 мај, Денот на македонскиот јазик, доволно е да се потсетиме дека од седум илјади јазици во светот, половина се исчезнати или се во опасност од исчезнување. Со нив исчезнал и мал универзум на мисли и чувства, но останале книгите, натписите во камен, на хартија, и во други форми. Токму затоа со големо задоволство Ве поздравувам на почетокот на уште едно издание на Меѓународниот Саем на книгата, манифестација која во својата долга традиција, истрајно и во континуитет, укажува на неопходноста на книгата во нашето секојдневие и поширокиот општествен контекст. Поддршката на Саемот на книгата е од голема важност, особено во овој актуелен миг, кога некои податоци покажуваат дека помалку се чита, а ерата на дигиталната технологија ги навикна луѓето подолго време да минуваат пред екраните на паметните телефони, компјутерите и телевизорите. Сѐ почесто се среќаваме со поимот екранизам, кој е поврзан со негативното влијание на екранот врз мозокот, особено кај малите деца. Свесни сме за слабата концентрација на одредени активности, нешто што сериозно треба да нѐ загрижи. Од друга страна, на сите ни се познати многубројните и далекуопсежните придобивки од читањето како една од најосновните вештини што можеме да ги стекнеме како човечки суштества. Накратко, читањето е од суштинско значење за нашиот развој и среќа, како поединци и како општество. Затоа како љубители на книгите и на пишаниот збор, имаме обврска да ги унапредуваме состојбите и заедно да работиме на зголемување на интересот на читателската јавност за книгата како пишан медиум, рече Костадиновска Стојчевска..

The post Искрено, се надевам дека книгата во својот вообичаен облик нема да исчезне од животот на идните генерации, рече академик Урошевиќ на отворањето на 35. Саем на книгата appeared first on Република.

]]>

Книгите не се спалуваат топку често, денес се рециклираат. Или, благо речено, се повлекуваат од употреба. Дали навистина книгата во својот вообичаен облик ќе исчезне од животот на идните генерации? Јас искрено се надевам дека не, рече вечерва на свеченото отворање на 35. издание на Саем на книгата кој се одржува во арената „Борис Трајковски“ во Скопје академик Влада Урошевиќ. Академик Урошевиќ говореше за промените и за положбата во која денес се наоѓа книгата.

Од 10 – 16 ноември саем на книгата во Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/od-10-16-noemvri-saem-na-knigata-vo-bibliotekata-grigor-prlichev-od-ohrid/ Wed, 09 Nov 2022 08:13:51 +0000 https://republika.mk/?p=571713

Од 15 октомври до 15 ноември, традиционално се одбележува Месецот на книгата. Во овој период  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид која е од отворен тип секојдневно бележи посети на ученици од основните и средни училишта.

Вработените во Библиотеката исцрпно ги информираат со дејноста на библиотеката и процесот на доаѓање на книгата во рацете на читателите а тие имаат можност бесплатно да ја разгледаат оваа установа.

Библиотеката по повод Месецот на книгата од утре – 10 до 16 ноември – во работните денови организира Саем на книгата. Во Месецот на книгата од библиотеката ви предлагаат за роденден и за многу други убави поводи да купите и подарите книга.

На саемот ве чека разновидна литература од домашни и странски автори. Книгите се на македонски, албански, турски и англиски јазик.

Книги од едицијата 130 тома македонска книжевност по цена од само 157 денари примерок.

Книги од едицијата Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа ( различна цена по примерок ).

Ѕвездите на светската книжевност - различна цена по примерок

Доколку на некој Ваш гостин, пријател или деловен партнер сакате да го израдувате и изненадите со книга од познат македонски автор преведена на англиски јазик од едицијата 130 тома македонска книжевност го имаме и тоа. Цената по примерок е 473 денари, соопштуваат од библиотеката.

Саемот ќе биде отворен во четврток и петок ,а потоа од понеделник до среда во терминот од 10.00 до 18.00 часот.

The post Од 10 – 16 ноември саем на книгата во Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид appeared first on Република.

]]>

Од 15 октомври до 15 ноември, традиционално се одбележува Месецот на книгата. Во овој период  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид која е од отворен тип секојдневно бележи посети на ученици од основните и средни училишта. Вработените во Библиотеката исцрпно ги информираат со дејноста на библиотеката и процесот на доаѓање на книгата во рацете на читателите а тие имаат можност бесплатно да ја разгледаат оваа установа. Библиотеката по повод Месецот на книгата од утре – 10 до 16 ноември – во работните денови организира Саем на книгата. Во Месецот на книгата од библиотеката ви предлагаат за роденден и за многу други убави поводи да купите и подарите книга. На саемот ве чека разновидна литература од домашни и странски автори. Книгите се на македонски, албански, турски и англиски јазик. Книги од едицијата 130 тома македонска книжевност по цена од само 157 денари примерок. Книги од едицијата Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа ( различна цена по примерок ). Ѕвездите на светската книжевност - различна цена по примерок Доколку на некој Ваш гостин, пријател или деловен партнер сакате да го израдувате и изненадите со книга од познат македонски автор преведена на англиски јазик од едицијата 130 тома македонска книжевност го имаме и тоа. Цената по примерок е 473 денари, соопштуваат од библиотеката. Саемот ќе биде отворен во четврток и петок ,а потоа од понеделник до среда во терминот од 10.00 до 18.00 часот.

The post Од 10 – 16 ноември саем на книгата во Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид appeared first on Република.

]]>
Ирската писателка, Лиза Макинерни, вечерва ќе гостува на Саемот на книга https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/irskata-pisatelka-liza-makinerni-vecherva-kje-gostuva-na-saemot-na-kniga/ Sun, 08 May 2022 09:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=499392

Ирската писателка, Лиза Макинерни, авторка на романот „Свети ереси“, вечерва ќе биде гостинка на Саемот на книга во промотивниот центар во салата „Борис Трајковски“.

Макинерни претходно ќе се сретне со љубителите на нејзината книга на штандот на издавачката куќа „Бата прес“.

Делото од англиски го преведе Ацо Пероски, а ќе го промовира Пепи Стамков.

Објавувањето е поддржано од Секторот за евроинтеграции на Министерството за култура и програмата Креативна Европа на Европската Унија. Ова е уште една од десетте книги од десет различни европски јазици што „Бата прес“ ги објавува во минатата и оваа година во рамките на проектот „Отворени книги – отворени граници“ - информираат од издавачката куќа „Бата прес“.

Лиза Макинерни е родена 1981 година во работничко семејство, во Галвеј, Ирска. По завршувањето на средното училиште студирала англиски јазик и географија на Универзитетскиот колеџ во Корк. Пишува романи, кратки раскази, есеи, статии. Како блогер, активна е на социјалните мрежи. Ги објавила романите: „Свети ереси“, „Чуда од крв“, „Правилата на Откровението“.

За романот „Свети ереси“ ја има добиено престижната награда за жена автор на фикција и наградата Дезмонд Елиот во 2016 година.

The post Ирската писателка, Лиза Макинерни, вечерва ќе гостува на Саемот на книга appeared first on Република.

]]>

Ирската писателка, Лиза Макинерни, авторка на романот „Свети ереси“, вечерва ќе биде гостинка на Саемот на книга во промотивниот центар во салата „Борис Трајковски“. Макинерни претходно ќе се сретне со љубителите на нејзината книга на штандот на издавачката куќа „Бата прес“. Делото од англиски го преведе Ацо Пероски, а ќе го промовира Пепи Стамков.
Објавувањето е поддржано од Секторот за евроинтеграции на Министерството за култура и програмата Креативна Европа на Европската Унија. Ова е уште една од десетте книги од десет различни европски јазици што „Бата прес“ ги објавува во минатата и оваа година во рамките на проектот „Отворени книги – отворени граници“ - информираат од издавачката куќа „Бата прес“.
Лиза Макинерни е родена 1981 година во работничко семејство, во Галвеј, Ирска. По завршувањето на средното училиште студирала англиски јазик и географија на Универзитетскиот колеџ во Корк. Пишува романи, кратки раскази, есеи, статии. Како блогер, активна е на социјалните мрежи. Ги објавила романите: „Свети ереси“, „Чуда од крв“, „Правилата на Откровението“. За романот „Свети ереси“ ја има добиено престижната награда за жена автор на фикција и наградата Дезмонд Елиот во 2016 година.

The post Ирската писателка, Лиза Макинерни, вечерва ќе гостува на Саемот на книга appeared first on Република.

]]>
По двегодишна пауза, Саемот на книга повторно ги очекува организираните посети на учениците https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/po-dvegodishna-pauza-saemot-na-kniga-povtorno-gi-ochekuva-organiziranite-poseti-na-uchenicite/ Wed, 20 Apr 2022 11:40:27 +0000 https://republika.mk/?p=491131

По две години пауза, Саемот на книга повторно ги очекува групните и организирани посети на ученици од средните и основните училишта на државата. Како една од најзначајните манифестации од областа на културата, Саемот нуди богата програма за деца и млади со која најмладите посетители ќе можат да уживаат во светот на книгите.

Електронските билети можат да се купат преку веб страницата www.karti.com.mk кои ќе бидат достапни веќе од (вторник) 26. април, а за времe на Саемот, билети ќе можат да се купат и на билетарата на Арена Борис Трајковски.

Најголемиот настан за читателите во земјава – Саемот на книга, оваа година ќе се одржи од 3. до 9. мај во Арена “Борис Трајковски” со работно време секој ден од 10 часот до 20 часот.

The post По двегодишна пауза, Саемот на книга повторно ги очекува организираните посети на учениците appeared first on Република.

]]>

По две години пауза, Саемот на книга повторно ги очекува групните и организирани посети на ученици од средните и основните училишта на државата. Како една од најзначајните манифестации од областа на културата, Саемот нуди богата програма за деца и млади со која најмладите посетители ќе можат да уживаат во светот на книгите. Електронските билети можат да се купат преку веб страницата www.karti.com.mk кои ќе бидат достапни веќе од (вторник) 26. април, а за времe на Саемот, билети ќе можат да се купат и на билетарата на Арена Борис Трајковски. Најголемиот настан за читателите во земјава – Саемот на книга, оваа година ќе се одржи од 3. до 9. мај во Арена “Борис Трајковски” со работно време секој ден од 10 часот до 20 часот.

The post По двегодишна пауза, Саемот на книга повторно ги очекува организираните посети на учениците appeared first on Република.

]]>
Странски издавачи годинава на Саемот на книгата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/stranski-izdavachi-godinava-na-saemot-na-knigata/ Mon, 11 Apr 2022 07:17:25 +0000 https://republika.mk/?p=486465

Покрај учеството на најголемите домашни издавачки куќи, на годинашното издание на Саемот на книгата ќе има учесници и од регионот, Србија, Косово, Албанија.

Значајно претставување оваа година ќе има и Турција преку своето Министерство за култура и туризам, а во соработка со турскиот културен центар „Јунус Емре“. Во рамките на нивниот штанд се најавени многу активности со промоции и гостување на автори и уметници од оваа земја.

Саемот на книгата оваа година ќе се одржи од 3 до 9 мај во СРЦ „Борис Трајковски“.

The post Странски издавачи годинава на Саемот на книгата appeared first on Република.

]]>

Покрај учеството на најголемите домашни издавачки куќи, на годинашното издание на Саемот на книгата ќе има учесници и од регионот, Србија, Косово, Албанија. Значајно претставување оваа година ќе има и Турција преку своето Министерство за култура и туризам, а во соработка со турскиот културен центар „Јунус Емре“. Во рамките на нивниот штанд се најавени многу активности со промоции и гостување на автори и уметници од оваа земја. Саемот на книгата оваа година ќе се одржи од 3 до 9 мај во СРЦ „Борис Трајковски“.  

The post Странски издавачи годинава на Саемот на книгата appeared first on Република.

]]>
Три дена Саем на книгата во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tri-dena-saem-na-knigata-vo-bibliotekata-grigor-prlichev-vo-ohrid/ Mon, 28 Mar 2022 07:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=479584

Од 29 до 31 март, ( вторник, среда и четврток) НУ Библиотека „Григор Прличев“ организира сопствен саем на книги.

Читателите ќе можат да одберат  книги од проектите на Министерството за култура и Владата: 130 тома Македонска книжевност ,  Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа, Ѕвезди на светската книжевност а направен е и избор од книги за продажба од сопствената продукција на Библиотеката.

Саемот за посета сите три дена ќе биде отворен во времето од 10 .00 до 18.00 часот. Дојдете и збогатете ги вашите Библиотеки со дела со трајни вредности а со купувањето на овие изданија ќе го поддржите и развојот на Библиотеката.

The post Три дена Саем на книгата во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Од 29 до 31 март, ( вторник, среда и четврток) НУ Библиотека „Григор Прличев“ организира сопствен саем на книги. Читателите ќе можат да одберат  книги од проектите на Министерството за култура и Владата: 130 тома Македонска книжевност ,  Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа, Ѕвезди на светската книжевност а направен е и избор од книги за продажба од сопствената продукција на Библиотеката. Саемот за посета сите три дена ќе биде отворен во времето од 10 .00 до 18.00 часот. Дојдете и збогатете ги вашите Библиотеки со дела со трајни вредности а со купувањето на овие изданија ќе го поддржите и развојот на Библиотеката.

The post Три дена Саем на книгата во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>