саем на книга Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/saem-na-kniga/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 07:42:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png саем на книга Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/saem-na-kniga/ 32 32 Летен саем на книга во Гевгелија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/leten-saem-na-kniga-vo-gevgelija/ Wed, 14 Aug 2024 07:42:09 +0000 https://republika.mk/?p=806353

Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија ве кани на летниот Саем на книга 2024.

Саемот ќе биде отворен од 14-ти (среда) до 18-ти август (недела) од 18:00 до 22:00 часот, каде своите најнови изданија – белетристика, литература за деца, трилери… ќе ги претстават пет македонски издавачки куќи: Гаврош, Чудна шума, Сказнувалка, Полица и Божилак.

 

Саемот ќе се одржи под јаворот до библиотеката.
Збогатете ја вашата книжевна колекција и дојдете на летниот саем на книга!

The post Летен саем на книга во Гевгелија appeared first on Република.

]]>

Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија ве кани на летниот Саем на книга 2024. Саемот ќе биде отворен од 14-ти (среда) до 18-ти август (недела) од 18:00 до 22:00 часот, каде своите најнови изданија – белетристика, литература за деца, трилери… ќе ги претстават пет македонски издавачки куќи: Гаврош, Чудна шума, Сказнувалка, Полица и Божилак.   Саемот ќе се одржи под јаворот до библиотеката. Збогатете ја вашата книжевна колекција и дојдете на летниот саем на книга!

The post Летен саем на книга во Гевгелија appeared first on Република.

]]>
Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tretiot-del-na-solunska-28-od-d-r-nele-karajlik-e-najprodavan-naslov-od-ars-lamina-na-saemot-na-knigata-2024/ Mon, 29 Apr 2024 20:20:28 +0000 https://republika.mk/?p=772382

Третиот дел на романот „Солунска 28“, од легендарниот музичар и автор д-р Неле Карајлиќ, е најпродаваниот наслов во издание на „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024. На најголемата книжевна манифестација, која се одржа од 18 до 24 април, во арената „Борис Трајковски“, Скопје, „Арс Ламина“ се претстави под слоганот „Влези во бајка“. Оваа година на посетителите им понуди над 1.000 наслови, од кои 200 се нови, објавени меѓу двете саемски изданија.

Меѓу најбараните книги за возрасни беа саемските новитети, интернационални бестселери, класици, трилери и наградувани наслови од македонски и регионални автори.

Високо на топ 10 листата со најбарани книги на штандот на „Арс Ламина“ се најдоа: финалистот на книжевната награда „Пегаз“ – романот „Страшни приказни“ од Сузана Камберова, книгата најзначајните раскази на Јадранка Владова, „Скарбо“, „изгубениот“ и досега необјавен роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес – „Се гледаме во август“, како и роман што се заснова на необјаснивото единаесетдневно исчезнување и потрага по Агата Кристи – „Аферата Кристи“ од Нина де Грамонт.

Следуваат: домашниот книжевен хит „Џабе живиш у Скопје“ од Зоран Спасов-Ѕоф; интернационалните бестселери „Седумте мажи на Евелин Хуго“ од Тејлор Џенкинс Рејд и „Семејни тајни“ од Лијан Моријарти; добитникот на престижната награда на „Политикин забавник“ за најдобра книга за деца и млади напишана на српски јазик за 2022 година, „Прирачник за солиден живот“ од Оливера Зуловиќ и култниот роман на италијанскиот писател Умберто Еко, „Името на розата“. Во продолжение ви ги претставуваме содржините на книгите.

1. „Солунска 28“ (III дел) од д-р Неле Карајлиќ
Последниот роман од трилогијата „Солунска 28“, легендата на популарната екс-ју група „Забрането пушење“ и на култната ТВ-серија „Топ-листа на надреалистите“, д-р Неле Карајлиќ, го промовираше на првиот саемски ден, на штандот на „Арс Ламина“ (18 април). Приказната за една куќа, еден град и два света, Карајлиќ ја заокружува со третиот дел насловен како „За сексот, дрогата и рокенролот“. Овој роман говори за експлозијата на рокенролот во поранешна Југославија, чиј симбол беа токму сексот, дрогата и рокенролот. Приказната во третото продолжение е лоцирана во осумдесеттите години на минатиот век и главно ја проследуваме низ перспективата на Милан Јанковиќ.
Со тоа е ставена точка на приказната за судбината на една дорќолска адреса и неколку генерации кои живееле тука, но отворено е ново поглавје во создавачката биографија на човекот кој веќе четири децении пее, компонира, глуми, режира и пишува ли пишува.

2. „Страшни приказни“ од Сузана Камберова
Изданието што влезе во најтесниот избор за книжевната награда за најдобар необјавен роман, „Пегаз“ за 2023 година – „Страшни приказни“ од Сузана Камберова, премиерно беше претставено во рамките на Саемот на книгата. Потпрен на едно од типичните начела на готските романи – чудниот, мистичен амбиент, романот „Страшни приказни“, комбинирајќи ги хоророт и романсата, нè води низ испреплетените животи на неколкуте добро изградени ликови, заробени во една зима, во 1965 година, некаде на швајцарските Алпи. Завеани и отсечени од светот, тие си ги раскажуваат најстрашните нешта што им се случиле во животот, создавајќи еден цел паралелен, напнат и возбудлив свет во кој самите првин се само раскажувачи или слушатели, а потоа и учесници. Приказната е богата, слоевита и „готска“, преполна со морничави сцени, мрачни заплети и таинствени случувања…

3. „Скарбо“ од Јадранка Владова
Книгата „Скарбо“ ги спојува двете подзагубени збирки раскази на Јадранка Владова – „Скарбо во мојот двор“ (првично публикувана во 1986 година) и „Воден знак“ (1990), за кои со децении наназад беше полесно да се пишува, да се зборува или да се слуша отколку да се најдат во книжарниците и библиотеките. Новата публикација е дел од добропознатата и наградувана едицијата на „Арс Ламина“ – „Македонски книжевни класици“, во рамките на која се реобјавени капитални дела од најзначајните македонски книжевни великани. Со овој потег на „Арс Ламина“, „Скарбо“ повторно се враќа во рацете на читателите! Книгата беше промовирана на 19 април на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како и на Саемот на книгата, ден подоцна (20 април), кога се одбележува денот на раѓањето на Владова.

4. „Се гледаме во август“ од Габриел Гарсија Маркес
Последниот роман на легендарниот колумбиски писател Габриел Гарсија Маркес, „Се гледаме во август“, излезе од печат на 6 март, десет години по неговата смрт, истовремено во повеќе од 30 земји во светот, меѓу кои и на македонски, благодарение на „Арс Ламина“.
„Се гледаме во август“ е кус роман напишан во заводлив, фасцинантен и препознатлив стил на Маркес, кој е вистинска химна на животот со многу лица, особено на љубовта со многу опачини. Секој август, на точно определен датум, Ана Магдалена Бах заминува на островот каде што е погребана нејзината мајка со букет гладиоли. За време на овие патувања, макар на една ноќ, таа станува некоја друга, а нејзиниот внатрешен свет станува сосем поинаков, зашто „да се изгуби ноќта значи да се изгуби една година“…

5. „Аферата Кристи“ од Нина де Грамонт
Крими-романот „Аферата Кристи“ од американската авторка Нина де Грамонт е роман што се заснова на вистински настан – необјаснивото единаесетдневно исчезнување и потрага по Агата Кристи што го има оставено светот без здив. Иако базиран на овој настан, романот на Нина де Грамонт е фикција и плод на нејзината фантазија преточена во интригантно четиво.

6. „Џабе живиш у Скопје“ од Зоран Спасов-Ѕоф
„Џабе живиш у Скопје“ е збирка актуелни, изумрени и подзабораени поими, фрази, изрази, идиоми, апсурди, фазони, афоризми, синоними, топоними, акроними, криптоними и многу други „–ними“. Книгава е локализирана у покушај да се долови хајлевел шегобијноста на скопјаните, бидејќи авторот е чврсто убеден дека ние Македонците (заедно со Србите) имаме најбољи хумор у свет. Дел од изразите се користат поише од петсто години, дел стотина, дел од ’45. па навака, дел откако Тито го заболе ногата, дел откако Кљусев искочи на бина… Авторот ги реактуелизира со цел да се разбудат и расталасаат некои чувства што дугачко време дремат у латентна состојба. Оваа книга е вивисекција на скопските: (не)култура, историја, менталитет, хумор и јазик, но и одолжување на авторот на неговото Скопје.
За време на Саемот на книгата, се одржа настанот „Џабе си у Скопје ако не цепаш на Саем“, на кој Зоран Спасов-Ѕоф потпишуваше книги и се дружеше со читателите.

7. „Седумте мажи на Евелин Хуго“ од Тејлор Џенкинс Рејд
Приказната во книгата, што постигна интернационален успех и е бестселер на „Њујорк тајмс“, се движи околу возрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго, која конечно е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен живот. Но, кога за тоа ќе ја ангажира анонимната репортерка Моник Грант, никој не е поизненаден од самата Моник. Зошто неа? И зошто сега? Моник не е баш на врвот на светот. Сопругот ја напуштил, професионалниот живот ѝ е во ќор-сокак. И покрај тоа што не знае зошто Евелин ја избрала да ја напише нејзината биографија, Моник е решена да ја искористи можноста и да почне своја кариера. Моник е поканета во луксузниот апартман на Евелин, каде што фасцинирано слуша додека актерката ѝ ја раскажува нејзината приказна. Од пробивот во Лос Анџелес во педесеттите до нејзината одлука да го напушти шоу-бизнисот во осумдесеттите години и, секако, седумте сопрузи попатно, Евелин раскажува приказна за безмилосни амбиции, неочекувано пријателство и голема забранета љубов. Моник почнува да чувствува вистинска поврзаност со легендарната ѕвезда, но како што приказната на Евелин се приближува кон крајот, така станува јасно дека нејзиниот живот се испреплетува со оној на Моник на трагичен и неповратен начин.

8. „Семејни тајни“ од Лијан Моријарти
Од авторката на бестселерите, „Девет совршени туѓинци“, „Три желби“ и „Последната годишнина“, ни пристигна уште еден возбудлив трилер – „Семејни тајни“. По оваа книга е снимена актуелната ТВ-серија на стриминг-сервисот „Нетфликс“ – Apples Never Fall („Јаболката никогаш не паѓаат“).
Доколку исчезне твојата мајка, дали ќе пријавиш во полиција? Дури и ако најочигледниот осомничен е твојот татко? Ова е дилемата со која се соочуваат четворицата возрасни браќа и сестри Делејни. Делејни се столб во својата заедница. На родителите, Стен и Џој, им завидуваат сите пријатели. Тие се „убијци“ на тенискиот терен, а надвор од него, нивната хемија е речиси опиплива. Но, по педесет години брак, тие конечно ја продаваат тениската академија и подготвени се да почнат да ги живеат златните години од нивните животи. Тогаш зошто Стен и Џој се чувствуваат толку мизерно? Нивните деца – Ејми, Логан, Трој и Брук – биле тениски ѕвезди во детството, но, според нивниот татко, никој од нив го немал она што е потребно за да оди докрај. Подоцна, откако ќе исчезне Џој, полицијата ја испрашува единствената личност која преостанува: Стен. Двајца од децата Делејни мислат дека татко им е невин, а двајца не се толку сигурни…

9. „Прирачник за солиден живот“ од Оливера Зуловиќ
Помеѓу новата адреса на тато и старата адреса на мама стоеја три автобуски станици, два семафора, еден киоск, една трафостаница, пошта, црква и книжарница. Ако спиеше кај тато, нотите за гитара остануваа кај мама, а кога мама го водеше на тренинг, опремата му беше кај тато. Никако да си биде сè на своето место. Ако тие тројцата мораа да се навикнат, топката, дуксерот со качулка, клучевите, чистите чорапи, го одбиваа тоа. Не им можеш ништо и точка! „Прирачник за солиден живот“ е добитник на наградата на „Политикин забавник“ – најдобра книга за деца и млади напишана на српски јазик, за 2022 година. Книжевниот првенец на Оливера Зуловиќ е приказна за нежното пријателство помеѓу Љубица и Љубо и за нивната авантура со заеднички сили да ги преживеат, но и да ги поправат неубавите нешта во животот. Оваа топла книга пишувана низ призмата на детето е наменета и за возрасните и за оние што сè уште не станале тоа.

10. „Името на розата“ од Умберто Еко
Приказната во овој книжевен класик од 1980 година почнува при крајот на ноември 1327 година, кога во еден бенедиктински манастир пристигнува англискиот францисканец Вилјем од Баскервил во придружба на својот ученик и искушеник Адсон од Мелк. Манастирот е потресен од необјаснивата смрт на младиот собрат Адолфо, чие мртво тело е само првото од неколкуте што во околината создаваат атмосфера дека се ближи апокалипсата и дека набрзо ќе дојде Антихристот. Доволно световни за да смеат да си дозволат да бидат логични, надминувајќи низа пречки – од строг библиотечен надзор, па до посета на инквизицијата – Вилјем и Адсон тргнуваат во потрага по вистинскиот причинител за смртта на калуѓерите. Продадена во повеќе од педесет милиони примероци ширум светот и преведена на над четириесет јазици, „Името на розата“ е добитник на највисокото книжевно признание во Италија, наградата „Стрега“, и е прогласена за една од стоте најдобри книги на дваесеттиот век според реномираниот француски весник „Монд“.

 

The post Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024 appeared first on Република.

]]>

Третиот дел на романот „Солунска 28“, од легендарниот музичар и автор д-р Неле Карајлиќ, е најпродаваниот наслов во издание на „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024. На најголемата книжевна манифестација, која се одржа од 18 до 24 април, во арената „Борис Трајковски“, Скопје, „Арс Ламина“ се претстави под слоганот „Влези во бајка“. Оваа година на посетителите им понуди над 1.000 наслови, од кои 200 се нови, објавени меѓу двете саемски изданија. Меѓу најбараните книги за возрасни беа саемските новитети, интернационални бестселери, класици, трилери и наградувани наслови од македонски и регионални автори. Високо на топ 10 листата со најбарани книги на штандот на „Арс Ламина“ се најдоа: финалистот на книжевната награда „Пегаз“ – романот „Страшни приказни“ од Сузана Камберова, книгата најзначајните раскази на Јадранка Владова, „Скарбо“, „изгубениот“ и досега необјавен роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес – „Се гледаме во август“, како и роман што се заснова на необјаснивото единаесетдневно исчезнување и потрага по Агата Кристи – „Аферата Кристи“ од Нина де Грамонт. Следуваат: домашниот книжевен хит „Џабе живиш у Скопје“ од Зоран Спасов-Ѕоф; интернационалните бестселери „Седумте мажи на Евелин Хуго“ од Тејлор Џенкинс Рејд и „Семејни тајни“ од Лијан Моријарти; добитникот на престижната награда на „Политикин забавник“ за најдобра книга за деца и млади напишана на српски јазик за 2022 година, „Прирачник за солиден живот“ од Оливера Зуловиќ и култниот роман на италијанскиот писател Умберто Еко, „Името на розата“. Во продолжение ви ги претставуваме содржините на книгите. 1. „Солунска 28“ (III дел) од д-р Неле Карајлиќ Последниот роман од трилогијата „Солунска 28“, легендата на популарната екс-ју група „Забрането пушење“ и на култната ТВ-серија „Топ-листа на надреалистите“, д-р Неле Карајлиќ, го промовираше на првиот саемски ден, на штандот на „Арс Ламина“ (18 април). Приказната за една куќа, еден град и два света, Карајлиќ ја заокружува со третиот дел насловен како „За сексот, дрогата и рокенролот“. Овој роман говори за експлозијата на рокенролот во поранешна Југославија, чиј симбол беа токму сексот, дрогата и рокенролот. Приказната во третото продолжение е лоцирана во осумдесеттите години на минатиот век и главно ја проследуваме низ перспективата на Милан Јанковиќ. Со тоа е ставена точка на приказната за судбината на една дорќолска адреса и неколку генерации кои живееле тука, но отворено е ново поглавје во создавачката биографија на човекот кој веќе четири децении пее, компонира, глуми, режира и пишува ли пишува. 2. „Страшни приказни“ од Сузана Камберова Изданието што влезе во најтесниот избор за книжевната награда за најдобар необјавен роман, „Пегаз“ за 2023 година – „Страшни приказни“ од Сузана Камберова, премиерно беше претставено во рамките на Саемот на книгата. Потпрен на едно од типичните начела на готските романи – чудниот, мистичен амбиент, романот „Страшни приказни“, комбинирајќи ги хоророт и романсата, нè води низ испреплетените животи на неколкуте добро изградени ликови, заробени во една зима, во 1965 година, некаде на швајцарските Алпи. Завеани и отсечени од светот, тие си ги раскажуваат најстрашните нешта што им се случиле во животот, создавајќи еден цел паралелен, напнат и возбудлив свет во кој самите првин се само раскажувачи или слушатели, а потоа и учесници. Приказната е богата, слоевита и „готска“, преполна со морничави сцени, мрачни заплети и таинствени случувања… 3. „Скарбо“ од Јадранка Владова Книгата „Скарбо“ ги спојува двете подзагубени збирки раскази на Јадранка Владова – „Скарбо во мојот двор“ (првично публикувана во 1986 година) и „Воден знак“ (1990), за кои со децении наназад беше полесно да се пишува, да се зборува или да се слуша отколку да се најдат во книжарниците и библиотеките. Новата публикација е дел од добропознатата и наградувана едицијата на „Арс Ламина“ – „Македонски книжевни класици“, во рамките на која се реобјавени капитални дела од најзначајните македонски книжевни великани. Со овој потег на „Арс Ламина“, „Скарбо“ повторно се враќа во рацете на читателите! Книгата беше промовирана на 19 април на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како и на Саемот на книгата, ден подоцна (20 април), кога се одбележува денот на раѓањето на Владова. 4. „Се гледаме во август“ од Габриел Гарсија Маркес Последниот роман на легендарниот колумбиски писател Габриел Гарсија Маркес, „Се гледаме во август“, излезе од печат на 6 март, десет години по неговата смрт, истовремено во повеќе од 30 земји во светот, меѓу кои и на македонски, благодарение на „Арс Ламина“. „Се гледаме во август“ е кус роман напишан во заводлив, фасцинантен и препознатлив стил на Маркес, кој е вистинска химна на животот со многу лица, особено на љубовта со многу опачини. Секој август, на точно определен датум, Ана Магдалена Бах заминува на островот каде што е погребана нејзината мајка со букет гладиоли. За време на овие патувања, макар на една ноќ, таа станува некоја друга, а нејзиниот внатрешен свет станува сосем поинаков, зашто „да се изгуби ноќта значи да се изгуби една година“… 5. „Аферата Кристи“ од Нина де Грамонт Крими-романот „Аферата Кристи“ од американската авторка Нина де Грамонт е роман што се заснова на вистински настан – необјаснивото единаесетдневно исчезнување и потрага по Агата Кристи што го има оставено светот без здив. Иако базиран на овој настан, романот на Нина де Грамонт е фикција и плод на нејзината фантазија преточена во интригантно четиво. 6. „Џабе живиш у Скопје“ од Зоран Спасов-Ѕоф „Џабе живиш у Скопје“ е збирка актуелни, изумрени и подзабораени поими, фрази, изрази, идиоми, апсурди, фазони, афоризми, синоними, топоними, акроними, криптоними и многу други „–ними“. Книгава е локализирана у покушај да се долови хајлевел шегобијноста на скопјаните, бидејќи авторот е чврсто убеден дека ние Македонците (заедно со Србите) имаме најбољи хумор у свет. Дел од изразите се користат поише од петсто години, дел стотина, дел од ’45. па навака, дел откако Тито го заболе ногата, дел откако Кљусев искочи на бина… Авторот ги реактуелизира со цел да се разбудат и расталасаат некои чувства што дугачко време дремат у латентна состојба. Оваа книга е вивисекција на скопските: (не)култура, историја, менталитет, хумор и јазик, но и одолжување на авторот на неговото Скопје. За време на Саемот на книгата, се одржа настанот „Џабе си у Скопје ако не цепаш на Саем“, на кој Зоран Спасов-Ѕоф потпишуваше книги и се дружеше со читателите. 7. „Седумте мажи на Евелин Хуго“ од Тејлор Џенкинс Рејд Приказната во книгата, што постигна интернационален успех и е бестселер на „Њујорк тајмс“, се движи околу возрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго, која конечно е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен живот. Но, кога за тоа ќе ја ангажира анонимната репортерка Моник Грант, никој не е поизненаден од самата Моник. Зошто неа? И зошто сега? Моник не е баш на врвот на светот. Сопругот ја напуштил, професионалниот живот ѝ е во ќор-сокак. И покрај тоа што не знае зошто Евелин ја избрала да ја напише нејзината биографија, Моник е решена да ја искористи можноста и да почне своја кариера. Моник е поканета во луксузниот апартман на Евелин, каде што фасцинирано слуша додека актерката ѝ ја раскажува нејзината приказна. Од пробивот во Лос Анџелес во педесеттите до нејзината одлука да го напушти шоу-бизнисот во осумдесеттите години и, секако, седумте сопрузи попатно, Евелин раскажува приказна за безмилосни амбиции, неочекувано пријателство и голема забранета љубов. Моник почнува да чувствува вистинска поврзаност со легендарната ѕвезда, но како што приказната на Евелин се приближува кон крајот, така станува јасно дека нејзиниот живот се испреплетува со оној на Моник на трагичен и неповратен начин. 8. „Семејни тајни“ од Лијан Моријарти Од авторката на бестселерите, „Девет совршени туѓинци“, „Три желби“ и „Последната годишнина“, ни пристигна уште еден возбудлив трилер – „Семејни тајни“. По оваа книга е снимена актуелната ТВ-серија на стриминг-сервисот „Нетфликс“ – Apples Never Fall („Јаболката никогаш не паѓаат“). Доколку исчезне твојата мајка, дали ќе пријавиш во полиција? Дури и ако најочигледниот осомничен е твојот татко? Ова е дилемата со која се соочуваат четворицата возрасни браќа и сестри Делејни. Делејни се столб во својата заедница. На родителите, Стен и Џој, им завидуваат сите пријатели. Тие се „убијци“ на тенискиот терен, а надвор од него, нивната хемија е речиси опиплива. Но, по педесет години брак, тие конечно ја продаваат тениската академија и подготвени се да почнат да ги живеат златните години од нивните животи. Тогаш зошто Стен и Џој се чувствуваат толку мизерно? Нивните деца – Ејми, Логан, Трој и Брук – биле тениски ѕвезди во детството, но, според нивниот татко, никој од нив го немал она што е потребно за да оди докрај. Подоцна, откако ќе исчезне Џој, полицијата ја испрашува единствената личност која преостанува: Стен. Двајца од децата Делејни мислат дека татко им е невин, а двајца не се толку сигурни… 9. „Прирачник за солиден живот“ од Оливера Зуловиќ Помеѓу новата адреса на тато и старата адреса на мама стоеја три автобуски станици, два семафора, еден киоск, една трафостаница, пошта, црква и книжарница. Ако спиеше кај тато, нотите за гитара остануваа кај мама, а кога мама го водеше на тренинг, опремата му беше кај тато. Никако да си биде сè на своето место. Ако тие тројцата мораа да се навикнат, топката, дуксерот со качулка, клучевите, чистите чорапи, го одбиваа тоа. Не им можеш ништо и точка! „Прирачник за солиден живот“ е добитник на наградата на „Политикин забавник“ – најдобра книга за деца и млади напишана на српски јазик, за 2022 година. Книжевниот првенец на Оливера Зуловиќ е приказна за нежното пријателство помеѓу Љубица и Љубо и за нивната авантура со заеднички сили да ги преживеат, но и да ги поправат неубавите нешта во животот. Оваа топла книга пишувана низ призмата на детето е наменета и за возрасните и за оние што сè уште не станале тоа. 10. „Името на розата“ од Умберто Еко Приказната во овој книжевен класик од 1980 година почнува при крајот на ноември 1327 година, кога во еден бенедиктински манастир пристигнува англискиот францисканец Вилјем од Баскервил во придружба на својот ученик и искушеник Адсон од Мелк. Манастирот е потресен од необјаснивата смрт на младиот собрат Адолфо, чие мртво тело е само првото од неколкуте што во околината создаваат атмосфера дека се ближи апокалипсата и дека набрзо ќе дојде Антихристот. Доволно световни за да смеат да си дозволат да бидат логични, надминувајќи низа пречки – од строг библиотечен надзор, па до посета на инквизицијата – Вилјем и Адсон тргнуваат во потрага по вистинскиот причинител за смртта на калуѓерите. Продадена во повеќе од педесет милиони примероци ширум светот и преведена на над четириесет јазици, „Името на розата“ е добитник на највисокото книжевно признание во Италија, наградата „Стрега“, и е прогласена за една од стоте најдобри книги на дваесеттиот век според реномираниот француски весник „Монд“.  

The post Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024 appeared first on Република.

]]>
Средба со чешкиот автор Михал Сикора, автор на серијал детективски романи на Саемот на книга https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sredba-so-cheshkiot-avtor-mihal-sikora-avtor-na-serijal-detektivski-romani-na-saemot-na-kniga/ Tue, 23 Apr 2024 11:21:18 +0000 https://republika.mk/?p=769701

На Саемот на книгата 2024 во неделата, на 21 април во Промо центарот на Саемот се одржа книжевна средба со чешкиот писател Михал Сикора кој е автор на серијал детективски романи. Сите овие романи ги поврзува инспекторката Марија Бувова, обожавателка на Боб Дилан, која со својот тим решава сложени случаи на убиства.

На средбата со чешкиот автор Михал Сикора зборувавме за неговите два романи што се досега преведени на македонски јазик во издавачката куќа „Славика либрис“. Тоа се романите „Најлошите стравови“ и „Случајот за егзорцистот“. До крајот на годината, во превод на македонски јазик, ќе бидат објавени уште два романи од овој серијал, велат издавачите.

За секој од неговите романи во Чешка се снимени мини ТВ серии кои имаат заеднички наслов „Детективите од Светата тројка“. Едната од од овие ТВ серии е добитник на престижната филмска награда „Чешки лав“.

Чешкиот писател Михал Сикора е универзитетски професор, на Катедрата за театар и филм предава предмети за современиот светски роман, драма и компаративна книжевност. Досега има објавено пет дела од серијалот за инспекторката Марија Бувова, а набрзо од печат ќе излезе и шестиот дел.

Настанот беше организиран во соработка со Чешкиот книжевен центар и Амбасадата на Република Чешка во Македонија.

 

The post Средба со чешкиот автор Михал Сикора, автор на серијал детективски романи на Саемот на книга appeared first on Република.

]]>

На Саемот на книгата 2024 во неделата, на 21 април во Промо центарот на Саемот се одржа книжевна средба со чешкиот писател Михал Сикора кој е автор на серијал детективски романи. Сите овие романи ги поврзува инспекторката Марија Бувова, обожавателка на Боб Дилан, која со својот тим решава сложени случаи на убиства.
На средбата со чешкиот автор Михал Сикора зборувавме за неговите два романи што се досега преведени на македонски јазик во издавачката куќа „Славика либрис“. Тоа се романите „Најлошите стравови“ и „Случајот за егзорцистот“. До крајот на годината, во превод на македонски јазик, ќе бидат објавени уште два романи од овој серијал, велат издавачите.
За секој од неговите романи во Чешка се снимени мини ТВ серии кои имаат заеднички наслов „Детективите од Светата тројка“. Едната од од овие ТВ серии е добитник на престижната филмска награда „Чешки лав“. Чешкиот писател Михал Сикора е универзитетски професор, на Катедрата за театар и филм предава предмети за современиот светски роман, драма и компаративна книжевност. Досега има објавено пет дела од серијалот за инспекторката Марија Бувова, а набрзо од печат ќе излезе и шестиот дел. Настанот беше организиран во соработка со Чешкиот книжевен центар и Амбасадата на Република Чешка во Македонија.  

The post Средба со чешкиот автор Михал Сикора, автор на серијал детективски романи на Саемот на книга appeared first on Република.

]]>
Срѓан Драгојевиќ, режисерот на „Рани“, „Ние не сме ангели“, „Убавите села убаво горат“ и „Парада“ денеска промовира книга во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/srgan-dragojevik-rezhiserot-na-rani-nie-ne-sme-angeli-ubavite-sela-ubavo-gorat-i-parada-deneska-promovira-kniga-vo-skopje/ Fri, 19 Apr 2024 16:54:44 +0000 https://republika.mk/?p=768086

Српскиот режисер  Срѓан Драгојевиќ доаѓа во Скопје по повод првото македонско издание на неговата поезија.

Неговата книга  „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво, или сè што не сте знаеле за поезијата, а сте биле претерано мрзливи да читате“ ќе биде промовирана вечер од 19.30 часот во Бистро Комедија.

Книгата ја објави Издавачкиот центар ТРИ, а ќе ја промовира писателката Румена Бужаровска.

-Низ разговор со авторот, Бужаровска  ќе ни ги доближи неговите необични, свежи и револуционерни стихови. Не пропуштајте ја оваа ретка можност да поразговарате со еден необичен човек каков што е Срѓан Драгојевиќ. Неговата книга е едно од изненадувањата на овогодишниот Саем на книгата, каде што и на штандот на ТРИ ќе имаме можност да се сретнеме со него, се наведува во објавата за настанот.

Драгојевиќ е познат по неговите филмови „Рани“, „Ние не сме ангели“, „Убавите села убаво горат“ и „Парада“.

The post Срѓан Драгојевиќ, режисерот на „Рани“, „Ние не сме ангели“, „Убавите села убаво горат“ и „Парада“ денеска промовира книга во Скопје appeared first on Република.

]]>

Српскиот режисер  Срѓан Драгојевиќ доаѓа во Скопје по повод првото македонско издание на неговата поезија. Неговата книга  „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво, или сè што не сте знаеле за поезијата, а сте биле претерано мрзливи да читате“ ќе биде промовирана вечер од 19.30 часот во Бистро Комедија. Книгата ја објави Издавачкиот центар ТРИ, а ќе ја промовира писателката Румена Бужаровска. -Низ разговор со авторот, Бужаровска  ќе ни ги доближи неговите необични, свежи и револуционерни стихови. Не пропуштајте ја оваа ретка можност да поразговарате со еден необичен човек каков што е Срѓан Драгојевиќ. Неговата книга е едно од изненадувањата на овогодишниот Саем на книгата, каде што и на штандот на ТРИ ќе имаме можност да се сретнеме со него, се наведува во објавата за настанот. Драгојевиќ е познат по неговите филмови „Рани“, „Ние не сме ангели“, „Убавите села убаво горат“ и „Парада“.

The post Срѓан Драгојевиќ, режисерот на „Рани“, „Ние не сме ангели“, „Убавите села убаво горат“ и „Парада“ денеска промовира книга во Скопје appeared first on Република.

]]>
На Саемот на книга денеска ќе биде претставено творештвото на писателот и преведувачот Маринко Кошчец https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-saemot-na-kniga-deneska-ke-bide-pretstaveno-tvoreshtvoto-na-pisatelot-i-preveduvachot-marinko-koshchets/ Fri, 19 Apr 2024 14:53:11 +0000 https://republika.mk/?p=768061

На 19 април (петок), со почеток во 18:30, на саемот на книга во Скопје ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот и преведувачот Маринко Кошчец. Настанот ќе се одржи на штандот на издавачката куќа Антолог. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски.

Маринко Кошчец (Загреб, 1967), дипломирал англиски и француски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Магистрирал во областа на семиологијата на универзитетот Париз VII и науката за книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Во 2005 година докторирал со делото „Поетиката на Мишел Уелбек. Наратолошка, стилистичка и контекстуална анализа на опусот“. Работи како вонреден професор на Катедрата за романистика на Филозофскиот факултет во Загреб.

Освен научни дела пишува проза, есеи и критички текстови, а преведува и од француски и англиски јазик. Одржувал работилници за креативно пишување и работилници за книжевни преведувачи.

Ги објавил романите: „Остров под морето“ (1999), „Некој друг“ (2001, награда Меша Селимовиќ за 2002), „Wonderland“ (2003, награда ВБЗ 2003), „Тоа малку песок на дланката“ (2005), „На сантиметар од среќата“ (2008), „Четвртиот човек“ (2011), „Во потрага за почетокот на кругот“ (2016) и „Сами“ (2021).

Според критичарите, еден од најважните аспекти на творештвото на Кошчец е начинот на кој тој го третира јазикот во своите дела. На стилско и јазично ниво, неговите прози изобилуваат со креативни и умешни решенија, при што речиси секоја реченица во неговите дела може да претставува осмислена целина и надвор од дискурсот и контекстот во кој е напишана, а секое нејзино вадење од текстот ја нарушува прецизната структура на целината во која е поставена. Кошчец е јазичен мајстор, врвен познавач на динамиката и стилистичките можности на јазикот.

Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Маринко Кошчец во Скопје, поддржан од Европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

 

The post На Саемот на книга денеска ќе биде претставено творештвото на писателот и преведувачот Маринко Кошчец appeared first on Република.

]]>

На 19 април (петок), со почеток во 18:30, на саемот на книга во Скопје ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот и преведувачот Маринко Кошчец. Настанот ќе се одржи на штандот на издавачката куќа Антолог. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски. Маринко Кошчец (Загреб, 1967), дипломирал англиски и француски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Магистрирал во областа на семиологијата на универзитетот Париз VII и науката за книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Во 2005 година докторирал со делото „Поетиката на Мишел Уелбек. Наратолошка, стилистичка и контекстуална анализа на опусот“. Работи како вонреден професор на Катедрата за романистика на Филозофскиот факултет во Загреб. Освен научни дела пишува проза, есеи и критички текстови, а преведува и од француски и англиски јазик. Одржувал работилници за креативно пишување и работилници за книжевни преведувачи. Ги објавил романите: „Остров под морето“ (1999), „Некој друг“ (2001, награда Меша Селимовиќ за 2002), „Wonderland“ (2003, награда ВБЗ 2003), „Тоа малку песок на дланката“ (2005), „На сантиметар од среќата“ (2008), „Четвртиот човек“ (2011), „Во потрага за почетокот на кругот“ (2016) и „Сами“ (2021). Според критичарите, еден од најважните аспекти на творештвото на Кошчец е начинот на кој тој го третира јазикот во своите дела. На стилско и јазично ниво, неговите прози изобилуваат со креативни и умешни решенија, при што речиси секоја реченица во неговите дела може да претставува осмислена целина и надвор од дискурсот и контекстот во кој е напишана, а секое нејзино вадење од текстот ја нарушува прецизната структура на целината во која е поставена. Кошчец е јазичен мајстор, врвен познавач на динамиката и стилистичките можности на јазикот. Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Маринко Кошчец во Скопје, поддржан од Европската мрежа за превод и книги „Традуки“.  

The post На Саемот на книга денеска ќе биде претставено творештвото на писателот и преведувачот Маринко Кошчец appeared first on Република.

]]>
Алиса Фини денеска гостува на штандот на „Сакам книги“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/alisa-fini-deneska-gostuva-na-shtandot-na-sakam-knigi/ Fri, 19 Apr 2024 10:12:06 +0000 https://republika.mk/?p=767958

Под мотото „Сѐ започнува со книга“, од издавачката куќа „Сакам книги“ годинава најавуваат 11 нови наслови од различни жанрови, многу попусти, подароци, промоции и книжевни имиња на 36 издание на Саемот на книга.

„Сакам книги“ за овој саем на книга подготви избор од преку 400 наслови за сите вкусови и за сечиј џеб. Попусти до 50%, хит наслови од 199 денари, подароци и дружби ветија издавачите.

Како ексклузивна и неповторлива промоција и дружба со читателите го најавуваат денешното гостување на Алиса Фини на штандот на Сакам книги во 16 часот.

Саемот на книга започнува со книга. Односно, со многу книги, за сечиј вкус, на едно место, во исто време. Со многу незаборавни мигови, со многу полни торби, со многу дружење со пријатели читатели и автори, со многу радост и рој насмевки. Денес ве очекуваме во голем број за да ѝ покажеме на Алиса Фини какви читатели има во Македонија. Можеби не сме големи, можеби не можеме да продадеме милионски тиражи, можеби не сме богати како други во Европа, но сме најголеми во срце, најбогати по прочитани книги и најискрени во нашата љубов кон книгите и кон авторите. Нека и таа замине одовде со убав спомен и зборовите кои Крис Картер претходната година ни ги кажа: ‘Секаде ќе раскажувам како си поминав во Македонија и како бев дочекан таму’. Можеби само вака, читател по читател, автор по автор, ќе успееме да покажеме дека вреди да се посети Македонија и вреди да се запознаат македонските верни читатели“, велат од Сакам книги во пресрет на гостувањето на светски познатата Алиса Фини.

Најавуваат и промоција на пет нови романи од македонски автори, дел од едицијата „Наши, а светски“. Тоа се Кирил Ангелов со деби романот, автобиографското дело „Безсловен“, Далибор Трајков со неговиот нов трилер „Тајната на монахот“, Гордана Такец со деби романот по вистинска животна приказна „Капирења“, Лепа Гештаковска Христовска со „Италијанскиот ракопис“ и Ксенија Николова со „Зад маските“. Сите домашни автори исто така ќе потпишуваат примероци и ќе се дружат со читателите на штандот на „Сакам книги“ на годинешниот Саем на книга.

Саемските попусти важат на нивниот штанд во Арена Борис Трајковски, во сите САКАМ КНИГИ книжарници и онлајн на www.sakamknigi.mk за сите оние кои не се во можност да дојдат на саемот.

 

The post Алиса Фини денеска гостува на штандот на „Сакам книги“ appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Сѐ започнува со книга“, од издавачката куќа „Сакам книги“ годинава најавуваат 11 нови наслови од различни жанрови, многу попусти, подароци, промоции и книжевни имиња на 36 издание на Саемот на книга. „Сакам книги“ за овој саем на книга подготви избор од преку 400 наслови за сите вкусови и за сечиј џеб. Попусти до 50%, хит наслови од 199 денари, подароци и дружби ветија издавачите. Како ексклузивна и неповторлива промоција и дружба со читателите го најавуваат денешното гостување на Алиса Фини на штандот на Сакам книги во 16 часот.
Саемот на книга започнува со книга. Односно, со многу книги, за сечиј вкус, на едно место, во исто време. Со многу незаборавни мигови, со многу полни торби, со многу дружење со пријатели читатели и автори, со многу радост и рој насмевки. Денес ве очекуваме во голем број за да ѝ покажеме на Алиса Фини какви читатели има во Македонија. Можеби не сме големи, можеби не можеме да продадеме милионски тиражи, можеби не сме богати како други во Европа, но сме најголеми во срце, најбогати по прочитани книги и најискрени во нашата љубов кон книгите и кон авторите. Нека и таа замине одовде со убав спомен и зборовите кои Крис Картер претходната година ни ги кажа: ‘Секаде ќе раскажувам како си поминав во Македонија и како бев дочекан таму’. Можеби само вака, читател по читател, автор по автор, ќе успееме да покажеме дека вреди да се посети Македонија и вреди да се запознаат македонските верни читатели“, велат од Сакам книги во пресрет на гостувањето на светски познатата Алиса Фини.
Најавуваат и промоција на пет нови романи од македонски автори, дел од едицијата „Наши, а светски“. Тоа се Кирил Ангелов со деби романот, автобиографското дело „Безсловен“, Далибор Трајков со неговиот нов трилер „Тајната на монахот“, Гордана Такец со деби романот по вистинска животна приказна „Капирења“, Лепа Гештаковска Христовска со „Италијанскиот ракопис“ и Ксенија Николова со „Зад маските“. Сите домашни автори исто така ќе потпишуваат примероци и ќе се дружат со читателите на штандот на „Сакам книги“ на годинешниот Саем на книга. Саемските попусти важат на нивниот штанд во Арена Борис Трајковски, во сите САКАМ КНИГИ книжарници и онлајн на www.sakamknigi.mk за сите оние кои не се во можност да дојдат на саемот.  

The post Алиса Фини денеска гостува на штандот на „Сакам книги“ appeared first on Република.

]]>
Поради смртни закани од десничарски екстремисти живеев со вооружен телохранител во мојата сопствена дневна соба https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poradi-smrtni-zakani-od-desnicharski-ekstremisti-zhiveev-so-vooruzhen-telohranitel-vo-mojata-sopstvena-dnevna-soba/ Thu, 18 Apr 2024 08:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=767422

Андерс Рослунд доаѓа на Саемот на книга во Скопје. Омилениот скандинавски автор, еден од најголемите крими-мајстори на денешнината, кој го знаеме по неговите напнати трилери што ја разоткриваат темнината на општеството и криминалот, ќе биде специјален гостин на штандот на „Антолог“.

Андерс Рослунд(1961) е шведски новинар и писател. Автор на трилери и криминалистички романи, кој досега има објавено десет книги, како дел од успешниот писателски двоец Рослунд и Хелстром, но и самостојно. Добитник е на многубројни престижни меѓународни награди, а дел од неговите романи се филмувани. Живее со семејството во Стокхолм. Зборовите на Андерс Рослунд погодуваат онаму каде што боли, а тој ги истакнува актуелните проблеми на шведското општество и на посебен начин го прикажува најлошото од човештвото.

Досега во „Антолог“ се преведени две негови книги – „Чук чук“ и „Слатко сонувај“, а како саемски новитет е романот „Верувај ми“.

„Верувај ми“ е возбудлива, актуелна, одлично напишана и донекаде револтирачка криминалистичка приказна која ве тера само да ги прелистувате страниците додека не дојдете до самиот крај, каде што дејствијата стануваат особено возбудливи, а крајот целосно непредвидлив!

Рослунд е еден од најдобрите скандинавски криминалистички автори и се истакнува како еден од најсилните лингвистички гласови.

Еден од најдобрите крими-автори од скандинавскиот полуостров, во пресрет на доаѓањето на Саемот на книга се согласи да разговараме за неговите романи, колку истражува пред да напише било што, новинарската работа, наградите, но ни раскажа и за неговото омилено кафуле каде од 1992 година секој ден го пие своето кафе, за тоа како заборава каде го паркирал автомобилот, па заминува на саканата дестинација со автобус, за средбите со своите читатели...

Во сабота, 20 април во 12 часот, читателите ќе имаат можност на Саемот на книга да се запознаат со него, а секако и да добијат потпис на неговите книги.

Вашиот нов трилер насловен „Верувај ми“ е објавен на македонски јазик и ќе се промовира на Саемот на книга во Скопје на кој доаѓате како специјален гостин на издавачката куќа „Антолог“. Кажете ни за што станува збор во Вашиот најнов роман?

Ако некој автор ја наслови книгата за која се претпоставува дека е возбудлива „Верувај ми“, тогаш секако дека не треба да веруваш никому. Тоа е како кога седите на троседот на ТВ и гледате сцена со некој што се тушира ​​на филм, или кога тие слегуваат во некоја од тие големи гаражи - само сакате да му викнете на ТВ екранот дека ќе се случи нешто опасно. Така, кога комесарот по име Гренс, кој е присутен во сите книги, почнува да верува некому - тој што никогаш не верува никому, но научил дека можеш да избереш да му веруваш на некого и тогаш исто така може да бидеш изневерен - кога сега ќе одлучи да верувај некому во „Верувај ми“, само сакаш да му викаш: НЕ!

Првенствено сакам да се забавувам, половина од приказната мора да биде лага и навистина возбудлива, инаку морам да одам дома и да ја повторам. Но, другата половина, онаа што треба да биде вистина во моите книги, овојпат се врти околу трговијата со луѓе и трговијата со органи. (Трговија со луѓе. Тргување со луѓе! Каков незамислив збор.) Напишав криминален роман со оваа тема веќе во 2005 година, „Кутија 21“ и сите тогаш велеа дека такво нешто не постои во земја како Шведска, дека тоа се други земји, но токму тогаш, токму кога таа книга беше објавена, шведската полиција почна да ги претресува првите бордели во станови. Одеднаш веќе не можевме да се преправаме дека не го гледаме! И иако тоа беше само криминален роман, ме замолија да зборувам и да информирам за трговијата со луѓе на владина иницијатива и бев поканет да се напијам кафе со премиерот за да разговараме за трговијата со луѓе и што може да направи владата во врска со тоа.

Но, трговијата со луѓе оттогаш продолжи, па дури и расте. Сè додека има пари да се заработат, ќе има луѓе кои ги искористуваат другите луѓе. Се разбира, малку поинаку во денешно време, бидејќи бизнисот се префрли повеќе на Интернет, но сепак важи истото: мажите плаќаат за жени. Затоа се вратив на темата. Книгата која ја напишав е „Верувај ми“. Се разбира, ова е самостојна, сосема нова авантура која стои на свои нозе, и не само за сексуалните занаети, овојпат вклучувајќи трговија со органи и киднапирања, инекции отров и лов и... па, се надевам дека е возбудлив криминалистички роман и трилер.

Сте работеле како новинар на Шведскиот телевизиски сервис, каде долги години сте известувале за криминални и социјални прашања. Колку ова искуство ви помага во пишувањето романи? Ова особено во смисла на тоа дека новинарскиот јазик и стил на пишување и изразување е специфичен, но е мошне читлив, можеби и поприфатлив за читателот, но, искуството од сите тие криминални и социјални прашања на кои сте работеле колку Ви ја олеснуваа или отежнуваа работата?

Бев мало дете кое се обидуваше да ги сфати последиците од насилството, таа страшна алатка која една личност ја користи за да воспостави контрола врз друг, да ја натера личноста да биде послушна, да го прави она што го сака лицето што го користи ова насилство. Се разбира, не бев свесен за сето тоа, за зборовите, но тоа е она што отсекогаш беше во мене и затоа штом ми дозволија како млад човек станав службеник за условно казнети, личност која се обидува да помогне на некој затвореник да се подготви за реалниот живот, ослободувањето, а јас секогаш работев со насилници, тие беа мојата мисија.

Подоцна, како новинар и ТВ-репортер, го направив истото – фокусирајќи се на последиците од насилството, обидувајќи се да раскажам вести за движечките сили на сторителот и за враќањето на жртвата на криминал, како треба да избегнеме повеќе сторители да извршат злосторствата во општеството на прво место за да се избегнат повеќе жртви.

И - затоа почнав да пишувам книги во криминалистичкиот жанр, обидувајќи се да пишувам возбудливи и возбудливи романи базирани на формулата 50% вистина, 50% лаги, што значи половина фикција, половина факти, секогаш вклучувајќи ги различните перспективи кога станува збор за криминал.  Јас сум вистински посветен - на заплетот, на приказната, на забавата, но и секогаш се занимавам со реалното, му пружам рака на читателот да ми се придружи во свет кој не е толку познат за многумина.

Сега го напуштив новинарството - дури иако сè уште користам многу од неговите фантастични истражувачки алатки - и веќе многу години сум писател со полно работно време.

 

Вашата новинарска работа ви донесе и непријатности. Наидов на податок дека сте биле на „црната листа“ на екстремистичка организација поради што било неопходно да вработите и телохранител и сте биле заштитен во безбедни куќи. Може ли да го споделите тоа искуство?

Долго време живеев со смртни закани – бев загрозениот ТВ репортер во вечерните весници, бев подложен на лажни егзекуции, долго време живеев во хотели и лажни адреси, живеев со вооружен телохранител во мојата сопствена дневна соба. За тоа време, разговарав со друг новинар кој исто така живееше под смртни закани откако како мене пишуваше за десничарските екстремистички групи. Неговото име беше Стиг Ларсон и никој од нас немаше поим дека еден ден и двајцата ќе станеме меѓународно познати писатели на криминални романи.

Вие сте коавтор на седум книги заедно со Берге Хелстром објавени во периодот од 2004 до 2016 година, кога поради смртта на Хелстром се прекинува партнерството. Како пишувавте заедно? Како изгледаше процесот? Како се справувате со предизвиците?

По нашата седма заедничка книга, решивме да го прекинеме авторството. Толку многу си се допаднавме, јас и Берге, станавме повеќе од пријатели (Берге навистина можеше да седи спроти мене и да ми погледне длабоко во очи, а потоа да стане и да вреска: „Мразам кога гледаш директно низ мене, Андерс!“) Се познававме внатре и надвор. Затоа, чувствувавме дека се движиме во различни насоки. Јас, Андерс, цел живот копнеев да пишувам вака со полно работно време и имав уште толку многу приказни за раскажување, особено сега кога Пит Хофман беше дел од збирката ликови – водечки светски инфилтратор, способен да ми помогне да кажам за оние места и луѓе за кои не можевме да пишуваме, бидејќи испраќањето на Еверт Грен таму едноставно требаше да се чувствува чудно и погрешно, а не за верување. Додека Берге сакаше да направи нешто друго. Се поздравивме, ниту драматично ниту носталгично, имавме многу убави години. Почнав веднаш по нашата заедничка одлука да ставиме крај на дуото да работам на следната книга наречена „Три часа“, првата под мое име. Така, кога ракот подоцна му го одзеде животот на Берге, ние веќе бевме тргнати секој по својот пат - на двајцата ни беше убаво што го завршивме нашето време заедно, а не проклетата смрт. Самото пишување на последните шест книги (и сите претстојни) значи дека наместо тоа се расправам со себе, се убедувам во која насока оди текстот и приказната. Ми недостига секој ден и во исто време го сакам мојот нов живот како писател, да ја истражам проклетата алатка на насилство во форма на неизвесноста на романот.

Романот „Чук чук“ е првиот роман кој го напишавте по смртта на Хелстром. Пишувате балканската мафија која ги шири своите пипци на шведскиот пазар. Читателот преку приказната ќе прошета низ улиците на Стокхолм, но го носите и до Скадарското Езеро и Подгорица... Еден по еден се убиваат црногорски мафијаши во Стокхолм. Еден куршум на десната страна на челото и еден под левата слепоочница. Улцињска егзекуција... Што се е неопходно да се истражи за да се напише еден трилер?

Моите книги секогаш ги базирам на вистински настани - или она што можеше да биде. Прво се обидувам да ги натерам сите клучни луѓе да разговараат со мене и да одам по сите клучни настани што ми требаат и тоа трае онолку време колку што треба и патувам низ целиот свет – тогаш е време да го ставам измислениот слој на врвот, добрата приказна со добриот заплет што се надеваме дека ќе го натера читателот да сврти страници. Така, секогаш половина факт и половина вистина - што значи - половина вистина половина лаги. Трговијата со оружје, темата во „Чук чук“, навистина е жив и исклучително голем проблем особено во Шведска – која сега стана земја со највисока стапка по глава на жител со пукотници и убиства во Европа. Само Сицилија во Италија ја има истата висока стапка, како земја во светот што може да се спореди со Мексико кога се мери стапката на нелегално користени рачни гранати. Шведска во текот на последните 10-15 години целосно се промени и денес е кога зборуваме за законот и редот- приградските банди стануваат се поголеми и посилни кои регрутираат деветгодишни деца за да продолжат со нов начин на живот.

 

 

За „Слатко сонувај“ сте истражувале 15 години. Станува збор за исчезнување на две четиригодишни девојчиња во ист ден, но приказната тече пред очите на читателот како да гледа серија на „Нетфликс“, а „Тајмс“ го прогласи за интернационален бестселер. За што најмногу Ви беше потребно време за истражување?

Кога почнав да ја пишувам „Слатки соништа“ бев зрел како личност, но открив дека не сум доволно зрел како писател. Ова, работата со полицијата ширум светот во потрагата по најлошите можни сторители, возрасните кои ги искористуваат децата на Интернет, беше најтешкото што сум го видел и направил, а дури 15 години подоцна бев доволно зрел како писател за да ја завршам мојата работа, да ја направам веродостојна приказната, да ја напишам оваа возбудлива и забавна приказна и во исто време да ги натерам читателите да разберат за што станува збор во оваа мрачна, гнасна работа. Толку сум им благодарен на полицајците и истражителите ширум светот што ме пуштија да влезам, да бидам дел од нивната работа и се надевам дека на крајот успеав да откријам за што всушност се работи без да одам предалеку во темата која е тешка за секого.

 

Според Вашите дела „Кутија 21“ и „Ќелија 8“ се снимени телевизиски серии, а правата за „Чук чук“ за снимање филм во САД се продадени на „Thunder storm“.  Дали како автор се вклучувате во сценариото, во адаптацијата на романите кога се снимаат? Како изгледа сето тоа од Ваш агол?

Кога „Кутија 21“ и „Ќелија 8“ беа претворени во ТВ-серии, јас бев вклучен, напишав некои епизоди и бев блиску, што беше лесно бидејќи ги продуцираше данска компанија. Но, кога книгата „Три секунди“ беше претворена во голем холивудски филм (под наслов „Информер“) и базирана во Њујорк со супер познати актери, јас секако ја посетив локацијата, но не бев вклучен поинаку, растојанието од Стокхолм до големите производители во Лос Анѓелес може да биде многу долго...

Кој е Андерс Рослунд приватно? Што сакате да правите во слободно време? Каква музика слушате? Што Ве исполнува?

Мојата сопруга тврди дека понекогаш имам 5 години, понекогаш 105. Таа е во право, се разбира. Многу сум немирен, сакам да живеам најмалку седум животи во исто време. Секогаш кога планирам да земам слободен ден, луѓето околу мене често доаѓаат до истиот заклучок, велејќи го истото – „Можеш ли Андерс да одиш во твоето студио за пишување на некое време за да можеме малку да се смириме овде?"

Од 1992 година имате омилено кафуле кое постојано го посетувате. По што е тоа место посебно за Вас?

Кога е постојан хаос во главата и градите, потребни ви се рутини за да постигнете рамнотежа. Така, кога ќе најдам убаво кафуле со пријатен персонал и добро кафе, постојано се враќам. Истото важи и со мојата теретана, мојот паб и секако мојата сопруга – сакам да останам долго на едно место и да можам да се потпирам на луѓето на начин на кој вие можете да се потпрете на мене. Немам многу блиски пријатели, но на оние што ги имам целосно им верувам. Така, кога сте личност како мене, честопати немајќи поим каде сте го паркирале автомобилот минатата ноќ и потоа сте принудени да се качите со автобус, кога сте личност како мене што го заборава својот роденден, ви требаат цврсти камења од столбовите за да се држите. Така, секој ден одам во моето студио за пишување, отприлика во истиот час, пијам кафе во кафулето каде што сите ме познаваат, а и јас ги познавам сите, рутините формираат терен каде можам да ги градам моите приказни со сите тие различни линии на заплетот во исто време и држејќи ги заедно, да бидете максимално креативни без да ја изгубите контролата.

 

Добитник сте на бројни литературни награди и признанија. Дали ги доживувате како признание или како обврска?

Се разбира дека сум многу горд што ми беше доделена наградата за најдобар европски криминалистички роман, како и за најдобар азиски криминален роман и нордиски криминален роман, да кажам било што друго би било лага - но навистина, од дното на мое срце, најдобрата награда што можам да ја добијам е кога читателот ќе се поздрави со мена на улица или ќе ми пише писмо или е-пошта, објаснувајќи како ја читал секоја книга и ја чекал следната, дека јас сум дел од нивните животи. Без тој читател, без да ја најдам книгата во туѓа рака, моето пишување би било апсолутно ништо.

Романите Ви се преведени речиси низ цел свет. Колку е важно според Вас, за еден автор да му биде преведено делото?

Секој писател, кој е искрен, сака што е можно повеќе читатели, луѓе кои поминуваат време со моите мисли, правејќи ги осумнаесетте месеци што ги поминувам на пишување на секоја книга да вредат сè. Но, да бидам преведен, никогаш не размислував кога почнав да пишувам - мојот сон беше еден ден да ја видам мојата прва книга некаде на излогот на книжарницата во мојот мал роден град. Долго време потоа светот тропна на мојата врата и преведувањето е фантастична привилегија.

Саемите на книга се можност и средби со читателите. Какви се Вашите искуства од таквите средби? Што споделуваат со Вас читателите кога разговарате?

Еднаш, кога бев во Загреб, Хрватска, зборувајќи за книга, еден млад човек стоеше во ред за да ја потпишам неговата книга. Кога стигна до местото каде што седев, стави неколку дотраени книги на пултот и рече: „Ние сме девет члена во нашето семејство и СИТЕ ги читаме вашите книги, ист примерок и една по една, а потоа разговараме за нив“. Тоа беше мојата најдобра средба со читател досега, а такво нешто може да се случи само на Саем на книга.

Разговараше: Невена Поповска

Фото: Emil-Eiman Roslund

The post Поради смртни закани од десничарски екстремисти живеев со вооружен телохранител во мојата сопствена дневна соба appeared first on Република.

]]>

Андерс Рослунд доаѓа на Саемот на книга во Скопје. Омилениот скандинавски автор, еден од најголемите крими-мајстори на денешнината, кој го знаеме по неговите напнати трилери што ја разоткриваат темнината на општеството и криминалот, ќе биде специјален гостин на штандот на „Антолог“. Андерс Рослунд(1961) е шведски новинар и писател. Автор на трилери и криминалистички романи, кој досега има објавено десет книги, како дел од успешниот писателски двоец Рослунд и Хелстром, но и самостојно. Добитник е на многубројни престижни меѓународни награди, а дел од неговите романи се филмувани. Живее со семејството во Стокхолм. Зборовите на Андерс Рослунд погодуваат онаму каде што боли, а тој ги истакнува актуелните проблеми на шведското општество и на посебен начин го прикажува најлошото од човештвото. Досега во „Антолог“ се преведени две негови книги – „Чук чук“ и „Слатко сонувај“, а како саемски новитет е романот „Верувај ми“. „Верувај ми“ е возбудлива, актуелна, одлично напишана и донекаде револтирачка криминалистичка приказна која ве тера само да ги прелистувате страниците додека не дојдете до самиот крај, каде што дејствијата стануваат особено возбудливи, а крајот целосно непредвидлив! Рослунд е еден од најдобрите скандинавски криминалистички автори и се истакнува како еден од најсилните лингвистички гласови. Еден од најдобрите крими-автори од скандинавскиот полуостров, во пресрет на доаѓањето на Саемот на книга се согласи да разговараме за неговите романи, колку истражува пред да напише било што, новинарската работа, наградите, но ни раскажа и за неговото омилено кафуле каде од 1992 година секој ден го пие своето кафе, за тоа како заборава каде го паркирал автомобилот, па заминува на саканата дестинација со автобус, за средбите со своите читатели... Во сабота, 20 април во 12 часот, читателите ќе имаат можност на Саемот на книга да се запознаат со него, а секако и да добијат потпис на неговите книги. Вашиот нов трилер насловен „Верувај ми“ е објавен на македонски јазик и ќе се промовира на Саемот на книга во Скопје на кој доаѓате како специјален гостин на издавачката куќа „Антолог“. Кажете ни за што станува збор во Вашиот најнов роман?
Ако некој автор ја наслови книгата за која се претпоставува дека е возбудлива „Верувај ми“, тогаш секако дека не треба да веруваш никому. Тоа е како кога седите на троседот на ТВ и гледате сцена со некој што се тушира ​​на филм, или кога тие слегуваат во некоја од тие големи гаражи - само сакате да му викнете на ТВ екранот дека ќе се случи нешто опасно. Така, кога комесарот по име Гренс, кој е присутен во сите книги, почнува да верува некому - тој што никогаш не верува никому, но научил дека можеш да избереш да му веруваш на некого и тогаш исто така може да бидеш изневерен - кога сега ќе одлучи да верувај некому во „Верувај ми“, само сакаш да му викаш: НЕ! Првенствено сакам да се забавувам, половина од приказната мора да биде лага и навистина возбудлива, инаку морам да одам дома и да ја повторам. Но, другата половина, онаа што треба да биде вистина во моите книги, овојпат се врти околу трговијата со луѓе и трговијата со органи. (Трговија со луѓе. Тргување со луѓе! Каков незамислив збор.) Напишав криминален роман со оваа тема веќе во 2005 година, „Кутија 21“ и сите тогаш велеа дека такво нешто не постои во земја како Шведска, дека тоа се други земји, но токму тогаш, токму кога таа книга беше објавена, шведската полиција почна да ги претресува првите бордели во станови. Одеднаш веќе не можевме да се преправаме дека не го гледаме! И иако тоа беше само криминален роман, ме замолија да зборувам и да информирам за трговијата со луѓе на владина иницијатива и бев поканет да се напијам кафе со премиерот за да разговараме за трговијата со луѓе и што може да направи владата во врска со тоа. Но, трговијата со луѓе оттогаш продолжи, па дури и расте. Сè додека има пари да се заработат, ќе има луѓе кои ги искористуваат другите луѓе. Се разбира, малку поинаку во денешно време, бидејќи бизнисот се префрли повеќе на Интернет, но сепак важи истото: мажите плаќаат за жени. Затоа се вратив на темата. Книгата која ја напишав е „Верувај ми“. Се разбира, ова е самостојна, сосема нова авантура која стои на свои нозе, и не само за сексуалните занаети, овојпат вклучувајќи трговија со органи и киднапирања, инекции отров и лов и... па, се надевам дека е возбудлив криминалистички роман и трилер.
Сте работеле како новинар на Шведскиот телевизиски сервис, каде долги години сте известувале за криминални и социјални прашања. Колку ова искуство ви помага во пишувањето романи? Ова особено во смисла на тоа дека новинарскиот јазик и стил на пишување и изразување е специфичен, но е мошне читлив, можеби и поприфатлив за читателот, но, искуството од сите тие криминални и социјални прашања на кои сте работеле колку Ви ја олеснуваа или отежнуваа работата?
Бев мало дете кое се обидуваше да ги сфати последиците од насилството, таа страшна алатка која една личност ја користи за да воспостави контрола врз друг, да ја натера личноста да биде послушна, да го прави она што го сака лицето што го користи ова насилство. Се разбира, не бев свесен за сето тоа, за зборовите, но тоа е она што отсекогаш беше во мене и затоа штом ми дозволија како млад човек станав службеник за условно казнети, личност која се обидува да помогне на некој затвореник да се подготви за реалниот живот, ослободувањето, а јас секогаш работев со насилници, тие беа мојата мисија. Подоцна, како новинар и ТВ-репортер, го направив истото – фокусирајќи се на последиците од насилството, обидувајќи се да раскажам вести за движечките сили на сторителот и за враќањето на жртвата на криминал, како треба да избегнеме повеќе сторители да извршат злосторствата во општеството на прво место за да се избегнат повеќе жртви. И - затоа почнав да пишувам книги во криминалистичкиот жанр, обидувајќи се да пишувам возбудливи и возбудливи романи базирани на формулата 50% вистина, 50% лаги, што значи половина фикција, половина факти, секогаш вклучувајќи ги различните перспективи кога станува збор за криминал.  Јас сум вистински посветен - на заплетот, на приказната, на забавата, но и секогаш се занимавам со реалното, му пружам рака на читателот да ми се придружи во свет кој не е толку познат за многумина. Сега го напуштив новинарството - дури иако сè уште користам многу од неговите фантастични истражувачки алатки - и веќе многу години сум писател со полно работно време.  
Вашата новинарска работа ви донесе и непријатности. Наидов на податок дека сте биле на „црната листа“ на екстремистичка организација поради што било неопходно да вработите и телохранител и сте биле заштитен во безбедни куќи. Може ли да го споделите тоа искуство?
Долго време живеев со смртни закани – бев загрозениот ТВ репортер во вечерните весници, бев подложен на лажни егзекуции, долго време живеев во хотели и лажни адреси, живеев со вооружен телохранител во мојата сопствена дневна соба. За тоа време, разговарав со друг новинар кој исто така живееше под смртни закани откако како мене пишуваше за десничарските екстремистички групи. Неговото име беше Стиг Ларсон и никој од нас немаше поим дека еден ден и двајцата ќе станеме меѓународно познати писатели на криминални романи.
Вие сте коавтор на седум книги заедно со Берге Хелстром објавени во периодот од 2004 до 2016 година, кога поради смртта на Хелстром се прекинува партнерството. Како пишувавте заедно? Како изгледаше процесот? Како се справувате со предизвиците?
По нашата седма заедничка книга, решивме да го прекинеме авторството. Толку многу си се допаднавме, јас и Берге, станавме повеќе од пријатели (Берге навистина можеше да седи спроти мене и да ми погледне длабоко во очи, а потоа да стане и да вреска: „Мразам кога гледаш директно низ мене, Андерс!“) Се познававме внатре и надвор. Затоа, чувствувавме дека се движиме во различни насоки. Јас, Андерс, цел живот копнеев да пишувам вака со полно работно време и имав уште толку многу приказни за раскажување, особено сега кога Пит Хофман беше дел од збирката ликови – водечки светски инфилтратор, способен да ми помогне да кажам за оние места и луѓе за кои не можевме да пишуваме, бидејќи испраќањето на Еверт Грен таму едноставно требаше да се чувствува чудно и погрешно, а не за верување. Додека Берге сакаше да направи нешто друго. Се поздравивме, ниту драматично ниту носталгично, имавме многу убави години. Почнав веднаш по нашата заедничка одлука да ставиме крај на дуото да работам на следната книга наречена „Три часа“, првата под мое име. Така, кога ракот подоцна му го одзеде животот на Берге, ние веќе бевме тргнати секој по својот пат - на двајцата ни беше убаво што го завршивме нашето време заедно, а не проклетата смрт. Самото пишување на последните шест книги (и сите претстојни) значи дека наместо тоа се расправам со себе, се убедувам во која насока оди текстот и приказната. Ми недостига секој ден и во исто време го сакам мојот нов живот како писател, да ја истражам проклетата алатка на насилство во форма на неизвесноста на романот.
Романот „Чук чук“ е првиот роман кој го напишавте по смртта на Хелстром. Пишувате балканската мафија која ги шири своите пипци на шведскиот пазар. Читателот преку приказната ќе прошета низ улиците на Стокхолм, но го носите и до Скадарското Езеро и Подгорица... Еден по еден се убиваат црногорски мафијаши во Стокхолм. Еден куршум на десната страна на челото и еден под левата слепоочница. Улцињска егзекуција... Што се е неопходно да се истражи за да се напише еден трилер?
Моите книги секогаш ги базирам на вистински настани - или она што можеше да биде. Прво се обидувам да ги натерам сите клучни луѓе да разговараат со мене и да одам по сите клучни настани што ми требаат и тоа трае онолку време колку што треба и патувам низ целиот свет – тогаш е време да го ставам измислениот слој на врвот, добрата приказна со добриот заплет што се надеваме дека ќе го натера читателот да сврти страници. Така, секогаш половина факт и половина вистина - што значи - половина вистина половина лаги. Трговијата со оружје, темата во „Чук чук“, навистина е жив и исклучително голем проблем особено во Шведска – која сега стана земја со највисока стапка по глава на жител со пукотници и убиства во Европа. Само Сицилија во Италија ја има истата висока стапка, како земја во светот што може да се спореди со Мексико кога се мери стапката на нелегално користени рачни гранати. Шведска во текот на последните 10-15 години целосно се промени и денес е кога зборуваме за законот и редот- приградските банди стануваат се поголеми и посилни кои регрутираат деветгодишни деца за да продолжат со нов начин на живот.
    За „Слатко сонувај“ сте истражувале 15 години. Станува збор за исчезнување на две четиригодишни девојчиња во ист ден, но приказната тече пред очите на читателот како да гледа серија на „Нетфликс“, а „Тајмс“ го прогласи за интернационален бестселер. За што најмногу Ви беше потребно време за истражување?
Кога почнав да ја пишувам „Слатки соништа“ бев зрел како личност, но открив дека не сум доволно зрел како писател. Ова, работата со полицијата ширум светот во потрагата по најлошите можни сторители, возрасните кои ги искористуваат децата на Интернет, беше најтешкото што сум го видел и направил, а дури 15 години подоцна бев доволно зрел како писател за да ја завршам мојата работа, да ја направам веродостојна приказната, да ја напишам оваа возбудлива и забавна приказна и во исто време да ги натерам читателите да разберат за што станува збор во оваа мрачна, гнасна работа. Толку сум им благодарен на полицајците и истражителите ширум светот што ме пуштија да влезам, да бидам дел од нивната работа и се надевам дека на крајот успеав да откријам за што всушност се работи без да одам предалеку во темата која е тешка за секого.
  Според Вашите дела „Кутија 21“ и „Ќелија 8“ се снимени телевизиски серии, а правата за „Чук чук“ за снимање филм во САД се продадени на „Thunder storm“.  Дали како автор се вклучувате во сценариото, во адаптацијата на романите кога се снимаат? Како изгледа сето тоа од Ваш агол?
Кога „Кутија 21“ и „Ќелија 8“ беа претворени во ТВ-серии, јас бев вклучен, напишав некои епизоди и бев блиску, што беше лесно бидејќи ги продуцираше данска компанија. Но, кога книгата „Три секунди“ беше претворена во голем холивудски филм (под наслов „Информер“) и базирана во Њујорк со супер познати актери, јас секако ја посетив локацијата, но не бев вклучен поинаку, растојанието од Стокхолм до големите производители во Лос Анѓелес може да биде многу долго...
Кој е Андерс Рослунд приватно? Што сакате да правите во слободно време? Каква музика слушате? Што Ве исполнува?
Мојата сопруга тврди дека понекогаш имам 5 години, понекогаш 105. Таа е во право, се разбира. Многу сум немирен, сакам да живеам најмалку седум животи во исто време. Секогаш кога планирам да земам слободен ден, луѓето околу мене често доаѓаат до истиот заклучок, велејќи го истото – „Можеш ли Андерс да одиш во твоето студио за пишување на некое време за да можеме малку да се смириме овде?"
Од 1992 година имате омилено кафуле кое постојано го посетувате. По што е тоа место посебно за Вас?
Кога е постојан хаос во главата и градите, потребни ви се рутини за да постигнете рамнотежа. Така, кога ќе најдам убаво кафуле со пријатен персонал и добро кафе, постојано се враќам. Истото важи и со мојата теретана, мојот паб и секако мојата сопруга – сакам да останам долго на едно место и да можам да се потпирам на луѓето на начин на кој вие можете да се потпрете на мене. Немам многу блиски пријатели, но на оние што ги имам целосно им верувам. Така, кога сте личност како мене, честопати немајќи поим каде сте го паркирале автомобилот минатата ноќ и потоа сте принудени да се качите со автобус, кога сте личност како мене што го заборава својот роденден, ви требаат цврсти камења од столбовите за да се држите. Така, секој ден одам во моето студио за пишување, отприлика во истиот час, пијам кафе во кафулето каде што сите ме познаваат, а и јас ги познавам сите, рутините формираат терен каде можам да ги градам моите приказни со сите тие различни линии на заплетот во исто време и држејќи ги заедно, да бидете максимално креативни без да ја изгубите контролата.
  Добитник сте на бројни литературни награди и признанија. Дали ги доживувате како признание или како обврска?
Се разбира дека сум многу горд што ми беше доделена наградата за најдобар европски криминалистички роман, како и за најдобар азиски криминален роман и нордиски криминален роман, да кажам било што друго би било лага - но навистина, од дното на мое срце, најдобрата награда што можам да ја добијам е кога читателот ќе се поздрави со мена на улица или ќе ми пише писмо или е-пошта, објаснувајќи како ја читал секоја книга и ја чекал следната, дека јас сум дел од нивните животи. Без тој читател, без да ја најдам книгата во туѓа рака, моето пишување би било апсолутно ништо.
Романите Ви се преведени речиси низ цел свет. Колку е важно според Вас, за еден автор да му биде преведено делото?
Секој писател, кој е искрен, сака што е можно повеќе читатели, луѓе кои поминуваат време со моите мисли, правејќи ги осумнаесетте месеци што ги поминувам на пишување на секоја книга да вредат сè. Но, да бидам преведен, никогаш не размислував кога почнав да пишувам - мојот сон беше еден ден да ја видам мојата прва книга некаде на излогот на книжарницата во мојот мал роден град. Долго време потоа светот тропна на мојата врата и преведувањето е фантастична привилегија.
Саемите на книга се можност и средби со читателите. Какви се Вашите искуства од таквите средби? Што споделуваат со Вас читателите кога разговарате?
Еднаш, кога бев во Загреб, Хрватска, зборувајќи за книга, еден млад човек стоеше во ред за да ја потпишам неговата книга. Кога стигна до местото каде што седев, стави неколку дотраени книги на пултот и рече: „Ние сме девет члена во нашето семејство и СИТЕ ги читаме вашите книги, ист примерок и една по една, а потоа разговараме за нив“. Тоа беше мојата најдобра средба со читател досега, а такво нешто може да се случи само на Саем на книга.
Разговараше: Невена Поповска Фото: Emil-Eiman Roslund

The post Поради смртни закани од десничарски екстремисти живеев со вооружен телохранител во мојата сопствена дневна соба appeared first on Република.

]]>
„Антолог“ го одбележува јубилејот со врвна литературна понуда на Саемот на книги под слоганот „25 години Антолог е класика“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/antolog-go-odbelezhuva-jubilejot-so-vrvna-literaturna-ponuda-na-saemot-na-knigi-pod-sloganot-25-godini-antolog-e-klasika/ Thu, 18 Apr 2024 07:58:09 +0000 https://republika.mk/?p=767396

Книжевниот центар „Антолог“ со особена гордост го објавува своето учество на годинашниот Саем на книгата, кој се одржува од 18 до 24 април во Скопје. „Антолог" ве кани да се вклучите во највозбудливите книжевни настани, да не ги пропуштите неверојатните попусти и ексклузивните настани со најпознатите автори од Македонија, регионот и од Европа.

Издавачката куќа за овој саем на книга направи избор за сите вкусови и за сите џебови. Особено ги истакнуваат 12-те нови наслови кои излегуваат на првиот саемски ден, како и специјалната понуда која вклучува повеќе од 50 наслови по цена од само 150 денари, попустите до 60%, пакетите плати 5 одбери 6 и бесплатната достава за сметки над 1200 денари за сите оние кои не се во можност да го посетат саемот.

За повеќе детали за  саемската понуда, сите заинтересирани можат да го прегледаат саемскиот водич на линкот https://rb.gy/60pdqc

„Во чест на нашата 25-годишнина, подготвени сме да ви го претставиме најголемиот избор на наслови, најинтересните настани и најпривлечните попусти. Со повеќе од 350 наслови, вклучувајќи ги и најновите книги на вашите омилени автори, нашиот штанд на Саемот ќе биде место каде што ќе ги задоволите сите ваши книжевни апетити“ велат од „Антолог“.

Од специјални настани и промоции се издвојува ексклузивниот настан со специјалниот гостин – шведскиот автор Андерс Рослунд кој ќе биде присутена на штандот на Антолог на 20 април во 12 часот.

Исто така, најавени се промоција на седум нови книги од македонски автори, меѓу кои и книгата за деца и млади од легендарниот Александар Кујунџиски со наслов „Со големо Д“. На четирите романи се потпишуваат:  Мери Арсова - „Коски, пепел, чад“, Јордан Коцевски - „Тајни“, продолжение на „Тегли“, Анде Јанков - „Кобајаши Мару“ и Јован Илиески со продолжението на „Татко ми Босфор“ насловено како „Седум часот и педесет минути“. Од поетските збирки ќе бидат претставени Софија Добревска со нејзината поезија „Небо од стихови“ и Милчо Мисоски со „Зборови од хартија“.

Сите домашни автори-ексклузивци на „Антолог“ ќе потпишуваат заедно примероци и ќе се дружат со читателите на штандот на „Антолог“ на годинешниот Саем на книга на 24 април со почеток од 13 часот.

За најмладите книгољупци од пет до седумгодишна возраст предвидена е креативна работилница инспирирана од книгата „Големата фабрика за зборови“ во склоп на проектот „Создадено во Европа“, која ќе ја води Ана Голејшка Џикова.

Покрај овие настани, „Антолог“ организира и неколку панел дискусии и тоа на многу важни теми за литературата и издаваштвото: Новата македонска жанровска литература (18 април од 17 ч.), Што (да) читаат нашите деца? Нови теми и приказни во книжевноста за деца (23 април од 12 ч.) и Преводи, преведувачи, преведувачки дилеми и награди (23 април од 17 ч.). На 19 април од 18.30 ч. пак, е закажан и разговор со писателот Маринко Кошчец (Хрватска). Настанот се реализира во соработка со издавачката куќа Готен, со поддршка на Европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Од бестселерите и книжевните класици кои излегуваат специјално за саемот ќе ги пронајдете: „Магла и месечевина“ од Меша Селимовиќ, „Куќа на духови“ од Изабел Аљенде, „Плен“ од  Ирса Сигурдардотир, интензивната трилер приказна „Само таа остана“ од Рајли Сејгер, и секако најновата сензација „Верувај ми“ од Андерс Рослунд.

Тимот на Антолог е предано посветен на промоција на книжевноста и културата во нашата заедница и токму затоа под слоганот „25 години Антолог е класика“ веќе 25 години наметнуваат нови стандарди во издаваштвото и литературата која се објавува.

 

The post „Антолог“ го одбележува јубилејот со врвна литературна понуда на Саемот на книги под слоганот „25 години Антолог е класика“ appeared first on Република.

]]>

Книжевниот центар „Антолог“ со особена гордост го објавува своето учество на годинашниот Саем на книгата, кој се одржува од 18 до 24 април во Скопје. „Антолог" ве кани да се вклучите во највозбудливите книжевни настани, да не ги пропуштите неверојатните попусти и ексклузивните настани со најпознатите автори од Македонија, регионот и од Европа. Издавачката куќа за овој саем на книга направи избор за сите вкусови и за сите џебови. Особено ги истакнуваат 12-те нови наслови кои излегуваат на првиот саемски ден, како и специјалната понуда која вклучува повеќе од 50 наслови по цена од само 150 денари, попустите до 60%, пакетите плати 5 одбери 6 и бесплатната достава за сметки над 1200 денари за сите оние кои не се во можност да го посетат саемот. За повеќе детали за  саемската понуда, сите заинтересирани можат да го прегледаат саемскиот водич на линкот https://rb.gy/60pdqc „Во чест на нашата 25-годишнина, подготвени сме да ви го претставиме најголемиот избор на наслови, најинтересните настани и најпривлечните попусти. Со повеќе од 350 наслови, вклучувајќи ги и најновите книги на вашите омилени автори, нашиот штанд на Саемот ќе биде место каде што ќе ги задоволите сите ваши книжевни апетити“ велат од „Антолог“. Од специјални настани и промоции се издвојува ексклузивниот настан со специјалниот гостин – шведскиот автор Андерс Рослунд кој ќе биде присутена на штандот на Антолог на 20 април во 12 часот. Исто така, најавени се промоција на седум нови книги од македонски автори, меѓу кои и книгата за деца и млади од легендарниот Александар Кујунџиски со наслов „Со големо Д“. На четирите романи се потпишуваат:  Мери Арсова - „Коски, пепел, чад“, Јордан Коцевски - „Тајни“, продолжение на „Тегли“, Анде Јанков - „Кобајаши Мару“ и Јован Илиески со продолжението на „Татко ми Босфор“ насловено како „Седум часот и педесет минути“. Од поетските збирки ќе бидат претставени Софија Добревска со нејзината поезија „Небо од стихови“ и Милчо Мисоски со „Зборови од хартија“. Сите домашни автори-ексклузивци на „Антолог“ ќе потпишуваат заедно примероци и ќе се дружат со читателите на штандот на „Антолог“ на годинешниот Саем на книга на 24 април со почеток од 13 часот. За најмладите книгољупци од пет до седумгодишна возраст предвидена е креативна работилница инспирирана од книгата „Големата фабрика за зборови“ во склоп на проектот „Создадено во Европа“, која ќе ја води Ана Голејшка Џикова. Покрај овие настани, „Антолог“ организира и неколку панел дискусии и тоа на многу важни теми за литературата и издаваштвото: Новата македонска жанровска литература (18 април од 17 ч.), Што (да) читаат нашите деца? Нови теми и приказни во книжевноста за деца (23 април од 12 ч.) и Преводи, преведувачи, преведувачки дилеми и награди (23 април од 17 ч.). На 19 април од 18.30 ч. пак, е закажан и разговор со писателот Маринко Кошчец (Хрватска). Настанот се реализира во соработка со издавачката куќа Готен, со поддршка на Европската мрежа за превод и книги „Традуки“. Од бестселерите и книжевните класици кои излегуваат специјално за саемот ќе ги пронајдете: „Магла и месечевина“ од Меша Селимовиќ, „Куќа на духови“ од Изабел Аљенде, „Плен“ од  Ирса Сигурдардотир, интензивната трилер приказна „Само таа остана“ од Рајли Сејгер, и секако најновата сензација „Верувај ми“ од Андерс Рослунд. Тимот на Антолог е предано посветен на промоција на книжевноста и културата во нашата заедница и токму затоа под слоганот „25 години Антолог е класика“ веќе 25 години наметнуваат нови стандарди во издаваштвото и литературата која се објавува.  

The post „Антолог“ го одбележува јубилејот со врвна литературна понуда на Саемот на книги под слоганот „25 години Антолог е класика“ appeared first on Република.

]]>
Под слоганот „Приказна се чита“ денеска почнува Саемот на книга https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pod-sloganot-prikazna-se-chita-deneska-pochnuva-saemot-na-kniga/ Thu, 18 Apr 2024 07:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=767377

Под слоганот „Приказна се чита“, денеска почнува годинашното издание на Саемот на книга, кое ќе трае од 18 до 24 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Организаторите најавуваат дека речиси сите издавачки куќи и писатели од Македонија ќе ги претстават своите дела пред посетителите. Исто така, Саемот ќе биде надополнет со повеќе издавачи од регионот – Србија, Турција, Албанија, Косово и други.

Љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност за средби со автори, да ја обноват својата домашна библиотека со наслови на попуст, а ќе биде претставена и богата програма за деца и за млади.

Слоганот „Приказна се чита“ прави поврзаност помеѓу опцијата за објавување „стори“ (на англиски „story“, што во превод значи приказна) на социјалните мрежи со приказните кои ги бараме во литературата и кои се раскажани во нашите омилени книги. На тој начин, Саемот се обидува да испише една нова страница во постоењето, приближувајќи се до новата генерација и новиот стил на живот преку јазик и жаргон препознатлив за модерното време – се вели во најавата за годинашното издание.

Саемот на книга ќе биде отворен секој ден, од 10.00 до 22.00 часот. Билети можат да се најдат на влезот на Саемот, како и онлајн преку www.karti.com.mk.

 

The post Под слоганот „Приказна се чита“ денеска почнува Саемот на книга appeared first on Република.

]]>

Под слоганот „Приказна се чита“, денеска почнува годинашното издание на Саемот на книга, кое ќе трае од 18 до 24 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Организаторите најавуваат дека речиси сите издавачки куќи и писатели од Македонија ќе ги претстават своите дела пред посетителите. Исто така, Саемот ќе биде надополнет со повеќе издавачи од регионот – Србија, Турција, Албанија, Косово и други. Љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност за средби со автори, да ја обноват својата домашна библиотека со наслови на попуст, а ќе биде претставена и богата програма за деца и за млади.
Слоганот „Приказна се чита“ прави поврзаност помеѓу опцијата за објавување „стори“ (на англиски „story“, што во превод значи приказна) на социјалните мрежи со приказните кои ги бараме во литературата и кои се раскажани во нашите омилени книги. На тој начин, Саемот се обидува да испише една нова страница во постоењето, приближувајќи се до новата генерација и новиот стил на живот преку јазик и жаргон препознатлив за модерното време – се вели во најавата за годинашното издание.
Саемот на книга ќе биде отворен секој ден, од 10.00 до 22.00 часот. Билети можат да се најдат на влезот на Саемот, како и онлајн преку www.karti.com.mk.  

The post Под слоганот „Приказна се чита“ денеска почнува Саемот на книга appeared first on Република.

]]>
Славниот режисер Срѓан Драгојевиќ – гостин на ТРИ на Саемот на книгата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/slavniot-rezhiser-srgan-dragojevik-gostin-na-tri-na-saemot-na-knigata/ Wed, 17 Apr 2024 07:23:47 +0000 https://republika.mk/?p=766995

За Саемот на книгата, кој ќе се одржи од 18 до 24 април во Спортската сала „Борис Трајковски“, издавачката куќа ТРИ подготви многу новитети од домашни автори и преводи на светски бестселери, големи попусти до 80 % и понуда од над 600 наслови.

Гостин на ТРИ ќе биде славниот режисер Срѓан Драгојевиќ, кој ќе ја промовира својата книга „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво“.

ТРИ овој Саем го посветува на домашните писатели и автори од регионот кои читателите ќе имаат можност да ги сретнат – пристигнуваат неверојатните есеи на Горан Стефановски „Пофалба на обратноста и други есеи“, како и илустрирано издание на безвременскиот текст „Писмо до внуката“, новиот есеистички наслов на Румена Бужаровска „Господ, па Америка“, романот на годината „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска, „Фрески и гротески“ и „Азбука за непослушните“ од Венко Андоновски, како и прирачник за трајно здравје од Маја Волк.

За Саемот ексклузивно пристигнува и новата книга од Робин Шарма „Богатство што не се купува со пари“, како и „Влијание“ од Роберт Чалдини, „Остани безгрижен со Епиктет“ од Јана Капри и Чаран Дијаз и „Човековата потрага по смисла“ од Виктор Франкл.

 

The post Славниот режисер Срѓан Драгојевиќ – гостин на ТРИ на Саемот на книгата appeared first on Република.

]]>

За Саемот на книгата, кој ќе се одржи од 18 до 24 април во Спортската сала „Борис Трајковски“, издавачката куќа ТРИ подготви многу новитети од домашни автори и преводи на светски бестселери, големи попусти до 80 % и понуда од над 600 наслови. Гостин на ТРИ ќе биде славниот режисер Срѓан Драгојевиќ, кој ќе ја промовира својата книга „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво“. ТРИ овој Саем го посветува на домашните писатели и автори од регионот кои читателите ќе имаат можност да ги сретнат – пристигнуваат неверојатните есеи на Горан Стефановски „Пофалба на обратноста и други есеи“, како и илустрирано издание на безвременскиот текст „Писмо до внуката“, новиот есеистички наслов на Румена Бужаровска „Господ, па Америка“, романот на годината „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска, „Фрески и гротески“ и „Азбука за непослушните“ од Венко Андоновски, како и прирачник за трајно здравје од Маја Волк. За Саемот ексклузивно пристигнува и новата книга од Робин Шарма „Богатство што не се купува со пари“, како и „Влијание“ од Роберт Чалдини, „Остани безгрижен со Епиктет“ од Јана Капри и Чаран Дијаз и „Човековата потрага по смисла“ од Виктор Франкл.  

The post Славниот режисер Срѓан Драгојевиќ – гостин на ТРИ на Саемот на книгата appeared first on Република.

]]>
Над 30 промоции на 36. издание на Саемот на книга кој годинава се одржува од 18 до 24 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nad-30-promotsii-na-36-izdanie-na-saemot-na-kniga-koj-godinava-se-odrzhuva-od-18-do-24-april/ Tue, 16 Apr 2024 11:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=766719

Со повеќе од 30 промотивни настани, од 18 до 24 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи 36. издание на Саемот на книга. Слоганот е „Приказна се чита“, чија што цел е да го доближи саемот до помладата популација, а покрај едукативно-културниот аспект, годинава се воведува и општествено одговорна компонента.

Даниела Глигоровска, управител на Скопски Саем на денешниот брифинг со новинарите, најави дека саемот ќе биде отворен за посетители во 10 часот, а во 13 часот ќе биде официјалното отворање, при што обраќање ќе има министерката за култура.

Како еден од новите изложувачи кој што е најавен и ќе биде присутен е Гете Институтот и амбасадорката на Република Сојузна Германија, која исто така ќе присуствува на официјалниот дел на отворањето. Програмата е богата, рече Глигоровска.

Со секоја купена редовна влезница ќе се донираат 15 денари за СОС детско село. Исто така, по повод 23 април - Светскиот ден на книгата, во СОС детско село и ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје - средно училиште за ученици со оштетен слух ќе бидат донирани по 100 книги и бесплатни годишни претплати од Boksy - изложувач на саемот, за година онлајн читање на книги.

Претседателот на Македонска Асоцијација на издавачи (МАИ), Бојан Саздов на денешниот брифинг информираше дека годинава во рамки на Саемот на книга е додадена и професионална програма, Фелоушип програма, по примерот на сите поголеми светски саеми.

Оваа година, како што најави, ќе дојдат пет гости - книжевен агент од Франција, но и претставници од Словенија, Грција, БиХ и од Црна Гора.

Годинава се воведува и нов концепт на поставка на штандовите, за подобра видливост на сите изложувачи и издавачи, а помалите издавачи во однос на квадратурата ќе бидат визуелно подостапни до публиката.

Последниот ден нема да има промоции. Ќе се случат околу 30 настани, меѓу кои и доделување на наградите од Асоцијацијата на издавачи и секако фелоушип програмата, рече оперативниот директор на Саемот на книга Сања Кондарко.

Работното време на Саемот на книга ќе биде од 10 до 20 часот.

 

The post Над 30 промоции на 36. издание на Саемот на книга кој годинава се одржува од 18 до 24 април appeared first on Република.

]]>

Со повеќе од 30 промотивни настани, од 18 до 24 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи 36. издание на Саемот на книга. Слоганот е „Приказна се чита“, чија што цел е да го доближи саемот до помладата популација, а покрај едукативно-културниот аспект, годинава се воведува и општествено одговорна компонента. Даниела Глигоровска, управител на Скопски Саем на денешниот брифинг со новинарите, најави дека саемот ќе биде отворен за посетители во 10 часот, а во 13 часот ќе биде официјалното отворање, при што обраќање ќе има министерката за култура.
Како еден од новите изложувачи кој што е најавен и ќе биде присутен е Гете Институтот и амбасадорката на Република Сојузна Германија, која исто така ќе присуствува на официјалниот дел на отворањето. Програмата е богата, рече Глигоровска.
Со секоја купена редовна влезница ќе се донираат 15 денари за СОС детско село. Исто така, по повод 23 април - Светскиот ден на книгата, во СОС детско село и ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје - средно училиште за ученици со оштетен слух ќе бидат донирани по 100 книги и бесплатни годишни претплати од Boksy - изложувач на саемот, за година онлајн читање на книги. Претседателот на Македонска Асоцијација на издавачи (МАИ), Бојан Саздов на денешниот брифинг информираше дека годинава во рамки на Саемот на книга е додадена и професионална програма, Фелоушип програма, по примерот на сите поголеми светски саеми. Оваа година, како што најави, ќе дојдат пет гости - книжевен агент од Франција, но и претставници од Словенија, Грција, БиХ и од Црна Гора. Годинава се воведува и нов концепт на поставка на штандовите, за подобра видливост на сите изложувачи и издавачи, а помалите издавачи во однос на квадратурата ќе бидат визуелно подостапни до публиката.
Последниот ден нема да има промоции. Ќе се случат околу 30 настани, меѓу кои и доделување на наградите од Асоцијацијата на издавачи и секако фелоушип програмата, рече оперативниот директор на Саемот на книга Сања Кондарко.
Работното време на Саемот на книга ќе биде од 10 до 20 часот.  

The post Над 30 промоции на 36. издание на Саемот на книга кој годинава се одржува од 18 до 24 април appeared first on Република.

]]>
Алиса Фини, авторка на напнати и непредвидливи трилери доаѓа на Саемот на книга https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/alisa-fini-avtorka-na-napnati-i-nepredvidlivi-trileri-doaga-na-saemot-na-kniga/ Mon, 15 Apr 2024 09:06:12 +0000 https://republika.mk/?p=766197

По големиот успех на минатогодишниот Саем на книгата со еден од најчитаните автори кај нас,  Крис Картер, оваа година Сакам книги најавуваат уште еден саемски спектакл за сите книгољупци. Како што велат од издавачката куќа „Сакам книги“, Алиса Фини, амбициозната авторка на напнати и непредвидливи трилери, со саксонска доза на мистерија и заплет, ве поканува на уште едно несекојдневно искуство.

Алиса Фини е авторка на добропознатите „Понекогаш лажам”, „Тој и Таа” и „Камен лист ножички“, преведени на македонски, како и на уште неколку други дела. Нејзините романи се преведени на над дваесет и пет јазици, а дел од нив имаат ѝ екрански адаптации.

Оваа визионерка, која порано работела како новинарка на Би-Би-Си, ќе се сретне со македонските читатели на 19 април, со почеток од 16 часот, во салата „Борис Трајковски“ во рамките на Саемот на книгата. Таму ќе потпишува примероци од своите книги и ќе го промовира својот нов роман „Добра и лоша”, во издание на издавачката куќа „Сакам книги’.

Алиса Фини е позната по својата вештина да пишува катаклизмични трилери со сложени заплети, мрачни ликови и завршетоци кои ќе ве шокираат до срж. Од нејзиниот деби трилер „Понекогаш лажам”, до последниот роман „Добра и лоша“, Фини знае како да ги однесе своите читатели во возбудливи авантури.

„Книгите можат да нѐ однесат каде било ако им дозволиме. Можат ѝ да нѐ ослободат. Таа слобода е нешто кон кое сите ние се стремиме, особено откога ќе ја изгубиме“, изјавува Алиса Фини и оваа вистина е длабоко вкопана во нејзината суштина.

Од издавачката куќа „Сакам книги“ годинава најавуваат 11 нови наслови од различни жанрови, многу попусти, подароци, промоции и книжевни имиња на 36 издание на Саемот на книга.

Од „Сакам книги“ најавуваат и промоција на пет нови романи од македонски автори, дел од едицијата „Наши, а светски“. Тоа се Кирил Ангелов со деби романот, автобиографското дело „Безсловен“, Далибор Трајков со неговиот нов трилер „Тајната на монахот“, Гордана Такец со деби романот по вистинска животна приказна „Капирења“, Лепа Гештаковска Христовска со „Италијанскиот ракопис“ и Ксенија Николова со „Зад маските“. Сите домашни автори исто така ќе потпишуваат примероци и ќе се дружат со читателите на штандот на „Сакам книги“ на годинешниот Саем на книга.

The post Алиса Фини, авторка на напнати и непредвидливи трилери доаѓа на Саемот на книга appeared first on Република.

]]>

По големиот успех на минатогодишниот Саем на книгата со еден од најчитаните автори кај нас,  Крис Картер, оваа година Сакам книги најавуваат уште еден саемски спектакл за сите книгољупци. Како што велат од издавачката куќа „Сакам книги“, Алиса Фини, амбициозната авторка на напнати и непредвидливи трилери, со саксонска доза на мистерија и заплет, ве поканува на уште едно несекојдневно искуство. Алиса Фини е авторка на добропознатите „Понекогаш лажам”, „Тој и Таа” и „Камен лист ножички“, преведени на македонски, како и на уште неколку други дела. Нејзините романи се преведени на над дваесет и пет јазици, а дел од нив имаат ѝ екрански адаптации. Оваа визионерка, која порано работела како новинарка на Би-Би-Си, ќе се сретне со македонските читатели на 19 април, со почеток од 16 часот, во салата „Борис Трајковски“ во рамките на Саемот на книгата. Таму ќе потпишува примероци од своите книги и ќе го промовира својот нов роман „Добра и лоша”, во издание на издавачката куќа „Сакам книги’. Алиса Фини е позната по својата вештина да пишува катаклизмични трилери со сложени заплети, мрачни ликови и завршетоци кои ќе ве шокираат до срж. Од нејзиниот деби трилер „Понекогаш лажам”, до последниот роман „Добра и лоша“, Фини знае како да ги однесе своите читатели во возбудливи авантури. „Книгите можат да нѐ однесат каде било ако им дозволиме. Можат ѝ да нѐ ослободат. Таа слобода е нешто кон кое сите ние се стремиме, особено откога ќе ја изгубиме“, изјавува Алиса Фини и оваа вистина е длабоко вкопана во нејзината суштина. Од издавачката куќа „Сакам книги“ годинава најавуваат 11 нови наслови од различни жанрови, многу попусти, подароци, промоции и книжевни имиња на 36 издание на Саемот на книга. Од „Сакам книги“ најавуваат и промоција на пет нови романи од македонски автори, дел од едицијата „Наши, а светски“. Тоа се Кирил Ангелов со деби романот, автобиографското дело „Безсловен“, Далибор Трајков со неговиот нов трилер „Тајната на монахот“, Гордана Такец со деби романот по вистинска животна приказна „Капирења“, Лепа Гештаковска Христовска со „Италијанскиот ракопис“ и Ксенија Николова со „Зад маските“. Сите домашни автори исто така ќе потпишуваат примероци и ќе се дружат со читателите на штандот на „Сакам книги“ на годинешниот Саем на книга.

The post Алиса Фини, авторка на напнати и непредвидливи трилери доаѓа на Саемот на книга appeared first on Република.

]]>
36. издание на Саемот на книга под мотото „Приказна се чита“ ќе го отвори министерската за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на 18 април напладне https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/36-izdanie-na-saemot-na-kniga-pod-mototo-prikazna-se-chita-ke-go-otvori-ministerskata-za-kultura-bisera-kostadinovska-stojchevska-na-18-april-napladne/ Fri, 12 Apr 2024 08:20:47 +0000 https://republika.mk/?p=765270

36. издание на Саемот на книга, кое годинава се одбележува под мотото „Приказна се чита”, повторно ќе се одржи во арената Борис Трајковски во периодот од 18 до 24 април. Во текот на седумте саемски денови посетителите ќе можат да си одберат книги од богатата понуда на домашни и странски автори од преку 60 издавачки куќи од Македонија и регионот, а ќе имаат можност и да присуствуваат на преку 30-те промоции на нови книги и автори, во рамките на Саемот.

Саемот на книга 2024 ќе биде отворен за посетители на 18 април од 10:00 часот, додека официјалното отворање на кое ќе се обрати и Министерката за култура, г-ѓа Бисера Костадиновска Стојчевска, ќе се одржи истиот ден во 12 часот.

Слоганот на Саемот оваа година е „Приказна се чита”, кој е инспириран од растечкото присуство на социјалните мрежи и начинот на брзо информирање преку опцијата наречена „story” (мак. „приказна”). Оваа реченица прави поврзаност помеѓу опцијата за објавување „стори” на социјалните мрежи со приказните кои ги бараме во литературата и кои се раскажани во нашите омилени книги. На тој начин, Саемот се обидува да испише една нова страница во постоењето, приближувајќи се до новата генерација и новиот стил на живот преку јазик и жаргон препознатлив за модерното време.

Покрај широкиот избор на книги, Саемот оваа година организира и едукативни работилници, промоции и средби со автори кои ќе се реализираат на штандовите на издавачите, како и забавна детска програма која со сигурност ќе ги заинтеиресира најмладите посетители.

За првпат оваа година ќе биде реализирана Фелоушип програмата на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), која ќе трае од 17 до 20 април и ќе им овозможи на учесниците на програмата одблизу да го погледнат Саемот и да се запознаат со македонските автори. Во рамки на програмата се предвидени организирана прошетка низ Саемот на книгата, „брзи состаноци” со македонски издавачи, презентација на Конкурсот за странски преводи на македонски автори на Министерството за култура на Република Македонија, панел-дискусија за време на саемот во којашто ќе учествуваат учесниците на Фелоушип-програмата, како и неформални дружења со македонски писатели, издавачи, преведувачи, како и туристичка тура низ Старата чаршија и центарот на Скопје, која ќе ја води македонскиот писател Васко Марковски.

По отворениот повик, комисијата на МАИ формирана за оваа намена, избра пет учесници на Фелоушип-програмата: Флоранс Жири („Агенција „Флоранс Жири”, Франција), Петра Кавчич (издавачка куќа „Белетрина”, Словенија), Јанис Краниас (издавачка куќа „Ентипоис публикејшенс”, Грција), Ена Хасечиќ (издавачка куќа „Бајбук”, БИХ), Мирослава Уљаревиќ (издавачка куќа „Ободско слово”, Црна Гора).

Фелоушип-програмата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, а нејзината цел е да ги запознае издавачите и книжевните агенти со домашното издаваштво, со трендовите во современата македонска книжевност, со нашите најистакнати писатели и да им „открие” дела што можат да ги внесат во својата издавачка програма.

Саемот на книга ќе биде отворен за посетители од 18 до 24 април, секој ден помеѓу 10:00 и 20:00 часот, освен на денот на затворањето кога ќе работи до 18:00 часот. Покровител на Саем на книга традиционално е Министерството за култура на РСМ.

За сите дополнителни информации во текот на претстојниот саем, следете го Скопски Саем на www.skopskisaem.mk и на @skopski.saem на Instagram и Скопски саем – Skopski saem на Facebook.

The post 36. издание на Саемот на книга под мотото „Приказна се чита“ ќе го отвори министерската за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на 18 април напладне appeared first on Република.

]]>

36. издание на Саемот на книга, кое годинава се одбележува под мотото „Приказна се чита”, повторно ќе се одржи во арената Борис Трајковски во периодот од 18 до 24 април. Во текот на седумте саемски денови посетителите ќе можат да си одберат книги од богатата понуда на домашни и странски автори од преку 60 издавачки куќи од Македонија и регионот, а ќе имаат можност и да присуствуваат на преку 30-те промоции на нови книги и автори, во рамките на Саемот. Саемот на книга 2024 ќе биде отворен за посетители на 18 април од 10:00 часот, додека официјалното отворање на кое ќе се обрати и Министерката за култура, г-ѓа Бисера Костадиновска Стојчевска, ќе се одржи истиот ден во 12 часот. Слоганот на Саемот оваа година е „Приказна се чита”, кој е инспириран од растечкото присуство на социјалните мрежи и начинот на брзо информирање преку опцијата наречена „story” (мак. „приказна”). Оваа реченица прави поврзаност помеѓу опцијата за објавување „стори” на социјалните мрежи со приказните кои ги бараме во литературата и кои се раскажани во нашите омилени книги. На тој начин, Саемот се обидува да испише една нова страница во постоењето, приближувајќи се до новата генерација и новиот стил на живот преку јазик и жаргон препознатлив за модерното време. Покрај широкиот избор на книги, Саемот оваа година организира и едукативни работилници, промоции и средби со автори кои ќе се реализираат на штандовите на издавачите, како и забавна детска програма која со сигурност ќе ги заинтеиресира најмладите посетители. За првпат оваа година ќе биде реализирана Фелоушип програмата на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), која ќе трае од 17 до 20 април и ќе им овозможи на учесниците на програмата одблизу да го погледнат Саемот и да се запознаат со македонските автори. Во рамки на програмата се предвидени организирана прошетка низ Саемот на книгата, „брзи состаноци” со македонски издавачи, презентација на Конкурсот за странски преводи на македонски автори на Министерството за култура на Република Македонија, панел-дискусија за време на саемот во којашто ќе учествуваат учесниците на Фелоушип-програмата, како и неформални дружења со македонски писатели, издавачи, преведувачи, како и туристичка тура низ Старата чаршија и центарот на Скопје, која ќе ја води македонскиот писател Васко Марковски. По отворениот повик, комисијата на МАИ формирана за оваа намена, избра пет учесници на Фелоушип-програмата: Флоранс Жири („Агенција „Флоранс Жири”, Франција), Петра Кавчич (издавачка куќа „Белетрина”, Словенија), Јанис Краниас (издавачка куќа „Ентипоис публикејшенс”, Грција), Ена Хасечиќ (издавачка куќа „Бајбук”, БИХ), Мирослава Уљаревиќ (издавачка куќа „Ободско слово”, Црна Гора). Фелоушип-програмата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, а нејзината цел е да ги запознае издавачите и книжевните агенти со домашното издаваштво, со трендовите во современата македонска книжевност, со нашите најистакнати писатели и да им „открие” дела што можат да ги внесат во својата издавачка програма. Саемот на книга ќе биде отворен за посетители од 18 до 24 април, секој ден помеѓу 10:00 и 20:00 часот, освен на денот на затворањето кога ќе работи до 18:00 часот. Покровител на Саем на книга традиционално е Министерството за култура на РСМ. За сите дополнителни информации во текот на претстојниот саем, следете го Скопски Саем на www.skopskisaem.mk и на @skopski.saem на Instagram и Скопски саем – Skopski saem на Facebook.

The post 36. издание на Саемот на книга под мотото „Приказна се чита“ ќе го отвори министерската за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на 18 април напладне appeared first on Република.

]]>
„Приказна се чита“ на Саем на книга 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prikazna-se-chita-na-saem-na-kniga-2024/ Fri, 15 Mar 2024 08:04:52 +0000 https://republika.mk/?p=754983

Социјалните мрежи често се причината поради која остануваме информирани, но често добиваат лоша репутација како „дистракции“ кои ни го одземаат времето со скролање, читање бескорисни објави и листање мемиња. Но, потенцијалот сепак постои за да ги претвориме нашите профили и присуството на интернет во нешто корисно од кое можеме да научиме многу. Токму ова е идејата зад пораката на овогодинешното издание на Саем на книга, кое ќе се одржи од 18ти до 24ти април во Арената Борис Трајковски во Скопје.

Слоганот „Приказна се чита“ прави поврзаност помеѓу опцијата за објавување „стори“ (eng. story = приказна) на социјалните мрежи со приказните кои ги бараме во литературата и кои се раскажани во нашите омилени книги. На тој начин, Саемот се обидува да испише една нова страница во постоењето, приближувајќи се до новата генерација и новиот стил на живот преку јазик и жаргон препознатлив за модерното време.

Животот значително ни се промени откако ги имаме социјалните мрежи, тоа е факт. Често тие се предмет на критика и се поврзуваат со негативниот наратив дека поради нив луѓето социјално се изолираат и стануваат опседнати со следната светкава работа која ќе им ја донесе алгоритмот. Но, помислете и на другата страна: колкупати сте виделе добра препорака за филм или музика, токму преку вашите профили на социјалните мрежи. Колку често дознавате за настаните кои се одржуваат околу вас, благодарение на Фејсбук, Инстаграм, Твитер…? Добрата страна на социјалните мрежи е тоа што ние бираме како ќе ги користиме и што ќе извлечеме од нив. Пораката на Саемот оваа година се обидува да ја искористи моќта на интернетот и социјалните мрежи за да создаде мост помеѓу книгите и љубителите на пишаниот збор, со цел да ја направи литературата и уметноста достапна за сите и да ги упати луѓето кон Саемот.

Организаторите на Саемот велат дека внимателно избраната комуникација со носечката порака „Приказна се чита“ има за цел да го привлече вниманието на помладата популација и да го „сруши“ митот дека социјалните мрежи се користат исклучително за негативни работи. И оваа година се очекува голем број на дечиња да го посетат Саемот на книга преку организираните групни училишни посети, кои традиционално претставуваат дел од овој настан и ја полнат саемската сала со млади, љубопитни очиња кои ги избираат нивните први книжевни авантури.

Како и претходните години, практично сите издавачи и автори од Македонија ќе ги претстават своите дела пред посетителите, а Саемот ќе биде надополнет и со повеќе издавачи од регионот, како Србија, Турција, Албанија, Косово итн.

За време на саемските денови, посетителите ќе имаат можност да погледнат голема колекција на нови и постари наслови, книги од домашни и странски автори, како и уникатни печатени изданија кои ќе можат да се најдат ексклузивно на Саемот за книга 2024. Организаторите најавуваат средби со автори, промоции и попусти, а ќе биде претставена и богата програма за деца и млади со која најмладите посетители ќе можат да уживаат во светот на книгите.

Традиционално, Министерството за култура на РСМ го поддржува Саемот на книгата во својство на Покровител, како најголема книжевна манифестација во земјата.

Вратите на Саемот на книга 2024 ќе се отворат во четврток на 18ти април и ќе бидат отворени секој ден од 10:00 до 20:00 часот, до среда 24ти април. Билети можат да се најдат на влезот на Саемот, како и онлајн преку www.karti.com.mk.

The post „Приказна се чита“ на Саем на книга 2024 appeared first on Република.

]]>

Социјалните мрежи често се причината поради која остануваме информирани, но често добиваат лоша репутација како „дистракции“ кои ни го одземаат времето со скролање, читање бескорисни објави и листање мемиња. Но, потенцијалот сепак постои за да ги претвориме нашите профили и присуството на интернет во нешто корисно од кое можеме да научиме многу. Токму ова е идејата зад пораката на овогодинешното издание на Саем на книга, кое ќе се одржи од 18ти до 24ти април во Арената Борис Трајковски во Скопје. Слоганот „Приказна се чита“ прави поврзаност помеѓу опцијата за објавување „стори“ (eng. story = приказна) на социјалните мрежи со приказните кои ги бараме во литературата и кои се раскажани во нашите омилени книги. На тој начин, Саемот се обидува да испише една нова страница во постоењето, приближувајќи се до новата генерација и новиот стил на живот преку јазик и жаргон препознатлив за модерното време. Животот значително ни се промени откако ги имаме социјалните мрежи, тоа е факт. Често тие се предмет на критика и се поврзуваат со негативниот наратив дека поради нив луѓето социјално се изолираат и стануваат опседнати со следната светкава работа која ќе им ја донесе алгоритмот. Но, помислете и на другата страна: колкупати сте виделе добра препорака за филм или музика, токму преку вашите профили на социјалните мрежи. Колку често дознавате за настаните кои се одржуваат околу вас, благодарение на Фејсбук, Инстаграм, Твитер…? Добрата страна на социјалните мрежи е тоа што ние бираме како ќе ги користиме и што ќе извлечеме од нив. Пораката на Саемот оваа година се обидува да ја искористи моќта на интернетот и социјалните мрежи за да создаде мост помеѓу книгите и љубителите на пишаниот збор, со цел да ја направи литературата и уметноста достапна за сите и да ги упати луѓето кон Саемот. Организаторите на Саемот велат дека внимателно избраната комуникација со носечката порака „Приказна се чита“ има за цел да го привлече вниманието на помладата популација и да го „сруши“ митот дека социјалните мрежи се користат исклучително за негативни работи. И оваа година се очекува голем број на дечиња да го посетат Саемот на книга преку организираните групни училишни посети, кои традиционално претставуваат дел од овој настан и ја полнат саемската сала со млади, љубопитни очиња кои ги избираат нивните први книжевни авантури. Како и претходните години, практично сите издавачи и автори од Македонија ќе ги претстават своите дела пред посетителите, а Саемот ќе биде надополнет и со повеќе издавачи од регионот, како Србија, Турција, Албанија, Косово итн. За време на саемските денови, посетителите ќе имаат можност да погледнат голема колекција на нови и постари наслови, книги од домашни и странски автори, како и уникатни печатени изданија кои ќе можат да се најдат ексклузивно на Саемот за книга 2024. Организаторите најавуваат средби со автори, промоции и попусти, а ќе биде претставена и богата програма за деца и млади со која најмладите посетители ќе можат да уживаат во светот на книгите. Традиционално, Министерството за култура на РСМ го поддржува Саемот на книгата во својство на Покровител, како најголема книжевна манифестација во земјата. Вратите на Саемот на книга 2024 ќе се отворат во четврток на 18ти април и ќе бидат отворени секој ден од 10:00 до 20:00 часот, до среда 24ти април. Билети можат да се најдат на влезот на Саемот, како и онлајн преку www.karti.com.mk.

The post „Приказна се чита“ на Саем на книга 2024 appeared first on Република.

]]>
35. Меѓународен Саем на книга со зголемена посета како пред пандемијата, велат организаторите https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/35-megunaroden-saem-na-kniga-so-zgolemena-poseta-kako-pred-pandemijata-velat-organizatorite/ Fri, 12 May 2023 12:33:22 +0000 https://republika.mk/?p=640166

Седум дена средби со автори, промоции на нови дела, креативни работилници, седум дена славење на пишаниот збор, седум дена истражување на безбројните светови создадени од страна на авторите, седум дена од Саемот на книга исполнет со најлојалните љубители на читањето.

Годинешното јубилејно издание на 35. Меѓународен Саем на книга, траеше од 4ти до 10ти мај во Арена – Борис Трајковски, а на истиот учестуваа повеќе од 60 домашни и странски издавачки куќи.

Oчекувањата во однос на присутни изложувачи, посета и одржани промоции на Саемот на книга, оваа година дефинитивно се исполнети, а и надминати. Јубилејното издание донесе значително поголем број на промоции на нови книги и средби со автори, во состав на дуалната програма на саемот, - во Промотивниот центар, како и на штандовите на издавачите. Со 60 промоции на нови наслови и средби со автори, креативни работилници, програмата оваа година беше најбогата во историјата на овој саем. Посетителите оваа година ја потврдија својата посветеност, а тоа е зголемениот интерес за купување на нови книги. Посетата на Саемот е близу 30.000 посетители и тоа е цврст доказ и показател за враќање на успешноста на Саемот на книга како пред пандемијата.

Главен фокус во претстојниот период е за 36. Меѓународен Саем на книга за наредната година да се воведат уште повеќе новитети, согласно глобалните трендови, сѐ со цел да се исполнат сите нови очекувања на модерниот читател, како и на издавачите и авторите, кои заедно се јадрото на Саемот на книга.

Покровител на годинешното издание на 35. Меѓународен Саем на книга е Министерството за култура.

The post 35. Меѓународен Саем на книга со зголемена посета како пред пандемијата, велат организаторите appeared first on Република.

]]>

Седум дена средби со автори, промоции на нови дела, креативни работилници, седум дена славење на пишаниот збор, седум дена истражување на безбројните светови создадени од страна на авторите, седум дена од Саемот на книга исполнет со најлојалните љубители на читањето. Годинешното јубилејно издание на 35. Меѓународен Саем на книга, траеше од 4ти до 10ти мај во Арена – Борис Трајковски, а на истиот учестуваа повеќе од 60 домашни и странски издавачки куќи. Oчекувањата во однос на присутни изложувачи, посета и одржани промоции на Саемот на книга, оваа година дефинитивно се исполнети, а и надминати. Јубилејното издание донесе значително поголем број на промоции на нови книги и средби со автори, во состав на дуалната програма на саемот, - во Промотивниот центар, како и на штандовите на издавачите. Со 60 промоции на нови наслови и средби со автори, креативни работилници, програмата оваа година беше најбогата во историјата на овој саем. Посетителите оваа година ја потврдија својата посветеност, а тоа е зголемениот интерес за купување на нови книги. Посетата на Саемот е близу 30.000 посетители и тоа е цврст доказ и показател за враќање на успешноста на Саемот на книга како пред пандемијата. Главен фокус во претстојниот период е за 36. Меѓународен Саем на книга за наредната година да се воведат уште повеќе новитети, согласно глобалните трендови, сѐ со цел да се исполнат сите нови очекувања на модерниот читател, како и на издавачите и авторите, кои заедно се јадрото на Саемот на книга. Покровител на годинешното издание на 35. Меѓународен Саем на книга е Министерството за култура.

The post 35. Меѓународен Саем на книга со зголемена посета како пред пандемијата, велат организаторите appeared first on Република.

]]>
Промоција на новите изданија на Румена Бужаровска на Саемот на книгата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-novite-izdanija-na-rumena-buzharovska-na-saemot-na-knigata/ Mon, 08 May 2023 11:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=638353

Денес на Саемот на книгата на штандот на ТРИ, од 18 часот, ќе се одржи промоција на новите изданија на расказите на Румена Бужаровска, кои побудија голем интерес кај посетителите.

„Осмица“ (ново издание во кое има и од раните раскази од „Чкртки“), „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ ги потсетуваат читателите дека на македонската книжевна сцена има квалитетни автори кои вреди да се прочитаат.

Бројот на читатели што се интересираат за домашната литература постојано расте. Тоа се случува благодарение на македонските авторки и автори како Румена Бужаровска, кои во своите дела ни нудат силни приказни раскажани на мајчиниот јазик. Бужаровска не само што успеа да ги охрабри читателите да ѝ веруваат на македонската проза, а на писателите да ја објавуваат, туку успеа и да ги надмине границите и да го прошири својот глас и влијание во Европа. Нејзините раскази се преведуваат на големи светски јазици, се изведуваат на театарските сцени и високо се вреднуваат, велат од „ТРИ“.

The post Промоција на новите изданија на Румена Бужаровска на Саемот на книгата appeared first on Република.

]]>

Денес на Саемот на книгата на штандот на ТРИ, од 18 часот, ќе се одржи промоција на новите изданија на расказите на Румена Бужаровска, кои побудија голем интерес кај посетителите. „Осмица“ (ново издание во кое има и од раните раскази од „Чкртки“), „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ ги потсетуваат читателите дека на македонската книжевна сцена има квалитетни автори кои вреди да се прочитаат.
Бројот на читатели што се интересираат за домашната литература постојано расте. Тоа се случува благодарение на македонските авторки и автори како Румена Бужаровска, кои во своите дела ни нудат силни приказни раскажани на мајчиниот јазик. Бужаровска не само што успеа да ги охрабри читателите да ѝ веруваат на македонската проза, а на писателите да ја објавуваат, туку успеа и да ги надмине границите и да го прошири својот глас и влијание во Европа. Нејзините раскази се преведуваат на големи светски јазици, се изведуваат на театарските сцени и високо се вреднуваат, велат од „ТРИ“.

The post Промоција на новите изданија на Румена Бужаровска на Саемот на книгата appeared first on Република.

]]>
Државниот архив со историски публикации на 35. Саем на книгата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/drzhavniot-arhiv-so-istoriski-publikatsii-na-35-saem-na-knigata/ Tue, 02 May 2023 11:25:26 +0000 https://republika.mk/?p=636047

Државниот архив ќе учествува на 35. годишен Саем на книгата, што ќе се одржи од 4 до 10 мај во салата „Борис Трајковски – А1 арена“. На штандот на Архивот ќе бидат изложени голем избор зборници на историски документи, публикации и материјали. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со работата и активностите на Архивот, како и да откријат интересни и релевантни книги од областа на архивистиката. Публикациите ќе се продаваат по 30 отсто намалена цена, а овој саемски попуст ќе важи и во просториите на Државниот архив – централен дел, како и во одделенијата на Државниот архив во Скопје, Велес, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип и Куманово.

Во рамките на Промотивниот центар на саемот планирано е да се промовираат три најнови изданија на Државниот архив, чии автори се истакнати научници.

Промоциите ќе се одржат во следните термини:

5.5.2023 г. во 14:00 часот – „Нико Зупанич и Македонија во 1903 година“, м-р Виктор Габер, 2022 г.

6.5.2023 г. во 10:00 часот – „Албански документи за историјата на Македонија, префектура Дебар (1941 – 1944), том I”, проф. д-р Музафер Бислими, 2022 г.

8.5.2023 г. во 13:00 часот – „Македонското прашање во документите на Коминтерната, том 2, дел 1: ВМРО (Обединета) 1925 – 1928 г., зборник на документи“, д-р Јасмина Дамјановска, проф. д-р Ленина Жила и проф. д-р Владо Поповски, 2021 г.

9.5.2023 г. во 12:00 часот – „Македонското прашање во политиката на Османлиската Држава (1876 – 1909)“, доц. д-р Аднан Шериф, 2023 г.“ и „Парламентарните избори во Османлиската Држава со посебен осврт на Македонија во 1908 година, 2022 г.“

The post Државниот архив со историски публикации на 35. Саем на книгата appeared first on Република.

]]>

Државниот архив ќе учествува на 35. годишен Саем на книгата, што ќе се одржи од 4 до 10 мај во салата „Борис Трајковски – А1 арена“. На штандот на Архивот ќе бидат изложени голем избор зборници на историски документи, публикации и материјали. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со работата и активностите на Архивот, како и да откријат интересни и релевантни книги од областа на архивистиката. Публикациите ќе се продаваат по 30 отсто намалена цена, а овој саемски попуст ќе важи и во просториите на Државниот архив – централен дел, како и во одделенијата на Државниот архив во Скопје, Велес, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип и Куманово. Во рамките на Промотивниот центар на саемот планирано е да се промовираат три најнови изданија на Државниот архив, чии автори се истакнати научници. Промоциите ќе се одржат во следните термини: 5.5.2023 г. во 14:00 часот – „Нико Зупанич и Македонија во 1903 година“, м-р Виктор Габер, 2022 г. 6.5.2023 г. во 10:00 часот – „Албански документи за историјата на Македонија, префектура Дебар (1941 – 1944), том I”, проф. д-р Музафер Бислими, 2022 г. 8.5.2023 г. во 13:00 часот – „Македонското прашање во документите на Коминтерната, том 2, дел 1: ВМРО (Обединета) 1925 – 1928 г., зборник на документи“, д-р Јасмина Дамјановска, проф. д-р Ленина Жила и проф. д-р Владо Поповски, 2021 г. 9.5.2023 г. во 12:00 часот – „Македонското прашање во политиката на Османлиската Држава (1876 – 1909)“, доц. д-р Аднан Шериф, 2023 г.“ и „Парламентарните избори во Османлиската Држава со посебен осврт на Македонија во 1908 година, 2022 г.“

The post Државниот архив со историски публикации на 35. Саем на книгата appeared first on Република.

]]>
16. Саем на книгата во Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/16-saem-na-knigata-vo-kochani/ Mon, 07 Nov 2022 13:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=570964

Во просториите на општинската библиотека „Искра“ во Кочани денеска е отворен 16. Саем на книгата, како дел од активностите за одбележување на Месецот на книгата.

Манифестацијата ќе трае една недела, а пред читателската публика се претставуваат 17 домашни издавачки куќи со над две илјади нови наслови од македонски и странски автори.

По намалениот број излагачи и посетители на саемите во изминатите две години, што беше предизвикано од пандемијата на коронавирусот, за оваа манифестација имаме огромен интерес и од издавачите и од читателите. Со 15 издавачки куќи имаме повеќегодишна соработка и тие се наши редовни гости, а годинава учествуваат и двајца нови издавачи. Задоволни сме што можеме да ја исполниме нашата цел, да ја популаризираме книгата меѓу нашите сограѓани, особено меѓу младите. Заинтересираните љубители на пишаниот збор ќе можат Саемот да го посетат секој ден до 12 ноември, во периодот од 10 до 18 часот, истакна Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, директорка на библиотеката „Искра“.

Библиотеката „Искра“ со комплети книги ги награди најдобрите творби на учениците од основните и средните училишта во Кочани, со кои тие учествуваа на литературниот конкурс „Нејзиното височество – книгата“

The post 16. Саем на книгата во Кочани appeared first on Република.

]]>

Во просториите на општинската библиотека „Искра“ во Кочани денеска е отворен 16. Саем на книгата, како дел од активностите за одбележување на Месецот на книгата.
Манифестацијата ќе трае една недела, а пред читателската публика се претставуваат 17 домашни издавачки куќи со над две илјади нови наслови од македонски и странски автори.
По намалениот број излагачи и посетители на саемите во изминатите две години, што беше предизвикано од пандемијата на коронавирусот, за оваа манифестација имаме огромен интерес и од издавачите и од читателите. Со 15 издавачки куќи имаме повеќегодишна соработка и тие се наши редовни гости, а годинава учествуваат и двајца нови издавачи. Задоволни сме што можеме да ја исполниме нашата цел, да ја популаризираме книгата меѓу нашите сограѓани, особено меѓу младите. Заинтересираните љубители на пишаниот збор ќе можат Саемот да го посетат секој ден до 12 ноември, во периодот од 10 до 18 часот, истакна Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, директорка на библиотеката „Искра“.
Библиотеката „Искра“ со комплети книги ги награди најдобрите творби на учениците од основните и средните училишта во Кочани, со кои тие учествуваа на литературниот конкурс „Нејзиното височество – книгата“

The post 16. Саем на книгата во Кочани appeared first on Република.

]]>
Летен саем на книгата во рамки на Гевгелиското културно лето https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/leten-saem-na-knigata-vo-ramki-na-gevgeliskoto-kulturno-leto/ Wed, 06 Jul 2022 11:41:52 +0000 https://republika.mk/?p=524768

Во рамки на активностите од традиционалната културна манифестација „Гевгелиско културно лето“ од денеска до 9 јули градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија е домаќин на четиридневниот летен саем на книгата.

Штандовите со книги се поставени на отворено, на платото пред библиотеката, каде граѓаните ќе можат да ги разгледуваат и купуваат изложените книги од издавачките куќи „Паблишер“ и „Полица“, како и од издавачкиот центар „Три“.

Организаторите посочуваат дека настанот претставува прилика за граѓаните кои, под поволни услови и намалени цени, можат да си купат современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература од домашни и странски автори.

The post Летен саем на книгата во рамки на Гевгелиското културно лето appeared first on Република.

]]>

Во рамки на активностите од традиционалната културна манифестација „Гевгелиско културно лето“ од денеска до 9 јули градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија е домаќин на четиридневниот летен саем на книгата. Штандовите со книги се поставени на отворено, на платото пред библиотеката, каде граѓаните ќе можат да ги разгледуваат и купуваат изложените книги од издавачките куќи „Паблишер“ и „Полица“, како и од издавачкиот центар „Три“. Организаторите посочуваат дека настанот претставува прилика за граѓаните кои, под поволни услови и намалени цени, можат да си купат современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература од домашни и странски автори.

The post Летен саем на книгата во рамки на Гевгелиското културно лето appeared first on Република.

]]>
Реобјавувањето на „Македонските книжевни класици“ е инвестиција во културната иднина на следните генерации https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/reobjavuvanjeto-na-makedonskite-knizevni-klasici-e-investicija-vo-kulturnata-idnina-na-slednite-generacii/ Sat, 07 May 2022 10:15:53 +0000 https://republika.mk/?p=498957

Со познатата мисла на Крсте Петков Мисирков „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред“, вчеравечер, на главната бина во рамките на Саемот на книгата, беше заокружена трибината во чест на Денот на македонската азбука и на македонскиот јазик. На настанот „Македонски книжевни класици – подарок за поколенијата!“, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, учествува Александар Прокопиев, Лидија Капушевска-Дракулевска, Елизабета Баковска и Ведран Диздаревиќ, а модераторки беа уредничките Оливера Ќорвезироска и Бисера Бендевска.
Во фокусот на разговорот беше едицијата „Македонски книжевни класици“ во рамките на која „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, реобјави дел од творештвото на книжевните великани Блаже Конески, Оливера Николова, Петре М. Андреевски, Живко Чинго, Димитар Солев, Гане Тодоровски, Влада Урошевиќ... Учесниците на трибината се дел од овој голем проект, како уредници или автори на поговори на дел од книгите. Тие се осврнаа најпрвин кон својата лична поврзаност со авторите – за чии реобјавени дела беа ангажирани, како и на самата работа на книгите. Заеднички заклучок беше дека секое навраќање и реобјавување на „Македонските книжевни класици“ е инвестиција во културната иднина на следните генерации.

Александар Прокопиев, кој го напиша поговорот за „Зора зад аголот“ од Димитар Солев, истакна дека уште од средношколските денови се вљубил во делата на Солев.

Кај писмото на Солев веднаш ме привлече неговата различност во споредба со другите писатели, чии дела ни беа лектири. Дури и ги поттикнав своите соученици да се запознаат со неговите книги. Солев го доживеав како многу современ, силен јазичен стилист. Го читав и понатаму низ годините и секогаш го чувствував за многу близок, затоа што тој ракува со зборот на, според мене, најприроден и акробатски начин. Не сте ни свесни колку е силен зналец, затоа што тоа го прави многу непосредно. Приказните ги раскажува со врвен раскажувачки сенс. Па, така, кога ми се јавија од „Арс Ламина“ и ми кажаа дека ќе бидат реобјавени неговите дела („Зора зад аголот“ и „Кратката пролет на Моно Самоников“) бев пресреќен, што неговите книги ќе се читаат и понатаму. Инаку, кога лично го запознав Солев и имав можност да дружам приватно, увидов дека тој е токму онаков каков што си го замислував – непосреден, без суета или надменост во комуникацијата – рече Прокопиев и откри дека Солев, покрај тоа што е голем писател, тој бил и голем читател. Според него, сите големите автори, пред сè, се и големи читатели, со големи лични библиотеки богати со дури и ретки изданија.

Елизабета Баковска, која го напиша поговорот за романот „Куклите на Росица“ од Оливера Николова, рече дека значајно е да се читаат класиците, но за да се читаат тие треба да бидат достапни, а достапни ќе бидат само со постојано реобјавување.

Зошто да се навраќаме на класиците? Треба да бидеме свесни дека македонскиот е јазик што е со малку говорители. Поради тоа, нашите писатели можат да западнат во една од двете стапици. Првата е комплекс на пониска вредност – да се каже дека немаме наши автори кои пишуваат добро како некои светски автори. Втората замка е – комплекс на повисока вредност – Да си мислиме дека сме врвни автори само затоа што сме малкумина и нема конкуренција. Начинот на кој треба да се соочиме со овие комплекси е постојано да ЧИТАМЕ. А делата ќе можеме да ги читаме само ако ни се достапни! Мораме да се навраќаме на нашите класици, мораме да ги читаме и само преку читањето на тие дела ќе сфатиме каде стоиме во сегашноста. Прво ќе сфатиме колку малку читаме, ќе разбереме дека нема потреба да имаме комплекси на пониска вредност, затоа што ќе согледаме дека имаме автори со врвни дела кои се носат рамо до рамо со светските романи... Читајќи, ќе сфатиме дека треба уште многу, многу да читаме за да стигнеме квалитативно до тоа што го напишале великаните.

Проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, која  го напиша поговорот кон „Мојата роднина Емилија“ од Влада Урошевиќ, рече:

Професорот Урошевиќ со своите книги внесе нова поетика, интерес и сенс за чудесното, фантастичното, надреалното во македонската литература. Кога ќе се помисли ретроактивно, ќе се видат многу иновации кај него. Тој со своите книги пополни многу празнини во нашата литература. Во неговото творештво се среќава надреализмот, научна фантастика, детективски приказни, бајки црпени од азното на народното творештво, како и меѓужанровски дела. Во себе носи хуманистичка идеја – да ја забележиме убавината покрај којашто можеби поминуваме, а не ја забележуваме. Затоа драго ми е не само што се реобјавуваат неговите дела туку што и наскоро ќе читаме и нов негов роман... Искрени комплименти за проектот „Македонски книжевни класици“, навистина е редок пример и за пофалба тоа што го прави издавачката куќа „Арс Ламина“ со своите уредници. Овој проект треба да продолжи и се надевам дека ќе бидат објавени сите планирани проекти и дека и новите генерации ќе се запознаат со нашите класици. Оваа реактуализација е важна. Не почнува светот од нас, имаме убава традиција и само вака можеме да ја градиме иднината.

Ведран Диздаревиќ, кој е уредник на дел од изданијата од едицијата „Македонски книжевни класици“, рече дека класиците се истовремено и нови и стари и лесно прифатливи за секоја епоха. Тој посочи дека македонските книжевни дела што се обработуваат во училиштата треба да не се доживуваат само како историски четива туку и како уметничка литература. Рече дека нашите книжевни великани на свои плеќи ја носеа нацијата, политиката, историјата... Треба, конечно да почнеме да ги гледаме (читаме) како уметничка литература. Да им дозволиме да бидат класик во кој ќе уживаме неоптоварени од сиот државотворен багаж.

„Арс Ламина“, во едицијата „Македонски книжевни класици“, реобјави дел од творештвото на еден од најдаровитите македонски писатели – Петре М. Андреевски. Потоа следуваше стихозбирката „Скопјани“ од поетскиот маг Гане Тодоровски и продолжи со двата романа на македонскиот модернист Димитар Солев, „Зора зад аголот“ и „Кратката пролет на Моно Самоников“. Нему му се придружи прозаистот Живко Чинго со култните „Пасквелија“ и „Нова Пасквелија“ и лектирата „Големата вода“, за првиот циклус да се заокружи со кратката проза „Пустина“ и романот „Арамиско гнездо“ на раскажувачот и историограф Ѓорѓи Абаџиев.

Едицијата продолжи да расте и да се развива по зацртаниот пат, па минатата година – што беше и јубилејна година и во која ја чествувавме стогодишнината од раѓањето на нашиот најзначаен лингвист Блаже Конески – објавивме четири збирки поезија во три книги [„Везилка“ (и „Стерна“ во едно издание), „Црква“ и „Црн овен“) и двотомен избор од неговото книжевно и научно творештво, во што ни помогнаа универзитетските професори Иван Џепароски и Димитар Пандев, кои се приредувачи на збирките „Збор и опит“ 1 и 2. На почетокот на 2022 година, во месецот на Оливера Николова, на голем собир и во присуство на авторката, го промовиравме целокупното творештво за возрасни на „мајката на сите македонски писателки“.

Дека станува збор за значаен проект покажуваат и наградите. Покрај признанијата минатите години, и оваа година книгите од проектот „Македонски книжевни класици“ добија награда. Имено „Целокупното творештво за возрасни на Оливера Николова“, во издание на „Арс Ламина“, го освои првото место во категоријата за најдобра едиција на наградите што ги доделува Македонската асоцијација на издавачи (МАИ).
Во овој проект се вклучени десет тома со 12 книги за возрасни на Николова. Книгите се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели.

The post Реобјавувањето на „Македонските книжевни класици“ е инвестиција во културната иднина на следните генерации appeared first on Република.

]]>

Со познатата мисла на Крсте Петков Мисирков „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред“, вчеравечер, на главната бина во рамките на Саемот на книгата, беше заокружена трибината во чест на Денот на македонската азбука и на македонскиот јазик. На настанот „Македонски книжевни класици – подарок за поколенијата!“, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, учествува Александар Прокопиев, Лидија Капушевска-Дракулевска, Елизабета Баковска и Ведран Диздаревиќ, а модераторки беа уредничките Оливера Ќорвезироска и Бисера Бендевска. Во фокусот на разговорот беше едицијата „Македонски книжевни класици“ во рамките на која „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, реобјави дел од творештвото на книжевните великани Блаже Конески, Оливера Николова, Петре М. Андреевски, Живко Чинго, Димитар Солев, Гане Тодоровски, Влада Урошевиќ... Учесниците на трибината се дел од овој голем проект, како уредници или автори на поговори на дел од книгите. Тие се осврнаа најпрвин кон својата лична поврзаност со авторите – за чии реобјавени дела беа ангажирани, како и на самата работа на книгите. Заеднички заклучок беше дека секое навраќање и реобјавување на „Македонските книжевни класици“ е инвестиција во културната иднина на следните генерации. Александар Прокопиев, кој го напиша поговорот за „Зора зад аголот“ од Димитар Солев, истакна дека уште од средношколските денови се вљубил во делата на Солев.
Кај писмото на Солев веднаш ме привлече неговата различност во споредба со другите писатели, чии дела ни беа лектири. Дури и ги поттикнав своите соученици да се запознаат со неговите книги. Солев го доживеав како многу современ, силен јазичен стилист. Го читав и понатаму низ годините и секогаш го чувствував за многу близок, затоа што тој ракува со зборот на, според мене, најприроден и акробатски начин. Не сте ни свесни колку е силен зналец, затоа што тоа го прави многу непосредно. Приказните ги раскажува со врвен раскажувачки сенс. Па, така, кога ми се јавија од „Арс Ламина“ и ми кажаа дека ќе бидат реобјавени неговите дела („Зора зад аголот“ и „Кратката пролет на Моно Самоников“) бев пресреќен, што неговите книги ќе се читаат и понатаму. Инаку, кога лично го запознав Солев и имав можност да дружам приватно, увидов дека тој е токму онаков каков што си го замислував – непосреден, без суета или надменост во комуникацијата – рече Прокопиев и откри дека Солев, покрај тоа што е голем писател, тој бил и голем читател. Според него, сите големите автори, пред сè, се и големи читатели, со големи лични библиотеки богати со дури и ретки изданија.
Елизабета Баковска, која го напиша поговорот за романот „Куклите на Росица“ од Оливера Николова, рече дека значајно е да се читаат класиците, но за да се читаат тие треба да бидат достапни, а достапни ќе бидат само со постојано реобјавување.
Зошто да се навраќаме на класиците? Треба да бидеме свесни дека македонскиот е јазик што е со малку говорители. Поради тоа, нашите писатели можат да западнат во една од двете стапици. Првата е комплекс на пониска вредност – да се каже дека немаме наши автори кои пишуваат добро како некои светски автори. Втората замка е – комплекс на повисока вредност – Да си мислиме дека сме врвни автори само затоа што сме малкумина и нема конкуренција. Начинот на кој треба да се соочиме со овие комплекси е постојано да ЧИТАМЕ. А делата ќе можеме да ги читаме само ако ни се достапни! Мораме да се навраќаме на нашите класици, мораме да ги читаме и само преку читањето на тие дела ќе сфатиме каде стоиме во сегашноста. Прво ќе сфатиме колку малку читаме, ќе разбереме дека нема потреба да имаме комплекси на пониска вредност, затоа што ќе согледаме дека имаме автори со врвни дела кои се носат рамо до рамо со светските романи... Читајќи, ќе сфатиме дека треба уште многу, многу да читаме за да стигнеме квалитативно до тоа што го напишале великаните.
Проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, која  го напиша поговорот кон „Мојата роднина Емилија“ од Влада Урошевиќ, рече:
Професорот Урошевиќ со своите книги внесе нова поетика, интерес и сенс за чудесното, фантастичното, надреалното во македонската литература. Кога ќе се помисли ретроактивно, ќе се видат многу иновации кај него. Тој со своите книги пополни многу празнини во нашата литература. Во неговото творештво се среќава надреализмот, научна фантастика, детективски приказни, бајки црпени од азното на народното творештво, како и меѓужанровски дела. Во себе носи хуманистичка идеја – да ја забележиме убавината покрај којашто можеби поминуваме, а не ја забележуваме. Затоа драго ми е не само што се реобјавуваат неговите дела туку што и наскоро ќе читаме и нов негов роман... Искрени комплименти за проектот „Македонски книжевни класици“, навистина е редок пример и за пофалба тоа што го прави издавачката куќа „Арс Ламина“ со своите уредници. Овој проект треба да продолжи и се надевам дека ќе бидат објавени сите планирани проекти и дека и новите генерации ќе се запознаат со нашите класици. Оваа реактуализација е важна. Не почнува светот од нас, имаме убава традиција и само вака можеме да ја градиме иднината.
Ведран Диздаревиќ, кој е уредник на дел од изданијата од едицијата „Македонски книжевни класици“, рече дека класиците се истовремено и нови и стари и лесно прифатливи за секоја епоха. Тој посочи дека македонските книжевни дела што се обработуваат во училиштата треба да не се доживуваат само како историски четива туку и како уметничка литература. Рече дека нашите книжевни великани на свои плеќи ја носеа нацијата, политиката, историјата... Треба, конечно да почнеме да ги гледаме (читаме) како уметничка литература. Да им дозволиме да бидат класик во кој ќе уживаме неоптоварени од сиот државотворен багаж. „Арс Ламина“, во едицијата „Македонски книжевни класици“, реобјави дел од творештвото на еден од најдаровитите македонски писатели – Петре М. Андреевски. Потоа следуваше стихозбирката „Скопјани“ од поетскиот маг Гане Тодоровски и продолжи со двата романа на македонскиот модернист Димитар Солев, „Зора зад аголот“ и „Кратката пролет на Моно Самоников“. Нему му се придружи прозаистот Живко Чинго со култните „Пасквелија“ и „Нова Пасквелија“ и лектирата „Големата вода“, за првиот циклус да се заокружи со кратката проза „Пустина“ и романот „Арамиско гнездо“ на раскажувачот и историограф Ѓорѓи Абаџиев. Едицијата продолжи да расте и да се развива по зацртаниот пат, па минатата година – што беше и јубилејна година и во која ја чествувавме стогодишнината од раѓањето на нашиот најзначаен лингвист Блаже Конески – објавивме четири збирки поезија во три книги [„Везилка“ (и „Стерна“ во едно издание), „Црква“ и „Црн овен“) и двотомен избор од неговото книжевно и научно творештво, во што ни помогнаа универзитетските професори Иван Џепароски и Димитар Пандев, кои се приредувачи на збирките „Збор и опит“ 1 и 2. На почетокот на 2022 година, во месецот на Оливера Николова, на голем собир и во присуство на авторката, го промовиравме целокупното творештво за возрасни на „мајката на сите македонски писателки“. Дека станува збор за значаен проект покажуваат и наградите. Покрај признанијата минатите години, и оваа година книгите од проектот „Македонски книжевни класици“ добија награда. Имено „Целокупното творештво за возрасни на Оливера Николова“, во издание на „Арс Ламина“, го освои првото место во категоријата за најдобра едиција на наградите што ги доделува Македонската асоцијација на издавачи (МАИ). Во овој проект се вклучени десет тома со 12 книги за возрасни на Николова. Книгите се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели.

The post Реобјавувањето на „Македонските книжевни класици“ е инвестиција во културната иднина на следните генерации appeared first on Република.

]]>