САДќракети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sadkjraketi/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Mar 2022 16:54:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png САДќракети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sadkjraketi/ 32 32 САД не можат да ги потврдат тврдењата на Русија за употреба на хиперсонични ракети https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-ne-mozat-da-gi-potvrdat-tvrdenjata-na-rusija-za-upotreba-na-hipersonichni-raketi/ Mon, 21 Mar 2022 19:43:26 +0000 https://republika.mk/?p=476286

САД не можат независно да го потврдат или отфрлат тврдењето на Русија дека истрелала хиперсонични ракети кон украинска цел, но, од воена гледна точка, употребата на такво оружје нема многу смисла, изјави во понеделникот претставник на американското Министерство за одбрана.

„Можеби се обидуваат да испратат порака до Западот“, рече официјален претставник кој сакаше да остане анонимен. Според него, „од воена перспектива тоа не е многу практично“.

Русија во саботата објави дека лансирала хиперсонични ракети „Киндџал“ за уништување на големо складиште за оружје во регионот Ивано-Франковск во западна Украина.

Според Интерфакс, ова е првпат Русија да го користи системот „Киндџал“ од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари.

Москва не го крие задоволството од развојот на модерното оружје, а претседателот Владимир Путин во декември изјави дека Русија е глобален лидер во хиперсонични ракети.

Нивната брзина, маневрирање и висина на лет го отежнуваат следењето и пресретнувањето.

Големите светски сили, како што се Русија, Кина и САД, подолго време се во трка за развој на хиперсонични ракети. Станува збор за брзи ракетен систем што моментално не може да го пресретне ниту еден систем за противвоздушна одбрана.

Хиперсоничните ракети најчесто летаат пет пати побрзо од звукот (околу 6100 километри на час или километар и пол во секунда), а некои руски ракети како што е системот „Киндџал“ наводно може да постигне брзина од околу 12.300 километри на час и да помине далечина од 1.930 километри. Рускиот систем „Киндџал“ има двојна намена – конвенционална и нуклеарна.

The post САД не можат да ги потврдат тврдењата на Русија за употреба на хиперсонични ракети appeared first on Република.

]]>

САД не можат независно да го потврдат или отфрлат тврдењето на Русија дека истрелала хиперсонични ракети кон украинска цел, но, од воена гледна точка, употребата на такво оружје нема многу смисла, изјави во понеделникот претставник на американското Министерство за одбрана.

„Можеби се обидуваат да испратат порака до Западот“, рече официјален претставник кој сакаше да остане анонимен. Според него, „од воена перспектива тоа не е многу практично“. Русија во саботата објави дека лансирала хиперсонични ракети „Киндџал“ за уништување на големо складиште за оружје во регионот Ивано-Франковск во западна Украина. Според Интерфакс, ова е првпат Русија да го користи системот „Киндџал“ од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари. Москва не го крие задоволството од развојот на модерното оружје, а претседателот Владимир Путин во декември изјави дека Русија е глобален лидер во хиперсонични ракети. Нивната брзина, маневрирање и висина на лет го отежнуваат следењето и пресретнувањето. Големите светски сили, како што се Русија, Кина и САД, подолго време се во трка за развој на хиперсонични ракети. Станува збор за брзи ракетен систем што моментално не може да го пресретне ниту еден систем за противвоздушна одбрана. Хиперсоничните ракети најчесто летаат пет пати побрзо од звукот (околу 6100 километри на час или километар и пол во секунда), а некои руски ракети како што е системот „Киндџал“ наводно може да постигне брзина од околу 12.300 километри на час и да помине далечина од 1.930 километри. Рускиот систем „Киндџал“ има двојна намена – конвенционална и нуклеарна.

The post САД не можат да ги потврдат тврдењата на Русија за употреба на хиперсонични ракети appeared first on Република.

]]>