сад оружје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sad-oruzje/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Apr 2022 08:30:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сад оружје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sad-oruzje/ 32 32 САД првпат ќе испрати тешко и пософистицирано оружје во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-prvpat-kje-isprati-teshko-i-posofisticirano-oruzje-vo-ukraina/ Thu, 14 Apr 2022 08:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=488267

За прв пат од почетокот на руската воена акција во Украина, САД испраќаат пософистицирано и потешко оружје во Киев.

Промената доаѓа откако до пред неколку недели, некои функционери на администрацијата на Џозеф Бајден сметаа дека таквото оружје е преголем ризик за ескалација на конфликтот, јавува „Си-Ен-Ен“.

Според американската телевизија, списокот на безбедносна помош во вредност од 800 милиони долари се правел не само од директните барања од Украина, туку и од подготовките за нов тип на борба на отворените рамнини на југоисточна Украина, во близина на Русија, на терен што претставува природната воена предност на Москва.

Администрацијата на Бајден соопшти дека новиот пакет оружје за Украина вклучува 11 хеликоптери Ми-17 првично наменети за Авганистан, 18 хаубицерски топови од 155 милиметри, дополнителни 300 дронови „Свичблејд“, како и радарски системи кои можат да следат од каде доаѓа непријателскиот оган и да ја одредат неговата прецизност. Се тоа е софистицирано и потешко оружје од претходните пратки - пренесува „Си-Ен-Ен“.

https://republika.mk/vesti/svet/amerikanskite-helikopteri-namesto-vo-avganistan-kje-odat-za-ukraina/

The post САД првпат ќе испрати тешко и пософистицирано оружје во Украина appeared first on Република.

]]>

За прв пат од почетокот на руската воена акција во Украина, САД испраќаат пософистицирано и потешко оружје во Киев. Промената доаѓа откако до пред неколку недели, некои функционери на администрацијата на Џозеф Бајден сметаа дека таквото оружје е преголем ризик за ескалација на конфликтот, јавува „Си-Ен-Ен“. Според американската телевизија, списокот на безбедносна помош во вредност од 800 милиони долари се правел не само од директните барања од Украина, туку и од подготовките за нов тип на борба на отворените рамнини на југоисточна Украина, во близина на Русија, на терен што претставува природната воена предност на Москва.