сад - мексико Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sad-meksiko/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Feb 2024 13:35:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сад - мексико Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sad-meksiko/ 32 32 Фијаското ќе го достигне врвот на 3 февруари, в сабота се очекуваат 700.000 луѓе на границата со Мексико https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fijaskoto-ke-go-dostigne-vrvot-na-3-fevruari-v-sabota-se-ochekuvaat-700-000-luge-na-granitsata-so-meksiko/ Thu, 01 Feb 2024 13:35:40 +0000 https://republika.mk/?p=739411

Фијаското на границата на американската држава Тексас и Мексико може да го достигне врвот на 3 февруари кога најавено е дека најмалку 700.000 луѓе да пристигнат и да му дадат поддршка на гувернерот Грег Абот. Според зборовите на организаторот на Ким Џитер, тоа сепак ќе биде мирен собир.

До оние кои изразуваат незадоволство: ние сме обични граѓани, земјоделци, сточари, пензионирани полицајци, а не луди теоретичари на заговор. Тоа ќе биде мирен собир на Американците од сите политички класи и сите етнички групи. Има камионџии, мотоцикли, мајки и татковци. Мислам дека ќе има повеќе од 700.000 луѓе (во сабота), изјави Џитер за „Њујорк пост“.

Во понеделникот конвој од 40.000 камиони тргна кон границата со транспаренти „Вратете ја нашата граница“.

Во оградите има огромни отвори, поради што границата не може да се обезбеди. Тие треба да се затворат. Нашиот заеднички став е дека мораме да ги обезбедиме нашите граници. Сите ние се залагаме за безбедна, легална миграција. Луѓето кои доаѓаат мора да поминат низ проверка. На митингот ќе зборуваат мајки чии деца починале од фентанил, една од нив е Анже Џибони. Еден од нас имаше дете убиено од илегалец, вели тој.

Организаторите на конвојот ја напуштија Вирџинија во понеделникот и ја поминаа ноќта на Флорида, каде што им се придружија и други групи луѓе. Фотографиите што се појавија на социјалните мрежи покажуваат комбиња и камиони кои се упатиле од Џексонвил, Флорида преку Алабама, Мисисипи и Луизијана до Кемада, Тексас, во близина на Орловиот премин, односно „Игл Пас“.


Додека гувернерите на 26 држави во САД го поддржаа колегата од Тексас во врска со бодликавата жица на границата и борбата со илегалните мигранти, Тексас ги извади армијата и тенковите на терен. Судирот меѓу администрацијата на Бајден и државата Тексас ги разбуди стравувањата од граѓанска војна.

Џитер истакна дека конвоите не се против миграцијата во САД, туку дека работите излегле од контрола, бидејќи минатата година повеќе од 2,4 милиони луѓе илегално ја преминале јужната граница, а според Одделот за домашна безбедност, само во декември, тој број достигна рекордни 300.000.

Членовите на американскиот Сенат во Вашингтон работат на можен договор за имиграцијата што ќе му даде овластување на претседателот да го паузира процесирањето на барањата за азил и да ги забрзи мерките за депортација, но и за добивање азил.

The post Фијаското ќе го достигне врвот на 3 февруари, в сабота се очекуваат 700.000 луѓе на границата со Мексико appeared first on Република.

]]>

Фијаското на границата на американската држава Тексас и Мексико може да го достигне врвот на 3 февруари кога најавено е дека најмалку 700.000 луѓе да пристигнат и да му дадат поддршка на гувернерот Грег Абот. Според зборовите на организаторот на Ким Џитер, тоа сепак ќе биде мирен собир.
До оние кои изразуваат незадоволство: ние сме обични граѓани, земјоделци, сточари, пензионирани полицајци, а не луди теоретичари на заговор. Тоа ќе биде мирен собир на Американците од сите политички класи и сите етнички групи. Има камионџии, мотоцикли, мајки и татковци. Мислам дека ќе има повеќе од 700.000 луѓе (во сабота), изјави Џитер за „Њујорк пост“.
Во понеделникот конвој од 40.000 камиони тргна кон границата со транспаренти „Вратете ја нашата граница“.
Во оградите има огромни отвори, поради што границата не може да се обезбеди. Тие треба да се затворат. Нашиот заеднички став е дека мораме да ги обезбедиме нашите граници. Сите ние се залагаме за безбедна, легална миграција. Луѓето кои доаѓаат мора да поминат низ проверка. На митингот ќе зборуваат мајки чии деца починале од фентанил, една од нив е Анже Џибони. Еден од нас имаше дете убиено од илегалец, вели тој.
Организаторите на конвојот ја напуштија Вирџинија во понеделникот и ја поминаа ноќта на Флорида, каде што им се придружија и други групи луѓе. Фотографиите што се појавија на социјалните мрежи покажуваат комбиња и камиони кои се упатиле од Џексонвил, Флорида преку Алабама, Мисисипи и Луизијана до Кемада, Тексас, во близина на Орловиот премин, односно „Игл Пас“. Додека гувернерите на 26 држави во САД го поддржаа колегата од Тексас во врска со бодликавата жица на границата и борбата со илегалните мигранти, Тексас ги извади армијата и тенковите на терен. Судирот меѓу администрацијата на Бајден и државата Тексас ги разбуди стравувањата од граѓанска војна. Џитер истакна дека конвоите не се против миграцијата во САД, туку дека работите излегле од контрола, бидејќи минатата година повеќе од 2,4 милиони луѓе илегално ја преминале јужната граница, а според Одделот за домашна безбедност, само во декември, тој број достигна рекордни 300.000. Членовите на американскиот Сенат во Вашингтон работат на можен договор за имиграцијата што ќе му даде овластување на претседателот да го паузира процесирањето на барањата за азил и да ги забрзи мерките за депортација, но и за добивање азил.

The post Фијаското ќе го достигне врвот на 3 февруари, в сабота се очекуваат 700.000 луѓе на границата со Мексико appeared first on Република.

]]>
Бајден сепак ќе гради ѕид на границата со Мексико https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-sepak-ke-gradi-zid-na-granitsata-so-meksiko/ Thu, 05 Oct 2023 08:16:33 +0000 https://republika.mk/?p=688061

Администрацијата на претседателот Џо Бајден соопшти дека повлекува 26 федерални закони за да се овозможи изградба на ѕид на границата со Мексико, и ова е првпат администрацијата да користи извршна власт за решавање на проблемот со имигрантите често користена од претходникот Доналд Трамп.

Исто така, одлуката е во спротивност на пораките од кампањата на Бајден во 2020 година за окончување на изградбата на ѕидот започната од Трамп.

За ова се дозна од соопштение објавено доцна синоќа од Федералниот регистер (Службен весник) на САД, во кое се даваат детаљи за изградба на ѕид во округот Стар, Тексас, дел од оптоварениот сектор на пограничните безбедносни служби со „висок број на нелегални преминувања“. Според владини податоци, за фискална 2023 година биле забележани 245.000 нелегални влегувања во секторот на долината Рио Гранде што содржи 21 округ.

-Постои акутна и итна потреба за изграба на физички бариери и патишта во близината на границата на Соединетите Држави за да се спречат нелегалните влегувања во Соединетите Држави во областите на овој проект, соопштува Алехандро Мајоркас, министер за внатрешна безбедност.

За изградба на овој ѕид повлечени се законите за чист воздух, за чиста вода и за загрозени видови животни, ќе се користат пари одобрени од Конгресот во 2019 година за време на Трамп. Критичарите велат дека во ридестата област живеат 65.000 жители и содржи 3.108 квадратни километри од националниот парк Долина на долна Рио Гранде.

Областа е полна со мали потоци и рекички, ѕидот би пресекувал јавни земјишта, места каде растат и престојуваат локални растенија и животни како диви мачки. Критичарите екологисти велат дека ѕидот би влијаел негатвно на опстанокот на овие видови.

За време на администрацијата на Трамп, од 2017 до јануари 2021 година на јужната граница беа изградени 724 километри разни бариери. Гувернерот на Тексас Грег Абот ги обнови овие напори што беа запрени откако администрацијата на Бајден дојде на власт.

Одлуката на Министерството за внатрешна безбедност е во спротивност со пораките на кампањата на Бајден кои повикуваа на окончување на изградбата на ѕидот.

-Изградба на огромен ѕид што ќе се простира по јужната граница не е сериозно политичко решение, изјави Бајден на 20 јануари 2021 година.

 

Нелегалната имиграција од Јужна Америка поттикна дебати меѓу демократите и критики од републиканците, чии гувернери понекогаш транспортираат илјадници имигранти во северните градови и држави како Чикаго или Њујорк, а поради нивниот радикално зголемен број во изминатите месеци кои на јужната граница пристигаат во бранови.

-Граничен ѕид е решение од 14 век на проблем од 21 век. Нема да ја засили безбедноста на округот Стар. Продолжувам да се противам на непотребно трошење пари на даночните обврзници за неефективен пограничен ѕид, изјави Хенри Куејтер, член на претставничиот дом од Тексас.

The post Бајден сепак ќе гради ѕид на границата со Мексико appeared first on Република.

]]>

Администрацијата на претседателот Џо Бајден соопшти дека повлекува 26 федерални закони за да се овозможи изградба на ѕид на границата со Мексико, и ова е првпат администрацијата да користи извршна власт за решавање на проблемот со имигрантите често користена од претходникот Доналд Трамп. Исто така, одлуката е во спротивност на пораките од кампањата на Бајден во 2020 година за окончување на изградбата на ѕидот започната од Трамп. За ова се дозна од соопштение објавено доцна синоќа од Федералниот регистер (Службен весник) на САД, во кое се даваат детаљи за изградба на ѕид во округот Стар, Тексас, дел од оптоварениот сектор на пограничните безбедносни служби со „висок број на нелегални преминувања“. Според владини податоци, за фискална 2023 година биле забележани 245.000 нелегални влегувања во секторот на долината Рио Гранде што содржи 21 округ. -Постои акутна и итна потреба за изграба на физички бариери и патишта во близината на границата на Соединетите Држави за да се спречат нелегалните влегувања во Соединетите Држави во областите на овој проект, соопштува Алехандро Мајоркас, министер за внатрешна безбедност. За изградба на овој ѕид повлечени се законите за чист воздух, за чиста вода и за загрозени видови животни, ќе се користат пари одобрени од Конгресот во 2019 година за време на Трамп. Критичарите велат дека во ридестата област живеат 65.000 жители и содржи 3.108 квадратни километри од националниот парк Долина на долна Рио Гранде. Областа е полна со мали потоци и рекички, ѕидот би пресекувал јавни земјишта, места каде растат и престојуваат локални растенија и животни како диви мачки. Критичарите екологисти велат дека ѕидот би влијаел негатвно на опстанокот на овие видови. За време на администрацијата на Трамп, од 2017 до јануари 2021 година на јужната граница беа изградени 724 километри разни бариери. Гувернерот на Тексас Грег Абот ги обнови овие напори што беа запрени откако администрацијата на Бајден дојде на власт. Одлуката на Министерството за внатрешна безбедност е во спротивност со пораките на кампањата на Бајден кои повикуваа на окончување на изградбата на ѕидот. -Изградба на огромен ѕид што ќе се простира по јужната граница не е сериозно политичко решение, изјави Бајден на 20 јануари 2021 година.   Нелегалната имиграција од Јужна Америка поттикна дебати меѓу демократите и критики од републиканците, чии гувернери понекогаш транспортираат илјадници имигранти во северните градови и држави како Чикаго или Њујорк, а поради нивниот радикално зголемен број во изминатите месеци кои на јужната граница пристигаат во бранови. -Граничен ѕид е решение од 14 век на проблем од 21 век. Нема да ја засили безбедноста на округот Стар. Продолжувам да се противам на непотребно трошење пари на даночните обврзници за неефективен пограничен ѕид, изјави Хенри Куејтер, член на претставничиот дом од Тексас.

The post Бајден сепак ќе гради ѕид на границата со Мексико appeared first on Република.

]]>