сабор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sabor/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Apr 2024 14:40:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сабор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sabor/ 32 32 Хрватска гласа за нов состав на Саборот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-glasa-za-nov-sostav-na-saborot/ Wed, 17 Apr 2024 17:03:43 +0000 https://republika.mk/?p=767219

Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот кога завршува и изборниот молк.Националните телевизии најавија дека веднаш по затворањето на гласачките места ќе ги објават резултатите од првите излезни анкети.

Станува збор за едни од најнеизвесните парламентарни избори благодарение на претседателот Зоран Милановиќ кој со неочекуваната најава дека ќе биде кандидат за премиер на опозицијата го доведе во прашање речиси сигурниот трет мандат на актуелниот премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ.

Предизборните анкети предвидуваат дека ХДЗ ќе биде уверлив релативен победник, додека коалицијата на левиот центар „Реки на правдата“, која ја предводи Социјалдемократската партија (СДП) е на второ место.

Иако аналитичарите му даваат поголеми шанси на Пленковиќ да формира влада, ниедна партија нема да може тоа да го направи самостојно, па формирањето на владата ќе завиди од постизборните коалиции. Најважните партии од левицата и десницата најавија пред изборите дека нема да коалицираат со ХДЗ.

Од изборите кои пред неколку месеци беа многу предвидливи, со влегувањето на Милановиќ, познат по острата реторика и стилот, во изборната трка, тие станаа интересни и поинакви од сите досегашни.

Уставниот суд му забрани на Милановиќ да се кандидира за пратеник на листата на СДП, бидејќи не поднесе оставка како претседател. Иако поради забраната не учествуваше на предизборните митинзи на СДП, Милановиќ во речиси секојдневните изјави ги критикува ХДЗ поради низата корупциски афери, ги повика граѓаните да гласаат за која било партија освен за ХДЗ и Пленковиќ и најави дека како кандидат на СДП, чиј е поранешен претседател, ќе формира влада на национален спас.

Освен со премиерската кандидатура, Милановиќ јавноста ја изненади и со изборот на среда за одржување на изборите бидејќи речиси сите избори, освен во 2000, беа во недела. Поради изборите денес во Хрватска е неработен ден.

Право на глас на овие избори имаат околу 127.000 гласачи помалку отколку пред четири години, а за изборите се отворени околу 6.500 гласачки места. Со престој во Хрватска има 3,61 милион гласачи, а активно регистрирани гласачи во странство има вкупно 222.300, главно во соседна БиХ. Во странство се гласа два дена, а гласачките места беа отворени вчера.

На изборите се бираат 151 пратеник, од кои 140 во десет изборни единици во Хрватска, во секоја по 14 пратеници.

Тројца пратеници се гласаат во посебна, 11-та изборна единица, која ги опфаќа гласачите без престој во Хрватска, односно дијаспората. Во странство се гласа два дена.

Во 12-тата изборна единица се бираат осум пратеници на националните малцинства, од кои тројца се српски. Како и во претходните години, се очекува тие три места да ги освои Самостојната демократска српска партија која досега беше дел од владејачката коалиција на чело со ХДЗ.

The post Хрватска гласа за нов состав на Саборот appeared first on Република.

]]>

Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот кога завршува и изборниот молк.Националните телевизии најавија дека веднаш по затворањето на гласачките места ќе ги објават резултатите од првите излезни анкети. Станува збор за едни од најнеизвесните парламентарни избори благодарение на претседателот Зоран Милановиќ кој со неочекуваната најава дека ќе биде кандидат за премиер на опозицијата го доведе во прашање речиси сигурниот трет мандат на актуелниот премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ. Предизборните анкети предвидуваат дека ХДЗ ќе биде уверлив релативен победник, додека коалицијата на левиот центар „Реки на правдата“, која ја предводи Социјалдемократската партија (СДП) е на второ место. Иако аналитичарите му даваат поголеми шанси на Пленковиќ да формира влада, ниедна партија нема да може тоа да го направи самостојно, па формирањето на владата ќе завиди од постизборните коалиции. Најважните партии од левицата и десницата најавија пред изборите дека нема да коалицираат со ХДЗ. Од изборите кои пред неколку месеци беа многу предвидливи, со влегувањето на Милановиќ, познат по острата реторика и стилот, во изборната трка, тие станаа интересни и поинакви од сите досегашни. Уставниот суд му забрани на Милановиќ да се кандидира за пратеник на листата на СДП, бидејќи не поднесе оставка како претседател. Иако поради забраната не учествуваше на предизборните митинзи на СДП, Милановиќ во речиси секојдневните изјави ги критикува ХДЗ поради низата корупциски афери, ги повика граѓаните да гласаат за која било партија освен за ХДЗ и Пленковиќ и најави дека како кандидат на СДП, чиј е поранешен претседател, ќе формира влада на национален спас. Освен со премиерската кандидатура, Милановиќ јавноста ја изненади и со изборот на среда за одржување на изборите бидејќи речиси сите избори, освен во 2000, беа во недела. Поради изборите денес во Хрватска е неработен ден. Право на глас на овие избори имаат околу 127.000 гласачи помалку отколку пред четири години, а за изборите се отворени околу 6.500 гласачки места. Со престој во Хрватска има 3,61 милион гласачи, а активно регистрирани гласачи во странство има вкупно 222.300, главно во соседна БиХ. Во странство се гласа два дена, а гласачките места беа отворени вчера. На изборите се бираат 151 пратеник, од кои 140 во десет изборни единици во Хрватска, во секоја по 14 пратеници. Тројца пратеници се гласаат во посебна, 11-та изборна единица, која ги опфаќа гласачите без престој во Хрватска, односно дијаспората. Во странство се гласа два дена. Во 12-тата изборна единица се бираат осум пратеници на националните малцинства, од кои тројца се српски. Како и во претходните години, се очекува тие три места да ги освои Самостојната демократска српска партија која досега беше дел од владејачката коалиција на чело со ХДЗ.

The post Хрватска гласа за нов состав на Саборот appeared first on Република.

]]>
Едногласно изгласано самораспуштање на хрватскиот Сабор, следуваат избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ednoglasno-izglasano-samoraspushtane-na-hrvatskiot-sabor-sleduvaat-izbori/ Thu, 14 Mar 2024 18:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=754882

По неполни четири години работа, едногласно се самораспушти десеттиот состав на хрватскиот парламент.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека парламентарните избори ќе се одржат на крајот на април или почетокот на мај, но пред европските избори.

Одлуката за распуштање на Парламентот е донесена едногласно, со 143 гласа, додека претседателот на Саборот Гордан Јандроковиќ се заблагодари за соработката.

Собранието пред распуштањето донесе измени на казненото законодавство со кои како кривични дела се воведуваат фемицидот и неовластено објавување содржина од истражни и доказни дејствија, т.н. протекување информации.

Десеттиот состав на парламент беше конституиран на 20 јули 2020 година.

Новото, 11. свикување на хрватскиот Сабор ќе се избира на парламентарни избори, кои ќе ги распише претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ.

The post Едногласно изгласано самораспуштање на хрватскиот Сабор, следуваат избори appeared first on Република.

]]>

По неполни четири години работа, едногласно се самораспушти десеттиот состав на хрватскиот парламент. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека парламентарните избори ќе се одржат на крајот на април или почетокот на мај, но пред европските избори. Одлуката за распуштање на Парламентот е донесена едногласно, со 143 гласа, додека претседателот на Саборот Гордан Јандроковиќ се заблагодари за соработката. Собранието пред распуштањето донесе измени на казненото законодавство со кои како кривични дела се воведуваат фемицидот и неовластено објавување содржина од истражни и доказни дејствија, т.н. протекување информации. Десеттиот состав на парламент беше конституиран на 20 јули 2020 година. Новото, 11. свикување на хрватскиот Сабор ќе се избира на парламентарни избори, кои ќе ги распише претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ.

The post Едногласно изгласано самораспуштање на хрватскиот Сабор, следуваат избори appeared first on Република.

]]>
Затворете го прозорецот, водата проби: Во хрватскиот парламент протече вода за време на вонредна седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zatvorete-go-prozoretsot-vodata-probi-vo-hrvatskiot-parlament-proteche-voda-za-vreme-na-vonredna-sednitsa/ Fri, 21 Jul 2023 17:18:32 +0000 https://republika.mk/?p=664034

Во Хрватска повторно фати невреме поради што во пет регион издаден е црвен аларм на предупредување
Хрватскиот Сабор денеска ја започна вонредната седница на која се расправа за штрајкот во правосудството и аферата со плин, а која беше свикана на барање на претседателот Зоран Милановиќ.

Седницата треба да трае три дена односно во недела треба да се гласа за заклучок за двете точки што се на дневен ред, а првиот ден од парламентарната дебата ќе остане запаметен по тоа што во салата каде се одржува седницата протече вода.

Водата почна да тече преку отворениот прозор и низ ѕидовите во салата, а почна да влегува и преку главната врата која веднаш беше затворена.

Затворете го прозорецот, водата проби, повика претседателот на Саборот, Гордан Јандрковиќ и даде пауза од 10-тина минути.

По интервенцијата на службите во парламентот, седницата продолжи.

Додека во парламентот трае вонредната седница, цела држава се соочува со невреме. Дури во пет региони во Хрватска има црвен метеоаларм, додека во останатите делови на сила е портокалово ниво на предупредување.


Силното невреме, како што јавуваат хрватските медиуми, ги зафати Истра и Кварнер, како и Загреб и регионот на Славонија. Паѓа град и дува силен ветер поради што низ улиците може има паднати гранки од дрвја. Поради невремето и паднатите гранки и дрвја, бил блокиран и воз помеѓу Загреб и Карловац.

Пред два дена, во невремето кое ги зафати земјите од регионот, токму во Хрватска имаше и четворица загинати, а по една жртва беше регистрирана и во Словенија и Босна и Херцеговина.

The post Затворете го прозорецот, водата проби: Во хрватскиот парламент протече вода за време на вонредна седница appeared first on Република.

]]>

Во Хрватска повторно фати невреме поради што во пет регион издаден е црвен аларм на предупредување Хрватскиот Сабор денеска ја започна вонредната седница на која се расправа за штрајкот во правосудството и аферата со плин, а која беше свикана на барање на претседателот Зоран Милановиќ. Седницата треба да трае три дена односно во недела треба да се гласа за заклучок за двете точки што се на дневен ред, а првиот ден од парламентарната дебата ќе остане запаметен по тоа што во салата каде се одржува седницата протече вода. Водата почна да тече преку отворениот прозор и низ ѕидовите во салата, а почна да влегува и преку главната врата која веднаш беше затворена. Затворете го прозорецот, водата проби, повика претседателот на Саборот, Гордан Јандрковиќ и даде пауза од 10-тина минути. По интервенцијата на службите во парламентот, седницата продолжи. Додека во парламентот трае вонредната седница, цела држава се соочува со невреме. Дури во пет региони во Хрватска има црвен метеоаларм, додека во останатите делови на сила е портокалово ниво на предупредување. Силното невреме, како што јавуваат хрватските медиуми, ги зафати Истра и Кварнер, како и Загреб и регионот на Славонија. Паѓа град и дува силен ветер поради што низ улиците може има паднати гранки од дрвја. Поради невремето и паднатите гранки и дрвја, бил блокиран и воз помеѓу Загреб и Карловац. Пред два дена, во невремето кое ги зафати земјите од регионот, токму во Хрватска имаше и четворица загинати, а по една жртва беше регистрирана и во Словенија и Босна и Херцеговина.

The post Затворете го прозорецот, водата проби: Во хрватскиот парламент протече вода за време на вонредна седница appeared first on Република.

]]>